Wednesday, November 30, 2005

All Star Ballot Kick Off
Еве го мојот избор. Запад: Гасол - Зашто има брадетина и многу поштуем стврднати путерчиња. Новицки - Швабише фербиндунг Коби - Зашо ми е омилен играч Берон Дејвис - Зашо е у мода Мемо - Зашо ми е ќеф Исток: Игуодала - За да крши обрачи ЛеБрон - Непријатно ми е да не го гласам Бен Гордон - Оти ми праит мерак од времето на Конектикат Вејд - Зш да не Меглор - Мора и некој шабан да се бира Ете така. Ајде сеа и вие да гласате, има на официјалниот сајт, нба.ком, ќе се снајдете.

Tuesday, November 29, 2005

Новиот фриз на Рон + Only Shaq
Денес малку ќе се правиме Енглези и ќе постираме на енглески. За онеи кои не разб ираат, се работи за новиот фриз на Рон-Рон (види горе), а затим и изјавата на ван енд онли Шек,кога малкуцка го споредија Еди Кари со него. Смешки. The word "TruWarier" shaved in the back of forward Ron Artest's hair isn't going anywhere anytime soon unless he removes it. An NBA spokesman said Monday that Artest isn't violating any rule by wearing the name of his recording label. Artest, who is promoting his label by doing this, showed up at Staples Center in Los Angeles on Sunday with the "TruWarier" shaved look. It took about an hour for a friend from New York to do the haircut. And even the haircut was free, Artest said, adding he received a "homie" discount. Artest didn't say how long he plans to keep his hair that way. "No, impossible." -- Shaq, after being told by New York reporters that Eddy Curry has "flashes" of Shaq's power when in the post.

Monday, November 28, 2005

Кој на кого личи #3
Кириленко и тој фраерот од Роки
Рашид од Детроит и Рашид од Сауди Арабија
Кевин Мекхејл и Чудовиштето на Франкенштајн.. ебате Дракулата..
Гери Пејтон и Дон Чидл
Џеф Ван Ганди и Дејвид Палмер
Претходниот дел тука.
Дупло голо
Зенот мафта за џабе, док не сменат едно 8 души..
Море тродупло.. НБА на ТВ.. нема.. да не се повтарам.. веројатно читаат луѓето од кабелските и од ТВ4 дека ПОСТОИ ОГРОМЕН ИНТЕРЕС!!! Е сега, за моите златно - пурпурни.. е нема смисла. Зенот не си ја бара играта ко што имаше некој пишано, Зенот си го бара тимот. Секоја чест за Смуш Паркер како пркна, ама што е со другите.. Квами е црна дупка.. Ел О пак нешто мрскоти.. нема леб, нема. Синоќа Коби од секоја позиција погодуеше, за на крај да им дае 46.. мада со не толку сјаен шут.. а па Џејсон Кид на раб на трипл дабл со 35 поена, 12 асистенции и 8 скока.. ма у п.м. Иначе Коби утна шут за победа.. и Брајан Кук - Гудалото уфрли од одбојка за продужетак.. а у продужетак толчник.. и така..

Sunday, November 27, 2005

Charles Barkley has advice for Phil Jackson
Charles Barkley was discussing Phil's custom of handing out books to his team for them to read, Charles said he had a perfect suggestion for the Lakers. "Get everyone on that team a Bible Phil, because the only one who can help them is God, they are just plain awful."

