Tuesday, October 31, 2006

Ќе биде...
Како што обично бива, некои работи не тргнаа според планот, па ќе мора да почекате уште ден-два до лансирањето на целосно новата МакНБА со скроз нов домејн (да, да, регнавме домејн) и на нов сервер. Преселбата е готова, само уште да зачистиме во новата куќа... Иначе, НБА стартува вечер со дабл-хедерот кој оние кои имаат НБА ТВ ќе имаат среќа да го гледаат. Вејд, Шек, Зо, Пејтон, Вокер и остали ќе си ги добијат прстените и банерот, а малку славјето ќе пробаат да им го засенат Булси појаки за Бен Волас. После тоа новиот баскет одма се префрла во Стејплс каде Коби би требал да игра за Лејкерси, а Амари конечно би требал да го има својот камбек. Се тоа, плус останатите најави по дивизии во следниве неколку дена. Издржете...

Monday, October 30, 2006

Retro Monday: Red Auerbach Tribute.....(и Масони)
R.I.P big Red. Ние се справуваме со хакерски упади од страна на Масоните, при што ете, така.. тоа. Стрпете се до утре, ве чека жешко изненадување. До тогаш читајте не и коментирајте вака, у овој сејф моуд. А од утре попладне, ако Масоните дозволат, ќе ви презентираме нешто ново, а ќе бидат и најавите за трите дивизии од Западот... Маму им масонску! - од Куќниот Совет
Еве и интервју со Ред Оербах, вкупно околу 35 минути.
За да се долови со каква страхопочит према Ред гледале неговите играчи, еве дел од неговите quotes, кои се стандарден дел од вокабуларот на секој тренер..
  • An acre of performance is worth a whole world of promise.
  • Basketball is like war in that offensive weapons are developed first, and it always takes a while for the defense to catch up.
  • He who believes in nobody knows that he himself is not to be trusted.
  • Just do what you do best.
  • Natural abilities are like natural plants; they need pruning by study.
  • The best way to forget ones self is to look at the world with attention and love.
  • The commercial class has always mistrusted verbal brilliancy and wit, deeming such qualities, perhaps with some justice, frivolous and unprofitable.
  • The only correct actions are those that demand no explanation and no apology.
  • To a father, when a child dies, the future dies; to a child when a parent dies, the past dies.
Со неговата смрт, се роди митот! Вечна му слава!

Sunday, October 29, 2006

R.I.P. Red

Friday, October 27, 2006

Централ...како 501. пост
По Атлантик и Саутист, најавата по дивизии за Истокот се заокружува со најсилната дивизија, веројатно во цела лига - Централ. Баш најавата за Централ го одбележува нашиот 501. пост од почетокот на NBA Macedonia пред некои година и четири месеци. Тоа значи дека претходниот пост е нумер 500, а тој пред него 499...Пивата, баклавите, јагнињата и другите честитки пратете ни ги по мејл. На крајот табелата би требала да изгледа вака...иако со оглед на тоа дека е најјака дивизија ништо чудно некој тим да го прескокне другиот за место погоре. Тука не влегува Милвоки кој останува на дно. 1. Детроит 2. Кливленд 3. Чикаго 4. Индијана 5. Милвоки Еве и зошто... 1.Летово премногу се зборуваше за тоа дека Пистонси веќе не се истата екипа без Бен Волас и дека без него немаат шанси да конкурираат за врвот на Истокот. Првата констатација држи вода, но втората и тоа како нема основа. Да, Думарс не сакаше да фрла едно чудо пари на играч кој има 32 години, нема шут, не знае да погоди слободно и е тотално безопасен во напад. Ако некој знае колку вреди Бен тогаш тоа сигурно е Џо, кој и го донесе од Орландо во трејдот на Хил. Лани Бен мрчеше дека сака повеќе топки да одат преку него и да има поголема улога во нападот?!?!?!, од кој човекот факат е нема појма. На страна тоа што е одличен дефанзивец, мада и тука мислам дека добра одбранбена екипа не ја прави еден играч. Како и да е, Детроит сезонава можеби нема да стигне до ланските 60+ победи, ама во основа и тешко дека било која друга екипа во Централ или на Истокот може до такво нешто. Бен си отиде, ама останаа сите други четири стартери кои се бољи играчи од Бен. Чонси и РИП, како и Шид и Принс ќе имаат поголема слобода во нападот, а и ќе сакаат да докажат дека можат да победуваат и без Бен. Добар потег беше потписот на Назр Мохамед, кој до сега има докажано дека е совршен за такви, епизодни улоги во рекет за добри тимови. Исто како и лани, но и како преклани, нивна најголема болка е клупата и таа е нешто што би можело да ги спречи да стигнат до нова титула. Сепак, Мекдајс, Делфино, Хантер, Флип и Максиел и не се баш за фрлање и можат да дадат десетина добри минути. Само да не им пресисааат стартерите кога ќе дојде време за плеј-офот. 2. Мислам дека не е паметно да се кладиш против Леброн кој од година во година докажува дека сета галама која се дигна околу него и тоа како е оправдана. Со него навистина се е можно и Кавси би требале да стигнат до 50 победи па и предност на домашен терен во 1.коло. Ако Леброн се здиви и ја одигра најдобрата сезона во кариерата можат и до финале на Исток. Леброн, како и Гуден и Ззззззз под кошот не ми се проблем. Проблем ми е Лери Хјуз за кој пишував и во текот на плеј-офот, а и на ланската сезона дека не е добар избор за десна рака на Џејмс. Тоа лани многу се добро во тоа како Кавси победуваа дури беше повреден, а колку се мачеа и губеа кога Лери беше дел од тимот. Се надевам дека грешам за Хјуз. Најголема им е дупката на плеј каде се уште им е стартер Ерик Сноу кој за жива глава не може да погоди од надвор. А и тренерот не им е нешто посебно искусен. Тоа може на крај скапо да ги чини. 3. Тоа што го мислам за Бен го напишав кај Пистонси, но тоа не значи дека тој нема да има влијание врз играта на Чикаго. Ќе има, само не големо. И без него Булси беа една од најдобрите дефанзивни екипи, а со него со право можат да бидат бр.1 во оваа категорија. Само, ми се чини дека во Чикаго малку закаснија со овој потег. Помина времето кога екипите кои имаа цврста одбрана и малку над просекот напад освојуваат титули. Не ми влегува во глава наместо тие пари кои ги фрлија на Бен во Чикаго не се одлучија да убацат некој играч у трејд за легитимна НБА ѕвезда, нешто што очајно им фали. Верувам дека Гарнет и тоа како ќе сакаше да се врати дома во Чикаго, а и Вулфси ќе се загреаа за некој од младите играчи на Булси. Нејсе. И без тоа овој тим е способен за големи нешта, ама во нив не спаѓа и пласман во финалето. За тоа им фали вистинска опција во нападот. Држам палци во плеј-оф да се сретнат со Детроит. 4. Индијана би можела и погоре, ама дивизијава е ептен јака. Летово беа паметни и не го преплатија Пеџа и им го лапнаа за еден фишек сончоглед Ал Херингтон на Хоукси. Бирд е решен да направи брза и атлетска екипа и тоа му успева, само треба да се молат да не ги стрефат повреди, конечно да немаат проблеми со законот и имиџот и Џермејн конечно да израсне во лидер. Ако тоа не се деси, тогаш џабе им е и Лери да го соблече оделото и да заигра за нив. Деловите од мозаикот се тука, само Џим Кери треба да ги уклопи. 5. Милвоки е жртва на јаката конкуренција. Направија неколку големи трејдови летово во кои се уште не може да се каже дали излегле како победници или не. Нова фаца е Вилануева, кого го добија за Ти-Џеј Форд, а и стигнаа да се откачат од Меглор кого го спакуваа во Порлтанд. Ред е машина за кошеви, ама освен него немаат некое постојано оружје. Андрија Богут поради повреда малку ќе паузира, ама лани не ми изгледаше како играч кој би можел да доминира. Повеќе на таков ми личи Чарли. Имаат доста добра покриеност на речиси сите позиции, ама играат во многу јака дивизија. А и Тери Стотс им е тренер.
* * * * *
Еве и по некој линк: - Со тотално новиот гето лук и набиената мускулна маса Роберт Свифт летово вети дека ќе ги убеди сите во Сиетл дека не беше потрошен пик од 1. рунда пред две години. По задњава вест момакот ќе мора да почека уште една сезона за да докаже дека вреди. За жал. - Оф...оф. Таман кога Спиди Клекстон се опорави од повредата, Марвин Вилијамс заработи идентична повреда која значи месец и пол до два пауза. Хоукси не би биле Хоукси кога не би им се случувале вакви работи. - Вакви работи се случуваат и во НБА. - И екипата на SI тргна по трендот правење своја топ листа на играчи. Ама за разлика од другите, на нивната Топ 20 листа прв не е Леброн, а богами ни Коби.

