Thursday, June 30, 2005

A?
Каков dunking тандем ќе бидат Марвин Вилијамс и Џош Смит, а? On your feet Hotlantaaaaa!!!:)

Wednesday, June 29, 2005

Сликовито
За постовите да ви бидат посликовити: Андрија Богут пред гробот на Дражен (видете го дресот) Андрија Богут на драфтот Марвин Вилијамс демонстрира slam dunk Марвин Вилијамс видно среќен Сува лепота - Фран Васкез
Браво Атланта!
By Enes Karakash На прв поглед Марвин Вилијамс не се разликува многу од своите нови соиграчи во Атланта. Како и повеќето од нив и тој е висок меѓу 204 и 208 цм. и игра на позиција ниско крило. Пред драфтот беше јасно дека двете позиции на кои Хоукси очајно требаа помош беа тие на плеј и центар, а кога стана јасно дека Бакси можат да го соберат единствениот центар Богут, повеќето аналитичари помислија дека Атланта ќе се сврти кон некој од класата одлични организатори на играта – и згрешија. Мене како навивач на “јастребите” од првиот ден кога некаде во 1989 год. го видов Доминик ме израдува кога видов дека го избраа Вилијамс, пред се затоа што се поведоа од основното драфт правило – Бирај според талентот, а не тоа што ти треба. Добро се познати повеќе случаи низ историјата кога тимови бирале според потребите и се зезнале (Мајкл Џордан беше 3.пик 1984, пред него ги избраа Олајџувон (ај може) и Сем Боуви!?!?!). Сега Марвин ќе го дели паркетот со исто колку него високите Џош Смит и Ал Харингтон, како и два цм. понискиот чилдрес, а не би му било ништо ново ни улогата на 6.човек, затоа што токму тоа беше на Северна Каролина. Според првите планови ако не го задржат Тајрон Лу, во првите пет веднаш би можел да влета и 1.пик од втората рунда, плејот на Аризона Салим Стадемаер. Ова е добар драфт за Атланта која во Смит и Вилијамс конечно имам лад тандем кој ќе ја врати на победничките патеки. И не се чудете ако не летово, тогаш сигурно следното токму квалитетот на Марвин не ги присили Хоукси да го трампаат ланскиот прв стрелец Харингтон. + Мал муабет со легендата на Атланта Доминик Вилкинс (Hawks VP of Basketball op.) кој ги претставуваше Хоукси на драфтот What do you think about the Hawks draft so far? Dominique Wilkins: Well, everyone knows what we got in Marvin Williams, that's no secret. I think the guy we got at 31 is a hired gun. He can make shots. He is very quick, and he is one of these lefties who is very tough to defend. He's a guy who is going to be good for us, no doubt. Why is it so tough to defend a left-hander? DW: You aren't used to seeing them. You don't expect to see them shoot the way they do. This kid may end up being a well-kept secret, and so far I definitely think we have gotten the players we wanted to get. What is your biggest memory from when you were selected in the NBA Draft (Nique was picked 3rd by the Utah Jazz in 1983, then subsequently traded to the Hawks)? DW: Honestly, I remember being scared as hell (laughing). I knew I was going to go in the top three, but I had no idea where. There was talk I would go to the Lakers at #1, but there were a lot of things that happened that got me to Atlanta. It was a wonderful experience though. Watching the draft tonight, is there any one pick that you felt like wow, that team was lucky to get that guy where they did? DW: Well, teams are always going to get lucky when some guys fall. But I would say I thought Isiah got pretty lucky getting his guy (Channing Frye from Arizona at #8) where he did. There is always going to be some wheeling and dealing that goes on that puts teams in good positions, so there will always be surprises.
Кој е Ендрју (Андрија) Богут?
