Saturday, July 30, 2005

И на "црнците" им треба одмор:)...
NBA Macedonia у следниве недела дена ќе одмара. Ако осетите потреба од нас слободно таа потреба задоволете ја со цурава, т.е. Marisa Miller (која иначе не навива за Сакраменто). Море, кога сте више тука, aj, бујрум.

Thursday, July 28, 2005

Имам Лери-нгитис
by Karakash Бла, бла, бла …. Лери Браун во Њујорк (за огромни пари?!?!?!) … бла.. бла … бла, бла … некој е ок со тоа… некој не, бла, бла, бла. …, а некои до толку се заангажирале, што направиле и Head2Head анализа. У меѓувреме New York Post и даље му лиже г'з на Лери (веројатно сакаат да бидат први кои ќе добиваат негови изјави). Уште пред да го напушти Детроит решив да не му посветувам премногу внимание на Лери Браун и неговите "ќе бидам догодина тренер, нема да бидам догодина тренер. Сигурно останувам во Детроит" муабети. Најискрено, од времето кога беше у Филаделфија не ми се свиѓа Лери Браун и тоа не се сменило до ден-денес. Не знам што да кажам за неговиот ангажман во Никси (уствари знам, ама не мислам да се замарам со Лери), но да сум јас на местото на играчите и навивачите на Њујорк би се запрашал дали може да му се верува на некој како Лери. И досега имам пишувано за Лери, така да знаете што мислам за него и ова е задње што мислам да го напишам за Браун, затоа што уствари, I couldn't care less about Lerry.

Wednesday, July 27, 2005

Kemp Footage
1. Kemp over Alonzo 2. Rasheed can not play D 3. Rebound Dunk 4. Typical Kemp Dunk 5. MJ is rejected ('96 finals) - 4 my man Dwr Budr [right click - Save Target As]