Saturday, November 26, 2005

Не се зезајте со Хоукси + Mighty , Mighty Nash
Реков не се зезајте со Хоукси, нив само им требаше да почнат да играат против екипи од Истокот за да почнат да победуваат. Индијана-who? Кај мене на НБА ТВ ја имаше Сакто-Торонто у 4:00, која нормално, не ја гледав. Ептен ми е криво што никој не ја даваше Атланта, или Детроит-Ваш., ѕирнете ја само топ четворката на Визардси, посебно екс-дуото на Лејкерси Еткинс-Батлер. Али Квами е бољи од нив, нели Купчак? Шупци. Сурпрајз направија и Булси, кои за прв пат по 2000 год. тепаа у Аламо. Него Шеп, што уста имаше бе? Само што спомна дека Кемби е здрав, типот вчера не играше против Клиперси поради повреда. А, сега ве препуштам на Бето и неговата непреспана ноќ: Иако синоќа имаше многу интересни утакмици и реаваат у живо Феникс-Њу Џерси. Не е тајна дека јас сум во љубов со Винс Картер и иако не знаев дали Тој ќе игра поради неговата повреда на грбот со која се здоби против мислам Вориорс. Станав да ја гледам со надеж дека Џерси ќе победи во Феникс прв пат после 1993 кога за Џерси играл(тогаш сум имал само 3 години) Дражен Петровиќ (R.I.P. наравно) Утакмицата почна во 4:50(секад каснат нба утакмиците) и одма моето око го фати во левиот ќош на екранот Винс Картер како се загрева и тогаш сфатив дека сум 100% подготвен да не спијам до 7 сабајле...
1.четвртина
Двата тима излегуваат со следниве петорки. За Феникс тоа се Неш,Раџа Бел,Шон Мерион,Џејмс Џонс и Борис Дио(американците го изговараат Дијау:) За Џерси во првите пет се: Џејсон Кид,ВИНС КАРТЕР,Ричард Џеферсон,Нено Крстиќ и Џејсон Колинс кој е повратник во тимот... Утакмицата ја отвара баш Винс со тројче и од тогаш па до крајот на натпреварот мислам дека Џерси повеќе не поведоа...На тој кош на Картер одговори Неш кој даде 7 од првите 13 на Феникс. На почетокот се играше кош за кош, кај феникс уште погодија Дио и Мерион,а кај Нетс Џеферсон и Нено. Првиот тајм аут го земаа Санс при резултат 13-11 за нив.Одма што беше воочливо е тоа што и двете екипи немаат центар и нема доволно поени од "пеинтот". Кај Џерси центар беше Колинс(кој исто како да не играше), а кај Феникс Дио кој за Франција игра како чиста 3-ка(крилце). По првиот тајм-аут работите полека но сигурно одеа во прилог на Феникс кој се одлепуваше. Џејмс Џонс погоди 2 убави пул-ап шутчиња кои вредат да се споменат. Неш си ја играше својата игра , а притоа не изгуби ниедна топка , за разлика од Кид кој ем не погоди ниеден шут,ем изгуби 2-3 топки. За Џерси играше само Винсенити кој во првата четвртина даде 9 поени.Резултат на крај на прва, 25-16 Санс. 2.четвртина: Е втората четвртина беше правиот кошмар за Џерси...Дадоа 14 поена(не дека у прва беа нешто боље али пак...) со катастрофа шут од поле.Ама права катастрофа. Четвртината ја отвори Мерион со четири по ред , по што следеше тајм аут на Лоренс Френк,еден од тренерите кој според мене е печен за отказ. Дури после овој тајм аут го гледам во игра кај Феникс Џим Џексон кој во најмала рака е боље од Бел и заслужува да игра во прва петорка. Исто како Курт Томас уместо Дио. Дури сега Картер излегува од игра иако приметно е дека не скока воопшто,полека трча,не иде на влез....а и таква беше играта цела утакмица...мртва. После 3-4 напада сфаќам дека и Џеф МекИнис џабе е донесен да го одмара Кид,кога цело време губи топки во водење. Ај може ќе се оправи...У меѓувреме Феникс си прави разлика,Неш и понатаму нема изгубена топка и ги разигрува сите околу него. Тогаш, како гром од ведро небо,репортерот прави интервју со Амаре кој ја има убедливо најциганската фризура во моментов. Онакви мали суканици како што имаше Кендал гил порано. Леле грд! Збореше како му е криво што не игра,но сигурно ќе се врати боље од што бил во фебруар. Да зборам ја малце повеќе за играта...Кид ги постигнува своите први поени од игра на 5:20 до крај на втора четвртина. Од тогаш до крајот Кид беше најбоље кај Нетси. Водството на Санс цело време се зголемува и на 3:20 до полувреме биднува 20 разлика. Во последните три напада Нетси даваат 6 коша и смалуваат на 14 поена за Феникс на полувреме. Резултатот е 44-30 на полувреме. Half-time факти -Њу Џерси имаат само 30 поени за 24 минути. -Тоа Сум Јас даваат повеќе за 20 минути. -Ми личи дека и второ полувеме ќе биде вака мртво. -Гледам дека Атланта тепаат у Инди(поздрав Каракаш), Спарси го јадат дома од Чикаго , а Детроит у две продуженија губат од Аренас. 3.четвртина: Е во трета четвртина Картер почнува да игра онака како што знае. Дава 2+1 кошеви и тројки. Проработуваат и Кид и Џеферсон,а и одбраната на Нетси се подобрува. Мерион не се ни приметува. Цело време се топи предноста и си викам ај може Нетс и ќе тепаат. Борис Дио е многу смотан, а аналитичарите од ЕСПН му предвидуваат светла иднина.Ај ќе видиме тоа... Феникс во игра ги одржува само Неш, а Мајк Д’Антони е нервозен на клупа. Кид мава две тројки по ред и ја дома се здивувам по што идам до кујна да си зеам благо да не ми падне притисок:) Картер набрзина прави три фаула над Раџа Бел и тоа сите во трета. На 3:45 до крај на трета 63-55 за Санс. Кид сега има 14 поена ама и само 2 асистенции. Си викам, играва може и нема да биде така мртва. Картер прави 23 поени до крај на трета ама се плашам дека како по обичај ќе изигра чкарт во последната четвртина. Клиф Робинсон погодува тројка и на 30 секунди до крај на трета предноста на Санс е само 4 поена. Во идниот напад Неш дава шутче и тука е крајот на трета. Резултатот е 70-64 за Санс а беше 20 разлика...Јес 4.четвртина: Откако Дио и Кид даваат по 2 поена на двете страни, Џеферсон здивува и дава 4 по ред. Само 2 разлика за Феникс.Иначе успут, Џеферсон е родум од Феникс и во салата беа мајка му и татко му, двајцата во негов дрес,веројатно едини со Џерси дрес во арената.Тоа не е битно...Набрзо Феникс се враќаат у игра со 6 по ред, 4 од нив на Стиви. Уште 2 на Курт Томас за на 8:45 remaining да биде пак 10 разлика за Феникс. Неш не игра никаква одбрана али затоа Џерси тоа не го користат. Губат 3 топки по ред во напад! Робинсон мавна уште една трица и тоа беше све од него. После тоа има фаул над Џеферсон ама овој гаѓа 0 од 2 слободни...Како што мислев Картер незнае да изигра добра четврта оваа сезона. Неш шутче. 82-73 Феникс. Мислам дека Џерси ќе го изедат. И Курт Томас погодува. Ај у ПМ! Томас немаше некој учинок во напад, али затоа 19 скокчиња. 4:45 до крај–11 разлика. Nash one more time…25 points. На другата страна Колинс не погодува слободно-НИКАКО! Џабе станав, пак тужен ќе легнам...1:25 до крај...Нетс после овој неч ќе имаат скор 5-7. Лошо,лошо...Diaw fouled by Carter. Овој коментаторов на ЕСПН збори како Крејзи Фрог. Френк бара тајм аут на минута до крај. Спрема пресврт за 1 минута, 11 разлика:) Ќе биде... Неш му фрла контра на Мерион и овој на минута до крај го направи првиот атрактивен потег на утакмицата...Windmill. Holla back им направи. Кид тројче. Ајде нека свршиииии...свршува со резултат 92-81 за Џерси. Аха како не...Картер у задња четвртина 0,00 поена . MAN OF DA MATCH – STEVE NASH 25 поена,6 асистенции и 1 изгубена.Машала. П.С. Не се успав бе! Браво, Бето. Тачно, не се успа, али како ти играа Нетси боље да се успиеше. За Амаре - знам, го видов, ваљда му е много досадно, па си чува црви на главата. За коментаторот на ЕСПН - ако бил Кевин Харлан, ептен знам на што мислиш. За Џеферсон - он беше ѕвезда на Аризона унив., така да нека не те чудат дресовите, сигурно имал некој и со дрес на Зона. Тужно е кога чичко Клиф ви е меѓу подобрите, нели? Мене лично не ми е јасно како Санси успеваат да ја играат истата игра како лани, а им фалат 60 поени од лани, плус стартуваат со Борис?!?!?! на центар. Исто беше и со Хјустон, и пак тепаа. Изгледа Неш дефинитивно си го заслужи МВП-то лани. ПС - Денес поминавме 10 000 посети!
Назад, али исфрустриран
Јас сеуште сум у незавидна ситуација, пошто моето пратење на Лигата се дешава само преку клипчиња на НБА.ком. Спорт 4 ми се единствена надеж, зашто идиотите од КТВ Зора абер немаат.. Инаку, сакав со мало закаснување да удрам акцент на тоа што се деси на Тенксгивинг..
Знае некој што е со хулахопкиве на Коби? [сликава е иначе клеш оф д тајтанс]
Коби се повампири, овој пат успешно. Успеа за 18 минути да реализира 29 поена, тројки, куцања, све.. и нормално Лејкерси успеаа да победат покрај Сиетл, што рака на срце и не е некој успех, со Боби факинг Вајс на клупа. Шо ми е најмило рокна у дуелот со Реј Ален, според мене најбоље ривалство у моментов.. Е сеа, после 3 недели ѓутуре имаме ваква состојба: - у Македонија пенетрација на НБА е испод 1%.. само за среќници.. - у Лигата, се дешава калакурница.. на Исток Детроит ги стаи сите у ред, Мајами полека се вжештува.. Вашингтон после стартот се испуцаа.. на Запад Спарси се загрозени од КЛИПЕРСИ.. Мојата проекција за шампион, Хјустон се зацементирани на дното.. со Сактаун.. кои исто ги видов негде горе.. значи изгубив кредибилитет и легитимитет (ова од многу учење). - на база на играчи, Коби има сеуште страва бројки у поени (33) иако на 2-3 пати се клизна.. Кемби сеа за сеа е здрав и е прв скокач.. а Неш тера по старо у асистенции.. И уште еднаш да ве умолам за прошка, немате појма колку е фрустрирачки да немаш кај да гледаш баскет.. сакам да пишам, ама немам услови.. Ќе почнам еден серијал за Баркли, Хаким, Меџик, Мануте Бол и сл.. Агонија! ПС Сите го знаете Фли, басистот од Ред Хот Чили Пеперс.. е он е сопственик на најлудиот блог за Лигата у моментов.. ќе иде у блогролот од страна.. клик овде. Најлудиот тип на светот!

