Monday, April 17, 2006

Малце од Шеп + уште 2 нови деца (идеме у плејоф)
Или 2 нови деца + нешо малце од Шеп, дека идеме у плејоф Првото ново дете, уствари не ни е ново. Тоа е ентитетот Бодан, кој е активен у коментарите и се реши да ни прати мејл за негова топ листа на забивања, пропратена со неколку линаци од клипове и слично. После сомнителната победа на Неjт Робинсон на натпреварот во забивање и клипот со кој многумина не се сложија дека е топ 10 забивања на сите времиња еве мое видување на данк историјата. 1.Michael Air Jordan: Податоците за неговиот одраз варираат од 108 до 122 см.Но тоа што го прави поразличен од другите е hang time или способноста да лебди во воздухот.Неговото прво данк искуство е уште кога бил висок 176 см, а во НБА историјата ќе останат запаметени неговите забивања in your face, tomahawk со десна рака и превиткано тело, забивањето од слободни. 2.Julius Dr.J Erving: Можеби и ќе се решев токму него да го ставам на прво место, но од навивачка гледна точка сепак е само втор:) . Големиот распон на рацете, неверојатната големина на дланките и одразот од 104см го правеа забивањето за него, најлесна работа на светот. Пионер е на забивањето од слободни, а се смета дека заедно со Д. Вилкинс имаат највеќе забивања позади грб од игра. Ако на ова се додаде елеганцијата и харизмата на Др Џеј, ќе остане жалењето што играл толку “одамна“! 3. Dominique Soaring hawk Wilkins: Kралот на крвничките забивања! Првпат забил кога бил висок 172см. а се смета дека имал одраз од 106см. “Празникот за очи“ како што му е еден од прекарите низ кариерата, ќе остане запаметен по неговите windmil, reverse double pump jam, tip in забивања. За Доминик во почетокот на неговата кариера кружела гласина дека може да забие со три топки во еден скок? (од Шеп, процедурално: ова е неизводливо да го ебам! ама ај да не се убаци Енко, мора да кажам дека коа Доминик е у прашање, све е могуче) Сепак е на трето место поради многу лошиот одраз со една нога. 4.David Skywalker Thomson: Идолот на Џордан (додека бил мал) има одраз од 110-122см во зависност од изворот на податоците. Иноватор на забивањето со вртење од 360 степени; можеби бил поатрактивен од Др Џеј но малите дланки му правеле проблем што дури со крајни напори ја држел топката со една рака. Од безбројните неверојатни забивања најповеќе запаметен ќе остане неговиот tomahawk pull up. 5.Clyde the Glyde Drexler: Најелегантниот dunker на сите времиња! Леснотијата на забивање ја оправдувал со податокот дека како помлад тренирал на кош висок 315см. Ќе остане антологија неговото забивање од игра со одраз половина метар зад цртата за слободни на кое му претходи дриблање од под својот обрач. 6.Kobe Mamba Bryant: Не претерано жестоки (пред се префинети) но сепак низата забивања “во фаца“, забивањата после финта на прв обрач и 360 го донесоа Коби во избраново друштво (ај добро,и за атер од Шеп - а Шеп вика со кој образ дури шести?! :) ). Дечково го избрав пред Винс заради одразот со една нога од “само“ 96см. притоа не можејќи да се види разликата од останатите кои својата скочност ја мерат со десетици сантиметри повеќе. 7.Vince Half Man Carter: Податоците за неговиот одраз варираат од 106-120см но она што го прави еден од најдобрите данкери е екплозивноста при полетувањето. За него е доволно само да се каже дека не постои забивање кое неможе да го изведе на теренот, затоа и ќе биде смешно да го пишувам репертоарот на неговите забивања. 8.Shaquille Terminator O’Neal: Според некои аналитичари играчот со највеќе забивања во историјата на НБА (3200), и на еден меч (11). Ќе остане запаметено забивањето против Нетс во сезоната 92/93 при што се скрши конструкцијата на кошот а семафорот паѓа на грбот на Шек. 9.Spud Mouse Webb: Висок само 170см, Веб е специјална приказна. На публиката во Атланта (нормално и ширум НБА) им носи дотогаш неверојатни забивање за играчи со негова височина. Со одразот од 130-135см. дури е и конкуренција на тогаш неприкосновените Ол-Стар кралеви на забивањето Џордан и Вилкинс (еднаш и победник ’86). 10. Shawn Kemp: Mојот омилен данкер е дури на десетото место. Цепелините со Ракавицата уште долго време ќе бидат дел од најавите за почеток на НБА меч. Но за него нема да пишувам многу бидејќи на овој блог има спесијален пост (прочепкајте по архивата - те го). Еве ги клиповите кои Бодан реши да ги сподели со нас: 1 2 3 4 5 Последниот е најзакон.
* * * * *
Другото дете, е Парадокс, кој ми дае одобрение да ги објавам сличките што тој ги напраил пред Јунајтед Центар у Чикаго. Е Теко, Теко! (Клик на сликите за да виите шо пишува)
* * * * *
Од другите рабоќе - Лејкерси ги тепаа Сонцата (без Нешти, рука на срце), идеме у плејоф, на Исток Чикаго ги тепаше Мајами, идат и Воловите у плејоф вероватно (сеа Фили ќе вииме шо како..), и идеме така, у плејоф. И пошто идеме у плејоф, спремаме изненадување, а изненадувањето особено го спрема Енко. ПС Ме глеаше бе некој у блогоемисијата НЗС? :) ПМС: Се крчка супрајзот. Иначе, Бодане, забивачите ти се Ок, само што ја би им ги сменил местата на скоро сите од нив. Ќе направиме и ја и Шеп по еден Топ 10 летово. Екстра ти се надимците. Кажи слики, а?:)

