Friday, March 10, 2006

Најголемото вунило за Лејкерси...+ Зглобот на Неш
Коби ја слави победата против Спарси вечер
Заебете победи над Мајами и Детроит, исто и победата над Хорнетси шо беше битна во борбата за седмото место на Запад, заебете 81 и све до сега, сите падови и станувања од земјата. Вечер Лејкерси (не Кобиси) се пред најголемиот предизвик оваа сезона. Гостуваат во Сан Антонио против Спарси, кои во моментов се апла пркнати и изгледаат незадржливо, и се во мртва трка со Мавси за врвот на Саутвестот, а и на Западот, екчуели. ЛА е во топло-ладна форма, шо им стана имиџ во овие две сезони. Едино Коби е константен, со неговите 30ки, 40ки, 50ки.. (на задњите 4 утакмици постигнува по 41 у просек) имаше бе порано исто некој бек, ќелав.. не е битно, не игра више :) Зашто Лејкерси се наоѓаат пред голем предизвик? Затоа што, со оваа утакмица влагаат у завршните 20 натпревари, каде што у принцип тимовите треба:
  1. 1. да се изборат за плејоф, ако не го сториле тоа до сега
  2. 2. да изградат самодоверба
  3. 3. да се ојачаат и да се спремат за крволочните утакмици во разигрувањето
Е сеа, Лејкерси на моменти оваа сезона покажаа дека местото им е у постсезоната, арно ама, на моменти покажаа и дека комотно можат да играат у Јадранска Лига со Милосављевичи и сл. И да губат и таму. Предизвикот, вечер е огромен. Прво, актуелниот шампион и огромен ривал во минатите години, тимот со кого си ги поделија титулите у ерата после тој бекот шо не ми текиња како се вика, ко Коби тој.. Второ, на гости во најгадната арена, толку гадна шо ти се блуе коа ја гледаш, брррр.. Трето, можен противник во плејофот уште во прва рунда, а изгубија од нив пред само една недела и то дома.. Четврто, ВРЕМЕ Е! Лејкерси у март се среќаваат уште еднаш со Спарси, а во меѓувреме играат само со 2 плејоф тима од Исток (Њу Џерси и Кливленд) и со шабанерија ко Милвоки, Сиетл, Бостон, ама тие утакмици мора да се победат!! Играат и со Кингси, кои полека се назабуваат.. така да, победа против Спарси вечер може да значи многу, ко отскочна штица па да рашамараат све живо и диво и да дојдат до некоја уште поповолна позиција, па у прва рунда да им се паднат Нагетси и сл :) И, уште нешто. После оваа победа над Спарси, ќе имаат само уште 6 натпревари у гости и дури 13 дома., меѓу кои и задњите 5. Ова е најнавијачкиот пост кој Шепард го пишал! Ајде Коби, ајде Ламар, време е!!! Веруваме и навијаме!!! Нека падне скалпот на говедата среде Сан Антонио!!! Сакаме победа!!! Шо сакам вечер:
  • - да се стави акцент на балансиран напад, оти Боуен ќе го малтретира Коби, шо значи, Ламар да си рализира од полудистанца, Смуш, Џорџ и сл. да пуцаат појќе скок шутеви (значи БЛОКОВИ од шупакот Мим!!), да пркне тој ташакот Кук, нешто да се дешава, да се ИГРА!
  • - друга опасност е па да му се дозволи на Коби да пуца колку сака, а другите да бидат запечатени - ако не се справи Фил со тоа само 81 го спасуе!
  • - да се пази на ќошињата од кои Боуен и некои други матофи упорно ги пунат противниците, шо значи, ОПРЕЗНО, Спарси многу ќаруваат на тие шалабајзерските безкичмени акции у кои Паркер влага у рекет, Данкан привлекуе внимание, се дешава унга бунга, и оп Боуен у ќош и дава тројка! ТОА НЕ!!!
  • - да се тепа Џинобили со надеж дека ќе го повредат
  • - да се научат пар француски пцовки за да го дираат малце Паркер
  • - да се молиме Ева Лонгориа да нема добиено
  • - Данкан да се пецка у ребра
  • - И ДА СЕ ПАЗИ НЕКОЈ КО МОХАМЕД ИЛИ ОБЕРТО ИЛИ РАШО ИЛИ НЕКОЈ ТАКОВ ШЛАЕМ ДА НЕ ДАЕ ЕДНО 15 ПОЕНА СО 15 СКОКА И 5 БАНАНИ!!!
Ај чао. Гоу Лејкерс! PPS. ДА ТИБАМ ТОА СПАРТАНЦИТЕ! БАШ СЕ СПАРТАНЦИ! ДИСЦИПЛИНА ЕМ СТЕРИЛНОСТ ЕМ БЕЗОСЕТНОСТ!
* * * * *
ДОПУНСКО бај Каракаш: За тоа дека ќе тепаат, нешто не ми иде (освен ако Шеп не се консултирал со Саше Фактор Икс), но дека се у игра за задње место на Запад, или па чак и седмо, да. Спарси почнаа у право време да фаќаат ритам, али иако ги згазија Санси вчера, баш Санси ќе им бидат најголем проблем да ја повторат ланската сезона. Вчера за Феникс не играа Неш, Амаре, Леандро и Курт Томас, додека Спарси играа комплетни. Кога ќе се сретнат у плеј-оф, мислам дека причата ќе биде малце поразлична. Иначе, ја ја глеав таа што се играше пред Санс-Спарс, каде у Фила тепаа Нагетси, иако немаат ќор човек што може да поврзе две тројки по ред. Од Сиксерси со Иги и Ештон, толку, додека кој знае колку страшни ќе беа Денвер да имаа асална двојка и да беа здрави. И да не забравам, зарад ова и седнав да пишам, од вашата лева страна е сликата на која јасно се глеа зашто Спарси тепаа вчера. ПС-Кој не чита редовно од Бремен, Дојчланд. А?

