Monday, March 06, 2006

Турбо викенд + Парле ву Франсе?
Четири утакмици у три дена, тоа ми е билансот овој викенд. Се вратив на шемата која ја имав у првите два месеци од сезоната у која секоја вечер гледав баскет, со исклучок на моменти кога ептен ми се спиеше и кога играа у 4 сабајле екипи за кои не вредеше да се останува до сабајле, па онда да се иде на работа. Ватевр. У тие 4 утакмици на два пати ги гледав Никси и по еднаш Далас, Феникс, Чикаго, Милвоки, Јута и Сиетл. Ај по малце за секоја екипа посебно: ЊУЈОРК - Супрајз, супрајз, ама Никси задњите две средби ги одиграа доста квалитетно и да не им беше колапсот у финиш против Булси за малце ќе имаа две победи по ред. Таа грешка ја исправија у Милвоки, каде пак прокоцкаа предност (+17), али со пет слободни на Френчајз по ред у задњи 20 секунди ја обезбедија победата. У овие две утакмици Никси покажава нешто што го немаа цела сезона, а тоа е стабилност у играта и идеја за тоа како треба да се искористат дупките кај противникот. Со бикчињата знаеа дека овие се тнки под кош, па запнаа да играат преку неандерталците Кари и Малик,а и преку Фрај кои си завршуваа работа. Кога Булси почнаа да ги удвојуваат високите момци, трици почнаа да погодуваат КјуРич, Џејлен, Џамал, Стиви, па и Марбери. Нормално, уследи колапсот на крај и дајнамик дуото Катепан Кирк и Мајор Гордон, кои ги растртија у финиш кога Френчајз направи две глупости со кои им ја поклони победата. Али, нема везе се се тоа гроуинг пејнс кои полека се поправаат. Мислев дека нема да го кажам ова сезонава, али барем у овие две утакмици, Никси личеа на екипа и Лери Браун како да знаеше што прави. Нормално, како што им е составена екипата ретко кој у Њујорк може да се надева на нешто убаво од нив, освен ако не навива за Нетси. МИЛВОКИ - Не знам дали е до мене, али стално кога сум ги гледал сезонава одиграле за нигде. Така беше и со Никси, кои за овие делуваа како да се две класи подобри. Никаква организација и идеја у игра, само дај му топка на Ред и глеј го како фрла шутеви од зад глава преку двајца чувари. Освен Џо Смит, буквално сите беа труби, а тромбон беше Андрија Богут, кој одигра мизерно и беше целосно надигран од сите високи момци на Никси. Па дури и еден Малик Роуз покрај него фаќаше скокови кога ќе му текнеше. Друга ствар која ми фати око е дека - У Милвоки е ладно, бе брат. Кај Бакси четири играчи беа модерни и носеа хеланки, али најсмешен од сите беше баш Богутчо, кој у нозете беше катран црн, а у раце креч бел. Како што играа, ќе водат војна со Булси за 8. место, кое ништо чудно да им го лапне некој трет (Фили?) ДАЛАС - Увек кога играат Мавси и Санси имаме 48 минути одлична кошарка, која обично на крај завршува со победа на Феникс. Како и лани, така и оваа година се јави истиот проблем за Далас кога играат со комшиите од Аризона, а тоа е дека немаат играч кој ќе има муда (сори Дирк), кој ќе ги качи на грб и ќе однесе до победа. Свака им част на Тери, Маркиз, Стек и Дирк, ама без лидер не праиме нишчо. Лесно е да се игра така против Никси, Бобкетси, Портланд и компанија, али против ривали за врвот на Западот не иде така. Баш ради овие работи, кои беа очигледни вчера, не ги гледам Мавси како кандидати за финале, па дури и да бидат 1. на Западо. Можда со повредените Хауард, Ван Хорн и Херис ќе бидат бољи, али па и за Санси не играше Амаре, кој лани им вадеше душа. ФЕНИКС - Кога го нема Амаре, тука е Борче. Кога го нема Џо, тука е Леандрињо, кога го нема Кју, тука е Раџа. И што е најважно, тука се Матрикс и Нешти. Мама си ебале. Како и лани, пак им одржаа лекција на Мавси, а Неш уживаше да си игра со својот екс-клуб и да му гази по нерви на Кјубан. Покрај него секој може да биде играчиште. Да не зборам дека ги немаа Амаре и Курт Томас, па Борче мораше да игра на центар у поголем дел од средбата, на кој одлично се снајде. Тоа кажува пуно за Френчи, но и кажува многу за центрите на Далас и целата игра у одбрана на Мавси. Вака како што играат сега Санси, кои