Sunday, March 26, 2006

Мамузарење on top of our power rank...
Една од најпревртливите и најсомнителните сезони привршува.. а мие да се произнесеме, за прв пат пред плејофо.. 30. Portland Jail Blazers aka Mystics 20-49 Shep’s take: Во последните 10 утакмици се 1-9, веќе немаат ни теоретски шанси за плејоф, а Darius Miles кој требаше да биде некој фактор, го преспал шутараундот. Црно им се пише. Каракаш: Уште кога почна сезоната немаа теоретски шанси за плеј-оф. Си го оправија имиџот и више не се Џејлблејзерси, ама па не иде ни како Мистикси. По црно од ова, само у Пич Блек. 29. New York Titanics 19-49 S: Малце пркнаа, ама караниците на дуото Starbury & Franchise со Coach Brown не им идат баш у прилог. Мора од корен да се преораат за догодина. К: Мислам дека се што може да се каже за нив, напишав у овие недела дена. Еди Кари да се впрегне, па до следната сезона нивната сигурно ќе биде изорана. Море Ајзеа да се впрегне... 28. Charlotte Bobcats 19-51 S: Оваа сезона екипата им беше амбуланта, но, бар играат со некој дух.. ваљда ќе се соземат догодина. Убедливо најмал salary cap.. и немаат што да изгубат. Типичен почеток за expansion team. К: Оваа сезона се како епизода од ER. Ептен ги уништи повредата на Мека, кој бај д веј ја заврши и сезоната. Секако можеа подобро, ама и така овие три-четири први сезони се пубертетски за рисчињата. 27. Atlanta Hawks 21-46 S: Дуото Josh & Josh, како и другарчињата нивни Harrington, и особено напалениот Joe Johnson ветуваат, но оваа сезона единствениот нивни успех е тоа што не се последни. Една од најатрактивните екипи, however. К: Аааа, мај софт спот. Полека, веќе следната сезона ќе биде боље. У АТЛ сезонава паднаа и Детроит и Спарси, а Џо созрева у играчот за кој дадоа 70 милиони минатото лето. Плус, и Џошовите, како и Марвин се разиграа после Ол-Старот. 26. Seattle Supersonics 27-41 S: Може требаше да им дадеме подобра позиција, но тоа што малце ко да се подобрија во последно време, не го пере резилот од почетокот на сезоната, па наваму. И они се низ некој процес на реоформување, но едно од поголемите разочарувања сезонава. Само 12 победи против западни екипи – тука лежи зајакот. И наслабата одбрана у лига.. К: Е, знаат они кај е зајакот...у Портланд. Нејќеа да му дадат пристојни пари на Нејт МекМилан, кој ги оправи, па овој си отиде кај Блејзерси. Така им треба. 25. Houston Rockets 30-39 S: Нека не ви мачка очи резултатов – сем Yao, нема ниедна светла точка таму.. Houston, we have a problem.. само една победа во сопствената дивизија.. К: Џабе Јаоза колку и да е гладен, кога го нема Ти-Мек да му помогне. Дефинитивно најголемо разочарување сезонава. Нека бидат среќни тоа болките во грбот на Трејси да не се хронични или е Грент Хил ол овер агеjн. 24. Minesotta Timberwolves 28-41 S: 8-27 на гостински терен, Garnett упорно е меѓу најдобрите и оваа година, одбрана нула, елан ич, мрскотија за гледање, ептен разочарувачки.. К: Најмрскотија за гледање. И кога ги имаше сезонава, нејќев да ги гледам. Иш. 23. Orlando Magic 26-43 S: Магионичариве без Francis играат подобро отколку со него.. Миличиќ од кога прејде ваму, има 7 поена и 4,5 скока за 20-тина минути.. башка олеснет платниот список.. ќе ги биде, ама сезонава отиде во неврат. К: Ќе ги биде...некад. 