Friday, March 31, 2006

Мок драфт шабанерија + Реџи в пензија
Вечер на Спорт 4, ќе ја следиме Детроит - Милвоки (од 2 или 3, не знам дал е поместено времето во САД).. еве привју за утакмицата, а најавен е нов коментатор, непознат на нашата јавност. Не е поврзан со МакНБА, но му пожелуваме убава и успешна работа.
* * * * *
Се ближи драфтот, богати, а мие абер немаме од НЦАА овде. Еве го мок драфтот на Хупсхајп, во кој ко нивен фаворит е наведен Тајрус Томас, кој го иам видено пар пути, и освен што е инзвонреден атлета не ми остаил впечаток. Споредба со Тајсон Чендлер?! :( „Плачковците“ се проектирани малце потаке, Морисон на 4то и Редик на 11то. Они па споредени со Хемилтон и Ред? Мислам, Ред и Редик ради презимето.. али друго нема?!
* * * * *
И нбадрафт.нет го ставиле ко прв Томас (тоа значи дека нема да биде прв, а го споредиле со друг прв пик, Кенјон Мартин), а тука Морисон е втор (ради бркот, а зиглеа ради името е спореден со Лери Бирд?!?!?!?). Редик го бутнале на 16 место (веројатно ради мизерниот настап на Турнирот, но најлошото следи допрва - го споредуваат со Дражен!!!).
* * * * *
Знам дека сте без коментар после ова, па да ве орасположам.. еве ја, домаќинката:
* * * * *
ОК, знам дека сеуште сте без коментар. Затоа еве малце за нешто што се дешаваше синоќа во Индијана, освен поразот на Пацерите од Зајдисонцата. Дресот на Реџи беше дигнат, таму негде, високо, во Консико, покрај Роџер Браун, Џорџ МекГинис, Мел Дениелс и 529-ката на Слик Леонард.
Еве ја и страницата посветена на Реџи, а во продолжение клипче од церемонијата и топ-5 моментите од неговата кариера.

Thursday, March 30, 2006

Гоце Ви. ин да хаус, Хоукси, finally LeBron и 10-ка со кромид у New Jersey
По Теко, кој ни прати фотки од Чикаго, и Зналац, кој ни е инсајдерот од Торонто, д лејтест член на МакНБА фамилијата* стана Гоце Ви., кој е нашиот фото (а зашто не и за понекој текст) извор од даун саут, Флорида, поточно Мајами. Гоце Ви ја немаше таа среќа како ја да ја гледа Мајами-Инди на НБА ТВ у понеделникот, па мораше да се утеши со следење на утакмицата од трибините он д фејс оф д плејс. Еве и некои фотки од таму, некои од нив малце се мутни, али го ома најважното - чирлидерки. Плус, една фотка е од гужвата меѓу Неандерталецот Хаслем и Џермејн. (*) - Макнба Фамилијата до сеа е: Шепард, Каракаш као родители (само кој е татко, кој е мајка појма неам?!); Ивица, Двр, Бето, Боромир и тројцава инсајдери ко деца. Ко Есма сме! Сите сте наши деца! :)
* * * * *
Да не биде после - Не сме пишувале за колеџ баскет.
* * * * *
Леброн конечно, у својата трета година у лига ќе игра плеј-оф, откако со победата над Мавси, Кливленд се пласира у разигрување за прв пат по 1998 год. Единствен член на овој тим, кој бил со Кавси и тогаш е Зззззззззиииии, а сегашниот генерален менаџер Дени Фери тогаш беше закован за клупата. Екипи кои имале поголема апстинеција од играње на крај на април и у мај се само...супрајз, супрајз-Клиперси и Вориорси. Покрај ова, Леброн стана и најмладиот играч у историја на НБА со 6000 поени зад себе. Колку да нема забуна, Леброн има 21 година:) и 89 дена. Д скај ис д лимит.
* * * * *
Море џабе Ол-Стар играчи, џабе Лери у канцеларија, џабе плеј-оф пласман. Пејсерси да мораа секоја вечер да се среќаваат со Хоукси немаше да видат бел ден. Мајне јатребс сезонава ја завршија со 4-0 у дуелите со Пацерси. Ај сеа да ве видам.
* * * * *
Нетси со Мемфис изедоа десетка со кромид, и тоа по втор пут сезонава. Го одбраа вистинскиот момент кога да рипнат у форма, исто како и лани. Иако мислам дека немаат никакви шанси у плеј-офот на Истокот, свака им част за оваа серија, која лесно можат да ја продужат на уште понекој ќебап.
* * * * *
Cабајле ја глеав Лејкерс-САС. Знам, знам, сеа сите вие фанови на Лејкерси ја излигавивте тастатурата. Ќе пишам нешто после, мада нема што да се пишува. Ај.

Wednesday, March 29, 2006

Deeeetroooit Baaasketbaaalll + Тони ко у најбољи дани
Вчера беше вуната. Две екстра утакмици (или три у два дена ако ја бројам и Инди-Мајами), помеѓу плеј-оф екипи, од кои една од нив можда ни беше и најава на можно Финале. Ако е така, онда немам ништо против да за три месеци ги гледам Детроит и Далас (комплетни) како се рваат за Лери ОБраен. Паралелно ја следев таа, а и Феникс-Милвоки, која почна пола саат покасно. И иако очекував таа у Детроит да биде ептен поинтересна (што на крајот и испадна), онаа у Милвоки не заостануваше многу. Ни по атмосфера, ни по квалитет. За Пистонси и Мавси мислам дека секој коментар е сувишен, зашто и двата тима покажаа зашто го имаат скорот кој го имаат у моментот. Плус, Мавси беа без двајца екстра битни играчи у Џош Хауард и Девин Херис, и пак се држеа до крајот, најмногу поради борн аген типовите како Стек и Ван Хорн. И двете екипи покажаа зашто се на врвот, но и зашто лесно може да се деси да не заседнат на него у јуни. Но, да не го упропастувам впечатокот по одличната игра на двете екипи. Што се однесува до Милвоки, таму, како и кај нас, продужи затемнувањето на Сонцето. Уште кога видов пред да почнат дека Амаре пак е у цивилка на клупа, знаев дека не им се пише добро на Санси, кои беа истабани ко Грчка у Њу Џерси. Надеж дека тоа нема да се повтори беше повредата на Ти-Џеј Форд, па на негово место старташе Бел, за прв пат, кој отиде директно на МВП-то. Но, баш Бел беше мадафаката на средбата, завршувајќи со првиот трипл-дабл у кариерата. Вториот мадафака беше Тони Кукоч, ради кого и пропуштив дел од Дет.-Дал., барем дури он беше у игра. Како у најбољи дани, Куки си играше со Мерион, Дио-Диао-Диав-Диа и остали Санси, правејѓи ги будали и правејќи го Ден Гаџурич играчиште со своите асистенции. За Тони одувек сум имал огромна почит, затоа што тој, заедно со Петро, е првиот човек од екс-Ју поради кој сум фатил баскет у раце. И на 37 години вчера покажа дека е поголем играч од 80% од дечарлијата низ лига. Д уан енд онли, Тончи. За малце ќе заборавев, по се изгледа толку од Амаре сезонава. Се изнагра, цели три утакмици. Момакот е на само 30% , а под знак упитник е дека уопште ќе се врати за плеј-оф. Кога врне-истура...и нигде не се гледа сонцето. Така викаше баба ми.
* * * * *
Ми се пишува и за табањето на Клиперси сред Ел-Еј без Ева Паркер, за табањето на Кингси сред Арко од Аринас-лес Визардси и за шутот за победа на Реј Ален, кој ги фрли во вода 44 поени на Гасоламабад, а и за41 поени на Џи-Волас, ама брзам, брзам, не можам....ај покасно ќе ставам една допуна. Од допуната ништо, бев на МЗТ-Струмица досега, па до на работа да пишам текст за утрешен весник. Да не биде без ич, еве фотка за асалниот муабет кој се разви за Брус Боувен у коментарите. Боромир, имам надимак за Брус, више некое време, ама не ми текнало да го пишам. Отсега типот е The Bouwen Collector.

