Saturday, July 02, 2005

Free Agency
Како и секоја година, така и оваа, се прави голема фрка околу слободните агенти. За малку да се разјасни - слободен агент е играч на кој му истекол договорот заклучно со мината сезона (unrestricted free agent). Меѓутоа, постои и unrestricted free agent, играч на кој по истекувањето на договорот, тимот во кој игра (л) има право да понуди еднаков договор со било кој друг тим и со тоа да го задржи. Исто така, постојат клаузули (team option) со кој одреден играч станува слободен агент предвремено, т.е. му се прекинува постоечкиот договор. Да се вратам на темата - ова лето има доста атрактивни слободни играчи на пазарот. Еве мој избор од неколку јаки unrestricted FA : 1. Ray Allen - најголемиот предизвик за менаџирет, воџата на слободните агенти, епицентарот на сите потреси во ростерите, бла бла бла, најкласичниот бек и најдобриот шутер во лигата - лани имаше одлична сезона со Сиетл, а тимот имаше најдобар пласман после заминувањето на Кемп. Меѓутоа, голем би бил предизвикот за „Исус“ (од филмот) ако од дружината на Usher му понудат јак договор и место во петорката со Леброн во Кливленд. Сепак, Реј има голема суета и поверојатно е дека ќе си остане #1 во Сиетл. Можеби малку „тензијата“ со тренерот Nate McMillan може да влијае, ама играч од негов калибар не би требало да глуми „љутко“ и ѕвезда. Се покажа дека со Рашард Луис функционираат одлично и се еден од најубиствените тандеми во лигата, и нема зошто да го фрли тоа во вода. 2. Zidrunas Ilgauskas - голем, спор и корисен - најголемата главоболка на тазе печениот менаџер Danny Ferry. Ако го задржи, ќе иде јабана голем дел од селари капот, а ако го пушти, ќе му се отвори дупка во рекетот. За „големиот Зи“ се заинтересирани многу тимови на кои им фали interior presence - но се чини дека сепак Кавси ќе го задржат. 3. Michael Redd - втор по класичност бек после Реј Ален. За него се кршеа копја, се збореше за премин во секој втор тим, но сите дојдоа до заклучок дека во јак тим, тој ќе биде оптимално трета опција - а за трета опција не се плаќаат 12 милиончиња. Ако не остане да се здружи со #1 пикот Богут, а Ален не премине во Кавси, речиси сугурен е преминот во коњаничката чета. 4. Antoine Walker - клучот за успехот на Бостон. Иако кошта многу, сепак се виде колку значи за Селтикси. 5. Shareef Abdur Rahim - типичен пример за испукан, но и потценет играч. Веројатни дестинации му се Лејкерс и Њу Џерси. Блејзерси дури и нема да се заангажираат ни за sign-and-trade, туку ќе го пуштат со „бовичката“ да шета низ Америките да си бара тим. 6. Bobby Simmons - најнапреднатиот играч за ланската сезона. Може да иде било каде, ќе му дадат договор со 10ина милиончиња, и ќе продолжи да си биде стандарден како и до сега. Најверојатно ќе остане во Клиперси, кои верувам дека не сакаат да играат со Јарослав Королев. Latrell Sprewell - помина неговото време, дури и стартерското место во било која екипа е под знак прашалник; Stromile Swift - сеуште само талент и потенцијакл. Нема да остане да грее клупа во Мемфис, не кажува каде ќе оди, ама јас би го пратил во Атланта за да прават slam dunk contest на тренинг со другарите; Dikembe Mutombo - чисто фигуративен играч. Кај и да оди, ќе земе сигурно помалку од досегашната плата, а тоа го прави промамлив за екипи кои им треба малку одбрана од клупата - Феникс, Мемфис, Далас - доста отворени опции. Да не забораваме дека и Хјустон сака да го задржи; Gary Payton - и тој е бајат. И тој не кажува кај ќе оди - или ќе си остане во Бостон или назад во Сиетл; Damon Stoudamire - еден од многуте пропаднати таленти. Ако не остане во Портланд, ќе оди во Атланта или некој сл. лузерски тим; Robert Horry - ќе си остане во Спарси за евентуално уште некоја тројка во последни секунди, и прстен, секако; Kerry Kittles - можно е да си се врати во Њу Џерси, после лошата авантура во ЛА; Damon Jones - после успешната сезона почна да глуми ѕвезда. Многу тимови би сакале добар шутер и одличен додавач на „кец“ ама ни Пет Рајли не сака да испушти од раце половина од најперспективното бековско дуо. Donyell Marshall - најзначајно име меѓу слободните агенти - рекордер во тројки на еден натпревар! Ама Торонто некако се подмлади на неговата позиција со Villanueva, па Јута и Чикаго му стојат на располагање за кам бек.

