Sunday, May 21, 2006

NBA у целата своја мрскотија
За прв пат после дооооолго време, дури три серии завршуваат со седма.. иначе сликава е од нашите другарчиња YAYsports кои се ептеен Кавс фанови и растураат периодов.. исто како и Need4Sheed Дури и се појавуваа по медиуми, но тоа е друг муабет, па затоа назад.. Underdog тимовите, особено Кливленд и Клиперси, убаво ги измрдаа извиканите Пистонси и забревтаните Санси.. Е сега, најава и Шепард-клетви-и-прогнози за тоа како ќе се распле вечерашната утакмица.. Вечерва, од 21:30, почиња отплеткувањето на Гордиевиот јазол наречен Детроит вс. Леброн.. Кој можеше да претпостави после дебаклот во првите две, и она табање до крв, дека Кавси ќе се вратат? И тоа се вратија не ради Леброн или прејаката одбрана, туку само заради тоа што Детроит ги потцени. Детроит од секогаш биле еден вид аутсајдери, но оваа година, се нумеро уно, играат напад, делат топка, пуцаат на 15 сек. до истек, и им удри славата во глава и сето тоа најдобро се согледа у курчењето на Шид после првата победа на Кливленд, во која мрчеше како ќе ги плескаат.. работата е што такви гаранции Шид давал не на 2-1, туку на 2-3, 3-3 и сл., и тоа во ситуација кога Пистонси биле against the Odds.. Но, работите се вратија на очекуваниот курс пред пар денови, кога Пистонси со судни маки израмнија на 3-3 и сега ќе играат на свој терен.. a Кавси прокоцкаа битна шанса, дома.. Разликата од овој натпревар до петтиот кога Кавси тепаа, е во тоа што ова е win or go home натпревар.. сепак, тоа беше окарактеризиран како a must win ситуација на клиповите, при што сосема свесни си ја испуштија шансата.. овој пат, притисокот е врз нив, многу повеќе, затоа што сепак, зависи сезоната. Серијата не е истата која почна пред две недели, сега Кливленд е тимот за кој се зборува. Сепак, Детроит се Детроит, и очекувам да стапат на сцена со таа перверзна патолошка игра, да го скршат Леброн од ќотек, Принс да убаци 25 поена, Морис Еванс 10, Тони Делк и Мекдајс по еден дабл-дабл и шо знам, евентуално пак некој malice in the pallace.. Леброн сега го симпатишам многу помалце од порано заради политиката „сведоштво“, но и него не го отпишувам. Вечер може да биде една крвава ноќ, која и вака и така за него ќе биде влијателна. Дали уште еднаш ќе му се скрши срцето и конечно ќе се искали, или уште пред да ја достигне својата зрелост, ќе направи чудо.. Прогноза: 85-81 за Детроит, Леброн 27-9-4 :) Клетви: досега онака срамежливо фаќаа, ама редно е да цркне некој.. Утре вечер пак е тексашкиот двобој меѓу Далас и Сан Антониот, кој е исто така со голем коефициент на мрскотија.. додека Феникс и Клиперси очекувам да пружат антологиска тикма, и „нека победи подобриот“ (Зоран Михајлов копирајт хахаха) А да не напоменувам.. ако до финале стасаат Детроит и Сан Антонио.. трагедија за спортот..

