Monday, February 20, 2006

Power Rankings

Данкан е ровит, Ева Лонгориа растура, и не смее да се заборави на најдолгата клупа во лигата. Ме изненадуе Оберто. Уште Финли да блесне ко шо може, кој ќе им фати крајот.

- Ja ќе им фатам крајот. Јок бе, не може Спарси да се први, ц. Засега у нашиов пауер ренкинг мора да се први Пистонси, знам дека ти се мрски после Ол-Старов, али заслужија. Мислам дека до крај на сезона нема да станат први у лига. Море, нема да станат ни први на Запад. Ама...Ева е стварно добра. - Каракаш.

Со глас како Ејвори на клупата, мора да го слушаш, иначе кој ќе го трпи да ти се дере по цел ден. Шала на страна, пружаат пеколна одбрана. Диркулес стана незадржлив.

- Ела-бееемааа. Сакав да кажам вакво нешто кога го слушнав у етер, али ај ептен на ТВ бев. Свака част у прва цела сезона на клупа. Ејвори ќе ги намучи своите Спарси.

Ова само фиктивно се подоле. Ама осеќам дека ќе се повреди некој од првите пет, па ќе го папаат. Непромислено си го дадоа Аројо, а не треба да се заборави дека изгубија 3 од 5, вклучувајќи го тука и натпреварот со Хит кај шо Вејд им расплака мамичето.

- Се слагам за Карлос. Али, како што пишав погоре, за тоа досега заслужија 1. место. Се уште најбоља екипа у лига.

Амари кај и да е ќе се врати. Замислете тогаш. Неш пак, има боља сезона од ЕмВиПиската. Барбоса е најдобар тројкаш. Џемс Џонс е моуст импрувд. Раџа Бел е исто јак тројкаш. Неш навистина ги прави другите подобри.

- Нешти е пак МВП. Одамна не памтам некој да прави такви играчишта од пацери на такво ниво. Со СТАТ у екипа ќе бидат страшни!, само да фати ритам ѕверот.

Со Вејд и Шек у екипа, не смее подоле од топ 5 да се стаат. Ама со Вокер, Пејтон, Џеј Вил – никако у топ 4.

- Слагам се.

Бренд игра мушки, а Магети настапи само на 13 средби до сега. Уште да драфтуваа некој што не е Јарослав, ќе ги иселеа Лејкерси од Стејплс.

- Можеби и вака ќе ги иселат. Бренд не знае да игра поинаку. Уште И-Ти да продолжи да игра како до сега и Кори Шпагети да се врати, е тогаш ќе биде интересно. Не ми се веруе, Клиперси одма после топ 5.

Леброн е ѕверка, ама ко екипа не се доволно зрели да идат погоре.

- Леброн е екипата! Зззззз ја проспа сезонава, Дејмон и Маршалот се изгубија негде на патот до Кливленд, а стаклените прстиња на Лери Хјуз ги чинеа бољи пласман.

Полека заличуваат на екипа која ги поседува Винсенити и Кид. Нено Крстич е закон! :)

- Нено е д мен. Винс и Џеферсон се фаците, уште Кид да почне да игра како некад. Можда се чува за плеј-оф.

Кармело игра јака сезона, ама они се добро ситуирани на Запад благодарејќи на шупачката конкуренција у Нортвестот.

- Не е само поради конкуренцијата шупачка. Се изнамучија со повреди и пак се на врв на дивизија. Мело го изеде за Ол-Стар селекција, но комплетни се страшни за секој конкурент.

После Данкан, Крис Пол е уште еден супериорен продукт на Вејк Форест школата. Спиди Клекстон, е уште едно изненадување. Еби се Катрина!

- Раселените вака високо, а? Сасвим заслужено. Пол е иднината на плеј. Но хурикејн кен стоп ми. Разбра, Кате?

Гасоламабад се повампири, иако на Олстарот имаше сомнителен настап. Сепак, се осеќа отсуството на Стадемаер. Мора да се средат.

- Ел Завагасол се спастри малце за Олстарот, али пак не ми е некако муж у игра. Бен го изеде пред 3 милијарди? луѓе. Само брада не завршува работа. Потписот на Чаки можеби ќе ја спаси сезоната.

Резултатски подобри и од Вашингтон и од Милвоки, ама без Џермејн тешко да напредуваат. Да се молат да се врати што поскоро.

- Џим Кери се докажа у овие две сезони како најбољи тренер у лига за вадење максимум од просечни играчи. Сеа со Пеџа у улогата на Реџи би требало да мрднат, иако без Џермејн не прават ништо.

Добар скор, арно ама многу се слаби во дуели со јаките екипи. Ќе клизаат надоле.

- Ќе клизаат.

Играат топло-ладно, но благодарејќи на стабилноста на Аринас се прилично конкурентни на Истокот.

- Тоа кажува доста за Гилберто, но и за Истокот.

Коби.

- Да.

Игудала почиња да се развива. Ајверсон мора да биде растеретен. 33 поена и 8 асистенции секоја вечер се многу за мало истепано човече кое полека ги одминува најдобрите свои години.

-Премногу. Но, Крис има солидна сезона а никој не збори за тоа. Игуана мислам дека ќе почне да напредува дури догодина. Немаат одбрана.

Мемо е оската на нивната игра. Уште Лузер и Кириленко да се стегнат, мож да пркнат. Дерон Вилијамс мора да добие повеќе минути.