Friday, November 25, 2005

ТNТ му е мајката
После неколку дена пократки постови, од оправдани причини, се враќаме у нормала. Шеп глеам уште го нема да пише нешто, па ај ја ќе се фатам за работа. Иначе, ја од оваа недела се вратив на она што го работев до пред нова година (26.12. лани да бидам тачен), а тоа не е многу различно од она што го правам тука, на NBA Macedonia. Пак ја покривам и откривам НБА за дневниот спортски весник М.Спорт, вероватно сте чуле за него, само што сеа за разлика од прошлиот пат требам и да отидам на понекоја наша утакмица и да му се јавам на понекој од нашиве кошаркарски делатници, дел од работата што ми е малку повеќе мрзок. Ипак, МАКНБА останува прва на мојот список, така да немајте гајле, можеби само понекад ќе убацам по некоја белешка од мизериите кои ќе ги сретнам во нашите преполни сали, мада веруем дека има понекој млад момак кој би можел да го спонам кај америчките колеги. Настрана тоа, уште секоја вечер гледам баскет, а така беше и синоќа со Индијана и Кавси. Уствари, завчера ги гледав и Хјустон–Феникс, ама тие тотално не беа вредни за пишување. Тука посебно мислам на Рокетси, кои без Трејси се крајно бедни. Најмногу ме зачуди немоќта на Стен Ван Грампи и неможноста на Јао да се наметне у рекетот, иако го чуваше Борис Дио?!?!?!, кој е две глави понизок од него. Идеме на Инди-Кавс: - По плескањето кое го добија од Шарлот, Пејсерси као да конечно почнаа да играат како што и се очекува од нив, задржувајќи ги Кавси на најмалце поени сезонава. Истото им се случи на Леброн и дружбата му и у Сан Антонио, што кажуе дека уште не се дораснати на големите екипи, иако имаа серија од осум по ред. - Рон е ѕвер и само ради неговата суспензија и неколкуте глупи повреди кои ги сардисаа, Пејсерси лани не играа у Финале. Колку е добар Ротфајлерот, пред се у одбрана, кажуваат 1-9 на Брон у 1.полувреме. - Иако на крај завршија со солиден број поени на своето конто, триото нови имиња у Кливленд беа живи трупови, давајѓи грото од своите поени во гарбиџ тајмот. Посебно беден беше Донјел Маршал, кој не можеше вол да убоде. - Јаске покажа зошто сите сметаат дека тој може да биде клучот за успехот на Инди. Мењавајќи го Тинсли, а понекад и играјќи заедно со него, тој ја одигра веројатно најдобрата НБА патија до сега, врзувајќи три тројки по ред у 3.четвртина, кога Брон и Кавси почнаа малку да даваат знаци на живот. - Која патетика беше филмчето за Реџи, кој за прв пат како коментатор гостуеше у Индијанаполис. Да останеше само на филмчето и немаше да биде така лошо, но кога почна сестра му (или брат) да го фали, е онда стварно ми тргна на повраќање. - За крај најдобриот дел од целиот меч, кој се деси пред и да почне средбата. Имав можност да го гледам при-шоуто на ТНТ со Баркли и Кени Смит. Доказ зашто ТНТ уште е најбољи и зашто ЕСПН колку и да се мучи, никад нема да биде како нив. Се читаме, утре следи рикеп од Феникс-Нетс, ако Бето не се успие.

Thursday, November 24, 2005

Ајде аирлија!
Конечно и моите Хоукси тепаа некого, решавајќи ги синоќа Селтикси. Досега требаа да имаат некоја победа повеќе, да не беше сјебаниот распоред кој у првиве три недели ги носеше кај или им носеше дома тимови од Западот. Пазете се сега. (добро, не баш:)

Wednesday, November 23, 2005

Најбоља насловна
Денеска се сретнав со една од најдобрите наслoвни у мој живот кога го купив новиот SLAM, чиј сум редовен конзумент веќе подолго време. Иначе, за оние кои не се запознаени, SLAM е најдоброто НБА списание на светот, и ако досега не сте се сретнале со него, не знаете Што сте пропуштиле, ако сте ја имале таа средба, тогаш знаете за што зборувам. Еве ја и насловната: Освен ова, еве нешто за ќејфот на Шеп. Дали тоа ние го имавме ова пред неколку месеци, или мене само ми се чини? Не, Не. Шеп, знам дека го поштуеш Чарли, али нешто изгледа не е у ред со момакот, зашто почна да се споредува себеси и Бош со Робинсон и Данкан. Оваа недела четири тима ги претставуваат новите, 2-ри дресови за гостувања. Потег кој на Денвер, Бостон, Кливленд и Детроит сигурно ќе им донесе уште некој долар плус. Настрана бизнисот, дресчињата не им се ич лоши.
До непознатото другарче:)
Еве со огромно задоцнување го видов и allstar-от, ама нема да коментирам што и како бидејќи она беше најголема глупост во историјата на НБА. Испадна дека руки- софтмор утакмицата беше најјак дел. Ама реков нема да коментирам... Иначе, најново е што бев брутално прекинат во најтворечкиот период и ми беше доделена привилегијата да напишам 10 страни семинарска работа па не ни стигнав ни западот да го довршам. Еве, пошто сега почнува поинтересниот дел од сезоната ќе се фокусирам на она што е навистина интересно и ќе ви презентирам дел од моите парапсихолошки способности. Еве ја мојата листа на работи кои очекувам да се случуваат во НБА во вториот дел од сезоната: 1. Детроит ќе заврши со скор од негде 20 порази како најдобар на Исток. Во право беше Шеп шо напиша дека Запад кошот не го виде 5 минути на allstar-от. Е така некои екипи нема да го видат и по 15 минути. Наспроти сите очекувања никој нема да скрши кичма. Фила ќе им направи мали проблеми прва рунда плејоф ама нема проблем до финале натака. А и Бен Волис конечно ќе потпише договор за патики со струмичкиот производител Адибас. 2. На запад ќе е лудница, ама се ќе си дојде на свое место и Сан Антонио ќе тепа со околу 24-5 порази. Втор Феникс, а трет е малку битно. И онака нема да види повеќе од втора рунда плеј-оф. Сан Антонио го тепа 4-2 во финале на запад Феникс 3.Плејоф нема да видат ни Њу Орлеанс ни Јута ни Чикаго иако засега имаат шанси. 4.Лејкерси ќе се 8 на Запад и ќе го папаат прва рунда 4-2. Коби на една ќе даде помалку од 20 поени па после ќе се вади на некоја повреда. Фил Џексон после тоа ќе рече дека крив за неуспехот е Слава Медведенко кој убацил лоша карма во тимот па ќе му даде да ја прочита The Art of War. 5.МВП на регуларен тек на сезона ќе е Стив Неш чиј просек асистенции откога ќе се врати Амаре ќе е над 15. Ќе стане кандидат во некој период и Паркер ама ќе раскине со Лонгориа и скрос ќе се сјебе. 6. All-defensive тимот страшно многу ќе личи на Детроит. Овој пат нема да го стават Рашид за да има време да проведе со фамилијата:). А и РИП ми делува nekako сумњиво за таму... Ќе фати врски за да влезе ама нема да успее. 7.Чарлс Баркли ќе биде најден во некоја тесна уличка на Њу Јорк во критична состојба, претепан од страна на банда. Тамам пред финалната серија... Ќе се сомнева дека зад сето тоа стои Џеј Зи затоа што Баркли му се пуштал на жената, ама никој не ќе сака да сведочи против него. Кени Смит ќе почне да зема часови по самоодбрана веднаш по немилиот настан. 8. Ivica's finest ќе ја освојат фантази Мак-НБА лигата во фото финиш пред тимот на Каракаш. На трето место наспроти сите очекувања како феникс од сопствената пепел ќе се издигне Шепард, ќе се врати во игра и ќе почне да растура, ама за малку нема да стигне до првото место. 9.Финале на НБА: Детроит- Сан Снтонио. Ситуација Детроит: Чонси игра со мала повреда, Принс игра ненормална одбрана-сам го исфрли Мајами пред тоа:) Ситуација Сан Антонио: Тони заебан до коска зошто Ева го оставила, Тими мора се сам. Ману слаба форма... 10. Конечен резултат 4-1 за Детроит. Кид Рок приредува забава за 4000 народ. На журката настанува масовна тепачка предизвикана од Џермејн О'Нил и Рон Артест. За среќа никој не е повреден. Завршува сезоната- почнува WNBA :) Толку засега од мене, сега одам да го уплатам ова што го кажав в кладилница. Бар да се заработи нешто од сево ова.

Tuesday, November 22, 2005

Rasho - the Man
Честитки за Рашо Нестеровиќ, на кој му требаа само 11 средби и 190 минути да ги шутне своите први две слободни во новата сезона синоќа против Кингси (кои ги погоди). Се уште не е познато дали во историјата на НБА имало некој центар кој толку избегнувал контакт во рекетот како Рашо, кој во својата кариера, од која во поголемиот дел е стартер, има просек од само пола убацено слободно по натпревар. Тоа ви е еден поен на две средби. Браво Рашо, кажи кога ќе ти заврши Бекутанот, да ти пратиме некое пакетче. Ееееј, и он има НБА титула.!?!?! Иначе, синоќа ги гледав Кингси и Спарси, ѕирнете ги претходните постови за Сакто, исто како и сега да сум напишал нешто за нивната кралска мизерија.