Friday, May 12, 2006

Стив Факинг Неш
Ова е пост во чест на Стив Неш. Човекот кој дојде до 2 признанија МВП во две години. Нешто што им успеало на шака играчи.. Инаку, оваа прилика ја користам да потсетам на Џејсон Кид, кој Њу Џерси две години последователно ги носеше на раце не само до титули на Исток, туку и до големото финале, кој можеби немаше просечен дабл-дабл со поени и асистенции, ама имаше бројки како 18,7 п / 6,3 с / 8,9 а во 2003 и беше сместен во втората НБА петорка (!!!) - за МВП награда не станува ни збор - а човекот ги направи Џеферсон и Мартин играчи, успут на леџа носејќи ги и Џејсон Колинс, Арон Вилијамс, Ентони Џонсон, Брајан Скалабрини и сл. кои се поим за дрво. Затоа тука е Неш, кој и покрај играта што ја пружа, и покрај сите признанија и све, мене ми е нелогично да биде главен херој (па и надвор од Лигата, да биде еден од 100 највлијателни луѓе у светот, шо све не). Еве едно интересно писмо од другарите од Јеј.
Пошто сега Стив Неш е Дејвид Бекам на кошарката, мора да биде метросексуалец
Осмех, она хистерија, радост, среќа, све измешано (на драфтот 1996) - кој претпоставуваше дека од таа генерација баш он ќе биде двократен МВП (најдобрата класа у историја на Лигата)
Оууу Кенадааааааа.. не сум сигурен, ама мислам дека е само втор/трет странец добитник на признанието..
PHOENIX—Upon receiving his second straight MVP award on Monday, Phoenix Suns point guard Steve Nash accused the NBA of "being out to make a fool of [him]." "Listen, it was kind of funny the first time. I mean, I can take a joke. My family was quite embarrassed, but that's beside the point," Nash told those gathered at the ceremony. "But this is just getting ridiculous. Look, I get it—I'm short, white, and Canadian. Ha ha, real fuckin' funny. You sick bastards. Did Amare Stoudemire put you up to this?" When asked about the chances of him winning a third MVP award in as many years, Nash emitted a terse laugh while glaring at the reporters and drumming his fingers on the podium. [разбира се, онион]
СУВА ЛЕПОТО! Тхе Енд

Friday, May 05, 2006

Таксират
Се обидувам да бидам објективен, ама не иде. Лејкерси неправедно изгубија во натпревар во кој неправедно ќе беше и да победеа.. судиите се глупи, да, ама тоа е.. Врвна утакмица, не може никој да спори.. Меѓутоа, се потврди уште еднаш дека во играта на Феникс тешко дека некој може да им парира. Сепак, Коби и другарите вчера беа и повеќе од солидни противници. Речиси перфектна игра, која не беше доволна за победа.. Смуш е крив, ама и не е крив. Се истроши кутриот бркајќи го Нешти. ЛАЛ ги натскокаа Феникс со 12:6 во офанзивни, 39:31 вкупно. Имаа ист број на украдени топки, а сепак, ЛАЛ имаа дури 20 изгубени наспроти 13 на Феникс (тоа се 7 напади помалку). Веројатно тука се виде глупавоста на судиите (за личните во напад). Но, тоа е. Во плејофот не смее да се вади на судии – едноставно, изгубивме. Коби убаци 50 поени на 35 шута, со 57% реализација.. а Леандрињо Барбоса убаци 22 со 7/9.. Неам зборови. Квами 8/9 од поле.. ЛО на раб на трипл дабл.. се жртвуваа, играа.. ама тоа е плејофот. На сите виновник им е Смуш, ама ја не го кривам – дечкото е тој, даде све од себе во одбраната, а сепак не го успори Неш.. ама толку е, тоа се неговите можности. Некогаш ќе даде 20, некогаш ич. Сега мора да се тотално фокусирани на седмата утакмица, но со таа разлика што сега повторно се во иста ситуација како пред почетокот на сезоната – тотални аутсајдери, а згора на се` имаат каде каде разнишана самодоверба после двата последователни порази (особено депримирачки е вториов, на свој терен у продужение). Феникс победија со 6 играчи.. Тим Томас пак џокер.. не ми се верува еј, ТИМ ТОМАС.. Коби тоа што го утна у последна секунда се обиде да го надокнади во продужение.. капак на све, слободните на Џорџ.. Вака мизерно не сум се осеќал од финалето со Детроит. Но едно останува сигурно. Без оглед на исходот на серијата, без оглед на тоа кој ќе биде МВП, конечно Коби почнува да ги добива признанијата за сопствените заслуги. ЛО стана тоа што се очекуваше од него, Квами го надминува комплекот на „уште една утка“, Лук пружа игра која е над неговиот потенцијал (изненадување у пм), Вујачич си обезбеди место и за догодина.. Треба да се стегнат заби и да се отпатува во Феникс со крената глава. Треба достојно да се заврши ова поглавје, како што му доликува на еден од најглорифицираните НБА тимови, во обид да се отвори нов лист, „градско дерби“ со Клиперси. Сепак, и да заврши утре сезоната на Лејкерси, јас ќе бидам задоволен со оглед на она што го очекував од нив пред неколку месеци. Ќе се памти.. ќе се памти гејм 4.. ќе се памти куцањето преку Неш..

