Friday, September 01, 2006

Е-Лада и Е-спања(ќ)

Пред да почнам еве едно стрипче од Јеј..

А еве и цитат од момакот MJD кој со Д Кавалир од Јеј се кладеше и доби 100 долари (за курва :) ) дека САД нема да освојат злато:

[...] Somewhere, Ben Wallace, Jermaine O’Neal, Paul Pierce, Michael Finley, and George Karl are sitting around thinking, “Ah, screw you guys.” After the 6th place finish in the 2002 World Championships, they, and the rest of Team USA’s roster, were called selfish, lazy, and everything else you can think of. You know, maybe they tried their best, and everyone else was just better. You’ve just gotta give it up for the Grecians. They were extremely deep, extremely sound in the fundamentals, and just very very good at what they do. In terms of sheer athleticism, if the United States is a 100 on a scale of 0-to-100, then Greece is still like a 58. But they know what they’re doing. They can ball. How many times last night did they bring a guy in, ice cold off the bench, and then see him make a perfect play to get a lay-up? It was beautiful. It really was. And it made our game look ugly. [Break Out The Olive Oil]
Цел ден го смислувам почетокот на постов; колку и да ви се чини едноставно, не е – али ај да се опробам – САД се елиминирани, Грција оди во финале.

Она што се случи денес во Саитама беше победа на старошколска европска кошарка, против она што многумина го нарекуваа New Age Dream Team Basketball.

Пред околу година дена, на големо серев за разликата во квалитет меѓу европската и американската кошарка; за разликата во класи меѓу играчите; за тоа како Американците се „гледливи“, додека од Европејците, нарочито тогаш тазе крунисаните шампиони, Грците, ми се повраќа.

Грците денес беа одвратни за гледање само од следниве причини:

  • ако сте Американец
  • ако сте туриле пари на САД во кладилница
  • ако сте напален „патриот“ и мислите дека кошаркарите имаат врска со проблемите со името, ембаргата и тн.

Уствари, како победи „маншафтот“ (ова има повеќе разлози, еден нека биде баварското зачнување на современа Грција, друго нека биде влијанието на Рехагел врз целокупниот развој на грчкиот спорт, односно наметнувањето на германскиот менталитет и инает):

  • Имаа баш powerhouse во рекетот – младиот вепар Софоклис Скордијанидис (или како и да се чита). Софокле им наби комплекс (можда и Едипов) на Бренд, Хауард, Бош и LeBronze со својата снага, јачина, интелигенција и репертоар на потези за кои пола центри у Лигата би можеле да сањаат. Хорогче, положуење, финта шутче, улаз, отсвртување..
  • Тео Папалукас – момакот подели 12 асистенции, од кои бар 8 беа после онаква најбазична игра 2-на-2 со отварање. Тоа не е ништо нарочито - се учи у секоја кошаркарска школа. Така се игра у секое маало; стално доваѓаат двајца другари на кош, едниот покрупен и појак, другиот попокретен и поспретен, и крупниот му праи блок на овој другиов, и се отвара, при што прва опција на тој покретниот е да му ја спушти у рекет на дебелиот. Тој „покретниот“, најчесто беше Папалукас, и им одржа мала школа.
  • Блокови без топка – исто така имаше повеќе пати ситуација на изведување од страна или доле; да се примени фамозната тактика 1-2-2; која нема потреба да напоменувам дека се учи у секоја баскет школа и која е основа за сите натамошни тактики.. побогу, оној фаул-кошот на некој, не ми текиња кој, беше истото школско движење што го играат копиљаците јуниорска лига шо гаќиците им се 5 броја поголеми и им се влечат по земја.
  • Уиграноста и искуството – како што Енко вели, Грците се мање-више заедно од момчешки дани, заедно играле по кадетски репрезентации, заедно иделе у војска, заедно иделе по дискотеки, јадрото на репрезентацијата се „гаи“ веќе неколку години заедно.. едноставно, се ЗНААТ и знаат како да играат ЗАЕДНО. Тука се и ним својствените инает, луда муда, лукавост и на моменти дрскост за да сторат се` што е во нивни раце и да си го земат она што им се нуди.. а ако нема ништо на готово, ондак идат и го корнат со зуби.
  • А како изгуби Дрим Тимот:
  • Одбрана срање. Кое е тоа играње пресинг без мафтање руки. Вејд и ЛеБронз беа најочигледни примери за тоа – вејд го брка спанулис по цел терен, и не му изнуди ниедна грешка (дали лична, чекори, дупла, 8 секунди, лош пас, не е битно). Напротив, направи пар глупи лични у последна четвртина од шо не знае да игра одбрана.
  • „Стратешките пропусти“ на К. Зашто кога цел свет збореше дека Грците го цедат семафорот за напад, дека имаат спремни акции за 20/10/5 секунди до крај на напад.. он реши да ги трча неговите у напад. А против Грција, погубно е да трчаш. Против Грција се игра шах (она што го критикував лани, а сеа му се дивам, затоа што гледам дека не секој е способен да игра шах – затоа што за шах треба ум).
  • „Кадровската политика“ на К. Зашто не го форсираше Хауард, не ми е јасно. Дури и допушти во периодот кога се играше без центри, кога Јанакис го вметна Софоклис, него да го чува ЛеБронз (?!), па му правеа глупи фаули, од кои најпогубен беше неспортскиот на Хинрич.. овај Хајнрих :) и зашто не проба со Џејмисон да одговори на Фоцис, Какиузис и ним сличните високи-а-подвижни крила кои ги ребреа од полудистанца и од рекет..
  • Изгубеноста на Вејд и ЛеБронз (тука влагаат и Пол и Батие и Бош, он поише ради летаргијата него глупоќата). Абе глупи се, не знам, иде ЛеБронз на 16 секунди до крај, куца од слободно со две раце, ѕверски, на минус шест разлика?! Вејд утиња куцање, утиња слободни, утиња све.. па уште тие циничните фаци.. е глупи се стварно, она фундаментално глупи, цел свет да те глеа како се посеруеш на нечив труд. Кога К. беше доволно лековерен да им даде доверба, зашто бе не се покажаа.. уште не ми е јасно.
  • Тоа што од многу теретани, стероиди, тетовирања, сликање, стегачи, плетенки, брадички, патики, чорапи, музики, и шо ти ја знам немале време да повежбаат слободни бацања (па у маало на АМЕРИКАНКА да ми дојдат ќе изгубат со такво пуцање слободни од бедни 58%.. и сеа уствари не знам зашто се вика „Американка“ коа Америте не знаат да пуцаат слободни).. и ради ебаните утнати 20 тројки.