Monday, November 21, 2005

Честито Репторси + Фантазијата продолжува
Репторси и Вилануева се омрсија, сеа само Марвин и моите Хоукси останаа без победа у цела лига. Тугоооо....(видете му сурат на Мајк Џејмс, као да е у кунг-фу филм). Него, да не плачам многу, еве го пак Ивица со неговата специјалност:
Нови 5 fantasy price-movers: -Овие играчи би ги препорачал само во итни случаи т.е. кога ептен сте зафркнале во изборот па сега се трудите да ја санирате работата:). 1.Nick Colison Зошто е меѓу овие играчи: Колисон после релативно слабата руки сезона во која од него се очекуваа многу нешта а се доби генерално ништо како да почна да се прибира и почнува да пружа партии кои доликуваат за 12. пик. Има просек од 10 поени и 6.6 скока со супер шут од поле (над 60%). Неговата минутажа во Сиетл се очекува да се зголемува и понатаму, најверојатно за сметка на минутажата на Реџи Еванс кој оваа сезона не е ни бледа сенка на тоа што беше лани. Што би било негативно по вашиот тим: Колисон е општо познат како стаклен тип (сличен на Кириленко од Јута) и секој поцврст дуел во кој влегува е следен со нетрпение од публиката во Сиетл (колку се златни:-)). Сакам да кажам дека не би ме чудело да се случи некоја смешна повреда која ќе го оддалечи месец или два, а тоа директно би се одразило на вашиот тим. Препорака: Не верувам дека Колисон може и натаму да претставува некој екстра фантази-фактор и покрај добриот старт. Не форсирајте некоја трампа во која ќе се откажете од некој подобар играч во надеж дека Колисон ќе издржи вака цела сезона. 2.Luke Ridnour Зошто е меѓу овие играчи: Риднур е класичен плеј кој игра мудро, не троши многу топки (со тоа го крие својот слаб шут од поле) и што е најбитно знае да украде топка или да направи дефанзивен потег со кој ќе реши натпревар. Минатата сезона во неколку наврати го стори тоа и не гледам причина зошто тоа не би го повторил повеќе пати. Има просек од 10 поени и 6.8 асистенции. се истакнува и по бројот на украдени топки (има просек над 2). Куриозитет за него е што во досегашниов тек од сезоната нема промашено слободно фрлање (заб.: го пишувам ова пред натпреварот со Чикаго) Што би било негативно по вашиот тим: Како што беќе наведов Риднур има очајно лош шут од поле. Шутира 31.9% оваа сезона, што е далеку под неговиот просек од минатите две сезони кој е некаде околу 40%. Исто така од Риднур не би очекувал ни многу поени, сметам дека ќе се одржува на границата од десет поени, а што се однесува до скоковите никој навистина и не очекува скокови од својот плеј, нели? Препорака: Риднур ќе му помогне на вашиот тим во поглед на асистенции, а и неговите десет поени не се за потценување ако се земе во предвид дека плејовите кои имаат поени и асистенции не се така честа појава во НБА повеќе. 3.Troy Hudson Зошто е меѓу овие играчи: Значи во оваа ситуација сум во дилема: дали Трој Хадсон е тука поради тоа што игра добро или поради тоа што Марко Јариќ игра лошо. Како и да е се поочигледно е дека Трој го притиска Марко за позицијата стартен плеј во Минесота и сметам дека е само прашање на време кога Марко ќе излета од прва петорка. Хадсон со 21.6 минути во просек има 11.6 поени, а Јариќ со 30.4 минути има 9.3 поени. Јариќ е добар во асистенции (има просек 5) ама тоа не е доволно за стартен плеј кој игра над 30 минути. Што би било негативно по вашиот тим: Општопознатиот факт дека Трој Хадсон е еден од најсебичните играчи во НБА лигата кој ја додава топката само кога ќе го утројат. Значи не надевајте се на асистенции, а и шутот од поле не му е сјаен (околу 42%). Поимот скок во речникот на Хадсон не фигурира. Препорака: Воден од помислата дека ако треба да се бира помалото од две зла најодговорно велам дека Хадсон може да е корисен pick-up. Дечкото се фати сериозно за работа, се труди да му го земе местото на Јариќ и може само да ги зголеми своите бројки, меѓутоа тука земете во предвид дека и Хадсон е доста стаклен во однос на повреди. 4.Boris Diaw Зошто е меѓу овие играчи: Дечкото ќе ви даде "a good run for the money" доколку на крило сте прецениле некој играч како јас на почетокот Брус Боуен. Има просек 9 поени, 6скока и 6 асистенции!!! Феноменално, особено со оглед на фактот што предходно во Атланта имаше просек од 4.5 поени и 4.5 скока. Игра во просек по 26.3 минути а на последните 5 натпревари тој просек е 28. Тоа значи дека ќе добива поголема доверба во иднина што секако ќе се одрази на неговите бројки Што би било негативно по вашиот тим: Процентот за слободни фрлања не му е сјаен,а има и многу продадени топки (2.3 по натпревар) Препорака: Добра аквизиција која е слободна во голем дел од фантази лигите. Ако немате подобар трк по Борис. 5.Keith Van Horn Зошто е меѓу овие играчи: Ван Хорн ја почна сезонава како навиен со просек од 14.1 поен и 6.1 асистенција и е еден од носителите на играта. Особено се истакна кога Дирк беше повреден и кога му требаше на својот тим највеќе. Не верувам дека ќе ги одржи своите бројки затоа што за него мислам дека веќе е помирен со идејата дека ќе е a roll-player во нба и ништо повеќе. Премногу време го помина по медицински установи за било што друго:-). Што би било негативно по вашиот тим: Ван Хорн има многу изгубени топки (2.6 по натпревар), а не се истакнува ни во другите статистички категории како што се асистенции, украдени и блокади. Исто така има просек од 4 фаули што често го врзува за клупата на подолг период. Препорака: Иако знае да блесне Ван Хорн не е мој тип фантази играч и го препорачувам само во случај на итност. Се надевам дека наведеново ми донесе малку кредибилитет:)
Во тоа не ни сумњај, пријателе.

Sunday, November 20, 2005

Кој на кого личи #2
Андре Милер и Ричард Прајор
Ламар Одом и Делрој Линдо
Владе Дивац и Жан Рено
Дон Нелсон и Борис Јелцин
Кенјон Мартин и Метод Мен
Првиот дел тука.
Like Mike…2
Само една вечер откако Вејд во стил на Мајкл ги сотре во Мајами, Сиксерси на своја кожа ја осетија моќта на уште една голема млада ѕвезда која претендира за тронот на Мајкл. Ако на Двејн за само една асистенција му избега трипл-даблот, Леброн Џејмс до него стигна со 36п. 11ск. и 10ас., зимајќи ја работата во свои раце во последните неколку минути од четвртиот период. Брон покрај себе во Фили го имаше и одличниот Лери Хјуз кој со 37 поени ги држеше Кавси во игра се до пред крајот кога Џејмс ја презема контролата. За тоа што значи Леброн за Кливленд, кој иначе има најдобри во лигата у моментов, седум победи по ред, најдобро кажува изјавава на руки тренерот Мајк Браун. "LeBron is amazing. We didn't do anything tricky down the stretch. We put the ball in his hands and he helped win the game for us. This guy is making me look like I can coach." Како што на се му доаѓа крај, така и за се има прв пат. Серијата на Пистонси се симна на станицата во Далас, каде Мавси ги прегазија Пистонси. Ова е прв пат по година дена Детроит да прими повеќе од 117 кошеви, иначе за Далас не играа Ван Хорн, Стекхаус и Кристи.