Wednesday, May 03, 2006

Чоте навива за Индијана

Бидејќи осеќам дека нема да имам можност уште многу да гледам и коментирам утакмици на мојот омилен тим Индијана Пејсерс, ќе ја искористам оваа, веројатно последна можност оваа сезона да напишам пар зборови за вчерашниот петти натпревар од дуелот Пејсерс – Нетс, кој можевме да го проследиме преку директен пренос на Спорт4. Една од ретките утакмици што можевме да ги следиме у релативно културен термин, натпреварот почна во 01:00 часот, ко што знаете. За жал, малку безвезе беше тоа што имаше нов коментатор кој исклучително лошо се снајде во очигледно за него новава работа. Но, барем мене колку негативно толку и позитивно ми влијаеше на моменти, затоа што на пар наврати глупостите што ги тресна беа дури и смешни.

Оваа слика кажува све за синоќешната тикма - Шеп

Што се однесува до самата утакмица, мислам дека Нетс заслужено победија. Играа стабилно и водеа во тек на целата утакмица, на моменти и со преку 10 поени предност. Многу беа постабилни психолошки, кога и да се доближеше или пак изедначеше Индијана, Нетс смирено продожуваа да ја форсираат својата игра и не дозволуваа Индијана да поведе. Првата петорка на Нетс изигра на многу високо ниво, Картер растури во прво полувреме (19 поени со одличен процент од поле) на крај заврши со 34 поени, со преку 50% од поле, Кид имаше 15 асистенции, Џеферсон и Крстиќ исто така изиграа одлично. Друга работа кај Нетс, што можеби ќе биде одлучна за добивање на дуелов со Пејсерс е Клиф Робинсон, поточно одбраната што тој ја игра против Џермејн Онил. Како и секој суперискусен играч, Клиф знае да испровоцира на моменти, а Џермејн не издржува и прави глупости, најчесто по провокациите прави лични у напад. Поради проблеми со кондиција (нормално, 39 години има човекот), Клиф не може да издржи повеќе од 30 минути на терен, па за тие минути кога он одмара, влегува стартерот Колинс и главно со лични грешки го спречува О'Нил, колку-толку. Кај Индијана пак, не ми е јасна зонската одбрана што Карлајл ја форсираше у втора и четврта четвртина. Најслаба карика у зонскава (2-3) одбрана што Пејсерс ја играат беше централниот играч (Џермејн), играч кој е всушност најважен кога се игра ваква одбрана. Исто така и едниот бек се горе се губеше често. Едино Јасикевичиус беше на ниво у моментите кога играа зонска одбрана, ама он всушност и само затоа влегуваше во игра, си има повеќе искуство од Европа човекот.

Ентони „Џејмисон“

Понатаму, не ми е јасно зашто Фред Џонс не добиива поголема минутажа. Вчера за 28-те минути на паркет изигра одлично, а освен тоа, уште поважно, он е еден од ретките играчи на Пејсерс што изгледа мотивирано т.е. еден од ретките играчи у Индијана што има желба за надигрување, желба за победа, а тоа и тоа како им фали на нив. Тоа е според мене е една од двете причини зашто Крошир ја добива минутажата што ја има иако е камен, втората причина е повредата на Фостер.

Понатаму, Стивен Џексон и неговата тапа игра исто така се една од причините за поразот на Индијана. Општо познато е дека он важи за неконстантен играч, сум го споменал и ја тоа у претходните коментари. Во секој случај, преголема минутажа добива за придонесот што го дава. Зборувам и за придонес во одбрана и за придонес преку за постигнати поени, а и онака, не ми делуе како некој што делува мотивирачки на тимот. И уште една работа за него, не ми е јасно зашто носи штуцни!? Џермејн Онил пак, главниот играч на Пејсерс, исто така вчера беше подпросечен. Паѓаше на провокациите на Клиф, промаши 3 пенали по ред на 5 минути пред крај, а и направи чекори, таква ствар не смее да му се случи на лидер на тим. Освен солидната игра во одбрана и неколкуте блокади што Нетс ќе ги памтат со години ништо друго не видовме од него. На моменти изгледа толку измучено, да ти е мака да го гледаш. Стојаковиќ и Тинсли се и даље повредени, за овој вториот мање-више пошто со него у тим играат 40% послабо. А Стојаковиќ, кој иако важи за слаб плеј-оф играч, сепак ќе беше од голема корист во серијава да беше здрав. Инаку, он би требало да игра во нареднава утакмица, ќе видиме како ќе играат со него во тим. Се на се, Индијана изгледа многу бледо, нешто слично изгледаа кога ја имаа онаа црна серија пред крајот на регуларна сезона. Немаат желба за победа, нема жар во нивната игра, освен Кроушир и Џонс другите као едвај да чекаат да заврши плејофов. Мора да се признае дека имаат тешки проблеми со повреди, не само во плеј-офов, проблеми со повреди имаа низ цела сезона, но тоа не е главната причина. Според мене немањето мотив и желба, анемичната игра на повеќето играчи од кои се очекува повеќе се причина за ситуацијава во која што се сега. Како и да заврши сезонава, ќе треба да се направи ремонт на тимот летово. Ќе треба Дони Велш да го одврзе кесето, а Бирд и Карлајл да ги засукаат ракавите, секако, ќе треба и да се отарасат од неколку играчи. Мислам дека ако остане истиов тим и догодина ќе биде уште полошо. Истиве играчи играат заедно подолго време, и на некој начин се презаситени еден од друг.