Tuesday, July 26, 2005

Шарац во Индијана
Шарунас Јасикевичиус официјално премина во таборот на Лери Бирд и компанија. И тоа за убава сума од 12 милиони за 3 години - што е прилично висока цифра за недрафтуван странец. Но, Јаске, и не е до толку странец, бидејќи играше за колеџот Мериленд од 1994 до 1998, и важи за еден од најдобрите странци во историјата на NCAA. Тоа што ме изненади кај Шарко, е што одби понуда од Кливленд, каде што ќе играше со сонародникот и добриот пријател Ззззззз Илгаускас, Лери Хјуз и со Кинг Џејмс. И ќе беа дефинитивно голем фактор. Шарац се реши сепак за покошаркарската варијанта - Индијана негува тимска игра, Рик Карлајл е тренер од старата школа, и едноставно, Шарац на местото на Тинсли влетува како perfect fit. Плус, Индијана сега е појака од било кога. Прва петорка: Јасикевичиус, Стивен Џекес Џексон, Рон Рон Артест, Џермејн О`Нил, и еден од тројцата центри Херисон/Полард/Фостер. Јас би го играл Фостер. Клупа: Дени Гренџер (се очекува експлозија), Тинсли, Фред Џонс, Остин Кроушир. Уште да го трампаат Џонатан Бендер и ќе ја биде. Инаку, не треба да се занемари дека последните три екипи во Евролигата за кои играше Јаске, стасаа до тронот. Не ми е јасно како само со репрезентацијата на Литванија си дозволи да се лизне против Италија.
A tribute to Shawn Kemp
by Anastas Shepard Енко, што не ти требаше да ме рчкаш за Кемп. Кемп е официјално човекот поради кого прогледав кошарка. Играч поради кој почнав да играм.. човек кој неизмерно го почитував, а и сеуште го почитувам неговиот лик и дело. Иако заврши како што заврши, сепак, Кемп за мене ќе остане посебен лик – херој од раното детство. Што толку ми се допаѓаше кај „Дождовниот човек“ ? (За мене во тој период, поради Љубомир Николовски, беше дождовник, и сега глупо ми е да го прекрстам во владетел – дури и на моите цртежи го цртав со прорјни врнежи во позадина.) Кемп беше еден вид бунтовник. Играч кој отстапуваше од секаква шема, нескротлив и жилав. Со физикус печен за четворка, а подвижен како бекче, моќен како центар. Играч што ако му ја дадеш во рекет, ќе се изгура или ќе направи некој ролинг од типот на Хаким, и ќе ја закуца со авторитет. Или ако му ја дадеш надвор, ќе влезе и ќе ја забие МОЌНО. Или ако му играш агресивно фластер, ќе те излета и ќе се отвори за цепелин. Или на крај краева, фино, скок-шут од полудистанца и лесни два. Знаеше да се избори за офанзивен скок и да ја забие од одбојка. Гинеше и под сопствениот кош, често пати и со стоки поголеми од него. И знаеше да лепне некоја банана, како онаа на Џордан во финалето `96-та. Уф, и знаеше да направи шоу после секој потег. Знаеше.. Едноставно, беше агилен, полн со желба за надигрување, за победа. Зборувам за првите сезони, во Сиетл.. со преминот во Кавси стана сосема друг човек – рамнодушен, со единствена цел – парите. И пропандна. Пропадна од „своја глава“. Еден од ретките случаи кога играч оди кон зајдисонцето, без да доживее катастрофална повреда. Повредата што ја имаше во Кливленд дојде едноставно како капак.. Кемп беше играчиште. Не беше во елитните „носители“ на тимови (дури во Соникси го рачунаа и како втора виолина, после Ракавицата Пејтон), ама беше играч кој секој тим би го посакал. Неговите бројки во кариерата се 14,6 поени и 8,4 скока и реализација од поле скоро 49%. Но, во Сиетл, 6 последователни сезони имаше одлични дабл-дабл бројки и во 5 од нив реализација преку 50% од поле (периодот од 1991 – 1997), а зенитот на неговата кариера беше сезоната 1995-1996, кога Соникси стасаа до финалето и изгубија од машинеријата на Чикаго. Таа сезона Кемп имаше импозантни цифри: 19,6 поени на неверојатни 56,1% од поле, 11,4 скокови, 1,6 банани и сето тоа за само 33 минути по натпревар!!! Имаше и ситна повреда – го истегна левиот глужд, ама прележа само 3 утакмици, и уште три ги почна „од клупа“. Од 79 натпревари, само на 3 постигна помалце од 10 поена, 4 пати пројде преку триесет поени, беше 4 година по ред избран за All Star настап, и тоа во првата петорка на Запад, и два пати беше играч на неделата. Нема да се заборави и неговиот настап на Светското првенство 1994 во Торонто, каде што беше избран во петорката на Првенството а со Dream Team II освои златен медал.
Profile: Позиција – ултимативна четворка. Иако секој натпревар скокаше за топка, сепак четворка е неговата позиција. Во сезоните кога беше свинче го ставаа и центар, ама не му лежи баш. Почетоци: Роден е на 26.11.1969 – сега има 35 години – во Лигата влезе сезоната 1989-1990, избран како 17 на Драфтот директно од средното школо Конкорд. [Инаку Драфтот од 1989 важи како еден од најлошите во историјата, бидејќи таква 1-2 утка се нема видено.. 1. Первис Елисон; 2. Дени Фери; 3. Шон Елиот (се јаде некако); 4. Глен Рајс... 11. Ник Андерсон; 12. Муки Блејлок... 14. Тим Хардавеј... 26. Владе Дивац... 36. Клифорд Робинсон... 40. Дино Раџа – впрочем, како најдобар дебитант беше избран Дејвид Робинсон, кој влезе 2 години порано, ама тие 2 сезони си ги помина во Морнарицата на САД, а во првата руки петорка беа Дивац, Шерман Даглас, Тим Хардавеј и Пух Ричардсон] Физикус: Висок е 2,08 (понизок е, ама ова е мерено со патики) а тежок е 127 кила (сега е ослабнат, околу 110 е) Достигнувања: 5 пати избран на All Star Game, 2 пати избран во втората NBA петорка, избран во првата петорка на Светското Првенство 1994 и златен медал со САД, шампион на Запад со Сиетл во 1996. Преселби: во 1997 во Кливленд, во 2000 во Портланд, во 2002 во Орландо, во Оклахома Сторм во полуаматерската USBL во 2004. Опис на Хупсхајп: Once a star... No longer... Could do some of the dirty work... Conditioning was a big concern.

