Sunday, April 02, 2006

Somebody Stop Me! Here comes Bowen..... [by Flight75]
eeЗначи, најнов регрут ни е Flight 75, гордиот сопственик на Стритбол блогот (а да средам формалностите па ќе стане и блог member т.е. newser). Башка ја иам честа да се пофалам дека го знам лично ;) Еве го неговото МакНБА сефте: Како што ветив, еве една подетална анализа на perimeter одбранбените играчи во лигата, т.е. на оние класични стопери коишто важат за “статистички недопирливи”. Ова е еден мал обид да се долови нивниот учинок, а, пред се, нивното непосредно влијание врз играта на кошаркарот кој го чуваат. Значи, системот е следниот: ги следев учиноците на деветте најдобри perimeter стрелци во НБА во натпреварите во кои се чувани од “најизвиканите” одбранбени играчи во лигата. Тоа се Коби Брајант, Леброн Џејмс, Двејн Вејд, Трејси МекГрејди, Кармело Ентони, Реј Ален, Мајкл Ред, Винс Картер и Пол Пирс. А, од друга страна, како централни фигури на анализата, се Брус Боуен (заради кого и почна целава работа), Тајшон Принс, Рон Артест, Трентон Хесел, Андреј Кириленко и Андре Игуодала. Како што реков, во анализата не се вклучени Ален Ајверсон и Гилберт Аренас од стрелците, а кај одбранбените намерно го изоставив Шон Мерион, кој и покрај тоа што важи за добар одбранбен играч, мислам дека во случајов би бил нерепрезентативен поради стилот на игра на Феникс, т.е. големиот број на дадени, но и примени кошеви. Како прво, најосновните податоци. “Деветте” играчи оваа сезона имаат постигнато вкупно 16 641 поен за комбиниран просек од 27,37 поени по натпревар. Нивниот комбиниран шут од поле е: 5746 погодени од 12752 упатени FG, т.е. точно 45 %. Е, сега, уште во старт, да направам една корекција на податоците кои ги изнесов како коментар, оние за процентот на шут од поле на стрелците во натпреварите против Боуен. Многу ме зачудија оние бројки до кои оригинално дојдов, некако комплетно беа спротивни на целиот впечаток што го имав стекнато гледајќи го Боуен. Затоа, ги преработив уште еднаш и увидов дека имам направено грешка. Комбинираниот просек на деветте играчи во 21 натпревар против Боуен, точно, е 27,42 ppg, односно Е повисок од општиот просек од 27,37 ppg, ама шутот од поле кажува нешто друго. Не 210 од 451, туку 210 погодени од 488 упатени, односно 43 %, бројка која што, сепак, колку-толку ја потврдува мојата иницијална теза за Боуен. Со овие 43%, Боуен има најдобар “скор” во категоријата – противнички FG%. На прв поглед, бројките илустрираат една чудна ситуација. Од една страна, Кириленко и Артест дозволуваат најмалку поени – 24,9 и 25,4, но со процент на шут од поле многу близок до генералниот од 45 %. А, од друга, Боуен и Хесел, иако дозволуваат по 27 поени по натпревар, значително влијаат на FG процентот на играчот кој го чуваат. Во оваа смисла, нивните 43 %, се за (големи) 2 % подобри од просекот. Ова само ја потврдува нивната репутација на одлични директни чувари чија главна одлика е доследноста и стабилноста. Тајшон Принс дозволува OPP FG% од 45,7 % (ПОВИСОК од општиот), но и 26,29 поени по натпревар, податок што сепак може да се релативизира ако се има во предвид општо малиот број на поени што Пистонси му ги дозволуваат на противникот – 89,83. За споредба, Јута, на пример, дозволува 94,7 поени по натпревар, а Сакраменто – 97. Овие комплексни бројки, сепак, јасно покажуваат едно – Андре Игуодала не заслужува да биде во ова друштво. Како дополнување, можат да се спомнат и категориите: Украдени Топки и Блокади. Според украдените топки, најдобар е Артест со 2,26 по натпревар, а солидни се и Игуодала со 1,65 и Кириленко со 1,55. Останатите тројца се под 1. Кај блокадите, неприкосновен е AK47 со 3,18. Ова уште еднаш ја потврдува тезата за различните типови на одбранбени играчи. Боуен и Хесел се класични стопери чија главна карактеристика е отежнувањето на работата на стрелците (OPP FG% во прилог на ова). А, Артест и Кириленко се, пред се, релациски чувари, играчи со одлично чувство за украдена топка или блокада, но не толку квалитетни во директната одбрана. На ова може да се придодаде и тезата на Karakash, дека кај играчите како Боуен и Хесел се потенцира играта во одбрана затоа што се изразито слаби офанзивци, за разлика од Кириленко или Артест. Ама, од друга страна, во современата кошарка, стоперот прераснува во значаен role-player, посебно со враќањето на high-scoring трендот. Не треба да се оди подалеку од ланското финале за да се зборува за тоа. Принс и Боуен се многу битни алки во ШАМПИОНСКИ тимови. На ваквата анализа би додал уште една категорија која е некаков еквивалент на офанзивната “Scoring Spree”. Toa е класичниот “Shut-down”. А, како критериум ги земав натпреварите во кои “деветте” биле задржани на 10 или повеќе поени помалку од нивниот PPG. Како што спомнав во првиот коментар, многу интересен беше фактот дека Брус Боуен ниту еднаш не задржал некого од овие деветмина под 20 поени, иако на неколку мечеви предизвикал катастрофални проценти на шут од поле – 9 од 33 на Коби, 4 од 19 на Ентони и т.н. Во оваа категорија, интересно, предничи Тајшон Принс со 4 shut-down натпревари – најинтересен е можеби оној последниот против Двејн Вејд – 13 поени со шут 3/15. На крајот, може да се анализираат и дефанзивните “коњаци”, т.е. кои стрелци највеќе им одговараат на кои дефанзивци. Најкарактеристични се проблемите кои Леброн Џејмс ги има со Рон Артест – просек од само 19 поени со 31,7 % шут. Од друга страна, на единствениот меч оваа сезона против Кириленко, Леброн постигна 51 поен. За спомнување се и просечните 39,5 поени на Брајант во дуелите со Детроит и Принс, но и, на пример, само 38 % шут против Боуен и Сан Антонио. Кога се во прашање индивидуалните партии, најдобар е Леброн: 51 против Кириленко, 44 против Боуен, 38 против Хесел и т.н. Учинокот на Коби е: 48 против Игуодала, 43 против Боуен и 40 против Принс. Тоа е отприлика тоа. Не знам колку со ова придонесов во муабетот за Боуен и компанија. Ај, да ве чујам! Shepard: Ја сум без зборови. Озбилно, ваква темелност, мислам методиве.. Свака част друже.

