Sunday, April 23, 2006

Elton Brand до првата плеј-оф победа...(со допуна)
Двр Будр си го наоштри моливчето, испи две Jacobs 3 у 1, зема тефтерот и реши да прави забелешки од неговата прва плејоф утакмица годинава. Седна на трибината до телевизорот , к'сна од пост-велигденската чоколадирана баклава и почна да пишува. Е, ко шо најавува и насловот, мислам дека веќе свативте, Клиперси поведоа во серијата против Денвер. А шизик на утакмицата беше никој друг него Elton Brand. LAC водеа скоро цела утакмица а напати имаа и двоцифрена предност. Некои 11 или 10 разлика. Али на крај за малце ќе се обрукаа. Денвер ги стиснаа и овие почнаа да грешат. Brand направи „патување“:) Quinton Ross (кој е овој жити се?) на минута и нешо пред крај реши да праи влез и нормално заеба. А за тоа време другиве си поентираа и израмнија. Али затим Радман изнудува две слободни и ги гаѓа, a послем на другата страна Elton (Fucking) Brand го блокира Carmelo. Идат у напад али Радман сеа се брука со офанзивна лична. А сакаше да положи кутриот. Последниот напад беше за наџетс. А тогаш клачерот Anthony утна две топки преку Mobley. И би прва плеј оф победа за Клиперс по 13 години, откако во 1993 ги тепале Хјустон. Инаку Carmelo ги утна сите 8 шута од игра во последната четвртина. Она шо е битно е дека се покажуваат предвидувањата дека серијата ќе биде тесна. Од друга страна Клиперс се прикажаа како добар плеј-оф тим. Мислам на тоа дека на неколку пати кога се доближуваа Наџетс ќе се најдеше некој, Mobley или Cassel, да упуца тројка или нешо слично. А и си играа убава кошарка, сите си беа на ниво. Одличен беше Kaman кој си скокаше под кош и одвреме навреме поентираше, па оттаму и си стигна до 15 поени. Могли добро исшутира а и го исчува Carmelo, додека, стандарден си беше Sam со неговите скок-шутчиња од полудистанца. Кај Денвер мислам фалеше боља игра од Martin. Попи две банани од Brand и не се прослави баш чувајќи го. Како и да е оваа утакмица покажа дека не чека долга и интересна серија. Друго интересно шо може да се каже е дека Mike Dunleavy носеше едно смешно плаво одело со сиви линии кои формираа гооолеми коцки. Cassel у третата четвртина рипна врз George Karl додека овој стоеше до записничката маса и само шо не го легна. Се изнасмеаа и двајцата.И нормално клиперската верзија на Jack Nicholson, Billy Crystal. Типов го има на снимките од 1993 кога играле со Хјустон. Го прашаа зошто баш одбрал да навива за вечните лузери. Он одговори дека билетите биле евтини а и од време на време му давале да игра оти немало кој да ги гледа на натпревари. Изрази желба во наредната рунда да се најдат со џокерот. А, и коментаторите на утакмицата збореа дека Клиперс намерно губеле во последните утакмици и се спуштиле на 6 место; се за да ги избегнат Далас кои се подобар тим од Денвер а и имаат бољи скор од Клиперс. Во тој случај LAC би играле утакмица мање дома. Денвер се погоре од Далас само затоа шо се шампиони на Нортвест дивизијата. Нормално.
* * * * *
Допунско бај Каракаш: Двр ис бек. И ја ја гледав Клиперс-Денвер, али не се слагам баш за улогата на Бренд. Мислам, Елтон е ѕверот таму и играта се врти околу него, ама разликата меѓу ланските Клипси и овие се двајца играчи. Кет Мобли и посебно Кесел.Душата на тимот е Голум, кој кога е во игра се иде како подмачкано, ама кога ќе излезе Клипси се како муви без глава, и освен Бренд и Мобли не се наоѓа никој со муда да шутне кога истекува напад. Серијава ми е мрска и се надевам дека до крај никој нема да дава више ни една утакмица, освен можеби седмата. Ми текиња на задњата победа на Клипси у плеј-оф, над Хјустон 1993 год. Тоа беше вест на денот. А и на задњиот плеј-оф 1997 год., кога Јута и Стоклоун ги решија со чисти 3-0.Уште не ми е јасно до колку може да биде Кенјон Мартин бос играч. Абер да се немало од кошаркарски основи, или не дај боже од шут и игра со грб кон кошот. Само да се скокало ко мајмун и да се јадело бурек цела утакмица. Мартин му дужи 60 милиони долари на Џејсон Кид, кој од него правеше играч кога играше у Нетси и кој ги заслепи Нагетси да му понудат 90 милиони!?!?!?!?!? Најбољи потег у историја на Њу Џерси - пуштањето на Кенјон да крши глава у Денвер. Денвер ми е мистерија екипа. Не знам дали некад сум видел таков скуп на играчи на едно место. Се скокачи, ни еден шутер. Освен Мело, и понекад Милер, немаат играл кој ќе погоди од подалеку од 5-6 местри од кошот. Тројките им се ко шутеви за милион долари. Свака му част на Карл што успева да комбинира со таков тип на играчи. Радман беше жива труба, и у одбрана и у напад. А Шпагети Магети ваљда не играше многу ради скорашната повреда на грбот. Како и да е, ќе им треба у пуна снага ако сакаат да ги поминат Натетси, зашто Квинтон Рос, а ни Радман не се решенија на тројка. Били Кристал ти е како навивач на Интер:). Малце за тренерите. Сакото на Данливи стварно беше ала Бранко Коцкица, слободно може да им го позајми за скечеви на К-15. Џорџ Карл пак, ја даде најдобрата изјава досега у плеј-офот. Карл вика - "Win in a play-off si better than sex...I'm old you know"
* * * * *
Од другите две видов по малце. Видов како шампионот ги исплеска Кингси и како Ману му акна лакт на Рон-Рон. Е тоа ти е праќање порака до остатокот од кандидатите за тронот. На поразот на Чикаго во Мајами може да се гледа на два начина. Првиот е дека Флоридианси ќе се изнамачат со Булси, а другиот е дека кога Чикаго не тепаше на оваа у гости, тешко дека пак ќе добие шанса за такво нешто. Јас сум за второво. ПМС: Го собира некој албумот за Светско?