Денес, Американците беа послаб противник.

А тоа што се деси на Аргентина – Шпанија, иако беше крајно драматично, мене ми е у втор план. Џинобили, Носиони и другарите по јакиот почеток, ми делуваа некако „неинспирирани“, ко да играа ради реда, цело време се осеќаше „можеме да ги стасаме ако сакаме“, и кон крајот полека почнаа да се освестуваат, али за жал фрката и изгубениот осет за тесни утакмици (со оглед на тоа што исклаа скоро све по 50 разлика, на другите пак водеа цело време), изгубениот осет за играње под притисок при негатива, си го направија своето.. значи, иако Гасол и другарите изиграа солидно, мојот впечаток е дека Аргентина изгуби повеќе отколку што Матадорите победија.

UPDATE [links]: Патетични Амери се тешат дека ко ќе го викнеле Шек у екипа ќе тепаат на Олимпијада

Баскетбол Џонс, има цимер Грк и праи пренос у живо на блогче [МОРА ДА СЕ ВИДИ!!!]

Мои фаворити од Џонс:

  • Starting 5 for USA: Anthony, Joe Johnson, Brand, LeBron and Hinrich. As for Greece:? Um, I’m not writing that down. Just imagine a lot of l’s, o’s, and u’s…
  • Heavy Greek support in the crowd, banners all the way down. When will the NBA start doing this?
  • Hairy Greek man with a beard for 3! Early on its 13, 12 USA. (And I can’t stress the word “early” enough. *Chugs coffee*)
  • Greece hits another 3! What the “Hellas” going on!? (Oh man, I was saving that one.) Greece up 12.
  • Grish (цимерот Грк): “Break out the Ouzo, baby!”
  • Seriously, how do you say “pick and roll” in Greek? Delta Phi Sigma?
  • OPA! It’s over. 101-95 Greece. Somewhere in the world Kobe Bryant is smiling…
  • и у коментари следи:
  • Tas Melas just broke all the plates in his house. (другар му грк - умрев од смеење)
  • i, too, made the mistake of staying up to watch this embarassment…i had nightmares of balki bartakamos and cousin larry smoking me with the pick-and-roll all night last night (балки бартакамос ааааа)

Клик тука за пуна порција смешки

21 Comments:

Blogger chote said...

Добар осврт младичу. Ја исто навивав за Хелас, не сум на чисто уште зашто, ама навивав. Така ми дојде.
А ко ќе ми текне само дека навивам за Јанакис...
Ќе биде јако финале.
И.
Шпањолска биќе шампион света.

9/01/2006 09:46:00 pm  
Blogger Shepard said...