Saturday, November 19, 2005

Like Mike…
Себеси се сметам за еден од милионите, тачније милијардите среќници кои ја имале честа да го гледаат Најголемиот на сите времиња и кога беше у потрага по својата прва титула, а и кога како дедо делеше лекции во Вашинтон. Сеќавањата на младиот Мајкл од време на време ќе ги разбуди некоја од младите НБА ѕвезди, но до синоќа никој тоа го нема направено до таа мерка да барем за една вечер почнам да го споредувам со Мајкл. Она што го видов гледајќи ги Мајами и Сиксерси, верујте ми, е најблиску што сум видел некој од младите фаци да заличи на Најголемиот. Двејн имаше рекордни сезонава за еден играч, шест куцања, кое од кое поубаво, а како тоа да не беше доволно, па додаде и еден типичен Џорданеск кош, свртен со грб кон кошот. Во 80-те, па и почетокот на 90-те играта на Мајкл се базираше баш на влезови, куцања и неверојатни хенг-тајм потези, кои Вејд вчера ги имаше на претек. Да не беше Двејн на тоа ниво, Мајами вчера сигурно ќе изгубеше. Затоа колку што беше тој брилијантен, улогата на прв плеј у Хит ја имаше Гери "на времето познат како 'Ракавица'" Пејтон, за чија игра ужасен е страшно благ збор, а други зборови не вреди да се трошат. Плус, Рон Џереми имаше на располагање само седум играчи, т.е. шест (Пејтон не го рачунам), а Шек и Џејсон Вилијамс поради повреди ги немаше у првите пет. Покрај Вејд, работата ја извади Ентаон Вокер, кој одигра одлична партија (11/13 од поле, три тројки) за рекордни за новиот клуб 26 поени, а покрај Тоан, солиден беше и Поузи (или како у М.Спорт што го пишуваа – Пуси), кој стартуваше со 4/4 за три. У другите утакмици, Ти-Мек почна да покажува знаци дека или прерано се вратил од повредата или пак одбраната на Детроит пак заврши работа. Јас искрено не памтам кога Трејси имал само шест поени. Крис Пол имаше доста мотив против Атланта, која место него, како 2.пик летово го избра Марвин Вилијамс. На крај, у победата на раселените Хорнетси, Пол угради 25п. 7ск. 12ас., а Марвин една дебела нула со 5ск. 3заг.т. Кај моите бедни Хоукси најбољи беше 31.пик Салим Стадемаер, кој сам, со 24п. у задњата четвртина ги врати у игра. У чекор со Атланта оди и Торонто кој изгуби у Бостон за 0-9 старт. Барем Вилануева им е меѓу најдобрите, нели Шеп? Еди Хаус имаше своја вечер против болницата од Јута. Ни дербито на Ел-Еј не е тоа што беше. Браун можеби има право со играњето на дебитантите, кои беа најбољи у поразот во Денвер, чии задњи 6 и пол минути Марбери ги преседе на клупа, како некаква лекција од Лери. Њујорк, Њујорк... - Денес е тачно една година од тепачката у Обурн Хилс.

Friday, November 18, 2005

Каде, Кевине? + Ивица - the fantasy guy
Синоќа гледав еден од играчите кои се наоѓаат во нашата анкета, Кевин Гарнет. Според тоа како се одвиваше утакмицата, а и учинокот на Кеј-Џи, на кој му фалеше еден асист за трипл-дабл, никој на светов не би помислил дека тој сака да биде трампан. Но, доволна беше една негова изјава за женската верзија на Реџи на крајот за да стане јасно каде му е паметот. "Thank you Charles, but this is my reality and this is where I'm at. Stop causing controversy and (throwing) dust in a clean house." - Kevin Garnett, on Charles Barkley's comments that he deserves to be traded for a chance to play for a better team. Покрај муабетов за Кеј-Џи, ја имам честа да ви го претставам нашиот нов контрибутор, Ивица од Прага, кој ќе најчесто ќе ги расветлува мистериите поврзани со Fantasy NBA. Текстот на Иво е у жута боја, а на крај е и мојата забелешка, Take it away, Ivo:
Здраво дечки! Се викам Ивица и благодарение на дечкиве од мак-НБА во наредниов период ќе ве малтретирам да читате нешто повеќе на една тема која кај нас не е толку (читајте: воопшто) застапена, а е секојдневие за познавачите на НБА по светот. Се работи за НБА fantasy, секојдневен сегмент од мојот живот и причина за многу неположени испити и непреспани ноќи. Како и да е... еnough with the bullshit... За неинформираните: NBA-fantasy е термин за виртуелна он-лајн игра каде ги тестирате своите знаења од областа на NBA со едно чудо други шампиони како вас и како мене. Процедурата е едноставна: Се пријавуваш за тим и пре-драфтуваш играчи (тоа е едноставна селекција: На една страна кои играчи би сакал да ги имаш во својот тим, а на друга играчи кои едноставно не можеш да ги гледаш и самата помисла на нив те тера да откорнеш некој свој екстремитет). После тоа, врз база на твојот pre-draft и врз база на pre-draft кој ќе го направат останатите случајно избрани менаџери кои паднеле во твојата лига, се врши автоматизиран драфт каде секој тим добива по 13 играчи. Оттука веќе би требало да ви е јасно кај води дискусијава... Играчите ираат, прават скокови, поени, асистенции а паралелно со тоа ви носат поени во вашиот тим. Кој има најмногу поени е победник. Прилично јасно, не? Па искрено речено, и не сум нешто баш најсигурен ама секој може да види и да проба... Мој тип е FantasyNBA на Yahoo.com За информираните: Па за информираните и нема што многу да им се кажува, единствено можам да се извинам за некои погрешни трејдови што ќе ги направат под мое влијание во иднина.Извинете дечки, дури и јас понекогаш грешам :-). Да преминам на поентата... Како за прв пост ми беше некако глупаво да почнам да пцујам некого како почнал слабо сезонава и како не го бива за курац (а верувајте ми би сакал...). Исто, глупаво би било и да почнам да го фалам Данкан каков огромент талент е или пак како Ајверсон станува се подобар и подобар затоа што тоа се општо-познати работи и всушност со тоа не сум кажал апсолутно ништо. Овој пост ке го посветам на малите, ама големи НБА играчи кои никнаа во досегашниот тек од сезонава. Ова го пишувам заради тоа што баш овие дечки се решавачки фактор во поголемиот дел од fantasy лигите, а се страшно потценети и слободни во голем број лиги. Би почнал со пет играчи за кои сум убеден дека ќе го најдат своето место под сонцето и во иднина.
1.Zaza Pachulia Зошто е меѓу овие играчи:Дечково делумно фактот што игра во крш екипа, а делумно поради тоа што и во таа крш екипа нема кој да го замени се изнаигра. Има просек 13.0 поени и 9.1 скока (од кои 4.3 офанзивни!!!) и не гледам како тие бројки би се придвижиле надолу. Единствена тенденција за тие бројки е нагоре. Чисто за илустрација колку е напреднат дечково ќе ви ги кажам неговите career stats до пред оваа сезона: 5.4 поени и 4.4 скока. Занимливо, нели?? Што би било негативно по вашиот тим: Пашулиа има многу лош шут од поле(39.5%) кој ќе го наруши процентот од поле на вашиот тим, а прави и многу turnovers-и (2,6 per game). Не се истакнува многу ни во останатите категории, дури ни оние класично центарски како блокади (има 0.8). Препорака: Ако Заза не се повреди, ќе остане неприкосновен во Атланта и ќе биде екстремно корисен во било кој fantasy team. Топло го препорачувам :-). 2.Sean May Зошто е меѓу овие играчи: Целата екипа на Шарлот е за пофалба со оглед на тоа како ја започнаа сезонава, ама овој тип почна особено да се истакнува. Има 10.4 поени и 5.4 скока по натпревар за одиграни просечни 18.9 минути. Ова 18.9 минути нека не ве залажува затоа што на последниве три има просечна минутажа од 26 минути, што значи дека полека си го наоѓа своето место во ростерот на Бобкетси. Згора на се Меј е waiver (слободен играч) во 99% од лигите!!!- го сметам за мое лично откритие :-). Што би било негативно по вашиот тим: Па искрено речено Меј и не проведува толку време на терен за да направи нешто со што би му наштетил на вашиот тим. Препорака: Од Меј очекувам во скоро време да стане дабл-дабл играч на изненадување на многумина. 3.Dwight Howard Зошто е меѓу овие играчи: Генерално ако ме прашате и не знам... Играч кој е избран како прв пик никако не би требало да се смести во вакво друштво, ама после првата сезона (која воопшто не беше лоша:12поени, 10скока по натпревар) некако остана подзаборавен за што најверојатно се налути па сега наплаќа мило за драго. Носител е на својата екипа, има просек од нешто над 16 поени и околу 12 скока и заедно со Стив Френсис се единствената причина зошто да се изгубат 3 саати од животот гледајќи подпросечен кошаркарски тим каков што е Орландо. Тешко фановите на Орландо оваа сезона Што би било негативно по вашиот тим: Нешто што може да тргне не полошо со прибирање на Хауард во вашиот тим е FT%. Очигледно дечково не обожава да шутира слободни што се забележува по неговите 66% оваа сезона. Препорака: Не верувам дека во некоја лига Хауард е слободен, ама ако по некој несреќен случај некој се заебе да го отпушти бидете спремни да го грабнете 4.Leandro Barbosa Зошто е меѓу овие играчи: Леандро Барбоса конечно се најде себеси во НБА и почна да е корисен за својот Феникс за промена од минативе две сезони кога најкорисен беше кога ќе им свареше чај на соиграчите за да се згреат. Годинава има просек 15.6 поени и е солидна а лтернатива за Стив Неш. Во последно време дури и се пробуваат варијанти за двајцата да играат истовремено. Од останатите бројки Барбоса се истакнува со солиден шут од поле (околу 50%), асистенции (2.6) и 3.6 скока. Што би било негативно по вашиот тим: Барбоса е познат по тоа што е играч топло-ладно, па единствена опасност е да не крене во стилот ладно-ладно Препорака: Ако го најдете слободен, а имате класични промашувања на бековските позиции, Барбоса би ја ублажил вашата болка :-). 5.T.J.Ford Зошто е меѓу овие играчи: А кажете една причина зошто да не!! Баткава кој лани поголем дел од времето го помина по болници и терапии годинава има просек 14.4 поени и 9.6 асистенции. Перфектен за играч кој една година не одиграл ниеден единствен меч!! А кога на тоа ќе ги додадеме неговите 4.9 скока во просек и 2.1 украдени топки, добиваме перфектна идеја зошто играчот кој ја почна fantasy сезоната на листата на слободни играчи во 99% од лигите, сега е слободен во 0% од нив. Што би било негативно по вашиот тим: Форд има слаб шут од поле 37.5% и за три 27.3%. Исто така е опасен поради бројот на ТО: 3,9 по натпревар. Од линија за слободни има просецни 80% Препорака: Премногу е доцна за било какви трансакции кои го вклучуваат Форд бидејќи дечкото е земен од листата на слободни играчи во секоја лига одамна. Трампа за да го добиете не би препорачал.
...Свака част мајсторе, одличен увод у Фантази лигите. Темелно, темелно.
Ѕверот Двајт Хауард
Еве нешто на што не видов дека некој друг медиум му посвети внимание вчера, а ни денеска. Со 21 поени и исто толку скокови у победата над Шарлот, Двајт Хауард стана најмладиот играч во историјата на НБА кој на еден меч стигнал до 20-ката у скокови и поени. Кога минатата недела Леброн постави рекорд како најмлад со 4000 поени у кариера, тоа можеше да се сретне у секој весник или на ТВ, па дури и кај нас. Но никој не се најде да каже нешто за ланскиот 1.пик. Ние ја исправаме неправдата кон Двајт, кој ако продужи вака ништо чудно да биде Ол-Стар сезонава. На 14.11. кога стигна до неговиот 20 со 20, Двајт имаше тачно 19 години и 342 дена. Рекордот, кој траеше доста долго, до вчера го држеше Џон Дру, кој на 20 години и 47 денови, играјќи за Атланта уште далечната 1974 год. постигна 44 поени и фати 20 скокови. Од актуелните играчи најблиску до рекордот на Дру беше Шек 1992 год. кога како играч баш на Орландо на 20 год. и 251 ден имаше 31п. и 21ск. Не треба да се забраве и дека лани како руки Двајт стана најмладиот играч у историја кој фатил 20 скокови на една средба, а со три меча со над 20 скокови стана првиот дебитант по Тим Данкан со таков учинок. Иначе, младичот сезонава е на одличен просек од 16.4 п. и 11.7ск., а никој ништо не пишува за него. Нема везе, доволно му е што надминал такви фаци како Шек и Тим, у чие друштво би требал да се најде за неколку години. Само како додаток, Карлос Бузер сигурно нема да заигра за Јута ни у следните месец дена. Тоа значи дека тој најмалку од 14 февруари годинава (кога ја одигра задњата утакмица), па до 15 декември нема да го облече дресот на клубот кој лани му поклони чек на 70 милиони, и тоа само поради неговото неодговорно однесување. Сега наводно тој има проблеми со препоните, состојба за која лекарите на Јута велат дека е последица на неговата слаба физичка подготвеност, нешто што клубот му препорача да поработи летово, но тој си кулираше. Ова е веројатно прв пат некој играч да направи толкава пауза, а да нема некоја посериозна повреда. Мемо ќе мора сеуште да прави се, затоа што покрај Карлос, и Андреј Стаклениот не се знае кога ќе се врати по виткањето на зглобот у Чикаго. Утеха на Бузер може да му биде наградата за најдобро облечен играч. Како да не биде, кога не излезе од одело веќе девет месеци.

