Wednesday, June 22, 2005

Game Six - Staying Alive
by Enes Karakash (a regular contributor, but not yet a blog-member - he'll become part of the team tonight) “Never underestimate the heart of a champion” – Rudy Tomjanovich, play-offs ,1995 Првото нешто на кое што се сетив по победата на Детроит во 6. меч од Финалево беа токму овие зборови на тогашниот тренер на тогашниот шампион Хјустон, откако Рокетси ја освоија својата втора титула по ред, иако у плеј-офот влегоа како 6. на Западот и во ниту еден момент ја немаа предноста на домашниот терен. На крајот испадна дека не им ни требаше, еден по еден паѓаа фаворитите, за на крај и Шек и Пени да мораат цврсто да им ја стиснат раката на мајсторите Хаким и Клајд. Што имаат заедничко Хјустон тогаш и Детрот сега? Па добро, Пистонси во никој случај немаат играчишта и звезди како “Дрим” и “Глајд”, но делат едно исто нешто кое мора да го имате ако сакате да се фалите со шампионските прстени – СРЦЕ! “Клиповите” тоа го докажаа синоќа, во градот во кој немаа победено уште од 1997 год. и против тимот кој најдобрата кошарка ја игра баш дома и во ситуација во која пораз значеше крај. Играјки со цело срце, тие му ја подарија 100. плеј-оф победата во кариерата на Лери Браун и ни го приредија задоволството по цели 11 години и финалето помегу Хјустон и Њу Јорк, да гледаме 7. меч у едно НБА финале.
За оние со подобра меморија Рокетси таа година исто како и Детроит губеа 3-2. По победата во шестата утакмица се се решаваше у 7. дуел у кој од сеуште неразјаснети причини еден Џон Старкс се стави у филм дека е Мајкл и почна да шутира ко луд, па дури и кога не можеше да погоди ни слон. (Така Џон ги чинеше навивачите на Никси титула, а Хаким му се радуваше на првиот прстен). Утре вечер ке видиме дали Пистонси го имаат истото срце кое пред десет години ги красеше “ракетите”, или 6. меч бесе само усте една грешка во “Матрицата”. Short Brief: This Pistons team looks like the Rockets team that won the first title in 1994 - although they do not have stars like The Dream, but what they have in common is the heart - the key to the ring. With a strong determination and dedication they brought Larry Brown his #100 playoff W, and now they are on their way to show that an underdog team can become a champ - and that the home court advantage is not the main reason for winning series or champpionships. We'll see.. are the Pistons as brave as those Rockets 11 years ago, or the "turn-around" is just another bug in the Matrix. PS Или Дарко Миличиќ ќе стане рекордер - на 19 години 2 титули, или Хори втор играч со 3 тима до прстен. / There are two potential stories for the books: Milicic becoming the first player under 20 to become double champ, or Horry making the title with 3 different teams!

4 Comments:

Anonymous karakash said...

Fino, fino, a dobro i delcevo za Darko i Hori:) Koje edinstven igrac so titula so 3. razl. tima? - Pa, normalno, igracisteto Sejli:)
A da go stavese kamiondzijava od Detroit gore ili u sred., a?

6/22/2005 07:00:00 pm  
Blogger Ико said...

Сега кога ќе ви ставам еден линк на Селекторот... па кога ќе почнат тоа посети да се множат ;)

Абе од една страна имам у маало еден напорен навивач на Сан Антонио па затоа сакам да победат Детроит за да не го слушам цела година (таман Јуве и Барса освоија титули и јас ќе бидам тој што ќе галами следната сезона)

Од друга страна ич не ги сакам овие Детроит...маме му ебам. Вчера до 3 сабајле се каравме у маало за НБА, на крај дојде полиција зошто сме галамеле и не разбрка...

6/23/2005 01:56:00 am  
Blogger Shepard said...

Ја ич не ги сакав Спарси, ама сеа баш дека против Детроит.. си ги присвоив :)

И полека со карање за НБА.. ја до плачка сум ја терал :)

6/23/2005 03:28:00 am  
Blogger Karakash said...

Ne se karajte - bolje karajte:)

6/23/2005 09:45:00 pm  

Post a Comment

<< Home