Friday, May 05, 2006

Таксират
Се обидувам да бидам објективен, ама не иде. Лејкерси неправедно изгубија во натпревар во кој неправедно ќе беше и да победеа.. судиите се глупи, да, ама тоа е.. Врвна утакмица, не може никој да спори.. Меѓутоа, се потврди уште еднаш дека во играта на Феникс тешко дека некој може да им парира. Сепак, Коби и другарите вчера беа и повеќе од солидни противници. Речиси перфектна игра, која не беше доволна за победа.. Смуш е крив, ама и не е крив. Се истроши кутриот бркајќи го Нешти. ЛАЛ ги натскокаа Феникс со 12:6 во офанзивни, 39:31 вкупно. Имаа ист број на украдени топки, а сепак, ЛАЛ имаа дури 20 изгубени наспроти 13 на Феникс (тоа се 7 напади помалку). Веројатно тука се виде глупавоста на судиите (за личните во напад). Но, тоа е. Во плејофот не смее да се вади на судии – едноставно, изгубивме. Коби убаци 50 поени на 35 шута, со 57% реализација.. а Леандрињо Барбоса убаци 22 со 7/9.. Неам зборови. Квами 8/9 од поле.. ЛО на раб на трипл дабл.. се жртвуваа, играа.. ама тоа е плејофот. На сите виновник им е Смуш, ама ја не го кривам – дечкото е тој, даде све од себе во одбраната, а сепак не го успори Неш.. ама толку е, тоа се неговите можности. Некогаш ќе даде 20, некогаш ич. Сега мора да се тотално фокусирани на седмата утакмица, но со таа разлика што сега повторно се во иста ситуација како пред почетокот на сезоната – тотални аутсајдери, а згора на се` имаат каде каде разнишана самодоверба после двата последователни порази (особено депримирачки е вториов, на свој терен у продужение). Феникс победија со 6 играчи.. Тим Томас пак џокер.. не ми се верува еј, ТИМ ТОМАС.. Коби тоа што го утна у последна секунда се обиде да го надокнади во продужение.. капак на све, слободните на Џорџ.. Вака мизерно не сум се осеќал од финалето со Детроит. Но едно останува сигурно. Без оглед на исходот на серијата, без оглед на тоа кој ќе биде МВП, конечно Коби почнува да ги добива признанијата за сопствените заслуги. ЛО стана тоа што се очекуваше од него, Квами го надминува комплекот на „уште една утка“, Лук пружа игра која е над неговиот потенцијал (изненадување у пм), Вујачич си обезбеди место и за догодина.. Треба да се стегнат заби и да се отпатува во Феникс со крената глава. Треба достојно да се заврши ова поглавје, како што му доликува на еден од најглорифицираните НБА тимови, во обид да се отвори нов лист, „градско дерби“ со Клиперси. Сепак, и да заврши утре сезоната на Лејкерси, јас ќе бидам задоволен со оглед на она што го очекував од нив пред неколку месеци. Ќе се памти.. ќе се памти гејм 4.. ќе се памти куцањето преку Неш..

14 Comments:

Blogger fantom said...

Feniks sampion

5/05/2006 10:03:00 pm  
Blogger kole said...

Да не има некој информација дали ке даваат на Спорт4?? Уште и седмата да не ја даваат и...

5/05/2006 10:23:00 pm  
Blogger fantom said...

Kako prvo sekoja cest za Kobi i kompanija !!! Iskreno im davav dve pobedi preku glava...
Sto se odnesuva do sudiite se gleda deka si lejker fan pa taka gi gledas rabotite.
Za zal Lejkers ovaa godina ima samo dva igraci Odom i Kobi drugovo batka e sve sa vo evroliga(ako i tamu ima mesto za niv???).
Od druga strana vo Feniks pa falat dva igraci (Amare i Kurt) za da se borat za titula ... vaka ako go pominat klipers ke bide dobro.
Kako i da e dosega najdobri utakmici spored mene gledame megu Lejkers i Feniks pa super e sto ke ime sedmi .

5/05/2006 10:25:00 pm  
Anonymous Anonymous said...

E bravo za postot!!Toa zavrsnata recenica ama bas ic ne ti trebase:ke se pamti kucanjeto preku Nash!???JAKI KURAC!!!
Da kazes kucanjeto preku Mutombo ili neso sl. ama ova e nonesense,crap!!

5/05/2006 10:55:00 pm  
Blogger Shepard said...

анонимус, кој телетабис ти е омилен? те палат филмови со гладијатори?

5/05/2006 11:11:00 pm  
Blogger Shepard said...

иначе, тоа куцање, некој го имаше насловено ко the real thing about the the mv's..

али не е битно..

5/05/2006 11:31:00 pm  
Blogger Karakash said...

Добро е бе друже, малце субјективно, али па од друга страна доволно објективно.

Секогаш е голема работа да се признае пораз.

Коле, утре-вечер сигурно ќе ја има седмата, МакНБА го обезбеди преносот. Стварно.:)

Куцањето преку Неш, хмммммммммммм?!?!

5/05/2006 11:43:00 pm  
Blogger Karakash said...

Иначе вечер, негде при крај на Леброн-Аринас дуелот би требало да минеме 30 000 јуникс посети.

5/05/2006 11:53:00 pm  
Blogger gigi said...

значи вечер CLE-WAS на спорт4... е ама ако и вечер коментира овој двејдвејнов го исклучив телевизорот и си легнав да спијам... just kidding, ама гласот сигурно ќе го скинам, поарно и така отколку да се нервирам цела утакмица...

5/06/2006 12:58:00 am  
Blogger Latifovich said...

E sakav da kazam scot scales go dade tim tomas a da mu bese toj vo play offot sigurno sinoka chicago ke tepaa ama zdravje dogodina prviot pik e za chicago jas sto vi vikam od new york go imaat na draf lotarijata taka ke bide i toa aj se slusame

5/06/2006 01:13:00 am  
Anonymous чоте said...

Повторно нов коментатор на спорт4. Фала богу, многу многу подобар од прошливе два. Информиран е типот, се гледа дека прати НБА а и се спремил добро. Сепак, минус му е тоа што погрешно ги изговара имињата на неколку играчи. АрЕнас напр.
Иначе. Утакмицата до сега е одлична! Се надевам Визардс ќе победат па ќе имаме можност да глеаме и седми натпревар.

5/06/2006 03:17:00 am  
Blogger Shepard said...

многу ми е добар коментаторов, почна да ми недостига дведвејн и сл.

само шо на овој датумите му се јебитачни. втори август уствари е осми фебруар, само со амерички стил запишано. (8.2 кај нас, 2.8 кај нив - нивното е поправилно али друга тема е тоа)

5/06/2006 03:45:00 am  
Blogger Shepard said...

иначе ова ми остана у сеќавање, датумот на личен рекорд на поени на батлер (кој не се вика карон), затоа шо на втори август нема нба.

5/06/2006 03:45:00 am  
Blogger retry said...

That's the spirit druzhe. Kje vidat oni u sedmata shto kje gi snajde. Mora i jas da kazham deka ne e kriv Smush, tuku Kobe. Kja bash najde da ja krsti novorodenata kjerka (od pred nekoj den) SMUSH !?!?!?!? Posle toa Parker se pochuvstvuva kako dedo :))

5/06/2006 10:20:00 am  

Post a Comment

<< Home