Sunday, April 23, 2006

Elton Brand до првата плеј-оф победа...(со допуна)
Двр Будр си го наоштри моливчето, испи две Jacobs 3 у 1, зема тефтерот и реши да прави забелешки од неговата прва плејоф утакмица годинава. Седна на трибината до телевизорот , к'сна од пост-велигденската чоколадирана баклава и почна да пишува. Е, ко шо најавува и насловот, мислам дека веќе свативте, Клиперси поведоа во серијата против Денвер. А шизик на утакмицата беше никој друг него Elton Brand. LAC водеа скоро цела утакмица а напати имаа и двоцифрена предност. Некои 11 или 10 разлика. Али на крај за малце ќе се обрукаа. Денвер ги стиснаа и овие почнаа да грешат. Brand направи „патување“:) Quinton Ross (кој е овој жити се?) на минута и нешо пред крај реши да праи влез и нормално заеба. А за тоа време другиве си поентираа и израмнија. Али затим Радман изнудува две слободни и ги гаѓа, a послем на другата страна Elton (Fucking) Brand го блокира Carmelo. Идат у напад али Радман сеа се брука со офанзивна лична. А сакаше да положи кутриот. Последниот напад беше за наџетс. А тогаш клачерот Anthony утна две топки преку Mobley. И би прва плеј оф победа за Клиперс по 13 години, откако во 1993 ги тепале Хјустон. Инаку Carmelo ги утна сите 8 шута од игра во последната четвртина. Она шо е битно е дека се покажуваат предвидувањата дека серијата ќе биде тесна. Од друга страна Клиперс се прикажаа како добар плеј-оф тим. Мислам на тоа дека на неколку пати кога се доближуваа Наџетс ќе се најдеше некој, Mobley или Cassel, да упуца тројка или нешо слично. А и си играа убава кошарка, сите си беа на ниво. Одличен беше Kaman кој си скокаше под кош и одвреме навреме поентираше, па оттаму и си стигна до 15 поени. Могли добро исшутира а и го исчува Carmelo, додека, стандарден си беше Sam со неговите скок-шутчиња од полудистанца. Кај Денвер мислам фалеше боља игра од Martin. Попи две банани од Brand и не се прослави баш чувајќи го. Како и да е оваа утакмица покажа дека не чека долга и интересна серија. Друго интересно шо може да се каже е дека Mike Dunleavy носеше едно смешно плаво одело со сиви линии кои формираа гооолеми коцки. Cassel у третата четвртина рипна врз George Karl додека овој стоеше до записничката маса и само шо не го легна. Се изнасмеаа и двајцата.И нормално клиперската верзија на Jack Nicholson, Billy Crystal. Типов го има на снимките од 1993 кога играле со Хјустон. Го прашаа зошто баш одбрал да навива за вечните лузери. Он одговори дека билетите биле евтини а и од време на време му давале да игра оти немало кој да ги гледа на натпревари. Изрази желба во наредната рунда да се најдат со џокерот. А, и коментаторите на утакмицата збореа дека Клиперс намерно губеле во последните утакмици и се спуштиле на 6 место; се за да ги избегнат Далас кои се подобар тим од Денвер а и имаат бољи скор од Клиперс. Во тој случај LAC би играле утакмица мање дома. Денвер се погоре од Далас само затоа шо се шампиони на Нортвест дивизијата. Нормално.
* * * * *
Допунско бај Каракаш: Двр ис бек. И ја ја гледав Клиперс-Денвер, али не се слагам баш за улогата на Бренд. Мислам, Елтон е ѕверот таму и играта се врти околу него, ама разликата меѓу ланските Клипси и овие се двајца играчи. Кет Мобли и посебно Кесел.Душата на тимот е Голум, кој кога е во игра се иде како подмачкано, ама кога ќе излезе Клипси се како муви без глава, и освен Бренд и Мобли не се наоѓа никој со муда да шутне кога истекува напад. Серијава ми е мрска и се надевам дека до крај никој нема да дава више ни една утакмица, освен можеби седмата. Ми текиња на задњата победа на Клипси у плеј-оф, над Хјустон 1993 год. Тоа беше вест на денот. А и на задњиот плеј-оф 1997 год., кога Јута и Стоклоун ги решија со чисти 3-0.Уште не ми е јасно до колку може да биде Кенјон Мартин бос играч. Абер да се немало од кошаркарски основи, или не дај боже од шут и игра со грб кон кошот. Само да се скокало ко мајмун и да се јадело бурек цела утакмица. Мартин му дужи 60 милиони долари на Џејсон Кид, кој од него правеше играч кога играше у Нетси и кој ги заслепи Нагетси да му понудат 90 милиони!?!?!?!?!? Најбољи потег у историја на Њу Џерси - пуштањето на Кенјон да крши глава у Денвер. Денвер ми е мистерија екипа. Не знам дали некад сум видел таков скуп на играчи на едно место. Се скокачи, ни еден шутер. Освен Мело, и понекад Милер, немаат играл кој ќе погоди од подалеку од 5-6 местри од кошот. Тројките им се ко шутеви за милион долари. Свака му част на Карл што успева да комбинира со таков тип на играчи. Радман беше жива труба, и у одбрана и у напад. А Шпагети Магети ваљда не играше многу ради скорашната повреда на грбот. Како и да е, ќе им треба у пуна снага ако сакаат да ги поминат Натетси, зашто Квинтон Рос, а ни Радман не се решенија на тројка. Били Кристал ти е како навивач на Интер:). Малце за тренерите. Сакото на Данливи стварно беше ала Бранко Коцкица, слободно може да им го позајми за скечеви на К-15. Џорџ Карл пак, ја даде најдобрата изјава досега у плеј-офот. Карл вика - "Win in a play-off si better than sex...I'm old you know"
* * * * *
Од другите две видов по малце. Видов како шампионот ги исплеска Кингси и како Ману му акна лакт на Рон-Рон. Е тоа ти е праќање порака до остатокот од кандидатите за тронот. На поразот на Чикаго во Мајами може да се гледа на два начина. Првиот е дека Флоридианси ќе се изнамачат со Булси, а другиот е дека кога Чикаго не тепаше на оваа у гости, тешко дека пак ќе добие шанса за такво нешто. Јас сум за второво. ПМС: Го собира некој албумот за Светско?

