Thursday, June 08, 2006

Чоте за финалето
Според МакНБА фановите (од досегашната анкета се гледа дека), Рајли ќе освои уште еден прстен
Е не можам а да не кажам дека стварно ми е мерак шо имаме вака активни другарчиња.. сите шо сакаат можат да пишат на maknba@gmail.com. Инаку, Чоте од пред некое време има свој блог - клик овде да го видите свите. Еве го моето видување за НБА финалето што следи, секако со мал претходен вовед преку пар зборови за финалињата по конференции. Во конференциските финалиња гледавме четири тима со прилично различни пристапи кон кошаркарската игра. Детроит секако имаше главен акцент на одбрана, а Феникс имаше главен акцент на напад. И двата споменати тимови испаднаа. Феникс поради тоа што реално со овој играчки кадар и немаше капацитет за повеќе, а Детроит пак, испадна поради Флип Сандерс и неговите тренерски капацитети и знаења. Флип дозволи формата на клиповите да падне кога беше најпотребно, дозволи да има фаца на збунето теле кога се решаваа многу натпревари и не успеа да ги врати Пистонси по психолошкиот пад што го доживеаа по дуелот со Кливленд. Додуша кај Детроит и влашките клетви имаа мал и неприметен удел, но секако имаа, повредата на Шид беше многу битен момент за Детроит и нивниот пад во играта на сите полиња. Како и да е, во финале потполно заслужено ќе играат Далас и Мајами.
Малиот генерал од Алабама
Далас го заврши регуларниот дел од сезоната со подобар скор од Мајами, па ќе ја има предноста на домашен терен на еден натпревар повеќе од Мајами. Во финалето се пласираа две различни екипи, од источната конференција доаѓа една супер искусна екипа а од западот доаѓаат Ејвори, Дирк и неколку неискусни но многу солидни момци. Во регуларниот тек од сезоната Далас го имаше седмиот најдобар дефанзивен скор а Мајами четиринаесеттиот. Офанзивно гледано, Мајами со просечно постигнати скоро 100 поени по натпревар имаше шести најдобар напад а Далас со постигнати 99,14 поени по натпревар деветти, скоро идентично. Инаку интересен момент се нивните меѓусебни дуели во регуларниот тек од сезоната кои Далас ги доби со, внимавајте(!) 24.5 поени просечно. Рака на срце, на едната (онаа што ја изгуби со тринаесет разлика) Мајами настапи без Шекил Онил. Во продолжение ќе направам споредба на неколку кошаркарски “елементи“ што секако ќе бидат клучни во дуелот на Хит и Маверикс. На почеток пар факти за тренерите на тимовите финалисти. Ејвори Џонсон и Петрик Џејмс “Пет“ Рајли. Вториов е тренер на еден НБА тим по дваесет и втор пат(!), значи има зад себе дваесет и две години акумулирано искуство како главен тренер на еден НБА тим, а Ејвори ја работи втората (нецела) сезона како тренер. Рајли ја освои првата титула со Лејкерси пред точно дваесет и една година, и тоа не му е единствената титула како тренер, а се сеќавате играше и едно финале со ЊуЈорк. Иако за тренерското искуство на Ејвори и нема што да се каже, (освен тоа дека оваа година беше прогласен за тренер на годината), мислам дека и покрај неискуството Ејвори воопшто не треба да се потценува. Јас како тренер го почитувам многу, како што кажа некој на блогов (тоа беше Шепард, значи ја), Ејвори е прототип на одличен модерен тренер. Понатаму, ако на искуството на Рајли се надодадат играчките искуства на Пејтон (15 сезони), Вокер (9 сезони), Вилијамс (7 сезони), Морнинг (12 сезони) и секако на Онил (13 сезони) станува јасно дека предноста што во вакви серии ја носи искуството е 100% на страна на Мајами. Намерно акцентот го ставам на искуство затоа што многу пати до сега се покажало дека тоа може да биде пресудно во едно НБА финале. Секако, и Далас има искусни играчи но нема ни еден играч со искуство од НБА финале, освен тренерот Ејвори кој како играч освои титула со Сан Антонио. Кај Мајами пак дури тројца