Monday, July 25, 2005

Here comes the REIGN again?!
by E.Karakash Ви текнува на Шон Кемп, човекот кого сите вие поради лапсусот на нашиот НБА коментатор го нарекувавте "Дождовниот човек", иако тоа немаше никаква врска со неговиот вистински прекар? Мора да ви текнуе. Збориме за типот кој по финалето 1996 год. беше на добар пат да си го осигура своето место меѓу најголемите ѕвезди, типот кој во тоа финале ги засени сите, па на моменти и "Најголемиот". Типот поради кој едно чудо деца почнаа да гледаат НБА и да навиваат за Сиетл. Ма мора да ви текнува на тој Шон Кемп. Не може да не се сетите. Не зборам за "фабриката за бебиња" – Шон, или пак Шон кој пред сезоната 1999 се појави како ѓуле од 155 кила. Не зборам за Шон кој откако беше трампан од Соникси во Кавси веќе никогаш не ги повтори партиите кои пред тоа ги пружаше секоја вечер. Во никој случај не зборам за Шон наркоманот, кој сред сезона се пријави во клиника за лечење од зависности и кој не многу подоцна беше уапсен за поседување ганџа и кокаин. Шон кој од тој момент се изгуби од радарот на сите баскет фанови. Ни самиот Кемп не сака да се сеќава на овој вториот, "лошиот" Шон. Токму затоа тој во својот дом во Хјустон напорно работи на својот НБА камбек. Тоа веќе не е оној округлиот Кемп, туку е вратен на тежината која ја имаше кога играше за Сиетл. Тој си има дадено за задача да го смени начинот на кој повеќето луѓе се сеќаваат на него,, иако самиот вели дека не мора никому да се докажува. "I sit back today, and I look at TV, and I see how they talk about Karl Malone, I see how they talk about Charles Barkley. And I know the look in those guys' eyes when they used to walk out on the court to guard me. To see the fear in those guys' eyes because they knew what they had to deal with" – изјави Кемп минатата недела за Seattle Times. Но, ако можеби ова звучи препотентно. Шон е првиот кој ќе признае дека тој И само тој си е виновен за тоа што му се случи и за дупката во која падна. Токму поради тоа тој сака да покаже дека луѓето, поради неговите глупости имаат погрешна претстава за него, а тоа може најдобро да го направи ако се врати таму каде што беше најдобар – на НБА паркетот. "I'm going to play again. And if I'm going to play again, there's only one way to do it. The right way. On my own" Искрено, едвај чекам.

1 Comments:

Anonymous Anonymous said...

Sigurno nema da bide toj Kemp od 96-ta ama barem ke si go ochisti imeto. U meguvreme mozesh da go igrash na NBA LIVE 2003 so timot na stars of the 90's.
BM

7/26/2005 03:59:00 pm  

Post a Comment

<< Home