Friday, April 21, 2006

Wild Wild West
Сан Антонио (1) – Сакраменто (8) Кингси со Артест се препородија и наместо да испаднат од Лига, влегоа во плејоф. Спарси, на крај, кога сите беа со мислите во плејоф и се одмараа, со својата спартанска игра и железна дисциплина, си тепаа трт-прт со Хјустон, на сигурното, и сл.. Спарси се бранители на титулата.. на сите позиции се појаки и имаат подолга клупа.. имаат бољи тренер.. не знам што би барале Кингси во овој дуел. Сепак, у тек на сезона, скорот е 2-1 за Спарси (ако во плејофот нешо значи).. Шариф прв пат у плејоф.. Прогноза: 4-0, 4-1 ако им попуштат Феникс (2) – Лејкерс (7) Кхм, ќе се обидам да надвладее објективноста у мене.. значи, Феникс оваа сезона им ги затнаа муцките на сите што викаа дека без Амари ќе биде премија секое плејоф место.. иако на моменти нестабилни, рокаа, особено со играта во нападот.. Нешти е незадржлив.. и би требало да игра.. Коби е исто така незадржлив, ама нема потпора.. не верувам лесно да се предаде.. Коби, а и Фил не испаѓаат од плејоф без победа.. Прогноза: 4-2 за Феникс, ама моето сценарио* не треба да се отпише.. Денвер (3) – Клиперс (6) Денвер се трети зашо играат у „најјаката“дивизија.. предност на домашен терен ќе имаат момците од ЛА.. уствари, Нагетси имаат исти скор ко Сакраменто.. Клиперси се појаки у многу сегменти.. овие не се за потценување.. сепак Колорадовците немаат одбраа.. Бренд за прв пат у плејоф, ќе даде све од себе.. фактор може да биде Кесел.. Кармело е клач.. другите се шупаци, особено Милер и Мартин.. 3-1 у регуларна сезона за ЛА, хауевр.. Џорџ Карл изглеа нема да може да се справи со втората најлоша одбрана во конкуренција на плејоф екипи (најлоша е Феникс, ама они надоместуваат со 200 постигнати кошеви). Прогноза: 4-2, ваљда, за Клиперс, ама може и полесно да пројдат Далас (4) – Мемфис (5) Најголемата вуна у плејофот.. Мемфис сезонава е рамо до рамо со Спарси и Детроит по одбрана.. Гасол вс Дирк – ултимејт дуел на Европејците.. сепак, 3-1 во сезоната за Мавси.. сепак, Мемфис влагаат со пет победи по ред во плејофот.. биче жустро, ама ако у првите две не напраи ништо Гасоламабад, ондак, ги отпишувам. Е Мемфис без две победени нема да се предадат. Прогноза: навивам за седум, ама може да биде и 4-2 за Мавси (*) моето сценарио: Лејкерси ги тепаат Феникс 4-2 у прва рунда.. у втора им идат Денвер/Клиперси.. ако се првите, иаме предност на домашен терен, ги буфтаме.. ако се другиве, градско дерби, сите фаци за нас навијаат, Снуп мести утакмици и така.. после тоа, иде Далас.. претходно Новицки нешо виткал глуждови со Мемфис/Спарс, се истрошиле у две серии по седум утакмици.. тепаат првата, ама после се повредуе Диркулес.. и тука стапуе Коби на сцена, 50 поена у просек, Ламар користи дека го нема Дирк.. у финале ни иде Мајами.. тука нема спорење – Коби го става Вејд у џеб, Шек не може да се снајде против Бајнум (џокер за у финале е он), онака го провоцираат, праи технички, Рајли нема срце да се бори со ЛАЛ.. и стасуеме до седма утакмица, вуна, жустра, овертајм.. у последен напад, +2 за Мајами.. 10 секунди, Коби ја примa, го проаѓа Вејд, ролинг поред Хаслем и на Дебелиот У ФАЦА.. со фаул, а му се беси на ушка ко Свифт на Новицки преклани.. онака цела Флорида ќути.. дава допунско.. 3 стотинки до крај.. ја фрла Вејд од уџум.. ништо.. тишина.. Лејкерси рипаат, се радуваат.. И така, почиња плејоф. Линак - Енко тејкс он ист