By Enes Karakash Овогодинешниот 1. пик Ендрју Богут е прв играч кој играл барем една минута на колеџ по цели пет години, а кој е избран како прв. Поради наездата на странци и средношколци во последно време играчите кои играат во НЦАА се поретко ја добиваа довербата на НБА скаутите, но поради достата разочарувања од избраните средношколци и странци (Даркооооо!) овој драфт донекаде ги врати работите во нормала. Велам, донекаде, затоа што иако играше две години за Универзитетот Јута, Ендрју Богут не е Американец, туку Австралијанец, Уствари кога подобро ќе погледнете, тој не е ни Австралијанец, иако игра за “кенгурите” и е роден доњн ундер. Ендрју уствари е Андрија, име кое го добил по неговиот дедо, а неговите родители како млад брачен пар се преселиле во Австралија каде не долго потоа се родил малиот Андрија. Сега е јасно откаде кај него толкав кошаркарски талент. Инаку јас лично, а и поголемиот дел од кошаркарскиот свет за првпат го забележав на младинското СП кое пред 3-4 год. се одржа во Солун. На тој турнир Озите ги изненадија сите освојувајќи го златниот медал, а погодувате кој беше главен “виновник” за тоа. Идниот 1.пик доминираше во таа конкуренција (дабл-дабл на секоја средба) И веќе тогаш беше јасно дека станува збор за екстра талент. Веднаш потоа најголемите европски екипи (меѓу кои и Цибона) се загреаа по Богут, но тој одлучи да ја прифати понудата на Унив. Јута и да игра за легендарниот НЦАА тренер – Рик Маџерус. Во текот на првата сезона преко баре не одеше се како подмачкано и Андрија имаше проблеми со прилагодувањето кон новата средина и стил на игра. Тогаш почнаа да се јавуваат првите сомнежИ за неговите способности, сомнежи кои паднаа во вода по неговата втора сезона за која ја доби наградата за најдобар колеџ играч за 2004-05. Интересно е тоа што тој процвета откако од кормилото на Јута се повлече човекот кој и го донесе таму, Маџерус. Богут повеќето аналитичари го споредуваат со некои европски центарски легенди како Сабонис и Дивац, но не се ретки ниту споредбите со Бред Милер. Сега кога е познато дека ќе игра за Милвоки (кај кои ќе се врати и долго повредениот Ти-Џеј Форд) првите пет на Бакси..Форд, Ред (ако остане), Мејсон, Смит и Богут..не изгледаат така лошо. Плус, тука на помош на Андрија во секое време ќе му биде и неговиот сонародник – Тони Кукоч.
Драфт дубари
Како секој драфт, така и овој, се десија неколку дубари: - Јута како што беше очекувано, го доби третиот пик од Портланд за #6 и #27 и догодишниот пик од првата рунда на Детроит (преку трампата за Карлос Аројо). Со третиот пик Јута го избра Дерон Вилијамс, а Портланд како шести го зема Мартел Вебстер; - 27. пик што Портланд го доби од Јута, го искористи за да го земе Линас Кеиза, кој заедно со Рики Санчез (#33) го испратија во Денвер за Џерет Џек (#22), еден од најпотценетите на овој драфт, а воедно еден од топ плејмејкерите/бековите во историјата на Џорџиа Тек; - Трампата меѓу Феникс и ЊуЈорк се оствари со тоа што Q-Rich во пакет со Нејт Робинсон (#21 на драфтот) отидоа во Јаболкото, а во пустината се пресели Курт Томас со #54 пик Дихон Томпсон. Инаку за дебитанти инволвирани во дубарите: Дерон Вилијамс и Џерет Џек,( заедно со Крис Пол, Рејмонд Фелтон) се спремни да бидат новата генерација плејови во Лигата. Дерон Вилијамс беше клучот за успешната сезона на Илиноис, а Џерет Џек преклани ги донесе Џорџиа Тек фо Фајнл Форот. Нејт Робинсон, уште еден од плејадата талентирани плејови, е феномен кој со своите 168 цм. беше најдобар поединец во екипата од универзитетот Вашингтон, а исто така беше дели од фудбалскиот (рагби) тимот на колеџот. Мал, набиен, експлозивен (одличен забивач!).
Мартел Вебстер пак, е уште еден од тајфата средношколци. Атлета и ѕвезда, но... ќе видиме како ќе се покаже.
Andrew Bynum [Lakers]
Селекторе, ова е по твоја нарачка. Andrew Bynum е еден од најмладите играчи што влегле во NBA некогаш. Роден е на 27 октомври 1987 („копиљот“ е помал од мене!!). Во конкуренција на средношколци е убедливо најдобар центар, но ќе го видиме во Лигата.
Бајнум е стока, висок е околу 210-215 cm (различни информации), со долги раце и е прилично подвижен и агилен за неговата големина. Типичен центар, кој доминира во рекетот, забива без проблем и има вонредно добар хорог и олу хорог. Брз е, знае и да се снајде и надвор од рекетот, најчесто со влез а поретко и со шут од полудостанца, кој исто така не му е проблем. Од тоа што го имам гледано, се снаоѓа и во одбрната. Има инстинкт за блокирање, а подвижноста и агилноста кои ги поседува му овозможуваат и да фаќа доста топки под двата коша. НО, Бајнум прво што треба да направи е да отиде до теретана и неговата атлетска градба да ја пополни и прошири уште малку ако сака да доминира во Лигата како во средно. Треба да поработи и на