- Мемо со џигерицата е ѕвер сезонава и ја би го ставил на Ол-Стар на местото на Бин Гасол. Уште Калашњиковот да фати ритам и да не зависат од Милт Паласио на плеј, ете ги у плеј-оф.

Берон е здрав, ама некако се мачат. Шубе.

- Почнаа добро, али кратерот у рекет, а и увек на повреди подложниот Берон ги уназадија. Шурбе.

Сем Луол Денг, немаат некоја светлина.

-Имаат Глас на светлина. Како немаат. Бен и капетан Кирк им се главните фаци, се друго е супортинг кест. Тешко со само нив двајца да бидат добри како лани. Барем играат еден куп средби дома у следниов период.

Со Рон Артест мрднаа малце. Уше да оздрават скроз и ко нови ќе бидат.

-Со Рон-Рон се мрднаа малце.

Кеј-Џи си игра по свое, малце послаб од порано, Трики Фрики Рики кобајаги ќе му поможи, а Јарич кај иде, малер сее.

- Ништо од нив. Бегај од таму Кевинеееее!!!!!!!

На Трејси не му е до кошарка. Мож и на Јао.

- На Јао никад не му било до кошарка. Многу високо си ги ставил. Подоле, доста подоле.

Со Воли мож ќе сменат малце концепција, а и ќе му отворат место на Пирс да биде клач.

- Зулендер ги освежи, али ќе им треба многу повеќе од Пол и лепраконите у сала да се вратат у живот.

Ален иде надоле, заоѓа, иако го величаат, Рашард е збунет, Крис Вилкокс може да им помогне, ама ќе си завршат вака, утепани.

- Подолеее.

Крис Бош експлодира, Чарли Ви изненадува позитивно, ама се` друго смрди.

- Бош и Колина се иднината на Торонто. Сезонава е рибилдинг, али има надеж.

Френчајз преживува траума. Ете им го сеа Миличич, може ќе ги спаси.

- Тешко нив ако чекаат Дарк-О да ги спаси. Среќа што го имаат Двајт. Деновите на Френсис се одбројани.

Најмистериозниот тим у лигата. Онака, ко за у „Нерешени мистерии“, лесна му земја на Роберт Стак.

- Замисли го чичана од Нерешени мистерии како почнуе со најава - Тие беа на чекор до финалето 2001 година, но по неколку години во лигата, ги снема од д фејс оф д рт. Дали се во Сибир кај предците на Мониа и Кријапа или у Казакстан кај Борат. Ноу уан ноус. Хеф ју син дем?

И покрај се , свака част за Нејт.

Надежни. За со Харлем Глобтротерс или ЕндУан Миксејп Кру.

- Него што. Повисоко од ова друже, барем по последните десет утакмици.

Без Емека, толку.

-Мека им е душата, а Џералд и најт останатото. Со сталните повреди не можат боље.

11 Септември не е најлошото нешто што му се десило на Њу Јорк. Ајзеа Томас е полош. Ај шо се безнадежни, ама нивниот догодишен пик е во рацете на Џон Пексон и Булси. А сеа копиљот Нејт ќе долее уште малце его. Лери Браун ќе заплаче до крај на сезона. Сигурно.

-Нека заплаче. Така и му треба кога лета по пари. Жал ми за фановите на Никси.

11 Comments:

Blogger Shepard said...

таман да пробам таблица. грдо, а? :(

2/20/2006 04:59:00 pm  
Anonymous bodan said...

Odlicn e,mada vishe go napishav ova ama mi go snema postov.Izgleda deka si u top forma(so poslednive 5-6 posta u tri dna),mada treba da se cuvash za vracanjeto na Amare i prestojnite povrede u Detroit koi gi spomna. P.S. Za komentatorstvoto na karakash ne komentiram zosh u tetovo ne se gleda taja telrvizija, i toa!

2/20/2006 05:31:00 pm  
Blogger Владо Апостолов said...

"Сем Луол Денг, немаат некоја светлина"

А бе! Ме провоцираш?:)

А Бен Седми Гордиот, а? А

2/20/2006 09:28:00 pm  
Blogger Shepard said...

хехехе :))))

2/20/2006 09:31:00 pm  
Blogger марче said...

aj neka se vrati king kong pobrgu i neka ja spasi sezonava ... za polosa sezona neznam u zadnjive 10 godini ... u picku mater ... naredni teroristicki napad u nju jork >>> u kancelarija na ajzea !!!

2/20/2006 11:13:00 pm  
Anonymous chale_v said...

ај честито пицнување...личе го...

2/21/2006 01:38:00 am  
Anonymous bodan said...

Za dwr budr-ima pojce svetlina,ama e na kraj na tunelot.Skajls barem mislim, znae shto prae za razlika od drugi!

2/21/2006 02:46:00 am  
Blogger марче said...

nju jork kje ispadne od liga!

2/21/2006 09:39:00 pm  
Anonymous chale_v said...

Со Леброн ко прв избор и со Дон-Маршал, Илгаускас, Снегчето и остали, мислам дека можат да направат нешто. Нормално ако не заглават на Пистонс. Мислам дека гладни се Коњанициве за нешто јаче. Мада нешто со плејоф искуство слаби се. Видеќемо

2/22/2006 12:08:00 am  
Blogger Shepard said...

само ако леброн стане клач :)

2/22/2006 12:18:00 am  
Anonymous chale_v said...

уште не му е тврд...треба да гризе...али му треба и подршка од позади :-)

2/22/2006 01:03:00 am  

Post a Comment

<< Home