Thursday, March 16, 2006

Десетте на Шепард
Како што најавив, со тоа што се ближиме кон крајот на сезоната, ви ги претставувам моите Топ 10 играчи оваа сезона, во своевидна МВП трка.. вредни за споменување на оваа листа секако се и Гилберт Аринас, Винс Картер, Кевин Гарнет, Тим Данкан, Шекил О Нил, Тони Паркер, Рон Артест, Јао, Крис Пол, можеби дури и уш некој друг, но сепак, место имаше само за елитните 10. Енко, не ми едитирај постов, мерак ми е :) 10. Пол Пирс – The Truth сезонава е повампирен скроз, прикажувајќи уан мен шоу секоја вечер. Селтикси се пред испаѓање, но неговите статистики од 27 поени, 6.7 скока, 4.7 асистенции и 48% од поле се едноставно прежестоки за човек да прејде туку така преку нив. Нема да го добие признанието ни под разно, ама после неправдата пред 3-4 сезони коа го наместија Данкан тотално незаслужено, мора да се спомене дека ПиПи сеуште е меѓу најдобрите во Лигата. 9. Чонси Билапс – Детроит се бош екипа, и имаат бош најдобар играч. Сепак, The Smooth се повампири оваа сезона со просек од 19 поени и скоро 9 асистенции, и веројатно е најјакиот плеј у Лигата после Стив Неш за кого ќе стане збор подоле, односно погоре во ранкингот. Билапс игра стабилно, освен убавите цифри, покажува и присебност кога е густо. Ја игра својата најдобра сезона, а Детроит иако малце се проклизаваат лејтли, сеуште се меѓу најдобрите тимови, колку и да се болни за гледање. Д трибјут гоус ту трт прт Билапс. 8. Шон Мерион – Ѕверот Матрикс сезонава игра во врвна форма, со неверојатни статистики од 12,3 скокови (втор скокач после Гарнет), 21 поен и скоро по 2 банани и украдени топки. Пеколен на двата краја од теренот, меѓу најчестите забивачи, освен грдиот шут нема што да му се замери. Уште ако се земе в предвид шутот од 51% од поле, како и тоа дека во повеќе категории ги има најдобрите бројки во кариерата.. буквало се погрижи да не се чувствува отсуството на Амари во рекетот на Санси, иако е висок само 202 цм. Официјално е најдобриот скокач во конкуренција на ниски крила во историјата на НБА. Сепак, тој е само втор во својата екипа и практично неизводливо е да добие признание за прв во Лигата (освен ако не го поделат со Нешти). 7. Двејн Вејд – Флешот оваа сезона е буквално напален, прекумерно. Не само што ги подобрува ланските бројки (28 п, 6 ск, 4.4 ас, 1,6 ук), оваа сезона во Мајами стана тоа што е Коби во Лејкерси, и неколку пати одигра симултанки при кршење на резултатот (вклучително и партијата со Детроит кога ги постигна последните 17 на Хит и сам се избори за пресврт). Ако по некоја случајност му се посреќи, нема да погрешат, колку и да ме нервира. Сепак, за успехот на Мајами не помалку заслужни се и факторот Шек, како и една од посилните дружини од играчи распоредени по епизодните ролји. 6. Елтон Бренд – Клиперси оваа сезона се најголемото изненадување после Њујорк :) и секако најзначајното освежување на Лигата. Најодговорен за нивното вивнување во врвот на Запад (океј, не самиот врв, али у плејоф конкуренција со можност да мрднат преку првата рунда ако им се паднат неДалас ил неСан Антонио), е токму мечокот Бренд. Сезонава, го подигна значително просекот на поени (во сите претходни сезони варираше од 18-20) на фини 25, што во пакет со 10 скока и 2,6 банани, 3 асистенции и 52,5% од поле е пропусница у првата НБА петорка, и можеби виза за најелитното признание. Башка е фин и васпитан. 5. Дирк Новицки – Единствена причина што Диркулес ми е пред Елтон на листата е тоа што човеко гине на терен и некако ја има харизмата шо мечето ја нема. Инаку, швабото освен шо тепаше на Олстарот у пуцање тројки (мада местенка), оваа сезона опет игра на Лери Б`рд ниво, односно, он е рмбачот у екипата на Далас. Типот игра машки, се труди, гине, па то плавите коси ко ќе му се запотат.. ах.. се топам.. Шала на страна, Диркулес мож статистички и не делува толку феноменално, меѓутоа оваа сезона, на пеколниот напад му додаде и солиден допринос во одбраната, што беше главен фактор во одличниот скор на Мавси. Сепак, неговите бројки се благо опаднати од минатата сезона, а во Далас играат и уште цела гунгула солидни играчи, така што само фиктивно е на вака добра позиција во мојава листа. Иако најдобар висок играч во моментов, сепак не верувам да го добие трофејот. 