Monday, June 27, 2005

Non Draft News
by Enes Karakash
Шон Бредли у пензија | Shawn Bradley retires - (8 ppg, 6 rpg, 2.5 bpg) in 12 years - drafted as second pick on the 1993 NBA Draft - earned more than $ 60 millions.
Никогаш не сум бил некој голем љубител на мок-шмок драфтови. Мислам, тоа ти се еден куп новинари кои немаат што да пишуваат мегу крајот на финалето и драфтот па самите знаат повеќе од самите тимови кого тие ке изберат. Така јас нема да пишувам шмок драфт, но сепак ќе останам поврзан со драфтот и ќе ви ја соопштам веста за пензионирањето на едно од најголемите драфт разочарувања во НБА историјата. Дами и господа - Шон Бредли. Токму така, соленката Бредли минатиот четрвток изјави дека става крај на својата про-кариера која кога беше драфтуван 1993 год. повеќето мок-новинари прогнозираа дека ќе биде многу успесна. Добро, можеби 12 сезони (за кои инкасираше цели 60 мил.$) со просеци од 8п. 6ск. и 2.5 блокади е успешно,а во мегувреме стана и редовен гостин на сите in-your-face постери. Никако не смее да се заборави дека Бредли таа год. беше 2.пик, пред него беше избран Вебер, а веднаш зад него Пени Хардевеј. Draft 1993 Round 1 1. ORL Chris Webber, Michigan 2. PHI Shawn Bradley, Brigham Young 3. GSW Anfernee Hardaway, Memphis State 4. DAL Jamal Mashburn, Kentucky 5. MIN Isaiah Rider, Nevada-Las Vegas 6. WSB Calbert Cheaney, Indiana 7. SAC Bobby Hurley, Duke 8. MIL Vin Baker, Hartford 9. DEN Rodney Rogers, Wake Forest 10. DET Lindsey Hunter, Jackson State 11. DET Allan Houston, Tennessee 12. LAL George Lynch, North Carolina 20. CHH Scott Burrell, Connecticut 22. CLE Chris Mills, Arizona 23. SEA Ervin Johnson, New Orleans 24. HOU Sam Cassell, Florida State 25. CHI Corie Blount, Cincinnati
Првите жртви на новата клаузула | Probable victims of the new dismissal-for-cap-room clause: Michael Finley, Chris Webber, Allan Houston, Jalen Rose, Eddie Jones, Raef LaFrentz, Theo Ratliff, Doug Christie... Houston joins Spree and Camby soon
Новиот колективен договор содржи клаузула во која тимовите можат со цел да го скратат селари капот да откачат еден од играчите со кој ги врзува долгогодишен, дебел договор, а повеќе тимови како да не можат да го дочекаат 1.јули кога тој стапува на сила, па да шутнат некоја од своите преплатени ѕвезди. Први заинтересирани за таков чекор се во Далас каде се очекува да го ослободат Финли, а веднаш зад нив се и Никси кои едвај чекаат да се откачат од Алан Хјустон, па Мајами - Еди Џонс, Бостон - Реф Лафренц, Филаделфија - Крис Вебер, Портланд - Тио Ретлиф и Орландо - Даг Кристи. Мора да се напомене дека иако ќе ги ослободат, тимовите ќе мора до крај да им ги исплатат договорите на овие играчи, само што таа сума нема да им се смета у селари капот.
Дени Фери назад во Кливленд | Danny Ferry instead of Larry Brown in the Cavs office
Сите гласини кои го поврзуваа Лери Браун со позицијата генерален менаџер на Кливленд паднаа во вода откако беше соопштено дека Дени Фери од оваа недела ќе почне да ја врши таа функција. Екс-играчот на Кавси го напушти раководството на новиот шампион Сан Антонио и се врати да му помогне на тимот во кој мина 10. сезони. Сега Фери ќе треба да одлучи како најмудро да ги потроши 25 мил.$ кои летово ќе ги има на располагање, а прва задача ќе биде да одлучи дали да го задржи Илгаускас. На листата на играчи кои тој би сакал да ги види во Кливленд во моментов се наоѓаат Мајкл Ред, Еди Кари и Лери Хјуз.
Хојберг на операција | Hoiberg has a heart-op
Резервистот на Минесота, Фред Хојберг го очекува операција на срце со цел да се корегира зголемената аорта, зафат по кој тој очекува или повторно да заигра, или доколку тоа му го препорачаат лекарите-да стави крај на својата кариера. Инаку, Фред целата мината сезона ја одиграл со оваа аномалија без да каже на некој од соиграчите.
Кендал Гил во рингот | The great boxing star - Kendal Gill (wins with a first round KO in his debut) - still wants to return on the court
Се чини дека Кендал Гил правилно постапи кога одлучи да смени професија откако увиде дека ни еден клуб не го сака пред почетокот на сезоната. Како доказ за неговиот добар избор му служи победата во 1. настап како про-боксер. И тоа не било каква победа туку со нокаут во 1.рунда над анонимусот Тревор Бејли. Но, уверливиот старт не ја намалил љубовта на Гил кон кошарката кој планира уште една борба пред да почне да се подготвува за својата 15.НБА сезона, нормално ако некој сака боксер во своите редови.
Ајзеа Томас пак со глупи трампи | Isaiah Thomas again making stupid trades - Suns'Q for Kurt Thomas
Знам дека оваа вест не е толку свежа, но искрено, не е секогаш за верување кога станува збор за трејд у кој главната улога ја има Ајзеа Томас и неговите Никси. Тоа го велам затоа што во изминативе две години колку да Томас направи трампи тоа како да не беше доволно да се престане со ставање на Никси во секоја каша и во муабет за секој слободен играч. Но, како што последниве неколку дена немаме официјално соопштение од двата клуба, а бројот на неофицијални извори кои го потрвдуваат трејдот се зголемува, тогаш еве ја и кај нас веста за размената мегу NY и Феникс во која местата ќе си ги заменат Квентин Ричардсон(14.9п.) и Курт Томас(11.5 п. и 10.4 ск.). Како и повеќето трампи на Ајзеа така и оваа ми е тешка да ја сконтам. Тој се откажува од својот најдобар скокач и дефанзивец во рекетот, а за возврат добива уште еден играц кој во секој напад едвај цека да шутне тројка. Знам дека Томас сака од Никси да создаде тим кој ќе игра кошарка каква што годинава играа Санси, но нели е погрешен цекор кога самите тие Санси се отказуваат од еден од своите шутери за услугите на Курт? Финансикиот дел од трампата не го ни разработувам затоа што веке стана јасно дека по секоја размена Ајзеа само уште повеке ги заглавува Никси и ги оддалечува од потребниот рибилдинг. До кога, Ајзеа, до кога?
Емека е иднината на Рисовите | Emeka gets extention
Презадоволни од руки сезоната на Мека, како и од својата руки сезона, газдите на најтазе НБА тимот, Шарлот Бобкетс, одлучија уште сега да искористат опцијата која им дозволува да му додадат на ланскиот 2. пик плус една година.(вредна 5 мил.$) на актуелниот тригодишен дебитантски договор. Со ова Мека е во Шарлот барем до 2008 год. Окафор својата кариера ја започна со 15.1 поени и 10.9 скокови по натпревар, а за поздрав се неговите дури 47 дабл - дабл учиноци, што го става на 4. место во цела лига..

2 Comments:

Blogger Karakash said...

by Enes Karakash:)

6/27/2005 08:58:00 pm  
Blogger Shepard said...

dap, zaboraiv, sea kje smenam i toa

6/27/2005 10:22:00 pm  

Post a Comment

<< Home