Tuesday, March 28, 2006

Пацери
Кога синоќа ѕирнав дека у исто време со Мајами-Инди, играат и Њу Џерси-Феникс, ми стана криво како НБА ТВ не ја дава вторава наместо првата. Само пет минути беа доволни да сконтам дека треба да бидам благодарен што стварно не се одлучиле за пренос од мочуриштето. Дуелот на Флорида ми беше чист доказ зашто ги ставивме Пејсерси таму каде што ги ставивме на нашиот Пауер Ренкинг и зашто со трејдот Пеџа за Рон, барем во оваа сезона, изгубија повеќе отколку што добија. Исто така, оваа средба беше показател зашто Мајами е само петти на истата листа. Синоќа се одеше во корист на Инди, барем до полувремето. Почнаа јако и преку Џекес Џексон, кој убаци 17 у првите две четвртини, беа у контрола на резултатот. Чат-пат ќе му помогнеше некој од другите играчи, а Вејд беше изгубен у нападот, така да Шек мораше сам да се рве со старото му другарче Полард. Малце-помалце, Индијана си правеше предност, која у старт на 3. чет. стигна до плус 14. Момент у кој веројатно требаше (да беа асална екипа) да го скршат противникот се деси на пет и пол минути до крај на првото полувреме, кога у борба за скок се закачија Хаслем и Џермејн. Е сеа, ако му се верува на првиот, Џеј-О намерно го повлекол за рака, ако му се верува на вториот, Јудонис намерно сакал да му ја свитка раката и да го повреди. Мене ми личеше како да е нешто измеѓу двете, али она што следеше беше најдоброто од целиот хаос. Хаслем, како Неандерталец на спид се залета кон Џермејн, почна да прави лудачки фаци и да мафта со прст накај него. Да не беше Шек, кој за да спаси ситуација, го грабна Џермејн за врат и го одалечи од поголем инцидент. И кога се тргна на страна, Јудонис продужи со пубертетли однесување, за што заслужено си лапна техничка, која исто така му беше свирната и на Ол-Старот на Инди. Судијата за борбата за скок му свирнаа фаул на Хаслем, кој збесна и почна (уствари само продужи да јаде бурек), за што сосема заслужено беше испратен на ладење у соблекувална. Следеа слободни за Инди, а само една минута подоцна, на Вејд му беше свирнат фаул у напад, по кој и он почна премногу да прави муабет со судиите за што си лапна техничка. До крај на полувремето, техничка си лапна и клупата на Мајами, а на Шек му беше свирнат намерен (и беше) фаул над Фостер. Плус, на два-три пати домачините имаа дефанзивни три секунди, по што следеа нови слободни за Пејсерси. Од пештерското понашање на Хаслем, па до крајот на четвртината, Мајами утна 11 напади по ред, а Пејсерси се изнашутираа слободни, но наместо да им направат плус 20, тие ги оставија Хит у игра. Тоа им се удри од глава во второто полувреме, кога Џекес престана да погодува, а Пеџа и Тинсли пуцаа како никад да не виделе баскет. Џеј Вилијамс и Шек убација по 11 поени у тој период и на крај изедначија на 71-71. Инди се држеа некое време на егал, но полека паѓаа, а кога се разбуди и Вејд се беше готово. До крај, никој не се најде да го надопуни Џексон, а за тоа како одиграа сите освен Џермејн, кој се мучеше со болки у бутот и ипак убаци 17 и 7, како и Полард, кој мушки се изнамучи со Шек. Пеџа, Тинсли и остали беа како у епизода на LOST, а Џим Кери не успеа да ги разбуди. Од тоа, а и од она против Детроит у петокот, можеше јасно да се види дека на Инди и фали идентитеt, карактер, кој, иако луд, им го даваше Рон. Кога го дадоа за Пеџа, тие буквално мењаа одбрана за напад, а сите добро знаеме што носи победи у плеј-оф, па и титули. За Пејсерси има надеж, зашто потенцијалот се уште е таму. Сега се е на тоа колку брзо Џермејн ќе се врати на 100% и колку бргу ќе се навикне да игра у новиот систем. Моменталната позиција кажуе дека не им се пишува на арно, зашто ќе мора да се намучат да стигнат до 5. место на Истокот и да играат против Кавси у 1. рунда. Иначе, тешко нив. Да не бидам сфатен погрешно, ни Мајами не ме импресионираше, али фактот дека иако беа како муви без глави у задњите пет минути на 2. чет., тие у второ полувреме се вратија у живот и со одбрана и одлична игра на Белото Чоколадо ги решија Пејсерси, кажува дека имаат повеќе карактер од Пејсерси. Бај д веј, Шек погоди 11-14 од слободни. Поврзано со Мајами, еве и се што сакате да знаете за нивните чирлидерки.
* * * * *
Нетси не се првиот тим кој успеал против Детроит да одигра флегма утакмица, но дефитивно се првиот тим кој успеал у две вечери да ги тепа Пистосни и Феникс, и тоа со два тотално различни стила на игра. Свака част, изгледа дека и како лани, кога у задњи ден се протнаа у плеј-оф, Нетси почнуваат да играат најдобро на непун месец до крај на сезоната. Неш е само третиот актуелен МВП, кој не убацил ниеден поен на утакмица за најмалце десет минути на терен. Другите двајца се Вес Анселд и Бил Расел. Башка тоа, и Амаре заврши со компир.
* * * * *
Малце ретро видео. Постарите од вас сигурно се сеќаваат на SWAT тимот, составен од најдобрите блокери, мада не ми јасно што мајка тука бара Алвин Робертс. Пазете го првиот блок:)
* * * * *
Уште едно ретро видео, испунето со куцања, bloopersi и остали потези. Пазете го Шон Бредли пута два.

Monday, March 27, 2006

BIG CHARLIE V ROCKS THA HOUSE...+ Зналац ин д хаус
Vince WHO? [click to enlarge, екстреееееемно јака слика, скенисана од СЛЕМ..]
Мојот после Коби омилен играч, Charlie Villanueva, за кого пишував [КЛИКНЕТЕ, ОГРОМЕН ТЕКСТ Е У ПИТАЊЕ, А ВИЕ НЕ ЛИСТАТЕ АРХИВИ!!!] го растресе Air Canada Center.. Иако усрал на крај и Репс изгубиле, сепак.. 48 поена од ќелафото.. свака част.. за три поена не го побил рекордот на Картер..
ЅВЕРОТ Е РОДЕН..
* * * * *
Допунско бај КАРАКАШ: Ја за Чарли знам уште од времето кога беше еден од најдобрите средношколци во САД и кога сите викаа дека како таков ќе се пријави на драфт. Арно ама, откако го пишманија дека нема да биде избран високо, он си отиде по диплома на Конектикат, со кои и стана шампион, иако не беше главна карика у тимот. Како и да, и ја го пљукнав малце потегот на Бабкок да го избере како 9. пик кога у екипа го има Бош на иста позиција, али тоа беше повеќе ради Бабкок, отколку ради Чарли. Оние што навиваат за Атланта (сите двајца) знаат за што зборам. Како и да е, Чарли на сите им ја затна устата со партијата против Бакси, и тоа у директен дуел со 1.пик Андрија Богут, кој у задњиве месец дена не личи на играч кој би требал да биде избран како прв. Поврзано со Чарли Ви и Репторси, од денес имаме нов НБА инсајдер, директно од Торонто . Тоа е Зналац, кој оставаше и претходно по некој обемен коментар. Тој ја гледал Милвоки-Торонто, како и еден куп други утакмици и сака нешто да ви каже:Прво за Charlie V – вчера одигра феноменално. Не само заради шут 20-32, туку и заради тоа што во последна четвртина сам се надигруваше со MIL на нивни терен. Постигна 16 од 23 поени на TOR во последна четвртина и 4 од 7 во продолжение. Овие 48 за TOR се повеќе битни од некои други причини. Лани после драфтот многу плукаа по овдешниот GM (тогаш Babcock), во стил „што земаш четворка, кога само четворка (Bosh) ти е сигурна во тимот". Ова беше прва утакмица во последно време кога Bosh после 6 минути мораше да излезе поради мала повреда и Charlie V покажа дека може и тоа многу. Битно е и поради тоа што баш пред некој ден Mike James кукаше за пари по весници, и тоа со изјава „па и јас сакам да можам жена ми да ја однесам на Бахами". Инаку, одмор на Бахами кошта колку 1-2 просечни плати и нормално, изјавата беше прогласена како глупа и некоректна. На MoPete му истекува договорот догодина, Bosh треба да добие extension на договорот, дебитантиве имаат кратки договори, а Colangelo ќе треба да реши кој останува, кој си оди. За другите утакмици што ги гледав вчера. Ептен ме заредија–1:00 IND-PHI, 3:30 MIL-TOR, 7:30 DET-NJN, 9:30 LAL-NOK. За IND-PHI мислам дека и таму одеше, така да не би коментирал – или ај малку, тапа утакмица. Али оваа DET-NJN беше пристојна. Посебно што е се поочигледно дека „знаењето" на Flip доаѓа до израз. Вчера беа издишани балони. Освен McDyess и Delk, славните All-Star играчи завршија со 15-53 или 28% шут. А посебно Chauncey и Rasheed беа мизерија. Во вторник им доаѓа DAL (кој во ноември ги уби со 37 разлика), а во недела PHX. Мислам дека ќе се види дали DET беше добра екипа со лош план или просечна екипа без план. LAL без проблеми ја добија со NOK затоа што овие хронично имаат проблем да го одржат темпото цела утакмица. Kobe стандарден, Lamar се подобар во последно време, Kwame – player of the game. Во врска со LAL имаше од некого коментар како тоа DET убаво ги решил 2004. Не сум за Lakers, ама поштено кажано, тие што ја прочитале "The Last Season" на Phil Jackson ќе потврдат дека и самиот вели дека тоа бил најнедисциплинираниот, најсебичниот и најисфрустрираниот тим што го водел. Целата идеја со Payton и Malone беше промашување. Посебно е остар кон Kobe. Затоа и се изненадив што така брзо реши да се врати. Велкам ту д фамилијата, Зналац.