Monday, April 17, 2006

Малце од Шеп + уште 2 нови деца (идеме у плејоф)
Или 2 нови деца + нешо малце од Шеп, дека идеме у плејоф Првото ново дете, уствари не ни е ново. Тоа е ентитетот Бодан, кој е активен у коментарите и се реши да ни прати мејл за негова топ листа на забивања, пропратена со неколку линаци од клипове и слично. После сомнителната победа на Неjт Робинсон на натпреварот во забивање и клипот со кој многумина не се сложија дека е топ 10 забивања на сите времиња еве мое видување на данк историјата. 1.Michael Air Jordan: Податоците за неговиот одраз варираат од 108 до 122 см.Но тоа што го прави поразличен од другите е hang time или способноста да лебди во воздухот.Неговото прво данк искуство е уште кога бил висок 176 см, а во НБА историјата ќе останат запаметени неговите забивања in your face, tomahawk со десна рака и превиткано тело, забивањето од слободни. 2.Julius Dr.J Erving: Можеби и ќе се решев токму него да го ставам на прво место, но од навивачка гледна точка сепак е само втор:) . Големиот распон на рацете, неверојатната големина на дланките и одразот од 104см го правеа забивањето за него, најлесна работа на светот. Пионер е на забивањето од слободни, а се смета дека заедно со Д. Вилкинс имаат највеќе забивања позади грб од игра. Ако на ова се додаде елеганцијата и харизмата на Др Џеј, ќе остане жалењето што играл толку “одамна“! 3. Dominique Soaring hawk Wilkins: Kралот на крвничките забивања! Првпат забил кога бил висок 172см. а се смета дека имал одраз од 106см. “Празникот за очи“ како што му е еден од прекарите низ кариерата, ќе остане запаметен по неговите windmil, reverse double pump jam, tip in забивања. За Доминик во почетокот на неговата кариера кружела гласина дека може да забие со три топки во еден скок? (од Шеп, процедурално: ова е неизводливо да го ебам! ама ај да не се убаци Енко, мора да кажам дека коа Доминик е у прашање, све е могуче) Сепак е на трето место поради многу лошиот одраз со една нога. 4.David Skywalker Thomson: Идолот на Џордан (додека бил мал) има одраз од 110-122см во зависност од изворот на податоците. Иноватор на забивањето со вртење од 360 степени; можеби бил поатрактивен од Др Џеј но малите дланки му правеле проблем што дури со крајни напори ја држел топката со една рака. Од безбројните неверојатни забивања најповеќе запаметен ќе остане неговиот tomahawk pull up. 5.Clyde the Glyde Drexler: Најелегантниот dunker на сите времиња! Леснотијата на забивање ја оправдувал со податокот дека како помлад тренирал на кош висок 315см. Ќе остане антологија неговото забивање од игра со одраз половина метар зад цртата за слободни на кое му претходи дриблање од под својот обрач. 6.Kobe Mamba Bryant: Не претерано жестоки (пред се префинети) но сепак низата забивања “во фаца“, забивањата после финта на прв обрач и 360 го донесоа Коби во избраново друштво (ај добро,и за атер од Шеп - а Шеп вика со кој образ дури шести?! :) ). Дечково го избрав пред Винс заради одразот со една нога од “само“ 96см. притоа не можејќи да се види разликата од останатите кои својата скочност ја мерат со десетици сантиметри повеќе. 7.Vince Half Man Carter: Податоците за неговиот одраз варираат од 106-120см но она што го прави еден од најдобрите данкери е екплозивноста при полетувањето. За него е доволно само да се каже дека не постои забивање кое неможе да го изведе на теренот, затоа и ќе биде смешно да го пишувам репертоарот на неговите забивања. 