Monday, July 25, 2005

Here comes the REIGN again?!
by E.Karakash Ви текнува на Шон Кемп, човекот кого сите вие поради лапсусот на нашиот НБА коментатор го нарекувавте "Дождовниот човек", иако тоа немаше никаква врска со неговиот вистински прекар? Мора да ви текнуе. Збориме за типот кој по финалето 1996 год. беше на добар пат да си го осигура своето место меѓу најголемите ѕвезди, типот кој во тоа финале ги засени сите, па на моменти и "Најголемиот". Типот поради кој едно чудо деца почнаа да гледаат НБА и да навиваат за Сиетл. Ма мора да ви текнува на тој Шон Кемп. Не може да не се сетите. Не зборам за "фабриката за бебиња" – Шон, или пак Шон кој пред сезоната 1999 се појави како ѓуле од 155 кила. Не зборам за Шон кој откако беше трампан од Соникси во Кавси веќе никогаш не ги повтори партиите кои пред тоа ги пружаше секоја вечер. Во никој случај не зборам за Шон наркоманот, кој сред сезона се пријави во клиника за лечење од зависности и кој не многу подоцна беше уапсен за поседување ганџа и кокаин. Шон кој од тој момент се изгуби од радарот на сите баскет фанови. Ни самиот Кемп не сака да се сеќава на овој вториот, "лошиот" Шон. Токму затоа тој во својот дом во Хјустон напорно работи на својот НБА камбек. Тоа веќе не е оној округлиот Кемп, туку е вратен на тежината која ја имаше кога играше за Сиетл. Тој си има дадено за задача да го смени начинот на кој повеќето луѓе се сеќаваат на него,, иако самиот вели дека не мора никому да се докажува. "I sit back today, and I look at TV, and I see how they talk about Karl Malone, I see how they talk about Charles Barkley. And I know the look in those guys' eyes when they used to walk out on the court to guard me. To see the fear in those guys' eyes because they knew what they had to deal with" – изјави Кемп минатата недела за Seattle Times. Но, ако можеби ова звучи препотентно. Шон е првиот кој ќе признае дека тој И само тој си е виновен за тоа што му се случи и за дупката во која падна. Токму поради тоа тој сака да покаже дека луѓето, поради неговите глупости имаат погрешна претстава за него, а тоа може најдобро да го направи ако се врати таму каде што беше најдобар – на НБА паркетот. "I'm going to play again. And if I'm going to play again, there's only one way to do it. The right way. On my own" Искрено, едвај чекам.

