Monday, October 31, 2005

NBА, на тебе је ред
Чекањето завршиииии!!! Од утре вечер ни се враќа причината поради која и постои блогов/сајтов, причината поради која нема да бидам наспан во следниве осум месеци, причината поради која и го запознав Shepard, причината која поврзува милиони фанови ширум светот, единствената лига која е подеднакво популарна на цела планета. Ни се враќа нашата тетка НБА, која утре полни цели 59 години, а сепак изгледа као Хајди Клум пред пораѓај:) Вакумот меѓу двете сезони (првиот за NBA Macedonia) можеби не ни донесе некои спектакуларни трејдови или проблеми со законот како што тоа беше случај минатото лето, но сепак имаше доволно интересни моменти за сечиј вкус: The Rich… Hасловот со кој може да се опишат најдобро работите е The Rich are getting richer, затоа што најпрво шампионот Сан Антонио, иако веќе имаше еден од најкомплетните тимови, си ги потпиша докажаните ветерани Мајкл Финли и Ник Ван Ексел, за потоа Мајами второ лето по ред да биде дел од најголемиот трејд по кој на Флорида се преселија Ентоан Вокер, Џејсон Вилијамс, Џејмс Поузи, а нешто подоцна и Гери Пејтон. Факат дека некои од овие имиња веќе некое време се само тоа – имиња, но факат е и дека тие имиња сеуште имаат тежина. Е сеа, чија тежина е потешка ќе дознаеме следниот јуни, а можеби и порано. The Future По обичај, муабетот, па и подготовките за секоја нова сезона почнуваат уште со драфтот кој по традиција при крајот на секој јуни се одржува во МSG во Њујорк. На последниот драфт на кој смееја да се пријават средношколци тие останаа у подредена улога во однос на NCАА ѕвездите, а името на Андрија Богут беше првото кое излезе од устата на комесарот. Австралискиот Хрват кого го нарекуваат комбинација од Сабонис и Дивац (се надевам дека преовладува делот на Сабас) ќе биде дел од реновинариот тим на Бакси, кој по кратка пауза планира да се врати во плеј-офот. Од оние имиња кои беа избрани во првата рунда уште во својата 1. НБА сезона најзабележлива трага би требал да остави Крис Пол во кого во Њу Орлеанс/Оклахома/Батон Руж Хорнетс гледаат наследник на Берон Дејвис. Ништо чудно ако одигра според очекувањата, Пол да биде и руки на годината. Don’t let the SUN go down on me Само една вест беше доволна оде ден од фаворитите на Западот, Феникс во очите на сите да падне до борба за некое од последните плеј-оф места. Операцијата на коленото на Амаре Стадемаер ги уништи амбициите во Аризона, а според некои извори веста дека тој ќе се врати во февруари е преоптимистична и дека лесно може да се деси тој и да не заигра сезонава. Ауч. The Devil in Hotlanta Причата која мене лично најмногу ме изнервира беше целиот хаос кој настана околу преминот на Џо Џонсон од Феникс во Атланта. За тоа пишував доволно летово, а на крајот имавме хепиенд, ем ѓаволот Белкин се отсели од Џорџија, ем Хоукси го лапнаа Џо. Знам дека многумина ќе кажат дека 70 милиони се премногу за Џо, но причата не е у тоа. Кога по незнам колку години некој фри ејџент ја прифати понудата на Атланта, од никаде се појави 1/9 од газдите на тимот, Стив Белкин, кој сакаше Атланта да продолжи да функционира он д чип како Клиперси. Типот за малку ќе ги чинеше Хоукси иден Ол-Стар играч, но што е уште поважно ќе ја направеше Атланта најнепожелна дестинација за било кој играч. За среќа тоа не се деси и сеа моите “јастреби” имаат еден од најатрактивните, млади тимови во НБА. Кате ја избрка НБА од Њу Орлеанс Најтрагичниот настан, не само од баскет аспект, беше хаосот кој ураганот Катрина го направи во Њу Орлеанс и неговата околина. Нормално, нас не интересира што значи тоа за Хорнетси, кои годинава сигурно нема да се вратат дома, а привремено "дома" ќе им бидат Оклахома и Батон Руж, кои покажаа солидарност, но и желба да имаат "свој" НБА клуб. Сево ова се дешава во многу лош момент за клубот, кој и онака не можеше да ја наполни арената во NewО откако таму се преселија од Шарлот. Според многумина ова е шанса за газдата Џорџ Шин пак да ги сели Хорнетси, но тој барем засега тоа го негира. Како и да е, Њу Орлеанс нема да гледа НБА сезонава, за убудуче ќе видиме. Coach me if u can Зен-мастерот и Коби се пак "у љубав". Иако у својата ланска книга Фил истури едно чудо камења врз Брајант, тој ја прифати понудата на Лејкерси пак да седне на нивната клупа. Сосема е јасно дека трите титули по ред ќе останат само убав спомен, а Фил и Коби у новата сезона ќе се мучат да ги вратат Лејкерси у плеј-офот. Они рекоа дека се што поминало е зад нив, но кога Коби ми е у прашање ништо не е сигурно. The tragedy in Hotlanta На 15.10. од ведро небо пристигна веста дека центарот на Хоукси, Џејсон Кулие веќе не е меѓу нас. Момакот кој според тренерот Мајк Вудсон се наоѓаше во најдобра форма и бeше пред својата најдобра сезона зад себе остави сопруга, која до последен момент се обидуваше да го спаси, и ќеркичка. Кулиуе можеби не беше некое играчиште, но беше најомилениот лик меѓу навивачите на Атланта поради својата несебичност и желба да помогне секому. Ова само уште еднаш не врати сите на земја, потврдувајќи дека колку и да ја сакаме оваа игра, таа сепак е само тоа – ИГРА. Плус, фрли уште еден сомнеж врз состојбата на Еди Кари кој поради проблеми со срцето го утна плеј-офот, за да потоа откако одби дополнителни тестирања од Булси да заврши во трејд во Њујорк. Пензионери Чекот од пензијата од овој ноември редовно ќе стига на адресите на Реџи Милер, Стив Смит, Алан Хјустон и Владе Дивац. За повлекувањето на Реџи се знаеше уште пред нова година, за тоа на Стиви не знаевме, но го очекувавме, Алан ги изненади сите откако изјавуваше дека конечно е подготвен да се врати, со веста дека неговите колена не можат да се вратат во нормала и дека тоа значи крај за неговата љубов со НБА, а за Владе пишувавме доста (еве ви линк), можам само да кажам – време беше. Нема веќе гето-фраери Еден од деловите во новиот Колективен договор, кој не спаси од уште една локаут сезона, покрај елиминирањето на средношколците од следните драфтови, беше и елиминирањето на гето стилот на облекување меѓу ѕвездите. Според Штерн и компанија, сликата која играчите ја ствараа за НБА не се совпаѓаше со сликата која тој сакаше таа да ја остава. Така, веќе нема да гледаме ретро дресови, прешироки фармерки, ланчишта до колена, златни протези (да, да), маици без ракави, капи и марами на глава и сл. Мене лично ми се свиџа целата идеја, мада со самото тоа што не беа определени казните за непочитувањето на правилото, се остава простор за негово кршење. Ако таа изнесува некои 5 000 $, тогаш ништо од него, зашто Ајверсон може да си дозволи да плаќа секој ден, но ако биде 25 илјадарки плус суспензии, е онда ќе биде интересантно. Како и да е, мислам дека правилово беше медијски пренапумпано и дека нема да има некој посебен ефект. NBA in Macedonia За тоа дали кај нас по една година пауза ќе има НБА преноси се уште немаме официјална информација. Од контактов кој денеска го имав со некои луѓе дознав дека има шанси ТВ4 да биде спасителот. Откако контактирав со нив дознав дека неофицијално се во преговори, но ништо не е дефинитивно. Ајде, ТВ4, не знаете колку ќе добиете со таквиот потег, ако треба и ние ќе фрлиме некој динар:). Идемо даљe Во само четири и пол месеци постоење NBA Macedonia ги помина 5 000 unix посети, ви ги сервираше сите 30 најави за новата сезона, ја прошири фамилијата за два нови kонтрибjутинг члена, Бето и Боромир, се збратими со браќата по блог од Хрватска, како и со неколку најчитани сајтови и блогови од преку барата, стана "Сајт на денот" во Време, а најтазе е она што и најмногу ми прави ќејф – Трендо не стави на On.net. Утре очекувајте не на Кајгана, а даље, којзнае, како и да е – only the sky is the limit.
Уште малку, па ќе почне
Некоја традиција се изроди последниве години, секоја сезона пред почетокот да биде каша попара. И оваа иде у тој тек, иако со послаб степен на крш од претходните.

Тоа што беше најубитачно меѓу седмицата на Сан Антонио и Детроит, е секако, драфтот. На овој драфт продефелириаа доста битни фаци од НЦАА, и за разлика од прошлите неколку драфтови, средношколците и странците котираа малце послабо. Ако се земе у предвид и зголемувањето на ефикасноста, подеднаквата конкурентност меѓу двата брега, плус и дрескоудот, не треба многу за да се евоцираат спомени од времињата на Баркли, Хаким,Јуинг, Кемп и секако Чикаго.. Следнава сезона ги има сите предиспозиции да биде ѕверска. Еве неколку причини:

- Сите сакаат да видат што понатаму ќе прави Леброн. - Сан Антонио е веројатно појак од било кој шампион после Селтикс со Бил Расел. - Али Џи како аналитичар на ТНТ. - Фил Џексон се враќа кај Коби. На клупа ќе го дружат Пипен и Џабар. - Артест е спремен да се тепа со навијачи, опет. - Мајами направи калакурница, која ќе ги носи у екстрем – или ќе играат ненормално јако, или ќе разочараат. - По Гасол пушти брада. - Сезона без Дивац (не е баш нешто ексклузивно). - Сезона без Алан Хјустон, Реџи Милер и Стив Смит (и ако некој сеа има гз да пуца тројки..). - Јасикевичиус и Мацијаускас во Лигата. - Го заборавив погоре рап албумот на Артест.. нига факинг бич ес мадафака.. Оникс вода да му носат (иам емпетројки од него, ќе ги закачам кај да е за даунлоад). - ПРАВИЛА НА ОБЛАКАЊЕ (уште не сум го видел Ајверсон во одело). - Најавата на МекМилан дека Дариус Мајлс и компанија ќе имаат и правила за облакање на теренот. - Берон Дејвис не излегол од сала цело лето. Трејси Мекгреди исто. Ќе рокнат. - Хјустон за прв пат имаат екипа што може да потсети на времето на Хаким. - Атланта ќе има обратнопропорционален успех и убавина. Цела петорка им се топ тен материјал. - Дури 4 члена од НЦАА шампионот Северна Каролина, влегоа у прва рунда. Петтиот влезе недрафтуван. - Баграта на Хорнетс од Њу Орлеанс се пресели во Оклахома. Како ќе се снајдат после гњурењето?! - Прв пик е белец, и тоа странец. - Сите сакаат да ги видат новите дресови на Индијана, Сакраменто, и пар нови ретро варијанти. - Мутомбо и Кевин Вилис, пак ќе играат. Ја би ги тупнал у количка. - Потенцијален камбек на Џеј Вилијамс. Со две искршени нозе. - Џулиус Хоџ и Тони Ален се обвинети за силување. Ако идат у затвор, нема да играат. Закон. - Мене лично ме интересира колку средби ќе го трпат Соникс Вајс на клупата? 4-5 максимум. - Што ме копка сезонава: Џејсон Кулие, р.и.п, почина.. што ќе биде со Еди Кари?! - Уште еден момент.. ДАРКО ДА ВЛЕЗЕ!!!
Го чекам Енко да настапи со озбилното привју.

Sunday, October 30, 2005

Team by team previews

Saturday, October 29, 2005

Preview: San Antonio Champs
Шампионско лето: Сан Антонио е пример за тоа дека кога тренерот е и претседател за кошаркарски операции, се има сигурна формула за успех. Грег Попович успеа и ова лето да си го појача и подзакрпи и нака екстремно јакиот тим.

Најквалитетниот слободен играч летоска, потпиша за најквалитетниот тим. Засилување на квадрат. Мајкл Финли, тазе шутнат од Кјубан (кој пет сезони уназад нови дрес со неговото име), иако имаше отворени понуди од скоро секој тим во Лигата, се реши баш за ривалот на Мавс, актуелниот шампион. И тоа потпиша за многу помали пари, помалце од 9 милиона за 3 години (помалце од Боуен).

Ако Финли беше колку – толку очекуван ангажман, тогаш следниот потег на Габорот беше тоталка изненадување. Го грабна Ник Д Квик, човекот кој што баш во тандем со Финли во Далас, сееше страв и трепет по западната конференција.

Но и тоа не е све!

Со цел да му донесе другарче на Џинобили и замена на Роботот, Попович се реши да го ангажира Фабрицио Оберто, кој блескаше на Олимпијадата во Атина и веројатно беше најзаслужниот после Ману за медалот.

А и тоа не е се`!

Попович веројатно намириса што им клизна на скаутите на драфтот - Јан Ма`инми наводно од Франција и Џавад Вилијамс (кој сеуште не е сигурен на ростерот). Првиов е играч што единствено знае да куца, да фаќа топки и да блокира, има само 18 години, а тоа го прави неверојатно ефикасно. Викаат дека е неверојатно борбени дека има доста потенцијал. Сепак, не верувам од одма да добие дрес, а не пак минути. Вилијамс пак, е петтиот од ланската шампионска генерација на Северна Каролина после Меј, Меккантс, Фелтон и Марв кој влага у Лигата. Според мене он беше најклучен, али скаутите не гледаа некоја можност за него меѓу професионалците да се истакне, па го прерипаа. Попович пак осетил потенцијал, и сега го има и него „на лагер“. Со овие два потега не дека нешто осетно се појача тимот, ама се инвестираше бар малце во иднината. Актуелни шампиони: Данкан, Паркер, Ману, Хори, Рашо, Боуен, Глен Робинсон, Нази Мохамед, Бено Удрих, Мајк Вилкс, Шон Маркс, Брент Бери

Во поход по бек ту бек: Финли од Далас, Ван Ексел од Портланд, Иан Ма`инми (28. пик), Џавад Вилијамс од Тар Хилс, Фабрицио Оберто од Памеса Влааенсија

Потрошен материјал: Девин Браун (Јута), Линтон Џонсон (Њу Џерси)

Најважно засилување: тука морам да ги пишам и Финли и Ван Ексел.

Финли – типот е докажан играч. Ги има сите карактеристики на неверојатен бек: брз, експлозивен, скочен, скока како кенгур башка јак е ко бизон = неверојатни куцања и влезови, има убав скок шут, се снаоѓа и со топка и без, работи со нозе, што е најбитно – РАБОТИ, игра одбрана.. единствено, може да се каже дека најдобрите години му поминаа, па сега сите овие негови предиспозиции ќе се „кешираат“ во пониски цифри. На тимот на Спарс им дава неверојатен буст од клупа, веројатно како Стек лани во Далас, со таа разлика што Мајк ќе улетува почесто на местото на Боуен. Втора и трета четвртина за него се резервирани, а за стартерска позиција и минути во завршницата, ќе мора да се помачи. Би требало да оди во двојна цифра поени по натпревар, а ништо чудно и да ги повтори ланските 15 по натпревар од Далас. Од старт е кандидат за шести на годината.

Ник Д Куик - и он е тип на ограч со најдобри години позади него, и кај него со малце побрзо темпо се движат цифрите надоле. Но, неговата важност за овој тим е тоа што Ник игра кога е најпотребно. Во Далас се научи да биде втор плеј или втор бек у екипата, или шести-седми-осми играч, а истовремено и прва опција. Не верувам да има улога на бекап плеј што ќе мести акции, туку ќе има улога кога ќе се играат тесни утакмици на кои треба одредени епизодисти да направат разлика – тука он е неприкосновен. Ќе игра некои 15 минути по натпревар, и нема да има некои невозможни бројки, ама за тимови како Детроит, он ќе биде пеницилинот.

Тренер: Поп Габорот викаат дека е еден од најдобрите тренери во историјата на Лигата. Неговата кариера иде паралелно со онаа на Данкан – он го избра, он го филуваше, и заедно освоија 3 титули од 1999 па навака. Поп изгради една од најреспектабилните и најстабилните екипи евр. Одличен психолог, педагог, тренер, командант и стратег. Има и уиграна екипа, со неколку нови сечива и би требало оваа сезона да коле низ Северна Америка.

Грег Попович статистички стои ненормално јако. Исклучок: првата сезона му ја бришам, затоа што играше со екипа со која и 17 победи му беа успех (Доминик Вилкинс со 150 кила и 40 години му беше прва опција у напад, Шон Елиот мењаше бубрези а Дејвид Робинсон почна под старост да се повредува).

После тој мизерен почеток, почна новата ера на Спарси и од тогаш Попович има накај 70 посто успех во регуларниот дел на сезоната; неиспуштен плејоф; три титули и во 2002-2003 беше прогласен за коуч на годината.

Оптеретен: Тим Данкан. НО, Сан Антонио не е екипа во која до таа мера може еден играч да влијае на успехот на екипата, затоа што тоа е колектив кој функционира како еден. Сепак, Данкан е пример за МВП калибар и неговата улога не смее да се занемари и мора да се потенцира дека тој е битен фактор за Спарс.

Тоа што мора да го направи Данкан оваа сезона е да продолжи во исто темпо како и до сега. Нема да му удри слава у глава, но не смее да се опушти во никој случај. Треба секоја вечер да излезе на теренот и да оди по своите 22-10 бројки, да не форсира во нападот, да остане фокусиран во одбраната и да биде она што е – Робот. Не би го тупел понатаму за двократниот официјално и секогаш неофицијално најкорисен.

Наместо епилог (се знае дека ќе доминираат, ќе имаат јака позиција у плејоф, а таму ќе загризаат како и лани), еве што Спарси не смее да дозволат:

Паркер не смее да ги измеша лончињата и да помисли дека игра за француската репрезентација;

Боуен не смее да почне да мисли дека е ѕвезда;

Џинобили не смее да се повреди;

Хори не смее да се испуца пред плејоф;

Финли не смее да бара ништо повеќе од што и да му дадат, било што, истото важи и за Биг Дог, а и за Ван Ексел;

Попович не смее да изгуби авторитет во соблекувалната и да дозволи сукоб на егата кои сега се присутни (Биг Дог, Финли, Ван Ексел – сите имаат Олстар искуства позади себе);

Целата организација не смее да почне да спие на фактот што сите од страна ги фаворизираат;

Публиката не смее да ги суди ако почнат да не победуваат со очекуваното темпо;

Во глобала, Спарси се истиот тим од лани, само наместо Девин Браун го имаат Финли, плус Ван Ексел, плус Оберто. Објективно, не им бега прстенот. Шпекулантски, имајќи ги в предвид резултатите од предсезоната, нешто шкрипи – дали изгубиле мотивација или што е, не знам..

Сепак, јас отворено кажувам - очекувам бек ту бек. Очекувам машина. Тимот што го имаат (бар на хартија) е појак од Булс на Чикаго. Имаат можност за најмоќната ротација на играчи, која ако се хармонизира, е предиспозиција за пеколна сезона за конкурентите и „втемелување“ нова династија.

Чичко Каракаш и Спарси: Знам, знам дека целово лето само уште повеќе го зголеми кредитот на Спарси. Кај не изгубија ни еден битен играч, се засилија со тројца кои би требале одма да им помогнат. Ама штознам, има нешто што ми кажуе дека работите нема така лагано да течат у Аламо. Никад не ми се свиќало кога шампионот си игра со својата хемија, доведувајќи познати имиња кои би требале да бидат засилување, а на крај испаѓаат дистрекшн. Сеа, Мајк не е таков тип на играч, тој си ќути и работи, но Мајк не ни оној играч кој некад беше, баш затоа (и 51мил. други причини) го шутнаа од Далас. Просекот од 15 поени тешко ќе го има во Сан Антонио, но како резерва е важно ново име. Ник одамна не е Квик, а ако се знае дека Поп игра само со физички спремни играч, онда Ван Ексел нема да се изнаигра. Знам дека знае да биде опасен кога се решава, ама тешко дека веќе може да биде пеницилин за било кого, а камо за Детроит. Попрв би му дал нему пеницилин. Оберто е добар потег, затоа што им фалеше висок играч, Сеа и дефинитивно нема да мораат да сметаат на Рашо, што е голем плус. Само, Фабрисио шутира слободни со под 50%, што никако не е предност. Роботот ќе си продужи по свое, Ману би требал да има напредок во играта, а Мр. Лонгориа ќе треба да има постабилна рег. сезона. На хартија се пак фаворит, ама лично јас, не сакам да гледам династија која ќе ми доаѓа од Аламо, затоа ќе навивам за нов НБА шампион. ПС: Па добро бе Шеп, не можеше без Доминик а? Па уште, 150 кила!?! Таа сезона Ник иако беше дедо ги носеше Спарси на грб, а единственото фала кое Поп и Спарси му го кажаа за доаѓањето до Данкан, по чија и заслуга Поп е уште во Спарси беше непродолжување на договорот со што му ја ускратија шансата за НБА титула. Копилиња.

Preview: MIAMI HEAT
Долго топло лето: На Пет Рајли му беше доволен ланскиот плеј-оф за да види кои дупки треба да ги пополни во Мајами. Иако тимот стигма до финалето на Истокот, и да не беа повредите на Шек и Вејд веројатно ќе ги поминеа Пистонси, Рајли не седеше мирен и практично направи ремонт на ланскиот тим, така да од побитните играчи во Мајами веќе не живеат Еди и Дејмон Џонс, Расул Батлер и Кион Дулинг. На нивните места преку најголемиот трејд во историјата на НБА стигнаа Џејсон Вилијамс, Ентоан Вокер и Џејмс Поузи. Рајли одигра паметно и на драфт каде го избра Вејн Симиен од Канзас, играч сличен на Хаслем кој пред две години беше голема колеџ ѕвезда, а пријатно би можел да изненади и Дариус Рајс. По овие потези Пет виде дека му фалат шутери па од Шарлот го собра Џејсон Капоно, а за крај го остави ангажманот на ветеранот Пејтон, но дури како 2. опција откако Дејмон му избега кај Леброн. Како единствен неуспех на Рајли , ако тоа може така да се нарече, беше потписот на Мајкл Финли со Спарси, иако Мајами му понуди поголем договор и поголема минутажа. Но, и без тоа Рајли имаше и тоа како успешно лето опкружувајќи ги Шек и Вејд со играчи кои ќе можат да им помогнат во борбата за тронот на Сан Антонио. Мајами сега има поискусна и покомплетна екипа од ланската и со право се смета за еден од фаворитите. И даље ќе се "печат": Шек, Вејд, Јудонис Хаслем, Алонзо Морнинг, Мајкл Долеак, Шендон Андерсон, Дорел Рајт Дојдоа на сунчање: Ентоан Вокер, Џејсон Вилијамс, Гери Пејтон, Џејмс Поузи, Вејн Симиен, Џејсон Капоно, Ерл Берон, Андре Емет, Џералд Фич, Дариус Рајс, Мет Волш Отидоа: Расул Батлер, Кион Дулинг, Дејмон Џонс, Еди Џонс, Квинтел Вудс, Кристијан Лејтнер Нај-нова фаца: Од сите нови имиња кои Рајли го донесе на Флорида летово, притисокот ќе биде најголем врз Џејсон Вилијамс, врз кој ќе биде одговорноста да ја организира играта и на дело да ги спроведува идеите на Рон Џереми. ЕBoy ќе влета на местото на Дејмон Џонс, од кого нема збор дека е поталентиран, и ќе мора да ги храни Шек и Вејд со топки за сметка на неговите неконтролирани шутеви за три. Со Дизелот во екипа, тој и онака ќе има доволно слободни шутчиња за трица, само ако биде трпелив. Позитивно е тоа што последниве две години во Мемфис, Џејсон покажа знаци на смирување, а и ако не биде мирен, тука е секогаш Big Daddy да му плесне некоја и да го спушти на земја. Ако и тоа не успее, тогаш се зголемува важноста на Пејтон, што не е толку добра вест за сите во Мајами. Коуч: Огромна важност за евентуалниот успех на Мајами лежи во тоа како Стен Ван Ганди ќе ги спои сите коцки кои Рајли му ги поклони летово. Летово процуре шпекулацијата дека на Пет му недостига клупата, што веднаш беше поврзано со заминување на Ван Ганди, но Рајли веднаш го демантираше тоа изразувајќи целосна доверба во својот тренер. Сепак, сасвим е јасно дека ако Мајами го нема очекуваниот старт во првите месец и пол од новата сезона дека првата глава која ќе лета е таа на Рон Џереми. Повисокиот Ван Ганди има тешка задача на елиминирање на неколку големи ега, задача во која ќе мора да му помогне и Шек. Можеби и најтешко ќе му биде да ги убеди Вокер и Пејтон дека им е местото на клупата, од која ќе имаат поголем ефект врз играта. Дуото екс-Ол-Стар играчи во досегашната кариера од вкупно одиграни 1873 средби стартувале на дури1852, така да колку и да изјавуваат дека ќе прифатат се, во рацете на Стен е да ја реши таа ситуација најдобро за тимот. Ако се тргне како што треба, тогаш тој не само што би можел да ги однесе Мајами до Финалето, туку и таму би можел да се сретне со својот помлад брат. Човекот околу кој се врти светот: Кого и да донесе Рајли на Флорида, тоа нема да вреди ништо ако го нема здрав Шекил. Кога Дизелот е во полна снага, тогаш нема човек на планетава кој може да го сопре и тоа обично се пресликува во титули. Јасно е дека сега, повеќе од било кога во кариерата, Шек има помош од одлични соиграчи, но баш неговото влијание ќе биде еден од клучевите како сите ега ќе се спојат во заедничката цел, симнување од престолот на Данкан и дружината и освојување на првата титула за Мајами. Јасно е дека ни О’Нил не е оној стариот, но тој е сепак најдоминатниот играч на светот, кој секогаш ги правел играчите околу него подобри. Листата на таквите типови е огромна, од Орландо, преку Лејкерси, па лани во Мајами. Оваа година покрај себе има нешто поквалитетни соиграчи што по дифолт значи дека Шек од нив може да направи ѕверови. Епилог: По ремонтот кој го претрпеа летово, Hеаt, барем на хартија, имаат еден од најдобрите состави во лигата. Достате нови проблематични имиња значат многу работа за Ван Ганди и во најлош случај можат да се покажат како неуспешен експеримент на Рајли, но сепак тоа е само ворс кејс сценарио, кое тешко дека ќе се оствари. Многу поверојатно е Мајами и Индијана цела сезона да се борат за првото место на Истокот, за на крајот, ако нема повреди на клучните играчи, да се сретнат во конф. финале, кое би требало да биде едно од најинтересните последниве десетина години. Во Вејд имаат легитимен сајдкик на Дизелот и една од најдобрите млади НБА ѕвезди, кој сезонава ќе докаже зошто се спомнува во ист контекст со еден Леброн и кој може да ги однесе Хеат и преку планината наречена Сан Антонио. Мајмифобот Шепард вика: според мене, Рајли успеа од конкурентна екипа да направи каша - попара. Џеј Вил наводно бил смирен.. ама мене прво шо ме асоцира на него се безвезните шутеви за три у контра, слаба игра кога е густо и Ерл Вотсон кој успеа да му го украде стартерското место лани. Вокер, нема потреба да зборам каков шабан е - троши топки, ствара тензии у соблекувална со своето вишак его и ако не доживее некоја метаморфоза, тешко.. а Пејтон е престар, ракавица без прсти, додавач без острина. Сепак, не се за фрлање, ама конференциско финале им е максимум, и тоа ако успеат да ги избегнат Детроит и Индијана, што и ќе се деси пошто нема да бидат први на Исток. За да стасаат некаде подалеку од лани, ќе треба Дебелиот да се стегне, да почне да се ангажира и сл. Скептички гледам на нив, ама па на хартија сепак се јаки.. затоа се топ - конкуренти на истокот. Сепак, Мајами гледаше една „убава“ епизода со петорката Тим Хардавеј, Еди Џонс, Ентони Мејсон, Брајан Грент и Зо. И тогаш беа најавувани како можни шампиони.