Thursday, October 26, 2006

SouthEast...со понекој линк плус
Вчера ја имавме бедотијата од дивизија Атлантик, а денес остануваме на Истокот со привјуто на Southeast дивизијата. Во план ми беше Централ, ама Ивица пиша најава за Детроит така да најјаката дивизија на Истокот (можеби и лигата) ја оставив за утре. На крајот табелата на Southeast би требала да изгледа вака, а подоле има и зошто. 1. Мајами 2. Вашингтон 3. Орландо 4. Атланта 5. Шарлот Идеме по ред... 1. Мислам дека не треба многу објаснување зошто Мајами би требал без поголеми проблеми да ја освои својата дивизија, која ја освоија и лани и тоа без 100% здрав Шек во текот на целата сезона. Годинава сите во редовите на шампионот се за една година постари, факт кој има позитивна конотација само во случајот на Двејн Вејд. Тоа што залижаниот ги задржа сите старци со кои војуваше лани може да се покаже како паметен, ама мене се ми се чини дека ќе се покаже како лош потег. Ипак, пред да се нападне Рајли мора да се знае дека селари-капот му е ограничен. На Мајами и тоа како добро ќе му дојдеше некој шутер, а и плеј кој би го мењал, па и би му го земал местото на Џејсон Вилијамс. Вака, екипата е ОК, ама тешко дека со овој состав може да го повтори ланскиот успех. Ипак, не смее да се отпишува екипата која кај себе ги има Вејд и Шек и како што рече 1995 година Руди Ти: "Никогаш не го потценувајте срцето на шампионот!" 2. Е сеа, ако Мајами киксне и им се повреди на пример Вејд, Визардси се и тоа како способни да им го лапнат 1. место. Летово им отиде мазохистот Џефрис, кој прифати да биде дел од циркусот на Ајзеа, но тоа во Вашингтон го надокнадија со потписот на Дешон Стивенсон. Останаа тие што се најбитни и тоа Аринас, Џејмисон и Батлер, а Сонгаила тешко дека ќе им ги реши проблемите во рекетот. Баш таа дупка под кош ги спречува да направат нешто поозбилно, како на пр. финале на Исток, мада со лудиот Жилберто не би брзал да ги отпишам. 3. Е сеа, ако па Визардси кикснат и им се повреди на пример Аринас, Орландо и тоа како е способен да им го лапне 2. место. На Флорида почнуваат цела сезона без Стив Френсис, што само од себе е плус, а и сезона во која ѕверот Двајт Хауард би требал да доживее целосна промоција. Момакот ми е омилена фаца уште од пред да го драфтуваат кога беше средношколец на кој хоби му беше кршење табли на сликања за насловни на списанија и гарантирам дека ако не го сотре некоја повреда ќе доминира долго време во рекетот. Тука се и Џамир Нелсон, Хидо, Аројо, а и Редик, кој не би требал да биде некој посебен фактор како руки. Грент Хил конечно нема да има притисок врз себе за успешен камбек, затоа што сите веќе дигнаа раце од него. Токму тоа може да се покаже како добро за Грент на кој му држам палци. Ако се врати барем на 50-60% на она што беше, Орландо ќе биде многу опасен. 4. Аааааа, моите Хоукси. Срце ме боли кога гледам како се мачат дома, а со насолзени очи ги гледа Доминик. Тоа нема многу да се смени ни сезонава, ама барем ќе бидат ептен интересни а гледање. Летово го трампаа Ал Херингтон и за него не добија ништо, а Били Најт тоа го објасни као ништо не им требало од Индијана. Како да не. Не им требал Тинсли, Јаске, Херисон или Фостер? Хмммм... Да не биде така црно ги пополнија двете дупки на плеј и под кош со Спиди Клекстон, Лоренцен Рајт и 5.пик Шелден Вилијамс. Тука е Џо, кој конечно си се враќа на природната позиција и е еден од најуниверзалните играчи во лигата, а очекувам добри сезони и од Џош Смит и Марвин Вилијамс. Не го заборавајте ни соленката Чилдрес, а и Заза. 5. Бобкетси летово малку пораснаа и пуштија пубертетски бркчиња. Адам Морисон и тоа како ќе добие минутажа да покаже зошто беше НЦАА ѕвезда, а и има потенцијал тоа да го потврди.Мека е конечно здрав, исто како и Шон Меј и Џералд Волас. Фелтон би требал да има одлична сезона на плеј, а Шарлот ќе изненади многумина. Доста е.
* * * * *
Еве и уште по некој линк да не биде дека пишуваме само најави кога се дешаваат доста други интересни ствари пред стартот на сезоната. - Фокс ја објави својата Топ 50 листа. Кој е прв? Нема да се изненадите. - Џордан и Спајк Ли за прв пат соработуваа во 80-те кога Спајк го глумеше Марс Блекмон во рекламите со младиот Мајкл кој самиот ги режираше. Сега дојде редот на Мајкл да му одаде почит на Спајк. И тоа со посебни Џорданки со ликот на Спајк, а кои се комбинација на неколку ретро модели. - Џи-Емовите на сите 30. екипи ги избраа Спарси за шампион и Леброн за МВП во новата сезона. Има уште по нешто. - Најважните прашања кои се поставуваат пред стартот на сезоната. - Лепотанот Двејн Вејд.
Пистонс Привју
Ивица од Прага, комесарот на МакНБА Фантази лигата (за која можете да се пријавувате уште некој ден) ни прати најава за неговите Пистонси. Мојот привју за Централ ќе следи утре. By Ivica Оваа сезона Пистонси (бар според мене) ја почнуваат како втори фаворити во Централ. (ТУКА ИМАШЕ КЛИП СО БЕН ВОЛАС, КОЈ ЗАРАДИ ДОБРОТО НА СИТЕ ДЕЦА КОИ СЕГА ПОЧНУВААТ СО КОШАРКА И ЗАРАДИ КОШАРКАТА ВООПШТО НЕ МОЖЕВ ДА ДОЗВОЛАМ ДА БИДЕ ВИДЕН. ДЕЦАТА СЕ СЕПАК НАЈВАЖНИ - Каракаш) Бен Волас, човекот кој последниве неколку сезони беше убедливо најдобриот одбранбен играч во НБА го напушти Детроит и потпиша за ривалот од дивизијата Чикаго. Не знам дали грешката беше во раководството на Детроит (читај:Думарс) или па Бен имаше толкава желба да си замине, ама знам дека Детроит нема да е ни отприлика она што беше последниве неколку сезони. Чонси, Шид и дружината дефинитивно нема да имаат 60 победи, а некако не сум баш сигурен и дека ќе бидат во првите 4 на Истокот. Еден поглед на нивниот ростер за оваа сезона кажува се. -Стартна петорка: Назр, Рашид, Принс, Хамилтон и Чонси Во основа стартната петорка е единственото нешто кое не ме загрижува во тимот. Момците ќе дадат се од себе и ќе се повеќе од доволни за да обезбедат 50 победи. Е сега, за останатите победи ќе мора да истапи и некој од резервните играчи, а после првиот поглед на ростерот е јасно дека тука нема играчи кои се способни за такво нешто. Единствено МекДајс, а можда и Флип Мареј може да пружи добра партија, ама за него тоа се вика откога почна да игра во лигава, а јас на ниедна партија не сум видел да бил фактор. Значи работата на клупата од Детроит е "од црна-поцрна". Со само 6 и пол играчи кои се способни да се носат со најсилните тимови во лигата Детроит ќе има мноогу проблеми во играта и често ќе доаѓа во ситуација да е без решение (како што беше случај лани со Мајами). Најверните фанови на Детроит, повеќе од немоќ се надеваат на breakthrough сезона на Делфино, Дупри, Максиел или пак на рукито Блелок, ама сите сме свесни колку е таквата можност реална опција. Од сево ова единствено што можам да заклучам е дека Детроит ќе е цврст тим во поголемиот дел од регуларниот тек на сезоната и дека ќе биде многу тешко да се тепа во Обурн Хилс, ама како што ќе се ближи плеј-офот, така поуморни ќе бидат главните 5 (не вклучувам тука повреди, недај Боже:)) и така послаби партии ќе пружа целиот тим. Фактот што играат на Исток, каде има мноогу слаби тимови, донекаде им обезбедува плеј-оф место, ама за нешто повеќе од тоа Думарс ќе мора да се заангажира и да донесе уште некој квалитетен играч. Мое предвидување за оваа сезона е прво или евентуално второ коло плеј-оф. Од Фантази гледна точка мои фаворити од Детроит ќе се Назр Мохамед и Антонио МекДајс. И двајцата ќе бидат драфтувани ниско, а ќе имаат и минутажа и можности да станат Фантази фактор.
Бедно
За разлика од лани, кога на секој тим му беше даден по еден посебен, бааги долг пост, годинава работите малку се успорија па немавме време за пишување подолги најави - комада 30. Што поради тоа што јас и онака пишувам најави за секој тим посебно за Мак.Спорт, а што поради тоа што Шеп последниве недела дена се дружеше со другарка и на Кондолиза Рајс. Нормално, тоа не значи дека немавме најави кои дел од МакНБА тимот си ги напиша за своите тимови и во ист стил ќе следат уште најмалку две и тоа Голден Стејт и Њу Џерси. Шеп направи сериозна најава на можеби најслабата дивизија во лигата - Нортвест, иако мој фаворит за најлузерска дивизија од која во новата сезона ништо чудно да имаме само еден плеј-оф тим e бедниот Атлантик. До старт на сезоната ќе имаме по една најава за секоја дивизија, а честа да стартуваме со нив ја има баш тој, мизерниот Атлантик. Еве како мислам дека ќе изгледа на крај табелата во Атлантик...и зошто. Мада што се однесува до оваа дивизија единствено нешто што изгледа сигурно во моментов е новата титула на Нетси. 1. Њу Џерси 2. Торонто 3. Њујорк 4. Филаделфија 5. Бостон Идеме по ред... 1. Њу Џерси има една од најдобрите први петорки во лигата и едно од најдобрите триа во Кид-Картер-Џеферсон. Летово не направија многу за да си ја пополнат дупката во рекетот и поправат проблемите со скокот, а не мрднаа ни од средување на клупата која лани не ја ни имаа. На драфт го собраа Маркус Вилијамс кој еден ден би требал да го наследи Кид, а ги прибраа и стално раселените Еди Хаус и Мајки Мур. Имаат солидна одбрана и еден од подобрите млади тренери во хобитот Френк и за среќа играат во Атлантик каде тимовите треба да се среќни што нема испаѓање од лига. 2. Можеби според некој ова е висок пласман за Репторси, ама не смеам против тим кој го составил помладиот Коланџело и евро-клапата на чичко Штерн. Со селекцијата на Барњани, па потписот на Андоре Џр, - Гарбахоса и враќањето во Америка на МВП на Евролигата задњиве две години добија вистински интернешнл шмек. Бош има потенцијал да стане ѕвер (или Ти-Рекс?), а тука е и ултра брзиот Ти-Џеј Форд, а и Мо Пит. Рашо не го спомнувам многу. Мрзок ми е. 3. Да беа во некоја друга дивизија ќе ги ставев на дно, ама конкуренцијата во Атлантик за таа титула е голема. Не очекувам ништо посебно од Њујорк и Ајзеа, но ако биде според најавите, дека ќе играат брза кошарка во стилот на Феникс, барем ќе бидат интересни за гледање. Одбрана е само сон, а покрај толку бекови Томас изјавува дека нема да има класичен плеј. Ипак, плеј-оф нема што ќе значи и клоца за Ајзеа на крај на сезона. Штета. Им фали уште Дариус Мајлс. 4. Ова место може на крајот да биде окупирано и од Никси и Репторси, а и од Бостон кој е едно место подоле. Зошто баш тука ги ставам Сиксерси? Ради годините во кои влагаат нивните главни играчи, т.е. играч - Ајверсон. Вебер е постар за една сезона, а колената ги изгуби одамна. Корвер, Игудала и остатокот од дружбата е далеку од талент кој еден ден би го заменил Ајверсон. Грешка што беше што летово не го трампаа, а следното лето ќе биде уште потешко да се направи такво нешто. Чикс не го биваше ни во Портланд, а ни во неговата Фила. Жал ми е за Ален. 5. Оербах, Расел и Кузи уште некое време ќе останат главните фаци на секоја средба во Бостон. Пол Пирс лани имаше страшна сезона која ради мизерните Селтикси остана незабележана. И тој како и Ајверсон можеби требаше на време да си ги спакува коферите и да побара трејд. Ако се повторат задњиве две години, тоа веројатно и ќе се случи. Тука е и Бен Стилер Шчербијакјакаоќпухиугујак, а не е за фрлање ни Делонте Вест. Многу се збори за Рејџон Рондо, кој импресионирал со играта во претсезоната и е дел од младиот бран во кој се и братучед му на Марбери, Себастијан Телфер, кој дојде од Портланд, па Перкинс, Џеферсон, Ален, Гомес итд. Момци кои ќе созреат кога Пирс ќе има 35 години.

