Thursday, August 31, 2006

Final Four
10-11 саати пред полуфиналињата.... Во вакви услови, да не се почне со мудрост на Сидор ми делува као бласфемија од прв степен. Пошто, неговиот минуциозен пристап искомбиниран со страшното познавање на светската ономастика може да се спореди само со неговата маалско-чаршиска остроумност…Епа, ај: ”Се чини дека во светот на кошарката тимовите се поделија на големи и мали. Четири доминантни тимови кои со голема разлика ги добија сите свои противници. Можеби дури во полуфиналето можеме да очекуваме неизвесност и тесни мечеви.” Right on Point, Sidor baby…И крајно време беше.... Дај малце сериозна кошарка.Новиот систем си ја заврши работата – останаа само непоразените. Еден од нив ќе остане непоразен до крај.... Или као шо вика омилениот ми Шејн Батие: “The four best teams are still in race for the title. And that’s the way it should be.” Аргентина у седум меча изиграваше мачка на разно-разни глувци – Франција ја доби со највише мука, иако 40 минути беше јасно дека Диа и компанија ќе издишат кај да е.....Србите им дадоа извесен run for their money, ама од коа све беше решено...Се на се, со пола сили....А, Нигерија, Либан и Венецуела се....па...Нигерија, Либан и Венецуела.... Нов Зеланд и Турција? Иста приказна... Стварно ме фасцинираат овие момци, колку и да ми станаа антипатични у задњо време. Пепе Санчез има очи на г’зот. И плус, со главните играчи у екипата игра заедно уште од кадет...У секој момент има минимум три опции....Работите што Неш ги прави поради талентот и визијата, Пепе ги прави рутински. За Ману и Носиони е стварно глупо да си ги абам прстите. Америте се преплашиле од нив. Ако се исклучат Мело, Двејн и Брон, со Херман ја сочинуваат најубитачната тројка на светската кошарка...И она најбитното: они знаат дека можат да го победат Team USA… А, ги спомнав Скола и Оберто? Господата “иритирачки шут од дистанца, скокови коа највише треба и, да, ОДБРАНА”…Неверојатно прљави играчи, кој шо сака нека каже…. Ама, као шо вика другар ми Едис: ја не поштуам играчи ако немаат прљав репертоар – тоа значи дека не даваат максимум... Епа, Оберто и Скола даваат максимум :) И, као да не е доволно да имаш леворак бековски тандем шо игра заедно 15 години, од клупа влага и Делфино… Две години у Детроит чуда прават, посебно за адаптација у еден ваков, defensive-minded тим..... Опасни се, у пм....Арно ама, мислам дека е време за колапс...Досадни се, не за друго...И плус, од следниот противник губат редовно....Дури ни Ману не капира зошто: ”I don’t know if it’s the matchups, how they guard us, or how we guard them…” Или, па, поради тоа што Шпанија конечно направи тим што ќе освои нешто...Еј, откога глеам кошарка цело време се у висок втор ешалон и никако да пробијат – Мартин, Сан Епифанио, Хименез, Жофреса и Виљакампа, Ерерос... Епа, дојде времето на генерацијата ’80. Гасол и Наваро се несомнени лидери на тимот, ама она што мене ме фасцинираше е големиот број на квалитетни играчи што шпанскиот состав во моментов ги има....Па, скоро во сите натпревари пола време играа резервите.... Али, да почнам вака – Торонто...Двојката на Репторси ќе биде инструментална.Калдерон е ѕвер, извонредно ја контролира играта, а има и страшен влез, прав контрапункт за Пепе Санчез... Гарбахоса стандардно, од надвор е сатар, внатре е Andore Jr., а у единствениот колку-толку сериозен меч на Шпанците досега, по редовна постапка го стави Новицки у џеб.... Но, највеќе сум одушевен од Руди Фернандез, Серхио Родригез и Алекс Мумбру, играчи кои и не ги знаев така добро и кои ми оставија ептен силен впечаток, посебно Руди.... Штета што е повреден Фран Васкез. Со него ќе беа најсериозни кандидати и за злато.... Како и да е, Шпанците играат у демонска форма, као што би рекол Драган Шакота. Сите противници ги сомлеа рутински за дваесетина минути. Мислам дека им дојде ред да влезат у финале. А таму? САД? Па, не знам баш... Да се збори за американскиот тим, а притоа да се одбегне Џекил/Хајд метафората ми се чини као право мајсторство. Цело време некако ги следи стравот од тоа второ лице. Го знаете, она што не знае како против зона, што промашува чисти шутеви од 6,25, што игра пацерска периметар одбрана... Ако им тргне, овој тим може да ги згази сите останати. Ама, ако им тргне. Ако е Вејд у елемент, ако се Хауард и Бренд доминантни под кош, и најбитно од се, ако му тргне на Кармело... Во досегашниот дел на турнирот е многу јасно кој од капитените е главен, а кој потфрли. Изненадувачки, Мело покажа вистинска доминантност, онаква доминантност за која зборев пред првенството: самодоверба, стабилност, лидерство....А, Леброн нигде го нема.... Според мене, американците изиграа пет меча во кои беа доминантни и два во кои на видело излезе тоа нивно алтер-его: против Порторико и против Италија... И покрај тоа што на прв поглед се мачеа со Германија, тврдам дека беа и те како надмоќни. Имаа 30 шута повеќе од поле, ама се шинаа од промашување тројки. 10 од 40, ви се верува? Па, што ќе се десеше ако погодеа барем уште пет? Ќе победеа 35 разлика…А, искрено, толку и заслужија да победат. Да не беа толку опседнати со тоа да го затворат Новицки, може ќе победеа и 40 – 20 у прво, 20 у второ… Ама, тоа беше со Германија…. САД се уште не се сретнале со правите противници за да можеме да споредуваме. Американците ги имаа вистинските проблеми со тимовите кои имаат добри бекови – добри шутери, ама, пред се, добри ballhandler-и...Аројо, Ајусо, Белинели, Базиле, Ди Бела.... А, од тоа и ми е страв во пресрет на утрешниот дел. Утре Team USA игра со тимот со најстабилен, нaјконстантен и најдисциплиниран backcourt на турнирот – Грција. Спанулис, Тео Папалукас, “Војновиќ” Дијамантидис и т.н.Грција прерасна у страшен тим... Додуша, страшно досаден, ама сепак страшен... Она што Шеп кај нив го потенцираше: борбеноста, дисциплинираноста и играњето со срце, надополнето од шемите на Јанакис еднаш више им даде резултат: Европски Прваци. А, најодговорно тврдам дека ако америте не променат нешто, ако Вејд не доминира, ако Брон не се разбуди и ако не им тргне шут на Мело и на Џо, Грците ќе станат и светски шампиони.... Елада за мене е единствениот тим во моментов кој, во основа, игра европска кошарка (т.е. неамеричка). Аргентина и Шпанија се сосема друга приказна и се многу поблиску до САД... Е сега, она што ме нервира кај нив се тие детални тактички маневри, шеми разработени до максимум, досадни нијансирања и т.н. На секои две минути измена – Царцарис влага, Царцарис излага, Фоцис влегува да шутне од дистанца, Спанулис влегува да направи фаул...Ако има уште 20 секунди од нападот го играат тоа, ако има уште 10 ова...Дај бе луѓе малку слобода.... А, најсимпатичниот дел од тимот, нормално, ми е Скорци...21-годишниот ѕвер со претерано соодветно име – Софокле...Глеав слика од 2001 – на негови 16 години изглеаше ко Бен Волис.....неверојатно... Се на се, Грците се black horse, а Американците нека се молат да му е ден на Мело.... Значи, прогноза – сакам финале САД-Шпанија, нешто слично на она од пред 22 години….а, се плашам од финале у кое па би ја гледале Грција, слично на она фудбалското од 2004 – пошто, Јанакис некако ептен ми личи на Рехагел… И, апсолутно најважно, очекувам финале кое нема да го коментираат Сидор или Ников.....