Friday, October 28, 2005

Preview: INDIANA PACERS
Распуст: Лери Бирд тачно знаеше што им треба на Пејсерси и не се расфрлаше со пари и трампи за да стигне до тоа. Си одигра мирно и го собра човекот кој би требал фановите на Индијана што побрзо да заборават на Реџи Милер, Литванецот Шарунас Јасикевичиус. Дека се створени едни за други покажа и Јаске кој одигра паметно и го избра клубот со кој има најголеми шанси за она што му е најбитно - НБА титулата. Не се залета по повикот на Ззззз од Кливленд и сега е дел од една од најдобрите екипи во лигата. Бирд направи уштее ден ептен паметен потег кога на драфтот го избра Дени Гренџер, момакот кој според талентот мораше да биде меѓу првите десет. Во Дени, Пејсерси покрај Јаске добија уште еден играч кој би требал да ја покрие “двојката” на Реџи. Единствени фаци кои го напуштија Индијанаполис се Д. Дејвис и Џ. Едвардс, кои и онака лани не им беа од многу корист, плус Џејмс Џонс, кого го пратија во Феникс. Старецот Дејл лани не можеше да го прави и единственото за кое го бива, а тоа е да скока и игра одбрана, додека рукито Едвардс и во ретките секунди кога играше, изгледаше тотално изгубен на теренот. Можеби мала загуба е Џејмс, кој осеќам дека во Феникс ќе се развие во солиден НБА играч, но за него едноставно немаше место во Индијана. Можеби мал минус треба да му се даде на Бирд за неангажирањето на некој бек-ап центар кој би им помогнал во борбата со џиновите на Мајами и Детроит. Последна промена беше таа на дресовите, така да веќе нема да ги гледаме во гаднине пижами, туку во сосема неови униформи кои ми личат на комбинација од дресовите на Мемфис и на Лејкерси, како и да е , боље него пижамите. Се на се, солидно лето за Пејсерси во кое добија лик на легитимен кандидат за тронот на Спарси. И понатаму ќе се тркаат: Џермејн О’Нил, Рон “Ротфајлер” Артест, Стивен “Џекес” Џексон, Џамал Тинсли, Џеф Фостер, Дејвид Херисон, Џонатан Бендер, Скот Полард, Остин Крошир, Еди Гил, Ентони Џонсон, Фред Џонс Нови тркачи: Шарунас Јасикевичиус, Дени Гренџер Издишаа: Џејмс Џонс, Дејл Дејвис, Џон Едвардс Најбитна нова фаца: Доколку брзо се прилагоди на НБА животот и играта на Индијана, нема причина Јаске да ги повтори успесите кои досега ги оствари со Макаби и Литванија. Во прилог му оди тоа што му е многу познат америчкиот живот, затоа што студираше четири години на Мериленд, чиј беше прв плеј, а плус му е и тимскиот стил на игра на Пејсерси. Со своето екстра шутче за три би требал да го надомести неиграњето на клупската легенда Милер, а поснато е дека знае да погоди кога е најпотребно и дека е играч за големи утакмици. Му предвидувам спор старт, но со тек на сезоната работите полека ќе си доаѓаат на место, за во плеј-офот Индијана да има уште едно екстра оружје. Како битно засилување би можел да се покаже и Гренџер, кој беше можеби и најдобриот шутер во својата драфт класа и едно од најдобрите бекжиња. Коуч: Рик “Џим Кери” Карлајл е еден од тренерите кои најмногу ги почитувам во лигата. Момакот излезе од никаде и со Пистонси две сезони по ред имаше 50 победи, пред Думарс да го избрка И да го замени со Лери Браун, на кој од небо му падна поклон во ликот на Шид Волас и со тимот на Рик, плус Шид ја освои својата прва и единствена НБА титула. Во Индијана Рик продолжи со одличната работа И да не беа некои повреди и суспензии ништо чудно тој да се радуваше на првата титула. Неговиот квалитет беШе највидлив лани, кога откако ги искасапија со суспензии, Пејсерси со Тинсли и еден куп анонимуси успеаа да тепаат неколку пати по ред, кога секој очекуваше убедлив пораз. Сезонава Рик на располагање има мотивиран и комплетен состав и ништо чудно ако биде избран за тренер на годината. Бирд му верува 100%, така да иднината му е сигурна. Од него зависи сезонава: Рон-Рон годинава е во мисија да им докаже на сите дека тој е најдобртиот дефанзивец во лигата и дека не е чудовиштето кое Штерн и компанија го направија. Рон исто така сака да им се искупи на играчите и навивачите на Индијана кои лани ги остави на цедило. Нормално, секогаш кога од својата професија отсуствиваш една година тоа остава трагиц на тебе, а тоа е посебно случај кај спортистите, меѓутоа Артест целло лето тренираше со соиграчите и сигурно нема да му треба подолго од ноември да се врати во ритам. Самиот е свесен дека уште една глупост ќе го чини место во Индијана и дека само со него фокусиран во составот, Пејсерси имаат шанси за титула. Епилог: По неколкуте пехови по ред, мислам дека ова е сезоната во која Пејсерси конечно ќе одиграат според својот потенцијал и ќе бидат во игра за освојување на Истокот. Нормално, доколку ги заобиколат повредите, пред се на О’Нил и глупостите на Артест. Годинава се најкомплетни, можеби и во својата историја, а ако Полард и Херисон успеат колку-толку да ги одморат Џермејн и Фостер, тогаш црно им се пишува на Пистонси и Мајами. Јаске ќе биде мотивиран да докаже дека местото му е во НБА, Рон-Рон ќе биде мотивиран да си ја врати титулата најдобар дефанзивец и да го избрише ланскиот грев, Џермејн ќе израсне во сила на својата позиција, а Тинсли ќе покаже дека е еден од најдобрите плејмејкери во лигата. На се тоа, го имаат и Стивен Џексон, дебитантот Гренџер и конечно здравиот Бендер, кој би требал фајнали да проработи. Лани Пејсерси докажаа дека се психички можеби и најјакиот тим во лигата и дека и без Рон можат да се носат со Детроит. Сега, кога имаат комплетен состав плус Јаске, не гледам зошто не би можеле и да го имаат најдобриот скор, па можеби и да го освојат Истокот.

Thursday, October 27, 2005

Preview: Houston Rockets
Годинава Хјустон ќе биде домаќин на Олстарот
Летен распуст: Освен помагање на настраданите другарчиња од Њу Орлеанс, Хјустон, и ова лето се заложи во шминкање на ростерот и ангажирање на по некој спавачи шпиун. Прв потег со кој озбилно му се заканија на Сан Антонио во трката за прв на Саутвест, а со тоа веројатно и на Запад, беше ангажманот на Стро Свифт, како фри ејџент и тоа за бааги ниска сума. После тоа, ја исфилуваа задњата линија со ангажирање на еден од најкошаркарски ориентираните кошаркари во Лигата, Дерек Андерсон. Се ослободија од старото железо Ворд (го унапредија во помошник тренер), Бејкер и Ведеспун, а плус ги ќарија Дион Главер, кој се чека на секоја утакмица да пружи што знае и летечите способности конструктивно да ги искористи.

Според мене, плус скил добија и со трампата на Мајк Џејмс за Рејфер Скип Алстон. Едн Уан баскетџијата ги има сите квалитети што ги има Џејмс, со таа разлика што е порафиниран офанзивец, а плус е фаца, ама па и му недостига дисциплина (но мислам дека Џеф Ван Дам брзо ќе му го дотера паметот). Единствено што изгубија оваа сезона е Скот Паџет, одличен шутер за три и типичен епизодист, и сега неговите задачи ќе треба да ги делат Дерек Андерсон, Џон Бери и останатите што ќе играат на 1, 2, и 3 освен ТиМек, кој и онака си има свои обавези. Боб Сура ми е дискутабилен, од здравствени причини.

На драфт пак се одлучија за ненаметлив комбо бек, кој игра ѕверски напад, пристојна одбрана и што е најбитно, имаше една од клучните улоги во Илиноис, на патот до финалето во НЦАА лани. Тоа е Лутер Хед, кој мислам дека нема да има проблем да се снајде во Лигата и да остане како респектабилен епизодист. Некако ми остави впечаток лани, пошто цело време беше играч што води на контри, се жртвува, влага, сам крева цел напад, шутира, а ретко тоа беа исфорсирани или глупи потези. Пристојна замена за коуч Ворд. Лани беше во вториот тим на УСА.. тоа доволно збори за неговите квалитети.

На писта од лани: Трејси Мекгреди, Мао Це Тунг, Џуан Хауард, Дејвид Весли, Џон Бери, Мучи Норис, Рајан Боуен, Тореј Брагз (играчиште!), Дикембе Мутомбо

Новата програма на НАСА: Лутер Хед (24. на драфт), Дерек Андерсон од Портланд, Стомајл Свифт од Мемфис, Дион Главер од Сан Антонио, Лони Бакстер како избеглица од Катрина

Лансирани во орбитата: Скот Паџет (Њу Џерси), Мајк Џејмс (Торонто), Чарли Ворд, Кларенс Ведерспун, Вин Бејкер

И те какво засилување: Стро Свифт. Откако го клонираа во Мемфис со драфтувањето на Хаким Ворик, човекот си одбра место кај што ќе има реална шанса да оди по титулата, кај што ќе го сакаат и кај што ќе игра. Рокетси добија пак феноменален талент, сеуште млад играч, пред све желен за игра и докажување, плус сигурни полна арена, затоа што Свифт е еден од најатрактивните играчи во Лигата. Нема што да го тупиме – ги попунува на четворка (а и петка), иако си го имаат стандардниот ама и стариот Џуан Хауард, и мислам дека тоа што го најавуваа години по ред во Мемфис, ќе го видиме сега, ама во црвен дрес. Освен што е забивач, Стро е и одличен блокер и скокач, и го појачува Хјустон осетно и видливо.

Стро беше играчот кој го посакуваа скоро сите тимови летоска. Едвај чекам да видам што ќе биде сега.

Тренер: Ван Ганди поситниот, лани си потврди дека е одличен тренер – па типот во секоја сезона имал преку 50% победи и нема утнато никад плејоф освен последната во Њу Јорк кога после 19 победи и скор од 10-9 изненадно си замина (уствари не се сеќавам, да не треснам, али тоа е причата у глобала). Лани дојде у пакет со ТиМек и од одма ја најави новата ера во Хјустон. Со Јуинг како асистент специјално задолжен за Конфучие, мислам дека Рокетс го имаат моментално најжустриот „стручен штаб“ после Лејкерси (Фил, Пип, Карим). Неверојатен психолог е, школа Рајли, башка и мозок е типот, викаат дека како што он има репертоар на акции, никој друг нема. Плус и ливчињата вршат работа. Тука Рокетс се чиста десетка.

Саплај менаџер: Трејси Мекгреди дефинитивно. Првин мислев да го пишам Хо Ши Мин, ама типот е три метра висок, не е Бредли, и по дофолт он нема да има послаб учинок од лани, пошто кај него важи дека секоја сезона иде напред.

Ти Мек рецимо, стана тип на играч – носител на екипа, синоним за цел тим, метонимија за Рокетс. Лани беше одличен, годинава мора да биде МВП калибар. Мора да ја раационализира уште малце играта и да повтори пратии како против Сан Антонио кога за 30 секунди сам им даде 13 поена и ги победи.. мора да повтори некои страва шутеви во задњи моменти, мора да игра сестрано, едноставно сега е пуна форма, зенит, зрелост, го има најдоброто опкружување во кариерата и прашање дали некогаш во иднина Рокетси ќе бидат вакак конкурентни. Нека батали топ тен, нека гледа да биде прв у Нестле Кранчтајм. До лани го мислев за тип ко Винс, ама мислам дека вреди малце повеќе. Лани почнаа кај него да се гледаат шампионски искри, оваа сезона мора да се разгорат. Викаат дека ТиМек имал лето слично на Берон Дејвис – теретана, тренинг, тренинг и после шутерски тренинг. Мене ми е еден од фаворитетите за МВП, па ќе видиме..

Епилог: Хјустон после десет години, пак има шанса да се врати на тронот. Реално и ненавијачки. Иако објективно се послаби од Спарси (пред се паѓаат на цврстина и искуство), сепак, ако успеат да дојдат до нив и загризаат јако, тогаш ќе биде вуна. Имаат долга клупа и сестрани орудија, кои Ван Ганди верувам дека успешно ќе ги искомбинира. Но, првин нека стасаат до нив, па отом потом.

Многу важно за Рокетс ќе биде регуларниот дел да го поминат без потешкотии. И да извадат подобар резултат од Спарс, за да ги бутнат на четврто место и да ги соочат евентуално со Далас уште во прво коло. Голема предност им е што Олстарот ќе им биде дома, па нема да мора да се замараат со патувања и кршење форма, што значи дека ќе имаат услови да се разбеснаст веднаш по паузата.

За нив многу тежок испит ќе бидат првите три недели од првенството. До 23 ноември ќе играат со Сакраменто, Мајами, Сан Антонио, Детроит, Индијана, Далас, Феникс. Со сите конкуренти де. Ако победат на повеќе од пола од овие утакмици, тогаш нивната кандидатура ќе биде легитимирана и подвлечена со црвено.

Им предвидувам 60-тина победи, а за пласман, зависи од Спарс, ама и од Далас. Сепак, оваа сезона се појаки од Далас. Ако не бидат први на Саутвест, тогаш ќе бидат четврти/петти со Мавс и ќе играат со нив у прво коло и ќе им се одмаздат за лани. Од второ коло би ги збришале само Сан Антонио, што значи дека ако не нагазат на нив во втора рунда, не им бега конференциско финале.

За дуелите со Спарс, веќе кажав. Можно е да ги поминат, ама првин нека стасаат до нив.

Big, Big Bucks
Хорнетси му ја исполнија желбата да го трампаат на Џамал Меглор, но не таму каде што тој сакаше (дома, во Торонто), него во Милвоки. Ипак, тешко дека ќе му падне лошо тоа што ќе игра за Бакси, кои за да го лапнат Ол-Старот од 2004 на Хорнетси мораа да им го дадат Дезмонд Мејсон, плус пик од 1.рунда на следниот драфт. Уштен а крајот од минатата сезона беше јасно дека Меглор нема уште долго да се задржи во Њу Орлеанс, па малку чудеше што цело лето помина без вест за негов трејд. Пред само неколку дена се појави шпекулацијата дека тој е блиску до Чикаго, но по се изгледа понудата на Бакси беше попримамлива, со што со еден потег нивниот ГМ уби две муви, ем доби солиден центар, ем тоа го направи на сметка на директниот ривал од дивизијата Централ. Со Џамал во составот сеа Бакси имаат една од најдобрите предни линии на Истокот, заедно со 1.пик Богут, некогашниот 1.пик Џо Смит и Ден Гаџурич. Баш состојбата со повредите на задњиве двајца го натера Херис да тргне по Меглор, а Мејсон испадна потрошна роба кога летово го потпишаа ланскиот МИП, Боби Симонс. Со овој потег Бакси се приближија чекор поблиску до плеј-офот и уште повеќе ја замрсија ситуацијата во конференцијата. Што се однесува до Хорнетси, тие и така се длабоко завлезени во процесот на обнова, така да ова е само еден чекор во тој правец. Сепак, секогаш кога се трампа висок играч, па уште и екс-Ол-Стар, треба да се бара за возврат сличен профил на играч. Вака, тие го добија Мејсон, кој е “тројка”, единствената позиција солидно покриена во тимот. Сепак, Дезмонд би требал да помогне во продажбата на карти во привремениот дом Оклахома Сити, затоа што тој беше прва ѕвезда на Оклахома универзитетот и заедно со Крис Пол и Џеј-Ар Смит да прави страшно брзо и атрактивно трио. Во рекетот ќе им дува промаја, но барем ќе бидат интересни за гледање.

Wednesday, October 26, 2005

Preview: DETROIT PISTONS
Летно подмачкување: Зависи како гледате на работите. Според едни, ништо побитно не се деси летово во Мотор сити, а според други (меѓу кои и јас), Пистонси летово направија неколку ситни, но во исто време многу важни потези со кои пак се ставија во позиција да се борат за титула. Најбитното нешто беше отпуштањето на Лери "Брут" Браун (ако го питате него, тој си дал отказ), кој во текот на последниот плеј-оф внесе лоша атмосфера во клубот, атмосфера која играчите не дозволија да им влијае на играта. Думарс одигра паметно и го шутна Лери, кој го постигна она за што беше донесен во Детроит и како издишан балон си отиде во Њујорк. На негово место стигна Флип Сандерс, кој по отказот лани во Минесота, одмараше неколку месеци. Со овој потег Думарс уште еднаш покажа дека има њух за тренер, зошто Флип би требал одлично да се вклопи со играчите. Следен потег на Џо беше малку да го зголеми фондот играчи на клупата, пред се да најде алтернативе за Принс и РИП, а онда и замена за Изи Кембел, што беше решено со ангажманите на Морис Еванс и Дејл Дејвис. И тоа беше се што Пистонси го направија летово, затоа што и не мораа да прават нешто повеќе. Се на се, уште едно добро лето во Детроит. Стара машина: Чонси Билапс, Ричард Хамилтон, Рашид Волас, Бен Волас, Тејшон Принс, Линдзи Хантер, Дарко Миличиќ, Карлос Делфино, Карлос Аројо, Роналд Дупри Нови делови: Дејл Дејвис (Индијана), Морис Еванс (Сакраменто), Амир Џонсон, Џејсон Максиел и Алекс Ејкер (сите на драфт) Потрошен материјал: Скоро никој, можеби Елдин "Изи" Кембел, ако се пензионира Најбитен нов дел: Дарко Миличиќ. Да, да, Дарко, зашто момакот две години беше инвентар на клупата на Браун. Кај Флип нема да биде така, а показател за тоа се средбите од претсезоната во кои Дарко редовно добива шанса, нешто за што само можеше да сања кај Лери. Е сеа, гледајќи го малце лани, а и на ЕП очигледно е дека има уште многу работа пред Дарк-О, но за да направи чекор напред потребни му се дуелите со 4. и 5. од лигата за да види до каде е и што треба да поправи кај себе. Сезонава, а веројатно ни никогаш, Дарк-О нема да го оправда неговиот избор како 2.пик, пред еден Вејд, Кармело, па и Бош, но со тек на време би требал да стане солиден НБА играч. Патот кон таквиот статус започнува оваа сезона. Тренер: Јас уште не верувам дека исто Лери е заслужен за титулата 2004 год., пред се затоа што тоа беше тим кој го создадоа Думарс и Рик Карлајл и тим кој покажа лани дека не им треба Браун да изиграат квалитетно. Баш затоа мислам дека Пистонси нема да осетат никаква промена сега кога Флип седи на клупата. Што е уште побитно, играчите ќе бидат помотивирани да покажат дека неб еа случајни шампиони лани, што ќе му дозволи на Флип да воспостави контрола и да го воведе својот сѕстем, кој за разлика од она што го правеше во Минесота, сега ќе мора малку повеќе да посвети внимание на нападот, затоа што одбраната не би требала да им биде проблем. Седумтте години без плеј-оф со Вулфси се сенка која се надвива над Флип, но таа сенка нема да влијае на неговиот успех во Детроит. Флип е плејерс коуч, каков и што им требаше на "клиповите".Турбото сезонава: Во задњите два плеј-офа главна манга кај Пистонси беше Чонси Билапс, кој по релативно тивките рег. сезони во разигрувањето беше мозокот на тимот и човекот на кој одеше секоја одлучувачка топка. Ова нема да му биде првпат да игра под кормилото на Флип, за кој играше, и со кој добро се разбираше во Минеаполис. Ова би требала да биде сезоната во која Чонси конечно ќе стигне до Ол-Стар настап и ќе биде еден од најдобрите плејеви во лигата. Паралелно со играта на Билапс би требала да оди и таа на Шид, кој кај Флип ќе има повеќе слобода во нападот, каде е еден од најталентираните високи момци во НБА. Очекувам индивидуално јака сезона и од Чонси и од Шид, која би требала да се пренесе и врз играта на Пистонси. Епилог: Се отарасија од Лери и сега е време пак да тргнат кон својот врв кој у јуни им го препуштија на Спарси. Знам дека повеќемина од вас нема да се сложат со тоа, но нема зошто да не биде така (ова во го кажува некој кој никад не бил фан на Детроит), имаат играчи и хемија меѓу нив како ретко кој во лигата, имаат една од најдобрите, ако не и најдобра бековска двојка и петорка во НБА. Имаат нов тренер, околу кој нема да кружат приказни каде ќе си оди на крајот од сезоната и кој би требал одлично да се вклопи со работничкиот менталитет на градот и играчите. За разлика од лани, оваа година имаат и клупа од која конечно поважана улога би требал да има и Дарк-О, кој лека-полека ќе си го мие образот. Заедно со Мајами и Индијана ќе се борат (со Пејсерси лани и буквално го правеа тоа) за врвот на Истокот, а со Флип би требале да имаат и подобра рег. сезона од лани. Многу работи ќе зависат од дуелите со Индијана, во кои ќе се одлучува за врвот на Централ, кој на крај може да ги однесе до 1. или 2.место на Ист, или пак до 4. позиција во конференција. Пониско од тоа нема шанси. Како и да бидат рангирани ќе бидат проклето тежок ривал за секој тим, затоа што се составени токму за плеј-офот. Шеп да просере: абе прав си Енко, за све, освен епилогот. Ја мислам дека се истушија. Папсаа. Рашид ќе почне да праи лични и технички ко будала, РИП ќе почне да себичи, Биг Бен ќе почне да глуми ѕвезда, Билапс исто.. баш таа хемија ми е некако под знак прашалник.. многу тимови така отишле по ѓаволите.. Минесота лани (со истиот тој Флип како тренер), Блејзерси пред некоја сезона (кај што Rashweed беше главен). За Дарко, којзнае што ќе биде. Те го гледам дава знаци на надеж, те е лузер.. А за појачањава, не се баш појачања, а тоа е нешто што им фали - свежа крв. Пистонси баш немаат мотив пред себе, после седмицата лани. Плејоф да, у средина на Исток. Немаат шанси со Инди оваа сезона, со Јаске и Артест спремен да се тепа пак. Таму, со мука и игра ко Грците на Европско - може да догураат до далеку, ама сето тоа ми е фикција. Втора рунда и клоца од Индијана/Мајами, сигурно.
Preview: Sacramento Kings
(Сакраменто од оваа година ќе играат и у златни дресови - по краљевски, иако мене ми мириса на кич. Да ги видиме на терен првин, сепак.)
Лето: Сактаун има добар менаџмент. Дефинитивно. Со пар потези се отарасија од смрадот у екипата, а попунија позиции со јаки и докажани играчи. Во Мемфис го пратија магнетот за повреди Боби Џекес у пакет со ѕверот Остертаг, за да го добијат желниот за игра Бонзи Велс. На четворка им улета Риф Абдур Рахим. Бековската линија им ја болдираше Џејсон Харт, кој ја го рачунам за доста потценет. Го оставија јадачот на селари капот Мобли да крши глава, а плус со тоа потврдија дека Пеџа е тој што треба да троши топки. На драфт го избраа Фрешменот на годината, Доминиканецот Франциско Гарсија. Како фри ејџент го украдоа Аустралианецот Лук Шеншер, човекот кој се носеше рамо до рамо со Емека, Фрај и Богут во Џорџија Тек, што ако малце се набилда, не му бега гарантирано место во Лигата. Едноставно, потези со кои Џиоф Питри конечно имаше добар пазар (кој лани започна со клоцата на СиВеб за тројца повеќе од солидни епизодисти).

На престолот: Биби, Пеџа, Кени Томас, Бред Милер, Брајан Скинер, Кевин Мартин, Корлис Вилијамсон, Ерик Дениелс

Престолонаследници: Рахим, Бонзи, Харт, Шеншер, Рони Прајс, Џамал Сампсон

Абдицираа: Боби Џексон, Катино Мобли, Еди Хаус, Морис Еванс, Дариус Сонгаила, Грег Остертаг

Најважно засилување: Тука се мислев меѓу Бонзи и Риф, и вториов победи.

Не, не е Џералд Волис. Шариф на претсезонска утакмица со Мавс, против Гана Диоп.

Шариф Абдур Рахим е играч кој со години во Лигата игра неверојатно добро и е во лузерски тимови. Сеуште ја нема видено светлината на плејофот. Меѓу Кингс влага на голема врата, пред се` затоа што ќе попуни многу на четворка, а со тоа ќе му олесни на Кени Томас, кој од клупа игра пет пати подобро. Ќе му овозможи и на Корлис Вилијамсон да игра на тројка, онаму кај што најдобро се снаоѓа. Да не зборам колку ќе го растерети Бред Милер под кош, затоа што е одличен скокач. Прилагодлив е, и мислам дека ќе сфати дека сега е дел од јака екипа, а не лоун ренџер. Сестран е, и неверојатно го заострува нападот на Сакраменто. Знае и да се спушти на тројка, знае да пренесе топка, додава, финтира.. Неверојатен играч еден-на-еден. Е сега, мора да се стегне во одбрана, ако сака повеќе минути, затоа што Кени Томас прави се` што прави тој, со таа разлика што одбраната му е појака, ама е понизок и нападот му е малце попроблематичен.