знаеш ја за кој сум.. него цитатче ушедно, ме мрзи во постот да го уметнам, а и онака иам баш за тоа зборено:

As they warmed up before Friday's semifinal against Greece, the U.S. players put on a jam session for the fans.

Dwight Howard dunked emphatically. Dwyane Wade bounced the ball off the backboard, caught it and stuffed. Elton Brand jammed an alley-oop pass. Finally, LeBron James flew down the lane for a tomahawk.

As the crowd roared, the Greeks lined up at the other end and shot free throws. The moment foretold Greece's 101-95 victory in the semifinals of the world championships.

9/02/2006 01:49:00 am  
Anonymous chale_v said...

Срочено тамам.

Јас сакав овој пат да осовјат злато Америве, ама против играчи како Дијамантидис (Џоле Војнович стварно) и Спанулис (Ивано Балич) и со постојано форсирање шутеви за 3 на Америве од кај стигнат, можда другпат.

Иначе у финалево сакам Шпанциве да ги бричат комшииве. И Шеп Гасол да закуца преку гадон Папа-до-курос. :)

9/02/2006 03:43:00 am  
Blogger Shepard said...

спанулис = шеле од соколи..

9/02/2006 04:13:00 am  
Anonymous observer said...

Абе, никој не спомна за повредата на Гасол. Ќе игра, нема да игра ?

9/02/2006 10:25:00 am  
Blogger retry said...

Ako igra, kje igra povreden. I vaka i taka Grcite se vo prednost sega.

9/02/2006 10:54:00 am  
Anonymous Boromir said...

Da vi kazam po cetvrt finaleto so Germanija,ocekuvav amerite da izgubat od grcija,i taka se kladev. Me zaeba argentina na livceto.Neznam zosto igraa tolku slabo?U zivot ne sum gi videl postaticni u napad.I ona koga go ostavaa manu da igra 1 na 1,a site drugi gledaa,na amerite me potsekaa.A vistinska katastrofa e povredata na Gasol. Sega grcite ke si tepaat 15 razlika.A kladete se deka amerite ke go jadat i za 3to mesto.I toa uste pojako!

9/02/2006 12:18:00 pm  
Blogger flight 75 said...

Му текна на Леброн да се разбуди за трето место...Значи, ипак имал 21 година...

Тек денес се виде колку значи психологијата...и од двете страни

Аргентинците се осудија да играат америчка кошарка против САД, хахаха....

А, Гасол нема да игар у финале, пак ќе гледаме делта-фи-сигма....

9/02/2006 02:39:00 pm  
Anonymous observer said...

Gasol definitivno ne igra !!!

9/02/2006 03:21:00 pm  
Blogger Shepard said...

ја па не глеав.. мислев утре е малото финале.. да ти се насерам у јапанците..

9/02/2006 03:30:00 pm  
Anonymous Crazy said...

Штета за Гасол и за Шпанија. Сепак сакам да го јадат нашите "мили" соседи.

9/02/2006 08:49:00 pm  
Blogger JumboMkd said...

Леле Грциве ќе станат свеЦки шампиони и во баскет, не ми се веруе!!! До кај стигна светов

9/03/2006 09:23:00 am  
Blogger Shepard said...

денес шпанците се погрци и од грците..

9/03/2006 01:57:00 pm  
Blogger flight 75 said...

Фала Богу......
Шпанците заслужија...Со исклучок на мечот со Аргентина, беа апсолутно доминантни....

А, полека го губат и тој епитет на лузерска нација - после толку години на врвен спорт - конечно почнаа да освојуваат - прво ракомет, сеа и кошарка....ај и фудбал нека биде следно....

9/03/2006 02:39:00 pm  
Anonymous Boromir said...

Mnogu sum sreken! Grcite si dokazaa deka balkanska ekipa neznae da igra kako favorit. A i konecno im se osveti toa sto se na 23to mesto od 24 ekipi na svecko,u ofanzivni skokovi.Spancite i bez Pau,bea skokacka masina.Sakam vaka koga pravdinata izlaga na videlina

9/03/2006 04:06:00 pm  
Blogger марче said...