Tuesday, August 29, 2006

Отидов
По хе-Дојран-изирањето на Шеп и мене ми дојде редот поштено да му ја искулирам. Така, од утре Шеп и остатокот од МакНБА фемили ќе гледаат Свецко и ќе ја одржуваат странава што ја читате, а јас ќе се брчкам у море и превртувам у песок на некоја пуста плажа у јужниот ни сосед...И така едно десетина дена. Да не биде без ич, еве ви нешто за што сигурно ќе развиете добар муабет. Може и ова. Вориорси задњи пут у плеј-оф играа пред 12 години кога тренер им беше баш Нели сениор...Мислам дека ќе поминат уште 12 години ако чекаат тој да ги врати таму. Мислев да ставам нешто и за денешниве утакмици у Јапан, ама од се уште непознати причини наместо да се игра 1/4 финалето, Шпанија и Аргентина си најдоа некои пацери и си одржаа тренинг пред пуна сала и укључени ТВ камери. Дешава се. Се читаме... ПМС: Ако се најде некој да ми ја снима Шпанија-Арг., а ондак и Грчка-САД, па и финалето (се надевам САД-Арг.), му носам шише морска вида. И гиро. И суфлаки. И калабоки. И така...Озбилно, нека снима некој, плаќам пиво.

Sunday, August 27, 2006

Вторите осминки (камбекот на Шепард)
Добар ден, добро-ве-најдов. Гледам, сте се забавувале, а застапени биле и теми кои мене ми будат особено голем интерес како да речеме двократниот МВП Стив Неш.. нејсе, ја за среќа фаќав МТВ, а богами и грчки телевизии, на кои ги даваа сите натпревари на Грците, и ваљда потклекнав на пропагандата, и сега сум нивен страствен навивач.. Исто така, додека Енко го интервјуираше Стак, ја се дружев со Кемп, но за тоа во друга прилика. Ајде сега за она што се дешаваше на „спортските борилишта ширум земјата на изгрејсонцето“... (иако сите натпревари се играа у иста сала) Германија – Нигерија

Дуелот во кој Швабите требаше да демонстрираат самодоверба, јачина и пред се`, психолошка надмоќ, се претвори во нивно распнување на клада, при што за малку ќе изгореа.

Нигерискиот состав покажа дека со нив нема лабаво; играта која ја прикажаа беше типична НБА игра од 1990-тите со примеси на колеџ моменти, особено у одбраната. Тоа и не чуди што добар дел од Нигеријците, своето искуство го носат од преко барата.

Што се тиче Швабите, Новицки почиња да не личи на херојот од Београд и плејофот 2006, туку на Новицки од гејм 3 па натака во финалето со Мајами. Но, и таков, дисторзиран, е стожер на све у германската тајфа (зашто тоа и не е екипа). Сепак, синоќа немаше ништо да биде ако не стегнеше зуби, некогаш најавуваниот како „европски Пипен“ – Адемола Окулаџа (чистокрвен Баварец, со нигериско потекло кој пие пиво и јаде вурстови), кој баш синоќа се разбуди, и постигна 19 поени, а со Новицки комбинираа за све што Германија постигна у 3 и 4 четвртина. Фаците ко Фемерлинг, Демирел, Грин, Шприцер и сл., уште еднаш покажаа дека не се за кошарка. У последни 3 минути Германија застана на 78 поени, Новицки се соочи со Нигер-Баба цврстина и тврдина (види фотос) арно ама Нигеријците не ја искористија шансата против препаднатите Германци и стасаа само до 77. Епилог: Германија ќе го јаде батакот од САД, Нигерија ќе биде хит на следно големо натпреварување.

САД – Австралија

Типично „отварање два прста“ како што некогаш тоа го правеа Дрим Тимовите, реминисценција на генерациите на двујцата ЕмЏејовци и генерацијата Шек – Кемп.. единствена битна работа, која што се потврди на оваа утакмица е дека Кармело е фактор.

Ангола – Франција

Не ја гледав првата четвртина кога Анголезите биле задржани на 6 поена, ама глеав второ полувреме кога Желабел и Жено и такви глупи фаци дозволија да им се деси le преврат, за малце.. ако на Нигерија им фали хемија и малце искуство, ондак на Ангола им фали искуство и малце хемија. Ќе ги биде.

Грција – Кина

На оваа утакмица ќе се задржам малце повеќе. Особено на Грција, мојот фаворит на првенствово.

Грција е учебнички пример за уиграност и тимска одговорност. Играат со иста стартна петорка подолго од било која друга репрезентација. Нивните први пет се постандардни дури и од казнената експедиција на Булси од 1996-1998. На клупата го имаат античкиот мудрец, кој околу себе обединува и техне и арете, Теодорос Калокагатија Папалукас, кој за потсетување е актуелен МВП на европскиот фајнал фор и човекот кој беше клучен фактор у детронизирањето на Макаби, а покрај него е и античкиот полубог , Егеецот Софоклис Схордијанидис, кој мене ми личи на Шек бутнат у конзерва од туна, компресиран и после тоа изваден и бапнат на терен. Јанакис, пак е пример за европски тренер кој што на 10 разлика вика „пресинг после даден кош“, и без исклучок, сите викаат „ендакси“ пошто ако не слушаат ќе ги каже на дебелите им мајки, кои дома има маста да им ја извадат - „малака парадисиму кефа пезуме григора сан оф а бич“.

Само на ова првенство, Јанакис успеа да ги врати Грците од 21-7 против напалените Катар до победа од 30 разлика; ги победи Литванците во продолжение; само он ги натера момците да гризат против Кенгурите за дефицитот од 5 на 30 секунди до крај да стане победа од три разлика; ги утепаа Турците во неверојатно напнат меч; за да успее од 12-2 и 23-11 против Кина да ги доведе до буквално кажано ДЕБАКЛ.

Она што го имаат Грците (а што го немаат Америте и затоа ќе испаднат), што беше премногу денеска за Јаоза и другарите е единствено желбата и жарот во играта, на раб на фанатизам. Јас до сега немам видено екипа која во осмина-финале, на плус 20 во последна четвртина, игра толку борбено. Така дојдоа до европскиот трон (и во кошарка и во фудбал), а јас се надевам дека ќе дојдат и до светскиот (дури и без Зисис, најперспективниот кошаркар од Европа), затоа што гинењето на теренот е правата суштина на спортот.

Ај да се приберам :)

Значи, Грците, го изедоа стапот во првата четвртина, за после тоа да им се спојат жичките, и да ги распорат Кинезите. Риспект заслужува и железната одбрана врз најдобриот срелец на Првенството, Јао, кој беше задржан на бедни 10 поена.

За Кинезите немам зборови. Политизиран спорт е тапа спорт.

И така..

Saturday, August 26, 2006

МВП х2...со четири осминки од Јапан
Помина доста време откако не ставив ништо за Нешти. МВП летово прво се зашиша, па на моментот ја врати НБА у Ванкувер, тренираше со МЛС тимот на Ред Бул, а и даваше изјави за Зидан и за тоа кои НБА ѕвезди според него би биле страшни фудбалери. Иако се игра СП у Јапан у моментов, Нешти си е Нешти и си е двократен МВП, нешто што никој кој игра у Јапан не е. Нити е некој од поширокиот список на САД. Нити па е блиску до такво нешто. Токму поради тоа, еве го задњето интервју на МВП х2 за НБА ТВ. (Ова чисто колку да се одбележи враќањето на Шеп од Дојран. Со кој друг ако не со неговиот омилен играч. Требаше да ископам и нешто за Детроит:))
* * * * *
Минвајл ин Јапан, Италијаните после добрата игра у група се посраа и кикснаа кога и против кого најмалце требаше... ...Турците ми направија ќеф победувајќи со тим на кој никој (па ни јас) не му даваше шанси за осмина, а камоли за четврт-финале. Словенците и нивниот Алеш Папак на клупа се посебна прича и доказ дека без разлика колаква талент имате ако немате тренер и уште повеќе играч кој ќе биде лидер на и вон теренот и кого сите ќе го слушаат - нема ништо... ...Хаката не им упали на Перо и компанија, а најбољи дел од преносот у НБА термин беше коментаторот. Од сега за секој кретен кој нема појма од спортот кого ќе го стават да коментира нешто така важно како Свецко ќе се користи терминот "Сидор"... ...Како задње беше плескањето на Србите кое веројатно повеќе ќе одговараше за терминот од 3 сабајле. Не ни очекував дека можат да ги изненадат Шпанците, тие ипак не се Либан, а ни Венецуела. Со такви, можат да се носат. Супер што им дадоа вајлд-кард за уште еднаш да се обрукаат пред цел свет. Мада реално, со овој состав и ова е многу. ПМС: Утре Шеп ќе го има првиот пост после две години за другите четири осминки.