Како и да е, Риф е право витаминче за оваа екипа, особено што во играта потсетува на Крис Вебер.

Тренер: Бркот Аделман е 17 години прв тренер во Лигата и има 61 посто успех. Во Сакраменто е од Локаутот, и со нив го нема утнато плејофот. Немам што да зборам за него, има толкав кредит кај браќата Малуф, па најверојатно ќе биде тренер на Кингс додека не се пензионира. Не верувам да направи некоја катастрофална грешка, па да доживее фри фол, затоа што со таков тим, искусен тренер не може да погреши. Оваа сезона ќе си се прошета низ 82-те утакмици, и не верувам да го испушти скоро загарантираното прво место на Пацификот (пошто Феникс едно пола сезона ќе бидат у агонија, а парашање е колку после враќањето на Амари ќе се вратат у форма). Оваа сезона има доста нови имиња, а он е познат по тоа што од шупаци прави играчи (Даг Кристи, Корлис Вилијамсон, Боби Џексон, Скот Полард, Пеџа и т.н.). Башка он е тренер што знае најдобро да компензира повреди, бидејќи имаше пуно прилики да се изверзира.

Багажот ќе го носи: Мајк Биби. Пеџа не го рачунам за некој фактор, затоа што а он дал 5 тројки или се разиграл Брајан Скинер, исто се фаќа. Биби е незаменлив.

Уште кога дојде во Сакраменто, сите знаеја дека момакот што праеше пуздер по НЦАА терените (заедно со Мајлс Сајмон) ќе ја даде озбилноста на екипата, нешто што не можеше да го направи Џеј Вил. И така и би. Уште истата сезона отидоа најдалеку во историјата на клубот – финале на Запад кај што изгубија од Лејкерс во седмата.

Биби стана лидер на екипата. Со самото доаѓање. Вебер беше премногу ѕвезден за таа улога, а Дивац премногу стар. Лани, двајцата заминаа. Разочарувачки беше слабиот пласман и смртта во првото коло, ама оваа сезона верувам ќе одат подалеку.

Што е улогата на Биби? Епа, нешто како што е Неш во Феникс или Кид во Њу Џерси или Марбери во ЊуЈорк или како што беше Меџик во Лејкерс. Он е сега душата на тимот, моторот, катализаторот, погонот, срцето и сонцето околу се` се врти. Пеџа мислам дека го сфати тоа лани. Бред Милер никогаш не се трудел да биде бр.1. Шариф пак, е паметен и знае да се прилагоди.

Биби треба да ја оправда новонастанатата ситуација – тоа што сите го осеќаат, треба да се конкретизира. Треба да пружи 25-3-8 сезона, и притоа да биде прв во тимот во категоријата „поени во последна четвртина кога разликата е едноцифрена“. Има талент и вештина за тоа, само треба да запне.

Бољи од лани: Лани Сакто немаше лош скор (50-32), ама тоа беше доволно само за 6. место на Запад. Којзне по колку време имаа над 10 порази дома, и тоа е она што треба да ги загрижи. Знаење и сила имаат, ама тоа што го изгубија се вика „моќ“.

Све, све, ама крал не. Со него на чело, ни до второ коло не стасаа. Се надевам дека сфати дека е само обичен пиун.

Знам дека ви е преку глава, но морам по којзнае кој пат да ја спомнам повредата на Амари, затоа што таа е фактор за успехот на Феникс, а со тоа влијае и на сите Западни тимови. Сакраменто, веројатно оваа сезона ќе го ќари Пацификот, и со тоа ќе биде од првото до третото место на Запад. Во плејоф, би требало да одат понапред од прва рунда, а и таму имаат шанси, само ако не „нагазат“ на Спарси. Велам дека имаат шанси, затоа што се комплетни, а и клупата не им е за жалење. Сепак, Хјустон и Далас, па и Денвер, делуваат некако постегнати од нив. Ама, не би ги отпишал унапред.

Ќе играат стандардно динамична кошарка, пошто со Биби на кец, немааат друга опција. Додатен шмек им дава Шариф, кој мене ми е ептен добар за гледање, од проста причина што знае да поентира на милион начини. Франциско Гарсија, ако игра, ќе допринесе со атлетицизмот и скочноста. Бонзи Велс е исто така уште еден фактор за гледаноста на Кингс, затоа што тој е играч кој прво у памет му е да отиде на влез.

Се` на се`, добра екипа, што нема лесно да отпадне од трката за титулата.

Кралски муабет бaj Каракаш: Кога сите навиваа за Кингси, ја не го правев тоа. Само затоа што сите што навиваа за нив тоа го правеа од само една прчина - заради Владе и Пеяа, и ништо друго. Но, за разлика од тој тим, овој ми се свиѓа, во него е еден од најпотценетите играчи во лигата, Шариф и еден од најјаките плејови и лидери на теренот, Биби, а за разлика од колегата ми, ја нема да фрлам со камења по Пеџа, затоа што момакот има еден од најубавите шутеви на светот. Тачно е дека не е лидер, но тоа е улога на Биби, со Риф во тим се шири теренот, а со тоа и просторот за Стојаковиќ и неговите трици. Битен дел би требал да биде и Бонзи, кој никако не се уклопи во Портланд и Мемфис, ваљда сега ќе сака да покаже дека талентот не му е за фрлање. Во Бред го имаат 2. или 3. центар во лигата, а Мартин би требал да биде пријатно изненадување. Аделман никад не сум го поштуел нешто посебно, но се има докажано како добар рег. сезона тренер, што не е случај и кога збориме за плеј-офот, кој не им бега сезонава и кој после проблемите во Феникс значи веројатно прво место во Пацифик. За повеќе мислам дека годинава не можат, но ни јас не би ги отпишал однапред. ПС- златните дресови им се УЖАС!!!!

Tuesday, October 25, 2005

Preview: Phoenix Suns
Трампата Кју за Томас, нит беше логична за Никс, нит за Санс. Ајзеа се потврди дека е шупак, а Коланџело најави дека ќе го ебе ѕверот од тим што лани хараше по Лигата

Све, све, ама распуст не: Феникс летоска успеа од елитен тим да си го деградира ростерот со само неколку потега. Првин, го трампаа Q Ричардсон во Њујорк за Курт Томас (океј, потегот со Томас сега ќе се компензира со повредата на Амари), со што го загубија шампионот у пуцање тројки и си отворија рупа на двојка/тројка. Следен бисерен потег беше трампата на Џо Џонсон во Атланта – за никој друг, туку тулумбата Борис Дио и два идни пикови! И после тоа, ги оставија Стивен Хантер и Бо Аутло (на моменти бриљираа лани, а и во плејофот се покажаа) и како замена го донесоа Брајан Марли Грент. На двојка и тројка се „појачаа“ со Раџа Бел (ќе им игра у прва петорка заедно со Дио) и Еди Хаус. Со еден збор – потезите на управата на Санси се „сакам кажам – не знам речам“. Тотално ја сменија концепцијата на екипата од ран енд ган во некоја импровизирана стандардна формација (центар Курт, четворка Амари), која јас ја доживувам ептен скептички. Палец надоле.

Единствен позитивен потег е што со 54. пик го избраа Дижон Томпсон, талентот од УКЛА, кој беше лани во првиот тим на Ол-ПАК-10 конференцијата во НЦАА. Според играта во колеџ, има шанси за напредок.

Всушност, Коланџело самиот си изјави дека се спрема да ги тепа Спарси. Океј, добија голем човек што ќе се замара со Данкан – Томас, добија пар одвратни фаци со кои ќе умртват игра, ама па во меѓувреме го изгубија ланскиот лик.. без грам памет!

И натаму светат: Амари, Неш, Матриксот, Волтер Меккарти, Џим Џексон, Роналдињо Барбоса, Пол Ширли

Огреаа: Дижон Томсон (54. на драфт), Курт Томас од ЊуЈорк, Борис Дио од Атланта, Раџа Бел од Јута, Пет Бурки од некоја крчма во Ирска, Брајан Грент од Лејкерс, Еди Хаус од Сакраменто, Џејмс Џонс од Индијана

Зајдоа: Џејк Воскул во Шарлот, Квентин Ричардсон во Никс, Џо Џонсон во Хоукс, Стивен Хантер во Сиксерс, Бо Аутло во Орландо

Апгрејд на тимот: Курт Томас. Човекот со најмазно шутче од полудистанца, и најскромниот центар, иако добиен во најшашма трампата летоска, сега ќе биде битен (во првата половина на сезоната) во пополнувањето на вакуумот во рекетот што го создаде коленцето на Амари. Ако си ги повтори респектабилни дабл-дабл партии од лани, ќе помогне во неутрализирањето на болката што им ја причини повредата на Горилото. Башка додава малце одбрамбен дух, нешто што се осети дека им фали лани во плејофот. Ај нека е за арно, вика Коланџело.

Тренер: Од тоталка лузер, лани Мајк Д`Антони стана тренер на годината (во својата само трета сезона како хед коуч). Првите две сезони во Феникс му беа убитачни, со некои мизерни триесетина посто успех. Лани пак, дојде до најдобриот сезонски резултат, со цели 62 даблјуа, или во превод 75 посто. Поразите сите му беа под олеснителни околности – кога некој му беше повреден. Значи, Д`Антони е одличен тренер. Е сега, прашалник ми е колку ќе се снајде со Бел и Дио во први пет, и пола сезона без клучниот играч. Он е тип што сака да игра брзо, напаѓачки, шутерски.. Бел и Дио се далеку од катастрофа, ама па и далеку од Кју и Џо. А па кога ќе се врати Амари ќе мора да се прилагоди на петорка Неш – Бел – Матрикс – Амари – Курт, што значи дека ќе мора да мења тактика.. сумљиво, сумљиво.. се надевам ќе се знајде, ама не гарантирам :)

Под притисок: Матриксот. Шон Мерион после ланската бламажа со Спарси, мора како знае и умее да се пере.

Кога го мислев одамна текстов, бев сигурен дека тука ќе го лупнам Амари или Неш. Неш отпадна – МВП е, и во него нема сумља дека ќе даде се` од себе, се подразбира. Подобро од лани, не може да изигра. Значи остана Амари и прашањето за неговиот напредок – ментално и дефанзивно. Ама сега, во новонастанатата ситуација, него не го есапам, па така Матриксот ми е на тапет - мора да поплни дел од празнината што ја предизвика Амари, мора да пополни дел од мањакот на Бел и Дио, мора да ја повтори играта од лани.. уствари не мора, ама пожелно е, ако сака плејоф.

Амари, жив среќен после потпишување екстензија на договорот. Најави подобар резултат од лани.

Епилог: Кога ги планиравме привјуата со Енко, си рековме фаворитите да ги оставиме за на крај. Пошто Феникс лани беше еден од малкуте фаворити, гос тавивме лејт он д скеџуал. Ама, се деси тоа пехот, веќе неколку пати спомнат погоре, па скилот на момците од пустињата како вртоглаво да падна.

Факт е дека ако имаат бар 40 посто победи до враќањето на Амари можат да бидат задоволни. Факт е дека, нема да има ни Т од ланскиот ТИМ што го имаа (не Данкан). Факт е дека, ако влезат во плејоф, ќе се мукаат со Сан Антонио/Сакраменто/Денвер/Хјустон, и ќе бидат „оштетени“ со мањак утакмици на домашен терен.. се` на се`, ланскиот успех, оваа сезона, нема да го повторат.

Исто така, реално е дури и да не влезат во плејоф. Никој нема муда да ги отпише, ама јасно е дека на Колаџело и Д`Антони им гори под газот. Оваа сезона ќе ја почнат со само двајца од ланските први пет. Ќе им фали ланскиот прв стрелец и скокач, ќе фалат шутери што Неш ќе треба да ги храни, ќе фали и брзина и убиствен инстинкт во нападот.

Феникс, во однос на ланското прво место на Запад, ќе доживее слободен пад. Ќе го јадат од сите екипи за кои сеуште не сме напишале привју, и ќе треба да се концентрираат да не кикснат против слабаците.

Утакмиците кои ги завршуваа со по 120 поена, оваа сезона ќе им се повторат само кога ќе играат продолженија. Едноставно, си го осакатија тимот, а и Амари ги осакати. Може звучам песимистички, ама чекајте да видите како не можат да дојдат ни до 70 против Детроит..

Се` на се` - ако се стегнат – од 5-8 место на Запад.. ако не.. со судни маки плејоф.. ако потфрлат.. повеќе среќа догодина.

Е, ако се оствари една од првите две опции, во плејоф може да доживеат буст – сепак јадрото од лани им е истото. Ама, финале на Запад со минимална веројатност (но не исклучено). Таму пак – може да играат жилаво со Спарси – новиов тим им е правен со таа цел.

Резиме: Лани, ко песна им беше да дојдат до Спарс. Таму попија чекан. Летово проектираа тим што ќе им конкурира на Спарс. Само што сега првин треба да стасаат до нив, а патот им е милиони километри со пречки. Замаглена иднина, со шанси за секаков исход. Најверојатно мизерен.

Karakash takes: Вака гледам ја на Санси: Уствари, ја не знам како да гледам на Санси затоа што во нив ич не го гледам тимот кој лани ја изненади цела лига и со својата ран енд ган игра го освои Западот. Ги нема Џо и Кју, а на подолго нема ни да го имаат Амаре, кој ќе одмара најмалце до Ол-Стар, ако не и јаче. Од ланските стартери остануваат МВП Неш и Мерион, и толку. Нови у први пет им се Курт Томас, Раџа Бел?!?!?! и уште некој, засега недефиниран. Сигурен сум дека нема да го имаат ланскиот страшен напад, ги немаат најдобрите двајца шутери, а ќе го немаат ни Ѕверот. Во негово отуство рекетот ќе го "чуваат" Брајан Марли Грент и Томас. Тужно. За нивна среќа, дивизијата им е каша-попара, така да ништо чудно со враќање на здрав Амаре (?) да го освојат Пацификот, па да бидат 3. на Запад. Мислам дека лани беа најблиску до правење нешто побитно по '93 и дека таа шанса тешко дека ќе ја добијат пак, барем не со овие играчи кои ги имаат. One year wonder Suns? I think so.

Monday, October 24, 2005

Preview: DALLAS MAVERICKS
Летен распуст: За чудо, ова лето Марк Кјубан одлучи да седи мирен. Но, и покрај тоа неговите Мавси беа дел од една од највртените вести летово – заминувањето на Мајкл Финли кај шампионот од Сан Антонио. Уште кога со новиот колективен договор беше воведено амнести правилото, на сите во Далас им беше јасно дека Кјубан ќе се ослободи од огромните 51 мил. кои ќе му тежеа на селари капот на Далас и во следните три години. Финли заедно со Неш и Дирк некогаш го правеа Големото Трио на Мавси, а сеа Новицки остана сам. Но, ако заминувањето на МВП лани беше ненадејно и клубот не успеа да најде адекватна замена за него, во случајов со Финли и тоа како има момци кои ќе ја преземат неговата улога. Уште лани беше јасно дека Мајк не е оној стариот и дека дефинитивно не вреди парите кои му следуваа според договорот. Со заминувањето во Спарси се спаси и себеси и Далас. Освен збогувањето со Финли, Кјубан не направи ништо посебно за зајакнување на составот, на драфтот и онака немаа некоја добра позиција, па не собраа ни некое посолидно име, можеби од Џош Пауел ќе биде нешто, но не одма. Приоритет им беше играч кој би го заменил Шон Бредли, кој одлучи да се пензионира и со тоа ги расплака сите фанови на клубот. Изборот падна на разочарувањето од Кливленд, “Гана” Диоп, кој барем ако се глеа според тоа колку пути досега му закуцале во фаца е идеална замена за Бредли. Се на се, мирно лето во Далас, пред се поради одлуката на Кјубан дека нема потреба веќе да се расфрла со пари за играчи кои и онака нема да му ја донесат титулата, кога мисли дека има екипа која е спремна да се бори за тронот на Спарси. Останаа во седло: Диркулес, Маркиз Дениелс, Џејсон Тери, Џош Хауард, Ерик Дампие, Девин Херис, Дарел Армстронг, Џери Стекхаус, Дидие Илунга-Мбенга, Павел Подколцин, Кит ван Хорн Добија тазе седла: Даг Кристи, Десагана Диоп, Ерик Стрикленд, Роуи Маршал, Џош Пауел Одјаваа: Шон Бредли (пензија), Мајкл Финли, Алан Хендерсон, на пут се спремаат и Абдул-Вахад (конечно) и Кениел Дикенс Најважен нов јавач: Од т’нкиот избор тоа мора да биде Даг Кристи, кој ќе влезе на местото на Финли и кој барем според дефанзивните квалитети одлично се вклопува во концепцијата на Џонсон. Сепак, годините не се на страна на Даг, а и проблемите со карактерот кои ги презентираше лани по трејдот во Орландо не му одат во прилог. Свесен за сето тоа, тој сам си бараше едногодишен договор, со цел да им докаже во Далас дека епизодата на Флорида беше пролазна и дека е спремен да даде се од себе за Мавси. Ако успее, тогаш Далас во него и Џош Хауард би можел да има една од најдобрите дефанзивни дуа во лигата. За Диоп кажав погоре, така да ако момакот успее барем чат-пат да го одмори Дампие, онда е премија, повеќе не барајте. Тренер: Ејвори лани за само неколку недели успеа да докаже дека местото му е во лигата, а како што изминуваше сезоната успеа од Мавси да створи солиден дефанзивен тим, нешто што тие никогаш не биле додека Дон Нелсон седеше на клупата. Е сеа, во плеј-офот беше евидентно дека Ејвори е руки тренер, но тоа искуство секако ќе му помогне оваа година, во која ако ги послужи здравјето ќе има подобар тим од лани на располагање. Позитивно е тоа што тој го разбуди одбрамбениот дух кај играчите. Но во исто време не ги отфрли и сите напади кои ги играа под Дони. Неговото место е сигурно и само утнување на плеј-офот би можело да го кошта работа, а до тоа нема да дојде. Кјубан со Нелсон покажа огромна трпеливост, така да нема причина тоа да не го направи со Ејвори, кој е еден од најталентираните млади коучови во НБА. Шериф сезонава: Диркулес сезонава мора да направи исчекор, но не во улогата на прва опција (што без проблеми беше лани), туку во улогата на лидер на тимот на и вон теренот. Тоа е одговорноста која на себе ја има и од тоа како ќе се справи со неа зависат многу работи во Далас. Од него е нормално да се очекува скоро МВП сезона како ланската, но нема само тој да биде клуч на евентуалниот успех. Многу зависи и од тоа како Кристи ќе се вклопи и како Тери ќе игра на плеј. Епилог: Далас дефинитвно има еден од најкомплетните состави во лигата во кој за првпат по неколку години се знае кој е газда, а кои се пиуните. Се ќе се врти околу Диркулес, но многу други работи ќе мора да се поклопат за Мавси да ги детронираат Спарси. Прво, као што реков погоре, тоа е здравјето, затоа што Мавси се познати по повредите, онда прилагодувањето на Кристи, неговата одбрана и способност (или не) да одигра на плеј и да го растерети Тери, од кој пак се очекува подобра сезона од лани, во која ќе има повеќе слобода во нападот. Напредок се очекува и од Хауард и Дениелс, а хендикеп ќе им биде центарот, затоа што ако Дампие мисли како лани у плеј-оф да прави по 4.лични грешки во 2.четвртина, тогаш ништо од сонот за титула. Алтернатива за Ерик немаат, така да ќе мора Дирк да игра "петка", каде тој аутоматски губи на фактор. Многу се очекува, барем јас очекувам, од Стек и ван Хорн, кои како ветерани можат многу да му помогнат на клубот. Стек е докажан стрелец, а Кит кога е здрав, што не е така често, е одлична алтернатива за некоја минута одмор на Дирк. Мислам дека Мавси сезонава пак можат до 2.рунда, каде за чекор дање ќе зависи дали ќе играат со Сан Антониo или не. Офчаро Шепард вика: За Диркулес, Ејвори и летото се слагам, а и епилогов не ми е далеку од моите очекувања. Немам што да замерам, освен да додадам дека Дирк мора да направи паралела, што е лидер на такозваната германска репрезентација, а што лидер на НБА конкурент. За детронирање на Спарси, малку тешко, без Бредли :) Што се однесува до Гана, ќе му прави друштво на Мбенга на клупа. Е сега, жено-те-сакам Кристи. Он мене ми е шубе играч, затоа што никогаш не зрачел со позитивна енергија. Не знам дали ќе биде фактор, воопшто. Се` си мислам ќе биде ко лани во Меџик. Ама па затоа, ете му место на Стек во првите пет, каде и што припаѓа. Кристи, пиши му крст. Ај години, ај карактер, ама па и влијание.. тачно дека е ѕвер у одбрана, ама па како ќе помогне на друг начин? Спор е, не е снаодлив во напад иако знае да блесне, и пред се` не се ни труди многу многу во последно време (затоа и го набркаа од Сактаун). Како и да е, не им бега втора рунда, ама не само Спарси, и Хјустон ќе им бидат мука. Во регуларен дел - завршуваат четврто место или подоле, од проста причина што немаат шанси да го освојат Саутвестот покрај Рокетс и Спарс.

Sunday, October 23, 2005

Preview: Denver Nuggets
Летен распуст: Кики Вандевеге летово не се претргна од активност како лани, но сепак направи 2 респектабилни зделки, со кои го појача тимот што игра во пижами. На драфтот го избра ѕверот Џулиоус Хоџ (иако има фаца Буркина Фасо, Хоџ мене ми остави впечаток како еден од најкомплетните колеџ играчи во последниве неколку години, и покрај тоа што играше за Норт Керолајна Стејт – дебело во сенка на Тар Хилс и нивната комплетна петорка која оваа сезона влезе во Лигата). Го ангажираа и Ерл Вотсон, ѓулето од играч што успеа да го истисне Џеј Вил лани од Мемфис. Едини бош потег им беше трампата на Џерет Џек за пакетот Линас Кеиза и Рики Санчез.. но, со Андре Милер и Ерл Вотсон во екипата, па и нема место за напредок на млад плеј.

Планинци: Кармело, Бојкинс, Кемби, Кенион Мартин, Андре Милер, Франциско Елсон, Вошон Ленард, Нене, Едуардо Нахера, Грег Бакнер, Весли Персон, Брајон Расел, Марк Поуп, Дермар Џонсон

Планинари: Џулиус Хоџ (20. пик), Линас Кеиза (27.), Рики Санчез (35.), Алекс Хервел (52.), Ерл Вотсон

Шумар: Луис Флорес

Ако може да се каже – засилувања: Џулиус Хоџ, како што спомнав, во НЦАА беше пример за олараунд играч, кој прави буквално све во екипата. Ќе биде енерџајзер, ама мора да се навикне на клупосување и помала минутажа, бидејќи на 1, 2 и 3 (сегде може да игра) е „пребукирано“ од Ленард, Бакнер, Мело, Бојкинс, Милер, Персон, Вотсон.. овој последниов пак, е супер компонента за оваа екипа, бидејќи носи малце одбрамбен дух во предната линија.

Сепак, ниеден од двајцата не е типично „засилување“, затоа што нема да направат некоја видна разлика, а накрај краева, целата екипа од лани ќе игра и оваа сезона.

Тренер: е на оваа точка ќе мора да се стави знак ѕвездичка - затоа што е најбитна. Џорџ Карл, лани покажа дека е еден од најмоќните мозоци во историјата на Лигата. Успеа од тим со скор од 21-27 да стигне до скор од 49-33 и луѓето почнаа да го вбројуваат во кандидатите за титулата! Да појаснам – со тим кој се наоѓаше во агонија и со скршена самодоверба, Карл успеа да дојде до 28-6. Успеа да го врати Кармело во живот, кој после некои лично проблеми играше тоталка бездушно. Успеа да го уклопи Кенион Мартин во екипата, кој се мукаше повеќе од пола сезона. Успеа со некои претумбации да создаде екипа пред која у прво кола се сопна и Сан Антонио. Океј, после тоа им ги скршија кичмите, ама ќе се запамтат изјавите дека Спарси може да летаат во прво коло (и ја сумљав у такво нешто). Едноставно, се` што беше лани успех на Нагетси, е 100% заслуга на Џорџ Карл. Човекот е генијалец! Товарено магаре, ништо не осеќа: Кармело Ентони. Човекот лани како да затрепери пред одговорностите. Или беше заслепен од насловната на НБА лајв 2005. Но – играчот што го донесе Сиракјуз до титулата пред 2 години, играчот што на моменти беше над Леброн во нивната руки сезона, лани како да издиша. После доаѓањето на Карл во екипата, како да се потсреди, ама сите знаат дека тоа беше само привидно. Кармело почна да промашува, да игра индолентна и индиферентна одбрана, почна да плаче пред судии и да си се навикнува да седи со пешкирчето на клупа. И нормално, остана во сенка на ЛеБрон и експлозијата Вејд.

Затоа, оваа сезона – мора да направи „биг ап“, да застане цврсто на нозе, и да продолжи кај што застана пред една сезона. Мора малце поагресивно да настапи, да оправда се` што е вложено во него, и да не стане уште еден од плејадата „Картер“ фаци. Сакал или не, успехот на Нагетси зависи од него – преголема е довербата на фановите и соиграчите и не смее да ја изневери (пак). И да го цитирам Спајдермен: со голема моќ доаѓа и голема одговорност.

Епилог: па ако под команда на Карл играат како после Олстарот лани, тогаш тешко дека некој ќе им смета на Нагетси оваа сезона до плејофот. Имаат дебела клупа, играчи што се желни за игра, и може да компензираат по некоја повреда. Доколку Кармело биде оној стариот, тогаш ќе бидат уште помоќни. Единствена опасност е само да не дојде до сукоб на ега, бидејќи е познато дека Џорџ Карл го следат такви ситуации.

Денвер и оваа сезона ќе биде еден од тимовите што треба да се гледаат. И еден од тимовите што ќе „конкурираат“. Со повредата на Амари, и нив им следува едно местенце погоре на табелата на Запад, ама тоа и не е толку битно - со оглед на тоа што милион посто ќе бидат шампиони на Нортвест, нив им давам од прво до трето место на Запад, и минимум 55 победи. У плејоф – па редно е и они да пројдат у втора рунда! Всушност, ако во прво коло им се паднат Лејкерс, Мемфис, Јута, Клиперс или некој тим од таа класа, па влезат одморени во втора рунда.. тогаш и финале на Запад е реалност. Понатаму не се знае.