10 Comments:

Blogger Владо Апостолов said...

Пријатељу, ја малку го подзаборавив блогчево. А машшал проработело.
Ај ќе постирам и ја у скоро време.
Може?

7/02/2005 11:27:00 pm  
Blogger Shepard said...

може. контактирај ме на shepard@mail.net.mk да ти пратам покана и то.

7/03/2005 12:17:00 am  
Blogger Karakash said...

И ја сум тука со Офчаро, знаеш така?

7/03/2005 11:09:00 pm  
Blogger Karakash said...

Од утре-задутре ќе ме има поише, ветувам

7/03/2005 11:12:00 pm  
Blogger Ико said...

Јас само да упатам отворена понуда до вас...отворен е делот "Колумна" на МакСпортНет, па ако сака некој нешто интересно да напише...

7/04/2005 06:55:00 pm  
Blogger Karakash said...

Што направи денес на приемен?

7/04/2005 10:51:00 pm  
Blogger Karakash said...

Ај и ја да кажам несто. Као прво малку го утна горе, два пути написа унрестрицтед, а второто е рестрицтед. Печатна грешка.

Реј Ален - Останува у Сиетл зашто типот кој лани бараше продолжување тешко 25-30 мил. по сезона ќе се откаже од 115 мил. кои ќе може, и ќе ги добие од Соникси. А и не би отишол у Кливленд за пак да биде 2.виолина, ипак и егото тука игра улога.

Ззззз-Кавси би го задржале нормално, ама тие сакаат да му ги скратат сегашните 14.6 мил. годишно, а тоа не му се свиѓа на големиот и спор Литванец. Не е сигурно дека ќе остане.

Ред-Не се слагам, ипак дечкото е добра 2. опција, посебно у тим како Кливленд, не случајно и затоа тие се расфрлаат со пари за него. Посебно у Кавси (ако го задржат Зззз) би бил опасен со страшниот шут за три. Али ипак 72мил. се премногу.

Вокер-Е кај него апсолутно не се слагаме, тој секако не е клучот за успехот на Бостон и Селтикси скоро 100% нема да пробаат да го задржат. Ентоан е тип кој си има ставено у глава дека е ѕвезда, а тоа никако не е добро кога си малку над просечен играч.

Рееф-Искрено ми е жал што Шариф се стекна со прекарот лузер, но се тоа може да се исправи ако отиде у Нетси на кои очајно им треба играч како него.

Симонс-си изигра сезона за договор, а за колку и да потпише сигурно ќе биде преплатен за своите таленти.

Итд, итд. Пејтон, Спри и Дикембе се сите ислужени коњи чие време у НБА поминало, но ипак би можеле да бидат од корист како 7. или 8. играч у некој плеј-оф тим. Проблем е тоа што некој од нив (Латрел) мислат дека сеуште се ѕвезди у оваа лига.

ПС: Не можеше да не го споменеш Вилануева:)

7/04/2005 11:10:00 pm  
Blogger Karakash said...

Ова можеше да оди и како пост:)

7/04/2005 11:11:00 pm  
Blogger Shepard said...

отиде као пост

7/05/2005 12:57:00 am  
Blogger Karakash said...

Aj airlija:)

7/05/2005 12:42:00 pm  

Post a Comment

<< Home