Thursday, August 24, 2006

47.
Германија и Ангола одиграа права класика сабајлево и првата утакмица у која победникот се добил по дури три продолженија. Диркулес у НБА стил застана на 47 поени (и 16 скокови), со кои го помина Дражен на 6. место на вечната листа стрелци на една утакмица. Петро е сега седми со 45. поени против Холандија пред 20 години на СП во Шпанија. Се уште прв и недопирлив е знаете сите кој....Јае Хур од Кореа кој 1990 у Аргентина убацил цели 62 поени против Египет. Играчиште.

Wednesday, August 23, 2006

Italian job, Шек, Коби, Рајли, Херингтон у Индијана
Италијаните у екипа немаат ниеден НБА играч, ама тоа не значеше дека не можат да бидат најтежок противник за Америте у Јапан до сега. Белинели и компанија одлично се држеа со Кармело, Вејд и остали и да не беше баш Мело и неговата памук рука Америте сега ќе си ги чешаа главите. Сепак, и покрај победата тие тоа веројатно го прават тоа, затоа што утакмицата со Италија беше голем чекор назад за нив. Само шест играчи убација поени, а најевидентна до сега беше огромната дупка која ја имаат у рекетот. Единствен кој нешто игра под кош у Јапан е ѕверот Двајт Хауард, кој откако тресна на грб Италијаните направија серија од 26-11 и го свртеа резултатот. Бош и Милер не ни влегоа во игра, затоа што според Кшижевски тешко можат да се носат со противниците и да се снајдат во играта која тој ја бара. Посебно диносаурусот. Сега се гледа колку еден здрав Амари им фали на Америте. Елтон Бренд мушки се бореше цела утакмица и беше најбољи Амер у прво полувреме, а у второ Мело и Вејд се попалија. Посебно Мело кој погодуваше од секоја позиција. Разочарување беше Леброн, кој по одличната партија со Словенија се мучеше со Италија. Знам дека нејќе да форсира и да игра тимски, ама Брон кај беше мизерен у напад со многу грешки и лоши додавања беше беден и у одбрана каде чуварите му се шетаа кај сакаа. Свака част на Италијанците за мушката игра, како и за Крис Пол и страшната асистенција до Бренд у 2. четвртина кога баскетот помина меѓу двајца противнички играчи. Гледав и непто други утакмици на СП денес, али повеќето беа тапа. Либанците ги изненадија сите со победата над Франција и покажаа дека у таа група А само Аргентина има шанси за висок пласман. Можда и највисок. Шпанија се мучеше со Ангола, која продолжува да изненадува, а Грците овој пут лако си славеа со Бразилците.
Сликава и клипов само за Бето. И играчот кој е следен Италијан у НБА. Нормално, у Торонто.
* * * * *
Не е никаква тајна дека со Шек се прават најинтересните и најзабавните интервјуа. Така беше и минатот вокенд кога Дизелот го посети Њујорк. Еве и докази. Доказ 1. и Доказ 2. Посебно интересен (ко нешто да не е интересно) у вториов доказ е муабетот за Марбери и неговата ланска изјава за тоа дека е најбољи плеј у лига.
* * * * *
Даг (и Џеки) Кристи се спремал за камбек, откако лани за доброто за сите нас се пензионираше. Тужен ден за кошарката, кој може да биде потужен само ако "Прстот у небо после секој потег" стварно се врати у лига. Кој ли би го сакал?
* * * * *
Атланта и Индијана конечно ја комплетираа трампата која ние на МакНБА ја најавивме уште пред некој месец и пол, а според која Пејсерси за Ал на Атланта им дадоа еден иден пик од 1. рунда, две кутии пуканки и тостер. Каков менаџер и газди имаат Хоукси добро е што и ги извадија пуканките и тостерот. Во Херингтон Индијана го доби 11!!! ново име ова лето во обидот на Карлајл и Бирд да направат многу поцврст и поатлетски офанзивен тим од Пејсерси. Ал влетува на местото на Пеџа, од кој е послаб шутер, но е бољи стрелец и може да игра и на 4-ка што од време на време ќе го преместува Џермејн на 5-ка, Гренџер на тројка, а Џекес Џексон на 2-ка. Уште да си најдеа плеј кој ќе може да издржи да не се повреди 15 пути у една сезона и се ќе биде ОК.
* * * * *
Денес, 23.08. му е роденден на Коби. Честито. (Ова зашто Шеп не е тука).
* * * * *
На големо изненадување на сите...Не. Пет Рајли одлучи и догодина да биде тренер на Мајами, исто како што и Зо одлучи да одигра уште една сезона. Cе дешава кога сте многу блиску до "Лери О'Браен".
* * * * *
Хака all the way. Можеби не им иде на свецково, ама нема ништо боље и посмешно од Хаката која Нов Зеланд ја игра пред секоја утакмица. Најбоља слика од Јапан до сега.

Tuesday, August 22, 2006

Леброн учи кинески, Грци,Јаоза и Монтсрумот
Поточно мандарински. Покрај тоа што иако Словенците требаа да им бидат најсериозен тест до сега, а треба да бидат среќни што Кшижевски у игра у последни десет минути ги убаци Милер и Бош па извадија само минус 19, и не кои други ствари се дешаваат кај Америте додека играат на СП у Јапан. Една од нив е и учењето на кинески на Леброн, кој би сакал до 2008 година така добро да го научи јазикот со цел сам да може да иде на интервјуа со кинеските медиуми, без преведувач. Нормално, овој потег на Леброн и неговиот тим е последица на желбата по Америка тој маркетиншки да го освои и светот. У Кина тој (Најк) има голема конкуренција од Рибок и Јао Минг и Ти-Мек и Гарнет кои се манекени на Адидас. Сепак, со оглед на годината и потенцијалот на Леброн, како играчки, така и маркетиншки, како и големината на Најк во промоција на своите главни фаци, нема сомнеж дека Леброн наскоро ќе стане најголема светска спортска ѕвезда...А има само 21 година. Еве го и линкот за оваа прича и курсот на Леброн.
* * * * *
Грците ко Грци. Две тројки на крај за победа над кенгурине кои слободно може да се викаат и "џигераши". Од мал, до дискретно бланширан, преку долг, па увиткан и среден и шпицаст џигер. Се тоа го има кај Австралијанцине. Уште да знаеа да направат фаул кога имаат плус три на десет секунди до крај.
* * * * *
На Јао и дружбата никако да им тргне. Ваљда нешто удел во тоа има и фактот дека освен Јаоза никој друг кај Кинезите нема појма од баскет. Јаоза е толку исфрустриран што почна и да си мава глава со монструмот Питер Џон Рамос.

Monday, August 21, 2006

Retro Monday
Од сад, па надаље и убудуќе, секој втор понеделник до старт на сезоната е резевиран за по еден ретро клип. Почнуваме нормално со...
ПМС1: Клипот е малце поголем, ама вреди. Стварно вреди. ПМС2: На сцените од Сан Антонио Ник има 37, а на задњето куцање на крај од клипот од цепелин - 43 години.

