Thursday, February 23, 2006

Ајзеа тоне у сопствените мучки, Пени се враќа дома
Сликава ја имаше у Спорт Илустрејтед едицијата за Дрим Тим 3 за Олипијадата у Атланта (од најдобрите времиња на Пени)
Иако до вчера го селеа Френчајз у Лејкерси, сабајлево проструија информации дека Ајзеа се тегави да го собере у Њу Јорк Патетникс. Трампата официјално се случи. Пакетот што го добија Меџик е Пени и Тревор Ариза. Еве како Пипен глеа на работите. А еве и мој опинион: Меџик успешно го продолжуваат ребилдингот. Видоа дека Флорида не му лежи на Френчајз, а во екипата ги имаат Нелсон (и не случајно Аројо), што е благонадежен плејмејкерски двоец, па решија да го шутнат. За возврат го добија енормно платениот Пени, чиј договор на лето конечно ќе истече (збориме за 15 милиони). А Пени се враќа у тимот кај шо ги имаше најголемите успеси, и кај истиот тренер (Брајан Хил). Тревор Ариза пак, е солидно крилце од школата на УКЛА. Во Лигата влезе ко 43ти пик преклани, и не дека нешто блескаше, но за своите 450 илјади годишно и тоа како допринесе, повеќе од солидно си ги попуни оние просечни 17 минути по утакмица. Еден од оние потенцијали од сенка. И тоа, само 450 илјади им зима од капот! Ајзеа пак, си го продлабочи горобот кој си го копа откако дојде во Њу Јорк. Од сите, најде да го трампа баш Пени, кој конечно требаше да му го растерети селари капот на лето, и тоа за Стив Френсис, кој догодина ќе земе исто пари колку и Пени годинава. Што се однесува до квалитетот на Френчајз, неоспорно е дека еден од најдобрите плејови во лигата, НО, што по ѓаволите ќе прави во екипа сега со МАРБЕРИ и КРАФОРД? Ко да се клонови со Старбери, а Крофорд е едино малце повисок, понереспектиран и понесебичен. Стварно, не знам шо сака со ова Ајзеа, уште повеќе што се откажа и од погоре споменатиот Ариза, кој лани го извади од густо неколку пати.. дефинитивно 11 септември не е најлошото што го снашло Големото Јаболко, АЈЗЕА Е! Фанови на Никси, ве жалам. Може ќе пркнат сеа малце од малце во играта, ама се запечатија со двајца баскетџии, две толкаи ега, заглавени на кец. Џабе го чуваат љубоморно Ченинг Фрај кога во ваква средина нема шанси да се развие. Кога ќе ми текне и на Квентин Ричардсон шо упортно шутира и не погодува, и на полумртвиот Еди Кари и на препарираниот Џејлејн Роуз па и на данкерот Нејт Робинсон.. ЗБИРШТИНА!!! Тотално некомпактна екипа. И Џером Џејмс. ПС. Дали заборавив, освен шо Њу Јорк резултатски е во шеширот за првиот пик на драфт, нивното право на избор безрезервно го држи Чикаго. Па може ли да биде помизерно од ова? Шо е најтрагично, летоска ќе има солиден избор на слободни агенти, а они ќе имаат НУЛА пари да им понудат.

11 Comments:

Anonymous flight 75 said...

Ха, ха
пикот на Њујорк го има Чикаго

Сериозно ова?

2/23/2006 01:54:00 am  
Anonymous bodan said...

Rekov ja u top forma si? Nego da mi kaze Ivica-fantasy zosh nemozem da vlezem u ligava,i toa sega koga mi trgna? P.S. Sega ni Frenk Sinatra ne gi spasue Niks!

2/23/2006 02:44:00 am  
Blogger Shepard said...

Chicago receives New York's 2006 first round pick (no protection) condition: (unless it is pick 26-30 in which case it goes to Utah) (Eddy Curry trade 100405)

2/23/2006 02:47:00 am  
Blogger Shepard said...

Chicago receives New York Knicks second round picks in 2007 (Eddy Curry trade 100405)

Chicago receives New York Knicks second round picks in 2009 (Eddy Curry trade 100405)


:))))))))

New York receives San Antonio's 2006 first round pick (top 10 protected) (Nazr Mohammed trade 022405)

New York receives a first round pick from Toronto (Antonio Davis trade) via Toronto receives a 2006 Denver Nuggets first-round pick (Vince Carter trade 121704) Via New Jersey. [New Jersey Nets receives a 2006 Denver first-round pick (Kenyon Martin 071504)

Utah receives a future New York first-round pick (lottery protected through 2010) (Tom Gugliotta trade 021904) via Phoenix (Marbury trade) Phoenix receives a 2005 New York Knicks first-round pick (lottery protected) (010504 Marbury trade)

Houston receives New York's 2006 second-round pick. (Maurice Taylor trade 022405)

ЗАПЕЧАТЕНИ! Ни прва, а ни втора рунда нема да видат!

2/23/2006 02:50:00 am  
Blogger Shepard said...

Од пастаново, Њујорк е задужен за следни три драфта. Едино на Сан Антонио пикот ќе го има (20 и некој) и од Денвер еден пик ќе имаат, а и тој негде таму, изнад 20 ќе биде :)

Али оваа сезона, сигурно се у топ 3 пика, али Џон Пексон го надмудрил Ајзеа.

Шо не е така тешко.

2/23/2006 02:56:00 am  
Blogger Владо Апостолов said...

Ауууууу! Лошо.

Никс - Штрумфови:)

Ама има една работа околу дилов шо ми го топли срцето. Пени се враќа дома.

А бе срце ме боли за тоа некогашно играчиште. Ви текнуе ли само како ја изигра сезоната од кога си отиде Шек?

Али повредите го сјебаа, јеби га!

2/23/2006 10:36:00 am  
Blogger Beto said...

Не го сјебаа повредите, сам се сјеба коа отиде у Феникс. Од тогаш вкупно 15 добри партии немал.

Еве како ја гледам на целиов дил:

Прва петорка на Никс: UNKNOWN

Aбе сеа има и добра и лоша страна целиов дил за Никси. Лошиот дел е у тоа што на лето ќе немаат ич селари спејс, а башка што Френчајз и Старбери нема долго да се трпат, а и првата петорка уопште нема да биде идна па иста како до сега.

Добрата страна е тоа што Никси за Френчајз се ослободија само од Ариза и Пени. Мислам дека се спасија што го зачуваа Фрај кој ми личе дека за година- две ќе биде ист играч како Крис Бош(ѕвер)
Сеа како ќе ги организира Лери тоа е негова работа, ама за работава нејќум да сум скептик. Мислам дека ќе бидат и тоа како боље од порано!

2/23/2006 10:39:00 am  
Blogger марче said...

iam nekoj osekjaj deka peni kje se vrati u forma :) mu lezi parketot :))))

2/23/2006 11:41:00 am  
Anonymous Гижо said...

уште катрина да помине низ њу јорк и ад им ги скрати маките

2/23/2006 04:03:00 pm  
Blogger марче said...

dve raboti me raduvaat u trampava ... ednata e peni u orlando ... drugata e toa sto njujork ima najbasketdziski tim u svet ... bas me interesira kako kje "profunkcionira" :P

2/23/2006 05:05:00 pm  
Blogger Karakash said...

Пени го сјебаа повредите, но и неговата ментална блокада која уследи. Кога играше беше еден од најдобрите у лига, јуник талент.

Катрина, бе :)

2/23/2006 05:15:00 pm  

Post a Comment

<< Home