Sunday, March 26, 2006

Мамузарење on top of our power rank...
Една од најпревртливите и најсомнителните сезони привршува.. а мие да се произнесеме, за прв пат пред плејофо.. 30. Portland Jail Blazers aka Mystics 20-49 Shep’s take: Во последните 10 утакмици се 1-9, веќе немаат ни теоретски шанси за плејоф, а Darius Miles кој требаше да биде некој фактор, го преспал шутараундот. Црно им се пише. Каракаш: Уште кога почна сезоната немаа теоретски шанси за плеј-оф. Си го оправија имиџот и више не се Џејлблејзерси, ама па не иде ни како Мистикси. По црно од ова, само у Пич Блек. 29. New York Titanics 19-49 S: Малце пркнаа, ама караниците на дуото Starbury & Franchise со Coach Brown не им идат баш у прилог. Мора од корен да се преораат за догодина. К: Мислам дека се што може да се каже за нив, напишав у овие недела дена. Еди Кари да се впрегне, па до следната сезона нивната сигурно ќе биде изорана. Море Ајзеа да се впрегне... 28. Charlotte Bobcats 19-51 S: Оваа сезона екипата им беше амбуланта, но, бар играат со некој дух.. ваљда ќе се соземат догодина. Убедливо најмал salary cap.. и немаат што да изгубат. Типичен почеток за expansion team. К: Оваа сезона се како епизода од ER. Ептен ги уништи повредата на Мека, кој бај д веј ја заврши и сезоната. Секако можеа подобро, ама и така овие три-четири први сезони се пубертетски за рисчињата. 27. Atlanta Hawks 21-46 S: Дуото Josh & Josh, како и другарчињата нивни Harrington, и особено напалениот Joe Johnson ветуваат, но оваа сезона единствениот нивни успех е тоа што не се последни. Една од најатрактивните екипи, however. К: Аааа, мај софт спот. Полека, веќе следната сезона ќе биде боље. У АТЛ сезонава паднаа и Детроит и Спарси, а Џо созрева у играчот за кој дадоа 70 милиони минатото лето. Плус, и Џошовите, како и Марвин се разиграа после Ол-Старот. 26. Seattle Supersonics 27-41 S: Може требаше да им дадеме подобра позиција, но тоа што малце ко да се подобрија во последно време, не го пере резилот од почетокот на сезоната, па наваму. И они се низ некој процес на реоформување, но едно од поголемите разочарувања сезонава. Само 12 победи против западни екипи – тука лежи зајакот. И наслабата одбрана у лига.. К: Е, знаат они кај е зајакот...у Портланд. Нејќеа да му дадат пристојни пари на Нејт МекМилан, кој ги оправи, па овој си отиде кај Блејзерси. Така им треба. 25. Houston Rockets 30-39 S: Нека не ви мачка очи резултатов – сем Yao, нема ниедна светла точка таму.. Houston, we have a problem.. само една победа во сопствената дивизија.. К: Џабе Јаоза колку и да е гладен, кога го нема Ти-Мек да му помогне. Дефинитивно најголемо разочарување сезонава. Нека бидат среќни тоа болките во грбот на Трејси да не се хронични или е Грент Хил ол овер агеjн. 24. Minesotta Timberwolves 28-41 S: 8-27 на гостински терен, Garnett упорно е меѓу најдобрите и оваа година, одбрана нула, елан ич, мрскотија за гледање, ептен разочарувачки.. К: Најмрскотија за гледање. И кога ги имаше сезонава, нејќев да ги гледам. Иш. 23. Orlando Magic 26-43 S: Магионичариве без Francis играат подобро отколку со него.. Миличиќ од кога прејде ваму, има 7 поена и 4,5 скока за 20-тина минути.. башка олеснет платниот список.. ќе ги биде, ама сезонава отиде во неврат. К: Ќе ги биде...некад. 22. Toronto Raptors 26-43 S: И они се пркнати у последно време, Charlie Villanueva ги изненади сите, пошто е после Chris Paul најдобар дебитант, Bosch игра неверојатно, 14-20 се дома. К: Чарли Ви е мадафака у задње време. Коланџело само уште повише ќе ги оправи преку лето. Мајк Џејмс, Мајк Џејмс, Мајк Џејмс, Мајк... 21. Golden State Warriors 29-38 S: J Rich е тука ако го нема или го има ама не е целосно здрав Baron, сепак многу се нестабилни. Атрактивни, со шуплини во одбраната, а и покрај пар солидни високи играчи, ги дува промаја у рекет. К: Море, ја не би ги ставил вака високо. Без Берон се ко без глава, ама па и такви го тепаа Далас у гости. Мајк Монтгомери, ова беше твојата втора и последна сезона во НБА. Чао. 20. Boston Celtics 29-41 S: Paul Pierce во било која друга екипа ќе беше кандидат за MVP. Не ги бива, едноставно. Немаат ниеден солиден плеј, ниту центар, и затоа ги шибаат кој стаса. 9-26 на гости. К: Нема ништо освен дабл Пи. Ни игра, ни кондепција, ништо, нада. Зулендер, Делонте и Гомес понекад ќе се разбудат, ама и мечките почесто се будат од зимски сон од нив. Не им се пише добро ни у иднина. 19. Chicago Bulls 30-39 S: Деветти на истокот (?!), тотално неличат на ланскиот тим, веројатно дека немаат баш некој крупничок па рекетот им е небранета територија. Chandler може да глуми у Пријатели. К: Рекетот им е Ничија Земља. Мислам дека толку од Скајлс. 18. New Orleans / Oklahoma City Hornets 32-35 S: Изгубија 10 од последните 11 утакмици.. папсаа. К: Исправка...се пишува - папсава:). 17. Utah Jazz 32-37 S: АК47 конечно е здрав, меѓутоа само фикција им е разигрувањето во моментов. Мислев дека има потенцијал таму, но очигледно сум се прешол. Реновирањето ќе им потрае, а во меѓувреме Deron Williams мора да добие повеќе минути на терен (иако и за неговите 27 што ги добива во моментов има солиден учинок). К: Бузер се врати и игра доста добро. Калашњиковот е ол-араунд ѕвер, а и Мемо понекад ќе одигра одлично. Ама, џаба све тоа кога нема бекови кои ќе повлечат или па ои барем ќе знаат што бараат на теренот. 16. Philadelphia 76ers 32-37 S: Ги гледам во моментов, и се чудам по кој основ ќе влезат во playoff.. ќе го јадат таму неизбежно, но со Iverson и два-тројца околу него не можат да очекуваат ништо повеќе. И Ivy, и особено C Webb ги трошат последни залихи на енергија бидејќи веќе ги јаде времето, а немаат никаква поддршка, апсолутно. Најслаба клупа, будигора одбрана и 2-9 во периодов. К: Штета за Ален, стварно штета што е опкружен со такви момци и со не-тренер како Мо Чикс. 15. Milwaukee Bucks 34-35 S: И овие се меѓу најсомнителните тимови.. не знам, стварно не знам. К: Не знам ни ја...ама еве ги пак. Ништо не прават. 14. Indiana Pacers 35-33 S: Jermaine is back, али немаат јадро. Догодина може ќе бидат бољи. Ги глеав 2 пути по ред, сумњиви се и они. Сепак, четврта одбрана у лига, едина надеж. Беа појаки со Артест. К: Беа. 13. Sacramento Kings 35-34 S: Ron Ron ги препороди, почнаа да се јачаат, им фали малце хемијата, ама може да изненадат. Од фрка екипа, се престорија во една од постабилните. Секоја чест на управата за мудриот потег. К: Питри е геније за трампи. Само уште у лето да го отпушти Аделман и све ќе биде супер. И сезонава можат да заебат некој у плеј-оф. 12. Los Angeles Lakers 37-34 S: Пред нив се 11 утакмици, од кои 8 дома. Kobe преброде една мала криза, а за тоа време доби значајна поддршка од Lamar Odom, кој после скоро две сезони почна да личи на играчот за кој го дадоа Shaq. Ваљда нема да се исклизаат ко лани, а што се однесува до пост сезоната, ќе видиме. Никогаш не се вели никогаш :) К: Никогаш:) 11. Washington Wizards 35-33 S: Имаат чудни статистики, а сепак се во конкуренција. Дувниветре екипа се. И они се изобличени од лани. К: Или...развигор екипа. Нема ништо и од нив. 10. New Jersey Nets 39-28 S: Сем триото Carter – Jefferson – Kidd, го имаат и разиграниот Крстиќ, имаат слаба конкуренција на Атлантскиот брег и ќе бидат трети на Исток. К: Тоа кажува се за тоа колку е јак Истокот. 9. Cleveland Cavaliers 40-29 S: LeBron игра ко вонземјанин, ама тоа шо му фали на него, е кобно за екипата – стабилност у четврта четвртина и давање гас кога е густо. Солидна ротација имаат по доаѓањето на Flip Murrаy, и дефинитивно нема да се повтори ланскиот пад. К: Нема. А и Леброн почна да станува клач играч. Ќе бидат незгодни за било кој противник. 8. Los Angeles Clippers 40-28 S: Brand има жестока сезона, Кaman е здивен, тимот игра како никогаш порано.. огромно изненадување. Најдобар скокачки тим (!). И блокерски (!). К: Ете...и тоа се случи. Судниот ден се ближи. 7. Memphis Grizzlies 40-29 S: Челична одбрана со која се изедначени со ланските финалисти.. Гасоламбад конечно игра машки, а имаат и некоја убава рамномерна офанзива, и јака ротација. К: До брадата е...верујте. Едно жилетче ќе им биде доволни на нивните плеј-оф противници. Стабилна екипа, секоја чест на Фратело что и по повредата на Дејмон ги задржа у првите пет-шест на Запад. 6. Denver Nuggets 40-31 S: Они се трети на дивиот запад, ги тепаа и Detroit и Spurs, и изгледаат прилично опасно. All the credits go to George Karl. К: По трампите станаа уште по книња, а сега играат и без Ерл д Скврл Бојкинс, а и Кемби и Мартин се влези-излези од екипа. Здрави у плеј-оф ќе бидат слипери. 5. Miami Heat 46-23 S: Flash игра се постабилно, а Shaq иако е во години, сепак е Казаам.. Јаки се, нема што, на моменти доминантни, но покажуваат несигурност, и затоа ги ставивме на петтото место. Малку тапа одбрана у која главен збор имаат Zo и Payton, старечкото лоби.. статистички, клучно за нив е што ги натскокуваат противниците за најмалце 4 скока по натпревар. Тоа е поради најдобриот процент од поле. К: Нема отпишување, иако им фале помош на Шек и Двејн. Сеа Зо им се повреди, па Дизелот ќе мора да го троши цел резервоар пред плеј-офот. 4. Dallas Mavericks 54-16 S: Крвава екипа, Диркулес е незадржлив, али клизнаа со Phoenix.. а и со GS и покрај 51 од Германецот. Мора да се консолидираат, иде плеј-оф, таму нема лабаво. Сепак, најдобар depth chart, пополнети на сите позиции, а располагаат со секакви квалитети (само малку дискутабилни со искуство..). К: Пак ќе клизнат, посебно ако налетаат на Феникс...или Сан Антонио...или Денвер. 3. Phoenix Suns 47-21 S: Се врати Чеканот, арно ама се посра.. поарно за нив да се врати побрзо у форма, оти се виде дека со Spurs нема шала.. особено коа Хасан ќе ти дае 50 поена. Имаат двајца MVP играчи, уше едно 4-5 солидни, ама ќе ги претепа недостатокот од висина. Дозволуваат највеќе противнички скокови во цела лига. Сепак, најопасна екипа во ударите за тројка и највеќе асистенции.. К: Опасно. Ќе им биде тешко на Мамузарите со нив. 2. Detroit Pistons 55-13 S: Најдобар скор у Лига, го освоија Централ, ама допрва треба да им се повреди некој од стартерите. Не можам да ги поднесам, ама јаки се. Пеколна одбрана, почнаа и солиден напад да покажуваат, но како што си врви сезонава, ко да забревтуваат по малце. Клизнаа со Њујорк, побогу. Сепак, да не беа во исто време со оваа генерација на Сан Антонио, ќе беа вистинска династија.. пак се конкуренти. К: Мислам дека играњето преку 30 минути на секој меч на стартерите ќе си дојде по своето у плеј-оф или финале. Ја имаат формулата за успех, само проклетсвото на Флип да не ги стигне. БЕН Е ДРВО. 1. San Antonio Spurs 54-15 S: Они клизнаа со LAL и Nuggets, што дава на знаење дека у разигрувањето може да запнат. Сепак, имаат оправдание, поради екстремно набиениот распоред во тој период. Најдобра одбрана моментално, солидна клупа, неколку improved играчи, а тоа најдобро се гледа што цела сезона го покриваат Duncan толку успешно. Уиграност, хемија, лесно се адаптираат.. и цврстина, скоро колку Моторите. К: И без Тимчо Роботчо у фул снага, имаат најдобар скор на Запад и 2. се у лига. Почнаа да си ги одмараат ѕвездите, а пак победуваат. Најсериозни кандидати за титула. Агејн.

