Monday, July 31, 2006

Retro бај Retry
По Двр, Бето, Чоте и Флајт, петорката на биг френдови на МакНБА се комплетираше со Ритрај, кој после 166584158-те коментари, конечно реши дел од своите погледи на работите да ги смести у текст...Ритрај е нашето најново дете. Ит шит, Есма!.....Тејк ит авеј, Ритрај, caмo немој да ни праќаш текстови како што ни оставаш коментари:) - К. Поради фактот што по завршување на play-off-от и драфтот, освен потпишување договори, размени и стрижења, не ни остана речиси ништо друго, почувствував дека е момент да дадам мал осврт на (речиси) целокупниот развој и случувања во лигата од хронолошко-еволутивен (и можда уште некаков) аспект. Би тргнал од примерот кој многумина од нас го даваат на блогов, а тоа е лупањето у гради за играчите што оставиле трага низ историјата на NBA, некои тврдат дека Jordan бил најдобриот на сите времиња, други викаат Chamberlain бил најдоминантниот центар, трети велат дека Russell е најдобриот одбранбен играч воопшто, дека Дражен е најдобриот европјанин (или уште повеќе неамериканец) што некогаш заиграл во NBA... Сето тоа е во ред, зошто секој има право според своите информации што ги примил за овие играчи да си извлече свои заклучоци. Но, проблемот е - Зошто токму тие напумпани информации да бидат причината за тоа? Можеби и тоа е дел од маркетингшката стратегија на лигата, а да не зборам за медиумите што ја опкружуваат, кога го исфрлаат оној атрибут "best ever" или "најдобар на сите времиња". Јас би дал малку порационално објаснување на работите. Тргнувајќи од своите почетоци, кошарката (или дури и ако се ограничиме само на NBA) претрпела многу измени во правилата, што севкупно земено, до денес претставува своевидна еволуција, имајќи ги во предвид тежината и новите компликации кои истите ги носат. Дури и воведувањето на шутот за три поени во сезоната 1979/80 (Ајде брзо кој ја пукна првата тројка у лига?-К.) не може да се смета како предност за кошаркарите и олеснување во нападот (со цел постигнување повеќе поени, нели), бидејќи од првиот момент ја растегнал противничката одбрана и тренерите веднаш почнале со градење стратегии како да го оневозможат убиствениот шут од дистанца. Покомплицираните правила иницирале нови посложени тактики и стратегии на тренерите, кои само физички поспремни и технички попотковани играчи можеле да ги реализираат. А за да се створат тие играчи, тренерите почнале да воведуваат понапредни тренинзи (во оваа категорија може да влезе и допингувањето :-) ). И така, во продолжение се креира еден домино ефект на прогресија во речиси сите елементи на кошарката. Притоа, и самите кошаркарски ѕвезди биле иницијатори на тие мини-еволутивни скокови. На пример, поради Mikan е воведено правилото на неправилна блокада (познатиот goaltending). Поради доминацијата на Chamberlain на велико почнало да се користи удвојувањето. Поради разорноста на Dawkins ставија зглобни обрачи (да, да и ова има врска). Поради прецизноста на Jordan и утројувањето доби на сила.... За да сфатите полесно за што зборам, а да не развивам цела математичка теорија, само би вовел една фиктивна величина што би ја нарекол “комплексност на кошарката“ или “тежина на натпреварувањето“ (нека биде BC – Basketball Complexity или Basketball Competition) - (ова одма да го патентираш) која пропорционално би зависела од времето - t. Останува уште да се погледне зависноста (која нормално не е линеарна заради разликата во тежина на промените воведени во кошарката) на овие две величини прикажана на графикот (земен е периодот од 1946 па до 2006, пред се пoради егзистенцијата на NBA). Ако малку подобро ја анализирате, тука има разлика во нејзиниот раст, т.е. периодите на 60-тите и 80-тите се оние во кои концептите на кошарката повеќе се промениле, предизвикани од наглиот пораст на квалитетни кошаркари, како и промени на стратегии и правила, додека пак во 70-тите и 90-тите имаме одредена стагнација (но сепак прогресивна), поради повредите на клучните ѕвезди (Walton, Unseld, …), retire-инзите на Jordan, брзото и изненадно повлекување на некои играчи во зенитот на кошаркарските кариери (Magic, Bird, Петро, ..) или конвергирањето и стабилизирањето на концептите на играта. Имајќи ја во предвид оваа еволутивна крива, се релативизираат оние претходно наведени атрибути од типот на “Нај“. Ако за најдобриот на сите времиња и нема некои популарни и конструктивни дебати (иако барем јас имам тука што да кажам-Кажуј!), тогаш многу копја се кршат околу тоа кој е најдобриот играч на сите времиња што играл на центарска позиција (воглавно тука се врти муабетот околу Mikan, Chamberlain, Jabbar и O’Neal, иако тука некаде би ги ставил и Russell, Reed, Walton, M. Malone, Olajuwon - Хаким не е тука некаде, тој е со тие момци погоре …). Mikan многу тешко би се снашол во периодот кога Wilt и Jabbar биле во лигата, зошто тактичкото удвојување во негово време не ни постоело, па неговата доминација во тие години била евидентна. Од друга страна пак Chamberlain, па и Jabbar не би биле толку доминантни како во нивните играчки периоди (кога имаме дури и помали димензии на рекетот), доколку би се нашле во ерата на Shaq, пред се заради многу пософистицираните одбранбени тактики против кои не е доволно центарот да има само висина, јака мускулатура и тежина, туку е потребна и брзина и разорност која ја има Shaq (освен во последнава сезона), но и психолошка подготвеност да се справи со современите тактики за запирање еден центар од таков калибар (вклучувајќи го тука и намерното фаулирање). Жив пример за тоа е и изјавата на Olajuwon, кој играше и против Jabbar и против O’Neal, веднаш после финалето 1995 година кога неговите Houston го “искичмија“ Orlando на Shaq: “Треба да се сменат многу работи за да може успешно да се чува овој човек“. Сличен сомнеж би паднал и врз хипотезата дека Дражен е најдобар европски играч што некогаш заиграл во NBA. Бранителите на оваа претпоставка како најсилен аргумент го исфрлуваат оној за тоа дека Петро се снашол во NBA и покрај тоа што во тој период било многу потешко за европјаните и останатите неамериканци да влезат во лигата, а камоли да успеат. Тоа е само донекаде вистина, пред се заради недовербата на кошаркарските скаути во квалитетите на “странците“. Но, факт е дека европската и воопшто неамериканската кошарка во периодот на седумдесетите и осумдесетите беше на далеку пониско ниво на квалитет од тоа што е денес, па и многу потешко било да се најдат таленти како Дражен. Сигурно од аспект на конкурентност (не сметајќи тука бирократски и административни причини, кои малку го закочиле Дражен и останатите европјани пред 90-те години) многу потешко му било на еден Nowitzki во така силна конкуренција на потенцијални европјани кои би заиграле (рака на срце многумина од нив по година-две ја напуштија лигата или воопшто не заиграле во неа) во NBA во втората половина на деведесетите (како Даниловиќ, Туркчан, Стојаковиќ, Бодирога, Сабонис…) да се избори за место во елитата и да стигне до самиот врв. Нешто што Дражен за жал не успеа да го достигне до крај. Денес младите кошаркари од Европа и светот многу пософистицирано се потковуваат од страна на тренерите со понапредни методи и тренинзи на лагер, за да станат идни кошаркарски ѕвезди без разлика каде да настапуваат. А за тоа голема заслуга има и самиот Петро. Затоа сите треба да размислиме уште еднаш, дали да го оставиме Jordan сеуште на врвот, дали да им се клањаме на оние рекордни 100 поени постигнати на Chamberlain или дали да оставиме да не импресионираат оние 22.5 скока по натпревар на Russell. Можеби во последниве неколку сезони сведоци сме на еден куп подобри играчи од Michael (како потенцијални: Kobe, Wade, James, Nowitzki, Nash, Stoudamire…) - (Ни како потенцијални, ни никако подобри од Мајкл)..., но заради поголемиот еволутивен степен на денешната кошарка и поголемата конкуретност (еволутивниот степен во споредба со времето на Мајкл не е нешто забележлив, а во некои области имаме и дееволуција), нивната доминација не е толку видлива и не можеме да ги идентификуваме како такви. Споредбата би била најрелевантна доколку на сите тие играчи од различни ери би им се овозможило да се натпреваруваат во исти кошаркарски услови. Треба да се има голема почит кон играчите од историјата, но како играчи кои доминирале во нивните периоди и предизвикале еволуција и револуција во кошарката, а не 100% да го глобализираме нивниот ефект. Впрочем една добра работа што го направи раководството на NBA лигата на 35-годишнината и 50-годишнината од своето постоење е изборот на 35 односно 50 најдобри играчи, соодветно, наместо да избере еден најдобар. Почитта кон само еден не би била фер и би била нереална.