На крај, јас као долгогодишен навивач на Индијана Пејсерс сепак се надевам дека нешто радикално ќе се смени во нивната игра во наредниве две утакмици и дека ќе имаат можност со оздравен тим и окуражени од победата против ЊуЏерси да се обрачунаат со Мајами:). Ќе видиме.

Отпишаните назад
[by Shepard] Синоќа, сем херојството на Коби, се случија уште две мноооооогу битни работи.
Скот Скајлс успеа некако да го спаси својот тим против Мајами кој беше усмерен накај амбисот (ДВЕЈД ВЕЈН бе леле овој нека иде награди нека извлекува) и сега се повторно изедначени, т.е. два-два. За тим што едвај се докопа до плејоф, супер се.
Мој совет за Рајли е нека си ја клаи што поскоро јамката, затоа што гледајќи ја тикмава, МАЈАМИ НЕ ЗАСЛУЖУВА (а нема ни желба) ДА ДЕ НАТАКА. Игра само ДВЕЈДВЕЈН (ова у една милисекунда кажано). Гуцето Вокер мисли дека е у Бостон, Шек.. така.. другиве.. шо знам. Но тоа шо ми праи мерак, е дека САКРАМЕНТО ги ЗГАЗИ Сан Антонио (шо ги величав у овој пост). Дали дека е Први Мај или шо, појма неам, ама губење ко стока од Бониз Велс не се оправдува никако. Ева Лонгориа добила. Или е slut. Како и да е, ова мене ме радува.
"They beat us in about every facet of the game," Spurs coach Gregg Popovich said. "They were physical, aggressive, showed a lot of desire, and we didn't match it. ... Bonzi has been great. He's been a one-man wrecking crew."
Значи плејофот изглеа некако вака: SAS [2] - [2] SAC || DAL [3] - [0] MEM PHO [1] - [3] LAL || DEN [1] - [3] LAC DET [2] - [1] MIL || CLE [2] - [2] WAS MIA [2] - [2] CHI || NJN [2] - [2] IND Инаку, да го спомнеме и дуелот на Кавс и Виз`с што Бето го најави. Стварно искочи двобој на Аринас и Брон, во кој победи поискусниот (кој патем не излезе од игра на целата тикма!!!). Со тоа што Ентон Џејмисон и Кејрон Батлер потпомогнаа.. Леброн сем 38 поени, имал и 7 изгубени.. а целата екипа на Кавси, вкупно 23.
WHO'S YOUR MVP NOW, MOMMA?!

Пратејќи ја у флеш на нба.ком утакмицава, стварно посакав да сум таму и да гледам!!!

ДА ГЛЕДАМ КАКО СЕ СЛУЧУВА ИСТОРИЈАТА..

ДА ГЛЕДАМ КАКО СЕ СЛУЧУВА ВИСТИНАТА..

Нема многу да ви го дрвам, само ќе пастам од плеј-бај-плеј-грамот..