8.Shaquille Terminator O’Neal: Според некои аналитичари играчот со највеќе забивања во историјата на НБА (3200), и на еден меч (11). Ќе остане запаметено забивањето против Нетс во сезоната 92/93 при што се скрши конструкцијата на кошот а семафорот паѓа на грбот на Шек. 9.Spud Mouse Webb: Висок само 170см, Веб е специјална приказна. На публиката во Атланта (нормално и ширум НБА) им носи дотогаш неверојатни забивање за играчи со негова височина. Со одразот од 130-135см. дури е и конкуренција на тогаш неприкосновените Ол-Стар кралеви на забивањето Џордан и Вилкинс (еднаш и победник ’86). 10. Shawn Kemp: Mојот омилен данкер е дури на десетото место. Цепелините со Ракавицата уште долго време ќе бидат дел од најавите за почеток на НБА меч. Но за него нема да пишувам многу бидејќи на овој блог има спесијален пост (прочепкајте по архивата - те го). Еве ги клиповите кои Бодан реши да ги сподели со нас: 1 2 3 4 5 Последниот е најзакон.
* * * * *
Другото дете, е Парадокс, кој ми дае одобрение да ги објавам сличките што тој ги напраил пред Јунајтед Центар у Чикаго. Е Теко, Теко! (Клик на сликите за да виите шо пишува)
* * * * *
Од другите рабоќе - Лејкерси ги тепаа Сонцата (без Нешти, рука на срце), идеме у плејоф, на Исток Чикаго ги тепаше Мајами, идат и Воловите у плејоф вероватно (сеа Фили ќе вииме шо како..), и идеме така, у плејоф. И пошто идеме у плејоф, спремаме изненадување, а изненадувањето особено го спрема Енко. ПС Ме глеаше бе некој у блогоемисијата НЗС? :) ПМС: Се крчка супрајзот. Иначе, Бодане, забивачите ти се Ок, само што ја би им ги сменил местата на скоро сите од нив. Ќе направиме и ја и Шеп по еден Топ 10 летово. Екстра ти се надимците. Кажи слики, а?:)

Tuesday, April 11, 2006

The G-man Ad...(со допуна)
Најбољата реклама после онаа со Џордан и децата. Холивуд :)
* * * * *
Допуна бај Каракаш: И ја да промрчам нешо. Уствapи, нема да мрчам, него ќе ви расфрлам понекој, линк, изјава и плус клип. Да не биде без ич. Најпрво, ова мора да е најдолгиот параграф кој би требал да претставува пост, а е од Џонс ту д НБА. Тешко е да се прочита до крај, али поентата е дека Кид е бољи плеј од Неш. Не се мешам у муабетов, али мислам дека Нешти ипак е бољи овие две години. Ипак, ако не ви се чита, вреди да се погледне клипот на крајот.
* * * * *
Прво го купи Рибок, а сега Адидас од 2011 год. е офишл еквипмент апарел суплаер на лигата. Што се нема да направи Адидас да го стигне Најк. Уште не научија дека не се прави тоа така, него со потпишување на најмаркетиншки исплатливите фаци. Ама, нема гајле, Ади ги има Данкан, Гарнет, Билапс и Телфер, ву-ху.
* * * * *
"We're just embarrassing ourselves each and every night. We don't even deserve to be in the playoffs. I don't know if we're tanking the season and don't want to go to the playoffs. I don't know what it is." - Џермејн ОНил. Коментар непотребен. Пацери.
* * * * *
Тоа дека НБА и рап и р'н'б фаците се поврзани не е ништо ново за никого. Еве супер текст кој споредува и дава кој рапер со кој играч највише си личи. Не физички, него кариера и слични ствари.
* * * * *
Флајт на својот блог не стави плеерче, за постов, така да д бигер брадр камс ту хелп и ви го прикажува видеово по избор на Флајт.
* * * * *
Јаоза го сјеба стапалото, откако прво Мемо, а после и Андреј убаво го нагазија. Толку јако за да му пукнат коска во стапалото. Совршен крај на сезоната за Хјустон.
* * * * *
Не мора да се објаснува дека Џизус и Брус Боувен не се сакаат. Нивната последна епизода - ТУКА.