22. Toronto Raptors 26-43 S: И они се пркнати у последно време, Charlie Villanueva ги изненади сите, пошто е после Chris Paul најдобар дебитант, Bosch игра неверојатно, 14-20 се дома. К: Чарли Ви е мадафака у задње време. Коланџело само уште повише ќе ги оправи преку лето. Мајк Џејмс, Мајк Џејмс, Мајк Џејмс, Мајк... 21. Golden State Warriors 29-38 S: J Rich е тука ако го нема или го има ама не е целосно здрав Baron, сепак многу се нестабилни. Атрактивни, со шуплини во одбраната, а и покрај пар солидни високи играчи, ги дува промаја у рекет. К: Море, ја не би ги ставил вака високо. Без Берон се ко без глава, ама па и такви го тепаа Далас у гости. Мајк Монтгомери, ова беше твојата втора и последна сезона во НБА. Чао. 20. Boston Celtics 29-41 S: Paul Pierce во било која друга екипа ќе беше кандидат за MVP. Не ги бива, едноставно. Немаат ниеден солиден плеј, ниту центар, и затоа ги шибаат кој стаса. 9-26 на гости. К: Нема ништо освен дабл Пи. Ни игра, ни кондепција, ништо, нада. Зулендер, Делонте и Гомес понекад ќе се разбудат, ама и мечките почесто се будат од зимски сон од нив. Не им се пише добро ни у иднина. 19. Chicago Bulls 30-39 S: Деветти на истокот (?!), тотално неличат на ланскиот тим, веројатно дека немаат баш некој крупничок па рекетот им е небранета територија. Chandler може да глуми у Пријатели. К: Рекетот им е Ничија Земља. Мислам дека толку од Скајлс. 18. New Orleans / Oklahoma City Hornets 32-35 S: Изгубија 10 од последните 11 утакмици.. папсаа. К: Исправка...се пишува - папсава:). 17. Utah Jazz 32-37 S: АК47 конечно е здрав, меѓутоа само фикција им е разигрувањето во моментов. Мислев дека има потенцијал таму, но очигледно сум се прешол. Реновирањето ќе им потрае, а во меѓувреме Deron Williams мора да добие повеќе минути на терен (иако и за неговите 27 што ги добива во моментов има солиден учинок). К: Бузер се врати и игра доста добро. Калашњиковот е ол-араунд ѕвер, а и Мемо понекад ќе одигра одлично. Ама, џаба све тоа кога нема бекови кои ќе повлечат или па ои барем ќе знаат што бараат на теренот. 16. Philadelphia 76ers 32-37 S: Ги гледам во моментов, и се чудам по кој основ ќе влезат во playoff.. ќе го јадат таму неизбежно, но со Iverson и два-тројца околу него не можат да очекуваат ништо повеќе. И Ivy, и особено C Webb ги трошат последни залихи на енергија бидејќи веќе ги јаде времето, а немаат никаква поддршка, апсолутно. Најслаба клупа, будигора одбрана и 2-9 во периодов. К: Штета за Ален, стварно штета што е опкружен со такви момци и со не-тренер како Мо Чикс. 15. Milwaukee Bucks 34-35 S: И овие се меѓу најсомнителните тимови.. не знам, стварно не знам. К: Не знам ни ја...ама еве ги пак. Ништо не прават. 14. Indiana Pacers 35-33 S: Jermaine is back, али немаат јадро. Догодина може ќе бидат бољи. Ги глеав 2 пути по ред, сумњиви се и они. Сепак, четврта одбрана у лига, едина надеж. Беа појаки со Артест. К: Беа. 13. Sacramento Kings 35-34 S: Ron Ron ги препороди, почнаа да се јачаат, им фали малце хемијата, ама може да изненадат. Од фрка екипа, се престорија во една од постабилните. Секоја чест на управата за мудриот потег. К: Питри е геније за трампи. Само уште у лето да го отпушти Аделман и све ќе биде супер. И сезонава можат да заебат некој у плеј-оф. 12. Los Angeles Lakers 37-34 S: Пред нив се 11 утакмици, од кои 8 дома. Kobe преброде една мала криза, а за тоа време доби значајна поддршка од Lamar Odom, кој после скоро две сезони почна да личи на играчот за кој го дадоа Shaq. Ваљда нема да се исклизаат ко лани, а што се однесува до пост сезоната, ќе видиме. Никогаш не се вели никогаш :) К: Никогаш:) 11. Washington Wizards 35-33 S: Имаат чудни статистики, а сепак се во конкуренција. Дувниветре екипа се. И они се изобличени од лани. К: Или...развигор екипа. Нема ништо и од нив. 10. New Jersey Nets 39-28 S: Сем триото Carter – Jefferson – Kidd, го имаат и разиграниот Крстиќ, имаат слаба конкуренција на Атлантскиот брег и ќе бидат трети на Исток. К: Тоа кажува се за тоа колку е јак Истокот. 