17 Comments:

Anonymous flight 75 said...

Еј, одвај чекам. Али некако ми личи дека ќе бидат лесни +20 за Спарси. Дај боже да грешам

3/10/2006 09:09:00 pm  
Blogger Ико said...

Аууу Офчаре дете убаоооо! Мене ми преостанува само монголски да се развикам: аАААаААааАААаААААаааааААА!!!!!! Бесплатно пиво за сите ако победат Ел-Еј (сега сигурно сите ќе навивате за нив:))

Go Lakers!!!

3/10/2006 09:13:00 pm  
Blogger kole said...

ova definitivno e najnavijackiot post sto sum go videl.GO LAKERS!!!!
kb8.blog.com.mk

3/10/2006 09:17:00 pm  
Blogger Shepard said...

флајт, цинику!! :)

3/10/2006 09:55:00 pm  
Blogger Lakerfan8 said...

FREE MCDONALD sendvichi ako pobedat lejkers plus coca cola gratis samo da pobedi lejkers,
plus toa kelaviot bek=JORDAN
a be KOBI i Jordan se edno... :)

3/10/2006 10:13:00 pm  
Blogger Karakash said...

Пазете се вечер од типот на сликата од пред два поста.
Флип Флоп Ману почна да фаќа ритам.

He's got the Shining!!!:)

ПС - Не ми кажујте дека не го познавте.

ППС - Мало олеснување е тоа што Роботот игра со болно стапало.

3/10/2006 10:16:00 pm  
Blogger Karakash said...

ПППС - Шеп кен си д фјучр.

Лејкерфан8, пази да не ти се испуни желбата. Многу не има:)

3/10/2006 10:19:00 pm  
Anonymous sportsmen said...

abe deca,ova e ludnica so sajtov vas,abe za nbc placete si gej leno i direkno vo stejpl centar zasluzuvate da ste..prva para i vi davam odma podrshka...lelelelelel.zr ja moguche..ma bravo i sekoja chest.

3/11/2006 01:43:00 am  
Anonymous бодан said...

орландо само што ги прегази кавс,ама твојве шеп кујзнае дал ќе дада поголем отпор?Нема кај да се гледа.Директно е мајами кој е близу на прекин на серјата(83-91 у трета).

3/11/2006 03:48:00 am  
Anonymous bodan said...

Op,shep ga svrtea na poluvreme 37-51.

3/11/2006 03:53:00 am  
Blogger kole said...

odime na titula :)))
kb8.blog.com.mk

3/11/2006 04:56:00 am  
Blogger Lakerfan8 said...

tooooooooooaaaaaaa Lejkers gi nadigravme sampionite!! Spremni i gladni sme za play off!!
Aj da si cestitame megusebno nie lakers fanovi!!!!

3/11/2006 04:57:00 am  
Blogger марче said...

ama merakliski go ispi majami :))) rispekt rich! ... samo ne mi e jasnooo kako moze igrachishte kao dejvis da sedi na klupa pogolem del od natprevarot !#$%^?

3/11/2006 09:37:00 am  
Blogger марче said...

i pak samo ovie indijanishtava me poebaa u kladilnica! :) eee dushmanishta bee! :)))

3/11/2006 09:39:00 am  
Blogger марче said...

nego gleam ovde mnogu duzni ...

3/11/2006 09:41:00 am  
Anonymous Гижо said...

ама ми се згади од сликата со ногата, аман овие феникс, малер до малер

3/11/2006 01:13:00 pm  
Blogger Karakash said...

Гижо, нека не ти се гади толку, монтажа е.

Марче, не се научи да не ги играш Индијана, а? Берон не играше многу зашто уште е повреден.
А за дужни, у право си, ги има доста.

3/11/2006 03:29:00 pm  

Post a Comment

<< Home