Sunday, April 02, 2006

Somebody Stop Me! Here comes Bowen..... [by Flight75]
eeЗначи, најнов регрут ни е Flight 75, гордиот сопственик на Стритбол блогот (а да средам формалностите па ќе стане и блог member т.е. newser). Башка ја иам честа да се пофалам дека го знам лично ;) Еве го неговото МакНБА сефте: Како што ветив, еве една подетална анализа на perimeter одбранбените играчи во лигата, т.е. на оние класични стопери коишто важат за “статистички недопирливи”. Ова е еден мал обид да се долови нивниот учинок, а, пред се, нивното непосредно влијание врз играта на кошаркарот кој го чуваат. Значи, системот е следниот: ги следев учиноците на деветте најдобри perimeter стрелци во НБА во натпреварите во кои се чувани од “најизвиканите” одбранбени играчи во лигата. Тоа се Коби Брајант, Леброн Џејмс, Двејн Вејд, Трејси МекГрејди, Кармело Ентони, Реј Ален, Мајкл Ред, Винс Картер и Пол Пирс. А, од друга страна, како централни фигури на анализата, се Брус Боуен (заради кого и почна целава работа), Тајшон Принс, Рон Артест, Трентон Хесел, Андреј Кириленко и Андре Игуодала. Како што реков, во анализата не се вклучени Ален Ајверсон и Гилберт Аренас од стрелците, а кај одбранбените намерно го изоставив Шон Мерион, кој и покрај тоа што важи за добар одбранбен играч, мислам дека во случајов би бил нерепрезентативен поради стилот на игра на Феникс, т.е. големиот број на дадени, но и примени кошеви. Како прво, најосновните податоци. “Деветте” играчи оваа сезона имаат постигнато вкупно 16 641 поен за комбиниран просек од 27,37 поени по натпревар. Нивниот комбиниран шут од поле е: 5746 погодени од 12752 упатени FG, т.е. точно 45 %. Е, сега, уште во старт, да направам една корекција на податоците кои ги изнесов како коментар, оние за процентот на шут од поле на стрелците во натпреварите против Боуен. Многу ме зачудија оние бројки до кои оригинално дојдов, некако комплетно беа спротивни на целиот впечаток што го имав стекнато гледајќи го Боуен. Затоа, ги преработив уште еднаш и увидов дека имам направено грешка. Комбинираниот просек на деветте играчи во 21 натпревар против Боуен, точно, е 27,42 ppg, односно Е повисок од општиот просек од 27,37 ppg, ама шутот од поле кажува нешто друго. Не 210 од 451, туку 210 погодени од 488 упатени, односно 43 %, бројка која што, сепак, колку-толку ја потврдува мојата иницијална теза за Боуен. Со овие 43%, Боуен има најдобар “скор” во категоријата – противнички FG%. На прв поглед, бројките илустрираат една чудна ситуација. Од една страна, Кириленко и Артест дозволуваат најмалку поени – 24,9 и 25,4, но со процент на шут од поле многу близок до генералниот од 45 %. А, од друга, Боуен и Хесел, иако дозволуваат по 27 поени по натпревар, значително влијаат на FG процентот на играчот кој го чуваат. Во оваа смисла, нивните 43 %, се за (големи) 2 % подобри од просекот. Ова само ја потврдува нивната репутација на одлични директни чувари чија главна одлика е доследноста и стабилноста. Тајшон Принс дозволува OPP FG% од 45,7 % (ПОВИСОК од општиот), но и 26,29 поени по натпревар, податок што сепак може да се релативизира ако се има во предвид општо малиот број на поени што Пистонси му ги дозволуваат на противникот – 89,83. За споредба, Јута, на пример, дозволува 94,7 поени по натпревар, а Сакраменто – 97. Овие комплексни бројки, сепак, јасно покажуваат едно – Андре Игуодала не заслужува да биде во ова друштво. Како дополнување, можат да се спомнат и категориите: Украдени Топки и Блокади. Според украдените топки, најдобар е Артест со 2,26 по натпревар, а солидни се и Игуодала со 1,65 и Кириленко со 1,55. Останатите тројца се под 1. Кај блокадите, неприкосновен е AK47 со 3,18. Ова уште еднаш ја потврдува тезата за различните типови на одбранбени играчи. Боуен и Хесел се класични стопери чија главна карактеристика е отежнувањето на работата на стрелците (OPP FG% во прилог на ова). А, Артест и Кириленко се, пред се, релациски чувари, играчи со одлично чувство за украдена топка или блокада, но не толку квалитетни во директната одбрана. На ова може да се придодаде и тезата на Karakash, дека кај играчите како Боуен и Хесел се потенцира играта во одбрана затоа што се изразито слаби офанзивци, за разлика од Кириленко или Артест. Ама, од друга страна, во современата кошарка, стоперот прераснува во значаен role-player, посебно со враќањето на high-scoring трендот. Не треба да се оди подалеку од ланското финале за да се зборува за тоа. Принс и Боуен се многу битни алки во ШАМПИОНСКИ тимови. На ваквата анализа би додал уште една категорија која е некаков еквивалент на офанзивната “Scoring Spree”. Toa е класичниот “Shut-down”. А, како критериум ги земав натпреварите во кои “деветте” биле задржани на 10 или повеќе поени помалку од нивниот PPG. Како што спомнав во првиот коментар, многу интересен беше фактот дека Брус Боуен ниту еднаш не задржал некого од овие деветмина под 20 поени, иако на неколку мечеви предизвикал катастрофални проценти на шут од поле – 9 од 33 на Коби, 4 од 19 на Ентони и т.н. Во оваа категорија, интересно, предничи Тајшон Принс со 4 shut-down натпревари – најинтересен е можеби оној последниот против Двејн Вејд – 13 поени со шут 3/15. На крајот, може да се анализираат и дефанзивните “коњаци”, т.е. кои стрелци највеќе им одговараат на кои дефанзивци. Најкарактеристични се проблемите кои Леброн Џејмс ги има со Рон Артест – просек од само 19 поени со 31,7 % шут. Од друга страна, на единствениот меч оваа сезона против Кириленко, Леброн постигна 51 поен. За спомнување се и просечните 39,5 поени на Брајант во дуелите со Детроит и Принс, но и, на пример, само 38 % шут против Боуен и Сан Антонио. Кога се во прашање индивидуалните партии, најдобар е Леброн: 51 против Кириленко, 44 против Боуен, 38 против Хесел и т.н. Учинокот на Коби е: 48 против Игуодала, 43 против Боуен и 40 против Принс. Тоа е отприлика тоа. Не знам колку со ова придонесов во муабетот за Боуен и компанија. Ај, да ве чујам! Shepard: Ја сум без зборови. Озбилно, ваква темелност, мислам методиве.. Свака част друже.