Што вика Каракаш: Се слагам со колега ми и дефинитивно ги ставам Денвер меѓу фаворитите на Западот, кои веројатно ќе ја освојат својата дивизија и така ќе си обезбедат најмалце 3.место у конференс.Е сеа, не би му придавал толкаво значење на Џулиус Хоџ, кој има проблеми со законот откако една цура го обвини за силување (дежа ву во Колорадо), ако и се извади без да лежи, онда тешко дека ќе има минути на двојка. Поголемо знажење ма Вотсон, кој лично за мене беше еден од најнелогичните потези летово. Лесно може да се деси Ерл да стане стартер, а Андре Милер да се пресели на двица, експеримент што не знам баш како би изгледал. Што се тиче Мело, мислам дека он ќе си биде ОК сезонава, а од голема важност ќе биде здравјето на Кемби, зашто негова алтернатива е шупакот Елсон. Одреден притисок ќе има и врз Карл, кој сеа го има тимот на цела сезона. Најслаба позиција им останува двојка, а офанзивно гледано можеби и послаба им е четворката, каде Мартин и Нене не се некои стрелци, освен на цепелини и коа се сами под кош. 3.место на Запад минимум, за повише ќе видиме, се зависи од рехабилитацијата на Амаре и играта на шампионот.

Saturday, October 22, 2005

Preview: CLEVELAND CAVALIERS
Гледајќи стартот на новата сезона да го дочекаме со привјуа за сите НБА тимови, веќе поминавме низ поголемиот дел од нив (потачно, 20 комада). Во следните осум дена ќе ви го претставиме нашиот Топ 10 тимови, кои се сигурни плеј-оф патници, а дел од нив сигурно ќе се борат за титулата во јуни догодина. Следи најавата за најсумњивиот од тие десет – Кливленд Летен распуст: Главна цел за Кливленд по завршувањето на ланската сезона, во која во последните три недели го загубија последното плеј-оф место на Истокот, беше да си најдат асален тренер, да си најдат добар генерален менаџер и да го опкружат Леброн Џејмс со помошта (пред се шутери) која и тоа како му е потребна ако сакаат да се борат за врвот. ГледајќИ ги сите овие цели, летото на Кавси може да се оцени како многу успешно. Прво на дневен ред беше потпиешувањето на бившиот играч Дени Фери на местото на менаџер, потег за кој многумина изразија сомневање, но Дени докажа дека иако е руки GМ е и тоа како способен за таа функција. Прв негов потег беше ангажманот на помошникот на Лери Браун, Мајк Браун за главен тренер (за него малку подоле), по што тргна во трка по шутер кој би го растеретил Леброн во нападот. На врвот на неговиот список се наоѓаа две имиња, Мајкл Ред и Реј Ален, кои сепак одлучија да си останат во своите сегашни клубови кои им понудија поголеми пари. Трет на листата на Фери беше Лери Хјуз од Вашингтон, кој ни за момент не се мислеше дали да ја прифати понудата да заигра покрај Месијата на Кавси. Иако имаше дупка на плеј, Фери го потпиеша Хјуз, по што тргна во потрага по "кец", до кој дојде дури пред месец и пол, кога на Мајами му го собра Дејмон Џонс. Пред Дејмон, член на Кливленд стана и Донјел Маршал, кој би требал одлично да се вклопи на "четворка" и кој го надополнува не баш сјајниот шут за три на Хјуз. Кога ќе се погледне сега, Фери заврши одлична работа и конечно околу Леброн состави екипа која е конкурентна на Истокот. Остануваат со Леброн: Ззззз Илгаускас, Дру Гуден, Лук Џексон, Ајра Њубл, Саша Павловиќ, Ерик Сноу, Андерсон "Сајдшоу Боб" Варежао Нови помошници на Леброн: Лери Хјуз, Донјел Маршал, Дејмон "Баскетбал" Џонс, Алан Хендерсон, Мајк Вилкс, две "интересни" имиња на кои амер. коментатори ќе си искршат јазик - Мартинас Андрискевичиус и Келена Азубуике, онда Обина Екези, Зендон Хемилтон, Џахиди Вајт Не му се погодија на Леброн Десагана “Гана” Диоп, Џеф МекКинис, Роберт “трактор” Трејлор, Најбитен нов сајдкик: Хммм, секој од триото Џонс-Хјуз-Маршал му носи нешто на тимот што му недостигаше лани, така да е тешко да се каже кој од нив е најбитно засилување. Дејмон ќе треба да внесе стабилност на плеј, иако не е класичен "кец", односно повеќе сака да си шутне тројка, што нема да му биде проблем во Кавси затоа што нивни прв асистент и онака е Леброн. Хјуз знае да биде 2.опција во нападот, одличен е дефанзивец (најбоњи лански крадец), има добро шутче од дистанце и влез и би требал да го надополнува Леброн во нападот. Маршал е ветеран, кој покрај искуство, на Кавси им носи и високо крило со одличен шут за три, што ќе му остави доста простор на Ззззззз за работа во рекетот. Тренер: Дел од причината за неуспехот на Кавси лани беше и ненадејното менување на Пол Сајлас од страна на новиот газда, и тоа баш кога на тимот му одеше добро. Потегот можеби ќе беше разбирлив Сајлас да беше заменет со подобар тренер, но на негово место дојде помошникот Брендан Мелоун, кој од самиот старт покажа дека не спремен да се справи со ситуацијата. Оваа сезона не би требало да има проблеми од таква природа, затоа што, барем според Фери, позицијата на Мајк Браун како главен тренер е безбедна. Браун до лани муше помошник на презимењакот Лери во Детроит и важи за еден од попочитуваните млади стручњаци во лигата (има само 35 год.). Возраста би требала дам у помогне во тоад а биде тренер насочен кон играчите, а искуството од Пистонси да биде добар дефанзивен тренер, кој со Кавси ќе се обиде да игра повеќе на брзи напади и контри. Сепак, Браун е дебитант тренер, така да во некој смисол тој се уште е непознаница Најбитни за успехот сезонава (покрај Леброн): Покрај триото нови имиња кои стигнаа летово, клучна за успехот на Кавси годинава ќе биде играта во рекетот, посебно на центар. Освен Ззззззз на таа позиција, Кавси на таа позиција немаат солиден играч (имаа до пред два месеци, кога се повреди Варежао, кој сигурно нема да игра до февруари-март), што ги прави ранливи во рекетот, посебно ако се знае дека и Илгаускас е пијател со повредите. Единствена опција засега им е Андрескивичиус, кој никако не е спремен за НБА. Важноста на центарот и Зззззз ја потенцирам затоа што многу од јаките тимови против Кавси ќе играат позициони напади, со кои би ги успориле Хјуз, Леброн и Џонс, а во такви напади една од најважните улоги ја има центарот. Епилог: Редно време е Кливленд да се врати во плеј-офот, а гледајќи го нивниот состав по неколкуте паметни потези на Фери, нема зошто и да не ги гледаме во мај догодина. Леброн конечно ја доби толку потребната помош и имаат млад, енергичен тренер, со шампионско искуство. Нормално, како и кај секој тим, И кај нив има неколку "ако" моменти, а прв е секако здравјето на нивниот Месија, зошто без него тие не се ни пола од тимот кој се со него. Второ "ако" се зглобовите на Зззззз, кои мораат да издржат цела сезона, а трето е прилагидувањето на Мајк Браун на играчите и на играчите на неговиот сѕстем. Ако се ова помине мзно, ондак нема причина Леброн и неговата дружина да не бидат 5. на Истокот, позиција која ќе им значи прво коло против најверојатно Детроит, што нема никако да биде лесно. Но, со Леброн во составот се е можно, cамо прво да си стигнат до некои 48-50 победи.
Preview: Washington Wizards
Лето: Визардси летово го пројда правејќи ги најшпиунските потези во лигата. Првин, го пуштија пуфката Лери Хјуз да крши глава во Кливленд. На Негово место го ангажираа Антонио Дениелс. После тоа го пуштија Хуан Диксон да крши глава во Портланд, пошто такво играчиште како него мора да иде у тим кај што ќе игра.. капак на све, им го утрапија Квами на Лејкерси, а од нив ги земаа Еткинс и Батлер (двајцата од првата петорка).

На драфт бираа само еднаш и тоа во втора рунда, како 49. и го лапнаа Андреј Блаче, кој како средношколец, веројатно ги има истите шанси за напредок како и Квами, и веројатно ќе дојде до неговото ниво, иако е избран 48 места подоле.

Зашто овие потези се добри за Визардси: Хјуз е големо его и квари хармонија – на негово место ги имаат Дениелс и Батлер, кои сигурно ќе ја попунат дупката. Квами никогаш не играше ко што треба, а лапаше пара – и нормално, неизвесноста што им ја диктираше и парите што им ги крадеше, ги решија луѓето од управата да го пратат на другата обала. Во меѓувреме, неговото место го попунија со андерачиверот, али сеуште потенцијално добриот Калвин Бут (кој како колеџ играч беше ептен добар – дефанзивен играч на Биг Тен `98, дел од американската репрезентација `98 - `01). У секој случај – лето у кое баш си го заштрафија тимот и му дадоа прав НБА лик – 2 ѕвезди, повеќе епизодисти и пар спијачи.

И натака волшепства ќе прават: Аренас, Џејмисон, Хејвуд, Џарвис Хејс, Итан „појавата“ Томас, Џеред Џефрис, Питер Рамос, Дејмон Браун, Ентони Пилер, Мајкл Рафин

Тазе маѓосани: Андреј Блаче (49. на драфт), Калвин Бут, Антонио Дениелс, Кеирон Батлер, Чаки Еткинс, Били Томас Вештери: Стив Блејк, Хуан Диксон, Лери Хјуз, Квами Браун, Лејрон Профит Најважно засилување: Кеирон Батлер. Човекот што како руки имаше неверојатна сезона и после тоа успеа да си ја уејебе кариерата и да дојде пак назад, мора да продолжи да иде напред. Лани наводно ќе му помагаше на Коби у ЛАЛ, ама на таа екипа ни ГОспод не и` помага. Сега, има и искуство и подобра околина, па мора да почне да допринесува со стандардни бројки. Лани се врати кај што застана првата сезона. Докажа дека е карактер, и дека нема простор за губење доверба. Вашингтон го здиплија у најважниот момент, кога по втор пат кариерата му трга нагоре. Да остане здрав и да работи ко лани – и сите ќе го заборават Хјуз. (инаку лани Батлер ја имаше на општо изненадување најдобрата сезона – 15.5 поена на 45 посто од поле, скоро 6 скока и издржа респектабилни 77 натпревари, сите во првата петорка) Тренер: Џордан, али Еди, и не тој од Формула, ми е најнетренерската фаца во Лигата. Сеуште не ми е јасно како успеа лани да го води тимот лани до тој скор и до плејоф. Накратко – типот е мрцина, упропастувач, до лани имаше едвај 30 посто успех. Се` си мислам дека е спремен да го ујебе и овој тим, како што тоа го направи со Сакраменто на Мич Ричмонд и Волт Вилијамс. Лани беше среќа, и не се исплати да се ризикува со таков идиот на клупа.

На плеќа најмногу товар ќе носи: Аренас. Џејмисон никад не можел да се снајде како прва виолина, додека Аренас природно е лидер. Мора да почне да се враќа кон корените, т.е. да почне да подава повеќе, како порано. Сега е осамен во „превозот на топката“, и ќе треба да се поврати меѓу плејмејкерите. И да остане здрав. Зашто без него, црно им се пише на момците од главниот град - тешко дека Дениелс или Еткинс ќе го заменат еден од топ 5 плејовите во Лигата.

Не би сакал и натаму да разглабам зошто се` ќе зависи од Аренас – човекот е потенцијален трипл дабл, добар у одбрана, цврст у напад, има милион оружја, има муда да пресече во најбитните моменти, знае сам да диктира темпо на утакмица и е неверојатен работник. Од тотален шупак и материјал за на баскет у гетото, Нулата стана фактор и олстар играч. И ги прероди Визардси.

Епилог: па ако репер е ланската сезона, тогаш оваа би требало да биде уште побериќетна за Визардси. Но, ако се земе во предвид и предпоследната 25-57 сезона, прва на Еди Џордан на клупата на Вашингтон, тогаш.. чорба. Затоа ми е многу сумљиво – кадарски, сега се појаки од пред една година, ама кормиларот им е тотално нестабилен. Човекот не е авторитет во соблекувалната, и го брука светото презиме кое го има. Али сепак, со ланските успеси (втората рунда на Исток) си обезбеди бар уште една година место за дебелиот гз на клупата на Визардси.

Би требало пак да играат стегната кошарка како лани – со таа разлика што топката нон стоп ќе иде преку Аренас. Сега се малце појаки на шут (и Батлер и Еткинс и Дениелс се пооштри отколку Хјуз). Џејмисон ќе има повеќе место и во и околу рекетот пошто сега го нема Квами, а и ништо чудно да се премести на четворка, ако Џордан реши да игра со пониска петорка.

Се` на се`, во пост-Џордановата (за Вистинскиот зборам) ера која е дефинитивно започната со прекинувањето на проектот Квами, Визардси би требало да пружат добри резултати. Околу 45-50 даблју-а сигурно.

NBA live 2006 [тазе проверено]
Играта, морам да кажам, дека е ремек дело, неверојатно добро реализирани замисли, на сам раб на виртуелна реалност. Иако има и маани, сепак играта остава без здив. Накратко:

Новости: воведен е фичрот „freestyle superstar“ како и „signature moves“. Тоа значи дека со Кид, Неш и некои други, може да харате по терен и да давате неверојатни пасови, позади грб, у трк, од земја, од табла, криви очи и сл. Со Коби, Мекгреди, Ајверсон и сл., може да идете на најнемогучите влезови, да шутирате од небрано, да ги праќате противниците по пиво и сл. Со Картер, Џош Смит, Ричардсон и уше некој, можете да ЛЕТАТЕ преку луѓе, да корнете обрачи, да правите постери и то. Све со посебни потези. Со Пеџа, Реј Ален и Мајкл Ред, не се утиња од чиста позиција.. со Шек, Амари и другите говеда се гурате и куцате преку луѓе како Кинг Конг.. со Бен Волис, Артест и уше некои, се игра најпеколната одбрана со многу финтаџиски банани, односно украдени топки.. и то. И што е најдобро, кај мултитаскинг играчите има комбинација на повеќе вештини.. така Коби ем што у напад не може да го сопрат, краде лопти и то.

Има некои подобри потези на олстарот у куцања, а во династиите воведено е и ангажирањето на помошен персонал.

Игривост: одлична, иако можда е малце комплицирано (како ова погоре на пр.). L1 во комбинација со другите копчиња, секогаш ви дава некоја фристајл суперстар егзибит (ако ја поседува играчот нормално). Кај секој е различно. Шемата со акциите и стратегиите останува пак на СЕЛЕКТ + копчињата или стрелките.. скоро исто е ко претходните, но уште покомпликувано. Сепак, кој има искуство на џоистик и коцкасти палци, одма се привикнува.

Слабости: како и секоја сезона, така и оваа, слабо се апдејтувани ростерите. У Лејкерс селари капот ми го јаде Грент, а го нема МекКи на пр. Пола пикови ги нема, а и да ги има, ич не се погодени.. и на Индијана им ги нема новите дресови (али тука мислам дека треба читови или да отклучиш нешто).

Неверојатно гадна новост: саундтракот е пред све некој шабански латино регетон, уште Гасолина да ја стаеле.. порано беше подобро, сеа све е на весели црнци со златни ланци.. ежат некои бедни латино ритмови, бљак.

Неверојатно бизарна новост: има ретро мод, каде што ја играте НБА лајв 95 – дводимензионално.

Оценка: 8.9 од можни 10 (саундтракот и Брајан Грент у Лејкерс не се опростува).

Препорака: земете ја што побрзо, за да си ги направите сами ростерите, па ко ќе почне сезоната на тенане да си плескате. За компјутер не знам што конфигурација бара.

Први искуства: неверојатно добра игра пружа Квами Браун (дабл дабл против Детроит), а Коби не знае да пуца тројки. Берон Дејвис е незапирлив (37 поена против Сакраменто), а Ајк Диогу изненадува кога се крши утакмица (6 п. и 6 с. во последна четвртина). Пеџа и Биби се незапирливи сами на шут.. Чарли Вилануева е напраен тром (ќе си го средам ја кај да е), али се снаоѓа.. Сан Антонио се богови, иако Хори им е ставен у први пет.. не знам по кој основ Рашид Волис е напраен незапирлив и од надвор и у рекет.. ЛеБрон и Вејд се кошмари.. од Амари бегајте.. слободните се пак заебани.. Артест дава тројки.. Индијана на контра се казнена експедиција – Бендер, Џермејн, Џекес и Артест – сите завршуваат на влез.. Индијана уствари ви се најкомплетни за играње после Спарс и Пистонс.. олстарот у тројки е тапа како и секогаш.. али куцањата се феноменални.. не играјте со Милвоки, нема со кого кош да даете.. а и со Торонто истото ви важи.. компјутерот игра само со плејмејкерите (Мајк Џејмс ми дае 39 поена ама сепак го тепав).. тешко се дава кош од шут, па затоа почепкајте у кастом сетингс.. и тоа.

Thursday, October 20, 2005

Preview: GOLDEN STATE WARRIORS
Лето 2005: Кога би се избирал тим кој направил најмалку потези во текот на летото, тогаш Вориорси се шампиони за изминатово лето. Драфтот кој се одржа на крајот на јуни беше последниот ден кога на својот список додадоа некое ново име. Со драфтувањето на Ајк Диогу, Монта Елис и Крис Тафт, нивниот GМ Крис Малин смета дека имаат одличен тим, што и не е толку далеку од вистината. Добро сеа, не се баш одлични, но се многу добри. Она на што се сконцентрираа летово неб еа нови имиња, туку задржување на младите таленти и враќање на Берон Дејвис на 100% ниво физичка спрема. Триото дебитанти секако дека ќе им биде од помош, пред се Диогу (малце подoле) и Монта, кој на недела дена пред драфтот беше проектиран како сигурен избор на 1.рунда, но изненадната аверзија на скаутите кон средношколците го отера во 2.рунда. Елис според многумина е одличен комбо бек, кој многу потсетува на Сем Кесел, и како таков би можел да послужи за одмарање на Берон и Фишер. Останаа во заливот: Берон Дејвис, Џејсон Ричардсон, Трој Марфи, Мајк Данливи џуниор, Адонал (лелеее!) Фојл, Чабаркапа, Дерек Фишер, Микаел Пјетруш, Андрес Биедринс Тазе укотвени: се од ред драфт избори – Ајк Диогу, Крис Тафт, Монта Елис, толку. Отпловија: Николоз Скиташвили, Родни Вајт Најбитно засилување: Ајк Диогу е баш тип на играч каков што им недостасуваше на Вориорси лани. Специјалитет на ѕвездата на Аризона Стејт универзитетот е играта во рекетот и пред се скокот, кој лани беше една од најслабите точки на тимот од Заливот, пред се дефанзивниот, поради кој примаа голем број поени од т.н. отпадоци. Диогу би требал да ја затвори таа дупка, но мал проблем е тоа што тој е “четворка”, позиција на која лани беше повеќе од добар Трој Марфи. Тренер: Лани, руки НБА сезоната на Мајк Монтгомери започна според предвидувањата дека тој Ќе биде уштее ден во низата успешни колеџ тренери кои тој успех не можеле да го преселат и во лигата. Но, по слабиот старт, со трампата за Берон, Монтгомери покажа дека со квалитетен плеј може да извади резултат од својата екипа. Легендата на Стенфорд унив. оваа година има посилен тим од лани уште на стартот од сезоната, а со тоа и очекувањата се многу поголеми. Лани Мајк покажа дека му е местото во НБА, оваа треба да покаже дека има за него место и во плеј-офот. Од него зависи успехот сезонава: Одма кода дојде во тимот во текот на ланската сезона, Берон направи разлика, и тоа голема. Воините почнаа да играат убава кошарка, да ги редат скалповите на појаките противници и на сите да им ставаат до знаење дека ако не минатата, тогаш оваа сезона сигурно ќе бидат еден од подобрите тимови. И се тоа заради Берон. Кога е здрав, тој е еден од најдобрите плејмејкери (море играчи) во лигата, со тело на квотербек, ретко кој противнички “кец” може да го задржи, има добар шут за три и одличен преглед на теренот. Она што може да го закочи и него и Вориорси е евентуална нова повреда (на кои е склон), што би значело пропаст за надежите на сите во Заливот. Позитивна вест е тоа дека Берон цело лето напорно работел да биде спремен да ги издржи физичките напори на сезоната, при што додал и уште некое килце мускули. Епилог: Титулата на sleeper сезонава е во рацете на Вориорси, кои скоро секој НБА аналитичар смета дека ќе бидат едно од најпријатните изненадувања и дека ќе се борат за последните плеј-оф места на Западот. Но, иако тоа држи, патот назад до разигрувањето, каде тимот од Оукленд не бил уште од 1994 год., ќе биде многу тежок, а на него тие ќе мораат да се справат со неколку други тима кои ја имаат истата цел, пред се Минесота, Лејкерси и Клиперси. Гледано чисто според потенцијалот, на Вориорси им е местото таму, бековската двојка Дејвис-Ричрадсон е една од најдобрите во лигата, а помош имаат и во Данливи, Фишер, Пјетруш и Марфи. Она што ќе мора да се смени во однос на лани е играта во одбрана, посебно како горе што споменав – скокот во одбрана, во кој беа очајни, а кој би требал малку да се поправи со Диогу. Со подобар дефанзивен скок, Берон и Џеј-Рич ќе имаат повеќе процтор за контри и атрактивни цепелинчиња, виндмили итд. Обично има некој баксуз со тоа кога некој тим пред почетокот на сезоната ќе го прогласат за “спијач”, така беше лани со Јута, која не дигна глава од повреди и оствари само 26 победи. Мислам дека ако нема повреди, Вориорси се способни до самиот крај да бидат во игра за некое од последните места на Западот, но за да го остварат сонот долг 11-12 години ќе им треба и малку среќа.

Wednesday, October 19, 2005

Ali G on NBA on TNT
TNT као по обичај и оваа сезона си ги држи под свое четвртоците, во кои ќе пренесуваат најмалку по една утакмица во живо. Но, тоа нормално не е интересниот дел од муабетов. Познати како едни од најиновативните (за разлика од колегите од ЕSPN), типците од телевизијата која ја основаше Тед Тарнер за новата сезона снимија реклами и кратки емисии во кои Аli G интервјуира некои од најпознатите NBА имиња. Ако некогаш сте го гледале Али Џи, онда можете да замислите што ќе се дешава, а ако не сте го гледале, ваш пропуст. Два кратки клипа можете да ѕирнете тука, на официјалниот сајт на ТNТ.
Preview: Utah Jazz
Летен одмор: Мормоните летоска за разлика од очекуваната активност на пазарот, учествуваа многу мрзливо во бркотницата по играчи. Во суштина, не направија никакви битни промени, освен додавањето на Дерон Вилијамс (ѕвер од играч, малце подоле) кој го избраа како 3. пик на драфтот. За него богами и се жртвуваа, праќајќи ги 6. и 27. во Порланд. Од другите активности – не се претргнаа за некое име. Сепак, голем и важен потег беше што си ја вратија легендата на кошарката, неповторливиот, семоќниот, и уште како и да го наречам Грег Остертаг (кој имаше екскурзија до Сакраменто и Мемфис). Сега симболот на Јута е назад и е спремен да оди по МВП титулата. (ова го пишав во недостаток на други работи). Ангажираа и две потенцијални изненадувања во Милт Паласио и Девин Браун (легендата на Тексас Колеџ може да експлодира, ништо чудно).

Остана целиот тим од лани минус Раул Лопез (Мемфис), Кирк Снајдер (Њу Орлеанс) и К`ртис Бордчарт (Бостон).

По жени дојдоа: Грег Остертаг од Мемфис, Милт Паласио од Торонто, Девин Браун од Сан Антонио, Дерон Вилијамс (3. пик), Си Џеј од Сан Андреас (се мисли на 34. пик Си Џеј Мајлс), и Роберт Вејли (51.)

Најважно засилување: е баш засилување за овој тим е Дерон Вилијамс. Бекот на Илионис доаѓа на голема врата во Лигата, после феноменалната сезона во НЦАА. Споредбата со Џејсон Кид и не е случајна (иако е претеризам). Сепак, Дерон е енергичен плеј, неверојатно талентиран со топката. Како додавач е скоро перфектен, прототип на асистент, а и шутот не му е лош (плус знае да погоди кога е тенко). Физички е јак, психички е стабилен, а како мана единствено може да му се земе непостојаноста во одбрана. Сепак, тоа го компензира со присуство под кош, каде знае да зграби некој скок. Се` на се`, перфект фит за Јута, каде конкуренција едино ќе му биде Кит Меклеод и Милт Паласио.

Тренер: Џери Слоун е една од карактеристиките на Лигата. Тренер во Лигата е од времето на ладната војна (`79-`82 во Чикаго), а во Јута е цели 17-18 години. Доволно е да се спомне дека во кариерата има преку 60% победи. Педагог, психолог, стратег, стручњак и што ли не. Иако е старо аро, сепак го бива. Немам повеќе што да кажам за него. Успеа да го направи Стоктон човек, зашто да не и Дерон.

Фактор на успехот: е сега, малце дипломатски. Погоре кажаното за Дерон мора да се потврди и во оваа категорија. Во колеџ беше монструм, ама ако спласне во Лигата, тогаш Јута ќе немаат плеј и ќе го јадат стапот како лани.

Ама Дерон би требало да изигра најпоштено. Тогаш, се` зависи од здравјето на АК47 и Карлос Бузер. Ако Кириленко планира пак повеќе да седи, отколку да игра, тогаш може да им пишеме крст.

Значи, општо – фактор за нивниот успех оваа сезона ќе бидат зглобчињата и мускулчињата на Бузер и Кириленко.