4. Леброн Џејмс – Кралот годинава игра сезона за учебниците, бар од аспект на бројките. 31 п, 7 ск, 6,6 ас, 1.5 ук и 47% од поле.. на сметка на минимален пад во другите статистики, стана вистинска поентерска машина, а единствена маана му е тоа што речиси целиот учинок го пружа во првите 40 минути од утакмицата, а во финишот тотално губи контрола над играта. Му фали лидерското, за да биде МВП. Понекогаш бројките не се доволни. 3. Стив Неш – Ако лани Канаѓанецот успеа со 15,5 поени по натпревар да дојде до Подлофот.. што би рекле за пола асистенција помалку на сметка на еден скок повеќе од ланската МВП сезона, и речиси 20 поена по натпревар со безмалку 52% од поле за убедливо најмоќниот плеј во Лигата во моментов?! Нешти со голема помош од Матриксот Мерион успеа да го надокнади отсуството на Амари; Санси се повторно во елитата; самиот Стив реши 10тина клучни утакмици, а покрај него, 6 играчи, меѓу кои тројца сериозни за наградата Моуст Импрувд ги играат сезоните на кариерата. Нешти ги прави соиграчите подобри, зар не? Единствена причина за секирација му е повредата која го мука лејтли. 2. Ален Ајверсон – На шпекулациите дека ќе оди по надолна патека, Одговорот на злобниците им одговори со убедливо најдобрата сезона во својата кариера. Дури и славната 2001 кога го освои ласкавото признание, се чини дека е во сенка на игрите што ги пружа оваа сезона. За жал, во Лигата има некои нови момци на кои медиумите им посветуваат поголема пажња, но колку што го мразев Ајверсон до 2004, толку го засакав овие години, особено оваа сезона, кога покрај милион повреди, веќе полека и на удар на годините, Ајви успева да одржи цифри како 33 поена, 3.4 скока, 7.4 асистенции, 2 украдени топки со 45% шут. Згора на се, го носи и товарот на кец, и единствена солидна помош му е ветеранот Вебер. Фили има негативен скор, ама поради конкуренцијата на Исток, прилично безбедно им е за сега осмото место, им давам фора до шесто за во плејоф, што на Ајви му е еден вид императив ако сака МВП, но исто како и Неш, не смее на крај да се забрља со повредите поради што тренутно паузира, на кратко. 1. Коби Брајант – Ако сакате толкувајте го навијачки, но ако оваа сезона Коби не биде одликуван, не знам кога би бил. Сезоната ја почна со базер битер за победа. Понатаму, имаше уште пар подвизи со луди шутеви во последни минути, шеесдвојки, осумдескецови, тројки, забивања, асистенции, што ти душа сака. Точно е дека во последните 3-4 натпревари ко да падна малце во формата, но не изгуби здив, туку едноставно го лечи заморот. Ќе видите како ќе пркне уште во Њу Џерси на дуелот со Картер. 50.. или слично. За Мамбата, не знам зошто би должел многу. Со екипа која не е достојна ни за во Камбоџа, успеа да дојде во плејоф седло, и е во баш иста како Ајверсон и Фили, со фора до шестото место, со таа разлика што на И солидна, и повеќе од тоа – 35 поена, 5,3 скока и 4,6 асистенции со не толку сјајни 44% осток никој не им дише во врат на 76ките, додека Коби мора да стегне зуби у конкуренцијата на Хорнетси. Нема МВП без плејоф пласман, и тоа шо погоре, тоа поголеми шанси. Инаку, статистиката на осумдескецот годинава ед поле. Сепак, во неговиот случај, сите маани се анулираат со самиот факт што во 95% од утакмиците е прв стрелец на својата екипа, пак игра жустра одбрана (1,75 укр) и пак најголемиот дел од поените ги постигнува како што се ближат утакмиците кон крајот. Мајстор за четвртата четвртина, за продолженијата и за шутеви со истек на времето и буквално СЕ` во тимот на Лејкерси. Допунско бај Каракаш: Ме претрка со постов. Ја поштуем желбата и нема да го едитирам постов. Моите МВП фаци ќе ги пишам следната недела. Само едно, Коби нема да биде прв:)