Friday, July 28, 2006

Четириесет илјадарки!!!
Седнав да пишам коментар, ама беше предолг, а и сакав да ставам нешто видео. Одна напишав допунско на постот на Флајт, ама па тоа го реметеше цел дизајн. Плус, бев 39998 јуникс на МакНБА. Дури ова го пишав ја поминавме границата од 40 000, а само вчера како да беше кога кај Јанко, Шеп јадеше баничка и се прашуваа што бара новчаницава од 20 000 на МакНБА. Така, наместо допунско, еве посебен пост посветен на постот на Флајт. Он ту д сабџект. Ќе коментирам по ред, онака како се стварите изнесени во текстот: -Да, тачно е дека поминаа времињата кога можеа да се јадат гомна за Мерион и мислам дека да беше 100% ќе беше од голема корист за тимот. Од друга страна, на Шон да игра му е потребен плеј, а и тој не може да го импактот кој им е потребен на Америте. - Тој фри-флоуинг муабет за Амари е тачен, ама чисто сумњам дека Америте ќе играат така слободно и лесно на Свецко. Посебно не под окото на Крижевски (чекам потрврда за тоа како се чита), кој е тип кој не сака ѕвезди и сака максимална контрола и досциплина во играта. А, за тоа колку е Амари спремен доволно зборува сликава... Ако успее да се врати у старата форма Ѕверот ќе биде стварно голем асет, ама мислам дека нема шанси за така брз камбек. Плус, у поставени напади човекот секогаш се снаоѓал послабо, а таква кошарка ќе се игра на Свецко. - Бош и Бренд да, Милер никад не бил четворка. Да, им треба доминантен центар, ама такви центри има само два и пол на светот. Шек си го даде својот придонес за САД, другиот е Кинез, а таа половинката е Оден, кој има потенцијал да стане новиот доминантен примерок од врстата која е на изумирање. - Првите пет на Брнс и не се така лоши, само што нормално, за Батие не би требало да има место. На негово место - Двејдвејн. - Тоа со губењето на самодовербата и одеднаш инсистирањето на тимска кошарка го сфаќам, мада мислам дека тука самодовербата не играше толкава улога како што одиграа некои други фактори (Лери Браун). Американците никогаш повеќе не можат да бидат силата која некогаш беа. Не затоа што ги немаат најдобрите играчи или затоа што кај нив не се игра најдобрата кошарка, туку затоа што денешната кошарка и онаа од пред 15-20 години се разликуваат како што се разликуваше светот во времето во текот и по Студената војна и паѓањето на она ѕидот во Берлин. За тоа дека би било кукавички, ок, ама никој не е Супермен, а ова е тимска игра, тоа не смее да се заборави. Муабетот за адаптацијате не го подржувам целосно, затоа без талент за адаптација на противник и моменталната ситуација ни еден тим не може да стане шампион. Лани тоа беше случајот со Спарси, кои со Феникс играа на 130 кошеви посебно секоја средба, а у финалето со Детроит играа на 130 кошеви од двете екипи заедно. Оваа година Мајами не се адаптираше до толку, ама пак-трчаа со Далас, се влечкаа со Детроит. Не смее да се заборави дека за разлика од Америте, играчите од другите репрезентации еден покрај друг играат од 14-15 години и знаат како дише другиот. Тоа со САД никад не било случај. Голема улога у играта би можел, и би требал да има Џо Џонсон. Една од позитивните работи кои го разликуваат овој тим се подготовките кои траат месец дена, колеџ тренерот на кого му помагаат евро-специјалистот Бркот Д'Антони и дифенс гуруто Нејт МекМилан. Позитивна ствар е што сите тренинзи се по ФИБА правила и со игра со Молтенот, кој е помазен и полесен од Спалдингот. Друг битен факт е немањето некој ветеран ѕвезда кој би се фолирал и би се понашал како его-манијак, нешто што лоше ќе влијаеше на Брон и Вејд. Можеби затоа повредата на Коби е и добра работа за нив. Ја очекувам добар тим на Америка, кој за златото би се борел со Литва и Аргентина. Флајт, пошто не ти иде со јутјубот, еве ја ќе ставам еден клип. Ју лааајк?:)