Sunday, July 24, 2005

ALMOST KINGS
by E.Karakash
"Останавме само ја и ти, Пеџа" По Хидо, Полард, Дивац, Кристи и Вебер, Кингси овој викенд ја загубија и некогашната златна резерва Боби Џексон. А, не толку одамна скоро секој НБА фан сметаше дека Сакраменто го има најталентираниот состав и најдобрата клупа во лигата. Таквите тврдења уште повеќе “држеа вода” по сезоната 2002-03 која Кингси ја завршија со скор 59-23. Но, таа година во плеј-офот тие загубија од Далас во 2.коло, а главната вина за тоа сите ја гледаа во повредата на коленото на Крис Вебер во 2. меч од таа серија. Само една година пред тоа, Big Shot Rob Horry со тројка ги реши Кингси кои беа на чекор до своето прво НБА финале и така им ги скрши срцата на сите нивни навивачи, кои кај нас ги имаше доста, иако тоа ретко беше од некави кошаркарски причини. И кога сите очекуваа сезоната 2003-04 да биде нивна, дојде до распад на системот и тие веќе никогаш не се вратија при врвот на Западот, добро позната приказна за секој тим кој не е способен да го направи оној последен исчекор напред. Сега, од тој тим во Сакраменто останаа само Мајк Биби и Пеџа Стојаковиќ, откако и главниот играч од клупата во тие “скоро златни” години овој викенд беше трампан во Мемфис во размена за Бонзи Велс. Овој потег на Кингси е логичен посебно по заминувањето како слободен играч во Клиперси на Катино Мобли со што се отвори дупка на “двојка” која тешко дека ланскиот руки Кевин Мартин или тазе дебитантот Франциско Гарсија можеа да ја попунат. Боби беше љубител на публиката во Сакраменто, но од освојувањето на наградата за најдобар “шести” 2003 год. тој не изигра ни една целосна сезона. Лани тој се појави на само 25 средби од регуларната сезона и нешто малце заигра во плеј-офот, што го прави овој потег на генералниот менаџер на Кингси Џеф Питри уште пологичен (чија биографија дава малку простор за сомнеж). Еве ги сите трејдови на Питри во неговите седум години во Сакраменто (нормално, без овој последниов): - 1998: Мич Ричмонд за Крис Вебер Одличен потег на заменување на веќе истрошениот Мич со младиот и желен за докажување во нова средина Крис. - 2000: Корлис Вилијамсон за Даг Кристи Кристи беше токму она што им недостасуваше на Кингси кои беа познати по слабата одбрана. Само уште да не мавташе со тоа прстите по секој потег. - 2001: Џејсон Вилијамс за Мајк Биби Питри успеа да ги заебе Гризлиси и да им го убута проблематичниот и нестабилен Вилијамс и у исто време да им го земе Биби, на кој му требаа само неколку месеци да стане нов кормилар на Кингси. - 2003: Хидо Туркоглу и Скот Полард за Бред Милер Со овој потег Питри почна да ја сецка најдобрата клупа во лигата, но тоа беше неопходно за да го добие Бред кој веднаш стана Ол-Стар и го направи Владе потрошна роба. - 2005: Кристи за Катино Мобли Кога му помина времето на Кристи, Питри го прати во Орландо за Мобли кој беше поефтина И помлада опција на “двојка”. Но, тоа што летово тој си замина за Клиперси направи Кингси од овој дил за излезат со празни раце. - 2005: Вебер за Вилијамсон, Брајан Скинер и Кени Томас За ѕвездата во заоѓање со огромен договор и лоши колена, Кингси добија три високи играчи кои можат да бидат од корист и кои се многу полесни за трампање од Крис.

Friday, July 22, 2005

The Blog Authors
Enes Karakash on the left, Anastas Shepard [Offchar] on the right

Wednesday, July 20, 2005

He really loves this game
Најискрено, кога го прогласија Стив Неш за МВП не бев баш сигурен во изборот, не ми беше јасно како Стив можеше да ја добие наградата сега, а Кид не можеше пред 4 години. Но, како што течеше плеј-офот Стиви ме разубедуваше, а круна беше играта против “неговите” Мавси. По тоа не се сомневав во тоа кој е МВП. Но, ако и некогаш сум се сомневал во МВП изборот, тогаш никогаш не сум се сомневал во големината на Неш како човек. Гледајќи го како ужива на теренот, секогаш насмеан, читајќи ги неговите интервјуа сиве овие години, неговиот животен стил многу поблизок до нас Европјаните и љубовта за фудбалот за кој 99% од другите ѕвезди не ни слушнало, го прави Стив уникатна појава на НБА терените. Тоа дека тој е едноставен тип тој го покажа и минатата недела, кога онака минувајќи низ познатиот Њујоршки Хадсон Ривер Парк застана на партија баскет со неколку локални момци. "I didn't even plan to play that day. I just jogged over there to shoot and they were playing, so I played for about a half-hour" – изјави за тоа Стиви. Не верувам дека било која друга НБА ѕвезда би направила такво нешто, а камоли актуелниот МВП. Но, Неш не е типична НБА ѕвезда и тоа најдобро се гледа баш во ваквите негови потези. Во време кога било која друга фаца ќе побарала милиони за да заигра или да се слика со “обични смртници” и тоа ќе го искористела за самопромоција, Неш од чиста мира си одигра партија баскет со момци како нас. Свака част, Стиви. Short brief: When Nash was promoted as last's season MVP, the first impression for me was howcome Kidd wasn't the MVP 4 years ago. But, as the time was passing and Stevie runnin' night after night, I really changed my mind about him being the MVP. I can still doubt Steve's MVPness, but I also can claim him as a big man, the biggest in the NBA today. Nash is probably the only NBA player that is not acting like a movie star off the court, he's just like the ordinary people, he's pretty close as a person to the fans.. These photos are taken in Hudson River Park, NYC. Steve Nash decided to play with the local boys - and he didn't even know them. I didn't think that any NBA star, especially not the Mr. MVP himself, could ever stop on a game with some strangers. I didn't even plan to play that day. I just jogged over there to shoot and they were playing, so I played for about a half-hour - Nash said after the "game". That's the spirit, boy.
Pozdrav do Hulk i Kroacija
Moj Hrvatski je ocajan, zato ce ovaj post biti vrlo kratak. Ovo je oficijalna promocija NBA Hrvatske na nasem blogu, nadam se da cemo saradzivati u buduce. Hrvati, mozda ste izgubili Andriju Boguta, ali ste dobili jos boljeg kosarkasa u malog Aleka Ugrinoskog. PS: Ocekujemo tisucu klikova s vase strane...vezbajte cirilicu. A ja nakon mog prvog hrvatskog posta, vezbacu malo vasu gramatiku :) edited by Karakash :)