Friday, March 24, 2006

The Beast is back, Џемо, кипот Карл, нов НБА ТВ термин, NCAA плачковци
Бааги каснам со ова, али тоа тие, од многу обврски дури сега стигам да пишам за утакмицата која ја гледав сабајлево, а у која Феникс пак стана најопасен кандидат за тронот на Спарси на Западот. Фаќав и белешки за секој потег поврзан со камбекот на Амаре, ама ги заборавив на работа, така да идеме со ствари онака, од глава. Знам дека вчера Диркулес беше ридиркулeс, ама џаба тие се 51 поени, ако изгубите дома од едни Ворирси, кои па играа без еден Берон Дејвис. Као што знаете сите досега, ги реши Џеј-Рич со оф баланс тројка у задња секунда за негови 40 поени. Така, главна прича, сосема заслужено остана камбекот на Ѕверот. Уште со најавата се виде дека Амаре е ептен нервозен и нестрплив и едвај чека да почне утакмицата. Кога тргнаа, се беше како лани (добро, не баш се) и првите поени за Санси ги убаци баш Стадемаер со кеч енд шут од преку слободни, по што одма следеше 2+1. У првите девет минути, колку што играше у прво, Амаре имаше 11 поени, кои до крај отидоа на 20 и 9 за 19 минути. Имаше моменти кога се гледаше дека му фали физичка спрема, али за прва утакмица по скоро година дена пауза изгледаше ептен добро. Еднаш го залепи Тревис Аутло, и тоа добро го залепи, али па Амаре у истиот напад си ја врати топката и закуца. У него, сите можеа да видат какви можат да бидат Санси со доминантен играч у рекет, а 76-те поени у 1. полувреме се рекордни сезонава. Еден збор, страшно. Спарси, пазете се. Што се однесува до Портланд Мистикси, си го оправдаа надимакот. Главни играчи им беа Кријапа, Аутло, Џек и Телфер, а помалце и Диксон и Блејк. Рендолф го немаше нигде, а Мајлс не ни влезе (зашто? - подоле). Тие момци иако изгубија ко Грчка, покажаа дека има иднина у Портланд и да не беа толку јаки Санси, ќе му го расипаа камбекот на Амаре. Има надеж.
* * * * *
Пред некое време у мејл ни стигна прашање за кариерата на Џемо Мешбурн, односно дали и кога ќе се врати. Ја му одговорив дека Џемо си го кажа задњето пред година и пол, можда две, а денес и официјално Сиксерси, кои го добија само како пополнувач на трејд, објавија дека Мешбурн го разбудил пензионерот у себе. “I’ve had a long career in the NBA and have enjoyed my experience,” Mashburn said. “I look forward to retirement life. It doesn’t mean I am not going to stay busy, but it’s time to move on and accomplish some of the other goals that I have set for myself. It’s been a great time. I’ve learned a lot, but now it’s time to move on”- вика Џемо. Иначе, Меш ми беше еден од поомилените играчи у девеести, пред се затоа што беше вон вниманието на медиумите, а ипак беше главна ѕвезда на својата екипа. Кога само ќе ми текне на Трипл Џеј у Далас...проклета да е Тони Брекстон. Како и да е, Џемо, среќна пензија, си ја заслужи целосно, само е штета што поради повреди мораше прерано да си ставиш крај на кариерата. Ајде у лето, кога ќе нема толку интересни содржини, ќе пишам и еден пост за Меш.
* * * * *
Од вчера Џон и Карл засекогаш пред Делта центарот ќе си ги праваат своите пик енд ролови. Откако лани му ја открија стауата на Сток, у Јута му дојде редот на Мелоун. Еве го и линкот до причата. Исто како и за Џемо, летово ќе пишеме нешто поошширно за Карл. Освен ако некој од вас не сака уште сега да напише нешто за Поштарот.
* * * * *
Да го претркам Лекиќ, кој ова сигурно на голема врата ќе ви го најави вечер на Индијана-Детроит. Од следната недела, Спорт4 воведува и трет термин за директен пренос во тек на неделата. Денот ќе биде вторник, а еве ја и комплетната програма до крај на сезона. Иначе, ова денес ми го прати Лекиќ у мејл, што значи ипак негова е ексклузивата.
Вторници: 28.03. Детроит - Далас 4.04. Кливленд - Филаделфија 11.04. Чикаго - Њу Џерси 18.04. Филаделфија - Њу Џерси Петоци: 24.03. Индијана - Детроит (то ест денеска) 31.03. Детроит - Милвоки 07.04. Сан Антонио - Далас 14.04. Индијана - Минесота Недели: 26.03. Индијана - Филаделфија (то ест задутре) 2.04. Далас - Денвер 9.04. Mилвоки - Њу Џерси им коначно... 16.04. Лејкерс - Феникс
Знам, знам...Лејкерси само еднаш до крај, односно уопште сезонава кај нас:)
* * * * *
За сите Коби лавери. Брајантчо не би имал ништо против да си ја смени верата.....и да стане...Евреин?!?!?!
* * * * *
Синоќе не ми беше јасно зашто нигде у Мистикси го нема Дариус Мајлс. Онда сабајлево налетав наова. Типот наводно не закаснил на шутараундот, него скроз го пропуштил, односно преспал. Браво, Дариус, затоа и заврши во Портланд.
* * * * *
Малце НЦАА. Синоќа со Фајнал Фор надежите се опростија двете најголеми колеџ ѕвезди-белци. И Џеј-Џеј Рикид со Дјук и Адам Морисон со Гонзага испаднава, а момците имаа сличнии мушки реакции на елиминацијата. Не иде така у НБА дечки.