кондиција, бидејќи освен подолгите и почестите натпревари, во NBA и центрите трчаат при транзиција. Треба да поработи и на некои потези, бидејќи засега арсеналот му се состои од бутни-се-бутни-се и закуцај/фрли хорогче. Треба да почне да шутира повеќе од пост, бидејќи има дарба. И најголемиот проблем, да престане да прави глупи фаули во нападот и да вежба „вадење“ односно пасови кон надворешните играчи. Кога го гледав последен пат пред некое време, човекот упорно се гураше и со по тројца, без намера да извади надвор. Во одбраната, треба да поработи на наг ажманот - блокадите и скоковите се пред се` напорна работа, а не демонстрација на атлетски способности. Како навивач на Лејкерси, сум помалку скептик околу придонесот на Бајнум. Сите знаеме што се случи со ДеСагана Диоп. Да се надеваме дека овој ќе биде следниот голем центар на Лејкерси. Искрено, сакав да го драфтуваат Шон Меј (Шарлот) или мојот омилен од овој драфт, Чарли Вилануева (Торонто).
За Ендру Бајнум - во руки годината ако успее да се збори за дваесетина минути по натпревар и постигнува повеќе од 6 поени и 5 скокови во просек ќе бидам презадоволен. Да не зборуваме за стартерско место и дабл-дабл.
Full Draft Board
ROUND 1
NO. TEAM SELECTION
1 Milwaukee Bucks Andrew Bogut, Utah
2 Atlanta Hawks Marvin Williams, North Carolina
3 Utah Jazz Deron Williams, Illinois
4 New Orleans Hornets Chris Paul, Wake Forest
5 Charlotte Bobcats Raymond Felton, North Carolina
6 Portland Trail Blazers Martell Webster, Seattle Prep HS
7 Toronto Raptors Charlie Villanueva, Connecticut
8 New York Knicks Channing Frye, Arizona
9 Golden State Warriors Ike Diogu, Arizona State
10 LA Lakers Andrew Bynum, St. Joseph (NJ) HS
11 Orlando Magic Fran Vazquez, Spain
12 LA Clippers Yaroslav Korolev, CSKA Moscow
13 Charlotte Bobcats Sean May, North Carolina
14 Minnesota Timberwolves Rashad McCants, North Carolina
15 New Jersey Nets Antoine Wright, Texas A&M
16 Toronto Raptors Joey Graham, Oklahoma State
17 Indiana Pacers Danny Granger, New Mexico
18 Boston Celtics Gerald Green, Gulf Shores Acad (TX)
19 Memphis Grizzlies Hakim Warrick, Syracuse
20 Denver Nuggets Julius Hodge, North Carolina State
21 Phoenix Suns Nate Robinson, Washington
22 Denver Nuggets Jarrett Jack, Georgia Tech
23 Sacramento Kings Francisco Garcia, Louisville
24 Houston Rockets Luther Head, Illinois
25 Seattle SuperSonics Johan Petro, France
26 Detroit Pistons Jason Maxiell, Cincinnati
27 Portland Trail Blazers Linas Kleiza, Missouri
28 San Antonio Spurs Ian Mahinmi, STB Le Havre (France)
29 Miami Heat Wayne Simien, Kansas
30 New York Knicks David Lee, Florida
ROUND 2
NO. TEAM SELECTION
31 Atlanta Hawks Salim Stoudamire, Arizona
32 LA Clippers Daniel Ewing, Duke
33 New Orleans Hornets Brandon Bass, LSU
34 Utah Jazz C.J. Miles, Skyline H.S. (Tex)
35 Portland Trail Blazers Ricky Sanchez, IMG Academy
36 Milwaukee Bucks Ersan Ilyasova, Ulker Istanbul
37 LA Lakers Ronny Turiaf, Gonzaga
38 Orlando Magic Travis Diener, Marquette
39 LA Lakers Von Wafer, Florida State
40 Golden State Warriors Monta Ellis, Lanier H.S. (Miss.)
41 Toronto Raptors Roko Ujic, KK Split (Croatia)
42 Golden State Warriors Chris Taft, Pittsburgh
43 New Jersey Nets Mile Ilic, BC Reflex (Serbia & Montenegro)
44 Orlando Magic Martynas Andriuskevicius, Zalgiris (Lithuania)
45 Philadelphia 76ers Louis Williams, South Gwinnett HS (Ga.)
46 Indiana Pacers Erazem Lorbek, Climamio Bologna (Italy)
47 Minnesota Timberwolves Bracey Wright, Indiana
48 Seattle SuperSonics Mickael Gelabale, Real Madrid (Spain)
49 Washington Wizards Andray Blatche, South Kent Prep (Conn.)
50 Boston Celtics Ryan Gomes, Providence
51 Utah Jazz Robert Whaley, Walsh University
52 Denver Nuggets Axel Hervelle, Real Madrid (Spain)
53 Boston Celtics Orien Green, La.-Lafayette
54 New York Knicks Dijon Thompson, UCLA
55 Seattle SuperSonics (to Memphis) Lawrence Roberts, Mississippi State
56 Detroit Pistons Amir Johnson, Westchester H.S. (Calif.)
57 Phoenix Suns Marcin Gortat, RheinEnergie Koln (Germany)
58 Toronto Raptors Uros Slokar, Snaidero Udine (Italy)
59 Atlanta Hawks Cenk Akyol, Efes Pilsen (Turkey)
60 Detroit Pistons Alex Acker, Eisenhower HS (Calif.)