9. Cleveland Cavaliers 40-29 S: LeBron игра ко вонземјанин, ама тоа шо му фали на него, е кобно за екипата – стабилност у четврта четвртина и давање гас кога е густо. Солидна ротација имаат по доаѓањето на Flip Murrаy, и дефинитивно нема да се повтори ланскиот пад. К: Нема. А и Леброн почна да станува клач играч. Ќе бидат незгодни за било кој противник. 8. Los Angeles Clippers 40-28 S: Brand има жестока сезона, Кaman е здивен, тимот игра како никогаш порано.. огромно изненадување. Најдобар скокачки тим (!). И блокерски (!). К: Ете...и тоа се случи. Судниот ден се ближи. 7. Memphis Grizzlies 40-29 S: Челична одбрана со која се изедначени со ланските финалисти.. Гасоламбад конечно игра машки, а имаат и некоја убава рамномерна офанзива, и јака ротација. К: До брадата е...верујте. Едно жилетче ќе им биде доволни на нивните плеј-оф противници. Стабилна екипа, секоја чест на Фратело что и по повредата на Дејмон ги задржа у првите пет-шест на Запад. 6. Denver Nuggets 40-31 S: Они се трети на дивиот запад, ги тепаа и Detroit и Spurs, и изгледаат прилично опасно. All the credits go to George Karl. К: По трампите станаа уште по книња, а сега играат и без Ерл д Скврл Бојкинс, а и Кемби и Мартин се влези-излези од екипа. Здрави у плеј-оф ќе бидат слипери. 5. Miami Heat 46-23 S: Flash игра се постабилно, а Shaq иако е во години, сепак е Казаам.. Јаки се, нема што, на моменти доминантни, но покажуваат несигурност, и затоа ги ставивме на петтото место. Малку тапа одбрана у која главен збор имаат Zo и Payton, старечкото лоби.. статистички, клучно за нив е што ги натскокуваат противниците за најмалце 4 скока по натпревар. Тоа е поради најдобриот процент од поле. К: Нема отпишување, иако им фале помош на Шек и Двејн. Сеа Зо им се повреди, па Дизелот ќе мора да го троши цел резервоар пред плеј-офот. 4. Dallas Mavericks 54-16 S: Крвава екипа, Диркулес е незадржлив, али клизнаа со Phoenix.. а и со GS и покрај 51 од Германецот. Мора да се консолидираат, иде плеј-оф, таму нема лабаво. Сепак, најдобар depth chart, пополнети на сите позиции, а располагаат со секакви квалитети (само малку дискутабилни со искуство..). К: Пак ќе клизнат, посебно ако налетаат на Феникс...или Сан Антонио...или Денвер. 3. Phoenix Suns 47-21 S: Се врати Чеканот, арно ама се посра.. поарно за нив да се врати побрзо у форма, оти се виде дека со Spurs нема шала.. особено коа Хасан ќе ти дае 50 поена. Имаат двајца MVP играчи, уше едно 4-5 солидни, ама ќе ги претепа недостатокот од висина. Дозволуваат највеќе противнички скокови во цела лига. Сепак, најопасна екипа во ударите за тројка и највеќе асистенции.. К: Опасно. Ќе им биде тешко на Мамузарите со нив. 2. Detroit Pistons 55-13 S: Најдобар скор у Лига, го освоија Централ, ама допрва треба да им се повреди некој од стартерите. Не можам да ги поднесам, ама јаки се. Пеколна одбрана, почнаа и солиден напад да покажуваат, но како што си врви сезонава, ко да забревтуваат по малце. Клизнаа со Њујорк, побогу. Сепак, да не беа во исто време со оваа генерација на Сан Антонио, ќе беа вистинска династија.. пак се конкуренти. К: Мислам дека играњето преку 30 минути на секој меч на стартерите ќе си дојде по своето у плеј-оф или финале. Ја имаат формулата за успех, само проклетсвото на Флип да не ги стигне. БЕН Е ДРВО. 1. San Antonio Spurs 54-15 S: Они клизнаа со LAL и Nuggets, што дава на знаење дека у разигрувањето може да запнат. Сепак, имаат оправдание, поради екстремно набиениот распоред во тој период. Најдобра одбрана моментално, солидна клупа, неколку improved играчи, а тоа најдобро се гледа што цела сезона го покриваат Duncan толку успешно. Уиграност, хемија, лесно се адаптираат.. и цврстина, скоро колку Моторите. К: И без Тимчо Роботчо у фул снага, имаат најдобар скор на Запад и 2. се у лига. Почнаа да си ги одмараат ѕвездите, а пак победуваат. Најсериозни кандидати за титула. Агејн.