Thursday, July 27, 2006

Team AMAREca + STAR-ting 5
Гледам стануе интересен развојот на настаните со америчкиов тим, па ај и ја да пишам нешто. Мерион напушти, Адам Брковиќ и Риднор попија корпи, што значи дека Амаре улета у задњи момент. А, ова, from my point of view, може да биде најбоље нешто што можеше да им се деси на америте. Да, помина времето во кое можеше без грижа на совест да се јаде гомна за Мерион. Изигра две страшни сезони у пакет со Неш, има 20 со 10, игра одбрана, скока, шутира...ОК...али со Џејмс, Ентони, Боуен и Батие, па и Џејмисон у состав, на тимот баш и не му е неопходен. Од друга страна, Амаре може да биде адекватна пломба за ептен очигледниот недостаток на класичен центар. Додуша, не знам колку е спремен, ама ако е на 70 %, као што тврди, ќе биде страшен asset: контрола на рекет у одбрана, офанзивен скок, подвижност што му овозможува да игра одбрана против високите европски играчи “мераклии” за шут и, најбитно од се, две години искуство покрај Стив Неш у еден free-flowing, team-first offense… На составот му треба доминантен центар, као и што доликува за еден Team USA, а Brand, Bosh, Howard и Miller, во основа, се четворки.....Howard е најблиску до ваквата квалификација, али не верувам дека може да биде конзистентен.... На составот му требаат две D – dominance и defense – у мисијата за враќање на она D, што на американците им е у моментов најбитно – dignity….У таков случај, ако ги исклучиме Шекил и Данкан, Амаре е единствениот што одговара на описот.... Е сеа, останува онаа најбитната ствар – кој ќе игра, како ќе игра, колку ќе игра – т.е., пред се, кој ќе стартува. У Америка на големо веќе се расправа за стартните 5, за начинот на игра, пристапот и тако даље... Така, прееска го читав пациентот Marty Burns од SI, кој btw стално ми бил антипатичен, и ептен ме извади од такт...За Mr. Burns J, стартните 5 треба да бидат – Kirk Hinrich (?), Lebron James, Shane Battier (??), Elton Brand и Brad Miller(????)…. Мислам – WTF ???? Shane Battier бе? Kirk Hinrich? Brad Miller - дрвосечата што вика Енко? Па тие ја не би ги стаил у прв тим у Порторико.... Понекад стварно мислам дека Американциве си го бараат. Не пројде ни месец од коа до небо го дигаа Вејд и раскажуваа прикаски за “иднината на НБА”, а сеа Батие треба да биде пред него? А аргументот на Марти? Поише одговарале на европската кошарка….Која европска кошарка бе со Бред Милер? На Американците им треба доминантност, а не адаптација. Се адаптира, другарице и другови, ПОСЛАБИОТ тим, …. а, зар, покрај сите заврзлами, некој може да негира дека Team USA има најдобар состав и највеќе талент ? Најодговорно тврдам дека американците почнаа да губат у моментот кога почнаа да се “адаптираат”, а не обратно....Па, што се дешаваше на претходните првенства? Big Shot фаците предводени од Ајверсон, на кои што треба очи да им ископаш да им земеш топка коа се у NBA, се плашеа да шутнат и кружеа као муви околу зоната на очигледно инфериорни тимови као Литванија и Порторико....Наеднаш “освестени” од проповедите за тимска кошарка, ја изгубија самодовербата која што ги правеше посебни.... Ајверсон без срце е Тајрон Лу, Двејн Вејд без самодоверба е Дерек Андерсон, Леброн Џејмс на клупа е Малик Роуз.... Тоа е, бе луѓе, као Бразил да игра бункер, пошто се плашел од контри.... За мене, апсолутно нема сомнеж. Би извадил петорка составена од НАЈДОБРИТЕ пет играчи....А, тоа не значи дека треба да извадат неуиграна усилена постава. Напротив, американците треба ДА ЈА УИГРУВААТ најдобрата можна постава, затоа што само така можат да бидат силата која што некогаш беа....Тие што влеваат страв, а не тие што се плашат....(дека зоната на Италија била предобра, или дека Вејд не може да се снајде против Франција....и тоа a priori – тотално кукавички....дури и да не иде, тогаш ќе му мислиш, а не у старт да се компромитираш) Значи - Gilbert Arenas (Chris Paul од клупа за мењање на темпо) Dwyane Wade (Joe Johnson измена, ама одвреме навреме – за шут) Lebron James (Carmelo измена, а дури и би играл – коа влага Мело, Вејд да иде на 1, Брон на 2) Elton Brand (или можда Dwight Howard, зависи од подесувањето на поентерскиот товар) Amare Stoudemire (е сеа, ако не биде спремен, шо знам – Бош, веројатно, ова е најслаба точка, дури и кога би играл Хауард).... И за да не бидам ептен инат – нека му биде – Bowen нека изигра цел меч против Аргентина, да се закрват малку со Ginobili…

Wednesday, July 26, 2006

Хобитот и Бркот извисија, "Блогерите од Вегас", 21, KG и AI
Ај да направиме сефте и за дешавките у Вегас и задњето кратење на составот на Америте на 15. кои извадија фрст клес карти за мини-турнејата во Азија и кампот во Хонк-Конг. Откако Мерион го сјеба коленото (што е само оправдување и уствари значи - "Не ми се троши месец дена од скупоицениот летен одмор на шетање по азиски вукојебини"), останаа уште две места вишок.
Лук Мериадок Брендибак Риднур, по клоцата од Америте, си се врати во Шајрот.
Со оглед на тоа дека во тимот имаа неверојатна бројка од дури 4 (четири)?!?!?! белци, двајца од нив сосема логично мораа да се пакуваат дома. Изборот не беше лесен зашто во конкуренција беа еден дрвосеча, еден Вулканец, еден хобит и еден пар пубертетски бркови. На крајот пресуди големината и хобитот и брковите добија клоца. Тоа нормално, не значи дека тие не се во игра за на ист начин да бидат шутнати и на подготовките за ОИ во Пекинг за две години. Посебно со појаката конкуренција која ќе биде тогаш. Кога сме кај Америте, тие се познати по тоа што често, на за нив "иновативен" начин, се обидуваат ѕвездите да им ги приближан на нивните фанови. Иако најчесто таквите обиди завршувале ужасно, тоа не ги спречи да ни ги претстават "Блогерите од Вегас", или блоговите, ако можат да се наречат така, на некои од играчите кои се борат за место во составот кој ќе се обиде да го врати некаде по пат загубениот сјај на репрезентацијата на Америка. Блоговите, најблаго (и тоа со две топки чоколадо и една ванила) кажано, се - јок. Типично досадни како повеќето интервјуа после утакмица. Дури разочарува и Жилберто Аринас, од кој барем очекував да напише нешто поинтересно, поискрено. Како Артест не е у репрезентација.
* * * * *
Исто како и момците кои се дел од најдобрите 15., има и други играчи кои во овој период блогираат. И за разлика од нив, тоа го прават одлично и до коска искрено. Таков е блогот на Кеј-Џи, кој веќе некое време се наоѓа на промо турнеја низ Азија како дел од неговиот договор со Адидас. Нормално, тоа што тој блога на официјалниот сајт на лигата е исто така дел од еден договор, а тоа е тој кој Адидас и НБА го потпишаа пред некое време. Сепак, Кевин може да им одржи лекција од блогање на момците кои тренираат у Вегас.
* * * * *
* * * * *
Свите веќе знаете дека од трејдот на Ајверсон било каде нема ништо. Џи-Емот на Фили, Били Кинг вчера се избаци со изјава дека нема шанси да го трампа Ален, откако пред само неколку недели во едно интервју потврди дека прва цел ова лето му е да пронајде трејд партнер за Ајверсон. Да не беше Били Најт во Атланта одма ќе го прогласев Кинг за најбеден ЏМ, вака, останува нерешено. Кинг изјави:
"I've pretty much said that I expect him to be with us at the start of training camp. Our conversations with other teams at this point going forward do not include him"
Или во превод:
"Се заебав кога лани, кога најмногу вредеше, не го трампав Ален. Сеа се фолирам и ви викам како не е за трејд само затоа што живо пиле не ми се јави да ми даде барем пристојна понуда за него. Сите знаат дека не сум нешто посебно паметен, па мислат дека можат да го добијат Ален за пари и неколку драфт пика. Не сум јас толку глуп, Ален и Крис следната сезона ќе не однесат до титулата"
Одамна не сум јутјубувал, така да еве мал микс за човекот за кој нема мрддање од Филаделфија:

Monday, July 24, 2006

Nashty, паметните Мавси и Лососот
Ванкувер имаше бек ту д пест флеш викендов кога Нешти и пријателите у преполна арена, која ретко била така пуна за Гризлиси, одиграа хуманитарна утакмица. У стилот на МВП и Санси резултатот беше 177-164, а тотално не е битно кој победил. Најбитна е димензијата на Нешти, која ја има ретко кој друг играч. И порано сум пишувал дека Неш и Јао ме фасцинираат од различни причини, а колку и да ви е мрсок Стиви, со двете фризури (и таа крпата претходно и Аушвицот сега), факат е дека тој е многу посличен до секој од нас од било која друга НБА ѕвезда. Тотално даун ту рт типче, на кој не му е битно како изгледа, типче кое знае да си заигра партија баскет со дечки кои не ги знае, а и партија фудбалче доста често. Тип кој у текот на сезоната сам, со свои пари изгради цело болничко крило у болница за деца у Парагвај, од каде е жената му (у овој дел не сме слични). И уште многу, многу др. ствари, има низ архивите, поснифајте за Биг Мен Стиви.
* * * * *
Најсветлиот момент на Ал у Индијана. Буквално.
Иначе, спомнав дека Ал Херингтон веројатно ќе биде трампан назад у Индијана, и тоа за ниеден играч, некој драфт пик и нешто кеш. Таа опција стана уште поизвесна викендов кога Пејсерси со цел да исчистат што е можно повеќе простор за новиот договор на Ал (кој ќе биде за 60 милиони за 6 години, фор шор). Индијана Џонс нема да ги добие парите кои планираа да му ги понудат, па поради тоа веројатно ќе го лапне Торонто (за нив подоле).Ентони Џонсон, како најголема жртва за Харингтон, си заврши во Далас, каде ич нема да му биде лошо, а Инди за него си ги добија Дарел Армстронг (значи никој) и тандемот Пауел-Маршал, кои лани искомбинираа цели две минути у игра. Не знам, али мене Ентони Џонсон ми изгледа како малце поразвиена копија на Ејвори, со нешто подобар шут, што у основа не е ни многу тешко, затоа што Ејвори ни немаше шут на повеќе од пет метри од кош. Кога ќе треба да се успори играта, тука е Ентони, а кога ќе треба да се игра побрзо тука е Девин Херис. Паметно од Мавси. Со овие потези Инди ослободи доволно простор да го лапне договорот на Ал, што и ќе се деси деновиве.
* * * * *
Цела фамилија Салмонси
Сеирот викендов падна со Лососот Џон, кој одби да потпише со Репторси и тоа за пет години и 23 милиони. Претходно и Сиксерси сакаа да го задржат, а и Феникс нудеше слична сума како и диносаурусите. Е сеа, у Фили викаат дека не планираат да го вратат Џон, у Феникс веќе си го потпишаа Маркус Бенкс со тие пари, така да Лососот останува слободен да си плива кај сака и тоа веројатно за многу помали пари од тие кои ќе ги лапнеше у Канада.Мозок.
* * * * *
Америте си се спремаат у Вегас, ама некако уште не ми се пишува нешто посебно за нив. Кај и да ми се пишува кога може да се занимаваме со ликови како Џон Салмонс.

Friday, July 21, 2006

ШоШон, Џулс, Сакто, ќелавиот, дебелиот и Ал
На некои едноставно не им доаѓа памет. Сва среќа што Шеп не може да кликне на линкот, тоа сигурно би му го упропастило кулирањето у Дојран. Освен ако Кемп веќе не е у Дојран и не кулираат заедно:).
* * * * *
Нене од следната сезона ќе го викаме Џулс. Не мора да објаснувам.
* * * * *
Малуфите нема да ја имаат таа чест да бидат газди на првиот НБА тим од Лас Вегас (или па Анахајм), откако Трифунот на Сакраменто и неговите помошнициги одобрија средствата за изградба на нова арена у центарот на Сакто. Е, уште Соникси да играа у таков град, па да не мораа да се селат у Оклахома Сити догодина. Можда.
* * * * *
"He was probably an inch from screaming or crying regardless of a guy cursing his mother. I don’t think anyone can really understand how a passionate artist like Zidane, how difficult it is to handle the closing of your career and it being the deciding (game) of the World Cup final. That’s a lot to take on. You can’t dismiss what he did and make it OK. It was wrong. At the same time, I forgive him. I can’t relate. That would be so difficult to deal with the emotions of the situation"Нешти за Зидан.
* * * * *
Ви текиња на Ди-Си, Дерик Колмен, кој требаше да стане ѕвер од играч, ама мрзата не му даде? Е па, Дерик конечно си најде нешто у што е добар, а тоа е ОВА. Одма наручуем едно одело. Џиги, и тебе ќе ти заврши работа едно од дуќанот на Ди-Си:).
* * * *
Задњи румор е дека Атланта ќе го прати Ал Херингтон во Индијана од која нема да го добие ни Тинсли, ни Фостер, ни Херисон, ни Џонсон, ни никој. Само кеш и идни драфт пикови?!?!?!