Tuesday, June 28, 2005

Преддрафтовски дешавки
Прва можност: Портланд го трампал третиот пик во Јута, за #6 и #27 и првиот пик виа Детроит за следниот драфт. Се` со цел за да го добијат Дерон Вилијамс (или Крис Пол). Втора можност: Зек Рендолф и #3 за Карлос Бузер и #6. Се споменуваат и Гиричек, Мајлс, па и екипите на Атланта и Шарлот. Бонус: интервју со Џералд Грин (средношколец) кој ќе иде високо на драфтов (hoopshype.com).

Monday, June 27, 2005

Јута луда по 3.пик и Дерон Вилијамс
the rookie post from Enes Karakash (СЕФТЕ) Главниот муабет пред утрешниот драфт се врти околу 3.пик кој го има Портланд и желбата на неколку тима да дојдат токму до тој пик. Сега засега најсериозни се Џезерите кои според некои извори на Блејзерси им ги понудиле 6.пик плус некој од нивните сегашни играчи (Гиричек или Снајдер) или 27. и 34 пик. Ова се должи на желбата на Јута да избере плеј, посебно Дерон Вилијамс кого го споредуваат со Џејсон Кид. Во Јута се свесни дека со нивниот 6. избор тешко ке дојдат до двајцата најдобри плеја-Вилијамс и Крис Пол од Вејк Форест. Како втора опција се спомнува Торонто кој на Портланд им ги нуди Морис Питерсон и 7.пик, додека нешто потешка за верување е третата опција според која Лејкерси во Орегон за 3.пик и уште несто ситно би ги пратиле Батлер, Еткинс и 10.пик.
(малце едитирано од offchar-o, чисто околу кирилицата ;-) и сликата - мое мислење - не иде Дерон трети, комотни можат да бидат, мада што е сигурно, сигурно си е) Short brief: There are several scenarios about the third pick, but it's very likely Utah to get it for the sixth and Giricek/Snyder. There are also rumours about Toronto offering MoPete and the 7th to the Blazers, and the Lakers offering Butler, Atkins and #10.
Non Draft News
by Enes Karakash
Шон Бредли у пензија | Shawn Bradley retires - (8 ppg, 6 rpg, 2.5 bpg) in 12 years - drafted as second pick on the 1993 NBA Draft - earned more than $ 60 millions.
Никогаш не сум бил некој голем љубител на мок-шмок драфтови. Мислам, тоа ти се еден куп новинари кои немаат што да пишуваат мегу крајот на финалето и драфтот па самите знаат повеќе од самите тимови кого тие ке изберат. Така јас нема да пишувам шмок драфт, но сепак ќе останам поврзан со драфтот и ќе ви ја соопштам веста за пензионирањето на едно од најголемите драфт разочарувања во НБА историјата. Дами и господа - Шон Бредли. Токму така, соленката Бредли минатиот четрвток изјави дека става крај на својата про-кариера која кога беше драфтуван 1993 год. повеќето мок-новинари прогнозираа дека ќе биде многу успесна. Добро, можеби 12 сезони (за кои инкасираше цели 60 мил.$) со просеци од 8п. 6ск. и 2.5 блокади е успешно,а во мегувреме стана и редовен гостин на сите in-your-face постери. Никако не смее да се заборави дека Бредли таа год. беше 2.пик, пред него беше избран Вебер, а веднаш зад него Пени Хардевеј. Draft 1993 Round 1 1. ORL Chris Webber, Michigan 2. PHI Shawn Bradley, Brigham Young 3. GSW Anfernee Hardaway, Memphis State 4. DAL Jamal Mashburn, Kentucky 5. MIN Isaiah Rider, Nevada-Las Vegas 6. WSB Calbert Cheaney, Indiana 7. SAC Bobby Hurley, Duke 8. MIL Vin Baker, Hartford 9. DEN Rodney Rogers, Wake Forest 10. DET Lindsey Hunter, Jackson State 11. DET Allan Houston, Tennessee 12. LAL George Lynch, North Carolina 20. CHH Scott Burrell, Connecticut 22. CLE Chris Mills, Arizona 23. SEA Ervin Johnson, New Orleans 24. HOU Sam Cassell, Florida State 25. CHI Corie Blount, Cincinnati
Првите жртви на новата клаузула | Probable victims of the new dismissal-for-cap-room clause: Michael Finley, Chris Webber, Allan Houston, Jalen Rose, Eddie Jones, Raef LaFrentz, Theo Ratliff, Doug Christie... Houston joins Spree and Camby soon