Крај на регуларен дел:

  • Thomas Jump Shot: Made (9 PTS - тројка) Assist: Bell (2 AST) 0:40 [PHX 89-85] - леле овој Тим Томас шупакот брца тројка у незгодно време, ја трескам тука, четири разлика бе, пу мајката
  • 0:40 Team Timeout: Regular - тука Зен вика „со голема моќ имаш голема одговорност мој мил Кобиќу“
  • 0:25 Bryant Jump Shot: Missed, Thomas Rebound (Off:2 Def:4) 0:23 - тука кубе коси Фил, си вика ме шитна копилето, ја пцујам, а Коби само вика, леле бе у пичку
  • 0:16 Odom Foul: Personal (5 PF) || 0:12 George Foul: Personal (1 PF) || Diaw Free Throw 1 of 2 missed || 0:12|| Team Rebound 0:12 || 0:12 George Substitution replaced by Brown || Diaw Free Throw 2 of 2 (19 PTS) 0:12 [PHX 90-85] - ова со фауливе мудра работа, Диаоеаие му дрхти рука, се тресе, улалала парле ву франсе, даа 1 од 2 и иаме аутомацки 5 разлика
  • 0:12 Team Timeout: Short || 0:12 Brown Substitution replaced by George - убаа замена

И СЕА ПАЗИ ОВУ ПЕСМУ БАТО!

  • 0:07 [LAL 88-90] Parker Jump Shot: Made (5 PTS - исто тројка) Assist: Odom (5 AST) - то Смуш ин д Ембуш, цела утакмица мисли игра баскет у Шао Лин со Метод Мен, нема бато, ова е Вестсајд, тука фрчат тројки
  • Team Timeout: Regular 0:07 - фрка тука, вришти публика, она музичето иде, ќе го закачам да чуете кое
  • Nash Turnover: Lost Ball (1 TO) Steal: Parker (2 ST) 0:04 - и дали е могуче МВП да клиза, леле бе, мрш у Канада говедо едно, па ту Смуш пак праи Ембуш, крадливец шо би рекао Лекиќа
  • 0:00 [LAL 90-90] Bryant Driving Layup: Made (18 PTS) Assist: George (2 AST) - Коби у задње секунде, па јели је то стварно, аааааааааааааааааа!!!
  • Team Timeout: Short 0:00
  • Jones Layup Shot: Missed 0:00 - нема бато, у продужениуе се гледа кој како..
  • Team Rebound 0:0

End of 4th Quarter Ондак тука мцкаме гејторед, се бришеме со пешкирче, се фокусираме, Зен склопуе хаику 5-7-5 за триаголникот:

Коби време е

Одговорност преземи Да не те тепам

И тука искачаме на терен, жустро мајке ми, Николсон у прв ред мафта, се шлогира, Снуп се моли ово оно..

Играме продужетак жустро ама овие праат фрка..

  • Nash Jump Shot: Made (22 PTS - 3pt) 0:49 [PHX 98-95] 0:35 - леле бе ќе не пројдат бе.. и МВП ќе земе, ќе умрам..
  • Odom Layup Shot: Missed Jones Rebound (Off: Def:5) 0:34 - Л.О. е шупак
  • Bell Layup Shot: Missed 0:16 - епа Бел да те закопа, тури си јамка ондак..
  • 0:15 Team Rebound
  • 0:11 [LAL 97-98] Bryant Driving Layup: Made (22 PTS) - па ко_би други?!?!?!
  • (0:06) Jump Ball Walton vs Nash - ајде Лук, тато коментиша!
  • Nash Turnover: Lost Ball (2 TO) Steal: Walton (1 ST) 0:06 - така е сине, ајдеееее
  • 0:00 [LAL 99-98] Bryant Jump Shot: Made (24 PTS) - ХИ ДИД ИТ АГЕН, ХИ ДИД ИТ АГЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕН АААААААААААААААААААА ЕЕЕЕАААААААААААООООО УУУУУУААЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕ
  • (0:00) Instant Replay: Support Ruling - АААААААААААЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕ ВАЖИИИИИИ ААААААААЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕ ЛЕЛЕАЛАЛЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕ ААААААААА

И после зашо не идам да коментирам утакмици. Иначе ве поздрави ДВЕЈД ВЕЈН.

Можат ли да го сопрат?!

(текст на нашиот прв регистриран контрибјутор Бето, кој пак водел инает и наместо да иде на write post, ми го пратил на мејл и среќа шо го видов на време, али нашиот најмал член изненадува позитивно :) )

Рамбо!

Дефинитивно најинтересен дуел од првата плеј-оф рунда и во двете конференции, може да се каже дека е Вашингтон – Кливленд, екипите во кои играат двајца од највисоката НБА елита, Џилберт Аринас кај Визардси и секако можеби овогодинешниот МВП на сезоната, 21 годишниот ЛеБрон Џејмс.