Thursday, July 20, 2006

Хмммммм....
Just a thought. Монтажов е од истиот момак кој го направи и тој со Ален у дресот на Бостон (скролајте надоле ќе го најдете). Ја како еден од ретките фанови на Атланта, не само кај нас него и у цел свет не можам да бидам рамнодушен кон сликава. Уште ако успееме да го добиеме Ајверсон само за Ал Херингтон и уште некоја резерва онда стварно не би имал ништо против...Ален и Џо у ист бек-корт...м-м-ммммм-мераци...
Нешти се потстрижил
Постов као створен за Шеп, ама пошто он е у Дојран, јас ви го претставувам новиот фриз на Стиви Неш. Актуелниот двократен МВП више ја нема тоа крпата од коса на глава и сега си е на чист "кец". Иначе, причината за шишањето не била некоја кладба или па зашто мислел дека боље ќе му стои. Едноставно му дошло и си се ишишал човекот. Свака част. Еве и линак до сторијата. Мене се ми се чини дека ипак имало некоја кладба со Диркулес за тоа кој прв ќе си мавне машинка летово. Онака, у муабет уз Јегермајстер си се договориле дека и двајцата ќе се стават на кец, ама прв ќе мора да биде тој кој ќе биде бољи у плеј-офот...Дирк се мавна одма после финалето, на Нешти редот му дојде сега. И да, ставив уште една слика. PMS: Политературен збор од потстрижил - амин.

Wednesday, July 19, 2006

Судњи дан...10 years A.S.
Њујорк го има 11.09.2001, а Орландо го има 18.07.1996. Вчера се навршија точно десет години од денот кога умре кошарката во Орландо. Од 18 јули 1996 година, па се до денеска во Дизниленд не успеаа да се опорават од тој шок. Во само еден ден, од тим на кој сите му предвидуваа најсветла иднина во целата лига, Орландо стана тим чија иднина зависеше од стаклените колена на Пени Хардевеј. Во тој еден ден, од тим кој за само пет години од своето постоење стигна до своето прво НБА финале, а една година покасно и на патот до финалето на Истокот ги избаци и Мајкл и легендарните Булси, Орландо стана тим кој мука мучеше да стигне до плеј-офот. Моќ да направат такво нешто со било кој клуб имаат само најголемите, а ликот кој тоа му го направи на Орландо е секако дел од таа одбрана група. Доказ за тоа е и летото 2004 кога од Лејкерси отиде у Мајами, кој пак летово си стана шампион за прв пат во својата историја, а во лигата влегоа заедно со Орландо. Сите веруваа дека тој ќе стане шампион со тим од Флорида, но никој не мислеше дека тоа ќе бидат комшиите на Орландо, Мајами. Сега на Меџик им останува само да жалат за својата бедна понуда од само три години и некои си малце повеќе од 50 милиoни!?!?!? Барем во Орландо го имаат Дизниленд. ПМС: Дури Шеп си го брчка газето во Дојран, јаc не бегам никаде. Се читаме...И да, дизајнов е м'зен:)

Tuesday, July 18, 2006

Brand New Look
Сеуште генгста, поедноставно, помазно и ненатрупано; се надевам ви се допаѓа - во спротивно, навикнете се :) Што се однесува до NBA ствари, еве едно клипчe..
Јас одам на летовање, се читаме ко ќе можам!

Sunday, July 16, 2006

Робин Фикер, реметачот
Робин Фикер има 63 години. Адвокат во пензија, и професионален „реметач“ на НБА утакмици, од Вашингтон. Негово прво поголемо достгнувања е реметењето на Larry Nerd - Bird од првите редови, што играчот на Бостон го коштало живци.. технички.. а наводно се жалел да му забранат на Фикер да присуствува на утакмиците.. Го ремети и Крис Малин, овој му истура гејторејд на глава.. Го ремети Баркли.. овој вика „Фикер и Буш (стариот) се најголеми шупци во Вашингтон“.. продолжува цела сага со Баркли, за овој подоцна да му посвети цео поглавје на Фикер во меморите.. притоа се реметат меѓусебно.. After Ficker had loudly mocked Barkley's political aspirations by asking him his views on NAFTA and health care, the player turned and said: "I do have a view on the death penalty. They should use it on you." Понатаму, во 1993, за време на финалето Феникс - Чикаго, на покана на Баркли, Фикер оди за Феникс, со цел да го примени специјалниот ремет за Џордан. Има место позад клупата на Булси. Во тој период Џордан го тресат аферите за коцкање, значи, со тоа е поврзана специјалката на Фикер. Будалетинката позади е опремен со шпил карти, коцки.. за да кулминира со мафтање пари у фаца на Мајк, и констатно да го прашува „на што ќе се обложиш, колку ќе вложиш“ итн.. Неговата љубов кон Чикаго продолжува и натаму. На едно гостување кај (тогаш) Булетси, Фикер, кој седи позади клупата на Чикаго, на глас ги чита мемоарите на Фил Џексон. Фил Џексон почиња да се кара со него, и се заканува, се буни кај судии.. и следи легендарната изјава на Фикер: "What got him so upset, I don't know. If he didn't want to hear passages from the book, he shouldn't have written it.". Кариерата на Фикер продолжува понатаму: негова следна цел се повторно Булси и тоа Скоти Пипен. На тајм аути на глас ги реди швалерките на Пипен, му мафта со пајче за бањање (а Скоти на тоа наводно бил многу осетлив). Пипен исто се буни, се кара, ама џабе. Не го одминува ни Џејсон Кид: Ficker once showed up at an NBA game holding a sign that read "Ason" when Jason Kidd was in town to play the Washington Wizards. Kidd asked why. "Because you've got no 'J,"' Ficker retorted, referring to his jump shot. Кога Булетси стануваат Визардси и мењаат сала, и Фикер оди да си го продужи сезонскиот билет од 200 долари по утакмица.. наидува на разочарување - „неговото“ место веќе не е позади противничката клупа, него под кош.. и тогаш доаѓа до скандал.. еве линк.. У меѓувреме, он е главен фактор за треш-ток ситуации, како и за Детроит и Артест, така и за Зидан и Матераци.. "A $3 set of earplugs and Zidane could have ignored it, kicked the winning goal and given Materazzi something to think about for four years, but instead he lost it like Ron Artest," said Robin Ficker.. еве линк.. тачка.. Значи, тоа е тоа, Робин Фикер, кој исто така беше и кандидат за сенатор :)