Новиот колективен договор содржи клаузула во која тимовите можат со цел да го скратат селари капот да откачат еден од играчите со кој ги врзува долгогодишен, дебел договор, а повеќе тимови како да не можат да го дочекаат 1.јули кога тој стапува на сила, па да шутнат некоја од своите преплатени ѕвезди. Први заинтересирани за таков чекор се во Далас каде се очекува да го ослободат Финли, а веднаш зад нив се и Никси кои едвај чекаат да се откачат од Алан Хјустон, па Мајами - Еди Џонс, Бостон - Реф Лафренц, Филаделфија - Крис Вебер, Портланд - Тио Ретлиф и Орландо - Даг Кристи. Мора да се напомене дека иако ќе ги ослободат, тимовите ќе мора до крај да им ги исплатат договорите на овие играчи, само што таа сума нема да им се смета у селари капот.
Дени Фери назад во Кливленд | Danny Ferry instead of Larry Brown in the Cavs office
Сите гласини кои го поврзуваа Лери Браун со позицијата генерален менаџер на Кливленд паднаа во вода откако беше соопштено дека Дени Фери од оваа недела ќе почне да ја врши таа функција. Екс-играчот на Кавси го напушти раководството на новиот шампион Сан Антонио и се врати да му помогне на тимот во кој мина 10. сезони. Сега Фери ќе треба да одлучи како најмудро да ги потроши 25 мил.$ кои летово ќе ги има на располагање, а прва задача ќе биде да одлучи дали да го задржи Илгаускас. На листата на играчи кои тој би сакал да ги види во Кливленд во моментов се наоѓаат Мајкл Ред, Еди Кари и Лери Хјуз.
Хојберг на операција | Hoiberg has a heart-op
Резервистот на Минесота, Фред Хојберг го очекува операција на срце со цел да се корегира зголемената аорта, зафат по кој тој очекува или повторно да заигра, или доколку тоа му го препорачаат лекарите-да стави крај на својата кариера. Инаку, Фред целата мината сезона ја одиграл со оваа аномалија без да каже на некој од соиграчите.
Кендал Гил во рингот | The great boxing star - Kendal Gill (wins with a first round KO in his debut) - still wants to return on the court
Се чини дека Кендал Гил правилно постапи кога одлучи да смени професија откако увиде дека ни еден клуб не го сака пред почетокот на сезоната. Како доказ за неговиот добар избор му служи победата во 1. настап како про-боксер. И тоа не било каква победа туку со нокаут во 1.рунда над анонимусот Тревор Бејли. Но, уверливиот старт не ја намалил љубовта на Гил кон кошарката кој планира уште една борба пред да почне да се подготвува за својата 15.НБА сезона, нормално ако некој сака боксер во своите редови.
Ајзеа Томас пак со глупи трампи | Isaiah Thomas again making stupid trades - Suns'Q for Kurt Thomas
Знам дека оваа вест не е толку свежа, но искрено, не е секогаш за верување кога станува збор за трејд у кој главната улога ја има Ајзеа Томас и неговите Никси. Тоа го велам затоа што во изминативе две години колку да Томас направи трампи тоа како да не беше доволно да се престане со ставање на Никси во секоја каша и во муабет за секој слободен играч. Но, како што последниве неколку дена немаме официјално соопштение од двата клуба, а бројот на неофицијални извори кои го потрвдуваат трејдот се зголемува, тогаш еве ја и кај нас веста за размената мегу NY и Феникс во која местата ќе си ги заменат Квентин Ричардсон(14.9п.) и Курт Томас(11.5 п. и 10.4 ск.). Како и повеќето трампи на Ајзеа така и оваа ми е тешка да ја сконтам. Тој се откажува од својот најдобар скокач и дефанзивец во рекетот, а за возврат добива уште еден играц кој во секој напад едвај цека да шутне тројка. Знам дека Томас сака од Никси да создаде тим кој ќе игра кошарка каква што годинава играа Санси, но нели е погрешен цекор кога самите тие Санси се отказуваат од еден од своите шутери за услугите на Курт? Финансикиот дел од трампата не го ни разработувам затоа што веке стана јасно дека по секоја размена Ајзеа само уште повеке ги заглавува Никси и ги оддалечува од потребниот рибилдинг. До кога, Ајзеа, до кога?
Емека е иднината на Рисовите | Emeka gets extention
Презадоволни од руки сезоната на Мека, како и од својата руки сезона, газдите на најтазе НБА тимот, Шарлот Бобкетс, одлучија уште сега да искористат опцијата која им дозволува да му додадат на ланскиот 2. пик плус една година.(вредна 5 мил.$) на актуелниот тригодишен дебитантски договор. Со ова Мека е во Шарлот барем до 2008 год. Окафор својата кариера ја започна со 15.1 поени и 10.9 скокови по натпревар, а за поздрав се неговите дури 47 дабл - дабл учиноци, што го става на 4. место во цела лига..

