Friday, October 07, 2005

Preview: TORONTO RAPTORS

Пред да почнам сакам да напоменам дека Репторси оваа сезона у екипата ќе имаат четворица Вилијамси. Ништо битно, ама чисто информативно. Ќе биде мука на преноси само.. ај да не должам многу.

Летен распуст: Летово Репторси направија некои доста паметни потези, но ништо бомбастично. Се беше во духот на моменталната „under construction“ политика на клубот, која изгледа ќе потрае се додека Крис Бош не стане идниот Гарнет или сл.

Потег што многу го испоштував од субјективни причини беше драфтувањето на Вилануева како седми пик у прва рунда. Друг потег вреден за риспект е донесувањето на Калдерон од Тау Керамика, и тоа не преку драфтот, со што добија одличен плеј за ситни пари. Плус малце дух и искуство за екипата. Добар беше последниот потег со Алстон за Мајк Џејмс, бидејќи и на така раштиманата екипа на местото на проблематичниот Енд Уан баскетџија, донесоа плеј што игра според инструкциите.

Да не забораам, на драфтот го собраа и Роко Лени Укич, кој на подолги патеки го гледаат како Џинобили двојка. Пркна малце на Европското, али ќе си остане уште некоја година во Европа.

Лошо за Торонто е што го изгубија Маршал (се сеќавате на тројките лани?!) и тоа како фри ејџент.

Константи: Рафаел Араухо, Крис Бош, Мет Бонер, Мо Пит, Џејлејн Роуз, Арон В., Алвин В., Ерик В., Лорен Вудс, Омар Кук е сеуште слободен агент

Увоз: Чарли Вилануева (7. пик), Роко Укич (41. пик), Џои Греем (16.), Урош Ху Д Фак Сколар (58.), Тиери Браун од Лејкерс, Калдерон од Тау Керамика, Брајант Метјуз, Тори Морис и Роберт Пек (се враќа ѕверот) од Европа, Кори В. од немајкаде, Мајк Џејмс од Хјустон

Извоз: Дониел Маршал и Милт Паласио како сл. агенти, Рејфер Алстон во Хјустон и Лемонд Мари кој го отпуштија

Најважно засилување: малце ми е дискутабилно, ама мислам дека Вилануева е тој кој ќе го добие овој епитет. Прво – ја пополнува дупката во и околу рекетот и овозможува Бош да се премести на петка. Второ – голем играч што е неверојатен скокач во напад, дрибла, додава, шутира, куца, се гура, се бори, размислува (али не игра толку добро одбрана) е увек добредојден. Можеби го преценија на драфтот, поради тоа што има етикета на кошаркар кој не е многу психички јак, ама ако се земе во предвид дека може уште сега да допринесе со партии како во ЈуКонн Хаскис, кај што преклани одлично се уклопи од клупа, а лани беше вистински лидер (и статистички и со играта), ондак звучи како пун погодок. Покрај Емека и Џош Бун се навикна да игра во тандем со уште еден висок играч, па сега би требало да има одлична соработка со Крис Бош, и мислам дека за пар години (ако продужи да се развива) ќе станат топ висок тандем во Лигата.

Тренер: Сем Мичел е уште еден од плејадата тазе тренери у лигата. Лани го водеше тимот на сите 82 утакмици, при што за таа демолирана екипа имаше солиден успех од 40 посто. Особено ми се свиѓа што преферира колективна игра, и баш поради тоа беше еден од факторите за експедирање на фејкерот Винс (го викаа Ер Канада еееј, а он како им врати). После заминувањето на Винс екипата дури и се подобри, па така да оваа сезона би требало да продолжи да ги води Репторси на прав пут, но само теоретски, зашто практично имаат дефицит на талент и искуство за нешто повеќе.

Играч од кој многу ќе зависат: Тука прв на памет ми иде Џејлејн Роуз, ама кога ќе ми текне колку е нестабилен, а богами и колку кадар имаат на негова позиција, се предомислувам. Пре би рекол Крис Бош – типот лани се покажа како битен елемент, а со оглед на тоа што он им е едина надеж у фронткортот, тогаш без сомнеж, од него ќе зависи најмногу. Млад е, паметен е, фаца е, го има „вистинското“ во себе, па зошто да не оцврсне и пружи солидна дабл дабл сезона, притоа наметнувајќи се како лидер.

Епилог: На исток нема многу конкуренција, ама плејоф би бил преголем залак за оваа екипа. Ќе се мрцварат во долната половина на тебелата, ама не на самото дно. Ако лани беа 33-49, годинава треба да се трудат да не паднат под 33-ката, а за повеќе од тоа, чисто сумљам.

Малку е невообичаено што на ниските позиции имаат 8-9 играчи, иако само Алвин Вилијамс (ако е здрав), Калдерон, Роуз, Питерсон и евентуално Мајк Џејмс се достојни за Лигата. Роберт Пек е само сенка од минатото, другите се све пациенти. Под кош, каква таква поддршка ќе имаат од Арон Вилијамс, ама и таму другите се дива лига. Џои Греем дава малце надеж, пошто е добро подготвен за про конкуренција, а игра од бек до центар, па ако он се ухода, тогаш би можеле да пркнат и евентуално да се качат некое местенце нагоре. Ама плејоф – тешко.

5 Comments:

Blogger zare said...

Steta sto ke potrae ova rekonstrukcijava podolgo vreme ..Samo da ne gi preselat vo drug grad.

10/07/2005 12:50:00 pm  
Anonymous Prague Rocks said...

karakash u got mail! U got mail! U got mail! A za Toronto sto da kazam,moze da bidat kako Denver do pred dve sezoni.Znaci so dobar rebuilding process, za edno pet godini,u Play-off.Blagodarenie na omileniot igrac na Zare:)

10/07/2005 02:58:00 pm  
Blogger Shepard said...

абе автор на текстов не е каракаш, ја сум. каракаш е у софија на службен пат.

море ќе бидат не ко денвер, ко неметали огражден

10/07/2005 03:21:00 pm  
Anonymous Prague Rocks said...

Izvini offchar,ama cim sum te pomesal so karakash,znaci si dobar i treba kako kompliment da go svatis:). A koga ke se vrati on, mu pustiv preview za knicksi na mail

10/07/2005 03:56:00 pm  
Blogger Beto said...

100% ke pidat poloshi od prosla sezona.Ukic da doeshe malku ke smeneshe , no barem na podobro.A Vilanueva....Kolina u NBA.Playoff---nikako!(bez Vince NLO)

10/07/2005 05:44:00 pm  

Post a Comment

<< Home