у Тексас победија по 10. пут у серија, само Спарси би можеле да им конкурираат кога че им се врати ѕверот у екипа. Искрено, лани не бев љубител на нивната хаотична кошарка, но сасвим е јасно дека зад тој хаос стои и тоа каков план на Мајк Бркото, кој вади максимум од тоа што го има. Свака част. Бонус. Еве ви линк до брат му на Борче. ЧИКАГО - Бен, Кирк и Денг у Њујорк покажаа дека иднината е светла за Булси, само што таа иднина зависи од тоа дали летово ќе лапнат некој асален висок играч или не. Без таков тип џабе ќе им биде триово. Булси се у рекет тенки како еврејска кришка леб, и верувам дека и ден денес маваат глава у ѕид што го дадоа Бренд у Клиперси за пикот со кој го собраа Тајсон. И сезонава имаат шанси за плеј-оф, али се нешчо ми кажуе дека нема да се пласираат. Барем иднината им е светла. А, ова не е прв пут Бен да ги реши Никси. Како лани, така и сезонава: ЈУТА - Свит мизери. Какви беа сабајлево у Сиетл, можат само да сањаат дека ќе го стигнат Денвер за прво место у дивизија или па Лејкерси за 8. на Запад. Против Сиетл многу јасен беше главниот проблем на Јута а тоа е што немаат двојка ни за лек. Така да еден Милт Паласио им е стартер. Гира е повреден, а и онака не го бива, додека Девин Браун уште не зрел за таква улога. Кај беа на двојка дупки, за нигде беа и на сите др. позиции, Мемо и Андреј си преседеа на клупа, откако Слоун виде дека нема шанси за победа, а и онака беа за нигде. Бузер е солиден после камбекот, али за него нешто повише подоле. СИЕТЛ - И за крај Соникси, кои по трејдовите конечно заличеа на екипа. Ги нема више играчите кои ги гушеа и кои едвај чекаа крај на сезона да отидат у друг клуб. Плус, тие играчи гледаа само да се изрекламираат за да добијат некој долар повеќе. Вака, со избалансиран тим у кој се знае кој е главен, а кои се сајдкикси, против Јута покажаа игра каква што имаа лани. Реј и Рашард погодуваа, а другите играчи скокаа, асистираа и гинеа за топки. Можеби оваа сезона е ебана, али со ваква игра има надеж за убудуче. Толку од екипите кои ги глеав викендов, вечер можеби ќе ги имам Лејкерс-Спарс, па ќе пишеме нешто и за нив. Идеме даљи со други НБА муабети...
* * * * *
Бузер ептен би сакал да заигра за Лејкерси, а у Јута нема да жалат за него, посебно не газдата Милер кој не е у добри односи со Лузер. Али, проблем за да отиде у Ел-Еј е тоа што Јута не сака ништо што има да понудат Лејкерси, кои се расположени да се откажат од Мим, Џорџ и МекКи. Истата понуда не им фатила око ни на Вориорси, од кои Лејкерси ги барале Марфи и Фишер.
* * * * *
Коа сме кај Кобис, тие пред некој саат го шутнаа Слава, кој ќе се врати у Украина да се бори со мечки, а на негово место го собраа Џим Џексон, кој пред некој ден доби клоца у Санси. Добар пикап за Лејкерси.
* * * * *
На Амаре му се собира вода у десното колено, што веројатно е последица на тоа што несвесно има поголем притисок на него избегнувајќи да го напрега левото кое му е оперирано. Заради тоа не тренирал у задњите три дена. Ипак, у Феникс се надеваат дека тоа нема да го одложи камбекот, закажан за финишот на март. Плус, ми треба у фентази лигата, го чувам цела сезона.
* * * * *
Грбот на Трејси пак проработе и мораше да излезе од победата на Хјустон над Портланд. Никако да се оправи, што е уште една фрустрација за Рокетси по јок сезоната.
* * * * *
За крај, еве што би требале да гледаме у следниве неколку недели(ОК, Нено?:): 10.03.06 01:30 Miami Heat - Golden State Warriors 12.03.06 21:30 San Antonio Spurs - Houston Rockets 17.03.06 02:30 San Antonio Spurs - Phoenix Suns 19.03.06 21:30 Minnesota Timberwolves - Sacramento Kings 24.03.06 01:00 Indiana Pacers - Detroit Pistons 26.03.06 20:00 Indiana Pacers - Philadelphia 76ers Толку. Иначе, да нема забуна (и да не испаѓа дека сум фан на Лејкерси) текстов е мој. Каракаш хир. А за тоа со утакмиците, тие си се, пакетот е тој. Али има надеж ако Спорт4 уведе уште еден термин, на пр. среда. А и според овој пакет ги има Лејкерси, али у април. Ај.