Се на се како што и предвиде и кажа порано Каракаш, Визардси најверојатно и сакаа да играат против ЛеБрон и компанијата во прва рунда… Лани, ја имаа истата оваа ситуација кога со меч помалку на домашен терен, во 6 натпревати успеаа да ги избуткаат Чикаго од разигрувањето. (абе друго беше - заб. на Шеп)

Од друга страна пак, Кливленд се во плеј-офот првпат по 1998 година, но тоа се чини до сега и не игра некој битен факт. Сепак, искуството може да биде тука решавачко, а тоа е на страната на Вашингтон. Во регуларната сезона пак, Вашингтон триумфираше три пати, за разлика од едната победа на Кливленд во меѓусебните средби, но тоа во плеј-офот се заборава.

Сега за сега, ЛеБрон води во директниот дуел со Аринас со 2:1, а вечерва им претстои според мене, решавачката утакмица која се игра во D.C.

Визардси би требало да влезат во овој меч помотивирано од кога било, по болниот пораз во петокот кога прокоцкаа и предност од 14 коша и дозволија Кралот да ги потопи во последниот напад.

Што може да се очекува вечерва од двете екипи, тоа е прашањето кое само се наметнува.

Вашингтон сигурно ќе атакува на победата и нема ништо да држи во резерва, како во првата партија, кога се чинеше дека Визардси играат премногу стегнато. Аринас сеуште не ги имал своите 5 минути и очекувам вечерва да биде негова. Очекувам, да има бар една 40+ партија во серијава, а ништо чудно тоа да биде вечерва. Ако ја добие и помошта, пред се` од Батлер кој е тоа како битна алка во системот на Еди Џордан, тогаш мислам дека имаат квалитет и знаење да ја изедначат серијата на 2:2.

Имаат и слабости секако, како и секоја НБА екипа ама дефинитивно најголем проблем им е тенката клупа и фактот дека Џордан во третиот меч со Кливленд играше само со 7 играчи, за разлика од Кливленд. Им фали еден висок играч од клупа (како што кај Кавси е Варежао) за да бидат поконкуренти на тимовите кои што имаат квалитетни центри. Хејвуд е солиден центар кој е доста скочен, а и помага во нападот, но во третата утакмица направи доста глупи фаули кои имаа свое влијание на текот на натпреварот. Џејмисон, како битна алка од ударното трио на Вашингтон мора да се разбуди и да игра како во своите најдобри денови, иако веќе може да се каже дека го помина зенитот во својата играчка кариера. Во третиот меч Џејмисон разочара со својата непромислена, брза, избувлива игра со која наликуваше на руки, а не на ветеран.

Кливленд пак, во своите редови го има еден од најдоминантните играчи во НБА, ЛеБрон кој во секој момент може да оди на противничкиот кош и да поентира, дали со влез или шут сеедно. Минус во оваа ситуација за него, е што првпат игра во разигрувањето. Но, за се има прв пат, и Реџи Милер и Мајкл Џордан и Меџик Џонсон играле првпат, а за третиов тоа и не беше проблем. Е сега, сите знаеме дека не е толку клач како Аринас ама во третиов дуел излезе обратно. ЛеБрон ја реши утакмицата, а Аринас утна чист шут за победа.

Многу важно за Кавси е тоа што баш за плеј-офот во имот се врати Лери Хјуз (кој до лани беше дел од Вашингтон), а по повредата на раката полека се враќа во форма и потсетува на ланската сезона во која блесна и си ја дигна цената. Во третиот меч во својот поранешен дом, даде 16 поени и така беше втор стрелец на својот тим, а и постигна многу битен фаул-кош кон крајот на четврта кога го израмни резултатот. Тука се уште и Зидрунас Брадаускас и Дру Браден кои даваат огромен придонес за тимот. Позитивна страна за тимот на Браун е тоа што имаат дебела, длабока клупа, играчи кои можат да дадат огромен придонес на крајот на мечевите.

Маршал тука секако треба да се спомне, играч кој е најискусен во тимот на Кливленд и токму поради тоа и беше потпишан летоска од Кавси, за во вакви ситуации. Мари, Џонс, Варежао... добра клупа дефинитивно. Како минус, би го издвоил слабиот шут за три поени на тимот.

Зошто оваа четврта утакмица треба да се покаже како решавачка?