Епилог: дефинтивно подобар од лани. Јута ќе заврши над цифрата од 26 победи. Не е логично пак да се пола година без најдобриот играч. Плус, оваа сезона имаат само појачање во Дерон (а и Грег Остертаг – смејте се, ама битен е), додека не загубија ништо освен мувачаана. Гиричек, Раџа Бел, Окур, Девин Браун и Харпринг би требало да бидат солидна поддршка за Дерон, АК и Бузер. Сепак, лани беа најавувани како сигурни патници во разигрувањето, а они завршија „пред испаѓање“. Затоа оваа сезона не планирам да им гарантирам нешто такво, иако се објективно појаки од пред една година. Само можам да кажам дека познавајќи го Слоун, ќе играат добра кошарка. Ќе местат акции кои ќе ги диригира Дерон, ќе бидат дисциплинирани, и ќе играат одбрана. Другото е прашање на квалитет. Ако успеат сите да играат колку што имаат потенцијал, зошто да не би се пробиле низ тешката конкуренција на Запад?

Dresscode [official]
Дрескоудот официјално стана правило во лигата. Овдека го имате од А до Ш. Накратко, правила кои ми оставија впечаток: - Пропишаната облека се дефинира како бизнис кежуал. - Мора да се почитуваат правилата на секој настан под покровителство на Лигата или тимот (пред утакмица, после утакмица, прес конференција, седење на трибина и така натаму). - Забранети се: патики, сандали, папучи, скејт ципели, чизми, маици без ракави, кратки панталони, маици, дресови, било што се става на глава - за време на пресови, седење на трибина а може пред и после утакмица со одобрение на тимот ( се мисли на капи, качкети, стегачи), слушалки (ова само кога снима камера, у соблекувална и автобус/авион можит), ланци и тракатанци над облеката (оу је!), цвик за сонце додека се во затворена просторија.. Другото и не е битно. Едвај чекам да видам прес на Фили и Ајверсон у одело без тракатанци.

Tuesday, October 18, 2005

Preview: Chicago Bulls
Свитни вреди за двајца - бар толку место зима на клупа
Летен распуст: И Чикаго можам да го вметнам во „сумљивите“ тимови, судејќи според летото што го истрошија на некои недефинирани потези. Излегоа од јака сезона и како да заборавија дека секој тим мора да се освежува со млад талент, а уствари немаа ни шанса за тоа, бидејќи благодарејќи на потезите во минатото, не ни учествуваа на овогодинешниот драфт. Паметен потег им беше трампата на срчевиот болесник и типот што нема ни К од кошаркар, Еди Кари, у пакет со старото спремно за пензија Антонио Дејвис.. е сеа, у замена го добија најголемиот г`з у Лигата – Мајкл Свитни, и докажан растурач на екипи – Тим Томас. Сепак, Свитни ќе помогне да се попуни значително ослабениот рекет (и те како ќе го попуни со своите 2 тона мев, цицки и газови). Џапнаа пар „страшни“ имиња како Сонгалиа и Малик Ален на пазарот на слободни агенти, а не изгубија многу во Френк Вилијамс.

И натаму ќе ги дува промаја: Тајсон Чендлер, Бен Гордон, Кирк Хајнрих, Луол Денг, Андрес Ночиони, Ерик Пиатковски, Лоренс Фанденбурк, Едриан Грифин, Крис Духон, Отела Херингтон, Џанеро Парго

Развигорчиња: Малик Ален (Шарлот), Дариус Сонгаила (Сакраменто), Тим Томас, Мајк Свитни, Џемејн Џексон (ЊуЈорк), Еди Басден (од немајкаде)

Однесено од ветрот: Еди Кари и Антонио Дејвис (ЊуЈорк), Џеред Рејнер и Френк Вилијамс (Клиперси)

Најбитно ново лице: Тим Томас. Типот иако сее недоверба и негативна енергија, сепак е голем (сеуште) потенцијал, олараунд 2-10 типче, кој игра на секоја позиција. Ако размислува и рационално го искористи тоа што му е дадено од мајка природа, тогаш може да биде.. пуу.. немам зборови. Ама он е уште еден од плејадата Џи Јунит играчи без грам памет, со многу платина на себе и причина за играње – зелените. Сепак, ако игра на 4, ќе го премести Чендлер на центар, а Луол Денг ќе може да остане во првите пет на 3, со што ќе бидат една од подинамичните предни линии во Лигата. И тек ако Томас прифати дека не е најдобар и дека на времето Џордан бил подобар од него, ќе има место за напредок.

Тренер: Скот Скајлс е еден од најбитните членови на новата генерација тренери (53 посто успех во кариерата). Јас искрено, прва слика што ја добивам кога ќе го чујам неговото име е сликицата од еден албум со самплепливи, како води топка и му се веат 2-те влакна на ќељавицата. Шала на страна, Скот Скајлс е перфектен тренер за тим кој целата игра ја базира на плејот, а Чикаго е токму таков тим. Во Феникс го учеше Џејсон Кид, а потоа и Марбери, а од пред две години му е ментор на кошаркарскиот Хаклбери Фин – Кирк Хајнрих. Првата сезона во Чикаго му беше дебакл, ама затоа лани што убаво изненади со првото и за влакно пласман во второто коло од плејофот. Годинава нема зошто да не продолжи во ист стил.

Најмногу ќе зависат од играта на Чендлер. Сега Тајсон е во многу поповолна ситуација, без Кари и Дејвис, и ќе има доволно минути да ги оправда очекувањата. Иако на хартија најважни во екипата ќе бидат Хајнрих и Гордон, сепак Чендлер ќе ја има најклучната улога. Рекетот е оставен на негова одговорност. Ќе треба да игра поконстантно, да пружа секојдневно дабл-дабл партии и да прекине да прави глупи фаули. И нормално да покаже малце муда кога е густо. Прасето Свитни или Тим Томас или Сонгаила или Отела Херингтон не се тие кои треба да бидат inside presence во тимот на Булси. Тие треба да бидат поддршка за него.

Епилог: ако играат како лани, пак плејоф. Покажаа дека бејби булс станале волови, спремни за конкуренција, спремни да се соочат со се` на патот. Е сега, многу големо значење ќе има и здравјето на битните фаци, особено Чендлер, па и Хајнрих и Гордон, кои покажале дека се подложни на повреди.

Чикаго пак ќе игра прекрасна кошарка, Бен Гордон ќе напредува, Чендлер би требало конечно да покаже дека е играч (ако потфрли, нека иде у ЦСКА Софија) и веројатно Тим Томас ќе пружи чат пат солидна партија, што мислам дека е доволно за првото коло, евентуално по игра на среќа и некоја рунда понатака.

Сепак, за нив секогаш мора да се има и друго сценарио, како на пример: повреди, Тим Томас „се враќа во форма“, се јавуваат недоразбирања, Скајлс лета од екипата, а догодина Џон Пексон има убава позиција на драфтот.

Европската кошарка не е подобра од NBA
Овој на сликата е Чарли Вилануева, кој и покрај толкав талент и квалитет, не се реши да игра меѓу најдобрите во Европа, туку си остана во Америка, и отиде у чкартната НБА лига

Прва вест: џабе се попалив за Џавад Вилијамс. Избацен е од ростерот на Спарси. А се` си мислам дека е подобар од МекКантс, па и Марвин..

Втора вест: веројатно разбравте дека у егзибициски натпревар, Торонто загуби од Макби Тел Авив.

Е сеа, све ќе беше со мене најнормално, ништо битно, доколку не ми стигнеше порака на тел. од мој многу добар другар, што многу ме изнервира - „макаби бла бла.. му покажаа на светот дека се бољи од НБА“.

Мој коментар: леба ми подобри..сите контраши, антиамериканци и што уште не, достате со тие изјави дека европската кошарка е подобра од Лигата. Побогу, европски шампион во кошарка е Грција!!! Во Европа се игра антикошарка, без темпо, без игра, туку шах сконцентриран на педерска одбрана, умртвување и поткуп на судии, како и местење утакмици. У европа играат бледолики смрадови, трапави, им се тресат косиците, поцрвенуваат и играат ко мекици. Репер се играчи како Перо Овчина, Игор Ракочевич, Масимо Булери или такви некои шабани. Квалитетот оди во Лигата, преку барата, кај лошите Американци. И да, НБА е де лукс, глобализациски инструмент, америчко срање, ама НАЈДОБРА Е. Искрено, мерак ми е да глеам утакмици што завршуваат 100-90 минимум, мерак ми е да гледам убава кошарка, мерак ми е да гледам дресови без спонзор и мерак ми е да гледам играчи како Коби, Леброн, Вејд, Гарнет, Амари, Стив Неш, а богами и Новицки, Кириленко, Џибонили, Јасикивечиус, Мацијаускас, Радманович и сл. А сите тие што имаат нешто против, слободно нека ги гледаат пропаднатите таленти од Лигата, како Кејси Џејкобсен, у друштво со Штомбергас, Папаниколау, Хаѕивретас и Кјачиг. Рака на срце, има добри играчи, ама толку ми се мрски тие шабански кадри и игра која се базира на шах, што ми се гади кошарка.

Ама Макби е најбоље!

Preview: MINNESOTA TIMBERWOLVES
Летен распуст: Минатосезонскиот неуспех остави горчлив вкус во устите на сите фанови на Минесота, кои по финалето на Западот против Лејкерси 2004 год. се испонадеваа дека сега е моментот Гарнет и дружината да стигнат до големото Финале. Не само што тоа не се случи, туку Вулфси не успеаа ниту да се пласираат во плеј-офот, што значеше дека Кевин Мекхејл летово ќе има полни раце работа. Први кои мораа да го напуштат градот беа Кесел и Спривел, кои ако една година порано беа клучот за успехот на тимот, лани беа огромен проблем, пред се Спри, кој откако ја одби убавата понуда цела сезона се фолираше и глумеше лудило. Така, Сем беше трампан во Клиперси, од каде го добија Јариќ, а Спри шутнат. Втор потег на Мекјхејл беШе наоѓањето на тренер кој би го заменил на клупата на која седан принудно по отказот на Флип Сандерс. Изборот падна на помошникот во Сиетл, Двејн Кејси. На драфтот го избраа МекКентс, кој располага со потенцијал, но е проблематичен карактер, а единствени други нови имиња во тимот се Фрам и Скита. За тим кој планираше реконструкција, Вулфси и не направија некој посебен ремонт, ги тргнаа проблематичните делови, но не ангажираа играч кој би го намалил теретот на грбот на Гарнет. И понатаму ќе се смрзнуваат: Кевин Гарнет, Мајкл Оловоканди, Воли шчербијак, Еди Грифин, Марк Медсен, Трој Хадсон, Ентони Картер, Трентон Хесел Тазе смрзнати: Марко Јариќи Лајонел Чалмерс (Клиперс), Ричи Фрам(Портланд), Двејн Џонс(), Рашард МекКентс и Брајси Рајт(драфт), Николоз Скитишвили(Голден Стејт) Отидоа во потопли краишта: Сем Кесел (Клиперс), Ирвин Џонсон(Милвоки), Фред Хојберг (операција на срцето), Латрел Спривел (никаде-каде му е и местото) Најважно засилување: Па, од оскудната понуда мора да се избере Марко Јариќ, кој би требал да влета на местото на Е.Т. и да ја има улогата на разигрувач на Гарнет, Воли и комп. Ако се суди според неговата игра на ЕП, Минесота ќе си има проблеми со Марко, но епизодата во СЦГ веројатно нема да се одрази врз синот на Среѓко Јариѓ, кој би требал да има некои 12-13 поенчиња, 5-6 асиста и понекој скок во просек. За почеток доволно. Но, само за почеток, зошто од играчот кој треба да го замени Сем сите во Минесота ќе очекуваат поголеми партии, нешто што не знам дали Марко може да им го даде. Тренер: Ангажманот на Двејн Кејси беше паметен потег на Мекхејл. Кејси низ лигата е познат како тип сличен на Нејт МекМилан, а баш Двејн беше прва опција за наследник на Нејт во Сиетл. Тој ги избра Вулфси, а Соникси заглавија со Вајс. Уште во првата сезона ќе се очекуваат големи нешта од Кејси, а најважно ќе биде враќањето во разигрувањето. Минесота е позната како добро место за тренери, Флип таму ја помина цела кариера, но Мекхејл вети дека нема да има толку трпение доколку работите не тргнат како што тој очекува. Икс-фактор сезонава: Нормално дека се во Минеаполис се врти околу Гарнет, но тој ќе мора да јаи ма помошта, пред се на Воли шчрбоијјоијака;дхиу доколку стварно сака да се врати таму каде што беше пред година дена. Воли годинава ќе ја има слободата да биде 2.опција во нападот, да шутира кога ќе посака со што ќе треба да му го отвара рекетот на Кеј-Џи. Повредите секогаш се спомнуваат заедно со името на Воли, па така е и сега. Ако остане здрав (што е големо АКО), Вулфси ќе имаат шанси за солидна сезона и пласман на плеј-оф опашот на Западот. Епилог: Работите малку се сменија летово во Минеаполис, но само малку. Гледајќи го нивниот состав се добива впечаток дека тешко ќе се вратат во плеј-офот. И стварно е така, со играчи како Оловоканди, Јариќ, Хадсон, Грифин и Воли како први помошници на феноменалниот Гарнет борбата за место во разигрувањето ќе им биде неизвесна до самиот крај. Мислам дека Мекхејл мораше да направи некој похрабар потег, но факт е дека немаше што да понуди за некој екстра играч. Ако и оваа сезона го утнат плеј-офот, мислам дека ќе биде време да се размислува и за незамисливото – да се трампа Гарнет.

Monday, October 17, 2005

Бај-Бај Алан
- Ова е ептен тазе, толку е тазе што за малку ќе се изгорев пишувајќи го:)). Алан Хјустон од денеска е пензионер, барем ако му се верува на New York Daily News, кој прв (и засега единствен меѓу медиумите во Њу Јорк) ја објави оваа информација. Ова од една страна е, но од друга па ич не е изненадување, зашто веќе некое време се зборуваше дека колената на Алан се далеку од нормална состојба за тип кој треба да одигра 82 средби во рок од шест месеци и дека тие повеќе личат на колената на некоја бабичка. Оваа вест фрла светло и го објаснува потегот на Никси кога летово не го искористија правото да амнестираат играч токму на Хјустон (тогаш се ослободија од Џером “Џанк-јард дог” Вилијамс и неговите огромни 21 мил.). Вака, Ајзеа и понатаму ќе мора да му исплаќа пари на Хјустон, но тоа веројатно нема да бидат 40.милиони кои му следуваа во следниве две години. Од кога го почнавме, испративме неколку играчи во пензија, така да: Среќна пензија Алан, сеа можеш да си ги трошиш милионите како сакаш. - Рон Артест минатата недела дал интервју за Penthouse, генгста! Ако не ви е јасно, кликнете на линкот.
Preview: Portland Trail Blazers
Летен анти-распуст: Е Портланд е тим што летоска се ангажираше. У кој поглед не знам – малце недефинирано, ама направија пар битни потези, а тоа беше ампутацијата на старците Ван Ексел и Стадемаер на кец, кои го кочеа тимот у секој поглед. Е сега, „несакајќи“ го изгубија и Шариф, ама и тоа не им е нешто трагично за слушање, затоа што Риф не можеше да егзистира под исти покрив со Зек Рендолф. Го отпуштија и Дерек Андерсон, а тоа и не е толку лошо ко штоо изгледа, зашто типот сркаше доста од селари капот (скоро 10 милиони годишно), а беше магнет за повреди и еден вид малер. На драфтот пак, изиграа максимално интелигентно, и тоа со вториот нивни пик (22. вкупно) Џерет Џек, кој и те како ќе им се најде на кец. Уствари: 27. пик што Портланд го доби од Јута, го искористи за да го земе Линас Кеиза, кој заедно со Рики Санчез (#33) го испратија во Денвер за Џерет Џек, еден од најпотценетите на овој драфт, а воедно еден од топ плејмејкерите во историјата на Џорџиа Тек – е тоа е потег! Преклани го водеше Џорџиа Тек во фајнл-форот, и тоа беше доволна препорака за Џон Неш. Добар пик им беше и среднистот Мартел Вебстер, кој има потенцијал да го биде у Лигата, особено зашто е мрга физички, а и знае да се снајде (типот дури и себичи со своите 18 години).

Капак на све, најдобриот потег беше ангажирањето на „педагогот“ Нејт Мекмилан од Соникси, кој е еден од малкуте што знае да подучи млади ѕвезди и да ги изведе на „правиот пат“. За него подоле.

Заклучок – иако на Каракаш по телефон му кажав дека Неш е глуп, сепак искочи дека он напраи можда еден од најдобрите пазари летово, т.е. успеа да направи вистински ребилдинг-процес пазар.

Останаа: Зек Рендолф, Дариус Мајлс, Себастијан Телфер, Тио Ретлиф, Џоел Гоустфејс Прзибила, Рубен Патерсон, Виктор Крјапа, Мао Це Тунг а.к.а Ха Сунг Џин

Дојдоа: Мартел Вебстер (6. на драфт), Џерет Џек (22.), Сегеј Мониа (од лани драфтуван), Хуан Диксон (Вашингтон – него го заборавив горе да го пишам), Стив Блејк (Вашингтон), Сем Кленси и Чарлс Смит од терените во Европа

Заминаа: Риф Абдур-Рахим (Сакраменто), Дејмон Стадемаер (Мемфис), Ван Ексел (Сан Антонио), Дерек Андерсон (Хјустон), Ричи Фарм (Минесота)

Шумеча таблета или право освежување: Џерет Џек. Мене стварно не ми е јасно зашто типот лани не отиде право во Лигата после деноменалната сезона во ЏиТек, а исто не ми е јасно зашто никој не го есапеше за фактор на овој драфт. Џерет Џек, прво и основно е убица, ја јаде топката со зуби. Неверојатен е и како плеј, а иако сите сумљаат, добар е и како двојка или у постава со уште еден кец, а плус и лидер е. Знае да потегне, знае да се повлече ако не му иде и игра со памет. Беше во сенка на Крис Пол и Дерон Вилијамс, можеби неоправдано, ама мислам дека ќе блесне, иако сите тројца имаат горе доле исти шанси за тоа. Има јак влез, не толку јак шут, ама е максимално несебичен и знае да додаде на право место и со затворени очи. Многу ме потсеќа на разиграна верзија на Ерик Сноу со неговата стабилност. И мислам дека ќе го истисне Себастијан Телфер од првите пет. Плус игра добра одбрана.

Тренер: За Нејт Мекмилан имам само пофални зборови. Човекот има само 4 години позади себе како тренер, ама и 53 посто успех. Под негова закрила Рашард Луис и Радманович и Флип Мари од шупаци станаа луѓе. Тоа кажува дека човекот е махер за конкретезирање на потенцијалот кај омладината. Башка што е мотиватор и еден од малкуте тренери кои ја подвлекуваат одбраната. Ако успее да се наметне меѓу Џејл Блејзерс како во Сиетл, тогаш Рендолф ќе игра на Олстар, Мајлс ќе биде играч со најголем напредок, а Џерет Џек руки на годината. Претерав.

На плеќа терет ќе има: Зек Рендолф. Кратко и јасно: Горилото мора да се здиви за да има некој успех на екипава. Уствари да си го постигне стандардниот 20-10 дабл-дабл, таман. Нема што да го дрвам – ако он пропадне, пропаѓа цела екипа. Уствари, он е столб, носител, едини асален играч на Блејзерси. Оувр енд аут.

Епилог: иако се испозапалив, сепак Портланд се далеку од јак тим. Имаат неверојатен потенцијал, ама многу малце искуство, многу малце докажани играчи, проблеми надвор од теренот, а сега веројатно и проблеми со дрескоудот :) Плејофот им е научна фантастика, ама ако стасаат до 35 победи, тогаш исто како да освоиле титула. Тимот мора да се научи да исполнува цели – прво нека им биде да го подобрат ланскиот резултат од мизерните 27 победи.

Ќе играат атрактивна кошарка, ама немаат тимска одбрана, па ќе ги бушат уиграните тимови како Сакраменто, Сан Антонио и Хјустон. Ќе гинат и на тесни утакмици, затоа што немаат некој што е стабилен во такви моменти (едино ако Џек се повампири). Ќе гинат и од „шутерски“ тимови, зашто немаат со што да возвратат.

Се` на се`, бледа сезона, која треба да биде еден вид грејс период за уигрување на младиот тим. Секој успех им е плус во целиот процес на градење на екипата.

Preview: Seattle Supersonics
Летен распуст: Сиетл летоска го пушти мозокот на пасење, и освен прчење, управата единствен голем и во исто време моронски потег што го направи е тоа што дозволи Нејт Мекмилиан да иде во неповрат, а за замена го ангажираа сморот Боби факинг Вајс, за кој ќе пишам малце подоле.

Битно е што задржаа клучни играчи како Реј Ален, Флип Мари и Радманович, ама па загубија двајца исто така битни лика – Антонио Дениелс и Џером Џејмс, кои дефинитивно ќе им недостасуваат во ростерот, бидејќи не се потрудија да најдат закрпи за тие места.

На писта останаа: цел тим од лани, минус Дениелс и Џејмс Се приземјија: Жуан (вака се чита?!) Петро (25. пик на драфт) и Микаел Гелебале (48.)

Одлетаа: Антонио Дениелс во Вашингтон и Џером Џејмс во ЊуЈорк

Појачање: е тука сеа ме фаќа паника, затоа што Сиетл оваа сезнона нема буквално никакво засилување. Затоа нема да се бламирам да пишувам за Петро, кој е младо дете од По Ортез, центар, прилично неук и сакат, со искуство кое се мери во минути.

Тренер: ко ќе размислам, за Боби Вајс, едино што може да пишам е дека Соникси го извадија од гроб за да тренира. Задњата сезона како прв тренер во Лигата му беше 1993 и постигна скор од 27-55 со Клиперси. Со Дени Менинг у форма. Боби Вајс во Лигата ќе остане запаметен како тренерот кој го уништи Доминик Вилкинс, а после тоа веројатно помогна во уништувањето на Дени Менинг. Иако од 6 сезони 4 пути влезе у плејоф, никогаш немал повеќе од 43 победи во сезона, а највечи дострел му е прва рунда. Глуп тренер, кој не знае да води екипа. Плус излапен старец кој нема авторитет. КАТАСТРОФА!

Иначе Боби Вајс многу добро игра шах.

Реј Ален треба да потегне. Тачно. Џизс Шатлсворт оваа сезона мора да игра појако од лани, затоа што има еден играч помалце да го замени или надопуни (Дениелс) и има една црна дупка у рекет (Џејмс). Ќе мора да ја повтори или подобри ланската сезона. Тука може некој ќе го умеша Радман или Луис, ама сепак, Ален е тој што ќе ја диригира играта на Соникси. Он е материјал за МВП и не треба да се олабавува притисокот што му се наметна со заминувањето на Нејт и двајцата веќе спомнати. Човече, па збориме за најдобриот шутер во Лигата, најкласичниот бек и еден од најкошаркарските фаци што играат моментално, а и во задњите години.

Завршница: нема! Нема да имаат ни залет како лани, нити завршница во втора рунда. Нека се опростат од најдобар резултат на Нова Година, нека се простат со предност на домашен терен во плејоф и нека гледаат да останат здрави. Лани изненадија, ама имаа тренер и покомплетна екипа. Ова е всушност истиот тим, али уназаден. Ќе играат иста таква јака кошарка ко лани, со таа разлика што нема да биде јака. Ќе пуцаат тројки и ќе погаѓаат, ќе прават контри и ќе имаат динамика, ама со Вајс добија проклетсво кое ќе им го намали процентот од поле за 10%, ќе има нелогичен распоред на минутите, Реј Ален ќе окапе и на крај ќе падне у форма, а Радманович ќе почне да игра ко за репрезентацијата на СЦГ.

Ништо чудно и да не влезат у плејоф. Мада не им гине 6-8 место и Сан Антонио/Сакраменто/Хјустон у прва рунда. И нормално, без Џејмс, ќе ги бушат под кош. Фортсон може да игра највеќе 2 четвртини, зашто е дебел. Другите две – се е во рацете на Реџи Еванс, што не е баш добра вест за Сиетл.

Најдоброто што може да им се случи, Боби Вајс да го акне срце.

Dresscode
Пип демонстрира олд скул начин на облекување
T-Mac во „елегантно“ издание
If ya wanna be among th'pros, you gotta look like one of'em!

Една од задњите вести у Лигата е дека Дејвид Штерн воведува дрескоуд за играчите. Веројатно на човекот му е преку глава од генгста изглед и ликови кои се облечени како во спот на 50 Cent.

НБА во последниве години значително го смени имиџот. Почнаа да се пропагираат различни вредности, почна да се продава чалам, да се промовира „платина и дијаманти“ мода, што според лицата од управата, на младината и` дава грешна порака.

До некаде се во право. Порано играчите беа идоли, херои и се стремеа кон повисоки вредности. Особено црнците. Џордан, Меџик, Хаким и другите се стремеа на заедницата да и` доближат благородни вредности, а со тоа и малку поелегантен дрескоуд – оделце, кошулче и се` на се`, одмерен изглед.

Јас лично ја поддржувам целата хип-хоп култура и модата, дури понекогаш носам троубекс, ланци, а спуштени панталони ми се стандард. Меѓутоа, модата на АЈверсон и дургарите се состои во перверзно скапи ланци и накит, фластери на образ како Нели, платинести зуби, некои исиотски а сепак прескапи кичераи од јакни и панталони и во глобала, пренапувана „руба“ за сечие око. Мене ми е гадно кога го гледам Рип Хамилтон после утакмица у пет броја поголем дрес „Рип Таун“, погаден од говно, па уште со некој ланец номинално поскап отколку целото гето од кое е дојден, и капак на се`, патиките за еднократна употреба – кои се одврзани и со некој кич детаљ. ЦИГАН!

Има милион примери – Ајверсон, Артест, Тим Томас – сите тие промовираат некој ПИМП – генгста – имам пари стил, кој е апсолутно бизарен, затоа што облеката на нив е незамисливо грда и го квари имиџот на елеганција, кон кој Лигата се стреми.

Бај д веј, Дејвид Штерн обрати и пажња и на дрескоудот и на теренот, иако тоа не му е примарна цел. За мене и тоа е проблем – побогу, па во Лигата што треба да биде врвна кошарка, владеат вредностите на Енд Уан баскетџиите.. мислам, се` со усул. Слобода на облекување, ама кога веќе се носат дресови, кога постојат правила и кога народ плаќа да гледа, нека биде малку вкусно. Не поштуем шорцеви од кои се сопињаш, чорапа до над колено (втф им е тоа?!), стегачи повеќе од потребно, номадски стегачи накриво го Дру Гуден или шалабајзерски ко ДеШон Стивенсон.