19 Comments:

Anonymous Neno said...

Dobra utakmica nema so ali sepak mislam deka Dallas zasluzi da tepa na kraj! I daj kazete im na tie u kanal 4 da pustat nekoi drugi timovi koi se borat za u playoff kako so se Sacramento, Minnesota ili so znam tamu Philadephia, drugive ke gi gledame u April, sea ne se interesni - pogotovo Detroit...

3/06/2006 02:47:00 am  
Blogger Ико said...

Да, не се интересни Детроит :)) Го испапаа од Коби и Ламар :)) Тоа сакав и јас да спомнам - сакам да ги гледам Ел-Еј, Јута, Сакраменто...

3/06/2006 03:37:00 am  
Blogger марче said...

dalas treblo da tepa?!?! :)))))) pa sto ne tepase be neno! :) majmuni gi naprai bratot nesh ... rispekt ma men :))) i borche dobro se snaogja na pozicija centar :))) ... samo napred momci!

3/06/2006 08:22:00 am  
Anonymous flight 75 said...

Овие Санси се ненормални. Со Амаре идат на титула

3/06/2006 03:08:00 pm  
Blogger Teko said...

За Chicago Bulls
Се надевав дека Чендлер ќе проработи за Булси, ама тешко. Ептен е труба.
Супер е тоа што имаат млада екипа, ама прашање е колку таа екипа ке остане за наредната сезона.
За плеј-оф, се потешко и потешко. Филаделфија се разигра и сега Булси ги бркаат Бакси, кои у последно време слабо играат, но сепак се неколку победи пред Булс.

3/06/2006 09:47:00 pm  
Blogger beto # 6 said...

ЕЕеееее убав пост...долгичок, содржаен.

Вечер ваљда ќе глеам Нетс - Сакто па ќе пишам еден рикеп. Ај ...

3/06/2006 10:27:00 pm  
Blogger Lakerfan8 said...

НЕМА ШАНСИ!!! ОВА Е ДИСКРИМИНАЦИЈА КАКО Е МОЖНО НИЕДЕН НАТПРЕВАР ДА НЕ СЛЕДИМЕ ВО КАНАЛ 4 НА НАЈДОБРИОТ КОБИ БРАЈАНТ!?! ШТО КУР ПАК САН АНТОНИО ПЕТПАТИ ВЕКЕ КЕ ГИ ДАДАТ ПА НЕКА СМЕНАТ МАЛКУ БАР ЕДНАШ ДА ГИ ДАДАТ ЛЕЈКЕРС ЗОШТО САН АНТОНИО, ФЕНИКС, ДАЛАС СЕ ЕКИПИ КОИ СИГУРНО КЕ ГИ ВИДИМЕ ВО ПЛЕЈОФОТ...КАРАКШ БАР ТИ СИ ЗА ЛЕЈКЕРС ДАЈ ПРЕВСЕМИ НЕШО ОТИ КЕ СЕ ОТКАЖАМ ОД КАНАЛ 4

3/06/2006 11:39:00 pm  
Blogger Lakerfan8 said...