Tuesday, July 19, 2005

Stan the man, Стро кај Јао и Ти-Мек, Риф во Нетси, Богут-балканецот, Кливленд добива Маршал

- Иако веруваше дека и следната сезона ќе седи на клупата на Мајами, Стен Ван Ганди не беше 100%сигурен дека тоа навистина ќе се случи. За да се увери му требаа три пол часа колку што траеше неговиот состанок со претседателот на Heat, Пет Рајли кој успеа да го убеди дека целосно верува во него и дека Стен и следната сезона ќе го предводи дуото Шек-Вејд во поход кон тронот на Спарси. Сега сите во Мајами можат да се сконцетрираат кон новиот договор на О’Нил и ангажирањето на солиден плеј, можеби и враќање на Дејмон Џонс, а се спомнува и можен камбек во НБА на некогашниот 2.пик на Чиакго, Џејсон Вилијамс. - Ако е за верување на некои извори, друштво на Јао во рекетот на Хјустон следната сезона ќе му прави Стромајл Свифт, кој наводно се договорил со управата на Рокетси за пет годишна верност за која би требал да инкасира 30 милиони. Сума која можеше да ја добие некаде на друго место за пократкотраен договор. Но, по се изгледа пресуди желбата да игра за конкурентен тим и покрај Ти-Мек и Јао, а овој вториов лично се ангажираше јавувајќи му се неколку пати на Стро. - Веста дека Стро е пред договор со Хјустон значи дека истото се однесува и на Шариф И Нетси кои го бркааат високот крило веќе некое време. Во следните неколку денаРиф би требал да потпише на шест години вредни 38 милиони. Тоа значи дека Њу Џерси добива одлична “четворка” за дупло помалку пари од тие што Кењон Мартин им ги бараше пред година дена. Плус не смее да се заборави дека дел од пиковите кои Нетси ги добија за Кењон ги искористија во трејдот за Картер. Браво, Род Торн. - Сиетл тргна по стапките на Милвоки и го повтори нивниот глуп потег ангажирајќи бивш тренер на Атланта за наследник на Нејт Мекмилан. Нов кормилар на Соникси е Боб Вајс, кој долго беше помошник кај “соничните”. Колку за информација Боб досега тренирал 3 екипи со кои немал некој успех. Е, дури сега Реј Ален може да си ја мава главата во зид. - Андрија Богут покажа дека има балканска крв во него откако успеа да заработи исклучување на средба од летната лига во која Бакси ги победија Пејсерси. Којзнае можеби тоа е последица на фрустрациите, затоа што 1.пик втора средба по ред никако да заигра како што му личи. Имено, за 26 мин. игра Богут погодил само 1-7 обиди од поле за шест поени на кои додал и четири фаули. - У овие неколку дена ново другарче на Леброн ќе стане ветеранот Донјел Маршал, кој ги одби понудите на Нетси, Хјустон, Чикаго и Мајами. Сега засега нема повише информации за договорот кој Дони ќе го потпише со Кавси, но сигурно е дека тој нема да биде поголем од 4-5 милиони годишно. Маршал би требал да биде солидна опција посебно кога ќе го удвојуваат Ззззз во рекетот.
Чао Лери. Флип, на тебе је ред

