Monday, October 31, 2005

Уште малку, па ќе почне
Некоја традиција се изроди последниве години, секоја сезона пред почетокот да биде каша попара. И оваа иде у тој тек, иако со послаб степен на крш од претходните.

Тоа што беше најубитачно меѓу седмицата на Сан Антонио и Детроит, е секако, драфтот. На овој драфт продефелириаа доста битни фаци од НЦАА, и за разлика од прошлите неколку драфтови, средношколците и странците котираа малце послабо. Ако се земе у предвид и зголемувањето на ефикасноста, подеднаквата конкурентност меѓу двата брега, плус и дрескоудот, не треба многу за да се евоцираат спомени од времињата на Баркли, Хаким,Јуинг, Кемп и секако Чикаго.. Следнава сезона ги има сите предиспозиции да биде ѕверска. Еве неколку причини:

- Сите сакаат да видат што понатаму ќе прави Леброн. - Сан Антонио е веројатно појак од било кој шампион после Селтикс со Бил Расел. - Али Џи како аналитичар на ТНТ. - Фил Џексон се враќа кај Коби. На клупа ќе го дружат Пипен и Џабар. - Артест е спремен да се тепа со навијачи, опет. - Мајами направи калакурница, која ќе ги носи у екстрем – или ќе играат ненормално јако, или ќе разочараат. - По Гасол пушти брада. - Сезона без Дивац (не е баш нешто ексклузивно). - Сезона без Алан Хјустон, Реџи Милер и Стив Смит (и ако некој сеа има гз да пуца тројки..). - Јасикевичиус и Мацијаускас во Лигата. - Го заборавив погоре рап албумот на Артест.. нига факинг бич ес мадафака.. Оникс вода да му носат (иам емпетројки од него, ќе ги закачам кај да е за даунлоад). - ПРАВИЛА НА ОБЛАКАЊЕ (уште не сум го видел Ајверсон во одело). - Најавата на МекМилан дека Дариус Мајлс и компанија ќе имаат и правила за облакање на теренот. - Берон Дејвис не излегол од сала цело лето. Трејси Мекгреди исто. Ќе рокнат. - Хјустон за прв пат имаат екипа што може да потсети на времето на Хаким. - Атланта ќе има обратнопропорционален успех и убавина. Цела петорка им се топ тен материјал. - Дури 4 члена од НЦАА шампионот Северна Каролина, влегоа у прва рунда. Петтиот влезе недрафтуван. - Баграта на Хорнетс од Њу Орлеанс се пресели во Оклахома. Како ќе се снајдат после гњурењето?! - Прв пик е белец, и тоа странец. - Сите сакаат да ги видат новите дресови на Индијана, Сакраменто, и пар нови ретро варијанти. - Мутомбо и Кевин Вилис, пак ќе играат. Ја би ги тупнал у количка. - Потенцијален камбек на Џеј Вилијамс. Со две искршени нозе. - Џулиус Хоџ и Тони Ален се обвинети за силување. Ако идат у затвор, нема да играат. Закон. - Мене лично ме интересира колку средби ќе го трпат Соникс Вајс на клупата? 4-5 максимум. - Што ме копка сезонава: Џејсон Кулие, р.и.п, почина.. што ќе биде со Еди Кари?! - Уште еден момент.. ДАРКО ДА ВЛЕЗЕ!!!
Го чекам Енко да настапи со озбилното привју.

7 Comments:

Blogger shisha said...

Karakash, mora da se potrudish da dadesh prognoza

10/31/2005 02:52:00 pm  
Anonymous Boromir said...

Grizi jazik za Eddie Curry,jas da ne te grizam.Iverson nosese odelo koga go draftuvaa.72-10 Chicago,e bolji od Spurs i od bilo koj.Hornets ke se jadat so Atlanta za najatraktivna,a najslaba ekipa(izvini Enko,ne ste najslabi ama dobro mi idese sporedbava:)].Houston kako od vremeto na Hakeem?Nemaat igrac od kalibrot na d Dream,pa ni trener kao Rudy.Ali ke bide vozbudliva sezona!
P.S:Se mislam da si stavam NBA TV doma,ama prilicno skapo e:25 evra mesecno!Ama nesto ne se sjajni a?Daj neka mi kaze nekoj kako funkcionira NBA TV.Pokraj site snimki i pregledi,kolku utakmici u zivo dava nedelno i sto dava u play-off?

10/31/2005 05:31:00 pm  
Blogger Beto said...

Sekoj den po edna utakmica , a lani od plej of isto sekoj den po edna ali finale NE!Ali za tebe Knicks i onaka nema da bidat u finale:)
A i sekoj den imas edna retro utakmica(Bill Russel) i edna od 90-tite ili 80-tite.(hakeem , Jordan etc.)

10/31/2005 05:49:00 pm  
Blogger zare said...

Zavisi za koja NBATV..Ako mislis na originalnata togas imas 1 do 2 utakmici nedelno,,ali zatoa imas dneven pregled najnovi emisii i dr ekskluzivni raboti ..A ova BEto sto go pisuva e za francuskata NBA+koja ovaa godina ke dava po dve utakmici u zivo ali nie nema da ja gleame u skoro..A imas i drugi Turska NBA,Ruska,Arapska i dr..

10/31/2005 06:12:00 pm  
Blogger Shepard said...

боромир, си чул бе ти за маркетинг?

коа ги слушаш политичарите стварно мислиш дека ќе влеземе у еу?

ај бе, филмокршачи..

еј, не` има на он.нет.мк

10/31/2005 07:14:00 pm  
Blogger Karakash said...

Вака, NBA TV, од било која земја, у првата недела врши по два преноса секоја вечер, тоа е така секоја premier week. Од 07.11. секоја вечер оди по една утакмица. Бето е прав, има рег. сезона, плеј-оф, ама финале - јок.
Shisha, се знаеме или...?:)
прогноза следи утре.

10/31/2005 09:24:00 pm  
Anonymous Boromir said...

Dobro be Shep,i ja malce da se napraam smart ass:).Inace te boli kur,bas ti e citlivo previewto.
A za NBA TV se rasprasav,i mislam deka Zare e prav. 2 do 3 utakmici nedelno u zivo i edno cudo pregledi.Toa preku SKY paketot.Aj neka razbere nekoj dali ima sansi da se kupi canal+ france.Fala.Ke razmislam,prilicno e skapo za 2 prenosa nedelno.Baska fax treba da zavrsam:)

11/01/2005 09:03:00 am  

Post a Comment

<< Home