КАРАКАШ...ЖИТИ КОБИ ПРЕВЗЕМИ НЕШТО...

3/06/2006 11:40:00 pm  
Blogger Shepard said...

шо убао, мене ме пише ко автор на прекрасниов пост :))))))

иначе.. стварно ги нема лејкерси :(

3/07/2006 12:43:00 am  
Anonymous Boromir said...

Aj sto te pise avtor,pa i Enko Lakers fun ispadna:). D readers of Maknba have clearly mixed d identities of d blog's authors

3/07/2006 01:22:00 am  
Blogger Ико said...

Абе дај стварно да пратиме абер до Спорт 4 да изгледаме и од Лејкерс 1-2 натпревари барем.

3/07/2006 12:14:00 pm  
Blogger kole said...

abe sto se zapnale tolku sea da gi gleame lejkersi.ima vreme...ke gi gleame u 1.kolo,pa posle 2.kolo,pa u finale na zapad,pa u golemo finale...eeeeeeeee pa vie sto ste....sala na strana,ova ne e fer,mora nesto da se naprai

3/07/2006 12:39:00 pm  
Blogger Karakash said...

Edno e sigurno: Ako ne bide porano, onda sigurno se zatvara sezonata so Lejkers - Feniks u nedela navecer na 16 april. Eve go kaj e:)

3/07/2006 12:53:00 pm  
Blogger марче said...

abe sto moze da naprai sport4. toa se paket utakmici koj unapred godina dena se znaat. istiot paket go ima i premiere.de i uste nekoj televizii ...
http://www.premiere.de/premweb/cms/de/programm_sport_nba_start.jsp

3/07/2006 02:02:00 pm  
Blogger toni4yu said...

dosta cmizdrite ko zeni za koi timovi da gi gledate.
idete na aber.com.mk i poglednete klipce DA VI SE NAPOLNAT SRCETO I DUSATA od eden srednoskolec od usa pa posle zborete za kosarka.
pzd

3/07/2006 04:00:00 pm  
Anonymous Anonymous said...

e da vi kazam ja nesto za chicago imaa oni i centri se nego onoj glupiot skiles go dava edy carry i sega neka se pusi ima dupki u reketot golemi ko grand kanyon e taka da znaete a se ostanato u chicago e dobro a i onoj chandler lani bese soliden neznam sto mu stana godinava

3/07/2006 05:51:00 pm  
Blogger Lakerfan8 said...

А бе стварно не е фер бар сакам да го гледам Коби како игра најдобриот кошаркар во планетава, тој Дунк-он 4 пати да го гледам, а Коби ниту еднаш ....Разочаран сум...
КАНАЛ 4 АКО НЕ ДАЕТЕ НЕКОЈА СРЕДБА НА ЛЕЈКЕРС ЈА БОЈКОТИРАМ ВАШАТА ПРОГРАМА А СТВАРНО МИСЛЕВ ДЕКА СТЕ НЕШТО ПОСЕБНА ТЕЛЕВИЗИЈА...

3/07/2006 11:00:00 pm  
Blogger beto # 6 said...

Абе луѓе дајте не мрчете зашо многу замарате. До пред три недели зборевте како нема ич преноси. Сеа коа почнаа да даваат почнавте и вие да “тролате“ за вашиот тим шо го нема. Па дајте не бидете толкави дудлачи да ве ебам... НБА Е НБА...кои и два тима да играат ќе биде интересно. Шо бе сеа ќе кажете боље да глеаме Голден Стејт- Јута од Сан Антонио- Детроит. Дај не бидете толкави кењаши...

3/07/2006 11:38:00 pm  
Anonymous бодан said...

братче не се жали,мене ми го тргнаа и спорт тв(порт),а го стаеа +депорте1.Сега ни лејкерс а ни оклахома неможем дома да ги гледам.Ама ја сум упорен,па ќе купим картица на црно,за инает на кабелските оператори и државата која им дала лиценца.После кој ја поттикнуе пиратеријата???У Тетово нема канал 4,али има малборо за 75денари и сат.картице со нба+(ту)за 5евра месечно. Епа тоа е!!!

3/07/2006 11:40:00 pm  

Post a Comment

<< Home