Friday, June 30, 2006

Идемо даље...со срце на спротивна страна и крелето Еди Грифин
Кога ќе помине драфтот, и тоа секоја година, некако све живо се успорува и имаш еден онака длабок издисај на некое олеснување, како кога нешто ќе завршиш успешно. Обично драфтот така и му доаѓа на секоја сезона, како некоја точка, а ако има некое јако име онда и како извичник. Е сеа, тоа што сезоната заврши не значи дека МакНБА престанува да функционира. Сите што не читаат од лани летото тоа многу добро го знаат. Летото е таман време чат-пат да се позанимаваме со бизарни причи, кои некад преку сезоната не стигаме да ги раскажеме, а и и да им фатиме сеир. Така, по ланската пост-драфт прича за девет и пол-те прста на Џералд Грин, еве го Ренди Фој со неговото срце на погрешна страна, а и Еди Грифин со една од најморонските работи кои некој НБА играч ги направил у историја. Ренди Фој, кој по сите драфт дубари заврши во Минесота имал чудна дешавка кога на колеџ отишол на лекарски - кога докторот пробал да му го чуе пулсот ставајќи го стетоскопот на срцето, се што слушнал била - штама. Дури после тоа тој сконтал дека срцето на Фој се наоѓа од спротивната, десна страна. Причата ја имате тука, каде има и нешто за трејд на на некој си Ајверсон.
* * * * *
Од време на време ќе се појави некоја крајно идиотска прича за некој НБА играч и некоја тешка глупост која тој ја направил. И што е најинтересно, скоро секоја од тие стории се појавува откако ќе заврши сезоната, некој месец по стварната дешавка. Нов на листата моронски потези, со аспирации брзо да се искачи на врв на Топ 10, (веројатно и пред тоа кога Дејмон Стадемаер проба да шверцува трева покрај метал детектори на аеродром...завиткана во алуминиумска фолија!?!?!) е моронот Еди Грифин од Минесота, кој...пази сеа "Бил пијан и мастурбирал (т.е. дркал) кога се учукал у паркиран џип покрај некоја продавница во Минеаполис". Ова е линкот до целата приказна, а мора да го погледнете видеото горе десно за да ја сфатите целата идиотска прича. Ај што ја направил глупоста, ама на видеото е и снимено како Еди после учукувањето (и нормално, дигањето фармерки) влегол во продавницата и му понудил на газдата на џипот да му купи било каква кола само да не се разгласи причата. Не ми е јасно зашто нејќе само да му купи Бентли? Најбизарниот дел од целата ствар е што таа се десила на 30 март годинава и што наместо да го однесат у станица Еди кој сам признава дека е пијан, тие типот го префрлиле дома и ништо не пријавиле?!?! А бе кретенчино една, да се возело низ град, да се гледало порнич на ДВД у кола, па и уште да си играло со змијата...и после ќе кажат дека колеџот не бил битен.

Thursday, June 29, 2006

Scelta Numero Uno Sulla Brutta Copia Relativa a Quest'anno.... + со допуна: Драфт Најт Рикеп
или дрн-дрн јариња. Еве мене шо ми остаи фпечаток:
  • Лазањата Барњани е прв во Торонто.
  • По(р)тланд направи милион дубари. Ламаркус во Блејзерси за Тајрус Томас и Крјапа. Себастиан Телфер и Тио Ретлиф ојдоа во Селтикси за Реф ЛаШпенц и Ден Цвикау и умешаа пикови, мада мене уште ми е нејасно.
  • Бркот во Шарлот.
  • Руди Геј во Хјустон.
  • Редик во Орландо.
  • Џош Бун во Њу Џерси.
  • Џејмс Летечи Вајт исто во Џејл Блејзерс ко прв пик на втора рунда.
  • Коста Перович во Голден Стејт.
Другото е мрско. Допуна бај Каракаш: Толку од мрскотијата на Шеп, кој и без да го гледа драфтот сконта дека е за нигде. Ја морав да ја изгледам цела прва рунда за да сфатам колку е овој драфт мрзок, али и да сфатам колку не ги бива за ништо типците од ЕСПН, кои можат слободно да им носат вода на Чак, Кени и друштвото од ТНТ. Иначе, признавам, ова ми беше прв драфт изгледан у целост и ако вака е секоја година ќе размислам дали и за следниот ќе останам буден до 4 и пол сабајле. Ај, ептен беше топло, па и онака не се спиеше, а X-Zone одамна немаме на кабловачка. Така, му ја заседнав накај еден и пол пред ТВ, земав шише вода и почнав да ги слушам момците од ЕСПН како мелат....и мелат....и мелат. На почеток ми беше ОК, зашто у основа знаев малку за оваа драфт класа, посебно за момци како Томас, Фој, Рој итд. Ама, после некоја минута, кога типовите почнаа да се повторуваат, а Стивен Скриминг Смит, (кој како мал паднал у буре со течен адреналин), почна да пробува да биде духовит, мене почна да ми станува мрско. Ако му е за верување на ЕСПН тимот буквално секој од првите осум пика е ѕвер, кој или сега или за година-две ќе биде играчиште во НБА. Нормално, секој играч беше претставен со микс од најдобри потези у кој дури и еден Саер Сене од Пепинстер изгледаше како Хаким у млади дани (значи-Аким). Настрана без везе преносот, никој не се изненади кога Штерн го викна Барњани да му се прикључи на сцена како 1.пик. Андреа промрморе нешто на италијански, а "аналитичарите" одма почнаа да викаат како тоа е добар пик, ама и дека од него никад нема да биде НБА ѕвезда. По селекцијата на Баџо уследи прав хаос у кој после некои десетина минути се изгубија и момците од ЕСПН и самиот Штерн, а веројатно најзбунети беа у Портланд кој направи еден куп трампи со кои ама ич не му помогна на тимот. Како што ги читаше пиковите комишот, одма јавуваа дека тој е трампан таму, а оној онаму. Чикаго си го доби Тајрус Томас, а и му направи дубара на Портланд земајќи го Олдриџ како втор за да им го дадат на Блејзерси кои со Томас мораа да им го дадат и Кријапа. Мајкл не се коцкаше со 3.пик и го избра најспремниот НЦАА играч на драфтот - Бркот Морисон. Најјезив момент у миксот за Адамчо беше како седи на клупа у тајм-аут и си шиба инсулинска инјекција. Ако не сте знаеле, момакот е шеќераш. Иначе, Адам е фаца, ФАЦА! Доказ е и клипов. Обратете пажња на бркот. Моите Хоукси не трејдуваа и го земаа Шелден Вилијамс, нешто што беше најавено уште пред некоја недела. Колку и да сакав да земат плеј, нив ги немаше у некој избор на овој драфт, а Шелден е мрга која имаше одличен дабл-дабл на Дјук. Плус, тој е прв блокер у историјата на универзитетот и два пути беше најдефанзивец, нешто што очајно и треба на Атланта. Потоа продужи целиот хаос у кој не се знаеше кој пие, а кој плаќа, а на изненадување на сите еден Маркус Вилијамс, кој е најбољи плеј у оваа класа падна се до 22. место. Најинтересно у МСГ беше кога Никси дојдоа на ред да бираат. Додека скоро сите, па и Спајк Ли го извикуваа името на М.Вилијамс, Штерн објави дека Њујорк го бира Реналдо Болкмен по што одма уследи штама у салата. Никој жив не знаеше кој е типот, но кога аналитичарите кои исто така беа шкирани, почнаа да објаснуваат дека Болкмен е тип за у 2. рунда, и тоа за пред крајот, почнаа серијата свирежи и скандирања Fire Isaiah!!!. Ситуација која не се смири некои десетина минути. А до сабајлево единствената ствар у која Зик беше колку-толку добар беше драфтот. По се изгледа се си има свој крај...у Њујорк. Еве ја целата ствар, ама снимена од страна на еден фан на Нетси, кои поради глупоста на Ајзеа стигнаа да си ги земат и Вилијамс и Бун. Друго нешто не ми фати око. Лејкерси го земаа Фармар кој како средношколец беше еден од подобрите во САД, ама малце се изгуби на УКЛА. Ипак, мислам дека тоа е добар пик за нив. Рундата ја затвори кој друг ако не Портланд со изборот на Британецот Филенд, кој му поклони фудбалски дрес од Англија на Штерн кога овој му го даде капчето на Блејзерси. То би било то од драфтот, а деновиве би требало да има и анализа на понекој од топ пиковите. За крај ѕирнете го клипов и типот кој жога бонито на него.

Wednesday, June 28, 2006

One mystery down, one to go
Една од мистериите е решена. Во блек боксот не беа ниту главата на Ајзеа Томас, ниту Ерл Бојкинс, ниту пак четирите сликички кои ми фалат од албумот за Свецко. Наместо овие три логични ствари, во кутијата чичко Штерн сокрил нешто што верувам дека на никој од вас немаше да му падне на памет, а тоа е скроз нов офишл NBA баскет, со кој ќе почне да се игра од летните лиги. Еве го и линкот до изненадувањето кое го шокираше кошаркарскиот свет. Мене една ствар пак не ми е јасна. Ај одличниот футуристички дизајн (иако Шеп вика дека му е како Молтенот со кој се игра Евролига) и све, ама бе 100 доларјев цена!?!?!? Сеа сигурно врие од гужвање и тепање меѓу децата у гетото да се дојде на ред да се купи баскетот, па зашто не и два. Има и понешто друго низ НБА овие ден-два, како тоа дека Пеџа е слободен играч и дека се збори за еден куп трејдови (тоа значи дека ќе нема ниеден или па еден у кој главна фаца ќе биде Крис Духон) за драфт дејот. Ај, вечер е драфтот, барем нема да чекаме многу.

