Saturday, March 04, 2006

Њу Јорк ТитаНик(с)
Не сакам многу да го дрвам за синоешната утакмица, се надевам дека Енко или некој од вас ќе настапи со солидно резиме, затоа што ракијата, кромидот и шарската у мене едноставно ми ги блокираа можностите за перцепција на целата утакмица, кој да напоменам, од време на време колку шо можев да подѕирнам не беше така лоша. Успеав да ја фатам задњата минута, и кога таман помислив дека Њу Јорк конечно ќе тепа, па уште дома, па Френчајз нешто, таман онака си викам ќе ме побијат, ете ги, Капетан Хајнрих и Мајор Гордон им скршија кичма. Може све е дел од некој заговор, ова со Њујорк. Ентони од нашиот пријателски НБА Сорс, има ваква конспиративна теорија. Мојата теорија е поприземна и гласи: - Лери Браун ќе почне да плаче кон крајот на следната недела; - Ајзеа ќе биде начекан од момците од Бронкс, Бруклин и Харлем и ќе го пребијат у некоја темница; - Медисон Сквер Гарден Корпорацијата ќе банкротира; - Медисон Сквер Гарден Арената нема никогаш да се напуни; - Титаник(с) ќе потонат, и ќе бидат првата екипа која ќе биде без ниедна победа цела сезона - ко моите Стечај1 и Стечај2 во Фентази Лигата.
* * * * *
Од другите рабоќе, Коби стана најмладиот до 16 илјади поени во кариерата. Додека да го стаса Леброн. Побитно е тоа што Лејкерси ги тепаа Голден Стејт, а Мамба иако играше со заболени синуси, стаса до 42 поена, 4 скока и 5 асистенции.
* * * * *
После Ол старот, Фили 76ерс се повампирија, а иако сите го фураат Ајверсон за синоќешната победа над Вашингтон (47 поени, 12 асистенции), мој впечаток е дека Крис Вебер не е на ништо пониско ниво со својот Ол Араунд учинок од 30 поена, 12 скока, 8 асистенции и 4 банани.
* * * * *
Шпагети се врати, а Клиперси одма изгубија. Постигна 12 поена у поразот вс. Јута. И Берон се врати, со 10 поена против Лејкерс. Се врати и Џамир Тупак Нелсон со фини 24 поени во поразот од Феникс.
* * * * *
Коа сме кај Феникс, они успеаа да го ангажираат Тим Томас, кој беше избркан од Булси на почетокот на сезоната, а синоќа во своето деби постигна неверојатни 20 поена, со шут 5-8 за тројка, вкупно 7-13. Стив Неш, даде пригодна изјава дека не очекувал од тип што не играл толку дугачко да изигра таква партија. Уше нешто - Борис Дио, пријавен ко петка?!?!?!?! ВТФ?
* * * * *
Hoopshype имаат нов пауер ренкинг, а еве ви нивно интервју со Влад Радманович.
* * * * *
Американците пак имаат проблем со формирање екипа за првенството у баскет. Мајкл Ред и Рашард Луис се првите што одбија покана. Изглеа и ТиМек ќе ги отчаки, пошто не му е нели до кошарка. Ајверсон нема да биде ни поканет, а најверојатно ќе игра Коби, што му е дамнешна желба, али прошлата шанса му пропадна ради „силувањето“.

6 Comments:

Blogger beto # 6 said...

Кај е Боромир ова да го прочита да го еам...Nets ќе биле neck 2 neck со Nicks. Aahahahaha: )))))

3/04/2006 06:37:00 pm  
Blogger Lakerfan8 said...

This comment has been removed by a blog administrator.

3/04/2006 06:53:00 pm  
Anonymous Boromir said...

Beto ne seri:). Cunami ne fana:)

3/05/2006 12:35:00 pm  
Anonymous бодан said...

За никс и што да се каже топраа,касно е!Има нова сезона,па со време бркање(се знае кого).Оваја екипа да го имаше само десетина од срцето на споменатата...

3/05/2006 07:55:00 pm  
Blogger Karakash said...

Море, ги глеав синојќа со Милвоки...сеа глеам Далас-Феникс, а после од 3 имам Јута-Сиетл.

Утре следи пост у кој за чудо нема да има пљукање по Никси. Ок, Боромире?:)

3/05/2006 10:48:00 pm  
Anonymous Boromir said...

Ajde Enko, so dusa cekam:) A i ja gleav Dal-Pho, strava. I nemozam da se iznacudam deka Nash pak ke zeme MVP! Imase eden nesekodneven moment u prenosot vcera.Sum vi spomnal deka na ceskava televizija ima dual opcija i gi gleam utakmicite so original komentar,pr vcera od ABC.So taa razlika sto ne se isklucuvaat na time-out,pa se slusa se sto jadat burek i kako montiraat.Taka vcera na 95-95 mu davaat na Hjubi podatok deka sunsi se -14 so Nash u igra a +14 bez nego.I ovoj vika:ne go pustame ova,stvarno neznam sto da kazam za ovoj podatok.Stajte deka dallas pucaat 4 od 15,i zatoa gi stignale:).Enko eve ti lekcii,taze si uste u komentatorskiot biznis:)

3/06/2006 05:21:00 pm  

Post a Comment

<< Home