21 Comments:

Blogger Владо Апостолов said...

Ах, Чикаго! Ја се надав на ту-ин-а-роу, ама нишо.

Нека трампаат тоа трубата од Чендлер само и нека крпат на 4 и 5. Друго се е супер покриено.

Ех, а сеа Елтон Бренд да беше у екипа. А мож и Џеј Вилјамс ќе станеше играч.

А Крафорд, а Кари, а Артест,а Бред Милер, а....

3/27/2006 12:58:00 am  
Blogger Karakash said...

Ах...:)

3/27/2006 01:05:00 am  
Anonymous Anonymous said...

Komentarive vi se navistina iskreni i realni vo momentot. Zal mi e za Phoenix sto Amare im bese povreden i mislam deka loso kje im vlijae so vrakjanjeto. Nesto slicno kako Jeferson lani na Nets.
Za LAL mislam deka i da zagubat u startno kolo u play-off masta kje mu ja izvadat na bilo koj od protivnicite. Ako otidat dalje onda mozat i do kraj. Pozdrav Dimitar

3/27/2006 01:21:00 am  
Anonymous чоте said...

Многу ниско сте ја стаиле Индијана. Барем шеста-седма треба да биде.:) Ако не се повредат Тинсли или Онил до крај на сезоната, идат у полуфинале или финале на исток. Глеав второ полувреме од утакмицата со Детроит у петокот. Се губеа у трета четвртина, делуваа малку ко ретардирани у напад, поготово Тинсли, ама сепак, Детроит според мене е најака екипа у НБА у моментов и ок е играта на Индијана у тој период од утакмицата. После се средија малку. Гренџер е опасен потенцијал. Се надевам дека ко ќе се врати Фред Џонс ќе бидат уште поопасни у напад. Тамам имаат десетина утакмици да се уиграат до плејоф, и екипата да го оформи јадрото кое дефинитивно им фали у моментов ко што и самите спомнувате у вашиот коментар. Ентони Џонсон игра многу солидно, а и Џим Кери си ја знае работата, сменил 25 први петорки низ сезонава, сигурен сум дека до крај ќе ка најде најдобрата. Тоа со петорките што од експериментирање а што и од мука, цело време имаат по 2-3 играчи повередени. Онил не е едниствениот солиден висок играч у екипата. Џексон е солиден иако е стандардно нестандарден, ама таков си е он уште од Сан Антонио. Ќе изигра 3 добри утакмици па четвртата ќе дае 1 поен со 5% од поле. Што се однесува до Пеџа, Рон Рон беше 10 пути бољи, ама јебига, Пеџа е барем психички стабилен и не го ујебуе тимот на тој план. Инаку, што се однесува до утакмицата со Филаделфија, стандардно јака одбрана, и солиден напад. Тинсли со 14 асистенции почнува да личи на себе, Фостер со 14 скокови исто така. Уште Џермејн да се разигра ко што треба и реков, полуфинале минимум на исток. Немаат слаби точки, освен повердите. Имаат солидни бекови,крила, високи играчи.