имаат искуство од финале, Онил и Пејтон како играчи и Рајли како тренер. Околу главните оружја за напад на двата тима исто така има неколку интересни моменти. Јас мислам дека во финалево главен ќе биде Шекил Онил, пред се затоа што е во одлична форма, затоа што веќе играл 5 финалиња (во три од нив победи), и на крај затоа што Далас нема играч на позиција центар кој може да го задржи. До пред неколку дена гледавме како Шек си игра со Бен Волис, кој патем е и најдобар одбрамбен играч во лигата. Еве, и да речеме дека титулата што ја доби Бен за дефанзивец на годината не е во потполност заслужена, воопшто не е дискутабилно дали тој е центарот што игра најдобра одбрана во НБА, и тоа без конкуренција. Па ако Онил немаше проблем со него, како ли ДеСагана Диоп или Дампие(р) ќе го задржат. Не гледам многу одбранбени механизми со кои Ејвори може да се спротистави на нападот преку рекет што претпоставува Мајами ќе го форсира, како што тоа го правеше со Детроит на моменти. Единсвено можеби некое специфично удвојување може да го “успори“ Шек малку. Удвојувањата се сеќавате ги практикуваше интензивно Аделман во конференциските финалиња пред пар години (безуспешно), а и многу други тренери (повторно безуспешно). Но, како и да е, во случај на удвојување секако голема опасност ќе претставува играчот надвор што ќе остане слободен на шут, а кај Мајами тоа можат да бидат буквално сите. Противтежа на Шекил секако ќе биде Дирк. Германецот је игра својата најдобра сезона до сега, неговата форма слично како и кај Шек се подобрува со приближувањето на крајот од сезоната, очекувам да кулминираат добрите негови игри од четврток натаму. Што се однесува до бранењето од Новицки, очекувам Рајли да ги менува Вокер и Хаслем во одбрана на Дирк. Како и да е, ќе мачат голема мака. Дирк може да игра центарски, одлично шутира пенали, без проблем погодува од поле (од секаде), а знае и да распали од далечина (за 3 поени), Зоки Михајлов, морав J. Јас му давам мала предност на Мајами поради Двејн Вејд (за да не се збуни некој да кажам дека се работи за истиот играч што се крие зад псевдонимот Двејдвејн). Човекот игра во голема форма сезонава, најдобрата одбрана во свет имаше многу проблеми со него па очекувам Далас да има уште повеќе. Во Мајами секако опасно ќе гризаат и старите волци на кои ова им е веројатно последна шанса за титула, мислам на Пејтон и Морнинг пред се, па и на Вокер. Понатаму, кај Далас, Џош Хауард и Џејсон Тери играат одлична сезона, а Џери Стакхаус кој со Дерел Армстронг е всушност најискусниот играч во тимот неколку пати беше прв стрелец во тимот иако не е стартер. Многу интересна беше играта што Далас неколку пати ја презентираше против Феникс, прифаќајќи ја притоа ран анд ган играта што ја наметнуваше Феникс, и при тоа одлично парирајќи. Од овде секако би го изземал првтото полувреме од последниов натпревар. Исто така, Далас покажа дека е борбен тим, покажаа на пар наврати дека навистина моралот им е на високо ниво. Во овој сегмент, веројатно се изедначени со Мајами ако се има в предвид дека кај Мајами, како што и споменав погоре има неколку ветерани кои верувам ќе дадат максимум во ова финале. Како и да е, еден од најдобрите плејофи што јас ги паметам полека завршува. Остана уште најубавото. Остана уште кремот од парчето торта, не знам за вас ама јас стално го оставам за на крај, се надевам дека ќе биде и овој пат така. Гледавме одлична кошарка, за тоа во оваа прилика сакам да им изразам благодарност на спорт4. За среќа на сите љубители на кошарката Детроит нема да игра во финалето, па ги имаме сите предуслови да уживаме во се надевам седум одлични финални НБА натпревари. Инаку, сметам дека по првиот натпревар во четврток ќе се разјаснат многу нејасни моменти околу расплетот на финалево.