Tuesday, October 24, 2006

Непцињо го виде Мајкл, Не се качујте на мотор!, Бррррдмен и Џо
Откако летово на турнејата низ Америка застана во Лос Анџелес и таму се запозна со уште една голема ѕвезда на Најк, Коби, Непцињо вчера го доживеа она што веројатно никогаш не го сонувал во животот запознавајќи го лично Најголемиот на сите времиња. Веќе пишував дека Мајкл се наоѓа на турнеја низ Европа на која го промовира својот нов модел Џорданки и во исто време својата линија Jumpman, а една од станиците е и Шпанија. Тој го гледал и дербито Реал-Барса на која Кингси ги преслушаа другарите на Непцињо и призна дека тоа била само втората фудбалска утакмица која ја гледал во живо во животот. Ако видовте на некои од странските вести сигурно ја видовте детската радост во очите и неверувањето кога Непцињо се поздрави и седна покрај Мајкл, кој како што самиот кажа му бил идол во детството. Зубињо иначе е голем НБА фан, а пукна од среќа кога Мајкл извади кутија со најновите Џорданки, спешли за него. Еве, да не биде дека не сум ставил линк до целата прича.
* * * * *
За жал, се исполнија прогнозите дека Џеј Вилијамс нема да може да им се наметне на Нетси, кои му кажаа едно фино "фала" за трудот кој го вложил во тренинг-кампот. Лично, не знам во каква состојба е Џеј и дали вооппшто наликува на оној Џеј кој беше 2. пик на драфт зад џинот Јаоза. Според она што се збори, тој е далеку од враќање на брзината која ја имаше кога беше играч на Дјук и Булси, а брзината е еден од главните физички атрибути кои мора да ги има секој НБА плеј. Плус, изборот да се испроба баш во Нетси не му беше најпаметен, не само ради Џејсон Кид, туку и поради рукито Маркус Вилијамс, кој сигурно ќе добие доста минутажа. Ама, со уште некој месец тренинзи и напорна работа, кој знае...можеби ќе се најде некој тим на кој ќе му се повредат 1. и 2. плеј. Приказнава на Џеј е само уште една причина зошто никад у живот да не се качите на мотор.
* * * * *
Ланската сезона како шок ни дојде веста за ногирањето од лигата на нашиот добар пријател Крис Андерсен со кој ја и Шеп имаме поминато многу "фини" моменти. Од тогаш никој ништо немаше напишано за Брррррдмен, а постот го прекинуваат на SI со прича со доста интересни факти за Крис.
* * * * *
Не е тајна дека Џо Џонсон е еден од најпотценетите НБА играчи. Само така нека се однесуваат и противниците на Хоукси.