Sunday, August 20, 2006

Јапан 2006 by Џиги
(Џиги остави коментар на прошлиот пост, ама според правилата на МакНБА, секој коментар кој е подолг од "Ана Карењина" завршува како пост. Така да, еве ви го Џиги и неговиот поглед на стварите на Далечниот исток.) Изглеав денес едно чудо утакмици, што низ пренос, што низ снимка, па ако не е предолго, еве нешто утисци.. Ми се свиѓаа ептен Нигеријците. Не се село без кучиња, без разлика што Србија е тапа. Море најбоље ќе им беше на Србите да не лобираа за вајлд карта, вака сега ќе се брукаат пред цел свет. Како само плачеше коментаторот.. Иначе, Нигеријците имаат неколку искусни играчи од НБА клупа и по некоја минута во Европа, ама тренерот им е пар екселанс, Сем Винсент, се сеќавате ли што убав мек шут имаше Семчо у НБА? Турцка не ме изненади. Мислам дека само заради грч дозволија неизвесен меч со Литванија. Литванците се скоро у пун состав, без Јас И Кевичиус, кој најверојатно више нема ни да игра за нив, ама со сите други тука. Ама оваа генерација на Лиетува им е лимитирана, кога Маце им решава, што да ти кажам.. Инаку, за неговиот договор во Олимпијакос другом приликом (најскап у Европа после оние на Раџа и Кукоч). Турција има се на секоја позиција, има и младост, има и тренер. Дел од тие децата беа европски прваци во кадетска конкуренција, а пред две недели освоија сребро на европско до 20. Значи, нема веќе кошаркарска нација, има само ситуација ИМАШ ПАРИ, НЕМАШ ПАРИ.. Грција пак игра некоја чудна кошарка, го успива противникот, не завршува напад пред дваести секунд, а одбраната им беспрекорна. Мислам дека Грците можат да стигнат до финале (Со Аргентина? хаха). Не го ѕирнав распоредот, ама мислам дека Аргентина со САД играат во 1/2финале. Американците одиграа онака како што очекував. БУКВАЛНО ИСТО КАКО И НА СИТЕ ПРЕТХОДНИ ПРВЕНСТВА И ОЛИМПИЈАДИ. Со чести ротации, демек за да имаат сила сите и да играат во исто темпо. Тука Енко не се сложувам со тебе, мислам дека ротациите им се најслаба страна, 12 играчи ДА, ама за долга сезона со клуб, на турнир играат само 2-3 играчи што ќе влезат во транс ритам, другите се додавачи. Ај, со Порторико извадија глава, ама примија стотче. Да имаа Порториканците поумен тренер, многу лесно можеше свашта да бидуе. Инаку, ЈУ ЕС ЕЈ и натаму мислам дека се фаворити број еден, ама за да тепаат све живо до крај по 20 и кусур разлика, Кржижевски треба да има 5-6 главни играчи, а другите да влегуваат по потреба. Кога ќе дојде неизвесен финиш, утакмицата треба да ја решава некој што влегол пред 3 секунди, пред тоа 15 пати влегол и излегол од игра. Така не. Греота е што му прави на Леброн и Двејн.. Аргентина и натаму игра со леснотија, играат и се радуваат. Кошарка во вистинска смисла на зборот. Нема компликување, нема мавање со глава во ѕид, кошарка за мерак. Играат со срце, се бодрат еден со друг, човече, виде ли како Оберто и Волковиски се радуваа после победата со Франција? Дефинитивно се мој пик. Франција одлична, овие момци на Клод Бержо, да ги пратиш и на одбојка и на бокс и на атлетика и на пливање пак ќе бидат добри. Скокаат ко луди, трчаат ко мрднати, ама нема мерак у таа кошарка. Затоа стално рикнуваат на чекор до крај, немаат брате петља, не знам, ама никад не сум ги поштуел Французите, освен Ришар Дакури на времето. И кој остана, да.. Шпанија.. Играат многу добро, одлично. Играта во одбрана и во напад им е доведена до перфекција, играат како и секогаш шеми што ги упражњаваат максимално во секој момент. Ама многу зависат од Наваро. Свака час на Гасол, ама мислам дека он не е винер у душа. Од нив можда само Наваро може да ја земе топката во раце и да решава. Пау ќе даде 20 коша и 10 скока, класика и у НБА, ама не брада, не бркови.. и влакна од уши да му никнат џабе е. Шпанија максимум до полуфинале, а таму ќе изгуби од Грчка. Италија е следна на ред за рикнуење после Србчета, внимавајте на Словенија, мислам дека можат да отидат далеку. Панама има неколку екстра играчи, ама се ептен туристички настроени. Ед Кота и Рубен Даглас можат да бидат бековски пар у било кој од .. на пример.. десетте најбољи клуба во Европа, ама реков, ептен се туристички настроени. Сенегал, менегал, Либан мибан, Венецуела менецуела, Јапан мапан се само да се попуни бројот. Кина е атракција заради Мјао, ама мислам дека и они више спаѓаат у кригот на егзотични учесници, него у сериозни претенденти. Диииркк. За малку ќе го заборавев. Германија има посилен состав од лани на Европцкото кога играа у финале. За Окулаџа и една година искуство плус, да речам и заедништво. Дирк ќе си ги даде триесте парчиња на секоја текма, ама се зависи од другите. Мислам дека 1/4 финале не им гине, а со помалку среќа можат и даље. Новозеландија и Австралија имаат еден куп добри играчи, ама и нивните тренери го тупат со 5000 измени во текот на мечот. Инаку, кој не знае, Нов Зеланд го брани четвртото место од прошлото првенство, а на олимпијадата преклани ја тепаа Србија, а богами и Црна Гора. И они реално треба да влезат между 8 најбољи, ама неќе га бити место за сите. Ете и да завршам, може со листа? прогноза за пласман на првите 8-10? Наравно, па затоа Енко ми е друг.. Еве, со мала напомена дека у финале играат Аргентина и САД, стварно не знам кој ќе тепа. Само ми е страв Манувци да не потценат некоја Италија или Грчка па да гледаме тапа финале. 1,2. Аргентина или САД 3 Грција 4 Германија 5 Австралија 6 Шпанија 7 Словенија 8 Нигерија 9 Франција 10 Бразил А?

Saturday, August 19, 2006

Свецко
Свецково почна сабајлево, а вчера не ми се пишуваше најава затоа што заедно со прошлата недела и историјатот на СП, оваа недела ги најавував и групите за Јапан. Сега не ми се пишува затоа што носот ми е како Нијагара, а надвор е некои +50 степени. Ипак, тоа не ме спречи сабајлечки, у ладовинка да се изнагледам баскет, а успеав и да дремнам у последната минута од Србија-Нигерија. Баш дружбата на Име Удока го направи најголемото изненадување и ги исплеска Србите. Дарко ко Дарк-О од Детроит, трупетина, иако против себе имаше за пола глава пониски и физички послаби играчи. Ништо бољи ни остатокот од екипата, на која рака на срце не и е ни место у Јапан. Ману и Носиони си завршија работа со Французите, кај кои се виде дека без Тони Лонгориа нема да иде баш најдоро во нападот. Најбољи потег - баџакот на Ману. Америте играа малце стегнато, ама нивното најјако оружје - 12. играчи спремни за игра ја реши средбата. Ипак, 100 поени од Порторико не смееа да примат. Најфаца на 1.коло - Питер Џон Рамос. Такво нешто мајка еднаш раѓа. Турците и Литванците ја одиграа најнеизвесната, но и веројатно средбата со најмногу грешки. На крај тепаше посреќниот. Литванците со оваа репрезентација не прават ништо. Исто и Турците, ама тие не ни очекуваат дека ќе направат нешто. Јаоза не може се сам, а тоа го искористија Италијаните. Базиле пак погодуваше од седум-осум метри...и погодуваше. Ги фатив малце и Словенците кои си се играа со Сенегал у кој веројатно му маваат заушки на секој кој не се презина Н'Џаје или не се вика Мамаду. Вчера по мејл од МТВ на работа ми го испратија списокот на сите утакмици кои ќе ги даваат у живо или преку снимки до крај на првата фаза по групи. Ама списокот и ми остана таму - на работа. Ќе пишам што ќе има. Важно има две у живо и една снимка секој ден. Толку, за прв ден и растечен нос - доста е.