Tuesday, June 27, 2006

Драфт збунка, Црната Кутија на чичко Штерн и раперот Рајли
Кај сум у дилема дали сите ние живееме у иста држава, исто така апсолутно неам појма кој ќе биде 1. пик на утрешниот драфт. Нешто у што не сум единствен, а веројатно ни самиот Брајан Коланџело до последен момент нема да знае кого ќе избере, откако изјави дека се уште се мисли меѓу двајца момци. Барем за сега типот вика дека нема никаква намера да го трампа својот прв пик, за кој па и нема некој посебен интерес со однос на тоа дека на овој драфт нема играч како на некои претходно кој уште у првата своја сезона може да направи голема разлика. Коланџело веројатно се мисли меѓу Андреа Барњани и Ламаркус Олдриџ, иако не би ме изненадило на крајот да се одлучи и за Адам "Бркот" Морисон. Од одлуката на Торонто целосно ќе зависи дали драфтот ќе продужи по текот кој другите екипи го посакуваат или пак Репторси ќе започнат домино-ефект у кој секој ќе мора да бира не според претходните планови, туку според тоа што ќе им остане на масата. Така, ако Коланџело не го лапне Барњани, онда шпагетата може слободно да падне до 5. или 6. пик, пред се поради тоа што после Коланџело нема многу Џи-Ем-овци кои се убедени дека ќе биде играч од момакот од Рим. Ја лично баш Андреа го имам најмногу гледано од овие момци кои се топ фаци на драфтот, додека другите ги имам фатено чат-пат, недоволно да видам што се крие у нив. Од она што го слушам, најкомплетен играч е Морисон, кој уште сега е спремен за НБА, што не може да се каже за другите момци. "Бркот" има факат страшен шут и одлично се движи без топка, плус на тоа тој од мал се мучи со дијабетисот што секако ќе го направи класична палома-шмрк прича за Америте. По вкус на скаутите им е и Ламаркус Олдриџ, кој многу потсеќа на својот ментор Крис Бош, иако у сите најави го споредуваат со Џермејн О'Нил. Ја пред некое време читав интервју со Олдриџ у кое се гледа дека момакот е скромен тип од Тексас кој располага со голем потенцијал да стане играчиште, што не би требало да биде проблем со оглед на одличниот ворк етик. Иначе, мок-шмок драфтови не правиме. Остатокот од момците се мистерија и од нив може, ама па и многу лесно може да не биде играчи. Ништо чудно овој да биде еден од оние драфтови на кои пик избран од 10-30 место да постигне многу повеќе од поголемиот дел од играчите избрани пред него.У продолжение следи најава на Топ 5-те талентите на овој драфт, која утре ќе се појави и у весник:
1. Ламаркус Олдриџ Роден на 19.07.1985 год. во Далас 210 см., 106 кг. Универзитет: Тексас Го споредуваат со: Џермејн О'Нил
Олдриџ располага со сите физички предиспозиции кои се бараат во од еден висок играч во НБА. Тој и покрај својата височина е екстремно брз и подвижен и во зависнот од потребите може да игра и на "четворка" и на центар. Покрај тоа Олдриџ е одлично кошаркарски поткован, нешто што ретко се гледа денес меѓу младите играчи, а освен во нападот знае да одигра одлично и во одбраната каде главна карактеристика му се атрактивните блокади. Веројатно најголем потенцијал на драфтот.
2. Андреа Барњани Роден на 27.10.1985 во Рим, Италија 213 см., 102 кг. Клуб: Бенетон (Тревизо) Го споредуваат со: Дирк Новицки
Барњани е типичен европски играч за кој сонуваат НБА скаутите. Тој е висок, подвижен, има брз прв чекор и одличен шут за играч со својата височина. Во негов прилог оди и тоа што за разлика од другите европски играчи Андреа игра нетипично добра одбрана. Плус е чувството за тимска игра изградено во системот на Еторе Месина. Она за што му се забележува е недоволната мускулна маса за да се бори во рекетот со НБА ѕверовите, иако и Дирк кога дојде во лигата ја имаше сличната градба.
3. Адам Морисон Роден на 20.07.1984 во Спокејн 202 см., 90 кг. Универзитет: Гонзага Го споредуваат со: Ричард Хамилтон
НЦАА лигата одамна немаше видено играч со такво чувство за игра како Морисон, кој е по вкусот на речиси секој НБА тренер. Главна карактеристика на Адам е тоа што тој е одличен стрелец, но покрај тоа него го красат и многу други работи, како брзиот прв чекор кој во комбинација со шутот го прави екстра тежок за чување. Не е загарантирано дека тој еден ден ќе стане голема НБА ѕвезда, но сигурно дека во вистинскиот систем ќе биде Ол-стар играч.
4. Тајрус Томас Роден на 17.08.1986 во Батон Руж 203 см., 98 кг. Универзитет: ЛСУ Го споредуваат со: Тајсон Чендлер
Доколку се погледнат физичките способности и височината во НБА има малку играчи кои можат да му парираат на Томас. Покрај тоа што има еден од најголемите одрази воопшто во САД, Тајрус се движи како бек и е многу подобра верзија на Тајсон Чендлер и Стромајл Свифт. Главна негова карактерстика се атрактвните забивања и блокади. Како минус му се наведува тоа што доцна почнал да игра организирано кошарка, како и се уште неизградениот шут.
5. Брендон Рој Роден на 25.07.1984 во Сиетл 198 см., 94 кг. Универзитет: Вашингтон Го споредуваат со: Ману Џинобили
Рој отсекогаш бил на листата на најталентирани млади играчи, но дури на последната година на колеџ тој целосно го покажа својот потенцијал на еден од најкомплетните млади играчи. Главно оружје на Рој е влезот за кој колеџ екипите немаа решение, а има и одличен шут од дистанца. Како плус му се наведува и добриот преглед на теренот и малиот број на загубени топки. Од тоа дали ќе успее да се префрли на плеј во многу ќе зависи кој тим ќе го избере и дали ќе успее во НБА. Факат е дека драфтот знае да биде и место каде се прават тешки грешки, а галеријава на Ес-Ај ни покажува дел од глупостите на Џи-Ем-овите. (Обратете внимание на Тод Фулер и момците кои беа избрани после него).
* * * * *
Е сеа, дилемата, т.е. трилемата да биде комплетна, НБА денеска лансираше промо материјал во кој само се кажува дека утре ќе биде отворена Црната кутија во која се содржани доста ствари кои ќе изненадат многумина. Мене прво на памет ми падна крајот на Seven, само што можда сега ќе ја видиме внатре главата на Ајзеа. А?
* * * * *
Коа сме кај Ајзеа, ако главата не му се најде у кутијата, онда типот има рок од една година да го среди хаосот кој сам си го направи во Њујорк или стварно ќе му лета главата, ама фигуративно. Газдата на Никси, Џејмс Долан конечно се разбуди од неколку годишната кома и му даде ултиматум од 365 дена на Томас. Или ќе ги среди работите или ќе лета. Поштено. Ја типувам дека нов надимак на Ајзеа ќе биде Брдмен, може и Чучулига, ако се побуни другар ни Андерсен.
* * * * *
Знам дека има еден куп драфт деј дубари кои се спомнуваат у моментов, а у нив ништо помалце па имињата на Ајверсон, Гарнет, Џермејн, Мерион, Луис, Бузер и Шцјасдбасбукијак. Мислам дека нема ништо од сите најави, барем не утре вечер, иако се погласен е муабетот дека деновите на Ален у Фила се одбројани, само уште да му најдат екипа у која би го трампале. Ќе видиме, сите тие иде-не иде муабети ми се ептен мрски, онакви, као за у мало на клупа.
* * * * *
Знам дека реков дека више нема да пишуваме за финалето, ама ќе беше штета на го ѕирневте клипов. Толку.

