Tuesday, October 25, 2005

Preview: Phoenix Suns
Трампата Кју за Томас, нит беше логична за Никс, нит за Санс. Ајзеа се потврди дека е шупак, а Коланџело најави дека ќе го ебе ѕверот од тим што лани хараше по Лигата

Све, све, ама распуст не: Феникс летоска успеа од елитен тим да си го деградира ростерот со само неколку потега. Првин, го трампаа Q Ричардсон во Њујорк за Курт Томас (океј, потегот со Томас сега ќе се компензира со повредата на Амари), со што го загубија шампионот у пуцање тројки и си отворија рупа на двојка/тројка. Следен бисерен потег беше трампата на Џо Џонсон во Атланта – за никој друг, туку тулумбата Борис Дио и два идни пикови! И после тоа, ги оставија Стивен Хантер и Бо Аутло (на моменти бриљираа лани, а и во плејофот се покажаа) и како замена го донесоа Брајан Марли Грент. На двојка и тројка се „појачаа“ со Раџа Бел (ќе им игра у прва петорка заедно со Дио) и Еди Хаус. Со еден збор – потезите на управата на Санси се „сакам кажам – не знам речам“. Тотално ја сменија концепцијата на екипата од ран енд ган во некоја импровизирана стандардна формација (центар Курт, четворка Амари), која јас ја доживувам ептен скептички. Палец надоле.

Единствен позитивен потег е што со 54. пик го избраа Дижон Томпсон, талентот од УКЛА, кој беше лани во првиот тим на Ол-ПАК-10 конференцијата во НЦАА. Според играта во колеџ, има шанси за напредок.

Всушност, Коланџело самиот си изјави дека се спрема да ги тепа Спарси. Океј, добија голем човек што ќе се замара со Данкан – Томас, добија пар одвратни фаци со кои ќе умртват игра, ама па во меѓувреме го изгубија ланскиот лик.. без грам памет!

И натаму светат: Амари, Неш, Матриксот, Волтер Меккарти, Џим Џексон, Роналдињо Барбоса, Пол Ширли

Огреаа: Дижон Томсон (54. на драфт), Курт Томас од ЊуЈорк, Борис Дио од Атланта, Раџа Бел од Јута, Пет Бурки од некоја крчма во Ирска, Брајан Грент од Лејкерс, Еди Хаус од Сакраменто, Џејмс Џонс од Индијана

Зајдоа: Џејк Воскул во Шарлот, Квентин Ричардсон во Никс, Џо Џонсон во Хоукс, Стивен Хантер во Сиксерс, Бо Аутло во Орландо

Апгрејд на тимот: Курт Томас. Човекот со најмазно шутче од полудистанца, и најскромниот центар, иако добиен во најшашма трампата летоска, сега ќе биде битен (во првата половина на сезоната) во пополнувањето на вакуумот во рекетот што го создаде коленцето на Амари. Ако си ги повтори респектабилни дабл-дабл партии од лани, ќе помогне во неутрализирањето на болката што им ја причини повредата на Горилото. Башка додава малце одбрамбен дух, нешто што се осети дека им фали лани во плејофот. Ај нека е за арно, вика Коланџело.

Тренер: Од тоталка лузер, лани Мајк Д`Антони стана тренер на годината (во својата само трета сезона како хед коуч). Првите две сезони во Феникс му беа убитачни, со некои мизерни триесетина посто успех. Лани пак, дојде до најдобриот сезонски резултат, со цели 62 даблјуа, или во превод 75 посто. Поразите сите му беа под олеснителни околности – кога некој му беше повреден. Значи, Д`Антони е одличен тренер. Е сега, прашалник ми е колку ќе се снајде со Бел и Дио во први пет, и пола сезона без клучниот играч. Он е тип што сака да игра брзо, напаѓачки, шутерски.. Бел и Дио се далеку од катастрофа, ама па и далеку од Кју и Џо. А па кога ќе се врати Амари ќе мора да се прилагоди на петорка Неш – Бел – Матрикс – Амари – Курт, што значи дека ќе мора да мења тактика.. сумљиво, сумљиво.. се надевам ќе се знајде, ама не гарантирам :)

Под притисок: Матриксот. Шон Мерион после ланската бламажа со Спарси, мора како знае и умее да се пере.

Кога го мислев одамна текстов, бев сигурен дека тука ќе го лупнам Амари или Неш. Неш отпадна – МВП е, и во него нема сумља дека ќе даде се` од себе, се подразбира. Подобро од лани, не може да изигра. Значи остана Амари и прашањето за неговиот напредок – ментално и дефанзивно. Ама сега, во новонастанатата ситуација, него не го есапам, па така Матриксот ми е на тапет - мора да поплни дел од празнината што ја предизвика Амари, мора да пополни дел од мањакот на Бел и Дио, мора да ја повтори играта од лани.. уствари не мора, ама пожелно е, ако сака плејоф.