Monday, October 23, 2006

Retro Monday...with the King
Before there was LeBron and before King James could ever learn to pronounce and spell the word KING, there was a King who reigned with the league and in the basketball Mecaa of the word...Although many of the younger NBA fans have maybe never heard of Bernard King and although he was snubbed at the NBA at 50, there is little doubt that Bernard is one of the Top 50, maybe even 40 players of all time. Ladies and gentlemen, meet the King! Многу пред Леброн да го стекне својот сегашен прекар и уште пред тој воопшто да научи да зборува, со НБА и со Медисон Сквер Гарден владееше еден друг крал...Сигурен сум дека помладииот дел од НБА фановите никогаш не ни слушнале за Бернард Кинг, кој исто како и Доминик и Боб Макаду срамно беше изоставен од онаа НБА ат 50 листа, за вистинските баскет фанови низ целиот свет (а посебно во Њујорк) не постои сомнеж дека тој е еден од 50, ако не и 40, најдобри играчи на сите времиња.

Sunday, October 22, 2006

Northwest целосно привју
Северозападот е најмрската, убедливо најмрската дивизија за оваа година. Бидејќи нивната антипатичност оди до таму да не можам ниту да се сетам кои тимови играа во оваа дивизија, решив со еден удар тие неколку муви да ги сотреме и да се препуштиме на метафизичкиот пост на Флајт за Голден Стејт кој со нетрпение го очекуваме, како и привјуто на Бетомир за Њу Џерси, а можеби и Ивица конечно ќе се приземји од фантазиите и ќе чкртне нешто за де-бен-волис-ираните Пистонси. Би почнал со Сиетл Сони (кс) Плејстејшн.
Слика бр. 1: Роберт Свифт
На хартија Сиетл има потенцијал. Лук Риднор и Ерл Вотсон на кец, Реј Ален и замена му Карим Раш, Рашад Луис, Крис Вилкокс и подивениот Роберт Свифт. Звучи ко солидна екипа која знае да пружи пеколна одбрана, имаат powerhouse у рекет у Вилкокс (и Фортсон на клупа), опасни од надвор, и сл. Башка се отарасија од Радмановиќ (ама не знаат дека у Лејкерс ќе стане единствениот европеец подобар од Новицки). Но во пракса, Сиетл ќе бидат ништо подобри од лани. Еве и зашто.
Слика бр. 2: Реј Сидарта
Реј Ален западнал во Нирвана, како што може да се види од слика 2. Во Сиетл! Крист Новоселич вода да му носи. Сликата имплицитно ни кажува дека во себе Реј доживува едно спинување на вредностите; како материјалното полека попушта пред духовното; а возвишеноста пред борбеноста. Освен што може да се очекува Реј да медитира на утакмици, сосем изгледно е дека неговата посветеност на теренот полека ќе почнува да бледнее.. Шо значи, тим, на кој клучниот играч (не го спомињајте Луис, он никогаш нема да биде лидер, ноу метер хау гуд хи ис), е во години, и полека го губи дражот (по кој го памтиме у Милвоки), нема шанси за просперитет. Пириод. Ондак По(р)тланд.
Слика бр. 3: Портланд
Након то Јута.
Слика бр. 4: Јута, дефинитивно не е Џез, џезот е у Универзална
За Минесота ШумскиВуци може да се изразиме и со збор: Қазақстан (Қазақстан Республикасы) — Еуразия құрылыпының қақ ортасында орналасқан мемлекет. Солтүстігінде Ресей Федерациясымен (6 467 км), оңтүстігінде Түрікменстан (380 км), Өзбекстан (2 300 км) және Қырғыз (980 км) республикаларымен, шығысында Қытаймен (1 460 км) шектеседі, батыста Каспий теңізімен, оңтүстікте Арал теңізімен шайылады. Жер көлемі — 2717,3 мың шаршы километр. Жұрт саны 15301,4 мың (2006 шілде 1). Оның 9 008,0 мың немесе 58,9 % қазақтар құрайды. Республикада 131 ұлт пен ұлыстың өкілдері тұрады. Елордасы — Астана қаласы. Әкімшілік жағынан 14 облысқа бөлінеді. Мемлекеттік тілі — қазақ тілі. Е сега, останува за Денвер уште, ама ај може они у посебен пост попосле.

Thursday, October 19, 2006

SI разбива малери, Ерсан, Гилбертологија 3, Ајзеа и Кадри
Кога се во прашање каверите на Спортс Илустрејтед пред секоја НБА сезона (а било случај и во другите про спортови во САД), не им се пишува добро на тие кои ќе се најдат на насловна. Колку за илсутрација на ланскиот кавер со најавата за НБА сезоната заедно беа еден покрај друг Лери Бирд и Рон Артест. Сите знаеме како заврши нивното пријателство само месец дена во сезоната и како тоа влијаеше на сезоната на Индијана. Оваа година момците во СИ решиле да одат на сигурно и да го разбијат малерот ставајќи три од најголемите млади НБА ѕвезди. Математиката е јасна: Може на еден да не му тртгне, може и на двајца, ама па на сите тројца? Ја па мислам дека сезонава дефинитвно ќе го разбијат малерот затоа што сите тројца би требале да имаат страшни сезони. Тоа го потврдува и Џон Холингер и неговата Топ 30 листа на најдобри играчи според т.н. PER. Ич не ме изненади тоа кој се наоѓа на прво место. "А има само 21 година!!!", што би рекол еден наш НБА коментатор.
* * * * *
На ЕП до 20 год. во Измир, Ерсан Илјасова покажа дека заедно со Џенк Акјол (кој е пик на Атланта) се иднината на турската кошарка. Тоа доби своја потврда и меѓу големите момци у Јапан и не треба да чуди што Ерсан од новата сезона е дел од тимот на Милвоки. Откако ланската сезона ја мина најмногу во НБДЛ Ерсан се наметна како еден од најголемите Еуро-таленти. Можеби сезонава нема да добие некоја посебна минутаѓа, но времето е на негова страна. Балканскиот печат во текот на тренинг-кампот го запечати и момакот кого во Атланта едноставно го викаат The Big Greek Fella.
* * * * *
Нова Гилбертологија која мора да се прочита.
* * * * *
"This so-called former Knick, who on draft night with millions of people watching had the audacity to take me to task on a player that I'm pretty sure he had never seen before in his life," Thomas said. "But he stands on national television and he talks about a kid that he has absolutely no idea about. I'm glad that all of New York doesn't think like Greg Anthony" - Ајзеа Томас на критиките на Грег Ентони на ЕСПН за драфт изборот на Реналдо Болкмен.
* * * * *
Од сите куцачи-гимнастичари кои се појавија задњиве пет-шест години мене веќе некое време нај-нај ми е Кадр Зиани. Тачно дека ова нема врска со НБА (и во основа ни со самата кошарка) ама секогаш е интересно да се види како некое типче со просечна висина за баскетџија куца преку десетина луѓе, Порше и сл. А можеби е само до името и тоа што сум од Чаир.
* * * * *
ПС: Ивица, собирај ги јаууу адресите на момците кои сакаат да бидат дел од Фентази лигата, па извести не кога ќе биде време. UPDATE: Џош Хауард само што си ги доби своите 40 милиони за четири години кои почнуваат да важат од следното лето. Кјубан се освести на време.