Да, да...овој у сред е Лери Браун како младич, но кои се овие околу него, а? -кој погоди частам пиво:) Заврши љубовта меѓу Лери Браун и Детроит. Оваа вест и не ми е некое изненадување ако се земе во предвид дека разни гласини уште за време на плеј-офот го поврзуваа Лери со претседателското место во Кливленд, за да по разигрувањето самиот Браун признае дека здравјето може да го спречи да седи на клупата на Пистонси и догодина. Тука беше и константната шпекулација дека искусниот тренер ќе биде нов кормилар на Никси. Поради тоа што има уште три години од договорот со Детроит, Лери најверојатно нема да биде тренер никаде следнава сезона, а доколку Њујорк е толку очаен за неговите услуги тогаш Ајзеа ќе мора да седне и да се договори со својот поранешен соиграч и десна рака на теренот, Џо Думарс. Како што сега стојат работите, денеска (19.07.) Пистонси и официјално би требале да објават дека Браун веќе не им е тренер, а недолго потоа и дека негов наследник е Флип Сандерс. Уште сега некои фаци окилу тимот се сомневаат дека играчите ќе реагираат позитивно на Флип и сметаат дека ќе има огромен притисок врз Сандерс да го повтори успехот на Браун. Но, работите би требале да се развијат сосема спротивно, зашто не гледам причина “клиповите” следната сезона да не бидат еден од најмотивираните тимови во лигата, особено затоа што најголеми заслуги за нивната ланска титула му се даваа баш на Лери.