Sunday, June 26, 2005

Mock Draft Top10
1. Milwaukee - Andrew Bogut (85%) or Marvin Williams (20%) 2. Atlanta - Marvin Williams (80%) or Andrew Bogut (15%) Antoine Wright (5%) 3. Portland - Gerald Green (66%) or Antoine Wright (33%) 4. New Orleans - Antoine Wright (56%) or Chris Paul (25%) or Raymond Felton (25%) 5. Charlotte - Chris Paul (75%) or Raymond Felton (25%) 6. Utah - Deron Williams (100%) 7. Toronto - Raymond Felton (50%) or Andrew Bynum (50 %) 8. New York - Channing Frye (75%) or Andrew Bynum (25%) 9. Golden State - Fran Vasquez (50%) or Andrew Bynum (25 %) or Sean May (25%) 10. LA Lakers - Sean May (75%) or Charlie Villanueva (25%)

Saturday, June 25, 2005

Признавам
by Enes Karakash
Што и да кажат сите - ова сепак ќе им остане. | No matter what they say, they'll always have this.
Не знам, стварно не знам. Веројатно повеќето од вас очекуваа одма да почнам да им го фаќам сеирот на Детроит и да ги славам Спарси. Тоа е и разбирливо затоа што уште од старт на Финалето застанав на страна на тимот од Тексас, а кога ќе размислам, у секоја серија у која играа Пистонси јас навивав за нивниот противник. Али, штознам нешто се сврте у мене, некако ми беше жал за Детроит (не ме сфаќајте погрешно, тоа не значи дека ми се свиѓаат момците). Затоа овој текст нема да го посветам на новите НБА кралеви, туку на оние кои таа титула ја носеа до сабајлево и кои за жал останаа без љубовта на 99% НБА фанови ширум светот. -Екс-Кралеви кои останаа несфатени од сите и против кои навиваа сите. -Екс-Кралеви за кои по ова финале ќе се пишува дека лани титулата беше чиста случајност, поклон од закрвените Лејкерси. -Ќе се заборават сите ситуации во кои беа на раб од елиминација, губејќи 2-3 и пак добивајки ја серијата, а такви ги имаше многу овие две години. -Ќе се заборави шампионската 6. утакмица годинава у која покажаа шампионско срце и им одржаа лекција на “мамузите”. -Чонси Билапс и РИП Хамилтон кои од следната сезона пак ќе треба да се борат за својот прв ОлСтар, иако се еден од најдобрите бековски тандеми у лигата. -Тејшон “Етиопија” Принс, чии дефанзивни квалитети пак ќе бидат рипнати у изборот за најдобар одбрамбен. -Рашид за кого ќе продолжи да се мисли дека му фале даска, иако у неколку наврати му одржа лекција на Роботот. - Биг Бен, кого признавам дека и јас нешто многу не го поштуем, не треба да се заборави дека е центар висок само 205 цм. кој секоја вечер се бори со повисоки и потешки од себе. -Лери Браун, кого и ја самиот го нареков предавник, кој останува еден од најдобрите кошаркарски учители на сите времиња, но кој ќе има сериозна дамка поради флертот со Кавси у тек на разигрувањето, а ќе се заборави и неговата 101 плеј-оф победа. Еве, си кажав. У моментите кога секој жив НБА новинар ги велича Спарси јас решив да пишувам за Детроит. Па некој мора и тоа да го направи. Свака част Пистонси за срцето кое го покажавте иако никој вон Детроит не веруваше во вас. Short brief: when everybody is paying a tribute to the new Kings of the basketball - the Spurs, here are some facts about the Pistons (from an anti-Detroit fan): - The most hated champions ever. - Their title will be described as a coincidence and result from the Lakers interior organization problems. - All their wins in situations against the wall (when they were down 2-3) will be forgotten. - This years Game 6 of the Finals will be also forgotten very soon (they gave the Spurs some school). - Billups and RIP will have to fight for their place on the All Star team, AGAIN, even though they proved that are the best guard duo in the League. - Ethiopia's (Tayshon Prince's) effort on the defensive end will not be considered for the defensive awards. - The stories about Sheed's inconsistency and mental problems will remain and even get stronger. - Big Ben's authority will rapidly go down, because of Duncan's success, not concidering the lack of size. - Brown's affair with the Cavs will get more publicity than his 101 playoff wins.

Friday, June 24, 2005

Finals Recap
by Anastas Vangeli

When the season started, I was afraid of the possibility the Spurs and the Pistons face in this years Finals. I was afraid of boring basketball, shot-clock violations, turnovers, going too physical and low scores.. and the worst Finals ever.

As the season was passing, and my Lakers faded badly, only the surprising Suns kept me alive – the killing spree they were on, man, that was something. Running the floor, hitting the boards hard, transition supremacy, night after night, until the West Finals. In those five matches, the Spurs (surprised me!) showed that they are the franchise! They accepted the run-and-gun style and outscored the Suns, although their defense was as important as the offense. They played tough and demonstrated showtime! They were going 100+, they had the fluid.

In that particular series, after beating the streaking Nuggets and the reigning Sonics, Duncan and the fellas, made it clear that they can play! And that they can addopt every style of playing basketball, cause they are BASKETBALL PLAYERS!

On the other side, we were watching the Heat heating up, goin’ unbeaten to the Eastern Finals. Wade was streaking and kept his team winning besides Shaq’s injury, and I was convinced that the Heat are 99% on the top. That would've meant Kobe being abused in the media, Shaq honored as the best ever, blah-blah. Luckily, Wade got injured, the Pistons won the series and Kobe’s pride is somehow restored.

But, the bad dream about the matchup that will bring the poorest Finals ever became reality. The Spurs showed thay can play, but the Pistons are a team on a mission, a deathly squad that doesn’t let anybody play, and they fight, they make opstructions, they destroy and somehow manage to win games. If the Spurs transformed into the grayscale version of Motown Bad Boys, than the game of basketball would turn into torture for the fans.

Damn, I was wrong! The first 4 games were unexpected blowouts! The home court advantage was main factor. The Spurs hit first in their 2 home games, then the Pistons returned the first 2 on their own court with the same power. Game 5 was antology: Rob’s heroics and the overtime, Duncan’s crunch time panic and Detroit letting it slip.. one of the greatest NBA Finals game ever!

As the series moved back to Texas, I felt that Detroit isn’t losing the grip, although they were on the edge. They won #6 and the Finals entered the ultimate battle.

GAME 7: Forget the trash talk about bad games. Both the Spurs and the Pistons are championship – caliber squads.

As the game tipped off, it was obvious that all the guys were choking – especially Parker, Nazi and Hamilton. The start was sloppy as expected, because every posession was crutial. Hard and physical.. that’s how I describe the first half. Ben Wallace led all scorers (this shows that it was all but ordinary game), Horry led the Spurs (this shows who’s never choking) and the guys at the half time show were awful.

In the second half, The Big Fundamental went nuts, starting to shoot and spend posessions, acting a go-to guy (he finished 10-27 from the field!). I still can not figure out WHY he forced so many shots and howcome thay managed to win at the end?!