UPDATE: Абе анкетава изглеа сврши а? Коби освои 12.. да турам нова?! Или играме до 21?! :)

Sunday, October 16, 2005

Preview: NEW JERSEY NETS
Во обидот да ве внесеме и вас кои не читате во нашиот НБА свет, пред некое време пративме покана до секој од вас кој смета дека може да напише нешто за својот омилен тим. Прв на неа се јави Бето, кој ни ја прати неговата најава за својот клуб - Њу Џерси Нетс. Привјуто е ок, има понекоја дупка, но како за сефте не е лошо. На крајот го имате и моето мислење за Нетси. Летен pаспуст : Њу Џерси не беа ни од најактивните , ниту од најслабо ангажираните екипи во ова лето. Пред се кога ке се спомне Њу Џерси ова лето особено се памти дилот за Риф (или не-дилот за Риф-Karakash) , но кога сме кај Нетси тоа не смее да изненадува поради нивниот GM Род Торн кој ги влече најглупите потези во НБА.(лани ви текнуе со Кенјон Мартин шо напраи).Освен оваа дешавка не смее да се пропушти и ангажирањето на повеќе кошаркари (МекKинис, Марк Џексон и тако даље…) од кои највреден за тимот ке биде МекKинис кој ке го одмара Кид кога ќе треба Стари фацки: Винс Картер, Џејсон Колинс, Џејсон Кид, Ричард Џеферсон, Ненад Крстиќ, Зоран Планиниќ, Клиф Робинсон и Жак Вон. Новајлии: Џеф МекKинис(Кливленд), Марк Џексон(Фили), Линтон Џонсон(од нигде:), Лемонд Мари(Торонто ), Скот Паџет(Xјустон ), Антоан Рајт(драфт) Избацени: Брајан Скалабрини(Бостон), Рон Мерсер(непозната насока), Родни Бjуфорд(плетенката), Тревис Бест, и уште еден со нигериско име Најважно засилување: Pечиси да нема такво, можеби се тоа Џеф МекKинис и Марк Џексон. Првиот е проверен плеј (позиција која и без него беше попунета), дојде од Клевленд како слободен агент и сигурно е поквалитетен од Жак Вон. Сега стариот Жак ке спие на клупа, а Џеф ке го одмара мастермајндот во Нетс. За разлика од МекKинис кој е мал, брз и жилав, вториот поважен новајлија Марк Џексон е голем, тром, ама корисен. Сигурно колку-толку ќе ја пополни најслабата линија на Нетси – под кошевите (ех, Риф да го земеа друго ќе беше). Сигурно ќе влета во првата петорка наместо младиот Нено (Крстиќ). Тренер: На тренерската позиција ке остане Лоренс Френк кој според мене си го заслужи новиот договор. Лани, со тимот кој го имаше (Кид и Картер) изгура до плеј-оф (каде што беа здрвени у 1.рунда од Мајами). Кога најмногу требаше, на крајот Френк успеа да врзе победничка серија што беше и пресудно за да добие нов договор. Е, оваа сезона ќе биде интересно да видиме дали Лоренс Френк ќе успее да ги смири сите ѕверки во тимот, посебно Џеферсон кој мисли дека е бољи од Картер (а не е). Играч од кој најмногу ќе зависи успехот сезонава: Покрај тоа што Кид и Џеферсон се солидни играчи, објективно најбитни се колената на Картер. Ако тие држат цела сезона, тогаш и сезоната ќе биде успешна (колку-толку). Картер е играчот од кој противничките одбрани ќе се тресат (a не P.Џефepcoн), се уверивме и минатата сезона дека кога сака – може. Човекот е роден поентер и скокач . Дури и ако не е како во првите години пак типот скока ко луд. За неговите влезови да не збориме залудно... Секако , не треба да се заборави Џејсон Кид кој треба да дава топки (човекот е махер за тоа) и да не ги губи истите. И секако трипл – дабли што повеке. Епилог: Доколку сите коцки од мозаикот се наредат како што треба, тогаш Нетси би се бореле за едно од средните позиции на Истокот, а тоа значи пласман во плеј-офo. Таму не предвидувам повеќе од 2. коло, но со Кид, Картер и компанија не се знае. Како што погоре кажав, најбитниот фактор ке биде Винс и неговите повреди. Ако се повреди он, ќе се борат за 8. место (али нема да успеат). Karakash’s take: Ок е Бето, ок...као за почеток. Али неколку работи не ми се јасни. Као прво, што толку му се нафрлаш на Џеферсон, без кого факат се послаба екипа, а второ како можеш да кажеш дека она со Кенјон Мартин беше глуп потег на Торн, зар требаше да фрли 95 мил. на играч кој не е способен за повеќе од 15 поени и 7-8 скокови по натпревар. Да го направеше тоа не ќе имаа пари ни за Џеферсон, а богами нема да можеа да го направат ни трејдот за Картер. Е сеа, глуп потег беше причата со Шариф, затоа што во него ќе добиеа играч со кој ќе им конкурираа на Мајами, Индијана и Детроит, а вака остануваат во борба за местата од 4-8. Мислам дека плеј-офот не им бега, но колку што тоа зависи од колената на Винс, тоа исто толку зависи и од колената на Кид, па и Џеферсон. Мислам дека клучен играч за успехот оваа сезона ќе им биде Ненад Крстиќ, кој во плеј-оф дуелите со Шек покажа дека има материјал за доста добар НБА центар. Од неговиот напредок ќе зависат многу работи во "мочуриштето"
Preview: MILWAUKEE BUCKS
Летен распуст: Милвоки минатово лето беше еден од тимовите чие име најчесто се појавуваше низ медиумите. Прво тоа беше драфтот каде како 1. пик тие го избраа Австралијанецот со хрватско потекло Ендрју (Андрија) Богут, потоа беше задржувањето на првата ѕвезда Мајкл Ред кој беше на чекор до премин во Кливленд, потег кој ги чинеше Бакси цели 90 мил. долари. Но, нивниот ген. менаџер Лери Херис не застана на тоа и од Клиперси го собра ланскиот “Играч со најголем напредок” Боби Симонс за 47 милиони. Покрај бурното лето на пазарот, сите очи во Милвоки беа вперени во нивниот плеј Ти-Џеј Форд, кој по солидниот старт на руки сезоната имаше незгоден пад на дуелот со Минесота по кој скрси некој прслен во вратот, повреда која за малку ќе му ја уништеше кариерата. Но, по напорна работа, Ти-Џеј успеа да се врати и ништо чудно пак да биде стартен плеј. Клубот го напуштија играчи кои и онака не играа некоја битна улога, освен можеби Заза, на чие место и влетува Богут. Староседелци: Мајкл Ред, Дезмонд Мејсон, Ти-Џеј Форд, Џо Смит, Морис Вилијамс, Ден Гаџурич, Тони Кукоч Нови фаци: Андрија Богут, Боби Симонс, Ирвин “не-Меџик” Џонсон, Чарли Бел, Андре Берет, Брендон Хантер, Томи Смит Заминаа: Калвин Бут, Заза Пашулиа, Маркус Фајзер Играч од кој зависи сезонава: Па, најлесно е да се каже Мајкл Ред, но Ол-Старот нема да има проблеми со докажувањето дека ги вреди парите кои ќе ги зема од следната сезона (иако мислам дека тоа е ипак премногу за него, ама…). Успехот на Бакси годинава повеќе ќе зависи од играта на две позиции: плеј и центар. На “кец” тие го имаат Форд плус Морис Вилијамс, кој лани покажа дека има место за него во НБА, момакот не е за стартер, но е одлична резерва. Тоа не враќа на Ти-Џеј, од чиј камбек ќе зависат многу работи во Милвоки. Ако заигра како пред да се повреди (6.5 асист. у просек), тогаш им претстојат убави денови на Бакси, но ако не…тогаш се паѓа во вода. Центарската позиција е еднакво толку битна, а Богут за место ќе мора да се бори со Холанѓанецот Гаџурич, кој лани имаше неколку ала Бен Волас партии, но не доволно за да го затвори рекетот, кој им беше како Швицарско сирење. Тренер: Немам што да кажам за Тери Стотс. Се што мислам за него го напишав во еден претходен пост, кога Бакси и го ангажираа за прв тренер. Се уште не ми е јасно зашто го отпуштија Тери Портер, зашто Стотс не е ни пола Портер. Ме чуди и како можеа развојот на вака млад и талентиран тим дам у го препуштат на тип како Стотс. Најважна нова фаца: Богут, затоа што како што спомнав погоре, од него и Ден ќе зависи дали и оваа сезона рекетот на Бакси ќе биде корзо за противничките играчи. Според потенцијалот со кој располага, Андрија уште сезонава би можел да има голем удел во играта на тимот, мада е поверојатно дека ќе му требаат сезона-две да се развие во вистински НБА играч. Ако тој процесс се убрза, тогаш не е далеку ни од руки на годината, иако ќе има голема конкуренција. Плус за него е што во Милвоки остана Тони Кукоч, кој е еден од неговите идоли (заедно со Петровиќ) и ќе му послужи како ментор. Епилог: Бакси секако се подобар тим од ланскиот, но дивизијата во која се наоѓаат не им дозволува никакво опуштање. Конкуренцијата за место во плеј-офот на Истокот ќе биде голема, така да тие веројатно ќе бидат во игра до некаде пред крајот, но нема да успеат да се пласираат, нормално ако некој од ривалите не претрпи повреда на битен играч. Како и да е, иднината на “елените” сега е многу посветла за разлика од пред само година дена, кога Ред за малку ќе си отидеше, го немаа Богут, а Форд не ни мислеше на кошарка.
Вест од „Најди“
Ќе го цитирам уредникот на Најди:
Anastas, odi na najdi i vidi koj sajt sum go dodal. Triumf na tehnologijata na Najdi, nitu Gugl, nitu samite na sajtot ne go nudat toa. :)
Леба ми, добар потег за сите спортофили или бар заинтересирани за спорт. Тука за да видите за што станува збор. Можеби содржината не е нешто посебно, ама еве ви за прв пат систематизирани вести од спортот на македонски.

Saturday, October 15, 2005

Почина Џејсон Кулие (1977-2005)
Веста толку ми дојде како шок, што стварно у моментов не знам што да напишам. Џејсон Кулие беше кул играч, од типот на Грег Остертаг, кој никогаш немаше да биде ѕвезда, но беше солиден како бек ап. Внесуваше весела атмосфера меѓу Хоукси, а по ланската улога на чат-пат стартер, оваа сезона требаше да биде прва резерва на Пашулиа. Што е најтрагично, момакот имаше само 28 години. Ужас… NBA Macedonia ИЗРАЗУВА СОЧУСТВО ДО СЕМЕЈСТВОТО НА ЏЕЈСОН КУЛИЕ. UPDATE...Според последните информации, Кулие починал од срцев удар, до кој дошло околу 3:30 во саботата наутро. Неговата сопруга веднаш се јавила во брза помош и на татко му на Џејсон, но додека помошта дошла веќе било доцна за центарот на Хоукси.Инаку, и докторите и родителите на Кулие потврдија дека тој никогаш немал проблеми со срцето, што фрла уште поголема мистерија врз неговата смрт. Смртта на Џејсон е вистински шок за целата организација, од ген. менаџер Били Најт, до тренерот Мајк Вудсон и сите играчи на Атланта. Кулие беше еден од најсаканите играчи кај ретките навивачи во градот, тој секогаш помагаше во заедницата, остануваше по тренинзите со фановите, а летово го зема под свое и 24. годишниот Џон Едвардс, на кој заедно со својата сопруга му помогна да си купи куќа и да се снајде во Атланта. Смртта на Џејсон можеби не е голем играчки губиток, но секако е огромен човечки губиток за Хоукси. Исто така, ова сигурно ќе го зголеми вниманието кон Еди Кари, кој баш поради срцеви проблеми го преседе ланскиот плеј-оф, а летово не можеше да си најде клуб поради тоа што нити една осигурителна компанија нејќеше да се нафати да го земе за свој клиент.
Preview: MEMPHIS GRIZZLIES
Летен распуст: Како по обичај, Џери Вест не седеше со скрстени раце и ги вклучи Гризлис во најголемиот трејд во историјата на лигата во кој 13 играчи си ги сменија клубовите. По тој дил во Мемфис веќе не живеат Џејсон Вилијамс и Џејмс Поузи, а го собраа Еди Џонс. Но, тоа беше само дел од работата на “Логото”, кој од градот го избрка и Бонзи Велс, менувајќи го во Сакто за Боби Џексон, а нешто не се ни изнамачи да ја изедначи понудата на Денвер до ограничениот слободен играч, Ерл Вотсон, најмногу затоа што парите за него ги потроши на Дејмон Стадемаер. Дел од тимот не е ни Стро Свифт, кој си го фати патот за Хјустон, а како негова замена беше драфтувана неговата копија Хаким Ворик. Така, по ова лето Мемфис има тотално нова бековска линија и состав кој барем на хартија повеќе му лежи на тренерот Мајк Фратело. Староседелци: Пау Гасол, Мајк Милер, Шејн Батие, Лоренцен Рајт, Данте Џонс, Брајан Кардинал, Џејк Цакалидис Новаци: Дејмон Стадемаер, Еди Џонс, Боби Џексон, Хаким Ворик, Лоренс Робертс Трампани или шутнати: Ерл Вотсон, Џејсон Вилијамс, Џејмс Поузи, Бонзи Велс, Стромајл Свифт Најважно ново име: Многу работи во Мемфис ќе зависат од тоа колку Мајти Маус ќе успее да изигра во ланската форма, кога почна да наликува на Дејмон од времето кога го напушташе Торонто и пристигна во Портланд. На него ќе биде одговорноста на стартер на плеј, позиција која е тотално реконстриурана од лани. Дејмон ќе мора да ги разигрува Милер, Џонс и Батие, а во исто време и да му спушта топки на Пау. Во прилог му оди добриот шут за три, но не и годините. Тренер: Мајк Фратело отсекогаш ми биле ден од поинтересните НБА тренери. Најмногу поради тоа што седеше на клупата на мојот најомилен тим, тој на Атланта во периодот од 1986-90. Беше право Чудо како тој не е тренер веќе неколку години, кога во лигата врие од просеци на тие функции, но по се изгледа повеќе му одговараше улогата на коментатор, од која успее да го намами назад Вест кога лани Мајк го замени на клупата на Гризлис својот ментор Хјуби Браун. Откако ги презема, Фратело оствари скор од 40-26 и успеа да ги внесе во плеј-офот каде ги збриша Феникс. Успехот на Мајк е уште поголем затоа штој во Мемфис се соочи со ситуација во која играчите се караа меѓусебно и не комуницираа на теренот. Новата сезона ќе биде еднакво толку тежок предизвик, затоа што летово тимот изгуби на младост и брзина, а доби на искуство. Икс-фактор сезонава: Време е Пау Гасол конечно да стане столбот на Мемфис. Рукито на годината 2002 сега има 25 лета зад себе и мора да се промовира како френчајз играч на тимот, доколку Гризлиси сакаат да напредуваат. Плус за него и тимот е тоа што по некое време тој имаше слободно лето, без настапи за репрезентацијата, а повредата поради која не се појави на ЕП не беше од сериозна природа. Уште во првата недела кога дојдоа во Мемфис, ветераните Боби, Дејмон и Еди изјавија дека главна задача ќе им биде да ја разбудат агресивноста кај пасивниот Шпанец, кој има потенцијал да биде дел од најдобрите “четворки” во лигата. Парадокс кај Гасол е тоа што тој секогаш игра одлично за својата земја, но тоа никако не го копира и за Гризлиси. Можеби слободното лето и новите фаци во клубот ќе го разбудат ѕверот во Пау. Епилог: На Фратело и Мемфис им претстои неизвесна сезона. Нивниот успех зависи од многу непознаници, а повторувањето на ланскиот плеј-оф пласман ќе биде тешка задажа со оглед на амбициите на Лејкерси, Минесота, Вориорси и Клиперси за последните места на Западот. Плус е тоа што веќе дел од тимот не е “Белото Чоколадо” и Бонзи, кои никако не се вклопуваа во концепцијата на Мајк, но минус е губитокот на Вотсон, кој внесуваше стабилност на плеј и Поузи, кој им беше најдобар дефанзивец. Со новите играчи Фратело доби тим кој повеќе лежи на неговиот стил, но сите нови фаци се на залезот на кариерата и прашање е колку ќе можат да го издржат напорот на цела сезона. Како и да е, сезонава не може да се очекува поголем успех од ланското 8.место на Западот, за такво нешто едноставно им недостигаат екстра-играчи. UPDATE:Таман кога го напишав текстов се појави веста дека Џери Вест го продолжил договорот со Мемфис, така да тој уште најмалку три години ќе биде нивен ген. менаџер. Ова доаѓа баш во моментот кога почнаа да се натрупуваат критиките кон Вест за неколкуте лоши трампи по ред. Сезонава ќе биде одлична можност да видиме дали стварно отупел Вест или е сеуште еден од најдобрите Џи-Емови.

Friday, October 14, 2005

Preview: NEW YORK KNICKS
Дами и господа, NBA Macedonia фамилијата почнува полека да се шири. Наш нов член е Боромир, мој многу добар пријател веќе некое време, навивач на Никси и доста добар баскетџија. Као познавач на ситуацијата во Њујорк и агонијата низ која веќе 30 години минуваат фановите на еден од најпознатите тимови во светот, на него му припадна честа да ви ги претстави Њујорк Никси за новата сезона. На крајот од неговата најава е моето мислење за новите Никси. Ајмо... Летен распуст: Уште едно лето у Ајзеа стил. Доведени тројца потенцијални членови на првата петорка, значи комплетно нов фронт-лине во Квентин Ричардсон, Џером Џејмс и најтазе Еди Кари. Но никој од горенаведениве фаци не го држи местото на трансфер на летото. Тоа место несомнено му припаѓа на Лери Браун, еден од најпочитуваните тренери во НБА. Вреди да се спомене и последниот драфт, кој за Никси помина и повеќе од успешно (барем според стручњаците). Во Ричардсон и Фраје добија добри таленти кои можат да влезат во ротација уште сезонава. Од друга страна, Кницкси го загубија играчот кој со години им беше најдобар скокач и дефанзивец, Курт Томас, како и Мајкл Свитни на кого му се предвидуваше светла иднина во МСГ, пред се поради неговата младост и место за напредок. И конецно, слободно може да се каже дека се ослободија од баскетџијата Тим Томас. Горе-доле успешен летен распуст за Ајзеа и Никси, поготово по неколкуте (или сите) катастрофални потези откога дојде во Њујорк. Селарѕ-капот е уште полн ко око, ама барем изгради компетитив тим за оваа сезона. Останаа: Stephon Murbury, Jamal Crawford, Allan Houston, Anfernee Hardaway, Trevor Ariza, Maurice Taylor, Malik Rose, David Lee, Bruno Sundov, Jackie Butler. Нови фаци: Eddie Curry(Bulls), Quentin Richardson(Suns), Jerome James(Sonics), Antonio Davis(Bulls), Nate Robinson & Channing Frye(rookies), Steven Barber, Jackie Butler, Отидоа: Kurt i Tim Thomas, Jerome Williams, Michael Sweetney, Jermaine Jackson. Најважни засилувања: Морав да наведам повеќемина, иако несомнено тоа е Л.Браун. Hall оf Fаmе тренерот кај мене искрено, до пред некоја година и немаше којзнае каков кредибилитет, но по тоа чудо од тим кемистри што го направи од Пистонси, доби фул респект. Ако успее да направи макар пола толку добар дефанзивен тим од моите Никси и да направи јака хемија меѓу старата бековска двојка и новиот frоnt line, повторно ќе ја придобие публиката во МSG и во градот каде што "there is аlways mаgic in thе air", ќе биде возбудлива сезона за мене и Никси. Од играчки аспект, тоа се Кари и Квентин, и донекаде Џером Џејмс. Еди мора да остане здрав и да ја понуди онаа игра од пред проблемите со срцето, Q да го продолзи одлицното шутирање од лани и конечно, Џејмс да ја повтори играта од првото коло од плеј-офот лани против Сакраменто. Само во тој случај достојно би го носеле епитетот “најважно засилување”. Тренер: Веќе неколку пати спомнат во текстов, Лери се наоѓа пред еден од најголемите предизвици во својата богата кариера. Смело ја нарече "dream job", но реалноста е далеку од сон за Никси. Тој е познат по тоа што задолжително правел подобар дефанзивен тим каде и да отишол. Но со овој тим, во кој нема ама баш ни еден играч кој е познат по својата одбрана, тоа ке биде потешко од било кога. Освен ако не успее да направи Тејшон Принс од Тревор Ариза (дечкото има потенцијал, само вие смејте се). Уште еден предизвик е Марбери, играч со кој веќе беа во конфликт на Олимпијадата во Атина. Тешко него што Стефон во ситуацијава треба да биде негов главен играч. Памтам дека не се мирисаше ни со Ајверсон, а имаа резултат, ама реалноста е дека Steph не e ни пола играч од Ајверсон. Долго се збореше за евентуална трампа, што уште не ја исклучувам, поготово кога ке поминат десетина дена од тренинг кампот. Играч од кој најмногу ке зависи успехот сезонава: Стефон Марбери, познат и како Starbury. Многу често сме го виделе да игра во стил на прекарот, ама вистината е дека човекот никогаш не бил победник. Болна вистина за човекот родум од Бруклин, каде што буквално израснал на терените за баскет, во типична гето атмосфера. Сега веќе нема изговори. Полека ја поминува својата играчка зрелост. Барем засега миленик на публиката, ама ако и овој пат не успее да ги однесе Никси барем до 2.рунда, ќе го загуби и тој епитет. Губитниците се сакаат помалку од било каде во New York City! Епилог: Веќе приметивте многу "ако" во мојов привју, со кои продолжуваме и понатаму: Ако останат здрави! Убедливо: прашанје на сезоната. Се надевам дека нема да искочи само оправдување. Последниот пат кога Никси се коцкаа со "нездрав" играч, коленото на Дајс пукна уште во претсезоната. Се надевам дека нема да се деси нешто слично со проблематичниот орган на Еди. Тек тоа би било трагедија (пу, пу, чукам у дрво). Истото се однесува и на Алан Хјустон, за кој велат дека е конечно излечен. Уште еден клучен момент е соработката мегу Лери и Стефон. Ако (веќе ми е смешно да го повторувам зборов) сите овие “if’s” отидат во полза на Никси, тие имаат квалитетна ротација: Марбери, Крофорд, Хјустон, Пени, па и Робинсон и крила и центри во Ричардсон, Тејлор, Ариза, Кари, Џејмс, Фраје, Дејвис, Роуз. Морав да ги поделам вака, затоа што во целиот тим има многу малце типични PG, SG, SF, PF или C. Стартери: Марбери, Крофорд, Ричардсон, Еди и Џером. Значи, ако фатат сите ако, максимум 2.рунда. Ако не, онда може и да не видат разигрување. Karakash’s take: Добар привју. Летово за прв пат можам да кажам дека Ајзеа направил нешто паметно откако е во Њујрок. Мислам, факат дека трејдот за Кари е екстра ризичен, но со него тој се ослободи од еден од најлошите играчи во лигата (Т.Томас) и преценетиот и не многу способен Свитни. Вака селари капот пак не им е сјаен, ама барем него го окупираат играчи кои колку-толку ќе дадат придонес. Плус, Кари е сега желен за докажување, така да само нека има доволно топки од Марбери и се ќе биде ОК. Мислам дека е грешка ангажманот на Џером, човекот пред две-три години играше за Будучност, а по само неколку добри дуели со Сакто, Ајзеа се избрза да го собере. За Лери многу не сакам да зборам, уште имам Лерингитис. Ипак, оваа сезона би можела да биде доста весела во Њујорк и скоро сигурно подобра од лани, само да ги заобиколат повредите.

