NBA у целата своја мрскотија
За прв пат после дооооолго време, дури три серии завршуваат со седма.. иначе сликава е од нашите другарчиња YAYsports кои се ептеен Кавс фанови и растураат периодов.. исто како и Need4Sheed
Дури и се појавуваа по медиуми, но тоа е друг муабет, па затоа назад..
Underdog тимовите, особено Кливленд и Клиперси, убаво ги измрдаа извиканите Пистонси и забревтаните Санси..
Е сега, најава и Шепард-клетви-и-прогнози за тоа како ќе се распле вечерашната утакмица..
Вечерва, од 21:30, почиња отплеткувањето на Гордиевиот јазол наречен Детроит вс. Леброн..
Кој можеше да претпостави после дебаклот во првите две, и она табање до крв, дека Кавси ќе се вратат? И тоа се вратија не ради Леброн или прејаката одбрана, туку само заради тоа што Детроит ги потцени. Детроит од секогаш биле еден вид аутсајдери, но оваа година, се нумеро уно, играат напад, делат топка, пуцаат на 15 сек. до истек, и им удри славата во глава и сето тоа најдобро се согледа у курчењето на Шид после првата победа на Кливленд, во која мрчеше како ќе ги плескаат.. работата е што такви гаранции Шид давал не на 2-1, туку на 2-3, 3-3 и сл., и тоа во ситуација кога Пистонси биле against the Odds..
Но, работите се вратија на очекуваниот курс пред пар денови, кога Пистонси со судни маки израмнија на 3-3 и сега ќе играат на свој терен.. a Кавси прокоцкаа битна шанса, дома..
Разликата од овој натпревар до петтиот кога Кавси тепаа, е во тоа што ова е win or go home натпревар.. сепак, тоа беше окарактеризиран како a must win ситуација на клиповите, при што сосема свесни си ја испуштија шансата.. овој пат, притисокот е врз нив, многу повеќе, затоа што сепак, зависи сезоната. Серијата не е истата која почна пред две недели, сега Кливленд е тимот за кој се зборува. Сепак, Детроит се Детроит, и очекувам да стапат на сцена со таа перверзна патолошка игра, да го скршат Леброн од ќотек, Принс да убаци 25 поена, Морис Еванс 10, Тони Делк и Мекдајс по еден дабл-дабл и шо знам, евентуално пак некој malice in the pallace..
Леброн сега го симпатишам многу помалце од порано заради политиката „сведоштво“, но и него не го отпишувам. Вечер може да биде една крвава ноќ, која и вака и така за него ќе биде влијателна. Дали уште еднаш ќе му се скрши срцето и конечно ќе се искали, или уште пред да ја достигне својата зрелост, ќе направи чудо..
Прогноза: 85-81 за Детроит, Леброн 27-9-4 :)
Клетви: досега онака срамежливо фаќаа, ама редно е да цркне некој..
Утре вечер пак е тексашкиот двобој меѓу Далас и Сан Антониот, кој е исто така со голем коефициент на мрскотија.. додека Феникс и Клиперси очекувам да пружат антологиска тикма, и „нека победи подобриот“ (Зоран Михајлов копирајт хахаха)
А да не напоменувам.. ако до финале стасаат Детроит и Сан Антонио.. трагедија за спортот..
17 Comments:
Едвај чекамвечер да фатат клетвете.Амин!
Абе дека ќе цркне некој, несомнено. Уствари ќе цркнат сите, порано или подоцна. Кој порано, а кој подоцна, е сеа тоа може да се дебатира.. :)
Моја прогноза е дека Шид ќе стане тешка протува по завршување на кариера (со 3-4 прстени), ќе се пропие - Бест, Гаскоњ шема, и ќе дочека несреќен крај.
Рип ќе стане успешен во областа на тргување со недвижнини, и ќе учествува во 238-та сезона на The Apprentice, и ќе биде првиот учесник во таа игра, кој на Трамп ќе му ја опне тогашната жена бомбетина, што воедно ќе биде причината за отпуштањето и ферката со Трамп и неговата "штака смрти".
Чонси, ќе живее повлечен и мирен живот некаде на море, и ќе има 23 деца и 90 внучиња. Претходно ќе освои титула и со друг тим, како играч од клупа, и несомнено ќе шутне тројка у решавајучи тренутак, на зачудување на целата спортска јавност, а најмногу на тогашниот тренер на тој X тим - Марио Ели.
Принс ќе игра у Пистонс до 48 години, после тоа ќе стане GM па ќе ја спреми новата генерација за титула, и ќе им докаже на сите што биле убедени дека Чонси ќе биде следниот претседател дека он е da shit... Ќе умре сингл, со сериозни пореметувања во зглобовите и кичмата.
