Tuesday, July 26, 2005

A tribute to Shawn Kemp
by Anastas Shepard Енко, што не ти требаше да ме рчкаш за Кемп. Кемп е официјално човекот поради кого прогледав кошарка. Играч поради кој почнав да играм.. човек кој неизмерно го почитував, а и сеуште го почитувам неговиот лик и дело. Иако заврши како што заврши, сепак, Кемп за мене ќе остане посебен лик – херој од раното детство. Што толку ми се допаѓаше кај „Дождовниот човек“ ? (За мене во тој период, поради Љубомир Николовски, беше дождовник, и сега глупо ми е да го прекрстам во владетел – дури и на моите цртежи го цртав со прорјни врнежи во позадина.) Кемп беше еден вид бунтовник. Играч кој отстапуваше од секаква шема, нескротлив и жилав. Со физикус печен за четворка, а подвижен како бекче, моќен како центар. Играч што ако му ја дадеш во рекет, ќе се изгура или ќе направи некој ролинг од типот на Хаким, и ќе ја закуца со авторитет. Или ако му ја дадеш надвор, ќе влезе и ќе ја забие МОЌНО. Или ако му играш агресивно фластер, ќе те излета и ќе се отвори за цепелин. Или на крај краева, фино, скок-шут од полудистанца и лесни два. Знаеше да се избори за офанзивен скок и да ја забие од одбојка. Гинеше и под сопствениот кош, често пати и со стоки поголеми од него. И знаеше да лепне некоја банана, како онаа на Џордан во финалето `96-та. Уф, и знаеше да направи шоу после секој потег. Знаеше.. Едноставно, беше агилен, полн со желба за надигрување, за победа. Зборувам за првите сезони, во Сиетл.. со преминот во Кавси стана сосема друг човек – рамнодушен, со единствена цел – парите. И пропандна. Пропадна од „своја глава“. Еден од ретките случаи кога играч оди кон зајдисонцето, без да доживее катастрофална повреда. Повредата што ја имаше во Кливленд дојде едноставно како капак.. Кемп беше играчиште. Не беше во елитните „носители“ на тимови (дури во Соникси го рачунаа и како втора виолина, после Ракавицата Пејтон), ама беше играч кој секој тим би го посакал. Неговите бројки во кариерата се 14,6 поени и 8,4 скока и реализација од поле скоро 49%. Но, во Сиетл, 6 последователни сезони имаше одлични дабл-дабл бројки и во 5 од нив реализација преку 50% од поле (периодот од 1991 – 1997), а зенитот на неговата кариера беше сезоната 1995-1996, кога Соникси стасаа до финалето и изгубија од машинеријата на Чикаго. Таа сезона Кемп имаше импозантни цифри: 19,6 поени на неверојатни 56,1% од поле, 11,4 скокови, 1,6 банани и сето тоа за само 33 минути по натпревар!!! Имаше и ситна повреда – го истегна левиот глужд, ама прележа само 3 утакмици, и уште три ги почна „од клупа“. Од 79 натпревари, само на 3 постигна помалце од 10 поена, 4 пати пројде преку триесет поени, беше 4 година по ред избран за All Star настап, и тоа во првата петорка на Запад, и два пати беше играч на неделата. Нема да се заборави и неговиот настап на Светското првенство 1994 во Торонто, каде што беше избран во петорката на Првенството а со Dream Team II освои златен медал.
Profile: Позиција – ултимативна четворка. Иако секој натпревар скокаше за топка, сепак четворка е неговата позиција. Во сезоните кога беше свинче го ставаа и центар, ама не му лежи баш. Почетоци: Роден е на 26.11.1969 – сега има 35 години – во Лигата влезе сезоната 1989-1990, избран како 17 на Драфтот директно од средното школо Конкорд. [Инаку Драфтот од 1989 важи како еден од најлошите во историјата, бидејќи таква 1-2 утка се нема видено.. 1. Первис Елисон; 2. Дени Фери; 3. Шон Елиот (се јаде некако); 4. Глен Рајс... 11. Ник Андерсон; 12. Муки Блејлок... 14. Тим Хардавеј... 26. Владе Дивац... 36. Клифорд Робинсон... 40. Дино Раџа – впрочем, како најдобар дебитант беше избран Дејвид Робинсон, кој влезе 2 години порано, ама тие 2 сезони си ги помина во Морнарицата на САД, а во првата руки петорка беа Дивац, Шерман Даглас, Тим Хардавеј и Пух Ричардсон] Физикус: Висок е 2,08 (понизок е, ама ова е мерено со патики) а тежок е 127 кила (сега е ослабнат, околу 110 е) Достигнувања: 5 пати избран на All Star Game, 2 пати избран во втората NBA петорка, избран во првата петорка на Светското Првенство 1994 и златен медал со САД, шампион на Запад со Сиетл во 1996. Преселби: во 1997 во Кливленд, во 2000 во Портланд, во 2002 во Орландо, во Оклахома Сторм во полуаматерската USBL во 2004. Опис на Хупсхајп: Once a star... No longer... Could do some of the dirty work... Conditioning was a big concern.