Friday, August 18, 2006

Луди Џапанероси
Но комент.

Wednesday, August 16, 2006

Не иде тоа така, момци + Ајзеа страјкс агеин, Рубенчо, Шек купува патики у Кина и Шид
Бето у коментари на претходниот пост праша зашто у весник сум ставил наслов "Избегната бламажа" за вториот дуел Мкд.-Буг. Бламажа затоа што Бугарите на таа утакмица играа без најдобриот играч Виденов, кој претходната вечер ни убаци 25 поени и првата опција во рекетот (Георгиев) кој у понеделникот ни убаци 17 поени. И покрај тоа и поголемата минутажа на Стак ние до последната минута се мучевме со Бугарите, за кои играа некои играчи кои на квалификациите за ЕП нема да добијат ни минута. И тие момци ни даваа кошеви. Често. Цел текст го имате тука негде Сепак, муабетот за бламажата уште повеќе ми доби на тежина со однесувањето на нашите играчи на теренот, посебно со судиите. За секоја своја грешка тие вина гледаа во судиите. Не викам дека овие не правеа грешки, ама само затоа што судиите се наши не треба да се очекува тие да судат во наша корист. Уште подобро беше што на неколку пати не свирнаа за нас, затоа што така ќе се навикнат нашите момци на третманот кој ќе го имаат на секое од гостувањата у квалификациите. Само таму, Антиќ нема да смее да го опцуе и пљукне судијата и затоа да добие само техничка. Истото, у малце поблага форма важи и за некои други наши играчи. Ич не ме интересира како бугарските судии суделе за своите на двете средби у Софија. Тоа им оди нив на душа. Наше не е да се однесуваме како дивљаци на секоја спорна судиска одлука. Изгубен у целата ситуација беше Стак, кого судиите веројатно најмногу го оштетија со 3-4 спорни фаули од петте вкупно. Ама, Амерот мирно си дигна рука на секој од нив, не се побуни кај судиите, малку си направи муабет со нив и мирно си излезе после 5. фаул. Баш затоа момакот следната сезона ќе игра у Олимпијакос. Свака му част за смиреноста и на Врба, а и Мирза и уште понекој од момците си беа кул. Јас барем сум воспитан така грешката увек прво да си ја барам кај себе, а дури потоа некаде на друго место. Така било и кога сум играл кошарка или баскет у маало. Секогаш е најлесно да се обвини некој друг, а у кошарката тоа се судиите. Ама да се дере на нив на секој досуден или недосуден фаул...не иде така. Ни судиите не се без вина, ама сигурен сум дека тие помалце би свиреле кога играчите помалце би правеле фаули. Да не зборам за однесувањето на клупата, која повеќе си правеше муабет меѓу себе и со понекој близок пријател од публиката отколку што гледаше што се случува на теренот. А и срам ми е да кажам дека сум новинар кога некои мои колеги цела утакмица навиваат ко луди за Македонија. Не зашто толку ја сакаат, него зашто ја ставиле кец у кладилница.
* * * * *
Ај да си се вратиме ние на НБА... Причата иде вака. Филаделфија е очајна да се откачи од следните две години у договорот на Крис Вебер вредни неверојатни 42 милиони долари. Со таа цел Били Кинг им се јавил на скоро сите генерални менаџер низ НБА и 28 од 29-те повици завршиле со едно "Ар ју кидинг ми" од другата страна. Сепак, по разговорот со еден Џи-Ем, Кинг бил тој кој ја кажал таа фраза. Со кого бил тој муабет. Не е тешко да се погоди...Ајзеа Томас. Кој друг. За среќа на сите фанови на Никси, баш Кинг бил тој кој на крајот кажал "Hе, фала", иако муабетот за можен трејд на Вебер у Њујорк се уште не е завршен. Сиксерси не ги сакаат за возврат Малик Роуз, Џером Џејмс и семафорот од Медисон Сквер Гарден, така да ништо чудно Ајзеа да се излета па за Вебер да понуди нешто стварно вредно. Ипак, не се добива секој ден шанса да се ангажира 34-годишен играч без колена и со две години договор вредни 42 милиони. Ајзеа не би бил Ајзеа кога не би пробал такво нешто.
* * * * *
Као што реков, муабетот за тоа дека Шек потпишал со Ли-Нинг не беше проверен, па затоа не ја коментирав веста. Сега е и потврдено дека Дизелот у иднина ќе купува патики у Кина. Колку лошо тоа да звучи. Сепак, останува дека тоа со Леброн Џејмс и Ли-Нинг е тешка глупост.
* * * * *
Тоа што некој ќе напуни 31 година не мора да значи дека е попаметен отколку што бил кога имал пет или десет години помалце. Мозокот на Рубен Патерсон своето развивање по се изгледа го завршил кога типот си отиде од Лејкерси. Прошлиот милениум. Тогаш Рубен по сите медиуми изјавуваше дека тој е "The Kobe stopper" и дека Коби нема шанси да игра против него како против другите момци. Слични изјави даваше и за другите НБА ѕвезди. Интересно, ако се земе у предвид дека типот никад не бил у дифензив елитата у лига. Сега, откако го пратија у Милвоки, Рубен пак почна да блада. "I can tell you there are guys in the East who don't like playing against me. Richard Hamilton (Detroit Pistons guard) is one of them. He just don't like it when I guard him."
* * * * *
Српски генгста.
* * * * *
Америте го комплетираа составот и како што се очекуваше Брус Боувен не е дел од тимот, а ни Гилберт Аринас, кој се повредил на тренинг во понеделникот. Имаше некој муабет дека не станува збор за никаква повреда, ама пошто веќе некое време се знаело дека Хајнрих и Пол ќе добијат предност, луѓето околу Аринас одлучиле тоа да го прикажат како повреда. Да не биде дека местото го изгубил од некој од двајцата спомнати некој ред погоре. Чаршиски муабети.

