Monday, October 17, 2005

Dresscode
Пип демонстрира олд скул начин на облекување
T-Mac во „елегантно“ издание
If ya wanna be among th'pros, you gotta look like one of'em!

Една од задњите вести у Лигата е дека Дејвид Штерн воведува дрескоуд за играчите. Веројатно на човекот му е преку глава од генгста изглед и ликови кои се облечени како во спот на 50 Cent.

НБА во последниве години значително го смени имиџот. Почнаа да се пропагираат различни вредности, почна да се продава чалам, да се промовира „платина и дијаманти“ мода, што според лицата од управата, на младината и` дава грешна порака.

До некаде се во право. Порано играчите беа идоли, херои и се стремеа кон повисоки вредности. Особено црнците. Џордан, Меџик, Хаким и другите се стремеа на заедницата да и` доближат благородни вредности, а со тоа и малку поелегантен дрескоуд – оделце, кошулче и се` на се`, одмерен изглед.

Јас лично ја поддржувам целата хип-хоп култура и модата, дури понекогаш носам троубекс, ланци, а спуштени панталони ми се стандард. Меѓутоа, модата на АЈверсон и дургарите се состои во перверзно скапи ланци и накит, фластери на образ како Нели, платинести зуби, некои исиотски а сепак прескапи кичераи од јакни и панталони и во глобала, пренапувана „руба“ за сечие око. Мене ми е гадно кога го гледам Рип Хамилтон после утакмица у пет броја поголем дрес „Рип Таун“, погаден од говно, па уште со некој ланец номинално поскап отколку целото гето од кое е дојден, и капак на се`, патиките за еднократна употреба – кои се одврзани и со некој кич детаљ. ЦИГАН!

Има милион примери – Ајверсон, Артест, Тим Томас – сите тие промовираат некој ПИМП – генгста – имам пари стил, кој е апсолутно бизарен, затоа што облеката на нив е незамисливо грда и го квари имиџот на елеганција, кон кој Лигата се стреми.

Бај д веј, Дејвид Штерн обрати и пажња и на дрескоудот и на теренот, иако тоа не му е примарна цел. За мене и тоа е проблем – побогу, па во Лигата што треба да биде врвна кошарка, владеат вредностите на Енд Уан баскетџиите.. мислам, се` со усул. Слобода на облекување, ама кога веќе се носат дресови, кога постојат правила и кога народ плаќа да гледа, нека биде малку вкусно. Не поштуем шорцеви од кои се сопињаш, чорапа до над колено (втф им е тоа?!), стегачи повеќе од потребно, номадски стегачи накриво го Дру Гуден или шалабајзерски ко ДеШон Стивенсон.

UPDATE: Абе анкетава изглеа сврши а? Коби освои 12.. да турам нова?! Или играме до 21?! :)

7 Comments:

Blogger zare said...

Za anketata mozes da stais prasanje koj ke bide najdobar strelec ..

10/17/2005 12:10:00 pm  
Blogger Shepard said...

море ќе стаам 2-3 анкети, али другачие малце.. за овие работиве, санси без амари, дрескоуд, кој од засилувањата е најбитно.. и то..

10/17/2005 02:02:00 pm  
Anonymous Anonymous said...

E kad bih znao čirilicu...

10/17/2005 05:39:00 pm  
Blogger Shepard said...

lesno e priajtele, isto kao latinica, samo вака :)

10/17/2005 05:45:00 pm  
Anonymous Boromir said...

Momci,kao golemi NBA poznavaci sigurno vi bi bilo predizvik da poigrame malku NBA fantasy.Ja veke napraviv mala liga,na koja gi pokaniv Enko i Shepard(proverete si mail),i plus eden drugar od Praga.Moze uste nekoj ako saka,ke kontaktirame tuka,u comments.A Enko i Shepard neka se priklucat do cetvrtok sledejki gi instrukciite.U petok namestiv autodraft(enko ne se buni!),mislam deka e bolje za start.Aj taka.Se slusame utre

10/17/2005 07:31:00 pm  
Blogger Shepard said...

абе нема љутиш, ама ние сме у една друга лига.. ако сакаш да те поканиме ние тебе.. или да фураме у две лиги..

јебешга, ќе се договориме уз пиво.

а може да напраиме и наша сопствена тука на блогов, со малце другачие правила.

10/17/2005 08:20:00 pm  
Anonymous Boromir said...

Epa aj nesto.Pratete mi pokana od taa vasata liga,ili od ovaa na blogov. znikolovski@yahoo.com
Fala

10/18/2005 11:26:00 am  

Post a Comment

<< Home