Thursday, October 13, 2005

I'm back
I’m back – знам, излитена фраза до максимум, ама стварно сум бек. Ме немаше некои скоро недела дена, период у кој на блогов му се изнаслучија еден куп работи. Шепард одлично го надополни моето отсуство, тој лично е одговорен и за новиот ни лук, кој ептен ми се свиѓа. Заедно со коленото на Амаре, сонцето зајде во Аризона. Почна претсезоната. Веќе не сме девици кога стануе збор за анкети. Денеска стигнавме и до сајт на денот у “Време”. Додека ме немаше неможeв ни да коментирам, па така сеа за да не оставам коментар на секој пост посебно, еве ви го мојот комент за секој (скоро) од претходните постове. Pre-season: Не знам зашто, али исто као и летните лиги, така и претсезоната нешто посебно не ја поштуем. Уствари знам. Освен шансата да се видат новите фаци у новите дресови, у претсезонските утакмици нема ништо друго битно за гледање. Се игра просечна кошарка (што е нормално, со оглед на летниот распуст, новите играчи, тренери итн…), главните ѕвезди ќе изиграат по некоја минутка или па ич, чувајќи се од глупи повреди и она што ми е најшубе, мечевите се играат у колеџ Сали, или па понекад и у сали на средни училишта, пффф. Со оглед на горе наведеново, ја и Шепард ќе си продужиме со привјуата како досега, а претсезоната ја оставаме на тоа прозорчето лево на ваштиот екран. Амаре: Знаев дека е повреден и има проблеми со коленото, но неколкуте (6) дена медиумска изолација значеа шок кога дознав дека нема да игра цели 4 месеци. Као што напиша и Шепард, ова е фри фол за Санси во 2.половина на Западот. Изјавите на Д’Антони дека неговиот тим и даље ќе продужИ да игра као лани, значат или дека типот е непоправлив оптимист или е луд. Штета за ѕверот, права штета. Орландо: (Пред да пишам било што, Фран Ваксез сезонава дефинитивно нема да игра за Меџик. "Лепотанот" си избра да изигра минимум уште една сезона во Шпанија пред да се пресели на Флорида). Само ради Грент Хил му посакувам на Орландо плеј-оф. Само заради тоа, зошто со ништо др. не заслужија подобра иднина. Управата у две сезони успеа да го избрка Ти-Мек, поточно тогашниот им Џи-Ем Џон Вајсброд, за една година подоцна истиот тој Сисиброд да си поднесе оставка. Направија трејд Мобли-Кристи од кој не добија баш ништо, а ја загубија довербата на Френсис чиј Кет беше најдобар пријател. Имаат потенцијал у Двајт Хауард, но немаат играч кој ќе го храни со топки. Амаре го има Неш, а барем пола од таков играч нема у Орланд, Френчајз се фура дека е плеј, а уствари е еден од најсебичните плејеви-бекови у лигата. Се е у рацете (или зглобовите) на Хил. Торонто: Не чепкам. Владиатор: На секој кој го читал овој блог порано му е познато што мислам за Владе. Секој руки на блогов може да го ѕирне линкот у постот. Хорнетс: Чепкам и ќе ги отпишам уште од сега. Ем немаат кадар, ем ќе играат у сосема нов град, кој не е ДОМА. А, она дека со Бајрон Скот ништо не се знае е тачно, не се знае дали ќе бидат последни или претпоследни. Причата со двете финалиња на мр. Скот не ми е ОК, зашто тимот тогаш повеќе го водеше помошникот на Бајрон, Еди Џордан, кој истата таа кошарка сега ја игра со Визардси. Берон, Берон, Берон, Берон….:) Клиперс: Факат можат до плеј-оф, факат. Само Данливи да ги посложи коцките и да најде едно три-четири баскети за Сем Ај Ем, Кори, Бренд и Кет Мобли. Можат доста, но се зависи од нив. Тачно, патот до разигрувањето не им бил вака отворен уште од времето на Д.Менинг, но Клиперси се Клиперси и осечам дека нешто ќе заебат. 1. Анкета: Ми се свиџа тоа што сме Леброн, зашто тоа кажува многу за нас и нашиот потенцијал. П.С. Не читаат и у Бугарија, а утре следи најавата на Никси од нашето ново засилување:) Edited by Sheppuile O'Neal: Коби тепаше на анкетата според старите правила (нели лимитот требаше да биде 6 гласа). Ама ај играме до 11, за поинтересно.
Од денешниот број на „Време“
NBA Macedonia - веб сајт за денеска. Ако го имате весникот, ѕирнете на последната страна, под Пецко. Ако не, еве ви линк.
Поради интересот на нашата јавност за спортот, понудата на содржини од оваа област на локални јазици е од голема важност. Според истражувањата на „Метаморфозис“, повеќе од 67 отсто испитаници велат дека повеќе би користеле Интернет ако има содржини на македонски. Затоа, значењето на блогот за НБА го надминува фактот што се работи за добродизајниран, често освежуван веб-сајт со растечка посетеност. Без разлика дали трае сезоната или не, на него има актуелни и духовито напишани стории, потпомогнати со релевантни фотографии и со фотомонтажи. Полезна е и напомената дека се работи за „неофицијален блог и ниедна информација не е потврдена“. Едновремено, информациите презентирани во написите изгледаат валидни и изобилуваат со статистички и со историски податоци за лигата и за играчите. Автори на блогот се симпатичните Анастас Вангели и Енес Каракаш. Вангели е познат во блогерската заедница и преку неговите лични ангажмани (offcharot, vunata, shepard - http://mrfut.blogspot.com). Од некоја причина, на постовите на блогот ги нема датумите на нивното излегување, што оневозможува целосна процена на неговата работа. Арно ама сајтот ги искористува речиси сите опции за интерактивност, па се дозволени коментари, а од неодамна се воведени и анкети. За заинтересираните за НБА, многу полезни се и надворешните линкови, кои се дел од шаблонот на блогот.
Да не ве замарам. Денес послабо новости. За сите новодојдени - раскомотете се и осеќајте се како дома. Најинтересното допрва почиња. За тоа време, побуричкајте по архивите.
Preview: ORLANDO MAGIC
Распуст: Орландо летото го пројде у Дизниленд. Управата ама баш не мрдна со мал прст да го смени тимот што лани успеа кон крајот на сезоната од солиден плеј-оф кандидат така фино да си ја прокоцка шансата. Освен тоа жто избраа диво животно (овој лево) на драфтот, го вратија коуч Хил и пар неклучни потези на пазарот на слободни агенти, Меџик не направија ама баш ништо на Френсис да му донесат уште некој што е спремен да биде стандардно добар.

Си остана целата екипа од лани, освен тие што заминаа – логика. Практично сите битни фаци.

Добредојдеха: Фран Васкез – Лепота (11. пик на драфт), Тревис Динер (38.), Марчин Гортат или како и да се чита (57.), Рубен Бумтје-Бумтје и Кион Дулинг од Мајами, Бо Аутло и некои фаци небитни за спомнување, што нема да видат 1 сек. на паркет, од Феникс

Заминаха: Даг Кристи (а не дека некогаш и се осеќаше како дел од Меџик), Андре Берет и Брендон Хантер во Милвоки.

Најважно засилување: колку жалосно – Фран Васкез. Форест Гамп од Шпанија, говедски начин на игра, но за жал ни малце физикус за тие потреби. Веројатно ќе го одмара Двајт Хауард, бидејќи игра на истата позиција, истиот начин и сто пати помала ефикасност. Ако набаци некое килце и поработи на лаганоста во напад, можеби и ќе се прилагоди на Лигата. Иако мислам дека ќе биде другарче на Миличич, Андрисикевичиус, Варежао и останатите високи Еуропејци кои мислеа дека Новицки се станува преку ноќ.

Тренер: Кам бек на клупата на Орландо прави фацата со лифтинзи и уредно потшишана бела косичка – Брајан Хил. Од `93-`97 го водеше Орландо до 64 посто победи, едно финале и го заокружи најуспешниот период во историјата на Меџик.

Али ситуацијата сега му е далеку од онаа Пени-и-Шек екипа што ги јадеше противниците со зуби. Прво, ќе треба малце да ги спастри младичите Хауард, Нелсон и Васкез, а богами ќе треба и да го рашамара ѕвездата Хидо Туркоглу. После тоа, ќе треба да им ја врати самодовербата, пошто лани им ја скршија кичмата, и физички и психички.

Во некоја таква мизерна ситуација Хил беше во Ванкувер – и успеа да се сведе испод 50 посто успех! Али, сепак, типот е за почит – еден од статистички поуспешните тренери во Лигата.

Зашто нема се` да зависи од Френсис? Затоа што ако Грент Хил пак зеза со глуждчињата, пиши им крст! Од Стив Френсис ќе зависи само дали ќе бидат нијансно подобри или полоши. Френчајз ќе си игра стандардно, ќе има луди статистики, и ќе биде стабилен во клучни моменти. Од Грент Хил ќе зависи дали ќе напредуваат или ќе чмаат на дното.

Тачно, ме прочитавте. Грент Хил или придонесува со учинок од 20-7-5 или не придонесува воопшто! Френсис може да дава и по 30 поена по натпревар, ако го нема Хил покрај себе, дал 20 помалце! Сепак, за доброто на кошарката, се надевам дека своевремено најталентираниот НБА кошаркар – Хил, ќе се стабилизира и ќе игра бар на 70 натпревари. Од него апсолутно зависи конкурентноста на Меџик.

Шематски прикажан епилог:

  1. Здрав Хил, супериорен Френсис: ги гледам Орландо во плејоф. Не подалеку од прва рунда.
  2. Здрав Хил, сумљив Френсис: Орландо ќе се мука околу плејофот, ама не му гине средина на Исток.
  3. Хил е капут, Френсис игра најдобро во кариерата: Орландо со судни маки се пробива на средината на Исток.. му фалат уште пар победи за плејоф.. ама нема.. на крај губат све од конкурентите.
  4. Хил е капут, а Френсис потфрла: ова е worst case scenario. Полошо и од урагани и торнада.. ќе ги запечати за следните две-три сезони, а Френсис никад више нема да се врати у форма.

Очекувам да играат добра кошарка, малце поофанзивно ориентарана, со Хауард како потенцијален Амари. Ако Френсис продолжи да игра на двојка, ондак би требало Џамир Нелсон да настапи и да оправда зашто беше најдобар колеџ играч пред 2 сезони. Туркоглу време е да се потсобере и да покаже дека знае да игра и кошарка. Мислам дека ќе сфати дека не е ова турската репрезентација и дека има строго определени задачи што ќе мора да ги изврши! Дешон Стивенсон мора да почне да мисли, и да го тргне гадниот стегач од глава. Инаку, сигурен сум дека Марио Касун ќе има солидна сезона, едноставно, тоа е играч од учебник. У глобала, имаат екипа за стандардна сезона, добра-за-око кошарка и 7-8 место на исток. Ако ги служи глуждот на Хил, се разбира.

Wednesday, October 12, 2005

Амари до феврурари на листата
Првата вест за операцијата на коленцето на Амари и не беше толку трагична. Се очекуваше мало санирање на дефектот што го имаше во левото колено, на почетокот на оваа недела, и тој да биде на паркетот на отварањето на претсезоната. Меѓутоа, што се случи? Епа од управата на Феникс излегоа со изјава дека Амари Стадемаер (да, да, он) нема никаква сериозна повреда, коленцето му е цакум пакум, дека ќе може да игра подобро од порано, ама ќе биде клупосан цели 4 месеци. ВТФ?!?!? Секој, ама буквално секој што гледал НБА прошлата сезона, знае што значи ова - Феникс е осакатен. Амари е незаменлив дел од целата машинерија, а враќањето му е темпирано околу Ол-Старот!!! Во привјуата за Клиперс и Хорнетс, можете да прочитате како нагласувам дека на Запад има место за изненадувања. На жалост на Санси, еве едно од нив. Мислам, на стартот на оваа сезона имаат само двајца од првите пет лани - Матриксот и Неш. Тоа што за нив е слободен пад кон втората половина на Запад, значи нова можност, првин за конкурентите од Саутвест да им го запечатат влезот на врвот, а после тоа шанса за помалце напумпаните тимови да ги претркаат. Еве ви и видео (реакција). Многу среќа Д`Антони, многу среќа.. Курт Томас и Брајан Грент не се ни шестина од Амари моментално. Добро што не го ставив Стадемаер во анкетава горе лево, сега ќе требаше да го бришам. Како и да е, Феникс нека се збогува со приматот „најдобар офанзивен тим“. Само што изгубија учинок од 25-10 од прошлата сезона. На Амари му посакувам побрзо да се среди и да изненади со порано враќање, затоа што е дефинитивно еден од најдобрите играчи за гледање.

Tuesday, October 11, 2005

Kick off на претсезоната
Намерно не пишав ништо, оставам на Енко. Само за обавестување: Сан Антонио падна во Мајами. Али уште подобри вести за Рон Џереми се 20-те поена на Ентоан Вокер и добрата игра у финишот на Кевин Ху Д Фак Бросуел. Пејтон и Вилијамс комбинирано дале 5 поена. Финли и Ван Ексел кај шампионот, нешто боље. 9 вк. На другата утакмица, Кливленд го испеглал Вашингтон со 22 разлика. Лери Хјуз дебитирал со 9 поена за Кавси. Деновиве ви го најавувам кам бекот на Air Karakash, и мало изненадување во дневниот печат. UPDATE: Лево, под анкетата, имаме скорбокс, со резултати во живо и лајв апдејт.
Preview: NO [Oklahoma] Hornets
Лето: Њу Орлинс немаше распуст, дефинитивно. Хорнетси, уместо да се посветат на ребилдинг на тимот, повеќе мислеа на ребилдинг на градот и барање засолниште од Катрина.

Летово освен драфтот и Мацијаускас, ништо побитно не се случуваше кај нив. Го пуштија Кејси Џејкобсен во Европа, и успеаа за горилото Дуењас да го добијат Режјуел Батлер (лош изговор, али ај).

Пливачи: Пи Џеј Браун, Спиди Клекстон, Џамал Меглор, Џ.Р Смит, Дејвид Вест, Крис Андерсен, Боштјан Нахбар, Џексон Ворман и Мајчеиеј Лампе (ова од сигурни извори знам како се изговара)

Спасувачи: Крис Пол (4. пик на драфт), Брендон Бас (33. пик на драфт), Рејжјуел Батлер од Мајами, Мацијаускас од Европа

Удавени: Ли Нејлон (Филаделфија), Дуењас (Мајами), Ден Дикау (Бостон)

Најважно засилување: Е тука се мислам меѓу Мацијаускас и Крис Пол. Од една страна, Мацијаускас е докажан убица од Европа, машинче од слободни и дистанца, плус брз, плус висока кошаркарска интелигенција, искуство и што се не. Но, Крис Пол е можеби најспремниот дебитант оваа сезона, плеј кој не му ја мисли, едноставно рефлексно наоѓа отворен човек, поентира лесно, располага со све што треба солиден НБА играч да располага, и плус психолошки е јак и знае да носи тим. Важи за еден од најдобрите во Вејк Форест после Тим Данкан.

Сепак, би дал еден дипломатски одговор – новата бековска линија, кецот Пол и двојката Мацијаускас, ќе биде ударна двојка оваа сезона. Никако не се за потценување и ако се уходаат, може многу да изненадат.

Тренер: Бајрон Скот лани успешно го водеше тимот до вториот најлош резултат во Лигата. Ама никој не му замери – без Бајрон Дејвис и двајцата Џамаловци, се подразбираше дека ќе ги пегла кој стигне.

Скот во Њу Џерси покажа дека знае да води тим со добар диригент и балансиран напад. Затоа и не го шутираат од Хорнетси. Годанава има многу role players кои ако ги ухода, па згора на се и Пол се снајде од прва, ќе го извлече максимумот од нив. Сепак, 2 последователни финалиња за тазе тренер, не се мала работа. Совршена опција за овој тим.

Најодговорен: Џамал Меглор. Лани се мачеше со повреди, ама оваа година би требало да се опорави скроз и да биде способен да допринесе и да го води тимот. Никој не му го заборава ОлСтарот пред две сезони, и никој не го форсира. Едноставно, мора да се врати на нивото на кое тој беше. Тоа се подразбира. Неговиот 12-12 учинок секоја вечер, плус жустра одбрана и чат пат искри на лидерство мора да бидат реалност ако Хорнетси сакаат нешто повеќе.

Епилог: Од прва би ги отпишал Хорнетси. И тоа без размислување. Ќе играат далеку од дома, не се уходани поради новите фаци, излагаат од катастрофална сезона..

Но, според кадарот, а и според традицијата секоја сезона да има изненадувања, неам храброст да им пресудам унапред. Сепак, све зависи од пишаното две точки погоре – со Бајрон Скот никогаш не се знае.

Сепак, би рекол – долна половина на Запад, според секоја логика.

(се извинувам за црниот хумор, морав)

Monday, October 10, 2005

Пробната анкета заврши
Доста брзо ја прекинувам пробнава анкета, која за цел имаше да испита што тоа вие викате за блогов. Највеќе од вас се изјасниле дека блогов е Леброн (6 гласа), а тоа ми се свиѓа, зашто Леброн уствари е сегашност и особено иднина на Лигата. На второ место (4 гласа) е Дариус Сонгаила, а тоа е тапа :) Третото со по 3 гласа го делат Ева Лонгориа и Џиз`с Шатлсворт (тоа значи дека или дркате на нас или сме влезени у филм). Како Дејвид Штерн (газди), Мајкл Џордан (најбољи на сва времена), Џералд Грин (сакати + добра иднина), Багз Бани (цртан филм, неозбилни) и Роко Зифреди (растураме), не` класифицирале по двајца, еден глас има Мајк Биби (недефинирани), а за Мучи Норис, Глен Рајс и Еди Џонс не гласал никој. Значи не сме идиоти, не сме случајно добри и не сме константни ;) Од денес нова анкета. Малце поозбилна. Победник е тој што прв ќе собере 6 гласа. Коби почиња со еден од мене. ПС Го сменив малце дизајнот. Боље е а?!

Sunday, October 09, 2005

Preview: LOS ANGELES CLIPPERS
Летен распуст: Клиперси летово го пројдоа на шашма, почињајќи со бламирање со потегот „младиот летечи Јарослав Королев на драфт“ (човече, 12-ти пик!!! - и шо дека се чепати ко на сликава?!). После тоа некако се извадија со носењето на Катино Мобли како сл. агент, ама па он доаѓа на местото на Боби Симонс, кој пак се покажа дека е прав бизнисмен, па така да човек не знае дали да се чуди или да анализира. Е сеа и трампата Лајонел Челмерс и Јарич за Кесел можда ќе им вроди со плод, ама имајќи у предвид дека на Јарич му следат најдобрите партии баш овој период, а на тоа додавајќи ги и коленцата и годините на Е.Т, ондак пак се осеќа некоја горчина у устата на Данливи. Кери Китлс го изгореа, али добро ќе им дојде Даниел Јуинг (како изненаџење од втора рунда) и секако потценетиот и желниот за минути на терен Родни Вајт.

Али се` на се`, уште еден тим со шубе летен распуст, што го заболдира и онака дебелиот прашалник пред иднината на овој тим. Сепак, лично мислам дека сума сумарум, направија покомпактна целина затоа што добија на разновидност и сестраност. Би требало да се покажат како подобра екипа од лани.

Ги задржаа: Елтон Бренд, Крис Кејман, Шон Ливингстон, Кори Магети, Квинтон Рос, Крис Вилкокс, Ребрача (?! – ако може да игра, добро е)

Ги посвоија:Катино Мобли од Сакраменто, тоталка анонимните Џеред Рејнер и Џејмс Синглетон, нинџата Јута Табусе и Родни комплексот Вајт од Голден Стејт, Королев (12.!!! ама пратете го фотосот - бели летечи, со едвај 18 години) и Јуинг (32.) на драфт и Кесел од Минесота

Ги отфрлија: Мики Мур, Боби Симонс, Челмерс, Јарич, Китлс Рик Брансон, Мамаду Н`Дјае, Френк Вилијамс

Најважно засилување: Па ја тука би го сместил Ванземаљацот Кесел. Сега тимот изгледа малце пооштро, а што е најбитно, му се дава на Шон Ливингстон да се покаже у вистинско светло, затоа што Кесел дефинитивно не е организаторот што ќе ги построи Мобли, Магети и самиот себе во нападот. Малце ми е нелогично, кажав погоре, а концепсиски па уште толку не се уклапа, ама ај. Но, имајќи волови како Бренд, Кејман и Вилкокс, Кесел ќе може да допринесе со неверојатната игра два-на-два и да внесе малце разноврсност у играта на Клипси. Би требал да им биде и психичка потпора, пред се`, зашто овој тим нема лидер.

Тренер: Данливи Сениор е докажано човече во Лигата, и ако продолжи како лани, може и да биде пак во тренерскиот врв (кај што се искачи со Блејзерси `99). Се докажа дека знае да извади максимум од било кој играч (рецимо лани со Симонс) и најверојатно оваа година ќе иде пак околу 40-50% успех, што за Запад и не е така лошо. Всушност, Данливи лани успеа да ги направи Клиперси бр.1 во Л.А., а таква ситуација немале од времето на Дени Менинг. Значи, Данливи е солиден тренер кој знае што прави. Само да не го фати „вртелешката“.

На рамења највеќе терет ќе има: Елтон Бренд. Машината за офанзивни скокови и банани, скромниот херој, човекот што секоја година може да биде МВП, ама е малер.. и така натака. Мислам дека оваа сезона му е крајно време да застане малце појако (психички) и статистиката која ја достига да ја нашминка со малце лидерство на теренот и малце повеќе жар и агресивност (нема килер инстинкт!!!). Ако воспостави пак јак дабл-дабл со добра цифра на банани (и секако остане здрав), ништо чудно да се појача и у горе наведениот аспект, пошто РЕДНО Е!

Завршница: Со мноооооогу мака, пот, крв, муда, бубрези и волја можат да стасаат до плејоф. Зашто викам вака?! Не знам зашто, ама кога можеа Феникс лани да дојдат до фамозни 62, Сиетл да доминираат така лесно и Денвер за пар месеци да победат све живо и диво, зашто да не годинава Клиперси.

Лани се покажаа жилави (20-32 на запад ало!, 17-13 против источни тимови!) и притоа имаа 27 од 37 победи остварени дома. Да останат здрави, да ги победат шупаците, да ги подберат Сиетл, Феникс и Минесота на Запад, ете ги у плејоф заедно со Голден Стејт.

Шала на страна, ако не играме на картата изненадување, Л.А Клиперс би завршиле некаде околу 9-10 место, но не и подоле! Незгоден тим, што останува енигма, со потенцијална опасност од сите позиции, само со малце лабава клупа. Пред Лејкерси (на мое жалење) сигурно и оваа година.

Who'z tha Boss?!
Пред некој ден ја пречекоривме бариерата од 100 поста. || We have got 100 posts already. Вчера го достигнавме лимитот од 50 јуникси дневно. || Our unix-visitor-average increased to no. 50 per day. Нашето блогче е линкано на Hoopsvibe и NBAsource. || We've got our links on Hoopsvibe and NBAsource. Располагаме со повеќе информации за лигата од било кој медиум во Македонија, а богами и пошироко. || We are the top NBA source in Macedonia. Изненадно добивме соработник кој е задолжен за видео галеријата. || We've got some video footage. ONLY THE SKY IS THE LIMIT! пс. Од сега па натаму и анкета (за очоболните - глејте лево). Сеа за сеа, не` калсифицирате како ЛеБрон. А баш би сакал да сме Ева Лонгорија ;)

Saturday, October 08, 2005

No more Vladiator
Лејкерси деновиве направија еден доста очекуван потег: го ослободија Дивац од обврските кон клубот. Сега тој слободно може да си се пензионира (со пензија од прва група – 5 милиони) и да се посвети на Партизан и кафанскиот бизнис.

Нема потреба човек да арчи зборови за Владиатаорот. Банално е да се појаснува неговото значење за југословенската и европската кошарка. Не треба ни да се споменува неговата улога на лидер во Лејкерси после Меџик, потоа во Хорнетси и секако, неизмерно важната улога во некогашниот тим на Кингси со шампионски калибар. Нема да се заборави ниту неговата улога во популаризирањето на Лигата ширум Европа, а нема ни да се запорави и новата категорија на вештини која тој ја воведе на теренот: глумата против Шек.

Сепак, колку од „симболичко“, Дивац е и од практично значење за НБА.Владе Дивац е единствениот играч покрај Хаким Д Дрим Олајџувон и Карим Абдул Џабар, што кариерата ја завршува со 13000 поени, 9000 скока, 3000 асистенции и 1500 банани. Рамо до рамо со двајцата колоси..

НБА кариерата сепак ја завршува со не толку луксузни, но задоволителни просеци: скоро 12 поена, преку 8 скока, 3 асистенции и скоро 1.5 блокади по натпревар.

Во кариерата како почести ги има примено изборот во првата руки петорка во 1990, и играњето на Олстарот 11 години покасно. Сепак, за неговото име се врзани доста клубски рекорди во тимовите на Лејкерси, Шарлот Хорнетс и Сакраменто.

На репрезентативно ниво, тој беше константен член и еден од столбовите во тимот на СРЈ и подоцна СЦГ во 90-тите, а има и доста медали: европските злата од 1989, 1991, 1995 и светските од 1990, 1998 и 2002, како и олимписките сребра од Лос Анџелес и Атланта.

За крај, со треперлив глас и насолзени очи (океј, не толку татрално) го испраќам у пензија еден од моите кошаркарски идоли, неповторливиот Владе Дивац.

Легендата ќе продолжи да живее.

Линк: Истава статија, неофицијална верзија, бај Каракаш, летоска.

Friday, October 07, 2005

Preview: TORONTO RAPTORS

Пред да почнам сакам да напоменам дека Репторси оваа сезона у екипата ќе имаат четворица Вилијамси. Ништо битно, ама чисто информативно. Ќе биде мука на преноси само.. ај да не должам многу.

Летен распуст: Летово Репторси направија некои доста паметни потези, но ништо бомбастично. Се беше во духот на моменталната „under construction“ политика на клубот, која изгледа ќе потрае се додека Крис Бош не стане идниот Гарнет или сл.

Потег што многу го испоштував од субјективни причини беше драфтувањето на Вилануева како седми пик у прва рунда. Друг потег вреден за риспект е донесувањето на Калдерон од Тау Керамика, и тоа не преку драфтот, со што добија одличен плеј за ситни пари. Плус малце дух и искуство за екипата. Добар беше последниот потег со Алстон за Мајк Џејмс, бидејќи и на така раштиманата екипа на местото на проблематичниот Енд Уан баскетџија, донесоа плеј што игра според инструкциите.

Да не забораам, на драфтот го собраа и Роко Лени Укич, кој на подолги патеки го гледаат како Џинобили двојка. Пркна малце на Европското, али ќе си остане уште некоја година во Европа.

Лошо за Торонто е што го изгубија Маршал (се сеќавате на тројките лани?!) и тоа како фри ејџент.

Константи: Рафаел Араухо, Крис Бош, Мет Бонер, Мо Пит, Џејлејн Роуз, Арон В., Алвин В., Ерик В., Лорен Вудс, Омар Кук е сеуште слободен агент

Увоз: Чарли Вилануева (7. пик), Роко Укич (41. пик), Џои Греем (16.), Урош Ху Д Фак Сколар (58.), Тиери Браун од Лејкерс, Калдерон од Тау Керамика, Брајант Метјуз, Тори Морис и Роберт Пек (се враќа ѕверот) од Европа, Кори В. од немајкаде, Мајк Џејмс од Хјустон

Извоз: Дониел Маршал и Милт Паласио како сл. агенти, Рејфер Алстон во Хјустон и Лемонд Мари кој го отпуштија

Најважно засилување: малце ми е дискутабилно, ама мислам дека Вилануева е тој кој ќе го добие овој епитет. Прво – ја пополнува дупката во и околу рекетот и овозможува Бош да се премести на петка. Второ – голем играч што е неверојатен скокач во напад, дрибла, додава, шутира, куца, се гура, се бори, размислува (али не игра толку добро одбрана) е увек добредојден. Можеби го преценија на драфтот, поради тоа што има етикета на кошаркар кој не е многу психички јак, ама ако се земе во предвид дека може уште сега да допринесе со партии како во ЈуКонн Хаскис, кај што преклани одлично се уклопи од клупа, а лани беше вистински лидер (и статистички и со играта), ондак звучи како пун погодок. Покрај Емека и Џош Бун се навикна да игра во тандем со уште еден висок играч, па сега би требало да има одлична соработка со Крис Бош, и мислам дека за пар години (ако продужи да се развива) ќе станат топ висок тандем во Лигата.

Тренер: Сем Мичел е уште еден од плејадата тазе тренери у лигата. Лани го водеше тимот на сите 82 утакмици, при што за таа демолирана екипа имаше солиден успех од 40 посто. Особено ми се свиѓа што преферира колективна игра, и баш поради тоа беше еден од факторите за експедирање на фејкерот Винс (го викаа Ер Канада еееј, а он како им врати). После заминувањето на Винс екипата дури и се подобри, па така да оваа сезона би требало да продолжи да ги води Репторси на прав пут, но само теоретски, зашто практично имаат дефицит на талент и искуство за нешто повеќе.