45 Comments:

Anonymous Bojan said...

Ja Vuna te gleav i TOP bese... malce Ivance znae da go tupi ama se znae koj e gazda "tamu"...
Cestitki u sekoj slucaj za tebe...

4/17/2006 03:23:00 am  
Anonymous Bojan said...

Inaku i postov e Ok za kucanjata... toa se definitivno licata koi ostavija (ostavaat) pecat u NBA i ja pravat pointeresna za gleanje...
EEEEEE... da ne se falam i ja ja kucav u 7mo koa bev 175... ali toa e ...

4/17/2006 03:25:00 am  
Anonymous чоте said...

Леле, колку се наежив коа ги прочитав стварите за Џордан....уууууууу
A Шеп, за НЗС, од она малку што видов, прилично беше релаксиран, ноу трема!:) Иначе од сеа натаму (поточно,од овој викенд натаму) те сметам за селбрити. Па човече, те има поише по весници и телевизии од Тоше Проески! :)

4/17/2006 03:27:00 am  
Blogger Shepard said...

иначе идеме у плејоф ;)

4/17/2006 03:50:00 am  
Anonymous Bojan said...

I toa najverojatno so Neshtovcite... osekjam ke ima 50ki od Kobi...

4/17/2006 04:35:00 am  
Blogger Laf said...

Najposle nekoj da priznae i da napise deka Drexler pripagja vo samiot vrv na zabivaci vo istorijata. Bravo! Clyde inaku mi e eden od dvajcata najomileni igraci zaedno so legendata Larry.

BTW - ne sum siguren deka toa zabivanje sto e opisano vo tekstot e od odraz polovina metar zad linijata za slobodni, treba da se proveri toa... bi bilo super da e taka. :)

4/17/2006 05:56:00 am  
Blogger retry said...

Aj chestito i na site shto vlegoa u playoff (mi e krivo za Magic i Jazz, ama koga kasno kje zapalat toa ti e, aj dogodina zdravje :)) ). Sega ostanuva samo borba za podobro mesto.

4/17/2006 09:24:00 am  
Blogger Dimitar said...

Vaka:Gledavme NZS i ok bese.
edno prasanje za Karakash- Lebron se vrakja, nisto ne mu bilo? So e fintata-izvor mi e Makedonski SPORT pa ne sum siguren? Dali glumel covekot?
Inace moite Lakersi se u play-off i tepaa na Suns. Ova sepak ne e original pobeda, no sepak e najava deka mozeme. Kje bide zesko. Sinokja nesto imase Vince Carter ligavenja ama tepaa na kraj. Me voodusevi eden Gerald Green- svetla idnina za Celtics. Ama onoj drugiot green se posra u zadniot napad i taka.
Toa e- samo Lebron dali glumi Jordan? :))

4/17/2006 05:23:00 pm  
Blogger Владо Апостолов said...

ТУ ИН А РОУ!

4/17/2006 07:27:00 pm  
Blogger Karakash said...