3/27/2006 01:23:00 am  
Blogger Shepard said...

пејсерси немаат.. идентитет.

у старт искачаат со став на губитници..

озбилно.

3/27/2006 01:46:00 am  
Blogger retry said...

Toa shto ne e Detroit "on top" mnogu mi se svigja bidejkji ne mozhesh nekoj shto e prv u tapa konferencija ili divizija da se meri so prv u mnogu bolja (kao shto e na primer sluchajot so Denver). Za ostanatite gore dole OK iako mestata im se mnogu nestabilni.

Shto se odnesuva do Chicago, odma da gi stavat na klupa Chandler ili Deng, a do go vratat Nosonja u prva postava. Pa chovekot ima bolja igra i statistika i od Hinrich i od Gordon u zadnijve desetina utakmici. Si dava po 20-tina kosha bez maka za 20-25 minuti. Toa mora da se ima u predvid.

3/27/2006 02:49:00 am  
Anonymous albertogrozdanov said...

Хммммммм Џерси 10ти???
Пистонси во Обрнс Хил Палас вечерва прв пат по 17 утакмици беа совладани дома од хмммммммм НЕТС!
А Чарли Колина е ѕвер дечкото. Шут имал 20-37 феноменално!
А според мене Индијана се само обични пацери а Стојакович е играч што игра само за пари.
А Чикаго гадно се сјебаа што го дадоа Кари и тоа ќе ги чини плеј-оф годинава.
А Минесота факинг Тимбервулвс имаат потенцијал и вакви какви се само кој да ги склопи.
А ЛАЛ мислам дека у прво коло го пијат 4-0
А ЛАК мислам дека со кои и да играат ИТИ, Бренд, Мобли и Кејвмен ќе создадат огромни проблеми.
А Мемфис и брадата се стварно компактна целина, сеа Чаки Еткинс влага у форма.
А Торонто да имаат само уште еден бек како што треба и уште две три години искуство дефинитивно се пак плеј-оф тим без Винсенити
А другите, ич к*р не ме боли:)

Ај поздрав...идам ја да ја читам Илијада на Хомер:)

3/27/2006 09:57:00 am  
Blogger марче said...

realno realno! ... majke mi :)

3/27/2006 10:44:00 am  
Anonymous d-r nele said...

Ej zamisli Stojakovic igra za pari!!!!!!!!!!!

3/27/2006 07:15:00 pm  
Anonymous Bojan said...