17 Comments:

Blogger Karakash said...

STRAVA!

4/02/2006 09:34:00 pm  
Blogger kole said...

BRAVO BRAVO!!!

4/02/2006 10:30:00 pm  
Anonymous Boromir said...

Analizive ti se genijalni,ama pak da prokomentiram:).Pridonesot na Bowen tesko ke go prikazes niz brojki,on e Mr.Intangible:).On igra najdobra team defense od site,a ponataka zavisi od taktikata na timot.Pa znaeme deka Kobe,Lebron,Wade...gospod nemoze da gi zadrzi 1 na 1,za niv se pravi cela defanzivna taktika so cela petorka.Ja se kladam deka Kobe ako igra 1 na 1 so Bowen,ke mu dae kos 9 od 10 pati(kako i na bilo koj drug).Pobrz e,poise skoka,a u takva trening atmosfera,od dribling ili fade away,nema sut da promasi!Bowen(so normalno Duncan)e klucen u taa defanzivna taktika na Spursi.Tuka mu e najgolemata vrednost. Zamisli,uste za Bruce zborime:) Inace si strava data analyst. Respect

4/02/2006 11:24:00 pm  
Anonymous bodan said...

Respect!

4/02/2006 11:39:00 pm  
Blogger beto # 6 said...

Алал вера ако сам го склопи ова!

4/02/2006 11:40:00 pm  
Blogger Karakash said...

Boromire, i pak ke kazam. Bouven, pa i Ben Volas se preakcentirani kako ekstra defanzivci zatoa sto samo toa znaat da go pravat. Ne daj boze da zavisese napadot od niv.
Kaj Sparsi, najbolji defanzivec, a i kluc na odbranata ne e Brus, tuku Dankan, a na Brusi mu e mnogu polesno koga Robotco mu go cuva grbot. I da, cel tim igra odbrana, od Manu do Finli...
Ista e pricata i so Ben u Detroit, samo sto tamu toj e toj go cuva grbot, samo ne daj boze da mora da sutne od distanca.