Friday, June 23, 2006

Фајналс Микс.... + анализата на Чоте
Ајзеа го одложи текстов за еден ден, но време е да се даде последен поглед на 60-то НБА финале, кое зависи од која страна гледате е едно од најдобрите во последно време или пак уште еден случај за conspiracy теоретичарите. (Малку ќе одам рендомли од ствар на ствар за финалето, али ќе ме сконтате, после преку 200 ноќи без спиење...израчунав негде околу 220 утакмици...малку ми е чудно што ќе си легнувам пред изгрејсонце). Ја сум негде измеѓу. Не сакам да гледам како титули се решаваат со слободни, слободните треба да бидат составен дел од играта, но не на начин на кој цела сезона би се сведувала на изведување слободни од страна на еден играч и тоа на две средби по ред. Тоа што Вејд испуца преку 20 слободни на две средби од финалето, а тоа факат се нема десено никад, е нешто што фановите на Далас и Кјубан никако не можат да го сварат. Факт кој оди на нивната воденица е и тој дека Ајверсон сезонава беше лидер по бројот на изведени слободни (Коби е втор), а тој цела сезона изведе преку 20 слободњаци на само четири средби (кога Коби убаци 81 поени тој шутна 20 слободни). Е сеа, знам дека ова звучи како Вејд незаслужено да се најде таму каде што момакот е сега, што у никој случај не е вистина. Вистината е дека додека другите се мислеа и не знаеа како да ја свртат средбата во своја корист Двејн едноставно беше фром анадр планет. Кога требаше да се оди на шут - тој си погодуваше, кога требаше асистенција - тој си наоѓаше слободен соиграч, кога се кршеше резултатот - тој знаеше дека треба да тргне на влез и да изнуди што може повеќе контакт, свесен дека судиите ќе дувнат фаул, иако имаше и доста ситуации во кои Двејн не го доби тој суперстар третман. Факт е дека во ова финале Флеш покажа муда какви сме виделе ретко кога досега, посебно не на вакво ниво. Вејд на грб ги качи сите старци од пензионерскиот од Мајами и ги однесе таку каде што сами никад не можеа да стигнат кога беа у најдобри години баш поради тој факт - што немаа доволно големи муда (дел од муабетов нормално не е Шек). Факт е дека сите бевме сведоци на пишувањето на историјата на НБА, нешто за што сигурен сум дека ќе им раскажуваме на нашите деца, внуци, итд...
* * * * *
За да се сфати како стигнавме до тука и до ситуација слободните да решаваат треба да се вратиме некои шест-седум години назад кога чичко Штерн одлучи и дефинитивно да ги избаци од лигата момците и фаулите од типот на Оукли, Лејмбир, Мејсон, Родман, Махорн итд... Комишот воведе неколку измени меѓу кои кључна беше хендчекинг фаулот надвор од рекетот со кој им се даде максимална слобода на момците како Вејд, Коби, Ајверсон, Трејси и др., за да им биде уште полесно, секој погруб контакт кога тие момци ќе влезеа у рекет беше окарактеризиран како непотребна грубост и значеше суспензија. На времето тие фаули беа само тн. "машки" фаули, сега се фаули за у затвор. Добар пример е фаулот на Стекхаус над Шек, за кој порано никој немаше да лапне суспензија, па уште у финале?!?! Ваков третман пред 20 години да имаа Мајкл, кога Бед Бојси буквално на секој негов влез одеа да му скинат глава или Доминик, кој и без тоа го држи рекордот за 23-23 уфрлени слободни на една утакмица сигурно ќе имаа просеци од преку 40 поени. "I really got involved to outlaw all the handchecking and all the beating up of guys on the perimeter, so now the game's gotten a lot smoother, so you've got superstars like Dwyane Wade, LeBron James, Dirk Nowitzki who can take the ball to the hoop without all of that old Knicks ball, the old Pat Riley stuff, where they'd just beat up on people" - изјава која Марк Кјубан ја даде на "Летерман" кога серијата се пресели во Мајами. Веројатно сеа си ја мава главата у ѕид.
* * * * *
Веројатно држи вода фактот дека е потребно искуство, посебно на клупата за да се освои титулата. Колку и да не ми се свиѓа начинот на кој залижаниот ги водеше Хит. Сите забелешки на неговите потези губат на тежина кога ќе се сфати дека токму Рајли, заедно со Флеш ја одигра најголемата улога во освојувањето на титулата со тоа што целосно го стави у мал џеб Ејвори Џонсон, кој се изгуби после две средби и три и пол четвртини. Улогата на мотиватор, по која уствари Рајли е и најпознат, тој ја изигра оскаровски, убедувајќи ги своите момци дека се способни да се вратат од 0-2 и велејќи им дека на 20.06. ќе ја освојат својата прва титула. Ејвори после ова може слободно може да си ја врати наградата за Коуч оф д јир, затоа што недозволиво е за некој како него да не сфати дека му е подобро да престане да го утројува Шек и конечно да му посвети повеќе внимание на Вејд. Нели е подобро еден од триото мрцини Диоп, Дампие и Мбенга да го пази еден на еден Дизелот (колку и да е тоа немогуче за нив) и секогаш кога Шек ќе ги поминеше и ќе се најдеше у позиција да поентира да направеа фаул. Можда Ејвори не примети дека Шек е труба на слободни. Кој знае. Тој имаше 18 фаули да подели на Шек, а наместо тоа Мавси цело време го праќаа Вејд на слободни. Проблем ми е и лидерството у Далас, каде барем до финалето Диркулес покажа дека конечно си ги пронашол мудата и знае што му треба да стане шампион. Ви текиња на серијата со Сан Антонио и растурањето од шутирање слободни на Дирк, што е многу слично со тоа како Вејд ги смска у финалето? Тој Новицки го снема негде на патот од Феникс за Далас и не се врати до крај. Можеби избричената глава и брада ќе му помогнат да сфати колку бил блиску - за влакно. А и што да очекуваш од екипа у која најплатен играч е Кит Ван факинг Хорн...
* * * * *
Никад не ми се верувало дека екипа у која стартен плеј е Џејсон Вилијамс, а уште па на тројка почиња Ентоан Вокер ќе успее да помириса финале, а камоли да стане шампион. Ама, веројатно тоа е Вејд-Шек ефектот. Свака им част на Зо и Пејтон на првите титули, посебно поради тоа што и двајцата одиграа голема улога. Уште ми е у глава куцањето на Зо на крај на прво полувреме и секоја од петте блокади у Гејм 6. Па уште како се тресеше на земја како да има напад...пример за тоа како се игра со цело срце...и еден бубрег.
* * * * *
Шек, колку и да според некои хејтери не делуваше така, одигра огромна улога во освојувањето на титулата. Со самото тоа што беше во игра и што у секој напад беше у2 и у3јуван тој отвараше простор да играат сите, а посебно Флеш. Сега, Шек спободно може да каже дека го исполнил ветувњето кое им го даде на сите у Мајами кога пред две лета стигна во градот. Тој стана шампион без Коби покрај себе, иако мора да се признае дека тој тоа не го оствари на начинот на кој го замислуваше или посакуваше. Од друга страна, Коби сакаше да ја освои титулата на ист начин на кој тоа го направи Вејд - со надминување историски дефицит со игри за историја, правејќи се сам кога се крши резултатот и докажувајќи дека тој е главната фаца у тимот. Тоа што Шек свесно целата моќ му ја проследи на Двејн сигурно уште повеќе го полудува Коби, за што веројатно и не е потребно многу напор. Начинот на кој заврши сезоната на Коби, со тоа што по медиумите беше повикан за неуспехот на Лејкерси во клучната седма со Феникс, кога во цело второ полувреме имаше само три шутеви од игра кога најмногу им требаше на своите помошници. Кога на тоа ќе се додаде фактот дека Двејн е ѕверот кој успеа од 0-2 да сврти едно НБА финале во 4-2 за својот тим, па тоа што Двејн без проблеми успеа од менторот на Коби, Шек да направи втора опција и на крај тоа што сите почнаа да го споредуваат со идолот на Брајант, Мајкл химселф...веројатно му дава силни мотиви на Коби за следната сезона, познавајќи го каков его-манијак е. Едвај чекам да ги видам неговите дуели со Двејн следната сезона кои сигурно ќе бидат класика и ќе се најавуваат како што тоа до оваа година беа најавувани двобојите на Коби и Шек. Едвај чекам.
* * * * *
Во продолжение...РЕКАПИТУЛАЦИЈА НА ШЕЕСЕТОТТО НБА ФИНАЛЕ by Chote, кој е најнова аквизиција на МакНБА тимот. Бето, уште не си ја аксептовал поканата која ти е пратена пред месец и кусур. Ај така. (Иначе, морав малце да ги преуредам задњиве два текста затоа што си реков дека тоа што го пишав у петокот ќе биде задњи пост за финалето. Плус, Шеп многу, т.е. ич не го средил текстот, па морав малце да го излектурирам. Чоте, пази со дупли спејс у будуќе:). Донт вори, ги префрлив и коментарите. Сеа со текстот на Чоте добијате дупла доза НБА фајналс рикеп и тоа подвлечено со жуто - К.) НБА сезоната заврши. Имаме нов шампион, "нов-нов". Ретко кој очекуваше ваков расплет, особено по почетното водство на Далас во финалнава серија. Но, се случи чудо. Се срушија многу НБА рекорди и се прекинаа многу традиции. Најбитно од се, НБА се издигна, не знам како да го објаснам тоа, ама НБА е повторно интересна за гледање, барем за мене. Се разбира не на исти начин интересна како што на пример беше во времето на Џордан и компанија (месо-боранија-К.), но не е досадна како што беше пред 4-5 години. Веројатно најдобро ќе ја опишам новонастанатата ситуацијата ако кажам дека се поставија нови стандарди. Многу добро го кажа тоа Лекиќ, кој за наша среќа ги коментираше сите натпревари од финалето. Она по што најмногу ќе го паметиме финалево е секако Двејн Вејд, кој израснува во феноменален играч. За мене тој отсекогаш бил подобар од Леброн и Мело, играчи со кои најчесто го споредуваат. Вејд експлодираше кога беше најпотребно, Вејд покажа особини на исклучително зрел играч кога беше најпотребно. Голема заслуга тука има и стариот лисец (што би рекол З.Михајлов) Пет Рајли, кој успеа да ги постави работите така за да извлече максимум од составот што му беше на располагање и затоа што успеа да ги постави работите така за талентот на Вејд дојде највеќе до израз кога беше најпотребно. Иако морам да признам, на моменти тактиките негови ми беа чудни. Во привјуто на финалево што јас го пишав споменав дека една од причините поради кои Мајами е во предност е токму Двејн Вејд. Да бидам искрен, во никој случај не мислев на оваа предност што Вејд му ја донесе на Мајами во финалево. Ова што се случуваше ретко кој можеше да го предвиди. Човекот е чудо. Човекот на раце го однесе Мајами до титулата. Во него има потенцијал, различен од оној на Леброн или на Мело или пак на Коби. Човекот е едноставно различен од супердобрите играчи како овие споменати погоре. Мислам дека имаме чест да гледаме раѓање на една легенда. Иако сум веројатно сеуште под импресии од се она што се случуваше во финалето, сигурен сум дека Двејн Вејд е играч со вонсериски потенцијал.(Така е). Во привјуто на финалето, исто така, кажав дека очекувам Шек да биде главен. Но, не беше така. Ни блиску до тоа што јас го очекував. Според мене, освен експлозијата на талентот на Двејн Вејд во финалево, друг многу битен момент што стана кристално јасен во последнава недела е падот во формата на со сигурност најголемиот активен играч во НБА. Станува јасно дека Шек остаре.Факт е дека сеуште нема играч во НБА што може да го чува еден на еден, но исто така очигледно е дека колената на Шек попуштаат и он неможе да издржи повеќе од 30 минути на паркет. А и во тие 30. минути не е оној стариот, го нема оној жар и желба и секако не е физички спремен за да пружа партии какви што пружаше за Лејкерс на пример. Во наредниве неколку сезони, Шек се повеќе и повеќе ќе се потпира на неговата харизма и искуство. Ние можеме само да уживаме во неговата игра, во играта на најголемиот активен играч во НБА во моментов и по неколку години да им кажуваме на децата за него. Шек беше втора виолина во финалево, како што и самиот си призна на крај. Во секој случај, вистинска привилегија за Вејд се околностите во кои тој "расте" како играч - Пет Рајли и Шекил О'Hил, не може да посака подобри тутори. Во привјуто исто така реков дека очекувам старците во Мајами да гризат. Така и беше. Морнинг потсети на најдобрите денови од неговата кариера, јас не сум го видел толку мотивиран. Пејтон исто така изигра солидно за минутите што му беа доделени, а и за кондицијаита што ја има. Пејтон го реши третиот (одлучувачки) натпревар. Останатите ветерани и не прикажаа кој знае што. Не ми е јасно како може Џејсон Вилијамс, 7 години да игра во НБА и при тоа да не созрее 5%, да не се надгради 5%. Истите глупости што ги правеше во Сакраменто на времето, па потоа и во Гризлис ги прави и сега, на тотално ист начин. Ептен е за никаде. Секако треба да се спомене и Вокер, кој имаше голем удел во победата во последниов меч и исто така огромен удел во двата први порази на Мајами во финалната серија. Исто така Вокер даде огромен придонес за победата во третиот или четвртиот натпревар кога последните минути ги помина на клупа (ко што одлично забележа Енко - Седи бе:)). Поуси и Хаслем треба да се споменат, епизодни но битни улоги одиграа двајцата. Да сум јас тренер на Мајами, секако Поуси би играл пред Вокер, а Пејтон пред Вилијамс, без разлика на годините и лошата физичка подготвеност на последниот. Како и да е, патетиката на Морнинг, Пејтон па и на Вокер конечно им се исплати,(за разлика од Мелоун), тие сега ќе се пензионираат спокојно, со шампионски прстен на раката. Далас ја изигра најдобрата сезона до сега. Јас пред почетокот на плејофот прогнозирав дека ќе играат во финале. Тоа и се случи. Сепак, искуството (поточно неискуството) си го направи своето. Дирк и компанија запреа кога беше најпотребно. А беа многу блиску. Не беа во состојба да се вратат по поразот во третиот натпревар. Јас мислам дека во тимот на Далас има потенцијал и мислам дека сеуште не го кажале последниот збор. Ејвори е одличен тренер, а доколку го задржат костурот на тимот верувам дека можат и повеќе од ова што го направија оваа сезона. Едино ако на лудакот Кјубан,(кој има фаца на лудак, се понаша како лудак и лудачки им аплаудираше на Мајами на крај) љубовта кон Маверикс му спласне, па дигне раце од нив. Сепак, мислам дека шансите за тоа се многу мали. Риспект за Ејвори, Дирк, Тери, Хауард а и за останатите од тексашкиот тим. Направија навистина многу. Сега се поискусни за едно финале, а тоа може многу да им биде од корист во иднина.
* * * * *
Долго, а? За крај, една од најдобрите НБА најави евр... (од следната недела почнуваме да се занимаваме со драфтот)...