Извор ти е Македонски Спорт?!?!
Диме, пушти го тој што пишува за НБА таму, нема појма:)))

Се намножија фанови на Лејкерси.

4/17/2006 08:37:00 pm  
Blogger beto # 6 said...

Се накотија бе стварно...

Дај да играме баскет Лејкерс фанови против лејкерс хејтерс. Ја сум у вторите!!!!

4/17/2006 10:38:00 pm  
Blogger Shepard said...

бето, ти ко најмал ќе чекаш бољи пар, и ќе пуниш вода

4/18/2006 12:23:00 am  
Anonymous bodan said...

Прво јавно,фала на част!За Каракаш-ко ја да сум ги бирал,сликете са екстра.А за топ 10 и сеуште сум на двоумење дали Др Џеј требаше да биде можда и прв! -За Бојан-за данкерите аматери во некоја следна прилика:))ако допушта уреднициве:))-Лаф другарче, па тоа куцање на Клајд е буквално истиорија и пред се вистина.Поздраф!

4/18/2006 12:31:00 am  
Anonymous flight 75 said...

Аууууу, за куцања се збори и не ме викате :)
Честито за двете нови деца, ама морам да кажам - ептен не се согласувам со TOP 10 листата на Бодан, ептен...
Ај, Џордан и ќе го преболев, ама Коби бе Бодан? Ако е Коби у Топ 10, јас сум у Топ 100 барем... :)

Леле, Шепард ќе ме банува, осеќам...
Инаку, ќе кажам и ја нешто за темава, ама ме мрзи сеа.....

4/18/2006 12:32:00 am  
Anonymous bodan said...

Признаам дека листата е направена популистички:))Ма на листата немаше место за еден Darrl Chocolate thunder Dawkins koj за разлика од Шек има на ист начин искршено две табли и кој забиањата(стилот на кој го правел тоа)му бил далеку пред играта!А за Коби,па и он има страшен репертоар,само незнам по кое мерило не би требал да биде меѓу избраните?

4/18/2006 12:50:00 am  
Blogger retry said...

Falat ushte nekolku dobri dunk-eri, nechu da gi imenuvam ovaj :))

Abe od basketot nishto, a? Samo sega nekako ne ima povishe Lakeri. Najvishe me nervira toa shto sega otkako vlegoa u playoff, site onie prodadeni dushi kje se udiraat u grudi i kje vikaat nie sme bile oduvek za LAL. A da ne vlezevme u playoff, kje ostanevme so Shep, Kole i ushte nekoj kako loosers i site kje ne pokazhuvavte so prst ili cursor. Sega ima da otideme i do vtoro kolo, kje vidite...

Shto ti e optimizam :))

Aj be vishe otkrijte go ova iznenaduvanjevo, pa stana drzhavna tajna. Ni u podzemni krugovi ne mozham da dobijam informacija shto e toa.

4/18/2006 12:59:00 am  
Anonymous flight 75 said...

Ма, Коби не влага у ниедна комбинаторика. Според било кој критериум и да се разгледува ситуацијата - иновативност, степен на тежина на забивањата, придонес во развитокот на dunk концептот, dexterity, сила, координација, одраз (тука ја вклучувам и универзалноста на одразот - т.е. способноста за одраз и од една и од две нозе), елегантноста и т.н....
Впрочем, Коби беше победник на НАЈЛОШИОТ dunk contest во историјата на НБА. По таа 1997 година куцањата беа укинати од НБА поради нивната здодевност и неиновативност, поради тоа што "се било видено"....

Сите знаеме како продужи таа приказна. Да покаже дека не е баш се видено се јави како доброволец МОЈОТ No.1 (Sorry, Nique - да имаше одраз од една нога и ќе размислев) -
Кој?
Винце, винце.....ами како....

4/18/2006 01:23:00 am  
Blogger Dimitar said...

Batka ti vistina gi mrazis Lakers ama za Kobe nemoj taka be. Ne za drugo kje ti se smee narod.
Inace sea nesto za gledanje ima Clipers vs Grizlis. Pa da gledame.

4/18/2006 01:33:00 am  
Anonymous flight 75 said...

Димитар, мене ми се обраќаш?
Абе, јас навивам за Лејкерси, што ти е...
Сериозно, омилен играч ми е Коби.
Ова со куцањава е сосема друга работа......