Saturday, July 15, 2006

Дента кога умре фудбалот
(ако не ве интересира фудбал не се мачете да го читате постов) Знам дека МакНБА е резервирана за најдобрата лига и спорт на светот, ама па како што ние попаметните деца сме играле баскет како копиљаци, така за да се одмориме од тој баскет сме знаеле да попуниме и место у фудбалче, посебно кога се играло против друго маало каде (барем кај нас у Чаир) увек важело правилото - "Топката може да помине, ама играчот никако". Ваљда од таму нашата поврзаност со фудбалот како спорт, иако сме свесни за сите негови маани, кои како што стануваме се позрели, стануваат се поочигледни. Така, веројатно се ретките од нас кои нема екипа за која не навиваат или им е барем симпатична, било да е од кај нас или од некоја силна јуро-лига. Тоа што навивам за Атланта од дента кога почнав да се дружам со НБА е доволен доказ дека сум верен на тимот кој ќе ме освои, а таков сум и за многу други ствари у животот. Таков сум и во фудбалот. Единствен клуб чиви резултати и дешавки околу него ми биле битни од деј уан у свесната врска со фудбалот бил и останал Лацио. (Велам свесни затоа што не било моја согласнот кога на четири години сум станал член на НК Хајдук). Од времето кога таму играше Газа, преку Сињори, Ди Матео и Казираги, па Југовиќ и Бокшиќ и Неста, ондак Раванели, Маркеџани, Симеоне, Алмеида, Салас, па Верон, Креспо и Недвед, како и Фиоре, па се до Перуци, Роки, Ди Канио, Пандев, Одо...Лацио е дел од мене и сите кои ме знаат подобро знаат дека тоа е дел кој не сакам многу да ми го чепкаат. Нешто што искрено не можам ни сам да си го објаснам. Кога се покрена целава машинерија за местењето утакмици у Италија (што беше јавна тајна веќе 4-5 години) знаев дека ако некој треба да биде казнет тоа е Јувентус, ама не ми беше јасно кого друг би казниле затоа што нема екипа која била дел од Серие А овој милениум која нема наместено барем една утакмица (ова од многу поверливи извори од Италија). Самата логика вели дека ако Јуве местел утакмици секоја сезона тогаш за 4 години сигурно сите екипи се изнаредиле поеднаш. Втор за казнување беше вечното другарче на Јуве, Милан, кој скоро у иста мерка местеше со челавците Галијани и Берлускони на чело. Арно ама, познато е дека секогаш тој кој има најмалку уље за подмачкување на работите станува жртва на нечии игри. Така, наместо Јуве да лета у 3.лига, а Милан у 2-ра, у Сериа Б заедно со главниот кривец завршија и Лацио и Фиорентина. Лацио имаше една единствена сомнителна утакмица овие две години, и тоа таа со Фиорентина, додека Милан имаше најмалку 5-6 чисти местенки за кои му се "судеше". Тоа дека судовите у Италија функционираат како маалски кафани е познато одамна, како што е познато дека зборот на Берлускони си носи тежина. Кастрењето на бодовите не е ништо друго освен маска и ремикс на Калиопи и нејзината "Обои ме". Претседникот на Лацио свесен за невиноста на клубот најави борба која нема да се воздржи да ја однесе пред Судот на Европа, се со цел да докаже дека и ова судење уствари е уште една во серијата местенки на "чизмата". Како и да е, за мене фудбалот и вербата во него, која се ниша веќе неколку години, од петок 14 јули 2006 е мртов. Сезонава нема да гледам ништо од фудбал на ТВ, посебно не од Италија. Секако прегледи од Сериа Б, кои сега ќе ги има исто колку тие од А. Можда некое дерби у Премиер и Реал-Барса и тоа е се. Лацио останува таму каде што беше и пред оваа неправда и таму и ќе остане засекогаш, макар играле и у 16. селска лига.
* * * * *
Да не биде постов ептен без НБА еве нешто поврзано со фудбалот и зошто тој не е тоа што беше некогаш. Ако не сте знаеле, во секој град кој има НБА екипа е забрането да има легални места каде ќе можете да се кладите на НБА утакмици. Во оние места каде нема екипи можете да ставите ливче, и тоа во најголем дел од случаевите само за тоа кој ќе биде иден шампион. Иако е само јули, еве ги задњите коефициенти (или како што викаат у Чаир-ефисиенти) за тоа кој ќе биде нов или стар чемп, a најголем скок во однос на пред месец дена имаат Булси: Mavs (4:1) Heat (5:1) Spurs (5:1) Suns (6:1) Pistons (7:1) Cavs (12:1) Bulls (12:1) Nets (15:1) Rockets (20:1) Nuggets (20:1), а ондак следуваат од 11-то до 30-то: Clippers (20:1); Kings (25:1), Pacers (25:1), Lakers (25:1), Grizzlies (30:1), Wizards (35:1), 76ers (35:1), Magic (40:1), Bucks (40:1), Celtics (40:1), Jazz (50:1), T'wolves (50:1), Hornets (60:1), Sonics (60:1), Warriors (75:1), Bobcats (75:1), Hawks (100:1), Raptors (150:1), Knicks (150:1), Blazers (300:1).

Friday, July 14, 2006

Ентони Паркер се исплаши
Поради војната која што се води на Блиски Исток, главниот човек на израелскотот чудо од тим, Макаби, реши да ги напушти жутите и да замине во Торонто. Тригодишен договор, вреден 12 милиони долари. Јеботе. Поризичен потег не преземале од драфтот, кога го избраа Матераци каков прв пик, и од трампата по која Чарли Ви стана елен во замена за Ти Џеј Форд. Кога сме веќе кај Торонто и Ти Џеј, вероватно по неговото доаѓање им се запуши плејмејкерската позиција, и ко жртва на сето тоа искочи Мајк Џејмс, кој лани имаше просек од 20 поени и скоро 6 асистенции по тикма. Тој, потпиша за Минесота, каде што треба да му помогне на Гарнет да ги надмине фрустрациите и да биде бек он трек. Поризичен потег од пуштањето на Џејмс да си оди, во Торонто не направиле од потпишувањето на договорот со Паркер, кој ќе кошта 12 милиони. Сега, првата петорка на Торонто ќе изгледа вака: Буфон, Бош, Паркер, МоПит, ТиЏеј Форд. Со оваа петорка, Торонто ќе биде најдобриот канадски тим во Лигата и ништо повеќе.

Wednesday, July 12, 2006

Retro mode...(нешто како Паско)
Овие неколку дена сум у ретро моуд, а со оглед на тоа дека секој ден пишувам за сегашниве играчи и тоа кој каде ќе или би требал да иде, добро ми дојде малце одмор со фаци кои ми ги обележаа НБА почетоците. Тоа ми доаѓа како одмор од не пет, не четири, него три години продолжувањето на Брон, па тргањето по негови стапки на Мело и Вејд, како и од тоа каде ќе завршат Ајверсон и Ал Херингтон. Не ни мислам на потписот на Мајк Џејмс со Минесота или тоа што Артест си е Артест и игра у летна лига, каде е и Амари. Како ни на травата у колата на Мело и кокаинот кај Ајзеа Рајдер, за чиви глупости имам пишувано и порано. Така, задњиве две вечери пред спиење си местам еден од саатите на рака (као мадафака Паско) кој ме враќа во осумдесетите и си ги гледам Ол-Старите од 1986 и 1988 год. (кои признавам порано ги немав гледано, барем не цели и со оригинал амерички CBS коментар). Гледајќи ги ме пукна некоја носталгија за: Пируетите на Доминик (две у една минута). Но лук (ни кромид)асистенциите на Меџик. Порно бркот на Лери. Цвиките на Карим. Бекембардите на Гилмор. Газот на Баркли, Бицепсот на Карл. Олд-скулот на Мозес. Франкенштајн лукот на Мекхејл. Ролинзите и Њубалансиците на Ворти. Шутчето на Фет Ливер. Белите мантили на Д-р. Џеј и Док Риверс. Аким пред да си додаде големо Х пред името. Соленките од нозе на Ралф Семпсон. Себичноста на Ајзеа. Кевин Костнер фризурчето на Ејнџ. Анти-кошаркарската градба на Агваер. Смиреноста на Чикс. Кинг-Конг појавата со по метро стегачи на Јуинг. Мрскиот Бред Доерти. Глајдингот на Клајд. Иксот на Ксавиер. Одбраната на Алвин. Попунувачот на место Доналдсон. Машината за кошеви Инглиш. Пред-Портланд и пред-цвика ерата на Бак Вилијамс. Клонот на Агваер-Џеф Мелоун. Некогашниот симбол на Далас, Роландо. Ретро фацата на Дентли. По ништо посебно познатиот Маркиз Џонсон. Мајкл Џордан.