22 Comments:

Anonymous Anonymous said...

MVP на оваа сезона ја мислам дека заслужи да биде Мамбата(81).Шо сакаат нека мрчат најдобар е нема што.И Нешти моит да биде,"two in a row" да направи, али незнам баш.А зошто да не и Брендот, добар е.

3/16/2006 09:29:00 pm  
Anonymous Bojan said...

Fenomenot definitivno ja igra najdobrata sezona u kariera... samo ako liznat za vo play of moze da ja izgubi titulata so nesomneno ja zasluzuva igrajki vo eden podprosecen sezonava tim na Lakers u koj edina pomos dobiva od Lamar (sekoja 2ra ili 3ta utakmica)... drugi koi moze da konkuriraat se Flash, Nesh i Brand ...

3/17/2006 02:21:00 am  
Blogger марче said...

mislam deka kobi nema da bide mvp radi toa sto drugarite u timot mu se mrcinja ... kje bidat osmi ... maksimum sedmi ... sto za shterni i kompanija kje bide pricina za drug da dobie peharche ... mislam deka od istok ovoj put ili vejd ili bilaps ... povishe nakaj bilas mi vleche ... neznam zosto :))

3/17/2006 08:11:00 am  
Anonymous Гижо said...

билапс или неш

3/17/2006 12:12:00 pm  
Anonymous Bojan said...

Ако више решат да биде од Детроит ќе мора цела стартна да ја прогласат ))) Мислам дака ипак мали се шансите да биде Чонси, али ако го утнат Коби, несмее да се пропушти Нешти кој има доста појаки бројки од ланската МВП сезона(да не заборавиме дека Сонцата играат без Ѕверот)... За Брон е рано оваа година, Данкан е подпросечен, Дабл П игра ТОП ама тимот му е ужасен, Дирк е Човекот кој шо може да изненади од позадина ако успеат да го земат тронот на западот од Спарси (евентуално и лигата пошо Детроит моментално паѓаат)... у друга варијанта тешко...

3/17/2006 12:43:00 pm  
Blogger Shepard said...

Абе Коби.. :)

3/17/2006 12:45:00 pm  
Blogger марче said...

mislam definitivno kobi e emvipi na blogof ... se slozuvate site? :)) ... samo kako da go naterame shterni da go zirne blogof? :) ili mozebi veke go zirnal?! hmm ... kako i da e gospodine shtern bidete ljubezni i prifatete go nashiot predlog :) ... pozdraf

3/17/2006 02:02:00 pm  
Blogger beto # 6 said...

Еве ви ја мојата топ 10 листа:

10. Дирк Новицки
9. Двејн Вејд
8. Крис Пол
7. Цела прва на Детроит ама ми се издвојува Шид...
6. Елтон Бренд и Сем Кесел заедно:)
5. Кинг Џејмс
4. Пол Пирс
3. Коби Брајант
2. Ален Ајверсон
1. СТИВ МАЈТИ НЕШ



Да беа топ 15 ќе имаше место и за Винс, Мерион, Јао, Чонси и Крис Бош

3/17/2006 02:03:00 pm  
Blogger beto # 6 said...

И го заборавив Џо Џонсон мадафака не смее да се испушти. Он ми е на 11 место.

3/17/2006 02:04:00 pm  
Anonymous Anonymous said...

Needless to say ја сум Detroit фан, ама еве неколку мои причини (освен таа) зашто мислам дека Билапс ќе биде избран, а и неколку услови за тоа да се случи.

Прв услов : мора, ама МОРА Детроит да завршат први у лига. Сите како да забораваат како играа Детроит на стартот на сезоната, до некаде пред Нова Година, кога изгледаше дека ќе воведат правило тимот што игра против Детроит да излезе со стартна шесторка..
Покрај сите муабети за Големиот Пад на Детроит, Детроит СЕ ПРВИ у лига, и добиваат утакмици секогаш коа ќе им текне против кого и да им текне. Да губат like motherfuckers од пацерски тимови, ама... ПРВИ се уште..
Имам свои фаворити и меѓу играчите што се спомнуваат тука (најмногу Неш, Пирс и Новицки) ама мислам дека немаат шанси со Билапс доколку Пистонс останат први.
Работи што треба да се земат у предвид : Неш кој објективно е најголемиот ривал за МВП, т.е. кој го тренирал у изминативе сезони, со кого игра, и кој го тренирал Билапс, и со кого тој игра. Неш у Детроит со Бен, Шид и несудениот Пејсер Хемилтон? Бррррррр... Да не кажам кој го напраи Билапс играчиште... Браун уште коа се сретнаа Детроит - Индијана у плејоф, му ја зема мерката, и му сврте муабет-два на Карлајл за она што Билапс може да го прави освен да постигнува 25 коша на утакмица.. Се работи за судир на концепции, и во овие ѕвездени мигови за фановите као мене, никој не може да не оспори, доколку има што да се поднесе како доказ. ОП, Коби 132 поени на натпревар? Аха... Ама ние први у лигата. Кога ќе напраат 1on1 лига прогласете си PMJU (Player Most Jerked Upon), или нешто таму.. :)
Детроит откако памтам биле underdogs у лигава, ама сезонава, ОПАА, четворица од стартна петорка у Ол-Стар. Сликања, аа, уу, фама.. Тоа покажува тренд у лигата. Тренд на признавање. За љубителите на "досадна кошарка" као мене. :) Поубаво ми е да ги гледам Пистонс отколку ората и сплетовите на Феникс, any time of the day.. Затоа, ако Детроит останат први Билапс е МВП-то на сезоната.