Thursday, June 22, 2006

Isaiah Allmighty...или "Ќе падне сеир"
Таман седнав да пишам текст за новиот шампион Мајами и колапсот на векот на Далас кога, кој друг, Ајзеа Томас ми се јавува и ми вика "Еј, конечно се откачив од стариот пацов!!!" . Можам да го замислам со мобилниот у раце и неговата насмевка која го направи позната, од уше до уше. Не знам зошто и не би бил таков Зик, секој би сакал да си најде газда кој ќе му даде одврзани раце да си прави што сака, да троши пари на бескорисни ствари, да фрла милиони на сакати и предебели сумњиви типов и од една од оригиналните најголеми спортски организации, која делумно му беше трн у око кога беше играч, да направи нешто на што цел свет ќе му се смее. И се тоа вршејќи ја работата за која немате појма, а за која добивате една од најдобрите плати на светот. У задњата епизода од Isaiah Allmighty, Томас фаќа Лерингитис и го брка Браун од Биг Епл за конечно тој да си седне на клупата на хаосот кој сам си го создаде. А како да не поминаа ни година дена (и не поминаа) кога Ајзеа со истата таа насмевка на медиумите од Њујорк им го претстави Браун како човекот кој ќе ги врати Никси таму каде што им е местото - што и бидна, само што не сфатија дека тоа место е дното на Атлантикот. Е сеа, покрај тоа што Ајзеа е ужасен како Џи-Ем, светот у следната сезона ќе се потсети и на она што веројатно малце го подзаборави, а тоа е дека Ајзеа е и ужасен тренер. Во ова мислам дека ќе уживаме сите ние, освен нормално, фановите на Никси. Што се однесува до Лери, спремете се за серија драматични изјави од старецот кој стави милиони во џеб оваа сезона за седење на клупата на Њујорк и правење тужни фаци. Тој ипак е Бродвеј тип на тренер кој нема туку-така да си отиде, а и онака нема многу други занимација за него во пензионерски. Спремете се за уште посмешна сезона од прошлата во Никси, а сеирот ќе почне уште на драфтот на 28-ми следната недела кога у нивната арена Чикаго како 2-ри ќе го лапне пикот кој лани Томас им го даде за мрзата Кари. М-м-м, а таман помислив дека не може да биде посмешно у Њујорк. ПМС: Вистински момент да го ставите у букмаркси Sell the Knicks, кои пред некои месец дена Џејмс Долан проба и да ги укине.

Wednesday, June 21, 2006

Top of the world
Мајами е новиот шампион, колку и да тоа изгледаше како невозможна мисија по двете први средби во Далас. Мајами го има Двејн Вејд, кој во моментов слободно можеме да кажеме дека е најдобриот играч во лигата. Мајами го има Шекил О'Нил, кој кога пред две години пристигна во клубот им вети на фановите шампионска парада. Мајами го има Пет Рајли, кој кога пред 11 сезони застана на кормилото гарантираше титула. Мајами го има својот долгогодишен симбол Алонзо Морнинг, кој конечно, по неколку сезони исполнети со агонија стигна до заслужената цел. Мајами ги има Гери Пејтон и Ентоан Вокер, кои по многу неуспешни обиди си го најдоа своето место под сонцето на Флорида и се закитија со своите први шампионски прстени. Мајами, барем до следното време ова лето, во свои раце го има "Лери О'Браен" трофејот и во следните година дена ќе биде мерило за успех и тим кој другите 29 НБА екипи ќе се обидуваат да го симнат од тронот. Преку 36 поени на МВП-то на финалето - Вејд, дабл-дабл ефектите на Јудонис Хаслем, Ентоан Вокер и енергијата на Алонзо, Мајами ја одигра својата веројатно најдобра средба на гости сезонава за победа од 95-92 сред Далас и крај на серијата од 4-2 во нивна корист. Формулата која ја донесе титулата на Флорида беше формирана пред две лета, а минатото претрпе неколку измени од страна на Рајли. Покрај ангажирањето на неколку ветерани, минатото лето се изврши и прераспределба на улогите која беше евидентна во овој плеј-оф и посебно во ова финале. Шекил веќе не е најдобриот играч на Мајами, откако шестата средба ја заврши со само девет поени, а финалето со просек од 13.7 по натпревар. Лидер на Хит сега е Вејд, кој со просек од 34.7 поени сосема заслужено беше прогласен за МВП на финаето и кој повторно, кога делуваше како да Мајами пак ќе падне во Тексас, беше тука да ја одигра улогата на спасител. Секогаш кога гостите ќе паднеа во дупка, Двејн беше тука да ги извади. Почнувајќи од седумте поени во серија кога Далас поведе со 26-12 на стартот, па се до петте слободни во последните две минути со кои ја запечати титулата. Сепак, на оваа средба не беше само Вејд тој кој го носеше Мајами. Тука беа изненадно добрите партии на Хаслем и Вокер, тимската игра на Шек и огромната желба за победа на Морнинг кои едноставно беа премногу за загубените Мавси. Мајами е новиот шампион, колку и да тоа изгледаше како невозможна мисија по двете први средби во Далас. (Текст за у новини)
.

Monday, June 19, 2006

Going all the Wade...Cuban - the Psycho и 20 години потоа
Класика или класичен неуспех? Така ќе биде оценета Гејм 5, само зависи која страна ќе го оценува. Јас сум дел од помногубројните кои на Гејм 5 гледаат како на вистинска класика, (иако на моменти имаше тешки грешки на некои играчи за кои ќе си помислиш дека е немогуче да се дешаваат у едно финале). Мавси нормално, по овој пораз ќе продолжат со плачење, нешто што во голема мерка го правеа по суспензијата на Стекхаус, иако мислам дека многу попаметно и на Ејвори и на сите сега ќе им биде со камбекот дома да успеат да си направат камбек и на самодовербата со која ги згазија Мајами у првите две. Мада, сега серијата е тотално различна и Вејд, Шек и дружбата не се истиот тим од тие две средби од Далас... ...(По пауза од некои 4 саати)... Иначе, според Марк Кјубан, кој беше бесен пред утакмицата, уште побесен у тек на утакмицата и црвен како рак откако заврши утакмицата, не беше спорниот фаул кој судиите му го свирнаа на Дирк над Вејд тоа што ја реши средбата, нити пак глупиот потег на Хауард да викне тајм-аут. Според Кјуб пресудно беше она што се деси некоклу секунди пред да биде фаулиран Вејд, кога Мајами од туѓата половина ја убаци топката у игра враќајки ја на својата половина. Признавам, кога го видов застанав и си го помислив она "Чекај малце!?!?" (со "Рик Аделман кога се крши резултатот" фаца), ама судејќи според тоа што никој освен Кјуб не се пожали изгледа дека тоа е дозволено у НБА. Кај нас знам дека не е дозволено, ама пак кај не се ни игра кошарка, така да... Откако Вејд ги убаци двете, а поради тајм-аутот после првото слободни Далас мораше да почнува од под својот кош, наместо од пола терен, Кјубан неколку минути останал на теренот бунејќи се кај судиите, записничката маса, па дури и онака, како муле, без зборови, бесно гледал накај Штерн кој бил у близина. Психо. У тој филм продужил и Дирк, кој на пут до соблекувална почнал да удира ствари по путот при што настрадал еден невин и недужен статичен точак кој морал да се соочи со бесната десна 73-ка на Швабата. "What am I saying to you right now, dog? Please, don't come off on me right now because I'm going to come off on you, and I'm not in a great mood right now. Get out of my face, man. Get out of my face" - Џош Хауард. Покрај тоа што ја направи глупоста поради која, доколку Далас го изгуби финалето веројатно ќе биде запаметен до крајот на кариерата, Џош Хауард под својата слика на Јаууу е главен виновник за поразот на Мавси од 1010-100. Не знам за вас, ама мене Девин Херис страшно ме потсеќа на Тајрон Лу од финалето 2001 , а и доста бргу се искачува на "Најмрзок играч" листата. И на крај Двејн, кој беше феноменален вчера, барем во финишот, иако на моменти ми изгледаше дека служи како спасител за непостоењето никаква тактика на Рајли. После таа партија сабајлево, Вејд е еден од само 6-те играчи кои на три средби по ред од финалето убациле најмалку по 35 поени. Другите се: Dwyane Wade 2006 Shaquille O'Neal 2000, 2002 Allen Iverson 2001 Michael Jordan 1993 Rick Barry 1967 Elgin Baylor 1962 Како тоа да не е доволно, па со 21 убацено слободно Вејд стана и рекордер според број на уфрлени слободни у една финална утакмица. Момците од Yay! имаат интересна дилема: As great as Wade has been, for some reason our thoughts drift to Shaq, and what would be going on right now had he been able to trim down and take a backseat to Kobe Bryant like this. If he had, the Lakers would be on their way to title number six, in all likelyhood. The way players were flocking to Shaq/Kobe, they'd have gotten Michael Finley, Nick Van Exel, and all the rest, don't you think? Are Laker fans angst-ridden? Хмммммммммм.... Лајла, Kатја, Касандра, Ники, Кате, Брук, Керликс, Ешли, Сузи...???
* * * * *
Оф д фајналс топик: Драфтот кој ќе се одржи у Њујорк следната недела ќе обележи 20 години од еден од најлошите драфтови у историјата на НБА. За тоа имам пишувано и порано, a смртта на Лен Бајас kако повод за сеќавање на типот, но и на многу други контроверзии кои ги разбуди неговата смрт, ја искористија за текстСпортс Илустрејтед и момците од Селтикс блог, кои веројатно најмногу ја почувствуваа трагеијата на нивниот 2.пик