9 Comments:

Blogger kole said...

koj po klac???melo e po klac :))))
luzer neviden...ako mu e....

4/23/2006 01:46:00 pm  
Blogger Shepard said...

dwr welcome back

а булси тесно хехе.. бен гордон 35че..

мерак ми е шо се врати :)

4/23/2006 02:57:00 pm  
Anonymous Anonymous said...

Каракаш, иако ги иам сите албуми пуни од ’90 навака (додуша, од 2002 ми фалат некои сликички) сепак не ми се даваат 50еуриќи за овој новиов. Иначе, иам двајца другари што собираат па пиши ми маил да договориме размена, баш ми се жалеа другариве никој од копиљаците у маало кај нив не собирал, јебига, сеа копиљаците се дрогираат и играат кантер...

4/23/2006 03:07:00 pm  
Anonymous чоте said...

ах, ми отиде безвезе претходниот пост прерано, не е од анонимус, од мене е...

4/23/2006 03:08:00 pm  
Blogger kole said...

ej nemoj ti za inter.i ja sobiram svetsko.iam okolu 50duplikati.mi falat uste 200.ne mnogu:)))kb8.blog.com.mk

4/23/2006 03:50:00 pm  
Blogger Karakash said...

Чоте бе:))
Ајде да се мењаме:)))
Тоа важи и за тебе, Коле.

4/23/2006 07:50:00 pm  
Anonymous Anonymous said...

Nice site!
[url=http://wrxudzzq.com/fnsm/buxq.html]My homepage[/url] | [url=http://poseulfj.com/eggm/tzna.html]Cool site[/url]

7/29/2006 05:24:00 am  
Anonymous Anonymous said...

Thank you!
My homepage | Please visit

7/29/2006 05:24:00 am  
Anonymous Anonymous said...

Thank you!
http://wrxudzzq.com/fnsm/buxq.html | http://tmbldesf.com/rgor/fztj.html

7/29/2006 05:24:00 am  

Post a Comment

<< Home