Tuesday, October 17, 2006

Нов NBA.com, Марк Стерлинг, Доналд Кјубан, Чарли Ви и The LeBron's
По двата сериозни поста на Шеп решив да фрлам еден малку понесериозен поглед врз стварите кои се дешаваат низ НБА последниве неколку дена. Во тек е претсезоната, која како што кажав и порано ми е еден од понеинтересните делови целиот НБА циркус. Со мене по се изгледа се согласуваат и поголемиот дел медиуми затоа што ретко кој им дава поголем простор на средбите кои се играат во првата половина од октомври. Најголемиот број од локални медиуми кои ги пратат своите екипи се сконцентрирани на повреди, нови договори и слични муабети, а и поголемиот број сајтови полека се спрема за новата сезона. Кој менува дизајн, кој менува домејн, кој ги прави и двете ствари. Ние за некои недела дена би требале да бидеме во последнава категорија. Дел од првата категорија е главниот сајт на лигата и од денеска имаме целосно нов NBA.com. Мене ми се свиѓа многу повеќе од претходниот, само да не откријат играчите дека е користен микрофибер при неговата изработка и да почнат да го бојкотираат.
* * * * *
Се уште не го знам точниот момент кога Марк Кјубан од газда кој не жалеше пари за своите ѕвезди и за нивното уживање стана газда од типот на Доналд Стерлинг на Клиперси. Како тоа да не беше доста па се пушти и во нет-војна со Гугл и Ју-Тјуб?!?!?! Можеби нешто во него пукна кога се заеба со потписите на Вокер и Џејмисон. Мада од нивните трампи после тоа ги доби Тери и Херис. Или можеби кога Нешти реши дека многу поубаво му е во уште потоплата Аризона, него во Тексас каде имаше се што ќе посакаше. Да не биде дека Кјубан ептен станал циција, тој летово ги продолжи Ејвори и Дирк до 2011 година, и тоа не баш за мали пари, ама како да заборава дека тие двајца сами не можат да го вратат кај што беше пред четири месеци. Така, веќе некое време го одолговлекува задржувањето на Џош Хауард, кој заедно си Дирк и Тери беше најзаслужен за ланскиот успех. Кјубан упорно одбива да му ги понуди парите кои ги заслужува на Џош, а тоа би можело скапо да го чини следното лето кога овој би можел лесно да си отиде од Мавси. Не знам дали грешам, ама мислам дека Џош е во право кога бара понуда која би била барем еднаква со таа која лани Тејшон ја доби од Детроит. Грешам?
* * * * *
Ви текнува кој беше играчот со најголема глава на СП во Јапонија? Е па, од вчера Монструмот од Порторико више не плаши деца низ Вашингтон. Некаде во главниот град на САД фризерката која му ги правеше плетенките прави голема журка. Додека Џош Хауард чека пореална понуда од Кјубан, Кејвмен доби 50 милиони од Клиперси за пет години. Нешто дефинитвно не е во ред, Ова е како у филмовине кога два лика ќе си ги сменат телата. Тешко му на Далас ако е така. Шеп, добар е Чарли Ви, у тоа нема сомнеж. Само уштеда научи како да остане во игра некоја минута повеќе. Хупседикт блогот, кој важи за еден од подобрите на нет лансира свој сајбер баскет магазин. Кај нив на блог има и интервју со Скуп Џексон. Прочепкајте.
* * * * *
За крај, два клипа од новата The LeBron's реклама за 4-та генерација на Зум Леброн патиките.
* * * * *
ПМС: Секој кој сака да биде дел од МакНБА Фентази лигата, али овој пат посериозно од лани нека го остави во коментари својот Yahoo мејл.
Нежноќа
Warning: ЕНКО, САМО АКО СИ ГО ФАЌАЛ ПОСТОВ!
Сликовитост
Ова се сликите кои ги ветив а не бев у можност да ги ставам (ради јебената конекција) у постот за Најсериозниот кандидат за титулата 2006/2007.
Ребрендирање Мала реминисценција / голем играчина Џек Николсон влезе у игра [лоша монтажа]

Monday, October 16, 2006

Работен наслов: Лејкерс
Лос Анџелес Лејкерс и искуствата со меѓународната заедница од аспект на консоцијативните наспроти методи на непосредна интеграција на играчите на теренот
Оваа година најсериозниот кандидат за освојување на тронот е тимот кој што го обележа доаѓањето на дваесет-и-првиот век во Лигата, предводен од играчот кој ги помести границите на возможното нагоре по ипсилон оската, притоа без никаков отклон на икс-от; математиката е многу едноставна: оваа година Коби ќе пружи три пати подобра игра од лани (8*3=24). Дека Лејкерси се најдобри потврдува и фактот што потпишаа договор и со Влад Радмановиќ, кој во моментов е можеби единствениот европски играч подобар од Дирк Новицки. Очекувам да биде одличен сапорт кест за Коби, постојана закана од дистанца, полудистанца, рекет и под кош. Годинава редно е да пркне и Ендру Бонукс а.к.а Линукс, кој како што знаеме, е најперспективниот играч во Лигата. Квами Браун би требало да биде на ниво, исто како и Џордан Фармар Џордан и Рони Тартуф. Грузиецот Шамонд Вилијамс е у тимот, исто така. Лејкерси оваа година имаат потенцијал да јуришаат на рекордот на Чикаго (72-10). Сигурен сум дека Коби нема да ја испушти шансата за такво нешто. Во плејофот, очекувам да го соборат сопствениот рекорд и без пораз да дојдат до прстењата. Е сега, можеби и нешто ќе заглиба по пат, но ова погоре беше најобјективната анализа за претстојната година на Л.А.Л.
(После ова Шепард се буди и продолжува...) - К.
* * * * *
Инаку, не ја исклучувам можноста повторно да бидат некаде на средината на Запад како што беше тоа лани, во трка за местото бр. 8 или евентуално 7; и да заглибат во плејофот со некој прилично силен тим од Тексас или сл. Да не прогнозирам резултатски – очекувам бар малце повеќе хемија откако костурот на екипата се здоби со заедничко искуство лани; Л.О би требало да пркне малку повеќе во улогата на плеј-форвард, пошто ќе има потпора во Радман при борбата под обрачите (а и Мим се надевам ќе биде во форма, и Квами ќе повтори некои од партиите со Феникс и од крајот на прошлата сезона). Смуш прв пат се најде себе си во еден НБА тим, па тоа би можело да го стимулира уште повеќе да се залага (со Коби можат да бидат една од најбрзите предни линии во Лигата). Одбраната не смее да штима ко лани; односно мора од старт да се наметне љутиот притисок шо им го наметнаа на Феникс.. и да не го дрвам. Што се однесува до Коби, освен што е апсолутно најквалитетниот индивидуален играч (сеа више не се зезам), има неколку момента што мора да се земат в предвид: новиот број може да повлече и негов нов идентитет (човекот што ќе ги жртвува своите прекубројни обиди од поле на сметка на тимската игра) Коби влегува во најзрелите години (за конвенционален играч, сеа тука резерва мора да се има :) ) и би требало да стане „херој-на-четврта-четвртина“ уместо човекот што дава по 80 поена, да ја рационалира играта (што е у корелација со претходната точка) разно. Најголема слабост на Лејкерси и оваа сезона е промајата у рекет, која хронично им дува откако Шекил замина. Тоа не е тим кој е замислив без тежок центар, или еве у 21 век, без доминантен и снажен висок играч (пошто центри више нема). Едноставно, Квами не може да биде тоа, а ни Бонукс, нит Тартуф, нити Мим. Л.О е премногу софт за таква улога, апла се гледа дека не го бива да игра четворка, а другите не доаѓаат ни у предвид. Шамонд Вилијамс може да изненади, никогаш не се знае со Фил особено кога се работи за кецовите (под негова палка еден Рон Харпер или па Дерек Фишер станаа фактори). Од секогаш имал потенцијал, ама останувало на тоа. Ај може ќе му се посреќи. Сепак, нити Шамонд, нити стварно брзиот и флексибилен Смуш, не се достојни плејови за тим кој има некакви аспирации. Лук Волтон и Брајан Кук се оставтишната.. не ми се збори. Вујачич.. пфффффт.. Арон Мекки Болесникот.. Мамаду Н`дјае.. Девин Грин.. Данило Пинок.. Морис Еванс.. ќе видиме, прво кој ќе остане, а после кој ќе пружи нешто. Сепак, мислам дека ќе биде тешко и горко.