Thursday, March 23, 2006

Shawn Kemp [again]
За тие шо се тазе читатели, еве една убаа вест од архивите Да не викате дека сум го дрвел за Кобито ;) Инаку, повод пак да го активирам постов за Кемп е веста од ЕСПН, дека Reignman планира да се враќа.. Ево цитат:

"My love for the game is very, very high," Kemp said. "I've made a living off of this game. I'm not coming back to play basketball for any financial reasons."

"I'm not playing just to make someone's roster. I'm not just playing to make a comeback. My hopes and dreams are to be in the Hall of Fame one day."

О П А С Н О !

И нормално, сеа ијам алиби да го стаам најдобриот клип евр:

ДОПУНСКО бај Каракаш: Прво, пишав и за у весник за можниот камбек на Кемп, а одма ми текна дека ние пишавме за таква евентуалија уште одаааамна. Еве го линкот. ЕСПН-ШСПН. Освен линков, мислам дека од камбек на Шон нема ништо или па и дури и да се врати, нема да личи на играчот кој сите го памтиме. Ипак, главен виновник за падот во играта на Кемп беше физичката спрема, затоа што и таа му беше единствен адут у дуелите со чуварите. Дури други играчи како старееа, си додаваа секоја сезона по некој нов елемент у игра, додека Шон само си увежба едно шутче од дистанца, кое му ги надопунуваше куцањата. Тоа на крај и го кошташе кариерата, зашто кога од 200 кила почнаа да откажуваат нозете, немаше што друго да понуди. Сепак, Шон треба да се памти по сезоните кога беше еден од најдобрите високи играчи у лига и кога ги изведе некои од најдивите куцања. Риспект.

Wednesday, March 22, 2006

Кејвмен, Балада за Ајзеа, Бузер и Принс и Гери и Коби хејтери
Секое седнување на компјутер си викам дека више нема да пишувам ништо за хаосот у Њујорк, ама кога ќе почнам да листам по нет пријателите, одма наоѓам инспирација. Подоле се линковите до едeн добар новинарски текст и една ептен добра балада посветена на Ајзеа Томас. Иначе, Никси вчера пак изгубија, овој пат дома од Торонто, а ги спржи играч на позиција на која тие се најјаки (барем според имиња). Мајк Џејмс им убаци 37 кошеви, а Крис Бош додаде 31. За малерот да биде поголем, им се повреди единствената светла точка сезонава-Ченинг Фрај, и тоа максимално бизарно, откако Нејт звани Местенка го бутна Ендрју Берет од Репторси од позади и овој заврши директива у Фрај, сјебувајќи му го коленото. Браво, Нејт, ништо чудно Ајзеа да го наговорил Лилипутот на такво нешто. Ја синоќа на ТВ ја имав Сан Антонио - Голден Стејт, ама изгледав само две-три минути пред да паднам у кома, што ради што бев утепан, што ради кошарката. Вечер претходно ја глеав Хјустон - Клиперс, у која Рокетси дефинитвно ги изгубија шансите за плеј-оф пласман. Јаоза иако беше утројуван, пак имаше 25 и 17, а тоа што беше оставен сам, Лутер Хед го искористи за 20 поени. Ама, џабе. Шпагети Магети од клупа и Голум у 1. четвртина завршија работа, а и Радман беше солиден. Само тоа Кејвменот да го натераа да зашиша тоа метлата од главата и да го натераат цела плата да ја даде на најдобрите пластични хирурзи у свет, па ќе станат убави за гледање.
* * * * *
- Ааахх, Њујорк, Њујорк. -И за крај на Њујорк, Њујорк програмата: Баладата за Ајзеа! Одлична песма и клипче намонтирано од момците на Спортзила. Маст си.
* * * * *
Елабема Ејвори нема да ја направи истата грешка како лани и нема да му ја намали минутажата на Диркулес у финишот на сезоната. Ако ви текнува на задњиот плеј-оф, Дирк едно две недели пред неговиот почеток почна да поминува повише време на клупата, со цел да биде свеж, ама тоа очигледно лошо се одрази врз неговата игра. Сеа "малиот генерал" вика дека знае што прави. Ај да видиме.
* * * * *
На Леброн му замераат што единствена мана му било немањето на инстинкт на лидер.Џејмс почна поозбилно да му пристапува на тој проблем. Остатокот од лигата нека му ја мисли.
* * * * *
Карлос Бузер више не е лузер. Откако се врати од мистериозната повреда и за прв пат заигра по скоро цела година пауза, Карлос почна да ги оправдува парите вложени во него. Еден од доказите - задњите три партии. Но, не пишав за Буз ради неговите игри, него ради бизарната вест дека тој го тужи Принс (не Тејшон) за наводно, ако добро разбрав, не придржување на договор за издавање куќа под кирија. Или така нешто.
* * * * *
Доста со хејтерските муабети за Гери Пејтон.Барем така вика типов, кој и не е далеку од вистината. За некои работи.
* * * * *
Знам дека Томи Хајнсон е на нешто. Но, не знаев дека тоа НЕШТО е вака јако. Дај Томи фрли некоја шибица навака, па и ние да заборавиме кој го носеше бројот 33(а и 6) у Бостон.
* * * * *
- Е, ова знам дека на многу од вас ќе им се свиѓа, а на уште повеќе од вас нема да ви легне добро у желудникот. Тука мислам и на Шеп, кој ништо чудно и да им остави некој коментар на момците. - Ај да не почнете одма да се буните. Лејкер фанови, еве каква иднина ви предвидува Хупседикт.