Thursday, November 17, 2005

Зелено
Малку каснам денес, но овие неколку дена сум на семинар, кој само што заврши за денес. Скроз сум ненаспан, легнувам у 5-6, а станувам у 9, а тоа ќе продужи и денес и утре. Но, да не плачам многу, синоќа гледав Бостон – Сиетл и еве што ми фати око. - Местото на Џером Џејмс у првите пет од лани, сезонава го зазема Јохан Петро, рукито од Франција кој на моменти лани не беше стартер ни у својот По Ортез. Одлука на Вајс, која барем на старт се покажува како катастрофална, затоа што Марк Блонт го работи Петро како стигне. Некаде во 3. и последната четвртина Французинот почнуе да покажува знаци на живот, ваљда му е полесно да игра на + 20. - Боб Вајс ненормално личи на таткото од Алф, само малку подебел. Ви текнуе? - Пред мечот укажуваат на дуелот Реј Ален – Рики Дејвис како решавачки за исходот. И тоа како беа во право. Реј покажа дека лошиот шут од 4/18 во поразот од Њу Џерси беше само лош ден, погодувајќи 12/17 од поле за крајни 32 поени. На другата страна Рики Ди у моментите кога се кршеше резултатот го немаше никаде, а кога веќе беше 20 разлика за Соникси почна да влегуе у ритам, завшува со 21 поен и 9/21 од игра. - Во првото полувреме играта на Соникси беше јасна ко ден, или се идеше преку Реј или кога он беше на клупа, преку Луис. Другите играчи освен блокови или пренесување топка, не правеа буквално ништо. Дури беше така, резултатот беше изедначен, а кога у игра почнаа да се укључуваат другите играчи, Соникси влегоа у ритам и се одлепија на +20 кои си ги задржаа до крај. - Не памтам кога задњи пут сум видел успешен цепелин под фаул. Јес да Луис не закуца по фаулот на Дикау, но потегот заслужува да биде топ тен. - Док Риверс, ваљда у немање доволно опции, многу време им дава на дебитантите Рајан Гомес и Ориен Грин, како и на Џастин Рид, кои делуваат скроз изгубено на теренот, посебно у дуелите со Ален и Луис. - Најбоља петорка на Сиетл е онаа составена од Реј, Луис, Риднур, Колисон и Реџи Еванс. Баш овие пет ја направија разликата. Иначе, Еванс за разлика од лани кај Нејт, кај Вајс не ужива голема доверба, ваљда после вечерешнава партија ќе се сменат работите. Колку за инфо, лани Еванс беше стартер и сезоната ја заврши со просек од најдобри во тимот 9.3 скокови. Мене лично, многу ме потсеќа на Бен Волас, таков ми е, очигледно е дека не е талент, но е работник. - Ник Колисон беше ѕвер, фаќаше скокови ко луд, имаше шут од игра 9/12 за 19 поени и 13 скокови. Она што е феноменално се дека 8 од тие 13 скоови беа офанзивни баш кога се правеше разликата. - Како и Ник, така и Лук Риднур заврши голема работа со 13 асистенции и 15 поени. Лук си играше кур-ташак со Делонте, Дикау, Грин и компанија, кои глумеа плеј у Бостон. - Тоа не носи до тоа дека Селтикси немаат стабилен плеј, Риверс проба некоја комбинација од момците кои ги спомнав погоре, но неуспешно. Што е уште полошо, и при таква ситуација Док води некој инат кон Дени Ејнџ, не играјќи го многу Дикау, кој Ејнџ летово, заедно со Скалабрини го донесе како донесе како нај засилување. - Не ми е јасен Боб Вајс. Типот е мртов ладен цело време, па и кога неговиот тим води +20. Као да е збунет како некој тим кој он го води може да игра така добра кошарка. - Селтикси ги гледав неколку пати сезонава и искрено, уште не знам што да мислам за нив. На моменти ми изгледаа многу добро, но јасно е дека не се тим кој може да издржи 48 минути против солидни НБА тимови, слични на Сиетл. Прва опција им е нормално Пирс, кој кога не му е денот повише смета него што користи. Најголема дупка им е таа на плеј, но и у скокот, кој за Лафренц и Блонт е икс-фајл. - Се на се, иако откако некаде кон средина на 3. чет. мислам Сиетл поведе 20 разлика, Селтикси беа отпишани, утакмицата беше ОК за гледање, имаше добри потези, а милина е да ги гледаш кога им е денот Рашард Луис, кој е страшно интелигентен играч и Реј Ален, најубавиот шут у НБА. Уште само некако да се решат од Вајс и се ќе биде супер. - За да бидат уште полоши работите за Бостон се погрижи Тони Ален. Покрај Реј, и други фаци синоќа беа расположени за баскет. Од очекуваните Коби, Ајверсон до неочекуваните Мајк Џејмс и Карим Раш, кој беше најзаслужен за најголемиот сурпрајз во плескањето кое Бобкетси им го дадоа на Пејсерси.