Tuesday, August 15, 2006

"Парк"-ет, Стак и доктор Дикембе
Вчера бев на Македонија и Бугарија у "Парк", а ќе идам и сега, за некои саат време пак. За самата утакмица пишав за денешен "Мак.Спорт", онака под притисок на време да завршам за да излезе весникот. У таа сала буквално сум ги направил првите баскет чекори, негде 1991 година и до ден-денеска времето таму не мрднало. Истите распукани ламперии, истите бедни клупи за играчите и уште победен дел за записничка маса. Истите мрежи и црева по ходниците. Единствено ново се пластичните столчиња, кои да не знаевте дека се нови ќе помислевте дека со постари од самата сала. Гадни зелени, избледени, испогазени, изгребани и прљави. Вистински показател за тоа колку нашиот шампион си ја одржува салата. Впечатокот го заокружуваат искршените маси за новинари на онаа трибинина што би требала да биде само за медиумите. Врзани со некои конопи и лепени со кој знае што импровизираните маси личат на се, само не на тоа што треба да бидат. Не ни зборам за конекција за компјутер. За среќа вчера немаше странски новинари, мада со најавата дека квалификациите ќе играме у Парк тие сигурно ќе допатуваат. Има што да видат. После утакмицата имав шанса, заедно со колегите од др. медиуми малце да си направам муабет со нашиот Амер, Рајан Стак. Типот е ептен кул. Онака, као америчкине сурфери. Фино лепо, културно си даде изјава, а да имаше време ќе му направев и онака, неформален муабет. У тоа малку време си призна дека е уште вон форма зашто нема одиграно утакмица уште од задњата со Арис прошлата сезона, а и дека верува во наш пласман на ЕП.
* * * * *
За разлика од најстрашниот глас у историјата на НБА, Дикембе Мутомбо важи за голем хуманитарец кој не жали пари да им помогне на децата у својот роден Конго. Последен доказ за тоа е последната негова донација од "само" 15 милиони долари за изградба на болница во Киншаса. Е, кога сите не би ги жалеле милиони како Дикембе.
За инат: Едсон Стиви де Насцименто Гонзалез Переира - Нештињо
(Скратена верзија од "Изгубениот пост". Онака. За инат.Покасно ќе пишам нешто и за Македонија-Бугарија.) Знам, знам дека многу пишував за Нешти у последно време, ама што да правам кога типот прави вакви работи. Плус, типот е актиелен, па уште и двократен МВП. Познато е дека у фамилијата на Неш фудбалот е спорт број 1, а тао не го негира ни самиот Стиви, кој преку лето редовно си мава по некоја партија фудбалќе со брат му (кој бил репрезентативец на Канада) и другарчињата. Како и секоја друга НБА ѕвезда. Пред некое време Ленг Витакер од SLAM имаше прилика да седне на муабет со Нешти кој меѓу другите ствари му кажа и кој НБА играч би бил добар како фудбалер. Еве го тој дел од муабетот: “Any point guards from the NBA would be an asset in soccer. And some of the guys, with their builds, would be really outstanding, I think. In soccer, a guy that’s 6-2 is considered tall. So someone like Stephon Marbury would be a massive striker or defender. All those big point guards — guys like Marbury or Chauncey Billups — their jumping ability and strength would be incredible in the air. And they’d certainly be able to handle the pace. Another guy I’d like to see play is Jason Kidd. He would be an incredible soccer player. His size, his speed, his creativity…he’d be ridiculous. Also, some of the NBA shooting guards — like Ray Allen or Kobe — up in the air with their height and ability, could control boxes and be really amazing in the midfield. In the goal, I think Andrei Kirilenko would be an incredible keeper. Not too many shots would be getting past him.” Е сеа, ви текиња ли на сокерашите на Марче?

Saturday, August 12, 2006

Фиши
Нешто ми е фиши тука. Вчера фино-лепо си постирав. И сабајле си го видов текстот. Арно ама, сега го нема нигде на блогов. Добро ми текна на Дигимак па го побарав преку нивниот сервис. И го најдов. Ја неам појма што се случило со постот или па само ја не можам да го видам или...што знам. Ениуан? ПС: Не знам што се деси, ама слободно кликајте на линкот погоре за "изгубениот" текст. Коментари не дава да се оставаат. Ни ја не знам зошто. Ај, па можеби ќе го репостирам денес или утре, ќе почекам да не се појави од мртвите на блог.

Wednesday, August 09, 2006

Мазохист
Сликава плаче за Фотошоп
Не постои друг збор со кој би се опишал Џаред Џефрис, кој сам си побара од управата на Визардси да не ја изедначуваат понудата на Њујорк од 30 милиони долари. Ајзеа беше запнал да го доведе Џефрис кој е добар дефанзивец и потпросечен офанзивец и тоа конечно му успеа. Така сега у тимот кој самиот ќе го тренира догодина ќе има уште едно крило кое ќе го додаде на Роуз (двајцата), Тејлор, Ли, Болкмен, Ричардсон и Вудс. Се зборува дека Ајзеа сака да го доведе и Дарису Мајлс, кој совршено би се вклопил во тимот задолжен за фаќање сеир. Иако потписов на мазохистот веројатно ќе спречи потпис и на Мајлс. Да не заборавам, пишав и пред некој ден, Џефрис наместо спомнатите 30, Њујорк ќе го чини цели 60 милиони долари и тоа само поради фактот дека Ајзеа и неговиот претходник Лејден го заглавија клубот до гуша преку селари-капот, односно прагот на данокот на луксуз. Сега, за секој долар плата тие плаќаат уште еден долар данок. Само у Њујорк, само Ајзеа. Еве како на целата работа гледа Френк Кербер од Њујорк Пост. PS: Па уште му ја дал 20-та на Алан Хјустон бе?!?! PMS: А сеа и ова: Jeffries' arrival should result in reduced playing time for Jalen Rose and Quentin Richardson. One solution is purging the locker room of unwanted veterans, which Thomas did not rule out. Richardson was nearly traded to Portland for Darius Miles two weeks ago, and the Knicks could look to re-visit that deal. "I think what our fans and what I want is the best team. I'm not looking for the most comfortable situation. I want the best team. In this league you want the best players. I can deal with it being a little uncomfortable. I'm not necessarily looking as a head coach to make a nice, comfortable bed. I do understand that through some adversity with an athlete making things a little bit difficult makes him or her rise to a certain level and meet a certain challenge. You need some discomfort and some uncomfortable situations to get the best out of the person sometimes. Again, as a coach, I'm not looking to be comfortable. I'm looking to be good" - вика Ајзеа.

Tuesday, August 08, 2006

Самба + Cultural Learnings of America for Make Benefit Glorious Nation of Kazakhstan
До прееска гледав како Америте водеа, газеа, се мучеа, губеа, па на крај едвај се спасуваа против дружината на Леандрињо и Сајдшоу Боб. Единствен заклучок од целата утакмица е дека Порторико и Кина (без Јао) се далеку од добри репрезентации...а и дека многу работи во играта на САД зависат од Мело. Откако тој се повреди у 2. четвртина (имаше 16 поени дотогаш и остана прв стрелец до крај) како се кај Америте да застана во место. Него, батали Америка-Бразил и Чајна Гејмс. Еве нешто многу поинтересно, нешто на што се смеев задњиве пола саат.

Monday, August 07, 2006

Мрско + Непцињо и Кобињо
Уште од првиот (и според многумина единствениот) Дрим Тим, заедно со составите на САД на СП во Торонто 1994 и на ОИ Атланта 1996 год. не сакав да ја гледам таа кошарка која се играше на тие турнири, барем не утакмиците што ги играа Америте. За мене нема ништо убаво во гледање како едни, за десет класи подобри играчи си играат "кур-ташак" со јадници кои не се на нивно ниво, ни физички, ни играчки, а кога ќе се сретнат со нив очи во очи - ни психички. Сакам да гледам кошарка, а во тие утакмици немаше ништо поврзано со неа. Можда тогаш тие утакмици и ми биле малку интересни, но тоа веројатно било поради тоа што сум бил 10-15 години позелен од сега. Колку повеќе ја разбираме кошарката, толку помалку сакаме да гледаме такви шаради. Начинот на кој пред малце Америте ја згазија Кина ептен ме потсети на тоа време, ама сега не можев да издржам да не трепнам додека гледав "порнич" у три попладне. Барем стварно да беше порнич. Бљувотина од кошарка, ако уопште може да се нарече така, пред се затоа што за добар баскет се потребни две добри екипи, а Кинезите без Јаоза (а често и со него у состав) се далеку од остатокот од светот. Ако една ствар ми се свиѓаше е тоа што без разлика што за разлика од своите противници спијат на вреќи со стотки и цел свет знае кои се, Америте во текот на сите 40. минути не попуштија во ритамот и гризеа без да застанат ни на секунда. Тоа го немам видено кај нив уште од 1994 година и е голема промена на подобро за разлика од Атина пред две години кога играчите, а посебно тренерот беа залутани негде измеѓу Акропол и Пиреа.
* * * * *
Ритрај го спомна насловот "Најдоброто од двата света" кој го ставив на фото-веста за денешниот број на М.Спорт, за средбата меѓу Коби и Роналдињо (или Непцињо, ко што го вика Шеп) чудејќи се како тоа го сметам КВ24 за најдобар. Еве го текстот кој одеше у весник. Ако кликнавте приметивте дека кај Коби пишува "веројатно најдобриот", што тој го покажа сезонава, нормално, како индивидуалец. За весник пишувам објективно, иначе не би го ставил ни Непцињо како најдобро од светот на фудбалот, посебно не по бедното СП у Дојчланд. Да биде комплетно, еве ја и сликата на Кобињо и Непцињо заедно:
* * * * *
И кога сме веќе кај весници, ми текна, иако не обраќам многу внимание на тоа што се пишува за НБА по дневниве весници ова не можам да го преќутам... ДИВЕЈН Џорџ, Леандро БАРБОША, МАСЕО БЕЈСТОН, и најголемата глупост од пред некој ден од "Вест" дека Шек е ново заштитно лице на кинеската спортска компанија Ли-Нинг. Информација која во овој момент е невистинита. Но, она што најмногу ме стресе у истиот текст е чистата, 100% лага дека Шек е второ големо заштитно НБА лице на компанијата по...пази сеа...Леброн Џејмс?!?!?!, кој има десетгодишен договор со Најк. Кој ги пишува (измислува) овие работи?