Friday, October 13, 2006

Toronto Raptors - плеј-оф или уште една промашена сезона?
by Znalac - straight out of T-Dot (или - он д'фејс оф д'плејс, од Торонто). Последните две сезони Raptors имаа преку 100 порази. Во тој период се обидоа да направат место во salary cap и да се реорганизираат. Сепак, главните промени дојдоа со отпуштањето на Rob Babcock и назначувањето на Bryan Colangelo за нов GM на почетоков на годинава. ВС се обидува во целина да го смени менталитетот на клубот - почнувајќи од клупските бои (сега се канадски - црвена и бела, наместо црна и виолетова), имиџот во јавноста и пред се - ростерот. На почетокот на оваа сезона тимот има 9 нови кошаркари (Rasho Nesterovic, T.J.Ford, Fred Jones, Andrea Bargnani, Jorge Garbajosa, Uros Slokar, Anthony Parker, P.J. Tucker, Kris Humphries), кои заедно со Chris Bosh, Morris Peterson, Jose Calderon, Joey Graham, Pape Sow и Darrick Martin треба да стигнат до плеј-оф место на Истокот. Имаше доста дискусии околу заминувањето на Mike James, Charlie V, Bonner, Araujo, Woods,... но, главно се сведе на муабетот "да беа добри, ќе направеа повеќе од 60 победи за 2 сезони", што донекаде држи вода. Она што мене ми остава место за сомневање е Sam Mitchell, кој мислам дека не е тренер соодветен за очекувањата на тимот и за овој играчки кадар, но ќе видиме. Целиот овој make over на ВС направи многу позитивен ефект. Сите се многу позагреани за претстојната сезона, картите се продаваат најдобро во последниве 5-6 години, многу се пишува и се зборува по медиумите, останува само уште Raptors да почнат да бележат успеси. Претсезоната за почна со еднонеделен камп во Waterloo, ON. На тренинг мечот минатата сабота имало 4,000 гледачи што е доволен показател за интересот. Потоа имаа меч во Washington, против Wizards, кој го добија со 93-88. Во прва 1/4 Raptors имаа очаен шут (21%), но подоцна се консолидираа и главно водеа со неколку поени разлика. На минута пред крај беше 88-88. Расплет: Garbajosa 3, Calderon 2/2 FT -> конечен резултат 93-88. Потоа, играа со Boston - изедначен натпревар кој со еден wild buzzer beater на Rajon Rondo отиде во продолжение (инаку Rondo одигра одлично - 29pts). Расплет во продолжение: Garbajosa 3, Garbajosa уште 3, Calderon положување, Calderon уште едно положување, слободно... -> конечен резултат 118-112. Од досега виденото - Bosh е во добра форма, новост е што шутира тројки и тоа доста добро, т.е. на тренинг мечот 4/4, а на првите 2 preseason средби имаше по 1/1. Rasho е стартер, ама ми се губи нешто. Би требало малку да се среди (последен се приклучи на тимот), но од него немам преголеми очекувања. Во секој случај е за класа подобар од типови како Loren Woods или Rafael Araujo. T.J.Ford е исто така стартер, меѓутоа на првиве 2 играше доста просечно, да не речам Calderon беше многу подобар. Посебно против Boston, Telfair и Rondo душа му извадија. Ако влезе во ритам, може да биде доста добар, ама ако влезе... Parker е стартер, меѓутоа играше со осцилации. Факт, во preseason меч има многу измени и ротации, но мислам дека ќе биде постабилен во текот на сезоната. MoPete е стандарден - ова му е последна сезона од договорот, па веројатно ќе биде добар. Од клупата, Calderon и Garbajosa играат многу добро и со многу самодоверба. Се однесуваат како Светско да освоиле :) Беа најзаслужни за првите две победи. Bargnani игра со доста самодоверба исто така, има талент,... би требало да е способен да го исполни планот од околу 10pts/ 5rb сезонава. Fred Jones - одличен, Kris Humphries доста солиден во минутажата што му беше дадена. Joey Graham не е лош, иако јавноста не му е премногу наклонета (без некоја посебна причина). Останатите до сега не добиле минути за да можам да кажам нешто. Ако се биде во ред, т.е. ако се отстранат недостатоците и нема многу повреди очекувам 42-40 сезона. Тоа би требало да ги врати Raptors во плеј-оф после 4 години, што во моментов мислам дека е максимален дострел на овој тим. Ако тимот има добар старт, мислам дека ќе се зацврсти самодовербата и позитивната атмосфера, што би требало да донесе успешна сезона.
Gilbertology 2 + слободните на Шек
Ова само на кратко, зошто привјуто на Чоте ипак е главна ствар денес, што се гледа и по коментарите. Во последниот пост по Гилбертологија кажав дека Аринас ми е една од најомилените фаци во лига поради неколку причини. Како што тргна со Неш негде во јули, сеа се наредија и неколку постови за Жилберто. Така, покрај насловната на SLAM кој ми падна во раце вчера, тој се најде и во последниот број на популарниот магазин Esquire, а линкот до одличното интервју еве го ТУКА. Читнете го, па после него или и вие ќе го ставите Аринас на својата фејворит листа или ќе го ставите на својата Џекес листа, која некако се полни последниве години. Update: Eве уште еден екстра фрики линк за Аринас
* * * * *
Шек вежба изведување слободни со една рака. Толку.
Привју номер едно: Indiana Pacers
Индиана Пејсерс ќе биде тимот за кој ќе пишувам. Ќе се обидам да бидам најобјективен што можам, сепак, навивам за Пејсерс повеќе од 10 години и се надевам дека ќе ги толерирате можните мали субјективни излети во текстот. :)

Најголем успех на тимот од Индианаполис е пласманот во големото финале пред 6 години. Изгубија од Лејкерс тогаш, поточно од К.Б. (од мрскоќа неќам ни името да му го спомнам). Беше тоа солиден тим, граден со години. Иконата на клубот, Реџи Милер беше во зенитот на својата кариера. Многу силниот тим на Пејсерс на неколку наврати претходно играше во финалето на источната конференција но за нивна несреќа во исто време на истокот играше и Мајкл Џордан. Губеа од Булси на пар наврати, од Никси исто така и иако шест – седум години по ред стигнуваа далеку во плејофот, никогаш не успеаа да се пласираат во финалето се до 2000 година. Кажав како заврши нивниот прв пласман во финале. Откако загубија со 4:2 од Лејкерс, тимот беше реформиран. Освен Реџи Милер сите останати битни фаци го напуштија клубот, некои заминаа во пензија а некои среќата си ја побараа по останатите НБА тимови. Јасно беше дека треба да се создаде нов тим. Исто така, јасно беше дека новиот тим не може повеќе да се гради околу Реџи Милер, се наѕираше залезот на неговата кариера. Клучен момент за Пејсерси беше трампата во која од Портланд во размена за Дејл Дејвис беше донесен Џермејн Онил. Играчот околу кој во наредните неколку сезони се градат новите Пејсерси.

Летово во тимот од Атланта беше донесен Ал Херингтон, играч кој настапуваше за Пејсерс пред неколку сезони. Тоа ќе биде засилување број еден за Индиана сезонава. Најзвучно име што летово го напушти тимот е Пеџа Стојаковиќ. Мое мислење е дека Бирд направи добар потег што не го задржа србинот. Пеџа е издишан играч. Нов жител на Индианаполис е и Маркис Дениелс. Доскорешниот капитен на тимот, Кроушир од следната сезона ќе биде играч на Далас. Силен печат на играта на Пејсерс во последниов плејоф остави Ентони Џонсон. Благодарение на вечно повредениот Тинсли и слабата форма на Јасикевичиус, Џонсон доби шанса која многу солидно ја искористи. Пејсерс се ослободија од неговите услуги, што за мене беше неочекуван потег. Сепак, се надевам дека Јасикевичиус конечно ќе се прилагоди како што треба на НБА и ќе може да даде и поголем придонес во играта на Пејсерс од лани. Ако се сеќавате, лани Јаске влегуваше во игра кога Индиана играше зона во одбрана. Тимот го напушти и Фред Џонс. Солиден играч, лани и тој како и сите играчи на Инди пропушти поголем дел од сезоната поради повреда. Мора да го споменам и дебитантот Вајт. Сепак, на прсти се бројат играчите што во дебитантските сезони им биле од голема помош на тимовите за кои настапувале. Очекувам нешто слично и со Вајт. Останатите кадрови промени нема да ги споменам бидејќи не се вредни за споменување. Барем јас имам впечаток дека ниту еден играч што си отиде или дојде од/во Индианаполис нема да има забележително влијание во играта на тимот. Тоа е секако, мое мислење. Ќе бидам среќен ако почетокот на новата сезона покаже дека грешам.

Главен збор на клупата на Пејсерс веќе неколку сезони има Рик Карлај (oн им дава вода на тајм аут ;)). Карлајл е еден од најдобрите тренери во НБА, верувам дека нема некој што нема да се сложи околу ова. Беше тренер на Детроит, пред да дојде во Пејсерс, тој всушност го “проектираше“ овој тим на Пистонси, тим кој во изминативе неколку сезони дрма низ НБА.