Tuesday, July 11, 2006

Green, green grass of home...или Allen Irishson
ПМС: Иначе, вторите две слики со Ален у дрес на Бостон се од тука, а првата со Снуп ја начекав тука. Тие не значат дека Ајверсон е трампан у Бостон (барем не засега) и не значат дека SLAM станал списание за травари.

Sunday, July 09, 2006

Годишната Топ 40-ка на Симонс и "зелениот" Ајверсон
Од време на време и ЕСПН знае да избаци нешто вредно. Покрај Скуп Џексон, Бил Симонс е еден од нивните новинари кои заслужуваат да им се читаат текстовите. По обичај, негде кон почетокот на јули Симонс ја објавува својата листа на Топ 40 играчи во лигата, чисто од аспект на тоа колкава е нивната вредност во трампа и дали некој воопшто би сакал да ги трампа. Така и оваа година типот ја објави својата листа у која детално го објасни секој свој избор. Малку е поразлична од ланската, но во поголем дел пиковите му се на место. Покрај Топ 40, Симонс има што да каже и за евентуалниот трејд на Ајверсон во Бостон, за кој мене нешто и не ми пишува зашто не можам да го замислам Ален во дресот на Селтикси. Не можам. Тоа ми е исто како мочање негде надвор, а ветерот ти дува у лице (јеби га, не ми текнува боља споредба)...
The Answer by Bill Simmons
Rumors are swirling that (A) the Celtics are the odds-on favorite to land Allen Iverson, and (B) Iverson is pushing hard for Boston. And since it's not often that your team has a chance to land one of the top-40 players of all-time, as well as a top-20 talent on the tail end of his prime, I had to comment. Here's my take: I hope the Celtics don't overpay for AI for four reasons. First, he peaked as a player about three or four years ago, especially on the defensive end. Second, there isn't a good track record for penetrating guards in their early-30s who absorbed a ton of contact over the course of their career (Tiny, Isiah, KJ, Mo Cheeks, etc.); like smaller running backs, they tend to lose it almost overnight. Third, it's doubtful that he could coexist with another alpha dog (in this case, Pierce); the Sixers contended with him only once (during a weak year in the East in 2001), and only because they surrounded him with veteran role players who let him do his thing. And fourth, if you think the Philly media had trouble handling AI, just wait until you see what happens in Boston, a city that leads the country in "middle-aged white sportswriters and radio hosts who are openly threatened by cornrows, tattoos, chest-pounding and general belligerence with the media." Iverson might be one of the most misunderstood athletes in any sport, someone who wears his heart on his sleeve, a hypercompetive guy who can be brutally honest at times, one of the more thoughtful and self-aware superstars around. In the right city, he would absolutely thrive. I'm just not sure he would get a fair shake in Boston, where the media would pick him apart for the little stuff (missing an occasional practice, shouting at a reporter, flipping out after a loss) and miss the bigger picture (that he's a top-20 player and an absolute warrior). Throw in the obvious Pierce/Iverson alpha conflict in crunch-time (who gets the ball down one with 20 seconds left?) and this is a bigger gamble for the Celtics than it seems on paper. Does it make sense? Sure ... as long as they don't give up Pierce, Delonte West, Perkins, Telfair or Jefferson. The Celtics mean nothing in Boston right now; next to the Patriots and Red Sox, they're an afterthought. Iverson would change that. But I'd rather see them wait a few months, then hope an unhappy Iverson sabotages his situation in Philly and pursue him for 50 cents on the dollar. It's the Michael Corleone move. As for my dad's take, here it is: "Please, God, no." ПМС: И да, Леброн ја прифати понудата на Кавси и исто како и Мело, Двејн и Бош, уште некое време ќе си остане у тимот кој го драфтуваше 2003 год. Дарк-О не остана. ПМС2: За најавеното изненадување и зашто тоа нема да го види светлото на денот ќе пишам оваа недела...

Thursday, July 06, 2006

Како каже Најк
По неколкуте бизи дена од отварањето на периодот за преговори на 1 јули малку се стишаа работите и летото полека почнува и во НБА. Од стварите кои не ги спомнавме, а се десија овие неколку дена се: * Трејдот Далас-Индијана и то Маркиз Дениелс за Остин Крошит. Пејсерси добијаат, а Мавси пак собраа белец ветеран кој нема ич да им користи. Причината поради која го направија тоа се бааги милионите кои се ослободуваат следното лето кога на Крошит му истекува премијата од Бинго. * Третиот потег на Хорнетси кои по Пеџа и Боби Џексон го добија и третиот преплатен играч во Тајсон Чендлер и неговите уште 50 милиони за пет години, а за него се откажаа од Пи-Џеј Браун и талентот Џеј-Ар Смит кој не му беше по вкус на Скотот Бајрон. * Атланта си најде плеј, каков-таков, во Спиди Клекстон. Ипак е бољи од Ројал Ајви. (Кој не е?) * Назр Мохамед ќе го попуни местото на Бен во Детроит. Знам, Назр не е Бен, ама па и не кошта милион долари за убацен кош. * Феникс продужи со глупи потези по заминувањето на Брајан Коланџело и по трампањето на двата пика од 1.рунда и губењето на Тим Томас (и не е некоја трагедија) го потпишаа Ерик "Плави" Пјатковски. * Трендот на преплаќање продолжи и во Денвер каде Нене си лапна 60 милиони за пет години и се тоа за да биде резерва и без да одигра една цела утакмица лани. Ипка, тоа не е ништо за 93-те милиони кои пред две години му ги фрлија на сметка на Кенјон Мартин. * Јута доби на години со задржувањето на Мет Харпринг и трејдот за Дерек Фишер од кој у Сан Ан. уште имаат кошмари. 0.4. * Џоел "Гоустфејс" Пржибила по примерот на Пеџа и Бен се одлучи за убавиот мирис на милионите и си остана у бедните Блејзерси и покрај понудите од Детроит и Спарси. * Најважен од сите е потписот на Вејд на продолжувањето на договорот кое ќе го задржи кај шампионот до летото 2013 год. Спремете се за многу финалиња на Истокот каде Двејн и Леброн ќе ја пишуваат историјата на НБА. Нормално, ако Леброн одлучи да ја прифати понудата за продолжување која покрај Вејд ја прифатија и Мело и Бош, сите драфт генерација 2003. (Дарк-О нема да ги помириса никад тие 80 милиони). Оваа прича не носи на следниов муабет поради кој и седнав да постирам. Цел Кливленд се плаши дека со Леброн може да им се деси истата прича како со Карлос Лузер пред некое лето и типот и покрај изјавите дека би сакал да остане да си спакува куфери и да си отиде од Охајо. Кавси си ги понудија тие 80 милиони, ама Брон и неговиот менаџер ги нема нигде барем една изјава да дадат. Таа тишина е причина за страв на фановите на Кавси, но и причина за неколку сценарија, кои и тоа како не се неостварливи, посебно ако се оддолжи ставањето потпис на екстеншнот. Во текот на плеј-офот се појави прича која подоцна и беше потврдена, а таа е дека Леброн нема да остане во Кливленд затоа што неговите спонзори, пред се Најк, не сакаат таков маркетиншки бисер на стагнира во средина каква што е индустрискиот Охајо. Според нив, местото му е во еден од трите најголеми пазари во САД, а тоа се Ел-Еј, Чикаго и Њујорк. Ако стварно се одлучи за еден од овите три града Најк, а и др. спонзори ќе ги дуплираат сумите кои му ги исплаќаат сега, а тоа се пари кои ни Кавси со нов договор не можат да ги надокнадат, иако можат да му понудат најмногу и следното лето. Што ќе се деси ќе видиме верувам убрзо, затоа што ако Брон не потпише до пред подготовките за СП кои почнуваат на 19-ти месецов у Вегас тоа ќе биде знак дека влијанието на Најк пресудило. Само една ствар. Фанови на Лејкерси, Булси и Никси, не му се радувајте многу ако ова стварно се деси затоа што у таков случај тимот у кој најверојатно би завршил Леброн ќе бидат Нетси, кои дотогаш ќе се преселат у Бруклин.