10 Comments:

Blogger retry said...

Inache kolku za da te koregiram, Riley so Lakers prvata titula ja osvoi 1982 godina posle trista potresi, turbulencii i peripetii vo timot vo tekot na sezonata, i so takva nestabilna ekipa i staff uspea da ja pobedi Philadelphia u finale 4-2. Znachi prvata titula Riley ja osvoi pred 24 godini.

Iako povekje bi sakal Dallas da gi vidam so krenat trofej, sepak voglavno se slozhuvam so toa shto go napisha Chote i konstatiram deka vo mala prednost e Miami. Ali sve je moguche, pa da vidime.

6/08/2006 01:40:00 am  
Anonymous чоте said...

Да да, моја грешка за првата титула. Давам погрешна информација, и безвезе ми е малку, ама тоа е. :(

6/08/2006 01:47:00 am  
Anonymous flight 75 said...

Ја би идел со Далас, пред се поради мисмеч позициите, посебно на 3 и 4.
Дирк има страшен напредок, игра неверојатно поливалентна игра за негови стандарди (верувам дека Ејвори има нешто со ова, посебно со селекцијата на шутеви и скокот)и мислам дека Мајами ќе има гооолеми проблеми во запирањето на Далас, не толку директно на Новицки колку на целата таа офанзивна енергија која се канализира низ мисмечовите кои ги создава Дирк, па и Ејвори.

Од друга страна, чисто сумњам дека Шекил ќе биде толку доминантен, пред се поради брзото темпо кое го практикува Далас, а на кое Мајами со Вилијамс и Вејд на бекови лесно наседнува....
А, тука се и Десагана Папа Буба Диоп и Дампие.....

6/08/2006 12:26:00 pm  
Anonymous observer said...

Ce go baraat sega Bredli da se gura so Shek :))

6/08/2006 12:37:00 pm  
Anonymous Boromir said...

Ja mislam deka na serijava se glea kako Shaq i Wade protiv Dirk,i zatoa skoro site mu davaat prednost na Miami.Ama toa sto Dallas bukvalno gi unisti Miami u regularnata sezona,i sto site bookies go pravat favorit, ne treba da se zanemari.Chote losa ti e sporedbata so toa sto Dallas nema igrac sto moze da go cuva Shaq,zatoa sto Ben nemozel da go cuva.Nikoj ziv ne moze da go cuva Shaq sam!!!Site sme pod impresija deka Miami go rasturi Detroit,ama zaboravame deka Detroit bese mizeren!A Dallas gi pobedi Spursi,koi dolgo bea favoriti za titula na blogov.A gi tepaa so zdrav prav Duncan,i u najjaka forma u zadnji 5 godini!Ja idam so Dallas.Dirk MVP!

6/08/2006 12:59:00 pm  
Blogger Karakash said...

Мојот текст ќе иде покасно. А Боро, Мајами од двата меча у рег. сезона и овј сеа немаат благе везе еден со друг. Така да на оваа серија да се гледа преку таа призма не држи вода.

6/08/2006 01:04:00 pm  
Blogger Shepard said...

а резултати нема..

6/08/2006 01:45:00 pm  
Blogger retry said...

A i Timcho ne beshe bash u najjaka forma u zadnjive 5 godini, toa shto davashe 30+ protiv Dallas se dolzhi na faktot shto voopshto ne go chuvaa, a mislam deka toa beshe i del od taktikata na Avery. Se si mislam deka neshto slichno kje primeni i za Shaq. Kolku kje mu pomogne kje vidime.

6/08/2006 03:02:00 pm  
Anonymous BUCI said...

e vo ovaa serija im davam prednost na MAJAMI. imaat pokvalitetni igraci. shag i wade se mnogu dobro uigrani, a od druga strana ako ne mu ide na dirkot na cela ekipa ne i iden. anastas sega izvini ama wade e bolje od dirkot i zatoa majami ke tepaat 4-2. toa ti e :)

6/08/2006 03:37:00 pm  
Blogger Shepard said...

шо знам, мене фаворит ми е далас

6/08/2006 05:43:00 pm  

Post a Comment

<< Home