Saturday, June 17, 2006

СтекАУТ, 155238-от камбек на Мајкл и White(ептен)HotGirls
Како да не им беше доста што од скоро 3-0 паднаа на 2-2, Мавси на утрешниот Гејм 5 ќе мора да се снаоѓаат без Стекхаус, кој беше суспендиран од страна на лигата за мушкиот фаул над Шек вчера сабајле. Еве го и клипот: Па изјавата на Дизелот за фаулот: "My impression was my daughters tackle me harder when I come home. You know, I'm one of the last players from the old school, and you know, you just have to take a hard foul like that and keep on moving. It actually felt pretty good to get hit like that. Thank you, Jerry, I appreciate it." А онда и реакцијата на тотално небитниот во оваа серија и во кошаркарскиот свет воопшто - Дарел Армстронг, за ненадејната машкост на помалку небитниот Ентоан Вокер: "You've got heroes like Antoine Walker coming up feeling like he's got to say something. For what? He hasn't fought one time in this league. All of the sudden you're getting brave?" Како и да е, ова е уште еден удар врз и онака отидената у бунар самодоверба на Далас, пред се затоа што Стек им е главното оружје од клупата која у ова разигрување одигра огромна улога во доаѓањето до финалето, па и во двете победи дома на стартот од серијата со Мајами.
(Сликава може да ја ставите и како Волпејпр)
Ипак, ова не го мења фактот дека притисокот да се добије Гејм 5 е на Мајами, кој верувам дека не сака да одлета за Тексас со дефицит од 2-3, посебно не со пораз против ослабените Мавси на кои така само ќе им се врати самодовербата која ја изгубија некаде на старт на последната четвртина у Гејм 3. Пет Рајли, а и сите фанови на Њујорк многу добро си знаат дека ни со 3-2 пре две задњи у гости не се знае ништо, посебно по фијаското со последните две утакмици од финалето 1994 кога Њујорк благодарение на Џон Старкс рикна у Хјустон. Едно е и тоа како извесно, а тоа е дека ќе имаме кошарка што и единствено праведно за овој плеј-оф и екстра утакмиците кои ни ги понуди. Екипите и тренерите добро си се прочитаа едни со други сега се сведува на тоа кој има поголенми МУДА, односно кој е поголем Мудоња. Последен пат кога Дирк имаше така бена партија како задњава у Мајами, уште на следната убаци 50 поени. Онака ми дојде, не мора да значи ништо... Еве една прича која како да се повторува скоро секоја година, нормално у различни пакувања. Капа доле за мајка му на Џејсон Тери, која го следни својот син и покрај тоа што докторите не и го препорачуваат тоа. Пред стартот на финалето Марк Кјубан се нарече себеси БЛОГЕР, и тоа еден од подобрите, што мислам дека со оглед на тоа дека човекот нема леб да јаде му дава добра основа да биде такво нешто. Сепак, после двата колапси на Далас у Мајами, Марк кој вети дека ќе постира секој ден, а понекад и на полувремињата од утакмиците ми е нешто многу тивок. Баш поради тоа момците од Farlane, му спремија писмо на најкул газдата у НБА. А, еве го линкот до блогот на Кјубан, кој кај нас у линкови го има уште од првиот ден на МакНБА. Иначе, Жаре уште растура со своите клипови.
* * * * *
Можеби ви е чудно колку малце внимание му се посветува на новиот камбек на Мајкл во лигата, овој пут пак у слична улога како таа од Вашингтон, само што нема да се брука на теренот и ќе има поголеми овластувања во кошаркаpските операции на Бобкетси. Не знам дали ова би требало да ги радува или исплаши фановите во Шарлот. Прв потег на Мајкл: Трејд со Лејкерси на кои ќе им го даде пикот на овој драфт и Мека Окафор за Квами Браун и Лук Волтон. Се зезам, Лејкерси не би го дале Волтон за Мека. Еве и како момците од Wizznutzz, гледаат на целата работа.
* * * * *
Ај малце да се заблажиме. Не знам за вас, али знам за мене и за Шеп дека плесачиците или такозваните чирлидерки на Мајами на секоја пауза ни будат блудни фантазии. Сеа ми станува криво што Мајами ја нема предноста на домашен терен па да гледавме уште две утакмици на Флорида. Ако има седум меча ќе биде мрско од Мајами Грлс да се премине на девојките од Далас, кои веројатно се едни од најслабите у лигата у својата работа. Така ќе мора стварно да остануваме до сабајле само поради кошарката. За да знаете за што во зборам, еве ви линк до галерија која ќе ви го отвори очите и разубави денот (нормално, ако ги гледате само девојките од Мајами). Ва-ва-виваааааа!!!

Thursday, June 15, 2006

Ексклузивни фотки од Мајами
Нашиот „дописник“ од Мајами, Гоце Велјановски, ни ги прати овие фотографии од третиот натпревар.. Еве што тој вели:
Za natprevarot se sto trebase da se kaze kazavte vo postot, organizacijata bese odlicna, a fanovite na majami se glasni samo koga heat igraat dobro. Na nekolku momenti atmosferata se pretvorase vo teatarska, pa morase da se pobara time-out za da moze povtorno da se potpali publikata. Bitno go skrsivme mrazot po 4 porazi ovaa sezona pa sega se moze da se sluci. pozdrav PS: Najverojatno ke odam i na petata vo nedela pa moze ke vi pratam uste nekoja slika.
Епа друже, лепо се проведи и за нас овдека, па ако сликаш, праќај фотки, да ни течат лиги :)

Wednesday, June 14, 2006

Двејн го изwadе Мајами
Бу-ја. Баш кога си помислив дека еден од најдобрите плеј-офови у задњиве 15-20 години ќе заврши на најмрскиот можен начин Двејн Вејд сејвд д деј или сабајлето, како сакате. Првите три четвртини беа на добар пат да ми ја убијат секоја желба за кошарка, а онда сите можни коцки се поклопија за Мајами и буквално секој играч даде свој допринес у победата и бегањето од провалијата од 0-3. Најголем придонес нормално, покрај Двејдвејн, даде Ентоан Вокер со своето седење на клупа у задњите шест-седум минути кога Мајами се врати у живот. Капа доле за Јудонис, кој одигра со една рака. Капа доле и за Пејтон кој конечно, покрај две-три добри одбрани у серијата успеа да погоди кога беше најважно. Капа доле и за Џејсон Вилијамс, кој иако нема појма од одбрана, погоди тројка со која тргна лавината наречена Вејд. Капетина доле за Шек чии две погодени слободни у финишот ја подигнаа самодовербата на неговите пајташи. Ова не е мала ствар, човекот шутира слободни под 50%, а у првите две имаше бедни 2-16. Сабајлево Дизелот погоди 4-6. Да не го тупам со тоа колку голема партија одигра Двејн и колку таа сигурно ќе остане запишана заедно со некои од најголемите на сите времиња у финалето, еве ви текст од Вашингтон Пост, кој нали, би требал да биде неутрален. Само едно, тоа што вчера Вејд го направи ги имаше сите предуслови да стане класика. Типот две недели се мучи со дехидрација и некој гаден грип. Како тоа да не беше доста па Шек у пад му налета на коленото, колку го здоболе му се виде по суратот до крај на утакмица, а и по тоа дека денес не можел да тренира. Мајами беше у дупка која ќе значеше неповратни 0-3. Неговиот Бетмен беше пак немоќен против утројувањата на Мавси. У иста петорка со него игра и Ентоан Вокер. Е сеа, ако Далас си ги смска следниве две, што и ќе биде ако одигра како у првите три сабајлево, онда партијава на Двејн малце ќе изгуби на тежина, што рака на срце не би било праведно кон момакот. Ама, ако Рајли не сфати дека Вокер не може да го чува Хауард (а кого може?) и дека наместо него треба да старта Поузи, кој целосно го затвори Џош у 4-та, онда на Мајами не му се пише добро. Од друга страна, Ејвори мора да смисли нешто да го затвори Вејд, откако у претходниве цела негова екипа работеше успешно на планот да се лимитира Шек. Не дека Вејд може да се затвори, ама со обрнувањето поголемо внимание и на него онда се отвара простор за д Биг Фела или па за помошниците на дајнамик дуото. Не смее да се забраве дека целиов пост до тука ќе можеше да се фрли у вода ако Дирк не заборави како идеше текстот на омилената му песма од тинејџ деновите. Како не беше Хаселхоф на трибина па да му шепне. Истиот кикс на другата страна и со помалце време го направи и Вејд, ама па тој се извади со огромната украдена на последниот обид за цепелин на Далас. Едно не ми е јасно, зашто мораше Дирк да го изведува тој аут, нели ќе беше подобро тој да беше у игра за да одвлече внимание на двајца играчи на Мајами за полесен цепелин за продолжеток? Едно објаснување е неговата висина со која може да фрли пас преку секого, ама пак...
(ОВА Е НАШ 401 ПОСТ!!!)
* * * * *
Shep: а еве што х`мка Новицки коа пуца слободни (КЛИПОТ МОРА ДА СЕ ВИДИ) Хукд он а филин.. ајм хукд он а филин.. Евровизија..
* * * * *
Има и некои други ствари кои деновиве се дешаваат низ лига, а најинтересни се пред-драфт камповите и тазе руморсите за некои од поголемите фаци у лига. Една е за тоа дека Кингси сакаат да го лапнат Гарнет, иако Мекхејл изјави дека нема шанси да го трампа својот најбољи вук, а другата е дека даните на Одом у Ел-Еј може да се избројани и дека би можел да заврши у Чикаго у размена за 2. и 16. пик. Има уште, ама за нив кога ќе заврши финалето.
* * * * *
И за крај, омилениот дел на Шеп од Гејм 3...
Една слика, 42 поена, 1000 збора
Ако се прикаже графички текот на утакмицата ќе се добие синусоида.. Шек почиња Чембрленовски, Шек се губи, пркнува Далас, се јавува Вејд, Далас колабира.. Ако не сте го гледале, тешко некој би ви го објаснил.. Јас гледав ФИНАЛЕ.. а Далас конечно изгуби кога Хауард даде и 20+ поени.. Вејд убаци 42.. и не е до 42-та, практично ја реши текмата со дефанзивен потег.. А Новицки.. е Новицки шитна.. што е право, право е. Јас сум сеуште под импресии, покасно со деталите. Иначе Мајами имаат ХОТ плесачици.. уууу.. бррррр..