Primer za kombinacija na ofanzivni i defanzivni kvaliteti se AK47 i Ron-Ron, zatoa tie dvajca ne bi trebale da se vregaat i da se spomnuvaat u ist kosh so The Bouwen Collector.


I da, Beto, sam go sklopi.

4/03/2006 12:10:00 pm  
Anonymous Boromir said...

A be Enko,si igras i ti devil's advocate,ili na cairski si igras kurtasak:).Se fakas za faktot deka Bowen e tapa u napad.Ama on toa go znae!Toa e mnogu bitno!Petorka so 5 znalci(kosgeteri) u napad,ne ja biva.Ke im treba 3 basketi:).Duri i 4 so 1 e mnogu,3 so 2 e optimalno,veruvaj mi!A ja mislam deka nikoj ne ja razbira taa pozicija bolje od Bruce!Duncan go obozava!Sekoj superstar bi go obozaval!Igraci so takvi karakteristiki, od bunch of ball players, praat ekipa!

4/03/2006 01:26:00 pm  
Blogger Karakash said...

Pravi si, Kianu:)

4/03/2006 01:53:00 pm  
Anonymous flight 75 said...

My point exactly, Boromir...
Современата кошарка е као RPG.

4/03/2006 02:22:00 pm  
Blogger retry said...

Vo sekoj sluchaj ekstra analiza, ti kazhav i prethodno koga imashe takov "comment". Samo za da bide ushte pokompletna i pooptimizirana kje mora i drugi parametri da bidat vklucheni (kako na primer, kolkav del od vremeto defanzivcite go troshat na chuvanje na nivnata cel), a da se isfrli onoj prosek na primeni koshevi, bidejkji ako se zeme toa v predvid togash se vmeshuva i vlijanieto na timot vrz odbranbeniot igrach, so shto bi se vratile na tvrdenjeto deka Spursi go pravat Bowen dobar defanzivec (shto mozhebi ne bi bil sluchaj koga bi igral vo drug tim).

Se na se, bravo majstore. Mora da mi kazhesh dali si polagal statistika. Ako ne e taka togash "Bakica" (toa ti e najbolja statisticharka u MK) mozhe voda da ti nosi.

4/03/2006 05:21:00 pm  
Anonymous Anonymous said...

Одлично, но да се вратам малце на една друга тема за која се праеше муабет.
Неш vs. Чонси..
Well, вчера вечерта као да беше на моја страна.. :) Пистонси изиграа иста утакмица као со Бакс. Минус 14 на полувреме, плус 7 на крај. Чонси беше ебано добар, а Неш, хмм, просечен. Ако некој им праеше проблеми беше тоа Матрицата.. Шо направи Билапс? Да не праам пак стрипови, освен шо беше 5-7 за 3, постигна 12 поени у последни 5 минути, 8 по ред за намалување на водството на Санс од 12 на 4, меѓу кои 2-2 тројки. И тоа длааабоки тројки. Ѕвер. Не избројав колку пати шутна (а богме и утна) Неш, кога се кршеше резултатот.

On a side point, Шид заработи 16-та техничка, и ќе биде првиот играч во лигата кого ова правило ќе го прати на клупата една утакмица (wow, какво изненадување! хехе). И тоа пази, за секој втора тех. понатаму пак си седи на клупа.. Штета за рекордот од 73 последователни утакмици на Дет со иста петорка. Шид инаку заборавил да го помести саатот напред, и стигнал 15 минути пред утакмица. :) Флип сакал да го стартува Дајс, ама овој се бунел нешто, и сепак Шид старувал на крајот. Наредната, сепак или Дајс или Дејвис ќе стартуваат (ваљда Дејвис, пошто Дајс го форсира она муабетон со ритамот на кој се навикнал, т.е. да игра од клупа), и ќе биде интересно да се види шо ќе напраат Детроит (ОК не толку што ќе напраат, играат со Хорнетс, туку КАКО тоа ќе го направат).
Да спомнам само дека голем дел од времето во исто време на теренот беа Бен, Шид и Дајс заедно.