Monday, July 18, 2005

Још мало па нестало
by Enes Karakash Уште пред да смеат официјално да ги задржуваат своите слободни играчи како и да потпишуваат нови играчи, голем број НБА клубови веќе се договори или со своите ѕвезди или со играчи кои беа слободни во изборот на својата средина (unrestricted). Така Реј Ален си остана во Сиетл, Мајкл Ред во Милвоки, Зззззз Илгаускас во Кливленд каде ќе му се приклучи Лери Хјуз кој ги откачи Визардси само за да заигра покрај Леброн. Нови тимови си најдоа и ланскиот MIP, Боби Симонс, а како негова замена во Клиперси влета Катино Мобли. Ајзеа Томас конечно си најде центар, кој на општо изнеадување не е преплатен (барем не многу) во Џером Џејмс, а Фил Џексон ќе проба да направи човек од некогашниот 1.пик Квами Браун кој Лејкерси го добија за Карон Батлер и Чаки Еткинс. Но, и покрај сиве овие потписи останаа еден куп солидни играчи кои би можеле да помогнат на доста тимови кои сакаат да го направат пресудниот исчекор нанапред. Ова е најдоброто што остана на пазарот: --------------------------------------------------------------------------------------------------------- Шариф Абдур-Рахим За него најзагреани се Нетси, но ако неговата преселба во “мочуриштето” изгледаше како готова работа пред две недели, работите не се така розови за Кид, Картер и комп. сега. Главниот проблем го прават Блејзерси кои иако Риф е слободен сакаат да направат потпис-трејд за што би добиле нешто за возврат. А пошто Нетси немаат што да им понудат (се збори дека Портланд го бара младиот центар Миле Илич кого Нетси го избраа на задњиов драфт) во игра влегоа еден куп други тимови кои во свои редови би сакале класа “четворка”. Така сега како можни дестинации на Риф се спомнуваат Сакраменто, Орландо, Кливленд, Мајами и Чикаго. Џо Џонсон Иако до пред само недела дена се чинеше дека Феникс нема шанси да го пушти Џо да ја напушти Аризона и дека ше ја изедначи секоја понуда до нивниот ограничен слободен играч, откако стана јавно познато дека Атланта му понудила петгодишен договор вреден цели 70 мил. работите у Феникс некако се стишаа. Се збори дека понудата на Санси е максимални 60 мил., што секако дека не му се свиѓа на Џо. Да е до генералниот менаџер на Феникс, Коланџело тие уште сега би го задржале својот бек, но новиот газда на клубот не сака баш да се расфрла со пари и да плаќа данок на луксуз. Посебно затоа што Неш веќе има дебел договор, а следното лето ќе мора да му понуди максимум на Амаре. Еди Кари Уште еден играч кој лесно би можел да се пресели во Атланта, која го импресионирала при неговата посета минатата недела. И да го потпиешат Џо за 70 мил. на Хоукси им остануваат некои 12мил. годишно кои секако се доста за Кари (плус уште еден евтин ветеран). Главна загатка е проблемот со срцето поради кој Еди го пропушти задњиов плеј-оф поради кој може да му падне цената и поради кој Чикаго може да се одлучи да не ја изедначи понудата на Атланта. Ја лично не би сакал Хоукси да фрлаат пари на Еди, но…
Ентоан Вокер Со секој нов ден станува се појасно дека Бостон не го сака Вокер во тимот за следната сезона. Тоан можеби лани им помогна на Селтикси да се пласираат во плеј-офот, но неговото неконтролирано шутирање трици, како и тоа дека не е некое позитивно влијание врз младите играчи не го прав ат омилен у Бостон. Но, затоа тука се Сакраменто, Сиетл, донекаде Индијана и увек кога станува збор за Вокер – Њујорк. Стромајл Свифт,Тајсон Чендлер,Семјуел Далембер Тајсон и Стро одат заедно затоа што и двајцата се сличен тип на играчи, кои во лигата влегоа како големи потенцијали на “четворка” и “петка”, но кои покажаа дека освен некои 12-13 поени и 9-10 скокови у просек (и понекое лудо закуцавање) не можат да постигнат нешто повеќе. Чикаго планира да го задржи Чендлер, но ако се деси да ги напушти Булси тоа ќе биде еден тим меѓу Атланта, Сиетл и со помали шанси Далас и Минесота. И за Стро се загреани Соникси и Хоукси, плус Нетси и Кавси. И Семи според потенцијалот се вклопува со овие двајца само што тој во лигата влезе како анонимус.Истите тимови кои се загреани за Стро и Чендлер го сакаат и Семи, но неговите Сиксерси упорно изјавуваат дека ќе направат се да го задржат.
Дејмон Стадемаер, Ерл Вотсон, Антонио Дениелс Трио плејмејкери со слични карактеристики. Малку подзаборавениот Дејмон е слободен во изборот на нов клуб, а повеќе клуба меѓу кои Орландо, Кливленд и Мајами би сакале за мали пари да го видат кај себе. Вотсон и Дениелс во моментов се побарани од “Мајти Маус”, исто така Мајами се спомнува како кандидат за нивен ангажман, а тука е исто така Кливленд. За Ерл сериозен интерес покажаа и Хоукси, додека ништо чудно Дениелс да отиде по Мекмилан во Портланд. Владимир Радманович Влад си ставил во глава дека мора да биде стартер и да има гарантирана минутажа, што би можел да биде проблем за негов премин во друг клуб. Сиетл кој веќе ги загуби Џејмс, Дениелс и тренерот Мекмилан по се изгледа ќе направи се за да го задржи Србинот, за кого владееше поголем интерес додека не почна да се занесува со своите барања.

Sunday, July 17, 2005

Ron-Ron is back

Познато е дека летните лиги се резервирани за дебитанти, недрафтувани играчи и ветерани кои во потрага по својата НБА шанса го прошетале целиот свет. Но, една фаца во тимот на Индијана кој настапува на летната лига во Минеаполис не се вклопува во гореспоменатите типчиња. Тој е Ол-Стар и НБА дефанзивец на годината за 2004 год., тој е Рон Артест. Пред два дена за првпат по скоро осум месеци Рон пак се најде во својот омилен дрес и на своето омилено место – паркетот. Уопштен не е битно тоа што Пејсерси изгубија од Хјустон, а еднакво не е битна ни статистиката на Рон-Рон од 23 поени, четири ук.топки и четири скокови за 35 минути игра. Битно е што Артест е повторно таму каде што припаѓа, што најдобро го покажа еден навивач кој пред самиот почеток на мечот од летната лига извика на цел глас “We missed you Ron!” Оваа средба, како и целава летна лига има големо значење за самиот Рон-Рон затоа што тука и сега тој планира да покаже дека паузата од 73 средби плус плеј-офот го направила позрел. Важноста на овој меч ја потврди и присуството на сите важни фаци на Индијана, од Лери Бирд, до газдата Дони Волш и нормално, тренерот Рик Карлајл. "I'm not trying to redo my image and I'm not trying to please anybody, I'm here to continue what I have to do; just be myself. I'm not trying to do any Cheerios commercials or Coca-Cola commercials. I want to do a commercial in the 'hood.' " – рече Артест. Гледајќи го како се однесуваше овие осум месеци сите во Индијана, како и еден голем број НБА фанови ширум светот, се надеваат дека “Рон-Рон повторно напаѓа” е наслов кој веќе никогаш нема да го прочитаат.