Tuesday, June 13, 2006

Shaq, there's a RING at the door
by Dan Le Batard Miami Herald This is why Shaquille O'Neal was brought here -- for this, for tonight, for the most important game in the history of the Miami Heat franchise. He was not brought here to have his worst playoff game ever and then afterward vanish, redundantly. He was not brought here to make all those jokes about being sexy in good times and then leave congested Dwyane Wade to speak for him in bad times. He was not brought here, in times of turbulence, to get himself and his franchise fined for his 330 pounds of pouting in silence when now, more than ever, his fragile team needs his voice to be loud and defiant, chest and chin and championships out there for all to see. It is one of the strangest sights in sports -- Shaq, shrinking -- but now would be a pretty good time for the angry giant to reappear, as the local earthlings question their superhero's remaining strength more than ever. Shaq, there's a ring at the door. You going to answer? He arrived here by parade, a first, and then promised another. It is a mere four victories away. The Dallas Mavericks are young, strong and impressive. But they do not have him. They may think they are good enough to be champions, more so than ever today, but there is only one person on that court when the ball goes up tonight who knows he is good enough, who has the substantive and empirical proof.
THE COACH
Off to the side, Pat Riley has championships, too, but that was a long time ago. Going on two decades now. So Riley will do what his lost Heat players will do tonight, what hope-leaking Heat fans will do, what just about everyone on this planet who ever comes into contact with Shaq always does. Tonight, Riley will look up to him. It is why Riley brought O'Neal here -- to simplify the game by tossing everything to Shaq. The ball, the franchise, the expectations, the millions of dollars, the hope, the championship. Here, Shaq. Catch. Double teams? That's the smart play by Dallas. Make Miami's perimeter players do something. Let Antoine Walker shoot all he wants. It gives Miami less margin for error, away from the rim with shaky hands in a game that matters to only one team tonight. Dwyane Wade can usually make opponents pay for that, but he hasn't done it yet in two games on this stage. Where has his jumper been? Where has he been? Expect 30-plus points of assistance from him tonight, maybe 40. Expect the best playoff game you've seen from him this season. But everything starts, as it always does on the Heat, with Shaq. The double-team is only something he has been beating all his life. You think he hasn't seen it before? The only thing that hasn't happened before is him scoring five points against it. There's only one guy in the league Wade has always wanted to dunk on without success. Shaq. Upon Shaq's arrival here, Wade tried to dunk on him in a practice. Once. Shaq put him on his back. And that was the end of that. Wade has never tried again. That would be the Shaq Miami needs tonight -- prideful, strong and knocking down all who covet what is behind him. Shaq, there's a ring at the door. Can you get it? Shaq cares deeply about his legacy. As of today, he isn't better than Tim Duncan, just more famous. Both have won three championships. Both have been Finals MVP three times. You can make the argument that Shaq, given his unprecedented size and strength, has underachieved. Shaq can separate himself from Duncan by winning with a different franchise. When Duncan was put in this position, by this same Dallas team, season on the line earlier in the playoffs, he responded with the best playoff game of his career.
NOT WHAT HE WAS
O'Neal isn't what he was. That's not criticism, just fact. He is no longer the guy who can give you 42 against Indiana in The Finals or 36 points and 20 rebounds against Ben Wallace. He keeps saying he'll do it when it matters most, but that's tough-guy bravado, today's Shaq borrowing credit from yesterday's. Alonzo Mourning promised an Angry Shaq Sunday for Dallas, and all the Mavericks got was Miami's seventh-leading scorer on the Heat's side of the boxscore. Fact is, Shaq's playoff numbers are almost exactly the same as his regular season numbers, which were lower than they have ever been. He doesn't have a switch he can turn on with vengeance, not anymore anyway. Yes, he pulled a game out of his past to eliminate seventh-seeded Chicago on the road with 30 and 15, but that used to be something he might average this time of year. Excellence is a habit. We are what we repeatedly do. It was Shaq who said that, dubbing himself The Big Aristotle. He can repeatedly do 30-15 less than ever before. And Dallas is not Chicago. Dallas is Chicago on steroids.
PLAYOFF ADJUSTMENTS
Paul Silas essentially said on ESPN that Riley is no good at making adjustments in the playoffs. Silas is an unemployed coach, yes, but he also is the guy who, as coach of the Charlotte Hornets, swept Miami the last time Riley was in the playoffs. Riley's usual adjustment is to ask his team to be meaner, to be tougher, to care more. That's not enough now. What he needs his team to be, more than anything, is better. Miami can't and won't win against this Dallas team shooting 41 percent, as it did Sunday. That number has to get closer to or above 50, which is where Shaq can still put it when he is controlling a game. Shaq, there's a ring at the door tonight. People are starting to wonder if you still live here, if anyone is home. You going to answer? Or you going to leave it to Dirk?
* * * * *
Ја само ова би го додал на текстот на Ден:
Look, if you had one shot, one opportunity to seize everything you ever wanted One moment would you capture it or just let it slip? His palms are sweaty, knees weak, arms are heavy There's vomit on his sweater already, mom's spaghetti He's nervous, but on the surface he looks calm and ready To drop bombs, but he keeps on forgettin What he wrote down, the whole crowd goes so loud He opens his mouth, but the words won't come out He's chokin, how everybody's jokin now The clock's run out, time's up over, bloah! Snap back to reality, Oh there goes gravity

Monday, June 12, 2006

MIAMI MISERY

Sunday, June 11, 2006

Да не е без ич...
"That game was dedicated to Rick Adelman. I'm at home, in the bathroom, trying to take a dump, flipping through the channels and he's complaining (on TV) about how I'm stepping over the line. I can't even do a No. 2 in peace. I'm sitting there grunting at 12:30 at night. Can I go one day without somebody saying something negative about me?" ЕСПН после некое време конечно избаци солиден текст, посветен на човекот кој веројатно ги давал (и се уште ги дава) најискрените изјави, посебно кога станува збор за НБА Финалињата, каде годинава се најде по петти пат во последниве седум години. Клипот кој го ставивме на претходниот пост се наоѓа на 10. место, горната изјава (за неговата омилена мета-Сакраменто Квинси) е на прво, а остатокот од Топ 10 изјавите на Шек во текот на неговите посети на НБА Финалето се наоѓа ТУКА. ПМС: Морав нешто да ставам у огромнава пауза од осум дена у која видовме само една утакмица. Плус, Свецково, а посебно клипот за Ејвори Фемили ептен го изреметија Шеп.

Friday, June 09, 2006

"Слатко" ...+ The Avery Family and The Mavs Raiders Of The Lost Trophy
Зошто Шек е one and only? Ѕирнете го клипот.
Во текот на Гејм 1 играчите на Мајами неколку пати се обидоа да трчаат со Мавси, што знае да биде забавно и барем на момент да го подигне егото, ама е и совршен начин да се изгуби од Далас. Мајами има само еден единствен играч кој може да ги тепа Мавси во нивната игра и тој се вика Двејн Вејд, што тој и го покажа во првата и третата четвртина сабајлево. И, додека Вејд се забављаше на теренот, Шек изгледаше како да е далеку од тој стејт оф мајнд на својот "Робин" По средбата Шек за играта на своите соиграчи рече дека била "Слатка", израз кој Дизелот го користи кога сака да им стави до знаење на своите поданици дека биле за нигде. Далас со се срце ќе му дозволи на Вокер да шутне дупло повеќе пати од Шек во првите три периоди и осум пати повеќе во текот на целата средба. Мајами не може да победи со таква игра. Вокер отсекогаш бил една од најголемите неконстанти во лигата, за разлика од темелите Шек и Вејд. Тој пред две години играше за Мавси, кои без да размислуваат го откачија после само една сезона и кои верувам не би имале ништо против Вокер секоја вечер да пуца по 19 пати. Главната сила на Мајами е во силата на Шек, нешто на што Дизелот ги потстети своите поданици во дел од последните 12 минути кога им се дереше да му ја спушаат топката и да не шутираат луди тројки преку рака, посебно не пацери од типот на Вокер и Пејтон. Но колку што е во него силата на Мајами, во него е и слабоста на Мајами. Слободните на Шек ниогаш не биле посебно прецизни, ама па сабајлево беа катастрофални. Изјавата на Вејд дека ова е само еден меч е 100% тачна, како и тоа дека оваа средба беше од многу поголемо значење за Далас, отколку за Мајами, пред се поради глупиот формат на финалето. Клучна во ова финале ќе биде втората средба, која Мавси не смеат да ја изгубат. Нормално, свака му част на Авиончето Тери, кој го искористи самракот на ѕвездите и излезе како најсветла тачка у првиот дуел, нешто што сумњам дека ќе се повтори пак.
* * * * *
Два клипа кои заедно со изјавата горе на Шек влегуваат у конкуренција за најдобри клипови у историјата на МакНБА. Мооора да ги ѕирнете...
The Avery Family
Mavs Raiders Of The Lost Trophy

