И натаму ќе ги дува промаја: Тајсон Чендлер, Бен Гордон, Кирк Хајнрих, Луол Денг, Андрес Ночиони, Ерик Пиатковски, Лоренс Фанденбурк, Едриан Грифин, Крис Духон, Отела Херингтон, Џанеро Парго
Развигорчиња: Малик Ален (Шарлот), Дариус Сонгаила (Сакраменто), Тим Томас, Мајк Свитни, Џемејн Џексон (ЊуЈорк), Еди Басден (од немајкаде)
Однесено од ветрот: Еди Кари и Антонио Дејвис (ЊуЈорк), Џеред Рејнер и Френк Вилијамс (Клиперси)
Најбитно ново лице: Тим Томас. Типот иако сее недоверба и негативна енергија, сепак е голем (сеуште) потенцијал, олараунд 2-10 типче, кој игра на секоја позиција. Ако размислува и рационално го искористи тоа што му е дадено од мајка природа, тогаш може да биде.. пуу.. немам зборови. Ама он е уште еден од плејадата Џи Јунит играчи без грам памет, со многу платина на себе и причина за играње – зелените. Сепак, ако игра на 4, ќе го премести Чендлер на центар, а Луол Денг ќе може да остане во првите пет на 3, со што ќе бидат една од подинамичните предни линии во Лигата. И тек ако Томас прифати дека не е најдобар и дека на времето Џордан бил подобар од него, ќе има место за напредок.
Тренер: Скот Скајлс е еден од најбитните членови на новата генерација тренери (53 посто успех во кариерата). Јас искрено, прва слика што ја добивам кога ќе го чујам неговото име е сликицата од еден албум со самплепливи, како води топка и му се веат 2-те влакна на ќељавицата. Шала на страна, Скот Скајлс е перфектен тренер за тим кој целата игра ја базира на плејот, а Чикаго е токму таков тим. Во Феникс го учеше Џејсон Кид, а потоа и Марбери, а од пред две години му е ментор на кошаркарскиот Хаклбери Фин – Кирк Хајнрих. Првата сезона во Чикаго му беше дебакл, ама затоа лани што убаво изненади со првото и за влакно пласман во второто коло од плејофот. Годинава нема зошто да не продолжи во ист стил.
Најмногу ќе зависат од играта на Чендлер. Сега Тајсон е во многу поповолна ситуација, без Кари и Дејвис, и ќе има доволно минути да ги оправда очекувањата. Иако на хартија најважни во екипата ќе бидат Хајнрих и Гордон, сепак Чендлер ќе ја има најклучната улога. Рекетот е оставен на негова одговорност. Ќе треба да игра поконстантно, да пружа секојдневно дабл-дабл партии и да прекине да прави глупи фаули. И нормално да покаже малце муда кога е густо. Прасето Свитни или Тим Томас или Сонгаила или Отела Херингтон не се тие кои треба да бидат inside presence во тимот на Булси. Тие треба да бидат поддршка за него.
Епилог: ако играат како лани, пак плејоф. Покажаа дека бејби булс станале волови, спремни за конкуренција, спремни да се соочат со се` на патот. Е сега, многу големо значење ќе има и здравјето на битните фаци, особено Чендлер, па и Хајнрих и Гордон, кои покажале дека се подложни на повреди.
Чикаго пак ќе игра прекрасна кошарка, Бен Гордон ќе напредува, Чендлер би требало конечно да покаже дека е играч (ако потфрли, нека иде у ЦСКА Софија) и веројатно Тим Томас ќе пружи чат пат солидна партија, што мислам дека е доволно за првото коло, евентуално по игра на среќа и некоја рунда понатака.
Сепак, за нив секогаш мора да се има и друго сценарио, како на пример: повреди, Тим Томас „се враќа во форма“, се јавуваат недоразбирања, Скајлс лета од екипата, а догодина Џон Пексон има убава позиција на драфтот.
7 Comments:
Гордон лани ептен изненади(барем мене). Али! Се плашам дека он ќе биде само еден од оние играчи шо имале супер руки сезона а тапа кариера. Сеа само на Мајк Милер ми текнува. А и Кармело играше послабо втората година....
Незнам колку ќе фали Кари, иначе Томас мислам дека може да изненади.
Beto, zemi gi.. washingto wizards. odgovara??!?!?! prati na maknba@gmail.com [ako sakash daj ime i prezime da ti stavime :)]
abe види шо убав е свитни, не го мењам.
а тим томас.. е ме мрзи :Р
Luge ke vidite vie koj ke bide sampion na istokot :) i sto go zaboravate argentinecot igra fenomenalno andres nocioni i sudanecot ima samo 19 godini a veke e starter
Nice site!
[url=http://qqzfmuzq.com/epfb/goyy.html]My homepage[/url] | [url=http://rwiemjzc.com/ainw/aamp.html]Cool site[/url]
Great work!
My homepage | Please visit
Nice site!
http://qqzfmuzq.com/epfb/goyy.html | http://mdpkmvcg.com/chnp/pbhk.html
Post a Comment
<< Home