повратак џедаја :)) го глеаф само полуфиналето и финалето од свецково (останатите утакмици ги пратеф само преко телетекс) и мислам дека после неколку години стагнација кошарката почнува да се движи у права насока. нема веке фаворити и ауцајдери, нема веке шампиони и предизвикувачи, нема веке европа и америка, нема веке нба ѕвезди и гастербајтери од преку барата, ничег више нема јооој. ептен ми е ќеф за шпанија што биднаа свецки првак... дури и без гасол и ептен ми е ќеф што грција играа у финале и изгубија :)) не дека сум патриотски настроен ама стварно не ја личи грчка за свецки шампион у баскет. американците извадија супер тим кој иако не се шампион пак цел свет знае дека се убедливо најбоље момчад со убедливо најбоње поединци :) тоа протиф грција беше повампиреност на грците а не лош ден на америте. после мислам стана лош откако изгубија :) и дрим тим еден да играше тој ден протиф грчка ке изгубеше :) се кладам :) како и да е убава завршница на спортските репрезентативни збиднувања за оваа година :)) еее сеа со нетрпение ја очекувам новата енбеа сезона :) моиве санси со трампиве слабо баратаат... изгледа истиот филм као лани. донеси шутрак да игра со неш и после продај го :)) ај здравје боже може наваро ќе го земат годинава :)) ај така момци поздраф па нека победи најдобриот :)

9/03/2006 05:54:00 pm  
Blogger beto # 6 said...

Марче у коментаров шо го остаи има 11 смајли(ња)


Иначе шта се тиче првенствово, иам да изнесам 5 факта.


1. Шпанците незаслужено земаа свецково, имаше и боље репрезентации од нив.

2. Американците немаа искуство. Барем со Грчка требаше да игра Бред Милер малце. Ради тоа шо е едини претставник на предходниот “дрим“ тим.

3. Грците реално требаше да станат и светски прваци. Алал вера, од нив да глеаш и да научиш што е одбрана(најбитниот сегмент у кошарката) и тимаска игра. Се поебаа на главната текма, али јебига се дешава. Или ко што рече Ников, горе-доле ќе го имаат и на идното светско истиов тим.

4. Аргентина ти се тим без срце. Можда и најјаки, али треба да се гине на терен.

5. под 5, најбитното... МАРКО БЕЛИНЕЛИ Е ЅВЕР.

9/03/2006 06:31:00 pm  
Blogger марче said...

more malku se 11 smajlinja :)) vesel mi e denof ostaj! :)

9/03/2006 11:43:00 pm  
Blogger retry said...

Argentina nemashe motiv, a ni krv protiv USA. Da igraa vo finale so niv kje produzhea so ist stil na igra kako vo prvata chetvrtina. Vaka se opushtija i najverojatno ne go sfatija znachenjeto na bronzata.

Chote, dobra prognoza shto se trona tiche. Ali zgreshi koga reche deka kje bide dobro finale.

9/04/2006 08:11:00 am  
Anonymous Boromir said...

Bese super finale!Sto seir se isnapukav! Pogotovo megu treta i cetvrta cetvrtina, koga na Yanakis mu pukna film i go otera Papaloukas u tri picke lepe materine:). Samo cudna odluka Gasol-MVP,koga bez nego tepaat 30 razlika u finale.Demek ako igrase on ke tepaa 50:).A i koga igrase,pak odmarase po 10-15 minuti.Edinstven nezamenliv u timot, bese Garbajosa.40 minuti sekoja vecer,poeni,skokovi,odbrana,asistencii. Srce i dusa!

9/04/2006 03:13:00 pm  
Blogger retry said...

Boromire, ne zaboravaj deka Gasol i koga igrashe po 15 - 20 minuti beshe centar na vnimanie na protivnichkite igrachi. Samo da stoi na teren i nishto da ne pravi, do nekoja granica go obeshrabruva protivnikot. E sega toa shto ne igrashe protiv Grcija na nekoj nachin mozhe da se protolkuva kako srekja vo nesrekja: Grcite gi potcenija Shpancite mislejkji deka bez Gasol se kako Miami bez Shaq, a i samite Shpanci chuvstvuvajkji deka se osakateni napravi da dadat se od sebe za da se ublazhi toa otsustvo. Sepak ne sakam da prognoziram shto bi mozhelo da se sluchi ako Gasol ne se povredeshe, mozhebi sklopot na okolnosti kje beshe takov shto i Grcite bi pobedile, stvarno ne znam.

A toa deka Garbajosa e igrachishte, igrachishte e. I Caldernon isto. Raptorsi kje ispadnat shupaci ako ne ima dadat jaka minutazha u narednava sezona (za lanskata da ne komentiram). Navaro beshe standarden, ne tolku superioren kako na evropskoto lani, no sepak dovolno za da se dobie tronot. Ipak Gasol e chekorche pred niv pred se zatoa shto e naviknat na leadership, znae kako se dobivaat utakmici, i normalno psiholoshkoto vlijanie shto go ima kaj soigrachite i protivnicite. Mozhebi neshto slichno kako Nowitzki, samo shto okolu sebe ima mnogu potalentirani igrachi.

9/04/2006 08:53:00 pm  

Post a Comment

<< Home