4/18/2006 01:37:00 am  
Blogger retry said...

Sega se iznervirav >:-( Toa podatocite za visina na odraz se napumpani raboti, pogotovo kaj Jordan. Za Webb i taka i taka (toa e edino objasnuvanje za kucanjata shto gi izveduvashe so taa visina), a ova imal so edna noga pomal odraz otkolku so dve i drn, drn, jarinja,... Ne znam shto se zamarate so takvi raboti. Bitno e dali toj igrach kucal za da gi privleche ochite na navivachot, a ne ako kucanjeto e izvonredno deka imal golem odraz ili se zadrzhuval vo vozduh. Sho mislite, Dominique ne bi mozhel da zakuca od slobodni? Pa Toni Kukoch ima znachi odraz povekje od 1 m chim zakuca od linija za slobodni (skoro od linija za slobodni da ne gresham i jas dusha) na YU All Star-ot (na koj mu teknuva). Ili Scottie Pippen, na primer, neshto slichno izvede, a samo 5 cm e povsok od Jordan, znachi sega Scottie imal odraz 117 cm !!!!!
Takvi stvari i matematiki ne palat tuka. Ne se ova sistematski pregledi pa im merat odraz na sekoi pet minuti na igrachite pa posle baraat sredna vrednost od toa.

4/18/2006 01:43:00 am  
Blogger kole said...

ideme u vtoro kolo 100%.da ne znae nekoj za koj den se zakazani prvite sredbi u plejof???
kb8.blog.com.mk

4/18/2006 01:52:00 am  
Anonymous flight 75 said...

Види, Retry, она за што ти зборуваш е една категорија, а она за која јас обожавам да дебатирам е сосема друга...
Арно, ама кога се прави ваква анализа треба да се земе во предвид тоа кој од овие играчи најдобро ги обединува двете категории: атрактивноста т.е. привлекувањето публика и тежината на забивањето, универзалноста на одразот и т.н.

Тоа го прави Картер најдобар - сестраноста.....

А, за она дали Доминик можел да закуца од слободни, само ќе те потсетам на тоа што му се случи на J-Rich 2002 година кога му се падна куцањето од слободни како ретро данк...
А, знаеш како викаат - J-Rich бил посвоен син на Wilkins... :)

4/18/2006 01:57:00 am  
Blogger retry said...

Vo sreda oficijalno zavrshuva sezonata. Bi trebalo za eden den do tri najvekje da pochne playoff prvo kolo, spored toa kako pochnuvashe poslednive godini. Porano pravea pogolema pauza (imashe i do 5-6 dena ako dobro se sekjavam).

4/18/2006 02:02:00 am  
Blogger retry said...

Aj za najdobri trojkashi da pravime muabet, ova so kucashive mi stana dosadno vekje. Kje se ispotepame :))

Da be Flight i pravo si donekade, sve je stvar ukusa. Ne sum razmishjal tolku mnogu koj mi e omilen, ama od prva vaka na primer mnogu mi se dopagjashe (pokraj Dominique, Bryant, Jordan, Carter, K.J.), i Penny (ona kucanjeto na Jordan so raka pozadi glava i ispruzhen jazik, epa Penny istoto go napravi samo vo cepelin, mora da vi teknuva i den denes se vrti po spotovi).

4/18/2006 02:08:00 am  
Blogger retry said...

A toa ostaj shto vikaat za J-Rich, fakat e deka e mnogu daleku od Nique. On se proslavi zoshto nemashe jaka konkurencija godinite koga pobeduvashe.

4/18/2006 02:10:00 am  
Anonymous flight 75 said...

Најбољи тројкаш е Ѓорѓи Књазев - без конкуренција :)

Него, Бодан, сеа приметив - Дрекслер - пола метар зад слободни од игра ???????
Кога? Каде? Против кого?

Retry, не заебавај - ти текнуе на победничкото од 2003?

П.С. Кога више спомињам Књазев, ово-оно, го памтите Крстан Серафимовски ? - он куцаше од слободни......

4/18/2006 02:20:00 am  
Blogger retry said...

Mi teknue ama ne mozhesh da sporedish so tie na Jastrebot od osumdesetti. Plus toa tuka se smetaat i kucanjata za vreme na igra neli.