Friday, August 04, 2006

Тотална Кошарка
Само што го изгледав синоќешниот меч на американците со Порторико, па ред е да напишам нешто, што би било делумна ретракција на мојот претходен текст (којшто беше прилично афективен и поради тоа, веројатно – изразито еднодимензионален), а во исто време и некаква реплика на реплика..... Да се констатира дека имаше доста позитиви у меч којшто заврши 114-69, би било страшно редундантно, а богами и глупо. Али, ај да идам по ред.... Старната петорка на Кжижевски – Пол, Вејд, Леброн, Ентони и Бош е прилично индикативна и наспроти очекувањата за дисциплинирана и максимално контролирана кошарка, многу јасно ја изразува претензијата на coach K. - да создаде тим чија главна карактеристика ќе биде физичката доминантност, брзината и, воопшто, high-pace играта.... Ваквата почетна постава е многу блиску до онаа идеја за доминантен тим за која зборував, во смисла на формирање на кохерентен состав, кој сепак ќе биде составен од superstar индивидуалци. Значи, да се зачува двојниот момент – тим кој ќе се уигрува и кој ќе се компонира на оската на меѓусебната компатибилност на играчите, а во исто време ќе биде спој на екстра-поединци, потег-играчи, оној одлучувачки вишок на талент кој би бил точка на дискрепанца...... Со форсирањето на класата 2003 надополнета со Крис Пол – Кжижевски се обидува да го направи баш тоа – оформува тим составен од 5 franchise играчи, што е генералната идеја, ама и тим на 5 сосема различни играчи кои потенцијално низ комплементирање би создале, да, Енко, ДОМИНАНТЕН тим: Master of Puppets способноста на Леброн, извонредната визија на Крис Пол, Џорданескноста на Вејд, шутот, но и стабилноста на Ентони и пост-играта на еден скочен, ама и снаодлив центар (Бош, кој по сите стандарди е најслабата карика на оваа петорка, во перспектива би можел да биде заменет со еден здрав Амаре, или па можда, со Оден, кој беше спомнат неколку пати).... Арно ама, целата работа и не е толку едноставна. Не знам дали приметивте, ама цело време користев еден изшаблонизиран и внимателно одбран псевдо-профетски футур....Некако како цело време да зборувам за тим кој БИ БИЛ, за некаков потенцијал кој само се насетува, дистантна можност, а скептик веројатно таквиот тон би го нарекол – У-тописки...А, тоа е точката во која ни се разидуваат муабетите.... Првата четвртина на синоќешниот меч, во тој контекст, беше и те како отрезнувачка. Израмнета кошарка, што за овој ростер на американците, како што реков неколку пати, е рамна на пораз. Team USA не смее да си дозволи кош-за-кош игра, ако сака да се врати таму каде што припаѓа. Да, можда сум престрог, ама искрено верувам дека момците од класата 2003, како и неколку други суперталентирани млади играчи - МОЖАТ – ако веќе не – да бидат Супермен – тогаш барем да направат другите да се плашат од тоа колку добро им стои наметка..... Првите десет минути беа јасен показател за неколку битни фалинки кои ја поткопуваа целава приказна. Крис Пол беше солиден и ме натера да размислам да го вметнам у мојата идеална петорка пред Аринас. Ама, тоа важи само за офанзивниот дел. У одбрана никако не можеше да се снајде со Аројо кој е алфа и омега у порториканскиот тим и кој враќаше на секој кош на америте. Џејмс, и покрај тоа што беше добар, не беше KING James, а очигледен е проблемот во адаптирањето на игра во која може, но и не мора, секој напад да оди преку него. Кармело, од друга страна, беше одличен. Довербата која ја има у шутот му овозможува да игра едноставно против комбинирана одбрана као што играше Порторико и, од тој аспект, Мело може да биде ептен битен. Е, сеа, проблемот со вметнувањето на Ентони у стартните 5 и форсирањето на брза игра, е во тоталното жртвување на пост-играта. Бош, колку и да беше добар во скокот, сепак не може сам да го контролира рекетот, а ако се има у предвид и меракот за шут од дистанца, проблемот со дупката под кош е ептен очигледен. Ова америте обично го компензираат со атлетизмот и скочноста на крилните играчи (во случајов Џејмс), ама очекувам со посилен тим да дојде до израз овој момент. Од друга страна, посебна приказна е Вејд. Далеку од тоа дека беше лош, ама неговото сведување на sidekick во напад предводен од Леброн и Крис Пол - ич не ми е по ќејф. Дали тука е во прашање некомпатибилноста на Вејд со европската кошарка, за која упорно дрдореше Марти Брнс или, па едноставно ненаоѓањето на правилен модус да се извлече повеќе од него, што е мое мислење, тек треба да се види...On a bright note, Вејд беше одличен у одбрана, имаше неколку украдени топки, а, изгледа неговиот придонес во одбраната најбоље може да се воочи ако се види учинокот на Мистер Еди Хаус-гомна да јаде - Елијас Ајусо..... Иронично, почетокот на втората четвртина и поставата која ја изнесе К., беше некаков тест на теоријата за која дебатираат америчкиве стручњаци – онаа за одбраната и за тимската игра. Хајнрих, Аринас, Џонсон, Батие и Милер за мене е една molto dubioso постава, као што би рекле момците од SportItalia. Тука се Аринас и Џонсон, ама ова е сепак предефанзивна петорка за мој вкус. Како и да е, на мое големо изненадување, од тој момент во права смисла започна ДОМИНАНТНОСТА. Ако на овие пет се додадат и Боуен и Џејмисон, можам слободно да кажам дека тие беа клучот за пресвртот во резултатот, и најбитно – во играта. Од сите нив видов нешто што не сум навикнат да го гледам – извонредната одбрана на Кирк, ама и на Џо над Аројо која тотално ја смени играта, пожртвуваноста, ама и несебичноста на Аренас, поливалентноста на Џејмисон, позиционата одбрана на Боуен, па дури и физикусот на Батие. Изненадувачки, во вистинска смисла.... Ако се тргне оттука, може да се извлечат голем број на заклучоци кои би го демантирале мојот став за еден силен, доминантен, offensive-minded тим кој одбива да се адаптира. Ама, ако се погледне подобро мислам дека јасно се забележуваат контурите на еден нов тип на доминантност, една ревидирана верзија која еве на повнимателен начин ја поставувам на местото на можеби преизбрзаниот почетен модел. Значи, не адаптирањето кон противникот, кое ако се гледа од дефетистичкиот standpoint за кој зборував, може да се прочита во поставата која го направи пресвртот, туку токму НЕАДАПТИБИЛНОСТА на самото адаптирање, т.е. варијациите во тимот и во начинот на игра, тим кој секоја игра може да ја направи своја, кој се чувствува удобно во секое темпо, којшто никогаш нема само едно лице, или наједноставно кажано – ЧИЈ ЕДИНСТВЕН ФОРМАТ НА ДОМИНАНТНОСТ Е КОМПЛЕТНОСТА. Од тој аспект, Сан Антонио, на пример, не го сметам за адаптибилен тим којшто се компромитира играјќи туѓа игра, туку за тим кој секогаш ја игра сопствената игра, без разлика каква и да е таа... Сето ова можда изгледа преапстрактно и преутопистички, и можда повторно не можам да ја избегнам стапицата на идното време, ама едноставно не можам а да не ги регистрирам овие мали поместувања на потенциометарот. Силата на Team USA не треба да биде само во чистиот scoring brilliance, како што погрешно беше протолкувана мојата почетна теза за неадаптибилноста, ниту пак во приспособувањето кон европската кошарка на Марти Брнс, туку пред се, во една ТОТАЛНА КОШАРКА која може и мора да биде ултимативната перспектива на американскиот тим, или па на секој тим кој сака да биде најдобар. Синоќа, американците играа своја игра, без разлика колку “се адаптираа”. Тие се единствената репрезентација која има 12 играчи кои можат да играат пресинг 40 минути, ама и неколку играчи кои можат да дадат кош од секоја позиција во секое време... А, тоа мора да се искористи..... Батие, Хајнрих и Милер можда и можат да ја заокружат таа аура на КОМПЛЕТНОСТ која ја заслужува американската кошарка (иако во тоа искрено се сомневам), ама никако не можат да бидат ПОДОБРИ играчи од еден Вејд или од Џејмс, кои комплетноста ја носат во себе.... А, кога имаш ликови кои барем малце наликуваат на алтер-егото на Кларк Кент, едноставно не смееш да си дозволиш компромис......

