Sunday, November 13, 2005

Неколку битни работи од синоќа
Ја неам НБА на телевизија (смрт за Зора), ама затоа си пратам.. преку клипчиња и сл.

Според тоа што го видов, синоќа се десија неколку работи вредни да заземат место на блогов (плус Мемовата брилијантност, опишана во постот на Енко подоле).

Прво, Мухамед Гасол почна да се диви у клучни моменти! Во исклучително тесната завршница во Филипс Арена, птичурините на Каракаш изгубија у последна секунда – и тоа на шашма, благодарејќи на талентот на Заза Пашулиа. Имено, Мемфис, на –1, се решија да идат преку Мајк Милер за тројка (?!). Овој утна, Пашулиа жив трапав се истепа со Лоренцин Рајт, и топката дојде до Гасол, кој фино лепо си ја положи и стана анлајкли хироу. Инаку солидна партија пружи Шејн Бејтие, со 22-8-5 учинок (милина бројки). Иначе, тек сеа поврзав дека у Мемфис играат двајца добитници на титулата „Руки на годината“ (Гасоламабад и Мајк Милер).

Мо Вилијамс решава утакмица

У Милвоки пак, се случи исто така шашмарско решавање на утакмица. Во самиот финиш - +1 за Индијана и две слободни за Фреди Џонс. Првото го дава, второто го утиња, ја фаќаат Бакс, стасува на половина до Морис Вилијамс, овој ја зима негде до 2-3 метра позади тројка, од таму без размислување пул-ап скок шут, и без коски.. Индијана занемеа, пошто водеа цела утакмица.. иначе, уште една супер партија на Ти Џеј Форд и другарите, а Рон Артест „у затворот“ стварно дигал тегови и ништо друго не праел :)

Трејси Мекгреди пак, се врати порано од очекуваното и тоа одма резултираше со победа на НАСА и тоа на гости кај Нетс. Иако почна со 1 од 9 против тимот на брачед му, Ти Мек се разбуди во второто четвртина, дае од тие неговите луди шутеви, и добпринесе за враќање на самодовербата кај рестото од бандата наречена Рокетс. Статистички, неверојатно – 35 поена, 10 скока, 4 асистенции. По ова за нив битно доживување, Хјустон ги враќам во трката за титулата.

Уште еден од моите пулени за оваа сезона синоќа рокна. Џилберт Аринас, кого при пуна разум и свет го кандидирав за најдобар стрелец сезонава, успешно им ја скрши кичмата на шампионите од Сан Антонио со 43 поена и 6 асистенции. Притоа, има едно 3-4 потези на топ 10 листата за вчера.. особено ми остави впечаток еден влез меѓу буквално цела петорка на Сан Антонио, и завршница ко Џордан. Некогашниот МИП може да стане МВП. Вашингон тепаа со 15 разлика, разбира се.

7 Comments:

Blogger beto # 6 said...

Иј па супер ова со Аренас ме радува тоа...типот заслужува нешто бише од роле плејер.И онака СаС ме нервираат убаво ги плеснале.Хехехе...

11/13/2005 05:30:00 pm  
Anonymous Anonymous said...

Ebave kretenite...

11/13/2005 07:40:00 pm  
Blogger Shepard said...

овој задњиов коментар мора да се запази :)

енко, немој да си го бришел. ќе го чуваме за доказ про абортусот - што све може да се изроди ако не се превземе таа мерка.

11/13/2005 09:03:00 pm  
Blogger Владо Апостолов said...

Гасоламабад, Мухамед Гасол.... абе ме умре од смеење.

Иначе ги ебавме Јута, а ? Али Мемо стварно добро изигра свака част.

11/13/2005 09:46:00 pm  
Anonymous laf said...

За сите запознаени со BitTorrent "технологијата" - најнови натпревари можете да најдете и download-ирате секој ден на:

http://bt.davka.info

...ги нема сите, ама најдобрите ги има.

11/14/2005 02:43:00 am  
Anonymous MIKI said...

ne jadi te gomna za indiana najdobri se .kaj bevte koga dva pati gi sprzija HEAT

11/14/2005 09:44:00 pm  
Anonymous bodan said...

Ga gledav hjuston-nets i iskreno ne bi gi stael u favoriti niednite.Posto im fali hemija i po eden igrac najmalu.Kao na primer greskata so rahim na nets(ni u kings necveta ama....)ili eksta plej u hjuston(pa-pa-pa-pa).

11/15/2005 02:17:00 am  

Post a Comment

<< Home