The defense ofcourse. The defense wins championships. Bowen stepped up in the last minutes, guarding and then blocking Billups, and that particular block was the play of the game. In the closing minutes, Detroit’s bad interior defense also caused some bad double-teams on Duncan, which resulted with back-to-back treys and a big W at the end.

Tim Duncan was crowned as the Finals MVP, besides Manu’s warrior-like performances and Horry’s heroics. Tim made shots that everybody on the team can make – Rasho can hit those mid range jumpers, Nazi can dunk or lay it in under the basket etc., but Manu’s desperation shots and baskets from nowhere, or Horry’s shots in crunch time.. that is MVP material.

All in all, the deeper bench, the home court advantage, Manu and Horry, the better team-defense in the last game and the better overall transition performance gave the Spurs their third title in 7 years. A better basketball team. I have said, THE SPURS ARE A TEAM THAT HAVE AN ANSWER FOR SUNS' 120 POINTS IN POURING 121, AND THEY CAN HOLD THE PISTONS ON OR UNDER 69, IF THEY LET THEM SCORE ONLY 70. It appeared a bit different, but they are still world champions.

Game 7 Boxscore on NBA.com

Сторија на македонски за пар саати.. Енко да ја искуца :-)

Од оваа, на кратко: - на почеток на сезона, стварно се плашев од финале Сан Антонио - Детроит - очекував тапа, некои 5-6 утакмици мрцварење, тупење и резултати испод 80. - у плејофот, Спарси покажаа дека се екипа со тоа што ги победија сите изненадувања - Денвер, Сиетл, Феникс. - Детроит, можеби на среќа, ама на мој ќејф ги тепаа Мајами (навивам за Лејкерси и замислете што би зборел Шекил ако освои титула, а притоа Коби да не влезе во плејоф) - финалето беше крајно изненадувачко (во позитивна смисла) - првите четири беа наизменични нокаути, петтата беше антологиска, а шестата типична утакмица кога Детроит мора да победи - седмата пак, беше легендарна: играа на почеток во грч, со доза на резерва, затоа што секој напад беше клучен - Роботот се здиве, почна да шутира како луд, со некои си среден ефект, ама затоа Сан Антонио демонстрираше одбрана, а Брус Боуен со бананата над Билапс практично ја реши утакмицата, a Детроит со лоши удвојувања на Данкан си дозволија да примат две тројки по ред што ги кошташе ТИТУЛА - Данкан на мое негодување беше прогласен за МВП - тврдам дека неговиот учинок е чисто статистички, а Ману и Хори се тие кои ја донесоа титулата со кошевите од неизводливи ситуации, односно со решавачките шутеви

The World Champions 2005 - SPURS
Quatro next year?!

Thursday, June 23, 2005

Heavyweight fight tonight!
1313 games, entering the 9th month.. 1313 xzibits of pure art.. 1313 battles for just one moment.. The last shot, what you always wanted.. Seize it boy, or let it slip.. Capture it, this's the end of the trip.. (THE REMIIIIIX) His palms are sweaty, knees weak, arms are heavy There's vomit on his jersey already, mom's spaghetti He's nervous, but on the surface he looks calm and ready To nail shots, but he keeps on forgettin That he should come around, the whole crowd goes so loud He opens his mouth, but the words won't come out He's chokin, how everybody's jokin now The clock's run out, time's up over, bloah! Snap back to reality, Oh there goes gravity.. Lose yourself, but don't confuse yorself Don't abuse yourself, control yourself Another trophy on the shelf, do it for yourself What's left? A ring and a championship belt..
(Thanks Slim Shady)
No Lockout
by Enes Karakash
For our sake, NO!!! На неколку минути пред почетокот на 6. меч меѓу Сан Ан. и Детроит NBA фановите ширум светот ја добија најубавата можна вест - Нема да има локаут!!! Очигледно свесни за бруката која локаутот од 1998 им ја нанесе на лигата и Дејвид Штерн и Били Хантер (претставник на Унијата на играчите) решија да се договорат и да отстапат од по некое од своите барања затоа што сконтаа дека и онака има доста милиончиња за сите да живеат среќно до крајот на животот. Еве у кратки црти што се договорија: -Се додава една год. плус на минималната старосна граница и сега во NBA ќе смеат да играат само играчи кои наполниле 19 год. (тука победи лигата) - Селари капот ќе порасне од 48.04% од вкупната добивка на 51%, а на играчите ќе им бидат загарантирани 57% од добивката (тука добиваат играчите) - Тимовите ќе мораат да имаат 14 играци у состав у секое време (играчи), итн... Има уште еден куп ситници околу кои падна договор, а кои би требале да го олеснат изведувањето на трампите и да им обезбедат посигурна пензија на екс-NBA играчите. Новиот колективен договор ќе трае 6 год., што знаци дека дури 2011 ќе ја имаме новата опасност од тоа да не удри кометата нарецена "NBA локаут". Short brief: NO LOCKOUT, SIR! After David Stern and Billy Hunter figured out that there are zillions of dollars for everybody involved, they finally reached an agreement and shortly before Game 6 of the Finals they announced that there is no chance of repeating the '98 lockout. Everybody got what they concidered important: League's age limit is officialy up, and now every player must have turned 19 before signing any deal or play; the salary cap goes up from 48,04% to 51%, so the players get 57% guaranteed.. and every team must have at least 14 players on its Roster anytime.