Thursday, August 03, 2006

Јаоза - "Господар на животните"
Во претходниот пост го спомнав Јаоза и неговиот хуман гест и откажувањето од сркање супа од перки од ајкула. Тоа ќе биде само прв чекор во програмата според која Јаоза ќе застане во заштита на загрозените животински видови. Целиот проект е спонзориран од WildAid, a вчера ви останав дужен за клипот, т.т. рекламатa која Јао ја сними за дотичната организација. Од неа може да се увиди дека Јаоза не само што блокира шутеви кон кошот, него и блокира куршуми упатени кон слонови и остали животни...И по се изгледа е направен од истиот материјал од кој е и Супермен. Еве, еве:
Тапа преноси, Амери, хуманиот Јаоза, мазохистот Џефрис и новата кожа на Репторси
Главните национални телевизии во САД, заедно со распоредот за новата сезона, ги објавија и своите распореди на утакмици кои планираат да ги пренесуваат во живо. Подоле можете да видите како тоа изгледа на ТНТ. Приметувате нешто чудно? Ај разбирам зошто Кливленд, Далас, Мајами, Лејкерс, Чикаго и Феникс добија по рекордни девет преноси...уствари - Не разбирам. Посебно не ако тоа оди на сметка на некои други НБА ѕвезди и екипи. И ја сакам да го гледам Леброн, Дирк, Вејд, Шек, Коби и Нешти, ама па не и ако тоа значи дека ради нив нити еднаш на ТНТ сезонава нема да можам да видам еден Кевин Гарнет, Ален Ајверсон или Пол Пирс. Посебно не по цена цели девет преноси да има од Булси?!?!?!? кои со Бен станаа страшно атрактивен тим за гледање и у Чикаго ќе делат бесплатни ручеци, а можда и викенди у хотел кога ќе убацат повеќе од 80 поени. Го нема 1.пик Барњани и новите Репторси, како и руки тандемот на Блејзерси. Само една утакмица од Аринас и Визардси. Нула од Атланта. Само по две за Орландо и Индијана. Ти-Мек и Јао добија дури три живи преноси. Затоа пак два пати ги има досадните до коска Соникси, а една цела утакмица има и од Бобкетси?!?!? Сепак, у секое лошо има и нешто добро па нема ни еден пренос од Њујорк и Никси на чело со Ајзеа. Не сум сигурен, ама сигурен сум дека вакво нешто одамна, а можеби и никад не се десило кога е во прашање Њујорк, ни еднаш да го нема на ТНТ. Уствари, тоа и не е така добра вест, зашто нема да можеме да фатиме сеир. ТНТ: Atlanta — 0; Boston — 0; Charlotte — 1; Chicago — 9; Cleveland — 9; Dallas — 9; Denver — 5; Detroit — 6; Golden State — 2; Houston — 3 Indiana — 2; L.A. Clippers — 5; L.A. Lakers — 9; Memphis — 1; Miami — 9; Milwaukee — 0; Minnesota — 0; New Jersey — 5; New Orleans — 2; New York — 0; Orlando — 2; Philadelphia — 0; Phoenix — 9; Portland — 0; Sacramento — 6; San Antonio — 6; Seattle — 2; Toronto — 0; Utah — 1 и Washington — 1. Работите не стојат многу подобро ни на ЕСПН и АБЦ каде доминираат истите фаци и екипи.
* * * * *
Америте у првиот меч, иако беше тренинг меч, ги згазија Порториканците, покажувајќи дека младите ѕвезди се решени да ги вратат работите во нормала, Нормално, тоа е само една утакмица, а стартери за САД на неа беа Крис Пол, Вејд, Леброн, Хауард и Џејмисон. На трибините се најде и Коби, со фини ретро Најки со розеви врвки врзани во машничка. Златце. За сите кои имаат Sportitalia у кабловачка радосна вест, затоа што Италијаните ќе вршат преноси од сите подготвителни средби на Американците, само денешнава со Порторико ќе иде утре како снимка.
* * * * *
Чичко Штерн се опамети по ланскиот дуел на Спарси и Мавси у 2.коло и си го одржа зборот кој го даде у тек на плеј-оф. Така, со новата промена на правилата више нема да се дешаваат такви апсурди.
* * * * *
Најголем потег на НБА пазарот овие неколку дена беше потписот на Девин Џорџ со Далас на две години. Еве ја реакцијата на тоа на момците од Association.. Не им замерам, и ја не би сакал да го имам Девин у моја екипа. Момакот покажа каков морон е лани кога одби да ја прочиа книгата (лектирата) која му ја даде Зенот. Затоа до крај на сезоната киснеше на клупа.
* * * * *
И Јао се активираше у улогата на хуманичина (сега го измислив зборов) и застана во заштита на ајкулите, од чиви перки во Кина се прави една од највкусните и најценетите супи. Иначе, косооките се најголеми увозници на перки од ајкула. Сега на Јаоза му останува уште да се откаже од јадење скакулци, змии и кучиња па да ја врати во нормала фауната во Кина.
* * * * *
Што може да се заклучи за Џаред Џефрис, кој ги замоли Визардси да не ја изедначуваат понудата од 30 милиони која ја доби од Никси? Момакот е мазохист. И тоа голем. Но, по се изгледа џабе моли затоа што Визси планираат да го задржат за истите пари. Што се однесува до Ајзеа, него, поради тоа што се некои 165752 милијарди долари над прагот за данок на луксуз, Џефрис устрави би го коштал цели 60 милиони долари. Не дека момакот е лош, ама никако не вреди толкави пари. Од друга страна пак, кога ќе се погледне составот на Никси, никој таму не ги заслужува парите кои ги лапа, освен можеби ланскиот руки Ченинг Фрај.
* * * * *
За крај, новите дресови на целосно евро-ремонтираните Репторси за следната сезона. Разликата од лани? Ја нема бојата на пурпурот, од која биле најголемиот број диносауруси...ama играчки.

Tuesday, August 01, 2006

Среќен 2-ри август! *
*-(Најдов оправдание после година дена пак да ја пуштам сликава)