Редоследот е +/- добар.. евбе и некое мое мислење... од горе надоле...
-Блаејзерси се дефинитивно најтапа... тимот им личи на сирење... малце мувлосано
-Јабуките со 10 бека у екипа не ни можат нешо поише... башка крафорд и ричардсон...бљак...
-Шарлот нераеална слика на квалитетот поради повредите... следната година у топ 20...
-Атланта со центар како Пачулија ме чуди и до тука шо се стасани... мада Ал и Хауард се ѕверови...
-Сиетл верував поише у нив ама...
-Хјистон без Т-Мак се тапа... и со него не играа нешо сјајно ама друго е...
-Волците играат очајна кошарка... и гарнет е паднат... може у друг тим пак би станал...
-Орландо по трампите им се дигна формата... миличиќ може да го биде, арохо и доста корисен, штета за Хил... пак... и пак...
-торонто ко тим шо ги пушта игарчите откако ќе ги напраи игра стандардно.. Бош и вон конкуренција, колина се јача... само да не ги пуштат...
-Вориорси се атрактивни ама не ми се фаворити... па ни за глеање
-Бостот освен Вокор кој е у топ10 играчи у НБА, се друго е попара...
-Чикаго уше ми се у срце и верувам во плеф оф уште... ама бренд, кари, милер,...големи грешки
-њу орлеанс ме изненади и до толку што издржаа со овој тим ... секоја чест...
-Јута го имаат олраундерот АК47, Мемо е на периони добар, ама нема кој да игра за нив... е тука им е проблемот...
-76ките со двајца кандидати за пензија и 10 мрзи ипак мислам дека ќе го изгубат местото у плеј оф... ајверсон кој шо никогаш не сум го поштувал за оваа сезона може само капа да му се симне...
-Милвоки имаа одличен старт ама сринкаа многу брзо... во плеј оф... НИШТО
-Индијана изгубија многу со трампата и баш ради тоа ќе рокнат у прво коло
-Кингси нма да играат некоја јака улога у доигрување ама ќе дадат и тоа каков отпор... ама догодина... и без срби?
-Лејкерси со сегашнава форма можат да дадат достоен отпор на било кој... коби игра ТОП, ламар конечно ја покажува трипл дабл играта по која е (беше) добро познат, а и квејми глеам мрда од место
-визардси се со еден константен играч и имаат уше 2-3 многу променливи... ќе рикаат брзо у плеј оф...
-Нетси ми праат ептен кеиф и се дефинитивно у ТОП 3 на запад... они или мајами треба да ги пукнат пистонси... а ќе ги пукнат...
-Кавси играат добро највисе ради Ле Брон, ама имаа дечкото и колку толку добри соиграчи... нешо шо го нема пол Пирс...
-Клиперси цела сезона играат со многу јака петорка и сеа појачани со Мегети... може да мрсат многу сметки... а Бренд??? Ѕвер...
-Мемфис игра добра кошарка ама од овие топ10 мислам дека се со најголема шанса брзо да рокнат...
-Денвер цела сезана јако се држат, а со Кемби и Мартин ќе избушат некој од првите фаворити...
-Мајами со здрави стартни 5 ако (а би требало) стигнат до финале на Исток каде шо ќе биде многу интересно да се гледа...
-Далас типувам дека ќе биде 1 на запад и ќе има боља позиција од Спарси и ако им се вратат како што треба Хауард и херис ќе се гледаат страшно добри серии со Феникс и Спарси...
-Феникс - кај нив многу ќе зависи како ќе го уклопат Ѕверот кој може многу работа да заврши, ама ако не му иде ќе им ја уќења цела сезона...
-Детроит како тим со само 5 играчи и ако успее да стигне до финале ќе бидат страшно изморени и ќе го попапаат од било кој од Запад, зошо сите ТОП3 тима на запад имаат и тоа каква клупа...
-И Спарси ми се чини дека во ппоследниов месец играат некоја калкулантска кошарка... на Удрих му се дава многу простор, а чисто сумњам дека ке игра поисш од 10минути у плеј оф... Дефинитивно најголем фаворит (обејективно)...

Се на се Мислам дека ќе биде едно од поинтересните разигрувања у последниве години... што е ТОП

Малце го тупев поише ама и немав шо да праам попаметни... Сори на тие со ве заморив

3/27/2006 10:15:00 pm  
Blogger Karakash said...

Не бе Бојан, не не замори. Свака част за дугачкиот пост...ај сеа излези и фати си женска:))

Само, дај кажи ми кои се тие Хауард у Атланта и Вокер у Бостон?:)

3/27/2006 10:51:00 pm  
Anonymous Boromir said...