11 Comments:

Blogger Владо Апостолов said...

Бев сведок на најдобрата сезоа на Кемп. Типот беше луд. Кога поубаво ќе размислам оттогаш нема таков играч. Типот сам си се заеба. Епизодата со Кливленд беше катастрофа. Нешто малку пркна во Портланд и толку. За Орландо не се ни збори.
Стар е, незнам колку ќе може да се врати да игра, али ОК.

П.С.

Ми текнуе на бананат што му ја залепи на Џордан. Тогаш со саати се карав со едно другарче дека Џордан сепак е подобар играч и дека е нормално една 4 (тогаш најдобрата) да му залепи банана.

7/26/2005 11:48:00 am  
Anonymous Prague Rocks said...

Znaete deka kucal na 11 godini!Pa sto luge se tie:) I ja isto bev negov ogromen fan,pogotovo u finaleto protiv Bulls.Koga mu se kaci na Rodman na glava(vidi slika),viknav tolku jako sto tatko mi ke me izbrkase od doma.Neznam dali sme bile mali deca,ama nemase nekoj sto ne go obozavase Kemp.Od togas,se pojavija edno cudo kucaci,ama samo Carter bese "on another level".Lele kolku memorii mi otvori more enko.Se sekavate na:"Butler resi da zabiva preku Shawn Kemp;golema,golema greska:). (Mu ja fati ziva so dve race) A isto i Payton e mnogu biten u negovata kariera.Koga bea zaedno bea 3 pati podobri igraci.I vikas ke se vraka?Nekako mnogu optimisticki mi pisuvate okolu toa,ja iskreno mislam nema sansi.Ali da se nadevame.Slicen pad u kariera imase Vin Baker i do negde Glen Robinson

7/26/2005 02:55:00 pm  
Blogger Shepard said...

Абе ја пишав, не Енко :(

7/26/2005 03:31:00 pm  
Anonymous Prague Rocks said...

Ama Enko go pocna muabetot de,bez rzlika sto go komentiram tvojot text.Ipak izvini:)

7/26/2005 04:40:00 pm  
Blogger Karakash said...

Што убаво те чепнав Шепи:)
У право си дека никад не беше играчиште, ама тоа не им значеше ништо на обичните НБА фанови и тинејџери кои за првпат ја земаа во раце помаранџестата топка. И мене многу ми се свиѓаше Шон, посебно у тандем со "ракавицата". Од тогаш ни едниот ни другиот не се истите. Тоа дека сега нема играч како него е тачно, има подобри:), а не си у право дека е единствената ѕвезда која имала таков пад без повреда. Он ја имаше најлошата можна повреда за секој спортист, онаа од емотивен тип, која го удри по заминувањето од Сиетл.
И Шепи, остај го другар ми од Прага:)

7/26/2005 09:41:00 pm  
Blogger Shepard said...

Шепа те акнала :) педерски е тоа Шепи..

Абе беше играчина. Нормално, не носечи ѕид, ама освен Јута шо си го имаше Мелоун и Феникс Баркли, сите екипи го сонуваа у прва петорка :)

7/27/2005 01:02:00 am  
Blogger Shepard said...

На крај краева, субјективен пост е ова ;)

7/27/2005 01:02:00 am  
Blogger Nuanda said...

Ајде и јас како одвреме-навреме гледач на баскет да кажам нешто. Кога играше зверов во Соникс го гледав обавезно и тие партии му се незаборавни. Инаку лично јас мислам дека полуд човек од Чарлс Баркли нема заиграно во НБА. Оној Родман папакон е само шминка, Баркли беше навистина луд, една негова сезона во Феникс е незаборавна (мислам дека и Џејсон Кид играше таа сезона во Санси, но не сум сигурен).

7/27/2005 01:57:00 pm  
Blogger Владо Апостолов said...

Кид и Баркли, барем ја колку помнам, никогаш не заиграа заедно .

За жал!

7/27/2005 07:29:00 pm  
Blogger Karakash said...

Добар си dwr, баш така Баркли во Феникс играше до крајот на сезоната 1995-96, а Кид во Аризона дојде на сред сезоната 1996-97 по трејдот меѓу Санси и Мавси. Нуанда, ќе мора да ти ја освежиме меморијата:)

7/27/2005 08:47:00 pm  
Blogger Nuanda said...

Јебига за тоа пишав дека не сум сигурен:)

7/29/2005 07:31:00 pm  

Post a Comment

<< Home