И на крај, Бен. Бен ќе ја изгуби способноста за говор, но не пред да освои титули во хокеј, рагби, ватерполо и плус европска титула со Панатенаикос и лига шампиони со Тотенхем. После тоа ќе пишува книги за тоа како да живеете нормален живот и покрај тоа што бицепсите и пекторалисите ви се влечат по земја.
Тепаме вечер. А Мајами ќе бидат потежок противник и од Далас и од Сан Антонио. За тоа потоа.
Поздрав, Syndicate
Rispekt sindicate:). Jas bi dodal uste edna stavka: Rasheed ke zagine so svojot privaten avion bidejki se obiduval da pilotira vo narkomanizirana sostojba. Ama daaleku e toa be... Prvo treba titula da se zeme godinava:)
"Сан Антонио успеа да израмни против Детроит"- Ova e naslov na storijata na www.a1.com.mk :)) Izgleda imaat nekoj predskazuvac na idninata vo A1 koj se zaboravil deka uste e samo polufinale na konferencii:)
ете, ги задржале на шееседен. арно шо не глеав.
Попушлич Кавс. Ги зауставија на 61 поен. Премногу ќе беше за овој тим на Кавс да игра у конференциско финале. Се посраа кога највише требаше, ама тоа е тоа, мислам дека беше 99% очекувано. Многу слабо изигра цел тим, впрочем ни еден стартер освен Леброн нема поише од 8 поени, а само Хјус има двоцифрен број поени од цел тим (секако и Леброн). Леброн се покака у трета четвртина, па и укупно у цело второ полувреме,иако прво полувреме заврши со 15/10 од поле,у второ имаше 9/1, ништо од сведоштвата овој пут ;)
Гнидата Хантер погоди неколу битни шутеви кога се кршеше резултатот, не ми е јасно зашто немаше поише шанси да игра претходно. (ова со кршењево, З.Михајлов :)). Иначе, тоа влезовите на преживеаниот од Аушвиц Принс, се најодвратна ствар и свет, да ти се одмили и кошарка и све.
Мајами е сеа на ред, а после првата утакмица веројатно ќе се знае кој ќе иде у финале. Многу ме интересира да видам што ќе смисли Рајли за дивљациве.
детроит треба да трпи санкции бе.. не иде, гадови..
збира некој сликици светско?
после вчера нејќам ни да гледам плејоф. ужас од утакмица. катастрофи!!!
Lebron e luzer
a detroit gi mrazam!
Go nema Kobi
Баз оф Кавс!!
61 поен?! Drew's crew? Damon Jones, не е ни чудо шо го шутнавме, а го шутнаа и Хит. Каков лузер... Па глуми нешто, лидер у тајмаути... Ооооффф... Варежао? 6 поени? Ерик Сноу? Илгаускас? Па и кралот? 1 погоден од игра у второ полувреме? И после он бил Џордан? Ха!
А и фактот шо си излезе ко пичето што е, после поразот! Поздрави се бе сељуш еден,нели ти е срам, пилиштарец еден... Затоа никад нема да биде големина, легенда.. ете затоа.. затоа што Џордан се гушкаше со сите после утакмица, ОК за разлика од "кралот" он беше победникот у најголемиот број од случајите...
Пистонси? Одлична утакмица. 61 факинг поен. Дифенс ол д уеј... Клучен? Линдзи.. и Принс..
У вторник, глеате нови пистонси со 100 поени минимум на првата. Мераци бев вчера, ме-ра-ци...
Поздрав, Syndicate
A be sto se palis na odbrana Anonymus nieden, ako toa te pali odi gledaj Evroliga, se znae sto e NBA.
хаику:
мрско ќе биде
да го гледам боуен
против хемилтон
I PISS ON THE PISSTONS
Малку у афект беше кажано тоа... Али сепак не можам да прелетам преку фактот дека си стана и си излезе, без СО НИКОГО да се поздрави... Gay!!
Он бре треба да ги исполиже сите таму, онака браво, браво, најс гејм, грејт Ди, да му го ишмука на Рип, на Линдзи, на Чонси, а не да си излезе сам, ко примадоната да е таксана за Финале... Тоа ако го имаш, го имаш, ако го немаш -го немаш. И коби и самбендисан до даска, и ароганција и препич и се, ама знае типот шо е НБА, шо е спорт шо е почит за противникот...
Syndicate
Ретри бе другарче,кој у кавс ти личи на Шек????
Lele be da se jadelo burek tolku za toj kobi deckoto se dokaza pred dve godini protiv detroit, a retry sto napravi pred dve godini so ekipa dream team protiv detroit a lebron sam protiv detroit ?!?!?
Post a Comment
<< Home