Saturday, April 01, 2006

Breaking news in my shoes!
Енко ко ќе види, ќе се израдуе (хиперболизирам, одма му се јавив чим видов). Nique оди во Спрингфилд! Куќата стануе на славните! No more Hall of Shame! Hooray, Hooray, Hooray!

Dominique Wilkins is finally headed to the Hall of Fame.

Two people with knowledge of the situation told The Atlanta Journal-Constitution on Friday that Wilkins, in his second year of Hall eligibility, has learned of his election to the Naismith Memorial Basketball Hall of Fame and will be in Indianapolis for a formal announcement during the NCAA Final Four on Monday.

"Well, I can't talk about it," Wilkins told the newspaper. "Basically, they had told me when I was [named] one of the finalists that if I make it, mum's the word."

* * * * *

In his 17-year NBA career, Wilkins scored 26,668 points, averaging 24.8 points per game, and played in nine All-Star games. Wilkins is the leading scorer in Hawks history and played in Atlanta from 1982 until February 1994, when he was traded to the Clippers. He ended his playing career in 1999. [ESPN, а мене не ми се преведуеше]

А еве малце нешо од Доминик.. едно куцање, од легендарниот дуел со Мајк, онака, може и цел дуел да се стаи, ама овој ќе го отворите сите.. а и Енко ко ќе си постира, ќе го напраи шоуто :)