On a side point, Пирс е дефинитивно играч по моја мерка, и невиџена ѕверетина. Ај онака, некако нека се случи чудо некое, нека се симнат боговите од Олимп, нека се изнанервира Тор, or whatever, и одеднаш Пирс нека се најде у Пистонс. :) Принс замена од клупа.. Ммммм...

Поздрав, Syndicate

3/17/2006 03:54:00 pm  
Blogger znalac said...

Ја вака би ги групирал:
1) као најозбилни кандидати
- Nash, пошто како и да му ја истумбаш екипата он пак ќе ги напраи луѓе и ќе ги однесе у плеј-оф (нели PHX е 2-7 кога он не игра)
- Billups, кој рака на срце ако го ставиш да игра со Bell, Diaw, Jones и Matrix ќе видиш колку е послаб од Nash, али нели на DET му оди, па мора да има кандидат. Малце е без врска чоек што не може да влезе у стартни 5 на all-star да му даеш MVP али...
- Kobe, веќе доволно беше кажано зошто

2) као добри, али со помали шанси
- Wade, пошто знае да повлече кога треба (као вчера у второ против BOS) а сега и MIA фати ритам
- Dirk, ако DAL некако стигне до #1 у лига, одма го прекомандувам во првата група. Сега повеќе зависи како тимот ќе ја заврши сезоната.
- LeBron, убави бројки има, ама лидерство му фали - има време и него ќе му дојде редот
- Brand, факт е дека LAC живнаа и него му рипна статистиката, али тоа нема да биде доволно за да биде у најтесен круг на кандидати
- Desperate Tony, пошто игра за SAS. Извади 19,2 поени просек со 54% шут (читај положуење), али затоа ft% и 3p% му се аматерски.

3) као ептен добри, али без шанси
- AI, стварно повеќе се подредува на тимот од порано, ама тимот не му враќа со добри партии.
- KG, стандардно прв во efficiency али џабе - вчера MIN по 11-ти пат загуби после двоцифрена предност
- PP, одлична соло сезона и да беше во некој малку подобар тим ќе беше во некоја од погорните категории.

3/17/2006 04:05:00 pm  
Anonymous Bojan said...

Се Сложувам со тебе дека Детроит најверојатно ќе бидат први во регуларниот дел (за шампиони ќе им биде ѓаволски тешко), ама мене ми личат на пропаганда како не треба да се игра у Нба... за таква игра моеш да пуштиш еуролига и да гледаш Панатинаикос - Цибона... Иако и Данканците не играат некоја атрактивна кошарка, ипак имаат играчи шо можат да те остават буден да гледаш...
И ЕДНА ГОЛЕМА МОЛБА ДА НЕ СЕ ЗБОРАТ ТАКВИ РАБОТИ ЗА КОБИ зошо нека дојде Чонси да игра во запад во стартна со Мим, КуРк, Смаш и слични третолигашки играчи и да ги донесе до 6-7 место у конференција... Се виде Коби како игра со Шек и што лекции им држеа у тие години... и какви му се сеа статистиките, носејки сам на рамо еден таков мрзлив тим...
Да не се разбереме погрешно, ја немам ништо против Детроит (навивав за нив во времето на Грент Хил) ама ова шо го гледам сега од нив е во најмала рака досадно и не атрактивно...
Коби за Претседател, Дирк за Премиер... Вејд за Прстен

3/17/2006 04:15:00 pm  
Blogger марче said...

