Нема потреба човек да арчи зборови за Владиатаорот. Банално е да се појаснува неговото значење за југословенската и европската кошарка. Не треба ни да се споменува неговата улога на лидер во Лејкерси после Меџик, потоа во Хорнетси и секако, неизмерно важната улога во некогашниот тим на Кингси со шампионски калибар. Нема да се заборави ниту неговата улога во популаризирањето на Лигата ширум Европа, а нема ни да се запорави и новата категорија на вештини која тој ја воведе на теренот: глумата против Шек.
Сепак, колку од „симболичко“, Дивац е и од практично значење за НБА.Владе Дивац е единствениот играч покрај Хаким Д Дрим Олајџувон и Карим Абдул Џабар, што кариерата ја завршува со 13000 поени, 9000 скока, 3000 асистенции и 1500 банани. Рамо до рамо со двајцата колоси..
НБА кариерата сепак ја завршува со не толку луксузни, но задоволителни просеци: скоро 12 поена, преку 8 скока, 3 асистенции и скоро 1.5 блокади по натпревар.
Во кариерата како почести ги има примено изборот во првата руки петорка во 1990, и играњето на Олстарот 11 години покасно. Сепак, за неговото име се врзани доста клубски рекорди во тимовите на Лејкерси, Шарлот Хорнетс и Сакраменто.
На репрезентативно ниво, тој беше константен член и еден од столбовите во тимот на СРЈ и подоцна СЦГ во 90-тите, а има и доста медали: европските злата од 1989, 1991, 1995 и светските од 1990, 1998 и 2002, како и олимписките сребра од Лос Анџелес и Атланта.
За крај, со треперлив глас и насолзени очи (океј, не толку татрално) го испраќам у пензија еден од моите кошаркарски идоли, неповторливиот Владе Дивац.
Легендата ќе продолжи да живее.
Линк: Истава статија, неофицијална верзија, бај Каракаш, летоска.
6 Comments:
Ех Владе.... Многу го поштувам човекот, ама многу се нервирам за една работа поврзана со него. Тоа е фамата која се ствараше за тоа “колку добро го чува Шекил...“. Па ајде ви се молам, само погледнете ги статистиките на Шек во дуелите против Дивац и ќе стане јасно колку “добро“ го чувал (мислам на натпреварите Лејкерс-Сакраменто). Поради големото анти-лејкерс расположение што владееше, Дивац ќе се подмести и ќе изнуди 2-3 фаула во напад од Шек и веднаш сите почнуваат: “виде ли Шек не мрдна покрај Дивац“...абе ајде таму...
п.с. Како ќе ги исплескаме Холандија во среда!!!
vaka:
1.idesh u control panel
2.regional and language options
3.gore birash language
4.klikash na details
5.klikash add
6.birash makedonski (fyro macedonian)
ok,i gotovo
otkako kje instalirash kirlica, restartirash.
psole toa ja koristish komandata:
ALT+SHIFT
za menjanje jazik (shaltanje :)
primer:
poshuvam latinica, klikam alt+shift, сега пишувам кирилица, пак кликам, pa sega pak latinica.. i to!
Pa i redno vreme bese da go snema,kolku i da bese dobar negovoto breme odamna pomina.Samo da ne mu tekne da napravi kambek sto i ne bi me iznenadilo..Kolku pati samo ja smeni izjavata se povlekuvam ,ne se povlekuvam, dobro sto go oslobodija od Lejkers..
Aj prvo za Vlade.
Strasen vpecatok ostavi. Kolku i da ima protivnici na negovata igra, brojkite dovolno zborat. Pogotovo sto vo nitu eden od trite tima ne bese prva opcija vo napadot.
Selektorot e u pravo vo vrska so Sek, ali nego nikoj ne moze da go cuva, pa Vlade se snaodjase najdobro sto moze i ponekogas nosese i rezultat.
Aj sega so zdravje se citame kon krajot na mesecot.
Offchar i Karakash samo prodolzete taka.
www0926
moncler outlet
tory burch outlet
jordans
adidas clothing
canada goose outlet
longchamp outlet
nike shoes
jordan uk
salomon shoes
kate spade outlet
Post a Comment
<< Home