Definitivno Indiana vi e potceneta. Imaat 14 pobedi u zadnjite 15 utakmici so miami,bas me interesira vecer dali moze da gi tepaat.Cetvrta odbrana u liga,top 3 trener,top 5 play,top 3 centar,top 3 suter u liga,top 5 potcenet igrac(SJ),top 5 skokac,golem talent u Granger,i nekoi fini intangible players.Zaboga pokraj 30+ utakmici bez cetvorica od prva petorka i se sto im naprai brainless Ron,imaat pozitiven skor.Ne vikam deka imaat na Pistonsi,ama bi izgubile hrabro u 6,ama imaat na sekoj drug na istok,ako konecno ja zavrsat sezonata zdravi.A imaat i kaj da se podobrat,u izgubeni topki.Tek togas ke briljiraat.So skoro 30 turnovers gi tepaa Phily 20 razlika.Toa prv pat gleam.Enko ti ke pises nesto u odbrana na mojot stav ili sto vikas:)?

3/27/2006 11:32:00 pm  
Anonymous Bojan said...

Епа јеби га...
Вокер=Пирс
Хауард=Џонсон
... иначе ... па добро је у граду... има зенцке... мајке ми...

3/28/2006 01:37:00 am  
Blogger Shepard said...

higiena u gradu je na nivo :))))

3/28/2006 02:18:00 am  
Anonymous bodan said...

I ja isto!Sve bi progoltal,ama za indijana nikako!Normalno prvo od navijacka gledna tocka,poshto koaj bi se slozil neteba ni da ja gledam so optimizam.A optimizmot da ne se poftoruemo go iskomentira boromir.PLUS nekako imam oset deka Djim Keri ke go sklopi mozaikot i ke mu dade na timot identitet do razigruvanjeto.Samo da ne me izlaze osetot kao so sakto:)) P.S. Za Pedja ne sum znael deka igra za pare,a za drugite deka onake igraa od merak znaev:)) P.S.S.S.Iako fakt,sa glavni favorite vashite prvi dva pika(SA i DET.)ipak sa najruzno finale za gleanje,fakt!

3/28/2006 04:05:00 am  
Anonymous d-r nele said...

Pa Peja lani igrase za 10 kubika drva ama ovaa godina si kupija termo pa im trebaat pari za struja.

3/28/2006 05:41:00 am  
Blogger Karakash said...

Bodan, fakat e taka, za finaleto mislam.
Sto se odnesuva do Indijana, ke pisam post pokasno, zato sinoka ja gledav so Majami. Ama mislam deka nema da vi se svigja ni na tebe, ni na Boromira.

D-r Nele, ova zimo im stavija parno, be:))

Cu da izagjem na televizor, a?

3/28/2006 10:08:00 am  
Anonymous d-r nele said...

E pa znaci dzabe termoto

3/28/2006 11:26:00 am  
Blogger retry said...

Za Indijana sepak e objektivna ocenkata (mozhda mozhe edno-dve mesta pogore), ama prichinata za toa ne e Peja, naprotiv so nego mislam deka se stabiliziraa povekje. Prichinite za relativno maliot pad vo froma zadnive dva meseca se Tinsley, Jasikevichius i O'Neal. I ponatamu smetam deka so razmenta Artest-Peja i dvata tima dobija, posebno Indijana. I ne znam od kade tie sporedbi na Artest so Peja, totalna nesporedlivost, ko da gi sporeduvash Russell i Chamberlain. Sepak mislam deka Peja e za nijansa podobar i pokonstanten igrach, ako se izzeme playoff-ot, normalno :))

3/28/2006 12:17:00 pm  
Blogger Shepard said...

majke mi..

индијана ми се.. боф.

3/28/2006 01:49:00 pm  
Blogger retry said...

Overall, i mene mi se boffff, ali ima nekoi igrachi shto mi pravat kolku tolku kjef.

3/28/2006 03:10:00 pm  

Post a Comment

<< Home