Wednesday, June 22, 2005

Game Six - Staying Alive
by Enes Karakash (a regular contributor, but not yet a blog-member - he'll become part of the team tonight) “Never underestimate the heart of a champion” – Rudy Tomjanovich, play-offs ,1995 Првото нешто на кое што се сетив по победата на Детроит во 6. меч од Финалево беа токму овие зборови на тогашниот тренер на тогашниот шампион Хјустон, откако Рокетси ја освоија својата втора титула по ред, иако у плеј-офот влегоа како 6. на Западот и во ниту еден момент ја немаа предноста на домашниот терен. На крајот испадна дека не им ни требаше, еден по еден паѓаа фаворитите, за на крај и Шек и Пени да мораат цврсто да им ја стиснат раката на мајсторите Хаким и Клајд. Што имаат заедничко Хјустон тогаш и Детрот сега? Па добро, Пистонси во никој случај немаат играчишта и звезди како “Дрим” и “Глајд”, но делат едно исто нешто кое мора да го имате ако сакате да се фалите со шампионските прстени – СРЦЕ! “Клиповите” тоа го докажаа синоќа, во градот во кој немаа победено уште од 1997 год. и против тимот кој најдобрата кошарка ја игра баш дома и во ситуација во која пораз значеше крај. Играјки со цело срце, тие му ја подарија 100. плеј-оф победата во кариерата на Лери Браун и ни го приредија задоволството по цели 11 години и финалето помегу Хјустон и Њу Јорк, да гледаме 7. меч у едно НБА финале.
За оние со подобра меморија Рокетси таа година исто како и Детроит губеа 3-2. По победата во шестата утакмица се се решаваше у 7. дуел у кој од сеуште неразјаснети причини еден Џон Старкс се стави у филм дека е Мајкл и почна да шутира ко луд, па дури и кога не можеше да погоди ни слон. (Така Џон ги чинеше навивачите на Никси титула, а Хаким му се радуваше на првиот прстен). Утре вечер ке видиме дали Пистонси го имаат истото срце кое пред десет години ги красеше “ракетите”, или 6. меч бесе само усте една грешка во “Матрицата”. Short Brief: This Pistons team looks like the Rockets team that won the first title in 1994 - although they do not have stars like The Dream, but what they have in common is the heart - the key to the ring. With a strong determination and dedication they brought Larry Brown his #100 playoff W, and now they are on their way to show that an underdog team can become a champ - and that the home court advantage is not the main reason for winning series or champpionships. We'll see.. are the Pistons as brave as those Rockets 11 years ago, or the "turn-around" is just another bug in the Matrix. PS Или Дарко Миличиќ ќе стане рекордер - на 19 години 2 титули, или Хори втор играч со 3 тима до прстен. / There are two potential stories for the books: Milicic becoming the first player under 20 to become double champ, or Horry making the title with 3 different teams!
Untitled, but important
Друже Каракаше, друше Канализација, Селекторе и остали.. ЕПТЕН ГОЛЕМ ЌЕЈФ МИ Е ДА КАЖАМ ДЕКА НИ ГО КЛАВИЈА ПРВИОТ ЛИНК ТОКМУ НА NBASOURCE.com -----------> побогу, сајтот е посетуван како он.нет.мк :-) рачунајте дека сајтов е веќе виден пет-шестотини пати од најразличити луѓе од светот. Следен чекор: линкање на хупсхајп и хупсвајб и слемданк (рускиот портал)! Коа викав дека сум озбилен ко хемороид... SPECIAL THANKS TO ANTHONY & PAUL FROM THE NBA SOURCE FOR LINKING US :-) and for tonight's game, I feel the Pistons. As I am writing this, the second quarter goes on and it's a one point game, but I feel Ba Ba Billups somehow.. we'll see! Anybody that wants to exchange links, please contact me.

Monday, June 20, 2005

Воскресение | Ressurection
Епа драги НБА фанови после едносезонска пауза, еве го макнба блогот повторно. Цела сезона курбан, меѓутоа следи КВАЛИТЕТ! Моментално, единствен асален македонски спортски новинар е Енес Каракаш и голема чест ми е да ви соопштам дека во скоро време ќе почнеме заедно да го пополнуваме блогов. Го очекувам и Канализација да ни се приклучи. Што ќе правиме на блогов?! Нормално, резултати и статистика ќе идат секојдневно. Но, тука се и многу галерии, клипови, аудио и слични работи за симнување. Исто така, контактираме со момците од nbasource за натамошна соработка. Затоа (барем засега) и ќе се обидеме да има делумна двојазичност. Short brief: this is the ressurection of NBA Macedonia. We missed a whole season, but we look forward and are ready to bring some quality. Other members are expected to join soon. We plan to bring you daily NBA news as usual, but also we plan to offer you free downloads (video clips, audio files and many photo galleries). We also plan to attract visitors from all over the world, and that's why we will be making short briefs in English. We also consider help from Paul and Anthony from the nba source.