Wednesday, November 16, 2005

The next MJ, Hakeem etc.?
Момците од 82games веќе некое време важат за најголеми НБА фрикови кога станува збор за бројките и сите можни статистики врзани со лигата. Статистики за кои сте слушнале и статистики за кои не сте знаеле ни дека постојат. У својата задња анализа тие се занимаваат со сегашните и некогашните НБА ѕвезди и тоа кој е стварно чиј наследник, барем кога се во прашање бројките. Но, тие при споредбите не ги зимаат само просеците, туку и физичките карактеристики на играчите. Така, по нивната стварно темелна анализа, голем број од некогашните ѕвезди добија играчи кои денес го прават тоа што они го правеа кога јас почнав да гледам НБА. Најблиску до целосни свои наследници дојдоа Хаким Олајџувон и Мајкл. Кој се? Па кликнете на линков и видете. Плус видете со кој е спореден Бирд. ПС-Со Доминик нормално нема споредба, Nique is Unique:)
Дефинитивно ќе гледаме НБА на Спорт4!!!
Не сакав да му го расипам моментот на Бето, па над неговиот деби рикеп сезонава да го изнапишам она што го видов синоќа на дуелот меѓу Далас и Денвер. Али веста е важна, посебно за сите вас чии кабелски оператори нејќат да ви пуштат канал кој врши НБА преноси. Она што го најавивме пред два дена сега е и потврдено од проверени извори, сезонава НБА 100% ќе има кај нас и тоа на фреквенцијата на Спорт4. Се уште не е познато од кога ќе се почне со преноси, ни колку утакмици ќе има неделно, а најрано може да се деси да почнат со преноси уште следната недела. Коментарот ќе биде на момакот кој ја врши работата и на НФЛ коментатор, Владимир Баришиќ, кој ќе биде потпомогнат од уште една особа, која ништо чудно да биде и некој баш од NBA Macedonia. Рикеп од Нагетс-Мавс не пишувам, од горенаведените причини. Само ќе кажам нешто што мислев дека никад нема да го кажам, а тоа е - Гана Диоп е ѕвер. Толку.
Really Unbeatable
by Beto Станав у 01,45 а тоа значи дека ги пропуштив првите 2-3 минути од утакмицата. Така нерасонет, првото што го видов е дека РИП дава кош (шутче типично за него) и Детроит води 8-6. Марк Блонт се здивува, почнува да куца, скока... дава 6 поена по ред!? И резултатот е 12-8 за Бостон. Тајмаут одма тука на Флип и работите се смируваат. Пистонси ги стигнаа со кошеви на РИП и Принс. Негде кон крајот на прва влезе Дарк-0 со фризура ала Елвис (многу многу чкарт) и по една утка на Хамилтон сам си се избори за топка и даде еден млитав кош по што цела публика му аплаудираше ко Мајкл Џордан да се вратил на терените. Прва четвртина заврши со 25-23 за Бостон. Кај Бостон не се ни “гледа“ Пирс, али затоа расположен за игра е Трики Рики кој сам си прави секој напад да иде преку него. Паметен тип. Во втора четвртина работите се поинаку. Бостон ја презима целосната контрола. Сакаат играат брзо, па бавно, па се заебаваат со играчите на Детроит. Периодот почна со двете резервни петорки на двата тима со исклучок на Рики кој беше во тимот на Бостон и го полнеше противничкиот кош како сака. Тројки, влезови, куцања, се`. Рики играше како ѕвер. Ал Џеферсон погоди некои шутчиња (10 поена 1во пол.) иако влезе како замена. Кога на теренот се вратија играчите кои и го почнаа натпреварот, Бостон малку по малку се одлепуваше, а разликата не беше 20 на полувреме благодарејќи на РИП и Тајшон кои колку-толку играа за разлика од нивните соиграчи. Вреди да се напише за цепелинот на РИП и Биг Бен кој сигурно ќе биде на Daily top 10 листата. Рики го заврши прво полувреме со 22 поена!!! Типот станал самоуверено копиле! Резултат на полувреме 58-48 за гостите. На полувреме идам до соба, глеам Џерси се изедначено со Сиетл а Картер до полувреме има само 6 коша. У игра ги одржува Скот Паџет. Ајде... У третата Детроит се созема, посебно Чонси Билапс кој даде 3 пати по ред 2+1 од кои третиот беше навистина убав (преку Дејвис). Шид исто така почна да игра и почна и да се топи предноста на Бостон. Во игра ги одржуваше Пирс кој даде 10тина поени ама џабе... не се може сам...Рики откажа. Полека но сигурно, кош по кош Детроит стигнаа до 1 поен, кога РИП даде кош и го смени водството од тогаш па до крај, водеа Детроит. А баш мислев дека на оваа утакмица ќе изгубат! Во четврта се разигра Пол Пирс, ама и цела екипа на Детроит. Кој стигна, даде кош. Ме изненади Аројо кој даде 2-3 коша плус 2 украдени топки и се` тоа за 3 минути игра. Потоа нормално го замени Чонси кој заедно со Хамилтон ги дорешија. Флип Сандерс цела 4-та ја мењаше петорката интензивно, најверојатно за цело време да бидат свежи и да трчаат контри, што и правеа. Играа Бен, Шид, РИП, Чонси, Принс, Еванс, МекДајс и Аројо. А Бен како му ја слепи на Пирс една тоа е друга работа... Така Детроит си ја привршија партијата паметно и мудро, мењавајќи му го чуварот на Пирс за да не се размавне. Средбата заврши 115-100. (Последниот поен беше дело на Даре) Еееееее, овие Детроит колку делуваат моќно нема ни да знаете додека не ги гледате. Губат 10 разлика, за десет минути +15 за нив... делуваат како потенцијални шампиони секако. Не се како под Браун само на одбрана да се става акцентот и да даваат по 80 коша (само). Сега играат одбрана-напад, трчаат многу контри, имаат доста добри играчи и не верувам ни дека Спарс можат да ги тепаат ако играат вака. Ич не згрешија кога го сменија Лери Браун. P.S. Јес, Њу Џерси тепале 10 разлика... Од Шепард: фино лепи, убав рикеп, иако малце поише нарација ;-) За сите други, кој сака да допринесе со текст, праќајте на maknba@gmail.com.