Thursday, June 08, 2006

ВРЕМЕ Е…
Овие четири дена беа таков одмор од гледање баскет, што вчера и ми падна чудно колку се осеќам наспан, нешто што ми се нема случено последниве седум-осум месеци. Сега е време за уште малку месечарење откако после огромната пауза меѓу финалињата по конференции и големото финале, Мајами и Далас вечерас или поточно сабајле у три, конечно ќе го почнат финалето кое најголемиот дел од нас со нетрпение го чекаше. Посебно по елиминирањето на досадните до бога Пистонси и Спарси. Терминот од три за секоја утакмица е гарант дека пак нема да се спие, а ако на тоа се додаде Светското кое утре почнува у Дојчланд верувам дека продажбата на Нес и остали кафиња драстично ќе порасне овие две недели. Од недела навака секој ден си мислам зашто Далас, а онда и зашто Мајами би требал да го добие финалево...и на крајот останувам со фаца како онаа на Рик Аделман секогаш кога се крши резултатот. Едноставно не знам кој би можел да ги наследи мамузарите на тронот. Логиката ми вика дека тоа ќе бидат Мавси, затоа што го имаат Диркулес кој ја игра најдобрата кошарка на својата кариера, а и Мајами нема играч кој би можел барем малце да го задржи. Плус, Далас игра многу побрзо од Детроит, а и за разлика од Пистонси во серијата со Хит, Ејвори сигурно ќе ги натера Мавси да играат одбрана и да не дозволуваат да ги победат пацери од типот на Вокер или пак Вилијамс да им убаци 9-9 од игра. Како тоа да не е доволно, тие имаат меч повеќе дома и поголем избор на играчи кои можат да помогнат у нападот, а и во одбраната. Од друга страна, па некој глас ми вика дека нови кралеви ќе бидат Шек и Вејд, посебно после тоа како ги смскаа Пистонси. Дизелот го одмараа цела сезона за ова, а тоа и тоа како беше очигледно со Детроит. Сега, кога више нема за што да се одмара верувам дека ќе одигра максимално против кутрите Гана и Дампие, кој на времето се маваше у гради, нарекувајќи се Шек-стопер. Но, не очекувам од Шек да биде главен у оваа серија, таа улога ја резервирам за Двејн, за кој ова финале би требало да биде дефајнинг момент у кариерата по кој ќе се прикључи на најголемите. Плус, пред старт на вечерашнава средба сите зборат за синусите и грипот на типот, а мене одма ми иде паметот на еден друг играч кој го реши финалето играјќи грипозен, со температура. Се кладам дека вечер едно катаљарда пати ќе се повлече паралела меѓу Вејд и Мајкл од финалето 1998 год. Гарант. И тоа ќе се спомнува до толку што ќе ве тера на повраќање. Ако ова сценарио се исполни, Двејн е МВП на финалето. "I don't want to be LeBron James. I don't want to be Kobe Bryant. I want to be right where I am now, next to Shaq. Shaq draws double teams. I draw double teams. And we're both unselfish. That helps everybody. That's why we're in this position. And he's the only one on our team that knows how the champagne feels on your head. No one else does. That's why we all listen to him." - Двејн Вејд за разлика од некои други ликови, си ја сфаќа улогата. Голема улога мислам дека ќе играат и тренерите кои се класичен пример за њу и олд скул. Кога Рајли дојде на местото на Рон Џереми и после првата серија со Булси ама ич не ми мирисаше на ваков исход на настаните. Но, Рајлз ја одигра својата улога на мотиватор и го извади најдоброто од својот стар тандем, но и од ветераните епизодисти. За тоа, свака му част. Ејвори па од чисто офанзивен, Далас го направи комплетен тим кој кога треба знае да стисне заби у одбрана. Малиот Генералн у сериите со Санси и посебно Спарси, со ставањето на Херис, направи неколку потези кои само му ја потврдија титулата на коуч оф д јир. Голем фактор ќе биде играта на Џош Хауард, Тери од едната и Вокер и Вилијамс од другата страна. На прв поглед Далас е во предност, но... Скоро сите во анализите го спомнуваат како голем фактор искуството, што според мене може, ама па и не мора да игра никаква улога. Најдобар пример за тоа е финалето од пред две годиини кога Пистонси онака зелени успеаа да ги смачкаат емотивно растроените многу поискусни Лејкерси. Она што е исто со таа серија е тоа што Шек и Пејтон пак се дел од иста екипа. Дали тоа ќе се покаже како добар или лош знак ќе видиме и тоа веројатно уште вечер каде ќе почне да се одмотува енигмата околу тоа ќе биде нов шампион. Кој и да биде, единствено што сакам е да гледаме екстра кошарка, по можност седум тесни утакмици. Дека тоа не е далеку од можно кажуваат многуте прогнози. Ја ни у весник денес не ставив своја прогноза, зашто стварно мислам дека и едните и другите можат да стигнат до чичко Лери ОБраен. За да ни ја олеснат работата, момците од тоталплејстејшн седнале и ја одиграле цела серија на ПС2. Ако само дел од утакмиците се одиграат како нивните симулации, сигурно ќе бидеме задоволни. Мајк Кан од Фокс, во свој стил ни укажува на 10-те работи кои би требале да ги очекуваме во Финалето. Еден од најдобрите, ако не и најдобриот НБА новинар Скуп Џексонво дискусија за Финалето со Ерик Нил. Едниот е за Мајами, другиот за Далас. Мора да се прочита. Иначе, уште еден рекорд на Елџин Бејлор би можел да падне годинава ако Шек има три средби со барем 30 поени и 10 скокови. Колку да се знае, Дизелот е единствен играч во историјата на НБА финалето со просек од фантастични 32,6 поени и 13,8 скокови. За очекување е тој просек да падне годинава, но со Шек, кој е свесен за своето место во историјата, никад не се знае. Нека не ве изненади ако од утре има понекој пост за Светско. Само да не биде посеровка како тоа пред четири години на Далеком Истоку. Кога сме кај Дојчланд, го собравте ли албумот? Мене ми фалат уште бедни шест комада, кои немав време да ги побарам овие недела дена. Помагајте!
Чоте за финалето
Според МакНБА фановите (од досегашната анкета се гледа дека), Рајли ќе освои уште еден прстен
Е не можам а да не кажам дека стварно ми е мерак шо имаме вака активни другарчиња.. сите шо сакаат можат да пишат на maknba@gmail.com. Инаку, Чоте од пред некое време има свој блог - клик овде да го видите свите. Еве го моето видување за НБА финалето што следи, секако со мал претходен вовед преку пар зборови за финалињата по конференции. Во конференциските финалиња гледавме четири тима со прилично различни пристапи кон кошаркарската игра. Детроит секако имаше главен акцент на одбрана, а Феникс имаше главен акцент на напад. И двата споменати тимови испаднаа. Феникс поради тоа што реално со овој играчки кадар и немаше капацитет за повеќе, а Детроит пак, испадна поради Флип Сандерс и неговите тренерски капацитети и знаења. Флип дозволи формата на клиповите да падне кога беше најпотребно, дозволи да има фаца на збунето теле кога се решаваа многу натпревари и не успеа да ги врати Пистонси по психолошкиот пад што го доживеаа по дуелот со Кливленд. Додуша кај Детроит и влашките клетви имаа мал и неприметен удел, но секако имаа, повредата на Шид беше многу битен момент за Детроит и нивниот пад во играта на сите полиња. Како и да е, во финале потполно заслужено ќе играат Далас и Мајами.
Малиот генерал од Алабама
Далас го заврши регуларниот дел од сезоната со подобар скор од Мајами, па ќе ја има предноста на домашен терен на еден натпревар повеќе од Мајами. Во финалето се пласираа две различни екипи, од источната конференција доаѓа една супер искусна екипа а од западот доаѓаат Ејвори, Дирк и неколку неискусни но многу солидни момци. Во регуларниот тек од сезоната Далас го имаше седмиот најдобар дефанзивен скор а Мајами четиринаесеттиот. Офанзивно гледано, Мајами со просечно постигнати скоро 100 поени по натпревар имаше шести најдобар напад а Далас со постигнати 99,14 поени по натпревар деветти, скоро идентично. Инаку интересен момент се нивните меѓусебни дуели во регуларниот тек од сезоната кои Далас ги доби со, внимавајте(!) 24.5 поени просечно. Рака на срце, на едната (онаа што ја изгуби со тринаесет разлика) Мајами настапи без Шекил Онил. Во продолжение ќе направам споредба на неколку кошаркарски “елементи“ што секако ќе бидат клучни во дуелот на Хит и Маверикс. На почеток пар факти за тренерите на тимовите финалисти. Ејвори Џонсон и Петрик Џејмс “Пет“ Рајли. Вториов е тренер на еден НБА тим по дваесет и втор пат(!), значи има зад себе дваесет и две години акумулирано искуство како главен тренер на еден НБА тим, а Ејвори ја работи втората (нецела) сезона како тренер. Рајли ја освои првата титула со Лејкерси пред точно дваесет и една година, и тоа не му е единствената титула како тренер, а се сеќавате играше и едно финале со ЊуЈорк. Иако за тренерското искуство на Ејвори и нема што да се каже, (освен тоа дека оваа година беше прогласен за тренер на годината), мислам дека и покрај неискуството Ејвори воопшто не треба да се потценува. Јас како тренер го почитувам многу, како што кажа некој на блогов (тоа беше Шепард, значи ја), Ејвори е прототип на одличен модерен тренер. Понатаму, ако на искуството на Рајли се надодадат играчките искуства на Пејтон (15 сезони), Вокер (9 сезони), Вилијамс (7 сезони), Морнинг (12 сезони) и секако на Онил (13 сезони) станува јасно дека предноста што во вакви серии ја носи искуството е 100% на страна на Мајами. Намерно акцентот го ставам на искуство затоа што многу пати до сега се покажало дека тоа може да биде пресудно во едно НБА финале. Секако, и Далас има искусни играчи но нема ни еден играч со искуство од НБА финале, освен тренерот Ејвори кој како играч освои титула со Сан Антонио. Кај Мајами пак дури тројца имаат искуство од финале, Онил и Пејтон како играчи и Рајли како тренер. Околу главните оружја за напад на двата тима исто така има неколку интересни моменти. Јас мислам дека во финалево главен ќе биде Шекил Онил, пред се затоа што е во одлична форма, затоа што веќе играл 5 финалиња (во три од нив победи), и на крај затоа што Далас нема играч на позиција центар кој може да го задржи. До пред неколку дена гледавме како Шек си игра со Бен Волис, кој патем е и најдобар одбрамбен играч во лигата. Еве, и да речеме дека титулата што ја доби Бен за дефанзивец на годината не е во потполност заслужена, воопшто не е дискутабилно дали тој е центарот што игра најдобра одбрана во НБА, и тоа без конкуренција. Па ако Онил немаше проблем со него, како ли ДеСагана Диоп или Дампие(р) ќе го задржат. Не гледам многу одбранбени механизми со кои Ејвори може да се спротистави на нападот преку рекет што претпоставува Мајами ќе го форсира, како што тоа го правеше со Детроит на моменти. Единсвено можеби некое специфично удвојување може да го “успори“ Шек малку. Удвојувањата се сеќавате ги практикуваше интензивно Аделман во конференциските финалиња пред пар години (безуспешно), а и многу други тренери (повторно безуспешно). Но, како и да е, во случај на удвојување секако голема опасност ќе претставува играчот надвор што ќе остане слободен на шут, а кај Мајами тоа можат да бидат буквално сите. Противтежа на Шекил секако ќе биде Дирк. Германецот је игра својата најдобра сезона до сега, неговата форма слично како и кај Шек се подобрува со приближувањето на крајот од сезоната, очекувам да кулминираат добрите негови игри од четврток натаму. Што се однесува до бранењето од Новицки, очекувам Рајли да ги менува Вокер и Хаслем во одбрана на Дирк. Како и да е, ќе мачат голема мака. Дирк може да игра центарски, одлично шутира пенали, без проблем погодува од поле (од секаде), а знае и да распали од далечина (за 3 поени), Зоки Михајлов, морав J. Јас му давам мала предност на Мајами поради Двејн Вејд (за да не се збуни некој да кажам дека се работи за истиот играч што се крие зад псевдонимот Двејдвејн). Човекот игра во голема форма сезонава, најдобрата одбрана во свет имаше многу проблеми со него па очекувам Далас да има уште повеќе. Во Мајами секако опасно ќе гризаат и старите волци на кои ова им е веројатно последна шанса за титула, мислам на Пејтон и Морнинг пред се, па и на Вокер. Понатаму, кај Далас, Џош Хауард и Џејсон Тери играат одлична сезона, а Џери Стакхаус кој со Дерел Армстронг е всушност најискусниот играч во тимот неколку пати беше прв стрелец во тимот иако не е стартер. Многу интересна беше играта што Далас неколку пати ја презентираше против Феникс, прифаќајќи ја притоа ран анд ган играта што ја наметнуваше Феникс, и при тоа одлично парирајќи. Од овде секако би го изземал првтото полувреме од последниов натпревар. Исто така, Далас покажа дека е борбен тим, покажаа на пар наврати дека навистина моралот им е на високо ниво. Во овој сегмент, веројатно се изедначени со Мајами ако се има в предвид дека кај Мајами, како што и споменав погоре има неколку ветерани кои верувам ќе дадат максимум во ова финале. Како и да е, еден од најдобрите плејофи што јас ги паметам полека завршува. Остана уште најубавото. Остана уште кремот од парчето торта, не знам за вас ама јас стално го оставам за на крај, се надевам дека ќе биде и овој пат така. Гледавме одлична кошарка, за тоа во оваа прилика сакам да им изразам благодарност на спорт4. За среќа на сите љубители на кошарката Детроит нема да игра во финалето, па ги имаме сите предуслови да уживаме во се надевам седум одлични финални НБА натпревари. Инаку, сметам дека по првиот натпревар во четврток ќе се разјаснат многу нејасни моменти околу расплетот на финалево.