Главен играч во тимот, како што веќе најавив ќе биде повторно Џермејн О'Hил. Се надевам дека се потсредил психолошки летово, затоа што беше во очајна состојба на крајот на минатата сезона. Исто така се надевам дека О'Hил нема да биде форсиран на позиција пет затоа што мислам дека многу многу подобро се снаоѓа на неговата “природна“ позиција крилен центар т.е. четворка. Ако не го го малтретираат и бараат од него да игра на позиција пет и ако го послужи здравјето (се надевам дека рамото конечно заздраве како што треба), Пејсерси ќе имаат на кого да се ослонат. За квалитетите на Џермејн не треба повеќе да се зборува.

Втора опција во нападот сезонава очекувам да биде повратникот Ал Херингтон. Кога ја напушти Индиана пред 2 сезони имаше просек од 13.2 поени, минатата сезона во Атланта просечно даваше скоро 19. Има 26 години и со напредокот во играта во одбрана што покарј Карлајл очекувам да се случи зошто да не го гледаме и на ОлСтар. Со него Индиана доби одлична тројка. На позиција еден во тимот треба да се најде Џамал Тинсли. Можни беа негови трампи летово, но сепак, Тинсли не го напушти тимот. Се работи за многу талентиран играч, играч со исклучителен осет за додавање, но, за жал се работи и за играч со многу кревко здравје. Во последниве 3 сезони, пропушти околу 50% од натпреварите. Мислам дека му е време да се потсреди малку и да го покаже она што го ветуваше кога се појави во НБА, пред 5 години. Ако не се случи тоа, многу е голема веројатноста да биде трампан. Него би требало да го менува Шарунас Јасикевичиус, барем во првиот период додека не се прилагодат новаците. Се надевам дека Јаске напредувал летово и дека конечно ќе понуди нешто повеќе од игра во зонска одбрана.

Позицијата 2 беше осигурана за Стивен Џексон се додека не се случи инцидентот (во кој Џексон бил главен!) за кој Енко веќе пишуваше. С.Џ. на МакНБА многу е попознат како Џекес. Он е воедно и играчот со најнеинтелегентна фаца во НБА и најнеконстантниот играч што некогаш играл кошарка. Џекес сигурно ќе биде казнет, но за обликот на казната сеуште се шпекулира. За среќа, оваа сезона во тимот се Ал Херингтон и Маркис Дениелс па се надевам дека лошите вечери на Џексон (кои минатата сезона не беа во мал број) ќе има кој да ги покрива. Пратејќи ги игрите на Индиана, минатата сезона, особено позитивен впечаток ми остави дебитантот Дени Гренџер. Игра на позиција 2 или 3 и очекувам да биде солидна замена на Херингтон или Џексон. Да се прашувам јас, Гренџер би играл и во први пет на двојка наместо Џексон но... Гренџер би требало да додаде жар во играта на Пејсерс. Се сеќавате дека лани тоа мнооогу им фалеше, понекогаш имав впечаток дека ќе заспијат на терен.

Џекес

Како што погоре веќе споменав на тимот летово му се приклучи и Маркис Дениелс. Од инцидентот што се случи пред некој ден може да се заклучи дека Дениелс солидно се вклопил во тимот, т.е. во друштвото на Џекес, Тинсли и дебитантот Вајт. Останува да видиме дали ќе биде така и на теренот. По квалитет веројатно е тука некаде со Џексон, па се надевам дека колку толку ќе го мотивира Џексон да работи повеќе за да не го загуби местото во стартните пет.

Остана уште анализа на играчи што играат на позиција центар. Стартен центар би требало да биде Џеф Фостер. Просечен играч, знаеше понекогаш да здиви и да собере и по дваесетина скока, но за жал, ништо повеќе од тоа. За мене малку нејасно, минатата сезона Карлајл доста го форсираше дебитантот Херисон. Херисон може да игра само на позиција пет, и се надевам дека оваа сезона ќе имам можност да ја видам поентата на Карлајл, т.е. се надевам дека Херисон ќе почне да се оформува како солиден центар.

Во анализава ставам акцент на првата петорка, што можеби и е непотребно ако се знае дека минатата сезона Џим Кери промени околу 30(!) различни стартни петорки. Главна причина за таквите потези на Карлајл беа секако повредите. Се надевам дека оваа сезона нема да биде така. Оф корс, факт е дека повторно тоа ќе биде еден од клучните фактори за резултатите на Индиана.

Познавајќи го Карлајл, јасно е дека основа на играта на Индиана ќе биде пеколна одбрана. Нападот би требало да биде нешто што сигурно нема да биде run_n_gun. Значи, релативно спори напади по сигурните скокови во одбрана. Очекувам Херингтон да додаде одредена динамика а на некој начин и стабилност во нападот која недостасуваше изминативе сезони. Ако е се како што треба, Херингтон и Онил би требало да бидат многу опасен напад.

Ќе повторам уште еднаш, главен проблем на Пејсерси во изминатите неколку сезони беа повредите. Според мене тоа ќе биде клучен момент и во новава сезона.

Овие се пејсмејтс, упознајте се.

Еден од најдобрите кошаркари на сите времиња Лери Бирд е прв човек на клубот (President of Basketball Operations). Сопственикот на Пејсерс пак, Дони Велш освен тоа што е бизнисмен, е и љубител на кошарка и страсен навивач на Пејсерс. Сите оние што ја следат НБА во последниве десетина години, знаат дека Индиана е еден од најконстантните клубови во НБА. Мислам дека заедно со Сан Антонио во моментов се клуб со највеќе последователни учества во плејоф. Најголема заслуга за тоа веројатно има Велш. Верувам дека ќе биде така и сезонава. Верувам дека со малку среќа на Пејсерси не им гине пласман во плејоф. За понатаму ќе видиме...

П.С. Текстов е напишан пред неколку дена, т.е. пред да почнат подготвителните натпревари на Пејсерс. П.П.С Зоран Михајлов моментите откријте ги сами! :)

Wednesday, October 11, 2006

Спрајт за Паркер, Јао и Рибок, Богут во аут, 120% на Амари... трет пат
Пред да пишам било што после еден од најдолгите наслови во историјата на МакНБА, мора да ги ѕирнете овие два линка. 1 и 2. Вистински начин да се претставиш пред својата домашна публика после подолго време. А мислев дека само Грент Хил пие Спрајт.
* * * * *
Веќе некои недела дена трае кавгата која Џеф Ван Ганди ја води со луѓето од Рибок, директно обвинувајќи ги за проблемите на Јао со стапалото, поточно палците. Проблем кој Кинезот почна да го чувствува пред три лета кога од Најк се префрли на Рибок. Нормално, во Рибок викаат дека грешката не е кај нив и дека Ван Ганди нема појма што зборува, ќелавиот го тврди спротивното, а кутриот Јао не знае на која страна да застане. После задњава вест се ми се чини дека Ван Ганди не е далеку од вистината. Уствари, кога ќе размислам подобро, Рибок до сега само еднаш правел патики за врвен центар и тоа во првите 6 сезони на Шек, кој после тоа ги откачи и почна да носи но-нејм брендови. Дали Шек поради истиот проблем се одлучил на таков чекор? Не знам, али ништо чудно тоа да е дел од приказната. Бај д веј, Јао е втор играч на кој во последниве десетина дена му е изваден ноктот од палецот.
* * * * *
Лоши вести за Бакси кои го изгубија Андрија Богут за следните 6-8 недели.
* * * * *
Вчера го спомнавме Амари и неговиот прв добар тренинг после подолго време. Иначе, Амари веќе некое време изјавува како до стартот на сезоната ќе биде на 100%, нo вчера, по пристигнувањето во Келн покажа дека тие прогнози биле грешка. Типот може и подобро од тоа. "Today, I feel 110 percent, yesterday, I felt 110 percent. So, if I can feel 120 percent tomorrow, then the 76ers are in for it" Амари Стадемаер - "Математичарот".
* * * * *
Во Орландо никој не знае од каква мистериозна болест боледува Хидо. Само знаат дека работата не е ОК.
* * * * *
Претсезоната почна, а оние од вас на кои од кабловачките им ставија НБА ТВ ќе имаат и шанса да фатат по некоја утакмица. Мене присизонот никад не ми бил посебно интересен, затоа и нема многу да пишувам за него. Само ова - Барњани го имаше своето деби за Торонто и убаци осум поени во победата над Визардси. Покрај тоа, направи и пет фаули за 13 минути. Толку