може и неш да биде. немам ништо протиф :)))

3/17/2006 04:20:00 pm  
Anonymous Anonymous said...

znalac, можам секако да замислам како би било ако Билапс игра со соиграчите на Неш у моментов, ама врз основа на тоа не може да се заклучи кој е послаб а кој појак.. (пошто важи и обратното, пример кој ја го дадов) Мислам, кажав се работи за судир на концепции, градење на тимови, итн.. Тоа ти е исто (сеа не знам колку ќе ме сфатиш, ама..) као да споредуваш кој е подобар Зидан или Роналдињо, Нистелрој или Адријано, итн..

bojan, мене мнооогу буден ме остава Бен кога ќе здрви банана у одлучујучи напад на противникот на минута и пол до крај, ме остава буден леснотијата на шутот на Рип, бананите на Принс над Милер и над .. Сноу ли беше последнава, не се сеќавам.., итн.. Значи, се работи за вкус. Целата кошарка, и она како ме тераат да ги гледам сите Пистонси на теренот, а не само играчот со топката..
Извинете што ви го вреѓам Коби, respect where respect is due, ама ја мешате титулата и личните чуства. Затоа ја, не се ни надевав дека Билапс ќе биде МВП сезоните уназад.. И ја колку што се сеќавам, Пистонси (истите од оваа година) ги скебаа и Коби и Шек (insert Ракавицата и Поштарот..), а богме и Флеш и Шек комбинациите. И, како бе после да не ги сакаш? :)

Поздрав, Syndicate

3/17/2006 06:57:00 pm  
Blogger Karakash said...

Добар муабет се разви момци...чекајте, ја не сум пишал уште МВП текст.

3/17/2006 07:53:00 pm  
Blogger znalac said...

Види, се слагам за разлика во концепции (па еве и за муабетот Роналдињо-Зидан), ама дека со тоа ќе ме убедиш дека Billups е покорисен за екипата од Nash, или дека е бољи од Kobe - тешко. Сепак не е исто два „различни“ тима да однесеш до 60+ победи и да играш со иста петорка 3 години. DET е единствен тим кој сите 63 ги стартувал со иста петорка и каде стартерите играат просечно 36,2 минути. Па сега, ако издржат 100 утакмици и треба да земат титула - и за Ironmen титула може да им дадат. Последно за MVP - ако биде прв DET, тогаш Chauncey, ако биде прв DAL, тогаш е Dirk, ако биде прв SAS или било кој друг, тогаш Nash или Kobe. Али, ај ќе видиме, оваа сезона изборот не е толку очигледен... Ај да видиме karakash шо ќе каже...

3/17/2006 10:02:00 pm  
Anonymous Bojan said...

Како и да е ќе биде интересно да се изгледа целава сезона... мене не ми смета конкретно чонси, туку нашинот на игра е заморен... а ако чекаш еднаш у сезона потег кој што ќе го памтиш не е тоа кошарка... барем за мене не ... али убаво рече се до вкусовите... поштовам мислење, ама муабетов е за МВП и ако тука ги споредиме работите мислам дека се е јасно...

3/18/2006 02:58:00 am  
Blogger Shepard said...

Syndicate и други Детроит фанови,


Б И Л А П С ?!

3/18/2006 04:27:00 am  
Blogger beto # 6 said...

Syndicate и други Детроит фанови ве поздравувам со песната Њу Јорк од Френки Синатра

3/18/2006 02:08:00 pm  
Anonymous Anonymous said...

Ова поразчево (ќе објаснам за деминутивот) sort of ми го става муабетот у кофа, ама... Како бе да ги браниш после ова? Земал Рип ја фрлил топката од еден крај на терен на друг, и го погодил shot clock-oт бе! :) Лунатик ебате.. Шо му станало? Фаул му суделе.. :) За Шид исто не сумњам дека заслужил.. Така да тоа ти е.. Пошто нема правило да им играат Никси со 6 играчи, вака сеа - ќе им исклучат двајца стартери (кои у Дет се побитни од било кој друг тим у лигата), пљус ќе им играат у најгрдите дресови очи да ги болат, и да не можат да престанат од оговарање.. И на крај, Det пак ќе имаат шанса за ОТ, (кое не се сомневам дека би го добиле Дет, поради downright предноста у муда), да не бил сељакот МекДајс, кој шутирал 2 слободни на 0.7, и го утнал првото... Им рекол Лери, "Кој го фаулира Ѕверлапс му продужуеме сезона уште 3 години." хехехе

Поздрав, Syndicate

3/18/2006 04:17:00 pm  
Anonymous Anonymous said...

Ja mislam deka ovaa sezona "Sabonis" ke bide MVP,dali ti MR.Shepard se slagas so ovaa konstatacija?

3/18/2006 08:29:00 pm  
Anonymous Anonymous said...

u ovie 10 fali samo ron artest a steve nash e siguren mvp

3/18/2006 09:10:00 pm  

Post a Comment

<< Home