На крај, назад на темата. Биг Бен исто така одигра добро вчера (11 поени,12 скока, 5 украдени и 3 блока). Еве што имаше да каже Флип за него.
"Ben was phenomenal," Saunders said. "People talk about Bruce Bowen and others as the best defender. Bruce is a great individual defender. Ben is a great individual defender. But Ben Wallace might be one of the best that's played the game as a team defender."
:)

Денвер-Далас. Ззззззззззззззззз.

Поздрав, Syndicate

4/03/2006 05:42:00 pm  
Anonymous flight 75 said...

Retry, апсолутно.
Бев и премногу свесен за тие проблеми, ама беше едноставно невозможно од оваа перспектива да се дојде до податоците за делот од времето во кој стрелците се чувани директно. Како коректив, се обидов да ги земам податоците на бројот на минути поминати во игра и на офанзивците и на дефанзивците, под претпоставка дека во 80% од комбинираното време поминато во игра важи директниот дуел.
Ама, сето тоа беше само апроксимација, само приближност. Едноставно, не ми беа достапни релевантните бројки.

Истотака, размислував и за влијанието на тимот, т.е. на темпото на игра, просекот на примени поени и т.н. Сакав да ги вметнам и тие бројки, ама сепак решив да не ги земам предвид во главната анализа, пред се, поради фид-бекот што индивидуалната одбрана го има врз тимската. Наместо тоа, ги користев само како коректив, како во случајот со Принс и т.н.
На пример, многу е индикативно дека Јута прима 97 кошеви по натпревар, а Кириленко на најдобрите девет периметар стрелци им дозволува нешто помалку од 25. Тоа, според мене, не може сосема да се отфрли.

Ми влезе чивијата у пм. Ќе побарам уште некои податоци да видам дали можам уште малце да се доближам до the intangibles.

Инаку, не сум полагал статистика :)

4/03/2006 06:09:00 pm  
Blogger retry said...

I ushte edna rabota shto mi tekna, veruvam deka kje se soglasish: Bowen igra protiv, na primer, James samo dva natprevari vo sezona shto e mnogu malku za relevantna statistichka obrabotka, za razlika od, na primer, Kobe so kogo igra 4 (aj ovaa brojka mozhe da se zeme za kolku-tolku relevanten parametar). Eve eden primer. Mozhe da se sluchi bash na tie dve sredbi James da gi postigne brojkite na karierata, a Bryant na dve izigra mnogu jako, a na drugite dve mnogu slabo. Ottuka bi se izvlekol zakluchok deka Bowen igra podobra odbrana vrz Bryant nego vrz James poradi samiot fakt deka James ne izigral ushte dva natprevara protiv Bowen na koi bi mozhel da odigra katastrofalno vo napadot.

Za sporedba samo, koga se vodi evidencija za liderite po brojot na postignati poeni po natprevar, se zemaat vo predvid samo onie igrachi koi igrale na odreden odnapred utvrden procent od vkupniot broj na pominati natprevari. Zamislite sega drvoto Pachulia da dade na prvite dve utakmici od sezona 35 i 36 poeni, a potoa se povredi i ne zaigra povekje, bi bil najdobar strelec vo NBA so prosek 35.5 po natprevar. Toa ne e kriterium za statistichka obrabotka. Potreben e dobro izbran primerok od odreden procent ili broj na natprevari.

4/03/2006 07:22:00 pm  
Anonymous flight 75 said...

Ме претрка. И ова сакав да го кажам, ама заборавив првиот пат.
Тоа и Е најголемиот проблем.

Затоа, ќе пробам да соберам податоци за неколку сезони, па може ќе биде порепрезентативно.

4/03/2006 07:26:00 pm  
Blogger Karakash said...

Тешко може за што било во спортот да се извади репрезентативен стат. податок освен бројот на освоени титули, или пак титули у некои инд. категории.
Така да, за својот пристап и труд Флајтчо заслужува максимум респект.

Свака част, друже, и само продужи така.

4/03/2006 09:29:00 pm  
Anonymous flight 75 said...

Фала, Karakash.
Абе, ги глеаше ли некој НЦАА куцањата?
Имаше неколку извонредни. Посебно она на Wilborn.
За White не праам муабет.

4/03/2006 10:02:00 pm  
Blogger Latifovich said...

So AK47 nemoze nieden vo odbrana ne zadzabe go vikaa fenomenko dodeka igrase vo evropa

4/05/2006 02:16:00 pm  

Post a Comment

<< Home