4/18/2006 02:42:00 am  
Anonymous bodan said...

flajt drugarce smireno!Pa neli e se stvar ukusa.A za Klajd i ovde mozesh da vidish koga???kade??? i protiv kogo??? sea i minute li da vadjam?http://www.youtube.com/watch?v=mfQwwO51brU&search=Clyde%20Drexler za pojce se placa 14$:))Pozdraf!

4/18/2006 03:29:00 am  
Blogger Karakash said...

Dobar muabet, momci.

4/18/2006 09:52:00 am  
Blogger Karakash said...

Inace, Plej-Ofo startuva na 22-ri, ili u sabota.

4/18/2006 10:47:00 am  
Anonymous flight 75 said...

Е, каде бе Бодан? Па го глеав миксот.....нема траг од такво нешто....
Иначе, смирено, разбира се :)

4/18/2006 11:09:00 am  
Blogger Latifovich said...

E a koj od vas pred desetina dena pisuvase deka bullsi nemaat sansi za playoff

4/18/2006 03:55:00 pm  
Blogger Latifovich said...

I uste nesto bulssi ke bidat 7 i ke gi zgazat majami taka da znaete site

4/18/2006 03:58:00 pm  
Blogger Владо Апостолов said...

Од твоја уста у божји уши сине!

4/18/2006 04:25:00 pm  
Blogger retry said...

Aj da ne se povtoruvam jas shto rekov za Bulls so izmenite shto trebashe od poodamna da gi napravat za da vlezat u 8 najbolji na istok :))

4/18/2006 05:03:00 pm  
Blogger Karakash said...

Булси ќе бидат 6-ти.

Иначе, Латифович, како у Струмица?:))

4/18/2006 05:03:00 pm  
Blogger Lakerfan8 said...

Каде беа сите овие лејкерс фанови до пред да осигура лејкерс место во плејофот? Сега сите се јавуваат, а порано никаде ги немаше.Но доста со тоа дека Коби не го бива, тој дека е најдобар НБА играч во моментов на многу пати го има докажано со 81 поен, со многу нови Лејкерс рекорди и ќе биде катастрофа за НБА ако не се избере за МВП сезонава.

4/18/2006 06:59:00 pm  
Blogger Karakash said...

А, и нема да биде.

4/18/2006 09:26:00 pm  
Blogger beto # 6 said...

Каш многу интересно чоече си бе:)

Многу си ми закон, вака коа ќе го заковаш некој со коментар од еден ред:)))) Го попримаш тоа реметот од Шепи...ај ти

4/18/2006 10:37:00 pm  
Blogger Karakash said...

Ај.

4/18/2006 10:48:00 pm  
Blogger Teko said...

Тука е Teko бе ... еве сум :-)
Уште сум во еуфорија од пласманот на Булси во плеј оф, сега уште да можиме да отидиме едно место погоре за да ги избегнеме Пистонси, супер ќе биде.

Барам карти за последната утакмица, ако најдам, одам па ќе добиете слики. Се надевам ќе најдам карти и за Плеј офф.

Поздрав до Парадокс, сликите се одлични.

Инаку со колега ми Isaac бистриме NBA политика секој ден.

еве ви еден линк од него

NBA Rumors
http://www.hoopshype.com/rumors.htm

Поздрав

4/18/2006 11:11:00 pm  
Blogger Karakash said...

Теко бе, те нема, те нема, па ќе се избациш со ваква вест.

Ајзак од Хупсхајп ти е колега!?!?!?

Ја еднаш ступив у контакт со некој од Хупсхајп, ама сеа не ми текнуе дали беше колега ти.

Поздрави го од мене и Шеп. Озбилно.

Иначе, да знаеш, Булси идат на Нетси у 1.рунда.

4/18/2006 11:34:00 pm  
Blogger Teko said...

karakash, фала јас ке го поздравам Isaac, ама незнам дали е истиот за кој ти зборуваш.

:-)

4/19/2006 12:31:00 am  
Blogger Karakash said...

Ааааааааа, линкот е од Ајзак, а не ОД Ајзак. Контам. Сеа. :)

4/19/2006 12:37:00 am  
Blogger Latifovich said...

ovaj za karakash u strumica ne bev ali katastrofa bese a ke vidis dogodina sto ke bide so nasava zenska kosarka koga ke smeat samo po eden stranec vo ekipa da imaam site pa ke vidis sto ke bide sko kimiki sto imaat samo 2 makedonki :)

4/19/2006 02:45:00 pm  

Post a Comment

<< Home