Monday, March 20, 2006

Шек енд Мајкл
Во недостиг на време (а и мрза), еве ви две клипчиња кои сигурно ќе ви фатат око. Првиот е трејлер за новиот Scary Movie, 4 по ред, у кој, барем според најавите, се појавува и Шек. Трејлеров е баш со Дизелот у главна улога, а у него се прави пародија на сцена од SAW, а и на слободните на Шек.
* * * * *
Вториов клип е реклама за задњите Џорданки, реден број 21, кои почнаа да се продаваат пред некои месец дена. Најпознатата патика у цел свет сосема заслужено ја доби и една од најдобрите реклами некад направени за ваква намена. Пратете ги само потезите на Мајкл у изведба на пилиштарки и пилиштарки. Се освен куцањето од слободни е вистинско.
* * * * *
Бај д веј, не ни приметивме, а викендов поминавме 300 постови. Ова е нумер 302. Допуна: Глеам се разви муабет за клипот со Леброн, кој у ствари е реклама за Пауерејд, па да не ми шетате по друге сајтове, еве ви го тука. Иначе, за истиот пијалок имаше реклами со др. спортове, кои исто така беа луди...т.е. монтажи. Еве:

Sunday, March 19, 2006

Зеленчук
На 17. март се прославуваше St. Patricks Day, националниот празник на сите Ирци. Е сеа, кој клуб се поврзува со Ирците у НБА знаеме сите, но оваа година празникот одлучија да го прослават и Никси и Булси со зелени варијанти на своите дресови. Тотално свртени кон маркетингот и лапањето што е можно повеќе пари на сметка на нечии национални чувства, тимовите заборавија на очоболот кој им го предизвикаа на сите кои ја имаа таа несреќа да ги видат у тие зарзават униформи. Ја у моментов не се сеќавам на поружен дрес од овие два (што не значи дека немало), а ми текнуе на една работа која пред едно 15-тина години ја има кажано Баркли: "Секој тим кој ќе облече зелен дрес ќе изгледа смешно, освен ако не се вика Бостон Селтикс ". Еве малце очобол и за вас:

Thursday, March 16, 2006

UGLYYY!!!!, па Шек, Заре, МВП, белци, Марк Прајс и Адријана Лима
Седнав да пишам подолг пост за Никси, али онда сфатив дека стварно не вредат да се пишува за нив. Сепак. Нема да зборам за тоа што Њујорк ја има најскапата резерва во лигата у Стив Френсис кој оваа сезона ќе лапне цели 14 милиони!!!, а следната уште повеќе. За тоа што младите момци прво добија екстра минути, па после ни трошка од Лери Браун. За тоа што Ајзеа Томас појма нема што прави. За тоа дека уште го имаат најслабо подготвениот играч у НБА во Џером Џејмс кој заработува 30 милиони у следните пет години, што значи дека најмалку толку ќе мораат да го држат. Па ни за тоа што тие имаа платен список од преку 100 милиони доларјев. Не.Главниот муабет кој ме натера да пишам за нив е задњата кавга меџу Марбери и Браун, која прерасна у права сапуница после нивните задњи изјави. Најпрво Браун, у свој стил, го наметна својот авторитет споредувајќи ја својата кариера со таа на Марбери, што е крајно глуп потег, но од него не ни очекував нешто подобро. Браун кажа и дека Стеф е далеку од најдобрите бекови у лигата (што не е далеку од вистината). На ова Марбери одговори дека Браун не знае што збори и дека отсега ќе си игра својата стара игра, односно ќе си се врати на Старбери, каков што сите го знаеме, зашто Никси и онака не прават ништо како што играат сега. Пљус, дека тие коментари ги сфатил лично, како навреда и дека после нив више не планира многу да разговара со својот коуч. Ова донекаде и го разбирам зашто која е поентата да разговараш со својот тренер, ако овој за секој проблем и муабет со играч одма излегува по медиуми. Само прашајте ги Пистонси како се осеќаа кога и они и сите дознаа дека додека тие спремаа одбрана на титулата, Лери се договарал со два клуба за идната сезона. Онда Браун возврати дека Стеф е еден од кривците за вака слабата сезона на Никси. Да - е еден од нив, но никако и најголемиот. Тоа си ти чичко Лери. Цела сезона не најде една петорка која ќе ја игра, цела сезона бара играчи кои ни Господ не може да му ги донесе, цела сезона ги пали, па лади руките, а онда и јавно ги критикува своите играчи, место да седне со нив и направи муабет кој ќе остане меѓу четири ѕида. Ако ме прашуваат мене (а не ме прашуваат), ја би го оставил Лери до крај да го одработи договорот и на сите да им покаже каков шупак е од тренер. Ја ја почитувам неговата кариера, да нема забуна, али неговите методи ама ич не ми се свиѓаат, а знам дека не сум единствениот кој мисли така. Нека ја одработи казната у чистилиштето у Њујорк. Така и му треба кога лета по пари. Што се однесува до Марбери, осечам дека ќе го трампаат летово, мада не би ме изненадило и тој и Лери да се смират, зашто со Браун никад не се знае. Ипак, мислам дека Стеф нема да попушти, плус и онака имаат куршлуз на кецови и двојки. Блазе си му, ќе се спаси - си викаат другите играчи. Но, она што е најтрагично у целава прича е тоа што најголемиот кривец за целата ситуација, Ајзеа, за жива глава го нема нигде. Нигде не се појави да каже нешто и да ја смири ситуацијата. Кретино. ПС: Нејт и руките малце дадоа надеж со победата над Хоукси. Али тоа што е над Хоукси кажува се.
* * * * *
Пред две вечери почна Марч Меднесот у НЦАА, за кој, како што кажав порано, не мислам да пишувам ништо, затоа што сезонава не сум гледал ниедна колеџ утакмица, така да немам кредит за такво нешто. Затоа, еве ви линк до нашите блог пријатели од Хрватска, кои направија одлична најава.
* * * * *
Каснам некој ден, зашто нејќев да чепкам во тазе рана. Ама, Кингси со право ги истабаа Лејкерси и сигурен сум дека, освен ако некој не им се повреди, се еден од 8. тимови кои ќе играат плеј-оф на Запад, а на кој и да му се паднат таму (Далас или Сан Ан.) мука ќе видат со препородените Срб-лес кралеви. Нормално, клучот на целиот препород е Рон-Рон, тоа го имам кажано и порано, преку кој цел тим почна да конта дека без одбрана не се прави ништо.
* * * * *
Како тргнавме, секоја недела имаме по едно или две кличиња со Шек у главна улога. Јеби га, типот е единствен лик у лига, а кога ќе го исцрпиме тој извор (ќе треба време), ќе се префрлиме на некој друг играч. Еве ги најдобрите 10 изјави на џинот или тако звани, Топ 10 Шек квоутс:
* * * * *
Некое време не го чепкав Заре и неговата видео колекција, пред се зашто момакот дигна раце на некое време од блогот. Моја грешка. Заре пак постира клипове како луд и ако го немате у букмаркс, и вие праите грешка. Го, чек ит аут
* * * * *
Едно од најсмешните клипчиња кои сме ги пуштиле до сега. Најбољи дел у целава ствар (нормално, освен тоа што момциве се белци), се музиката и фотките на крајот. Мoра да го видите ова.
* * * * *
Ајверсон не може да игра, а кога Ајверсон не може да игра - Ајверсон не може ни да спие. Кога Ајверсон не може да спие, тој му се јавува на своето ново другарче (што да прави кога нема друго) и со него прави муабет од кој на крајот заспива.
* * * * *
Не само бројките и правењето на своите соиграчи го прават Нешти МВП и една од најкул и даун ту рт фаци у лигата. Останати НБА ѕвезди, читајте и учете. Не е се у ставање златни ланци од по пола милион на себе и возење коли за кои може цела фамилија у Етиопија (а и у Македонија) цела година да се храни.
* * * * *
Не знам дали некој од вас примети (освен типот кој го лапна у МакНБА фентази лигата), ама бејби Франкенштајн се разбуди у Мемфис. За моја несреќа, на два пути на програма ги имав Гризлиси и најголемиот гризли меџу нив, Џејк Цакалидис. Монструмот на задњи пет средби има просек од 13 поени и 10 скокови (а не скока!), и се укотви у први пет на Мемфис.
* * * * *
Еве уште еден монструм, ама овој нема абер од играње, нити у Бостон, каде го трампава заедно со Воли Зулендер. Зашто Кенди Мен не игра у задње време за Селтикси? Еве ви одговор. Никако да сфатам што е проблемов со британциве и со миењето заби. Па ај што белците им се со лејкерс-жути зуби, али и црнците бе?!?!?
* * * * *
На постарите од вас, сигурно им текнуе на Марк Прајс, кој што неколку сезони беше еден од најдобрите плејмејкери у лига, а без конкуренција беше најдобар шутер меѓу плејчињата, посебно кога ќе застанеше на слободни. Е па, чичко Марк својата амбиција да стане тренер ќе почне да ја остварува од дното. Мислам, буквално од дното, од д лендот даун андер.
* * * * *
Честитки до Алабама Ејвори, кој е најдобриот тренер после првите 82 средби у карирата, или како што пишаа амер. медиуми, после една цела сезона, иако таа поврзува две сезони. Малиот Генерал у своите први 82 средби оствари импресивен скор од дури 66 победи и само 16 порази. Свака част.
* * * * *
Оф д топик.За крај, малку надеж за машкиот свет дека некој од нас би можел да и биде прв на Адријана Лима. Прв у смисол дека тоа значи дека ќе те омажи девојчето. Мене у муабетов не ми се верува, али Лима е ВИРЏИН, т.е. девица?!?!? Ако е така, онда секој нејзин бивши дечко сигурно бил на праг на самоубиство. Кој би рекол. Еве го муабетот на Андријана со Џи-Кју магазинот: Are you a one-guy woman? Of course! I’m a Catholic. Look, I’m Catholic, too, but there’s a lot of things about the church that make it hard to date within its rules, don’t you think? Like what? Birth control, premarital sex... Well, you know, sex is just for after marriage. Say what? Sex is for after marriage. Are you saying you’re not going to have sex before marriage? Exactly. You mean you’ve never had sex? That’s why I have to say. You sure about this? Yes. How do men respond to the fact that you plan to, you know, wait? I don’t care. They have to respect that this is my choice. If there’s no respect, that means they don’t want me. Who was your first boyfriend? I have just three boyfriends in my life. Get out. And this is the third one now. Did you ever have your heart broken? By my two exes, yes. They dumped you? Noooo. They did not dump me. But… It just did not worked. It did not work. You know?
Десетте на Шепард
Како што најавив, со тоа што се ближиме кон крајот на сезоната, ви ги претставувам моите Топ 10 играчи оваа сезона, во своевидна МВП трка.. вредни за споменување на оваа листа секако се и Гилберт Аринас, Винс Картер, Кевин Гарнет, Тим Данкан, Шекил О Нил, Тони Паркер, Рон Артест, Јао, Крис Пол, можеби дури и уш некој друг, но сепак, место имаше само за елитните 10. Енко, не ми едитирај постов, мерак ми е :) 10. Пол Пирс – The Truth сезонава е повампирен скроз, прикажувајќи уан мен шоу секоја вечер. Селтикси се пред испаѓање, но неговите статистики од 27 поени, 6.7 скока, 4.7 асистенции и 48% од поле се едноставно прежестоки за човек да прејде туку така преку нив. Нема да го добие признанието ни под разно, ама после неправдата пред 3-4 сезони коа го наместија Данкан тотално незаслужено, мора да се спомене дека ПиПи сеуште е меѓу најдобрите во Лигата. 9. Чонси Билапс – Детроит се бош екипа, и имаат бош најдобар играч. Сепак, The Smooth се повампири оваа сезона со просек од 19 поени и скоро 9 асистенции, и веројатно е најјакиот плеј у Лигата после Стив Неш за кого ќе стане збор подоле, односно погоре во ранкингот. Билапс игра стабилно, освен убавите цифри, покажува и присебност кога е густо. Ја игра својата најдобра сезона, а Детроит иако малце се проклизаваат лејтли, сеуште се меѓу најдобрите тимови, колку и да се болни за гледање. Д трибјут гоус ту трт прт Билапс. 8. Шон Мерион – Ѕверот Матрикс сезонава игра во врвна форма, со неверојатни статистики од 12,3 скокови (втор скокач после Гарнет), 21 поен и скоро по 2 банани и украдени топки. Пеколен на двата краја од теренот, меѓу најчестите забивачи, освен грдиот шут нема што да му се замери. Уште ако се земе в предвид шутот од 51% од поле, како и тоа дека во повеќе категории ги има најдобрите бројки во кариерата.. буквало се погрижи да не се чувствува отсуството на Амари во рекетот на Санси, иако е висок само 202 цм. Официјално е најдобриот скокач во конкуренција на ниски крила во историјата на НБА. Сепак, тој е само втор во својата екипа и практично неизводливо е да добие признание за прв во Лигата (освен ако не го поделат со Нешти). 7. Двејн Вејд – Флешот оваа сезона е буквално напален, прекумерно. Не само што ги подобрува ланските бројки (28 п, 6 ск, 4.4 ас, 1,6 ук), оваа сезона во Мајами стана тоа што е Коби во Лејкерси, и неколку пати одигра симултанки при кршење на резултатот (вклучително и партијата со Детроит кога ги постигна последните 17 на Хит и сам се избори за пресврт). Ако по некоја случајност му се посреќи, нема да погрешат, колку и да ме нервира. Сепак, за успехот на Мајами не помалку заслужни се и факторот Шек, како и една од посилните дружини од играчи распоредени по епизодните ролји. 6. Елтон Бренд – Клиперси оваа сезона се најголемото изненадување после Њујорк :) и секако најзначајното освежување на Лигата. Најодговорен за нивното вивнување во врвот на Запад (океј, не самиот врв, али у плејоф конкуренција со можност да мрднат преку првата рунда ако им се паднат неДалас ил неСан Антонио), е токму мечокот Бренд. Сезонава, го подигна значително просекот на поени (во сите претходни сезони варираше од 18-20) на фини 25, што во пакет со 10 скока и 2,6 банани, 3 асистенции и 52,5% од поле е пропусница у првата НБА петорка, и можеби виза за најелитното признание. Башка е фин и васпитан. 5. Дирк Новицки – Единствена причина што Диркулес ми е пред Елтон на листата е тоа што човеко гине на терен и некако ја има харизмата шо мечето ја нема. Инаку, швабото освен шо тепаше на Олстарот у пуцање тројки (мада местенка), оваа сезона опет игра на Лери Б`рд ниво, односно, он е рмбачот у екипата на Далас. Типот игра машки, се труди, гине, па то плавите коси ко ќе му се запотат.. ах.. се топам.. Шала на страна, Диркулес мож статистички и не делува толку феноменално, меѓутоа оваа сезона, на пеколниот напад му додаде и солиден допринос во одбраната, што беше главен фактор во одличниот скор на Мавси. Сепак, неговите бројки се благо опаднати од минатата сезона, а во Далас играат и уште цела гунгула солидни играчи, така што само фиктивно е на вака добра позиција во мојава листа. Иако најдобар висок играч во моментов, сепак не верувам да го добие трофејот. 4. Леброн Џејмс – Кралот годинава игра сезона за учебниците, бар од аспект на бројките. 31 п, 7 ск, 6,6 ас, 1.5 ук и 47% од поле.. на сметка на минимален пад во другите статистики, стана вистинска поентерска машина, а единствена маана му е тоа што речиси целиот учинок го пружа во првите 40 минути од утакмицата, а во финишот тотално губи контрола над играта. Му фали лидерското, за да биде МВП. Понекогаш бројките не се доволни. 3. Стив Неш – Ако лани Канаѓанецот успеа со 15,5 поени по натпревар да дојде до Подлофот.. што би рекле за пола асистенција помалку на сметка на еден скок повеќе од ланската МВП сезона, и речиси 20 поена по натпревар со безмалку 52% од поле за убедливо најмоќниот плеј во Лигата во моментов?! Нешти со голема помош од Матриксот Мерион успеа да го надокнади отсуството на Амари; Санси се повторно во елитата; самиот Стив реши 10тина клучни утакмици, а покрај него, 6 играчи, меѓу кои тројца сериозни за наградата Моуст Импрувд ги играат сезоните на кариерата. Нешти ги прави соиграчите подобри, зар не? Единствена причина за секирација му е повредата која го мука лејтли. 2. Ален Ајверсон – На шпекулациите дека ќе оди по надолна патека, Одговорот на злобниците им одговори со убедливо најдобрата сезона во својата кариера. Дури и славната 2001 кога го освои ласкавото признание, се чини дека е во сенка на игрите што ги пружа оваа сезона. За жал, во Лигата има некои нови момци на кои медиумите им посветуваат поголема пажња, но колку што го мразев Ајверсон до 2004, толку го засакав овие години, особено оваа сезона, кога покрај милион повреди, веќе полека и на удар на годините, Ајви успева да одржи цифри како 33 поена, 3.4 скока, 7.4 асистенции, 2 украдени топки со 45% шут. Згора на се, го носи и товарот на кец, и единствена солидна помош му е ветеранот Вебер. Фили има негативен скор, ама поради конкуренцијата на Исток, прилично безбедно им е за сега осмото место, им давам фора до шесто за во плејоф, што на Ајви му е еден вид императив ако сака МВП, но исто како и Неш, не смее на крај да се забрља со повредите поради што тренутно паузира, на кратко. 1. Коби Брајант – Ако сакате толкувајте го навијачки, но ако оваа сезона Коби не биде одликуван, не знам кога би бил. Сезоната ја почна со базер битер за победа. Понатаму, имаше уште пар подвизи со луди шутеви во последни минути, шеесдвојки, осумдескецови, тројки, забивања, асистенции, што ти душа сака. Точно е дека во последните 3-4 натпревари ко да падна малце во формата, но не изгуби здив, туку едноставно го лечи заморот. Ќе видите како ќе пркне уште во Њу Џерси на дуелот со Картер. 50.. или слично. За Мамбата, не знам зошто би должел многу. Со екипа која не е достојна ни за во Камбоџа, успеа да дојде во плејоф седло, и е во баш иста како Ајверсон и Фили, со фора до шестото место, со таа разлика што на И солидна, и повеќе од тоа – 35 поена, 5,3 скока и 4,6 асистенции со не толку сјајни 44% осток никој не им дише во врат на 76ките, додека Коби мора да стегне зуби у конкуренцијата на Хорнетси. Нема МВП без плејоф пласман, и тоа шо погоре, тоа поголеми шанси. Инаку, статистиката на осумдескецот годинава ед поле. Сепак, во неговиот случај, сите маани се анулираат со самиот факт што во 95% од утакмиците е прв стрелец на својата екипа, пак игра жустра одбрана (1,75 укр) и пак најголемиот дел од поените ги постигнува како што се ближат утакмиците кон крајот. Мајстор за четвртата четвртина, за продолженијата и за шутеви со истек на времето и буквално СЕ` во тимот на Лејкерси. Допунско бај Каракаш: Ме претрка со постов. Ја поштуем желбата и нема да го едитирам постов. Моите МВП фаци ќе ги пишам следната недела. Само едно, Коби нема да биде прв:)