Tuesday, June 06, 2006

Живот лети, Капетане!
На 07.06., пред точно 13 години во трагична сообраќајна несреќа во Германија засекогаш го загубивме кошаркарскиот Моцарт, Дражен Петровиќ. И по толку години, болката е еднаква, а раната боли како тоа сончево сабајле кога со тазе скршен зглоб ме вратија од школо дома и кога слушнав дека Дражен го нема веќе. И порано имам пишувано за Петро, за тоа што ми значеше тој мене, а уште повеќе на генерацијата некоја година постара од мене и што значеше тој воопшто за кошарката во сите земји од екс-ЈУ, но и Европа. Но, Дражен е и совршен пример дека всушност не е битно колку, туку како живееме, односно како поминуваме и што оставаме зад себе во животот. Како извичник на целата негова кариера денеска во Загреб ќе биде отворен "Mузејот на Дражен Петровиќ",кој по долги години барање спонзори на сите страни, успеа да го изгради мајка му на Дражен, Бисерка, потмогната во голема мерка од самиот град Загреб, а и Владата на Хрватска. И стално си викам ај да седнам да напишам еден подолг пост за Петро...ама не иде, почнувам да се ежам, да ми се враќа филмот на тој ден кога целиот кошаркарски свет се сруши...Клипот мора да го погледнете, без разлика колку време му треба се лоудира. Во него се сите играчи кои треба да му кажат едно големо ФАЛА на Дражен за табањето на патот по кој тие стигнаа до НБА. Сликата што ја гледате најгоре е урамена и виси на еден од ѕидовите во мојата соба, а еден од моите единствени два НБА дреса е плавиот на Петро од Нетси. "It was a thrill to play against Drazen. Every time we competed, he competed with an aggressive attitude. He came at me as hard as I came at him. So, we've had some great battles in the past and unfortunately, they were short battles" - Michael Jordan. Еве и неколку линкови. GoldenEye, кој една година пред трагедијата ја имал таа чест да го интервјуира Петро ; Официјалниот сајт ; По приемот во Хол оф Фејм ; На NBA.com и на Вики. ...Живот лети, Капетане! ПМС: Од утре ќе почнеме да се занимаваме со финалето.

Monday, June 05, 2006

We've got Mail..
Паааааа.....виииииди сеееа....
Еве два текста, од фановите на Детроит..
Падот на една wannabe династија by Ivica [Fantasy]
Пистонси се во аут од овогодинешниот плеј-оф!!! Конечно многубројните анти-Пистонс посетители на блогов можат да здивнат. Петицијата на Шепард успешна... Она што го снајде Детроит во серијата со Кливленд очигледно не беше доволен мотив за некогашниот шампион да се разбуди и да одигра шампионски. Дечките си продолжија да играат ноншалантно, продолжија да шутираат на 20 секунди до истек на нападот и продолжија да се однесуваат како Шид после Гејм 3 од серијата со Кавалирси. Шид беше похрабар и излезе во јавност со тоа што го мислеше, а остатокот од екипата молчеше ама и потајно се надеваше дака Шид е во право и дека повторно when the time comes ќе бидат старите добри Пистонси кои знаеја да примат под 10 поени во четвртина. Е па the time came, ама старите добри Пистонси не се појавија. Наместо нив во финалето на исток се појави екипа без идентитет и без јасно разработена тактика што и како треба да се прави. Еве ви и пар показатели кои ќе ве уверат дека сум во право: -Ричард Хамилтон (играчот на кој сум најмногу изнервиран оваа серија) со Мајами имаше шут од поле 45-119 или во превод 37,8 %. Катастрофален учинок за играч кој е познат по тоа што шутира само high-percentage shots и е спремен да трча 17 секунди од нападот за да си ги обезбеди истите -Бен Волис погоди 18 од 66 слободни фрлања (27,3%). Дефендер или недефендер не ме занима. И Назр Мохамед е стриктно во тимот на Сан Антонио заради одбрана, па имам гледано утакмица на Спарси каде ги шутираше техничките фрлања. Значи секој може да научи (кога Назр можел) -Чонси имаше само 6,5 асистенции по натпревар за цел плеј-оф. Не е тоа малку за типот кој беше сметан за сериозен МВП кандидат во регуларниот тек?? Правиот МВП кога е најтешко е брилијантен (тука директно алудирам на Диркулес, Неш, а богами и на Коби колку и да не го сакам) -The supporting cast приказна сама за себе... Да не беше Мекдајс ќе речев и дека не постоеја оваа серија (и ќе бев во право најверојатно:)) -The almighty Rasheed повеќе зборуваше отколку што играше цел плејоф. 25 погодени од 69 обиди од поле и 7 од 27 за три. Бруки живи... Не заслуши да го носи дресот на Пистонс со своето понашање на и надвор од теренот. Нека оди во Харлем ако му е до dirty-talk. После ова погоренаведеново на противничката екипа и останува многу малку што треба да направи за да ја добие серијата со грогираниот противник. Доволно е Шек да ги растресе своите дебели газови во рекет и да ги исфрли Рашид и Бен оттаму или па да му направи место на Вејд да пролета низ “одбраната” на Пистонси и работата е веќе готова. Недај боже па ако блесне уште некој (како Џ.Вил вчера или Вокер пред некоја утакмица)... Дури тогаш пистонс делуваа збунето и на моменти ми личеа ко Работнички а не како шампионот на НБА од пред две сезони. Во таква грозна состојба секоја екипа во НБА има тенденција да повика тајм-аут и да се смири благодарение на советите од својот тренер. Пистонс оваа сезона беа лишени од таквото задоволство. Флип Саундерс не е тип на тренер кој го земаш за да ти направи династија. Да потсетам: Флип Сандерс го имаше Кевин Гарнет во најдобрите свои години и не успеа да стави прстен на рака. Јас мислам дека возот за него поминал... Во сета моја надеж дека на момците не им е баш потребен тренер згрешив. Згреши и Џо Думарс и искрено се надевам дека ќе си ја поправи грешката или ќе бидеме сведоци на уште една мачна сезона за Детроит. Во сето ова плукање и газење на она во што до вчера верував дека може да биде доволно за шампионска титула испуштен е еден играч. Не е по грешка, намерно е. Принс беше единствениот кој не заслужи критики во бледиот Детроит и докажа дека All-star мечот не е ништо друго освен комерцијално срање на кое играат само извикани ѕвезди и каде нема место за работници кои ја оставаат душата на теренот. Детроит е во аут, сосема заслужено, поразен е од (во моментов) подобра екипа и воопшто никому не треба да му е мака (па дури ни на најупорните детроит фанс ко мене и синдикејт:)) што нема да ги гледаме Пистонси во финале. Финале треба да се заслужи!! Ајде, ќе бидат нови сезони, нови тренери... Ќе се вратиме stronger than ever.
Untitled by Syndicate
Пистонс шутираа 28% од поле додека тоа значеше нешто. Го дигнаа процентот на 30 и нешто, само кога тоа не значеше ништо. Обично Пистонси у плејоф ги гледав седнат, станат, или у скок. Вчера лежев, од средината на втора четвртина до крај, и останав буден единствено затоа што не сакав да ја испуштам нивната последна утакмица сезонава (знаев дека е така, се гледаше од авион, муабетот на Лекич на 3 минути пред крај со 38 поени разлика, дека ништо не се знае, беше... ај да не претерам). И хејтот е ОК, и примедбите, и све, ама нешто што не е ОК е начинот на кој изгубија. Патетично indeed. Фактот дека "им се искршија чакрите" држеше, вчера повеќе од било кога у последниве неколку години. Се случи нешто со Детроит во второто полувреме во втората утакмица против Кливленд, и тие веќе не беа истите, се до крајот. Никогаш ама баш никогаш не се повратија, освен во кратки блесоци, блесоци у кои се изгледаше возможно (најчесто траеја минута до две). 106 поени просек у првите 5 утакмици од плејофот, излегувајќи од сезоната како најдобри во лигата. Таквата "анти-кошарка", I'll take it anytime, anywhere, anyhow. Да се разбереме, хејтот ќе останеше, затоа што на некој може и да не му се допаѓа начинот на кој стигаат до 105 поени на натпревар кој го добиваат, но сепак, нештата ќе беа троа поразлични. Шид се повреди. Врти, сучи, плеткај, збори, ќути, плачи, смеј се, од повредата на зглобот па наваму, не беше фактор. Никаков. Освен една утакмица на која отиде над 20, на начин сличен на оној на кој вчера Вилијамс отиде над 20. Шид не беше фактор. За скок шутот на Детроит може да се збори многу. За начините на кои тој функционираше низ неколкуте години, за Рип, за Чонси, за Делк, за Аројо, за Делфино... Некој на почетокот на сезонава, истакна дека скок шутот на Детроит е најголемиот учесник во градењето на репутацијата на непобедливост на тимот, и дека за истиот постојат реални шанси во плејофот да имплодира, што би било критично за тимот, кој нема вистинска солуција доколку тоа се случи. Подоцна се обиде да даде објаснувања, како тоа би можело да се надополни со мали тренерски корекции, со неверојатниот клач темперамент на целокупната петорка на Пистонси и нивната ментална снага која им ги добиваше огромниот број од утакмиците кои во последните минути беа ни-натаму-ни-наваму... Човекот требаше да престане да збори пред да почне да набројува објаснувања, затоа што беше во право. Што не носи - drumrolllll - до Флип. Реков еднаш дека е тапа. Објаснување би било можеби дека е тапа за Пистонси, барем за овие Пистонси кои сакаат да освојуваат титули, а не први места во сезони. Можеби ја ќе требаше да престанам да зборам пред да почнам да давам објуаснувања? Мој gut feeling е дека Флип и Бен догодина нема да бидат во ист тим, ако грешам - еве нека освои титула тимот у кој ќе бидат заедно... Чонси не беше фактор. Принс дефлатираше, но тоа сепак не го оддалечува од квази-титулата, најдобар играч на Детроит во плејофот. Рип се запали касно, и во таа afterburner серија, се виде и се огледа целиот тим, со се клупа и тренер и GM. (Настрана тоа што во пораз беше онаков каков што и го портретирам у мојата свест - џентлмен. Пејтон игра кошарака миљон години, па откако го сопна Чонси, и тоа намерно, изгледаше како штотуку да го видел Буда како обесчестува малолетничка) Детроит изгубија во вечер кога го задржаа Вејд (без разлика на околностите). Детроит може да игра. Ако игра како што може, никој, никој, не може да го победи во серија подобар од 7. Детроит не играше како што може, месец уназад. Кога беше најпотребно. Кога се кршеа копјата и кога се остваруваа соништата. Ништо утешувачко, ништо деградирачко, и ништо помалку битно нема во начинот на кој играше последниот месец. Детроит може да игра. Детроит не играше. Знак =. Над еднаквото - сите критики до нив, омразата што ја навлекуваа, изјавите што ги даваа, концептот врз којшто треба/ше да изникне династија, наследството од минатото, соништата за сегашноста и иднината, и човечката снага и слабост. Бен во изјавите рече дека (парафразирам) - животот е прекраток за човек да се замара со нештата од минатото, негова работа е да биде спремен, да излезе на терен, и да го прави она што го сака и што го може. Без разлика на шансите и целиот циркус околу нив. Тоа е - според него - должност, одговорност и чест на секој спортист. Токму тоа, тој самиот (не толку многу) и неговите соиграчи, го загубија некаде по патот 2002-2006, а доколку не се јават во Биро за lost-n-found во најскоро време, ќе го изгубат засекогаш. Непознатата X ќе им остане единствен спомен од нивните кратки животни моменти поминати заедно во играњето кошарака за еден голем (или не толку голем) професионален тим, единственото ветување за "она што можеше да биде". Тоа, и еден единствен прстен на нивните раце, што на крајот на краиштата и не е толку лошо, зар не?