Шеп навива за Аринас

Затоа што кој и да ја добие ќе добие и стимул и енергија за наредните натпревари. Ако ЛеБрон и вечерва го украде шоуто среде Вашингтон и урне уште некој рекорд тогаш дефинитивно Кавси ќе поминат во втора рунда. Ако пак Аринас успее да фати шут и го израмни резултатот на 2:2 се може да се случи. Тогаш предвидувам седма утакмица, а таму ќе победи искуството. Затоа tonight is the night и за двете екипи, и за Џилберт и за Брон.

Random моменти + кеш да ти се згади

Мене Илгаускас со брада ми личи на Јане Сандански

Инаку, интересна е ситуацијата со најдобрите стрелци во плејофот. Прв е Монархот Леброн (сликава доле е дрпната од блогот на Флајт), со 33 по натрпевар, а Коби, со 22,7 (пад од цели 13 поени од рег. сезона а Лејкерси делуваат ептен посилни) е на деветото место, одма пред Ночиони кој има 22,3. Најбољи скокач, е мај мен Л.О. со 14 по натпревар.

Најефикасен тим е Сан Антонио (!!!) со 114 поена по натпревар. И пуцаат со 51,5 % од поле! А така шашмарски делуваа гејм 2 и 3..

Еве го монархот шо го крадам од кај Флајт.

Инаку, клучот на ЛА со Феникс е цврстината и скокот - ги натскокуваат у просек со 12-13 разлика (најбољи скокачки тим у плејофот, тотално нетипично).

Е сеа да вадиме статистики и заклучоци на три до четири утакмици, е не баш репрезентативно, ама тоа е. Многу неочекувани ствари се дешаваат во пост-сезоната..

Инаку, на моите пурпурно-златести (јао, колку нежно се изразив), полека и стручњаците (ако има некој постручен од нас овде :) ) им го гледаат патот во плејофот (а делумно и мојто сценарио). Ако ги минат Феникс (вечер вуна, мора да се стегне зуб), ќе играат или со Денвер со кого ќе имаат предност на домашен терен, ама пошто Денвер се на руб елиминација од синоќа, поверојатно е дека ќе играат со другите од ЛА, Клиперс. Тука више се преоѓа кон здравата логика, која вика дека Клиперс нема шанси да ги тепа Лејкерс. :)

Иначе, поздрав од Милвоки прати Мајкл Ред со 40 поени за 34 минути игра и одличен шут од поле. Елените ги попарија Пистонс со 124 поени, нешто што задњи пут Детроит го има искусено на 25 ноември со Вашингтон.

Клиперси пак, доста балансирано, дури и со леснотија ги испеглале Денвер. Шон Ливингстон дочека да биде фактор у плејоф (не дека е слаб, напротив, има потенцијал), постигнал 16 поени на 70% од поле. Магети Паркети конечно личи на себе, предводејќи го нивниот напад..

Мрската утакмица синоќа, која ја заспав поради прекумерно количество смоки кои ги јадев со пивото, ја отерале у продужение и Далас останува непоразен.. Гасоламабад нека се бричи, не делуе више тоа брадиштето.

Нетси ги решиле Инди у првите 3 четвртини.. таа серија ја промашив, изглеа ќе иде до седум.

Иначе, благодарејќи на нашиот дописник од Чикаго, Теко, дознавме за фичрот на USA Today, кои нудат увид у платите на спортистите.

Цифри.. а еве ги и најплатените 25.

Мои фаворити:

2 Webber, Chris $ 19,130,000 Philadelphia 76ers

Колку толку ги оправдува очекувањата.. ама.. зема повеќе кеш од Ајверсон :)

3 Finley, Michael $ 18,612,000 San Antonio Spurs

ТД е скромно момче.. само не сум сигурен дал кешов иде на сметка на Кјубан или на Спарси..

11 Van Horn, Keith $ 15,700,000 Dallas Mavericks

Едно време играше за Њу Јорк.. во моментов е најплатен во Далас.. неправда..

6 Marbury, Stephon $ 16,450,000 New York Knicks 12 Rose, Jalen $ 15,694,000 New York Knicks 22 Francis, Steve $ 13,770,000 New York Knicks

Ајзеааааа, оооооооо, Ајзеаааааааааааааааа

15 Jones, Eddie $ 14,560,000 Memphis Grizzlies

Ушеден пример за тоа дека ако си добар во младоста, ќе дочекаш длабока и богата старост.