Амари, жив среќен после потпишување екстензија на договорот. Најави подобар резултат од лани.

Епилог: Кога ги планиравме привјуата со Енко, си рековме фаворитите да ги оставиме за на крај. Пошто Феникс лани беше еден од малкуте фаворити, гос тавивме лејт он д скеџуал. Ама, се деси тоа пехот, веќе неколку пати спомнат погоре, па скилот на момците од пустињата како вртоглаво да падна.

Факт е дека ако имаат бар 40 посто победи до враќањето на Амари можат да бидат задоволни. Факт е дека, нема да има ни Т од ланскиот ТИМ што го имаа (не Данкан). Факт е дека, ако влезат во плејоф, ќе се мукаат со Сан Антонио/Сакраменто/Денвер/Хјустон, и ќе бидат „оштетени“ со мањак утакмици на домашен терен.. се` на се`, ланскиот успех, оваа сезона, нема да го повторат.

Исто така, реално е дури и да не влезат во плејоф. Никој нема муда да ги отпише, ама јасно е дека на Колаџело и Д`Антони им гори под газот. Оваа сезона ќе ја почнат со само двајца од ланските први пет. Ќе им фали ланскиот прв стрелец и скокач, ќе фалат шутери што Неш ќе треба да ги храни, ќе фали и брзина и убиствен инстинкт во нападот.

Феникс, во однос на ланското прво место на Запад, ќе доживее слободен пад. Ќе го јадат од сите екипи за кои сеуште не сме напишале привју, и ќе треба да се концентрираат да не кикснат против слабаците.

Утакмиците кои ги завршуваа со по 120 поена, оваа сезона ќе им се повторат само кога ќе играат продолженија. Едноставно, си го осакатија тимот, а и Амари ги осакати. Може звучам песимистички, ама чекајте да видите како не можат да дојдат ни до 70 против Детроит..

Се` на се` - ако се стегнат – од 5-8 место на Запад.. ако не.. со судни маки плејоф.. ако потфрлат.. повеќе среќа догодина.

Е, ако се оствари една од првите две опции, во плејоф може да доживеат буст – сепак јадрото од лани им е истото. Ама, финале на Запад со минимална веројатност (но не исклучено). Таму пак – може да играат жилаво со Спарси – новиов тим им е правен со таа цел.

Резиме: Лани, ко песна им беше да дојдат до Спарс. Таму попија чекан. Летово проектираа тим што ќе им конкурира на Спарс. Само што сега првин треба да стасаат до нив, а патот им е милиони километри со пречки. Замаглена иднина, со шанси за секаков исход. Најверојатно мизерен.

Karakash takes: Вака гледам ја на Санси: Уствари, ја не знам како да гледам на Санси затоа што во нив ич не го гледам тимот кој лани ја изненади цела лига и со својата ран енд ган игра го освои Западот. Ги нема Џо и Кју, а на подолго нема ни да го имаат Амаре, кој ќе одмара најмалце до Ол-Стар, ако не и јаче. Од ланските стартери остануваат МВП Неш и Мерион, и толку. Нови у први пет им се Курт Томас, Раџа Бел?!?!?! и уште некој, засега недефиниран. Сигурен сум дека нема да го имаат ланскиот страшен напад, ги немаат најдобрите двајца шутери, а ќе го немаат ни Ѕверот. Во негово отуство рекетот ќе го "чуваат" Брајан Марли Грент и Томас. Тужно. За нивна среќа, дивизијата им е каша-попара, така да ништо чудно со враќање на здрав Амаре (?) да го освојат Пацификот, па да бидат 3. на Запад. Мислам дека лани беа најблиску до правење нешто побитно по '93 и дека таа шанса тешко дека ќе ја добијат пак, барем не со овие играчи кои ги имаат. One year wonder Suns? I think so.

4 Comments:

Blogger Beto said...

Definitivno , Suns go imaa najglupoto leto nekogash.C c c toj Kolandzelo neviden shupak!

10/26/2005 05:19:00 pm  
Anonymous Anonymous said...

Great work!
[url=http://kodeqbow.com/rnmj/xlgu.html]My homepage[/url] | [url=http://vtcxckdo.com/kfix/acto.html]Cool site[/url]

9/13/2006 08:33:00 pm  
Anonymous Anonymous said...

Thank you!
My homepage | Please visit

9/13/2006 08:33:00 pm  
Anonymous Anonymous said...

Nice site!
http://kodeqbow.com/rnmj/xlgu.html | http://dqctuysy.com/bcyl/rvfm.html

9/13/2006 08:34:00 pm  

Post a Comment

<< Home