Играч од кој многу ќе зависат: Тука прв на памет ми иде Џејлејн Роуз, ама кога ќе ми текне колку е нестабилен, а богами и колку кадар имаат на негова позиција, се предомислувам. Пре би рекол Крис Бош – типот лани се покажа како битен елемент, а со оглед на тоа што он им е едина надеж у фронткортот, тогаш без сомнеж, од него ќе зависи најмногу. Млад е, паметен е, фаца е, го има „вистинското“ во себе, па зошто да не оцврсне и пружи солидна дабл дабл сезона, притоа наметнувајќи се како лидер.

Епилог: На исток нема многу конкуренција, ама плејоф би бил преголем залак за оваа екипа. Ќе се мрцварат во долната половина на тебелата, ама не на самото дно. Ако лани беа 33-49, годинава треба да се трудат да не паднат под 33-ката, а за повеќе од тоа, чисто сумљам.

Малку е невообичаено што на ниските позиции имаат 8-9 играчи, иако само Алвин Вилијамс (ако е здрав), Калдерон, Роуз, Питерсон и евентуално Мајк Џејмс се достојни за Лигата. Роберт Пек е само сенка од минатото, другите се све пациенти. Под кош, каква таква поддршка ќе имаат од Арон Вилијамс, ама и таму другите се дива лига. Џои Греем дава малце надеж, пошто е добро подготвен за про конкуренција, а игра од бек до центар, па ако он се ухода, тогаш би можеле да пркнат и евентуално да се качат некое местенце нагоре. Ама плејоф – тешко.

Wednesday, October 05, 2005

Preview: PHILADELPHIA 76ers
Летен распуст: Тивко лето во “Градот на братската љубов”. Немаше нити еден поважен дил или ангажман на нов играч. Она што се шпекулираше не се оствари и Крис Вебер наместо да биде амнестиран, си остана меѓу Сиксерси. Најважна вест беше враќањето на клупската легенда Морис Чикс, овојпат во улога на главен тренер. Стари фаци: Ален Ајверсон, Крис Вебер, Семјуел Далембер, Кајл Корвер, Андре Игудала, Џон Салмонс, Родни Роџерс, Џош Дејвис, Вили Грин, Џамал Мешбурн, Кевин Оли, Мет Барнс Нови фаци: Стивен Хантер, Денг Геј, Ли Нејлон, Шолик Рендолф, Луис Вилијамс Шутнати: Марк Џексон, Арон МекКи Најважно засилување: Па, не дека имаат некое засилување од лани. Ако може да се нарече засилување, онда Стивен Хантер би можел да биде такво нешто. По солидниот плеј-оф лани за Феникс, Стивен кој беше чист НБА просек побрза во Филаделфија за некој милион повише. Ако колку-толку изигра како против Спарси лани, Хантер ќе биде од помош во одмарањето на Далембер или дури и ќе влета у првите пет ако Вебер како по обичај се повреди. Право засилување би можел да биде веше подзаборавениот Мешбурн, за кој се збори дека сезонава би можел да напарви камбек. Но, прашање е и да се деси тоа, колку Меш ќе може да игра у старата форма. Тренер: Као што реков погоре, летово Морис Чикс, некогашниот плеј на шампионската генерација на Филаделфија од 1983 се враќа во својот град. Познавајќи го неговиот стил на игра, Сиксерси во новата сезона би требале да играат брза кошарка, со многу контри и атрактивни потези. Игра за каква и има играчи. Уште од времето кога беше помошник во Филаделфија, Чикс разви доста пријателски однос со Ајверсон, па така е можно за првпат Сиксерси да немаат проблеми меѓу нивната прва ѕвезда и тренерот. Играч од кој најмногу ќе зависи успехот сезонава: Ајверсон како по обичај ќе си одигра уште една МВП сезона, но ако Сиксерси стварно сакаат да направат резултат сезонава, ќе им треба здрав и расположен за игра Вебер. Ако е за верување на информациите кои доаѓаат од Филаделфија, проблематичните колена на Крис се ОК и тој и Ајверсон имале неколку средби летово на кои се договориле кој е главен во тимот, а кој е 2.опција, улога со која Вебер не сакаше да се помири лани. Епилог: Никој не може да предвиди какви ќе бидат Сиксерси сезонава. Ако Ален и Крис научат да играат еден покрај друг тогаш плеј-офот е реална опција, но ако било кој од нив се повреди, тогаш сигурно можат дам у кажат бај-бај на разигрувањето, затоа што тие се еден од тимовите со најслаба клупа во лигата. Повредата на Вили Грин значи дека ќе има помалку минути одмор за Ајверсон, што може да се одрази врз него како што сезоната ќе изминува. Чикс би требал да внесе освежување во играта, а напредок од лани би требал да се очекува и од Игудала и Ештон Корвер. Плеј-офот не е неостварлив, но се повеќе би било чудо за Сиксерси.

Tuesday, October 04, 2005

Рендом њуз
Со отварањето на тренинг камповите медиумите добиваат прилика по неколку месеци пауза пак да ги видат фаците од кои го вадат лебот. Најприсутни причи по тие средби се оние од типот кој-колку се поправил, колку мускулна маса набацил или колку ослабел во текот на летото, уверувањата дека новата сезона ќе биде подобра, како и интервјуата со новите фаци во градот. Као по обичај, со почетокот на тренинг камповите тимовите си ги комплетираат составите, ги прават задњите трејдови или го користат правото кое го имаат до 30 октомври да си ги потпишат ограничените слободни играчи. За да не го тупаме со многу текст, еве ви линкови за неколку причи од медиа дејот, кои и онака поопширнo ќе си земат свое место во најавите. - Меѓу оние кои летово набациле понекој мускул (а такви има у секој тим) се наоѓа и типот за кој би помислиле дека не му требаат екстра мускули. Да, Шек у овие три месеци додал 6 кг. мускули . Тешко на оние кои ќе го чуваат. - У стилот на Шек, и Берон Дејвис цело лето го минал у тренинг и се наоѓа во најбоља физичка спрема у живот. Некои новинари веќе почнаа да го спомнуваат како можен МВП кандидат за следната сезона. Хммммм… - Некои работи не се менуваат. Само еден ден откако изеде бурек низ весниците во Ел-Еј дека лани у плеј-офот сакал дам у удри шамар на Аренас, Квами Браун му се јавил на Гилберт да му се извини . Од кој зависи иднината на Лејкерси. - Кога сме кај Лејкерси, Коби е жив среќен што пак ќе работи за Фил . Ланската книга по се изгледа ја ставил у рисајкл бин. - Веќе пишав за трејдот на Еди Кари во Њујорк , но подетална анализа не направив, затоа што го чекам привјуто на Никси. Само едно ќе кажам, Ајзеа свака част, ако ништо друго се ослободи од неупотребливиот Тим Томас. - Феникс си осигура мирна сезона, а со тоа и иднината, задржувајќи го Амаре Стадемаер за следните пет години . - Шарлот не ја изедначи понудата на Мајами за нивниот ограничен слободен играч Џејсон Капоно , така да тој е нов член на Хит. Немајќи поголем избор, Капоно одлично се вклопува во идејата на Мајами за добар шутер од клупата. - Задња вест:Хјустон го прати во Торонто Мајк Џејмс, од каде за возврат го доби плејот Рафер Алстон, легенда на Њујоршкиот Рукер Парк
Preview: BOSTON CELTICS
Вчера со традиционалниот Медиа Деј се отворија 30. тренинг кампови низ лигата. Нивниот старт го одбележаа средбите на играчите со медумите, од каде имаме едно чудо слики. Но, за да не ја рушиме концепцијата на НБА најавите, дел од тие слики ќе ги ставаме у привјуата. Еве како денес со Пол Пирс. Освен тоа, синоќа дојде до трејд на Еди Кари во Њујорк, но за тоа ќе оставам да пишува другар ми кој ќе прави најава за Никси, која би требала да оди утре. Летен распуст: Летово не беше нешто особено интересно во Бостон. Најдобриот дел за нив беше завршен уште на крајот на јуни, кога на драфтот како 18.пик успеаа да го грабнат средношколецот Џералд Грин, на кој скоро сите му предвидуваа избор меѓу првите 10. Којзнае, можеби никој не сакаше да ризикува на играч со девет и пол прсти. Покрај Грин, кој е иднината на клубот, Бостон го напушти играчот кој пред девет години јаи маше улогата на Џералд, улога која никогаш не исполни до крај. По краткиот камбек меѓу зелените, Ентоан Вокер пак ги напушти, овојпат селејќи се кај Шек во Мајами како дел од најголемиот трејд во историјата на НБА во кој учествуваа 13 играчи. По патот на Вокер тргна и Пејтон, кој исто така Селтикси ги замени со Хит. Меѓу работите кои го обележаа ова лето во Бостон е и постојаната гласина која се вртеше низ НБА дека Дени Ејнџ е спремен да го трампа Пол Пирс, и дека најблиску до него се Денвер и Мемфис. Пол си е уште у Бостон, каде и ќе остане барем уште една сезона. Староседелци: Пол Пирс, Реф Лафренц, Ал Џеферсон, Тони Ален, Маркус Бенкс, Марк Блонт, Делонте Вест, Рики Дејвид, Кендрик Перкинс, Џастин Рид Новајлији: Ден Дикау (Њу Орлеанс), Рајан Гомес, Џералд Грин и Ориен Грин (драфт), Брајан Скалабрини (Њу Џерси), Квинтел Вудс (Мајами), Куртис Борчард и Раул Лопез (Јута) Заминава: Ентоан Вокер, Гери Пејтон, Раул Лопез Најважно засилување: Лесно е таа титула да му се даде на Џералд Грин кога најзвучни нови имиња во Бостон летово беа Дикау и Скалабрини. Тачно дека белците Ден и Брајан одлично се вклопуваат во сликата која сите ја имаат за “келтите’, но ова не е 1986 и времето на Лери и Кевин одамна помина. Грин голем број скаути го споредуваат со Трејси Мекгрејди, споредба која тој ја потврди со игрите во Летната лига во Лас Вегас. Тренер: Док Риверс влегува во својата втора цела сезона на кормилото на Селтикси. Лани покажа дека може да ги спои искуството и младоста на своите играчи и да ги однесе до плеј-офот (што сепак беШе последица на слабиот Исток, а не на јаките Селтикси). Оваа година тоа искуство ќе биде само во ликот на Пирс, кој ќе биде лидер на еден од најмладите тимови во лигата. Играч од кој најмногу ќе зависи успехот сезонава: Најлогичен одговор тука е Пирс, но Пол како и да е ќе си стигне до својот просек од 23-4,6,4. Проблемот е кој друг ќе се најде да му помогне во носењето на Селтикси. Опија се Рики Дејвис и Ал Џеферсон, за Рики е крајно време да степ ап и покаже дека има у него нешто повише од повремените блесоци и понекое лудо куцање. Што се однесува до Ал, момакот има само 20 год. и потенцијал долги години да владее со рекетот на Селтикси, дали тоа владеење ќе започне оваа сезона, ќе видиме. Но, од тоа во голема мерка ќе зависи и успехот на Бостон. Епилог: Ако прошливе две сезони најтрофејниот НБА клуб се протнуваше во плеј-офот поради слабата конкуренција на Истокот, оваа година тоа не би требало да биде случај. Пред се зашто конкуренцијата стана нешто посилна. Тоа не значи дека Селтиски уште сега треба да се збогуваат со разигрувањето, но сосема е јасно дека и да успеат пак да се протнат, не им гинат чисти 4-0 у прво коло. Барем имаат едно чудо млади играчи, кои со уште некое засилување, за некоја година би можеле да ги вратат на старите патеки.

Monday, October 03, 2005

Preview: Los Angeles Lakers
Летен распуст: Летово Лејкерси може да се каже дека го поминаа тмурно. Од една страна, направија два многу битни потега со враќањето на Зенот и отпуштањето на Брајан Марли Грент, ама останатите потези на управата се еден голем заоблен прашалник, кој според многумина ќе се претвори во извичник за помош. Но летото не е сеуште завршено, а јас искрено се надевам дека после некоја недела, ќе имам (убава) причина за апдејт на постов. Што се тиче за тоа досега – 17 годишниот Бонум и тешко осакатениот Туриаф на драфт, (не)докажаниот (анти)талент Квами Браун (овој бушавиов на фотос) за двајца стартери и пар слободни агенти – па тоа би било све.

Домашарци: Коби, Одом и тајфата предводена од Брајан Кук и Џумејн Џонс (за Дивац уште не се знае, а Лук Волтон и Тони Бобит се ограничени сл. агенти – дај боже некој да им понуди договор)

Увезени: Квами Браун од Вашингтон, Арон Мекки и Смаш Гулаш Паркер како сл. агенти, Ендру Бајнум, Рони Туриаф и Вон Вафер од драфтот

Извезени: Чаки Еткинс и Кејрон Батлер во Вашингтон Најбитно засилување: тука се линка до точката тренер.

Тренер: Поглавицата Бивши бик кој седеечки ја ќари ќерката на газдата е посебно поглавје во Лигата. Доволно е да мафне со двете рачиња, минус еден палец и да се види каква фаца е. Иако контроверзен (нека ви текне на книгата „Ласт сизон“ во која го подбра Коби), тој сепак е најдобриот тренер во новата историја на Лигата. И тој и Осмицата викаат дека конфликтите се позади нив: тоа значи дека треба да има максимална кохезија во тимот, бар во соблекувалната и на клупата. Очекувам стариот добар Фил да им мавне по два ластици на младичите Браун и Бајнум, и да ги оправи, бар да играат со душа ако ништо друго. Освен педагошката страна, добро би било и да смисли некоја нова тактика – рецимо триаголникот да го трансформира во круг, со центар Коби. Сепак, под негова надлежност, Лејкерси би требали да не бидат толку раштимани како кога ги водеше шупакот Хамблен. Само да не почне Фил да влече потези како што беше тактиката „Пејтон на клупа“ поради која го усра целото финале пред 2 години (Енко не ме поправај, ова е факт).

Како и да е, коуч Џексон треба да вдахне малце душа и победнички менталитет. Бар за тоа го бива.

Играч кој треба да понесе одговорност: Нема потреба да кажам кој е тој. Оваа сезона, Коби е пред можеби најголемиот предизвик во кариерата. Сите очекуваат 30-6-6, т.е. МВП сезона од него. Јас лично, би бил презадоволен и со 22-5-5, ама да ја води лигата во категоријата „поени во последните 2 минути од натпреварот“ и да има изнад 45% од поле.

За квалитетите и психологијата на Коби нема потреба да се збори. Иако и оваа година има жалосна поддршка, сепак сега го има Фил покрај себе, засега пупупу е поздрав од кога и да е и нема гадни и глупи курви што го местат за силување. Плус, у најбољи играчки години е, па едино би му порачал: д тајм ис нау!!!

Епилог: Титула.

Не.

Прво – немаат асален плеј. Од агентите на кец непотпишани останати се само старото Кени Андерсон и сумљиво – сакатото Џеј Вилијамс. Или Врбица Стефанов. Со Вујачич или Смаш Паркер на кец, можат комотно у НБДЛ. Или не дај боже Арон Мекки, со 100 години и попуштени коленца да треба да им диригира напад. Друго – под кош ќе им ја плачат мамата. Одом се покажа дека под кош знае да игра само против Панама, ама не и меѓу професионалците. Крис Мим знае колку толку да игра, и да речеме ќе допринесе едно 15 минути. Другото е под надлежност на Квами Браун кој повеќе од 10 минути квалитетна борба не знае да пружи. И да го прецениме сајбер јебачот Бонум и да му дадеме и него добри 10-15 минути под кош – ондак Лејкерси цел период од играта ќе имаат бришан простор за маневрирање за Амари Стадемаер, Гарнет, Данкан, Рендолф, Бред Милер и останатите конкуренти од Запад. Далеку од шоутајм без плеј, далеку од цврстина без центар.. играта ќе им личи на македонската репрезентација: ќе пуцаат од секоја (не)изградена позиција, ќе праат контри еднаш месечно, ќе се чуваат меѓу себе у одбрана и пак некако ќе држат некој баланс (тмурна кошарка, гадна за око), и против Њу Орлеанс и Милвоки и Торонто ќе газат, ама редовно ќе бидат пациенти кај појаките.

За Лејкерси, оваа сезона, мислам дека ни плејофот не е реална цел. Прво – титула за првак на Лос Анџелес. После – 40 победи. Ако ја стасаат четворката, тогаш мисијата е успешна. И ако успеат да врзат бар некои 5 победи, таман. А ако изненадат и влезат во плејоф, е тогаш не би се осудил да ги отпишам, познавајќи ја детерминацијата на Коби и Фил.

Preview: CHARLOTTE BOBCATS
У пауза помеѓу најавата на моите Hawksi и Lakersi на Shepard, еве го привјуто на НБА тинејџерот, Шарлот Бобкетс. Летен распуст: Второто лето во клупската историја на Бобкетси беше доста тивко. Освен потпишувањето на играчите кои ги избраа со 5. и 13.пик (Фелтон и Меј) и задржувањето на скоро секој поважен играч од лани, ништо посебно не се дешаваше во Шарлот. Стари фаци: Емека Окафор, Примож Брезец, Бревин Најт, Џералд Волас, Кит Боганс, Бернард Робинсон, Карим Раш, Мет Керол, Мелвин Илај Нови фаци: Рејмонд Фелтон, Шон Меј, Алан Андерсон, Рајан Бурлсон и Антонио Микинг (драфт), Џејк Воскул Шутнати: Џејсон Харт, Малик Ален, Џамал Семпсон, Тамар Слеј, Џејсон Капоно (ако не ја изедначат понудата од Мајами), Стив Смит Најважно засилување: Бобкетси не доведоа ниту едно звучно име, така да како најбитно ново име би можел да се издвои рукито Рејмонд Фелтон, кој заедно со Најт ќе ја покрива плејмејкерската позиција. Фелтон лани беше прв плеј на NCАА шампионот North Carolina, а главен квалитет му е брзината и прегледноста на теренот. Ништо чудно кон крајот на сезоната и да го исфрли Бревин од првите пет. Тренер: Нема многу нешто да се каже за Берни Бикерстаф, кој освен тренер е и генерален менаџер на тимот. Во новиот НБА клуб никој не очекува плеј-оф пласман од него, така да нема никаков притисок. Сега засега добро си ја врши работата, посебно како GM, незаглавувајќи го селари-капот на Бобкетси со дебели договори на ислужени НБА коњи. Играч од кој најмногу ќе зависи успехот сезонава: Емека. Ланскиот 2.пик и руки на сезоната останува душата на тимот и од неговиот напредок зависи и напредокот на целата екипа. Епилог: Втората НБА сезона за "рисовите" не би требала да биде многу поразлична од нивната премиерна. Како и лани, тие ќе изненадат по некој од големите, но како што ќе одминува сезоната ќе паѓаат во форма. Пласманот во плеј-оф за нив се уште е сајнс фикшн, но тоа ни не го очекува никој од нив, барем не уште некои три - четири години.

Sunday, October 02, 2005

Preview: Atlanta Hawks
Летен распуст: Летото 2005. год. ќе остане запишано како едно од најсрамните во клупската историја. Во трејдот за Џо Џонсон на видело излезе колку се “сакаат” газдите на Хоукси (нив дури девет), кога еден од нив Стив Белкин одлучи да му се спротивстави на дилот. Оправдувањето на Белкин беше дека тие се откажуваат од премногу (Борис Диао и два идни пика од 1. рунда, кои на Феникс би му припаднале само доколку не бидат меѓу првите 14) за недокажан играч, но на сите им беше јасно дека Белкин само сакаше клубот и понатаму да работи на НБА минимумот за плати на играчи, за да не мора да инвестира во засилувања. Целата работа стигна и до суд, за да на крајот пресече Дејвид Штерн, кој им дозволи на др. осум газди да се ослободат од Белкин, отплаќајќи му го неговиот дел од клубот.

Останаа од лани: Џош Смит, Џош Чилдрес, Ал Херингтон, Тајрон Лу, Џејсон Кулие, Тони Делк, Ројал Ајви, Донта Смит.

Нови имиња: Џо Џонсон (Феникс), Заза Пашулиа (Милвоки), Естебан Батиста (Уругвај), Џон Едвардс (Индијана), Марвин Вилијамс и Салим Стадемаер (драфт).

Шутнати: Пеџа Дробњак, Крис Крафорд, Обина Екези, Борис Дијао, Кевин Вилис, Мајкл Стјуарт.

Најважно засилување: Нормално, Џо Џонсон, кој е прв класа играч у последниве неколку години кој изјави дека сака да игра за Хоукси и за таа цел ги напушти Санси со кои лани го имаше најдобриот скор во лигата. Една од работите која го привлече во Атланта покрај младиот состав е тоа што тука тој ќе има шанса да ја оствари својата вечна желба да заигра на плеј. Тука може да се спомне и 2.пик Марвин Вилијамс, кој е иднината на клубот.

Тренер: Втора сезона по ред на клупата на Хоукси ќе седи Мајк Вудсон (помошник во Детроит на Лери Браун во шампионската сезона). Тоа каков беше лани не може да се каже, затоа што со тој состав ретко кој ќе можеше да направи подобар резултат. Мислам дека и оваа година раб. место му е безбедно, затоа што пак никој не очекува чуда од него.

Играч од кој најмногу ќе зависи успехот сезонава: Тешко е да се каже од кој еден играч ќе зависи успехот сезонава, но ако веќе мора, тоа би требал да биде Ал Херингтон. Високото крило се наоѓа во последната сезона од договорот и нормално е да се очекува дека ќе даде се од себе да заработи нова, доста подебела плата. Како најава за тоа е и веста дека преку напорни тренинзи летово Ал симнал 5-6 килограми и се наоѓа во одлична физичка форма.

Епилог: Оваа сезона, иако нема да се изнаредат победи, Хоукси би требале да бидат еден од поинтересните тимови за гледање, што е доволен прв чекор во однос на мизерните неколку сезони по ред. Главен проблем останува центарската позиција, која ќе ја покриваат непроверените Пашулиа, Кулие, Едвардс и Батиста. Исто така не се знае како, и дали, ќе профункционира “Џо на плеј” – експериментот, иако можеби подобро би било Лу поголемиот дел од времето да игра на “кец”, а Џо да се потпре на своето одлично шутче за три. Како и да е, со Џо, плус мотивираниот Ал, напреднатите имењаци Смит и Чилдрес и најталентираниот руки, Вилијамс, “јастребите” нема да летнат доволно високо да ги гледаме и у мај, но би требале да изненадат доста противници и конечно да ја напунат “Филипс” арената.

by Enes Karakash, the biggest Hawks fan ever.

PS Кој сака да пише привју, вака треба да изгледа.

У игра следен треба да влезе Шепард, со привјуто за Лејкерси.

Јао! Спаси го Минг-Минг!
Прошлото лето за првпат слушнав за Сун Минг-Минг, кој требаше да биде следниот кинески џин кој по Јао Минг (и Ванг:)) ќе го прелета Пацификот. Американските медиуми како по обичај кога ќе откријат ваква вест, се тепаа кој ќе напише боња сторија (као на пр. Fox и Daily News) за дивот кој од Јао е повисок цели 5 цм. и другите луѓе ги гледа од 2.31 метри височина. За жал, ова лето после пауза од година дена, Минг-Минг пак e цел на новинарите, но од сосема друга причина, нималку светла како иднината која пред само 365 дена му ја предвидуваа. Имено, Сун боледува од тумор на хипофизата (жлезда виновна за нашиот раст, метаболизам итн…), кој би можел да има големи последици за Кинезот ако навреме не се отстрани. Операцијата чини 100 000 долари, пари кои Минг-Минг ги нема, а неговото здравствено осигурување не може да ги покрие. За таа цел, Сун, неговото семејство и менаџер почнаа да бараат помош од секој кој сака да помогне. Мислам дека само треба да затропаат на вратата на Јао, и Минг-Минг ќе биде спасен од Минг.

Saturday, October 01, 2005

Уште еден добар потег на Спарси
Во пред предсезонскиот период, редовно се потпишуваат агенти, пред се` пацери, номади и трубадури, колку да се закрпи некоја дупка во екипата. Мислам дека како и оваа сезона не се деси ништо посебно, но потег што не ме остави рамнодушен е потпишувањето на Џавад Вилијамс со Сан Антонио. Џавад Вилијамс беше дел од дрим тимот на Северна Каролина, заедно со бр.2 Марвин презимењакот сега во Атланта, бр. 5 Рејмон Фелтон и бр. 13 Шон Меј од Бобкетс и бр. 14 Рашад Меккантс од Минесота. Сега, таман се цела петорка во Лигата. Инаку, Џавад е пристојно високо бекче/ниско крилце , работник, физички силен, атлета, беше трет стрелец кај НЦАА Шампионот Тар Хилс, брз е, скока, куца, набилдан е и знае да се гура, фаќа топки, краде топки, игра одбрана, одличен шутер и пред се`, не е ѕвезда. И покрај сите квалитети (можеби помалку талентиран и помалку ѕвезден од Марвин, ама со позначаен учинок) тој не беше драфтуван. Веројатно беше премногу во сенка на Меккантс на колеџ, но сега кај Спарси ќе има услови за напредок и веројатно ќе го искористи максимално својот потенцијал. А од гледна точка на Спарси нема потреба да зборам - добија солиден млад играч кој покрива на 2. и 3., вешт со топка, борбен и пред се школски играч кој во шемата на Попович ќе улета како џокер. Исто така, со Финли и Вилијамс, јасно е дека ќе му се намали минутажата на идиотот Боуен и дека Сан Антонио ќе игра малце поофанзивно. Исто така, позитивно што Џавад љуби да оди на влез, а има страшни летачки способности (види фотос), па може ќе видиме и некоја атракција през походот по титулата. Единствена маана му е тоа што е премногу подреден на другите и не знае да биде баш лидер. Не е агресивен, но е сепак, еден од моите омилени колеџ играчи, после Вилануева, разбира се.
New Look Pacers
Конечно на некој во Индијана му текна да ги тргне тоа пругите од дресот на Пејсерси, кои добија дрес кој конечно личи на нешто, наместо "пиџамите" кои ги носеа до лани. Шала на страна, Пејсерси оваа недела ја претставија својата нова униформа во која ќе јуришаат по тронот на Спарси. Одличен старт на една нова ера, по крајот на онаа на Реџи по која баш дресот-пиџама е познат. Ваљда ќе имаат повише среќа со новиов лук.