Tuesday, March 14, 2006

Рандом Офчетина Пост
Неќу лигавење, сакам да играат!
Вечер е нова вуна за Лејкерси. Откако ги тепаа Спарси, се клизнаа со Соникси и исто ко да не напраиле ништо. Сеа играме со Кингси. Ако тепаме, ние ќе бидеме 34-31, а они 32-32. Ако они тепаат паѓаме на 33-32, а они идат на 33-31. Мора, мора, мора! (готоо, запустив објективност, идеме у навијачи!!!)
* * * * *
Фељтонот кој на кого личи, ќе го продужам али рифреш за тие шо не го знаат: прв дел || втор дел || трет дел || четврти дел
* * * * *MВП кандидати.. овие ли бе?!
Изглеа Нешти ќе биде бек ту бек ЕмВиПи.. не најдов една анализа која не го фаворизира него - само да не го ебе зглобчето му! Али, ако Лејкерси идат у нагорна линија и Коби продужи да игра (не како задњиве две) тогаш може некако да се смилостиват тоа глаучите, пред се` заради 81, како и неколку други маестрални партии кои ќе останат у учебниците (нека ви текне како ја почна сезоната - базер битер со Нагси).. у тесна конкуренција ги ставаат и Ајверсон, ЛеБрон, Бренд и Диркулес.. а и Мерион, Вејд, и опет ТртПрт Данкан(?! ВТФ - ја игра најлошата сезона у кариера, башка ровит е).. и тоа смукот Чонси Билапс Клап Клап.. иначе, Пирс игра исто јака сезона, ама то Бостонот тоне ли тоне.. МакНБА ќе искочи со една анализа на сите побитни фаворити деновиве.. според мене, ако не е Коби, ондак мора да биде Ајверсон, кој иако не го мирисам многу, игра на вонземско ниво.. ако нешо сакате вие да кажете, можете да пишете на maknba@gmail.com и то ќе биде објавено со вашето име и презиме и прекар! Ако пратите во следните 15 минути, ќе добиете и пригодна сликичка во вашиот пост! Но тоа не е се`! Доколку вашиот пост биде искуцан на системска кирилица и без многу печатни грешки, може ќе ставиме и клипче! :)
* * * * *
Онака: Вашиот и наш блог бил флагиран ко спам блог, и сеа коа постираме мора да убациме ворд верификација :)
* * * * *
Shaq Got Punk'd (иначе, ова е само 24 саати откако Шекил му рекол на Ештон Корвер дека не може да го панкува - 6:50 трае клипот, значи, прво плеј, после пауза, ко ќе се напуни, пуштајте):
X енд Y на Западот, NCAA, Фан Бинбинг, Калвин Лејн и Мело Панкд
Ритамов од гледање НБА утакмица секоја вечер (а по две у петок и недела) почна да си зима данок, така да синоќа не ја догледав задњата четвртина од Хорнетс-Нетс, мада да бев попаметен немаше ич да ги гледам, а сабајлево тешко дека ќе останам без сон за Клиперси и Вулфси. Можда ќе станам накај некои 5:45 да фатам 2. полувреме. Како и да е, влегуваме и задњите 20 утакмици у сезона за секој тим и мислам дека имаме после подолго време еден куп иксови и ипсилони пред нас. Тоа пред се тимовите кои ќе играат плеј-оф на Западот од 5-8 место, покрај Спарси, Мавси, Санси и вероватно Денвер и Клиперси. Да бе, Клиперси. По ала-баба Ванѓа предикшнот на Шепард, Лејкерси се фрлија у вода со пораз дома од Соникси. Да биде малерот поголем, тие одиграа ретка избалансирана офанзивна партија, но одбраната беше шупља до коска. Така Реј си стигна до своите 15 000 поен во кариерата, и стана 97. играч! у историјата со такво достигнување. Покрај Лејкерси, главни конкуренти за место у плеј-оф се Кингси, кои против Далас презентираа нешто на што беа алергични задњиве...уствари одувек. Тепаа со одбрана, а Мавси дадоа само 80 поени. Ги гледав и со Мемфис, и убеден сум дека ќе играат плеј-оф. Артест е ѕвер, а и екипата почна да се уклапа. Тоа ни ги остава Хорнетси како жртви. Ги гледав синоќа и можам да кажам дека одамна не сум видел екипа која така се мачи у напад како они. За нивна среќа и Нетси се мизерни, така да не изгубија со 50 разлика. Знам дека плеј-оф пласман ќе беше совршена награда за раселените, но ништо од тоа. И онака дадоа премногу од себе оваа сезона. За тоа, свака им част.За малце ќе ги заборавев Рокетси. Ако Трејси не се врати ускоро, ништо од плеј-офот по прв пут у кариерата на Џеф "Подочњаци" Ван Ганди. Не може Јаоза сам да ги носи на грб мрцините од типот на Стро, Џуан енд ко. Непознаница на Западот е и тоа кој ќе биде прв, мада мислам дека Спарси ќе се разбудат и ќе се одбранат од налетот на Мавси. И двете екипи имаат незгодни гостувања овие месец дена. Феникс е зад нив и по поразот од Мистикс мислам дека немаат шанси да ги стигнат, пљус инфото за коленото на Амаре сигурно не им дојде добро. Толку од непознаниците на Западот, за тие на другата обала, у текот на оваа недела.
* * * * *
Иам добра и лоша вест за фановите на Санси, (да, ти Марче). Коленото кое Амаре го оперираше е скоро 100% опоравено. Тоа е добрата. Лошата е што другото негово колено, како и што пишавме пред некои две недели, му собира вода што предизвикува отоци и болка. Поради тоа, Ѕверот почна да размишља ич да не се враќа сезонава. Малер и за Феникс, и за мене у МакНБА фентази лигата.
* * * * *
Знам дека некои од вас бараа да пишеме нешто за колеџ кошарката, али ја сезонава не сум гледал буквално ниедна НЦАА утакмица, така да неам основа да пишувам. Само знам дека Џеј-Џеј Ридик ќе биде доста добар НБА играч, ваљда нешто како Воли, и истото се однесува и на Адам Морисон од Гонзага на Сток. Двајца белци се двете најголеми колеџ звезди, самтингс вронг вит д ворлд. Еве ви линк до текст од Ленг, кој е солидна најава на претстојниот 2006 турнамент. Од мене за НЦАА толку, али ако има некој од вас кој сезонава прати колеџ баскет, слободно нека прати текстче.
* * * * *
Кога погоре го спомнва Воли Зулендер, еве причина уште еднаш да ја пуштам неговава слика. Цепки.
* * * * *
Не ми е јасно како можат Фан Бинбинг и Ли Бинбинг да не бидат најпопуларни ликови у Кина, а една Ли Јучун да биде пред нив. Јас сум згрозен и шокиран.:)
* * * * *
Сте виделе некад Шек покрај некој да изгледал како мало дете. Не? Е па онда, мит Калвин Лејн.
* * * * *
За крај, одамна не сум ставил видео. Еве го Мело у МТВ Панкд, шоуто на Кајл Корвер.(Пазете како бил типот облечен за низ град. Фраериште.) Совет (агеин), пошто им треба време да се учитаат клиповите, а ако имате поспор конекшн, стиснете го плеј дугмето у долен лев угао, а онда на истото место стиснете го пауза дугмето и чекајте да се лоудира. За максимално уживање, земете си лубрикант:).