Monday, October 09, 2006

Пишман комиш, Џош, Батие, Амари и најави
Хммммм...чичко Дејвид Штерн по се изгледа не бил толку глув и почна да ги слуша сите жалби и критики од цела лига за новиот баскет. Работата дојде до таму што е можно и враќање на стариот добар кожен Спалдинг. Момците од Јеј! веќе некое време си прават фотошопови со новиот баскет, а задњиот погодувате, е во врска со пишманењето на чичко Штерн.
* * * * *
После Неш и Финли не верувам дека Кјубан би си дозволил пак да му отиде некој добар играч за некое милионче помалце. Или па не?
* * * * *
Хјустон си го најде решението како да ги убаци и Бозни и Батие у први пет. Тешко му на Јао под кош ако "Бразда на глава" Батие му игра четворка.
* * * * *
Добра вест за Феникс и Амари. Само нека потрае и да не видиме уште една кариера у аут поради операција на коленото.
* * * * *
What a difference a year makes. Омилената песна на Роберт "Вајти" Свифт.
* * * * *
Од утре у М.Спорт ќе почнат да излеуваат најави за новата сезона, а стартував со Атлантик и Нетси. Што се однесува до најавите тука, на МакНБА за нив е одговорен Шеп, али нема да бидат како лани со секој ден по една бааги опширна за секоја екипа. Само фаворитите ќе добијат по цел пост, додека другите ќе бидат у комбинација со најавата на други екипи од својата дивизија. Тоа ја олеснува работата за сите кои требаа (и сакаа) да пишуваат најави за своите екипи. Сега треба само да напишете некои 30-40 реда за својата екипа и да ни ги пратите у мејл.
* * * * *
Светот може да се врати во нормала. Каква Северна Кореа, какви нуклеарки.
Retro (Kuki) Monday x 2

Saturday, October 07, 2006

ЏејлПејсерси
Иако уште имаат чат-пат проблеми со Зеко Рендолф во Портланд солидно се решија од имиџот на Џејлблејзерси и сега имаат повеќе примерни граѓани отколку типови кои кај стигнат закачуваат тужби, носат трава по авиони, мочаат на јавни места, се тепаат меѓу себе итн...Но, друг тим во лигата упорно во последниве две години се труди да го наследи тој Џејл-имиџ, колку и да се труделе нивниот претседател и тренер да го избегнат тоа. Кога лани се решија од Рон-Рон сите мислеа дека завршија проблемите во Индијана и дека сега без глупостите на Артест и со примерниот граѓанин Пеџа ќе почнат да се борат за камбек во финалето. Како сите да заборавија дека во екипата останаа сите други играчи кои беа дел од хаосот во Детроит и кои заедно со Рон претепаа пола публика во Обурн. Да не зборам за тоа дека двата најјаки удари кон навијачи на Детроит беа зададени од други играчи, а не Артест. Освен што го заборавија тоа, како сите да заборавија дека во Пејсерси остана играчот кој ние од МакНБА го викаме Џекес. Истиот тој Џекес, заедно со новите Пејсери Маркиз Дениелс, Снап Хантер како и Џамал Тинсли, решил да посети и фрли некоја илјадарка во локален стриптиз-клуб во Инди, веројатно за да се растеретат од напорниот тренинг-камп, кога ако не знаеле ТИМОВИТЕ СЕ СПРЕМААТ ЗА НОВАТА СЕЗОНА, А НЕ ЛУТААТ ПО БИРТИИ И СТРИПТИЗ ДУПКИ. У таа дупа некој го зачукал Џекес у фаца, а кога излегол надвор и пробал да го згази со кола. Џекес се качил на друг автомобил, го извадил својот пиштол (за кој има дозвола и си го носи стално со себе!?!?!) и почнал да пука во воздух во самоодбрана. За да не остане на тоа, полицијата нашла пиштоли во колите и на Дениелс и Тинсли (нормално, имале дозвола), а во тој на Џамал имало и трава илити Ганџа. А таман сите помисливме дека Лери Бирк и Џим Кери конечно ги држат работите во Инди под конец. Ќе биде интересно да се види нивната реакција на оваа нова глупост на нивните играчи. Еве линк со детален опис на тоа што се случило. Дури има и слика од биртијата у Инди. Детално и вредно за читање. Посебно интересно ако се прочита насловот за текстот за Тинсли напишан непосредно пред дешавката.

Friday, October 06, 2006

NBA Europe Live Tour....и што можеше да биде... + ЕВРО, АМАРИ И ВРБА АПДЕЈТ!!!
За ова нејќев многу да пишувам за да не се излетувам, а и сакав да биде изненадување кога ќе се уклучев да блогам од Келн. Ипак, како што често бива со наши медиуми и спонзори, нема да идам за Келн каде планирав да бидам дел од NBA Europe Live финишот на турнејата со Филаделфија и Феникс против европскиот шампион ЦСКА и Макаби. Можеби и ја циљав малку повисоко со барањето акредитација за местото за кое беше најтешка за добивање и каде плус предност имаат локалните новинари како и оние од соседните земји на Дојчланд и оние кои даваат понекој НБА играч. А со Шеп планиравме да направиме NBA Macedonia маици и да сликаме некој од играчите со нив. Јазк. Ќе има друга шанса, тоа сигурно. За оваа нема потреба више да се зборува. За сите информации за настанот еве ви го линков. Тукa имате се што ве интересира. ПС: Идејата со правење наши маици останува.
* * * * *
Во духот на гостувањата на НБА во Европа на официјалниот сајт се појави галеријава во која има неколку одлични фотки од времето, посебно тие со Дражен, Кукоч и Меџик и Ворти. Баш Кукоч е на задњата слика,а во легендата го пишуваат само како "некој играч на ПОП 84". Интересно. Ипак вреди да се ѕирне. Барса пак стана само третиот тим кој победил НБА екипа на официјална средба, иако треба да се знае дека играле со Филаделфија, која е далеку од НБА тим (мала шала). Момците од Јеј! имаат интересен поглед на таа дешавка. Мене лично ич не ме изненади тој пораз, а ништо чудно до крај да се деси уште нешто слично. Самата воиграност и физичка и психичка подготвеност на НБА тимовите во моментов е далеку зад тие од Европа кои веќе си ги почнаа сезоните и почнаа да фаќаат ритам. НБА фаците дури сега влегуваат у шема и почнуваат да фаќаат баскет во раце.
* * * * *
Малце вон евро-НБА муабетот, момците од ФриДарко си направиле своја Топ 50 листа на играчи на која го нема Дарко?!?!?!?
* * * * *
Феникс пак се тресе околу ситуацијата со колената (а не коленото) на Амари. Ѕверот пак почна да пропушта тренинзи, што секако не е добра вест, посебно откако изјавуваше дека ќе биде на 100% до старт на сезона. Ќе биде тужно да сме пак сведоци како Стадемаер се трансформира во Антонио МекДајс.
* * * * *
За крај морам да го спомнам Врба кого намерно не го спомнував тука, иако еден ден пред да излезе работата по медиуми знаев за неговото пензионирање. И јас како и сите бев шокиран, ама причината за таа негова одлука ми даде надеж дека Врба ќе и се врати на кошарката, затоа што во себе има уште сезона-две квалитетен баскет. За тоа што се се збореше нема потреба да се коментира, посебно не на гадостите кои ги избација некои београдски медиуми. Битното во моментов и задње за Врба е дека има добри шанси да се реши проблемот во негова корист, иако познавајќо го нашиот систем тоа ќе потрае. Уште побитно е што би можел пак да заигра за репрезентација, што ни е од огромна важност за баражот за ЕП следното лето. Па макар и без утакмици скоро година дена.

Thursday, October 05, 2006

Gilbertology
Не е тајна дека Гилберт Аринас ми е еден од најомилените играчи ради тоа што нема влакно на јазик и што никогаш не се фолира и секогаш си го кажува тоа што му лежи на срце, без разлика за последиците. А за Аринас да си остане ко Аринас, тој мора да прави работи кои на никој друг во лигата (освен можеби Рон-Рон) не би му паднал на памет. Така, линков МОРА да се ѕирне. Мора. Да не објаснувам многу, кликајте. Само како најава: Типот го проретчил воздухот во својата куќа за да биде физички поспремен во новата сезона. Ако тоа не ви е доста, еве малку Gilberto-логија.