Monday, November 14, 2005

Ексклузива: НБА на ТВ4!
NBA Macedonia ја има честа прва да ви ја соопшти веста дека по едногодишна НБА темнина, нашата омилена лига на светот сезонава дефинитивно ни се враќа, и тоа преку фреквенцијата на ТВ4. Сеа засега не е познато колку утакмици ќе гледаме неделно или од кога ќе почнат преносите, но сигурно нема да чекаме повеќе од месец дена. Свака част, ТВ4, Шеп кога ќе прочита, нозе ќе ви мие:) Шеп вика: емии.. алал да ми ви е.. бре бре.. Госпо здравје да ви дај, да ве поживеј.. ќе ви палам свеќа.. све ќе ви палам..
Би го трампале ли Гарнет?
По поминати само две недели од новата сезона веќе почнаа да се вртат разни трејд муабети, а оној кој засега привлекува најмногу внимание секако е евентуалната желба на Минесота да го трампа својот најдобар играч на сите времиња, Кевин Гарнет. Нормално, во моментов се се сведува на шпекулација која најверојатно нема многу врска со вистината, но ако Вулфси продолжат со играта каква ја покажуваат до сега и ако не успеат во следниве неколку месеци да му донесат квалитетна помош, (а не Марко Јариќ да им е главно засилување), тогаш Кевин Мекхејл и да не го направил тоа до сега, би требал да подразмисли за трампање на Кеј-Џи. Чикаго, Далас, па и Лејкерси веќе покажаа интерес, а сигурно и еден куп други екипи би се јавиле на лицитацијата за МВП-то од 2004. Мислам, зошто да не, со ваквиот скуп на играчи каков што имаат тешко дека за сто години ќе освојат нешто, а и да се појачаат малку ипак за конференциски ривал го имаат Сан Антонио, кој барем во следниве неколку години не планира да се откажува од титулата. Булси не би биле лоша алтернатива, ни за Кевин, а ни за Вулфси. Се зборува дека понудата би можела да се состои од двајца од младото трио Бен Гордон, Луол Денг и Тајсон Чендлер, плус пик од 1.рунда на следниот драфт. Тоа у никој случај не е понуда за занемарување, посебно што покрај млада екипа, ќе им даде и голема флексибилност во селари-капот, зашто не смее да се заборави дека Кеј-Џи у следниве четири години треба у џеб да стави цели 84 милиони долари!!! Сума која веројатно и ќе одбие голем број клубови кои би сакале да го имаат кај себе. Сепак, таа сума би можела да биде и предност за некои газди, каков што е Марк Кјубан, кој не ја крие желбата да го собере Гарнет, па тоа и да биде по цена на откажување од еден Дирк Новицки. Тука се и Лејкерси, кои освен Ламар Одом немаат што да понудат. Можеби драфтувањето на средношколецот Ендрју Бајнам беше баш за некоја ваква стратешка игра. Како и да е, дали пред крајот на преодниот рок во февруари или пак на крајот од сезоната, на Мекхејл ќе биде да ја донесе одлуката од која најверојатно ќе зависат следните пет-десет НБА години во Минеаполис. - Низ трејд муабетите се врти уште едно име, и тоа на екс-соиграчот на Гарнет, Стефон Марбери, муабет кој како што почнаа Никси да победуваат верувам се помалку ќе се слуша. Можда и најголемата глупост врзана со трејд на Стеф е таа дека тој ќе биде пратен во Торонто во размена за Џален Роуз, играч кој кај не им е ама ич потребен на Никси, кај кога беше у Индијана, јавно се судри со тогаш тренерот на Пејсерси, Ајзеа Томас, кој сеа е бог и батина у Њујорк. Како мамка се спомнува договорот на Роуз, кој истекува следното лето и кој на неговиот клуб ќе му заштеди 14 милиони, но не верувам дека Ајзеа ќе ја загризе таа мамка. Кога сме веќе тука, ѕирнете го линков до текстов за Стефон од Ленг Витакер од SLAM , вреди да се прочита. - The Hornets are not denying that several teams have expressed an interest in acquiring veteran P.J. Brown. But Coach Byron Scott said there are only three trade deals, which are not likely to be offered, he would consider. "The only way is if San Antonio wants to give us Tim Duncan, Minnesota gives us Kevin Garnett or Miami gives us Shaquille O' Neal," Scott said. – Ураганот Катрина веројатно оставил трајни последици врз психичкото здравје на Бајрон Скот. Или тоа, или е ептен напушен. - За ова мислам дека не треба коментар, освен дека ова е веројатно првиот асист сезонава и за Коби и за Квами.
Kings my ass
Синоќа гледав Сакраменто - Њујорк. Боље да не гледав. На Кингси не им помина втора средба по ред да бидат за нигде, а да победат. Никси стигнаа до првата победа сезонава во арената која порано важеше за кошмар за гостинските екипи. Сега одењето во Арко е како одење на излет. Кингси се уште не знаат што е тоа одбрана. Аделман мора да добие клоца. Сите у Кингси, освен можеби Пеџа на моменти, беа труби. За клупи да не збориме. Младите момци на Никси, дебитантите Фрај, Робинсон и Батлер, како и ланскиот руки Ариза се нивната иднина. Посебно Ченинг Фрај. Крафорд како да почна да се уклопува у системот на Лери. Истото важи и за Кари. Честито прва победа Никси, честито шупачка екипа, Сакраменто. Не ве гледам више. Дури и Пеџа знае дека нема иднина во Сакто. "Rumors persist that Sacramento’s Peja Stojakovic wants a trade to the Bulls or is hoping to sign here as a free agent next summer" - велат во чикашкиот Daily Herald. Ако, така и им треба. Имаше Шек право кога ги нарече Queens.

Sunday, November 13, 2005

Неколку битни работи од синоќа
Ја неам НБА на телевизија (смрт за Зора), ама затоа си пратам.. преку клипчиња и сл.

Според тоа што го видов, синоќа се десија неколку работи вредни да заземат место на блогов (плус Мемовата брилијантност, опишана во постот на Енко подоле).

Прво, Мухамед Гасол почна да се диви у клучни моменти! Во исклучително тесната завршница во Филипс Арена, птичурините на Каракаш изгубија у последна секунда – и тоа на шашма, благодарејќи на талентот на Заза Пашулиа. Имено, Мемфис, на –1, се решија да идат преку Мајк Милер за тројка (?!). Овој утна, Пашулиа жив трапав се истепа со Лоренцин Рајт, и топката дојде до Гасол, кој фино лепо си ја положи и стана анлајкли хироу. Инаку солидна партија пружи Шејн Бејтие, со 22-8-5 учинок (милина бројки). Иначе, тек сеа поврзав дека у Мемфис играат двајца добитници на титулата „Руки на годината“ (Гасоламабад и Мајк Милер).

Мо Вилијамс решава утакмица

У Милвоки пак, се случи исто така шашмарско решавање на утакмица. Во самиот финиш - +1 за Индијана и две слободни за Фреди Џонс. Првото го дава, второто го утиња, ја фаќаат Бакс, стасува на половина до Морис Вилијамс, овој ја зима негде до 2-3 метра позади тројка, од таму без размислување пул-ап скок шут, и без коски.. Индијана занемеа, пошто водеа цела утакмица.. иначе, уште една супер партија на Ти Џеј Форд и другарите, а Рон Артест „у затворот“ стварно дигал тегови и ништо друго не праел :)

Трејси Мекгреди пак, се врати порано од очекуваното и тоа одма резултираше со победа на НАСА и тоа на гости кај Нетс. Иако почна со 1 од 9 против тимот на брачед му, Ти Мек се разбуди во второто четвртина, дае од тие неговите луди шутеви, и добпринесе за враќање на самодовербата кај рестото од бандата наречена Рокетс. Статистички, неверојатно – 35 поена, 10 скока, 4 асистенции. По ова за нив битно доживување, Хјустон ги враќам во трката за титулата.

Уште еден од моите пулени за оваа сезона синоќа рокна. Џилберт Аринас, кого при пуна разум и свет го кандидирав за најдобар стрелец сезонава, успешно им ја скрши кичмата на шампионите од Сан Антонио со 43 поена и 6 асистенции. Притоа, има едно 3-4 потези на топ 10 листата за вчера.. особено ми остави впечаток еден влез меѓу буквално цела петорка на Сан Антонио, и завршница ко Џордан. Некогашниот МИП може да стане МВП. Вашингон тепаа со 15 разлика, разбира се.