Tuesday, July 04, 2006

Big Bull(shit)
После Пеџа, и Бен одлучи дека филингот на некој милион повеќе во џебот е многу поубав од филингот кој го носи НБА титулата. Бен е тазе "бик", а се поради тоа што Чикаго му ги понyди парите кои Пистонси нејќеа, веројатно затоа што знаат колку стварно вреди, посебно со неговите 32 години. Бен со Чикаго секако ќе биде поблиску до титулата од Пеџа со Хорнетси, ама мислам дека Детроит треба да биде среќен што не заглави со дебел договор со Бен, единствено за што можат да жалат е што не направија sign and trade со Булси. Еве што за ова викаат експертите за Пистонси - Need4Sheed.

Sunday, July 02, 2006

Пеџа ќе ја пее "Паре, Паре, Паре"
Брат му на Пеџа - Шабан Стојаковиќ
Кога пред недела дена Стојаковиќ и неговиот менаџер Дејвид Бауман објавија дека Пеџа ја користи опцијата од договорот која му дозволува уште ова лето да стане слободен играч, никој не беше изненаден, па ни Бирд, Волш и друштвото у Индијана. Ама, после брзата одлука каде ќе ја продолжи кариерата на Пеџа, верувам дека гореспоменатото друштво останало со отворени усти и зачуден поглед. Како главна причина поради која ја поништи задњата година од договорот Пеџа и неговиот менаџер наведоа дека тој вреди повеќе од 8.2 милиони годишно (колку што му следуваше за следнатата сезона), но и дека уште поважно е тоа што Пеџа сака да биде дел од тим кој ќе се бори за титулата, нешто у што не беше убеден дека може да го оствари со Индијана. Е па сеа, трк у кладилници и ставајте дека Хорнетси следна сезона се шампиони. Стварно, нема друга причина поради која ПС би ги оставил Пејсерси, не би потпишал со тим кој има реални шанси за висок пласман освен шампионските амбиции на Хорнетси. Освен нормално 64-те милиони долари за следните пет години?!?!? кои му ги понудија Њу Орлеанс/Оклахома сити/Батон Руж и каде уште не Хорнетси. Брзиот потег на Бауман со раскинувањето на договорот и само што се отвори преодниот рок договарањето со Хорнетси кажува дека Пеџа ги имал "шампионските" амбиции исфилтрирано претходно, само што за некого зборот "Шампион" значи што е можно поголема сума пари у банка. Кој е тој Лери О'Браен?
* * * * *
Покрај овие два дила се десија уште неколку одма по отварањето на прозорчето за преговори. Така, Џејсон Тери се согласи да си остане во Далас, иако можеби на некое друго место ќе лапнеше и некој милион плус, ама и немаше да помириса титула (читаш, Пеџа?). Мело одма ги прифати 80-те милиони кои го задржуваат у Колорадо до 2012 год. Радман е нов Лејкер, а Клиперси одма реагираа па неговото место го попуни Тим Томас. Плус го договорија и Голум на уште две сезони.
* * * * *
НБА влегува во интересна фаза после ултра-интересниот плеј-оф, а начинот на кој поминува Свецкото само ја потврдува големата разлика помеѓу двата спорта. Една ствар ми даде надеж дека фудбалот не е мртов, а тоа е маестрото Зизу, кој им одржа лекција од фудбал, и тоа бразилски, на самите Бразилци.

Saturday, July 01, 2006

Чарли Ви ќе пие "Јелен" пиво
Ова требаше да ги пише Шеп, на кого Чарли Ви му е омилена НБА фаца, ама ај, знам како е кога ќе завршиш со сите глупости на факултет и олеснувањето кое уследува после тоа, посебно кога се си завршил според планот. Така, Чарли Вилануева од вчера е играч на Милвоки, а правац Канада отиде Ти-Џеј Форд. Трампава ми има логика од двете страни. На Торонто очајно му треба плеј посебно поради тоа што Мајк Џејмс 99% од следната сезона нема да игра за нив. Џејмс бара многу повеќе пари од тие што Коланџело сака да му ги понуди, така да трејдот за Форд им дава млад плеј за и онака младата екипа. Жртвата у целата работа е Чарли, која баш на Бакси им убаци лани рекордни 48 поени. Со драфтот на Баџо стана јасно дека Вилануева ќе стане вишок на 4-ка, иако имаше многу подобра од предвидувањата руки сезона. Ни на Чарли не би требало да му биде лошо у Милвоки, каде ќе се удружи со ланскиот колега од драфтот Богут под кошот. Уште како е сигурно дека Бакси летово ќе го трампаат Меглор (Вашингтон?!?!) ете му минути на Чарли. Плус, ако остане Тончи ќе има од кого и да научи по нешто. Иначе, Бакси пред драфтот направија и промена на лого и тимските бои. Еве што за тоа мислат момците од YAY!.