Friday, July 15, 2005

Бура во Мајами?
Ова некако го очекував, очекував типот кој трошеше по кило брилијантин, секогаш носеше ново Армани одело и живееше да биде пред камерите, да посака да се врати во центарот на вниманието. Да се разбереме, Пет Рајли нема да го замени Рон Џереми на клупата на Мајами, барем не за сега (надеж на Стен му дава тоа што први кои ја пробија оваа вест беа новинарите од ESPN, кои се ретко точни за вакви работи). Но, самата идеја за враќање на Пет може да ја заниша позицијата на Стен како меѓу играчите така и меѓу медиумите. Ако стварно не се враќа, најпаметно што Пет може да направи е уште сега да изрази целосна доверба во Ван Ганди, но тоа некако го нема деновиве. Не ме изненадува доколку Рајли стварно посака канцеларијата на Heat да ја замени со нивната клупа. Кој не би посакал да го води тим во кој го има шек, а покрај него и феноменален млад играч како Вејд? Нормално, во таква ситуација притисокот врз Пет би бил огромен и се освен титула би бил неуспех. Башка, и самиот Пет уште од заминувањето од Лејкерси пред цели 14 години се обидува да докаже дека може и со друг тим да освои нешто, а Мајами сега би бил одлична можност. Но, не смее да се заборави што се направи Стен за Мајами откако самиот Пет му го отстапи местото пред самиот почеток на сезоната 2003-04. Иако таа сезона Heat ја почнаа лошо (0-7), тој ги дигна на нозе Одом, Батлер и рукито Вејд и на крај не само што ги однесе у плеј-оф, туку и благодарение на шутот за победа на Двејн преку Берон и болницата која владееше меѓу Хорнетси стигнаа до 2.коло. За ланската сезона нема што многу да се збори, откако го освоија 1.место на Истокот само повредата на Вејд ги спречи да играа со Спарси у големото финале, а што ќе се десеше таму не знае никој. Знам дека работите кои се случуваат во професионалниот спорт се ретко фер, но не би било фер спрема Рон Џереми да добие отказ по две одлични сезони само поради големото его на неговиот шеф. Но, така беше и со Рик Карлајл пред две години во Детроит, кого и покрај двете сезони по ред со по 50 победи на изненадување на сите Џо Думарс го замени со поискусниот Лери Браун. Но, тоа се покажа како прав потег и Лери стана шампион со Пистонси. Дали истово се повторува во Мајами?
Доста беше, Владе
Толку од Владе...више нема да го гледаме како се влечка по НБА терените (редно време беше да се откаже). За goodbye американските новинари од Fox му направија постер...
Иако Владиатор дури сега го официјалираше пензионирањето, тој веќе две години е пензионер, а оние кои се постари од мене ми кажаа дека човекот уствари отсекогаш бил пензионер и падавичар. А ми текнува кога 1989 год. тој заедно со Дражен и Паспаљ станаа првите Југословени кои ја преминаа "големата бара" и тргнаа да се докажуваат во таму некоја НБА. На почетокот баш Дивац беше тој на кој му се поклопија коцките и кој имаше среќа да слета меѓу Лејкерси кои тогаш губеа од сјајот и само што им се повлече Карим. Единствена конкуренција на Владе беше Мајкл Томпсон кој беше далеку од добар центар и така Владе по сезона и пол учење од клупа стана дел од првите пет на Лејкерси од кои не излезе се до 1996 год. и трампата со Хорнетси кои за Дивац се откажаа од 13.пик (мислам) со кој го избраа, пазете сега - Коби Брајант! Владе беше солиден у Шарлот, кој тогаш имаше еден од подобрите тимови на Истокот, следеше преселба во Сакто каде му беше најубаво (и каде за своите одлични глумечки способности можеше слободно да си добие Оскар) и на крај, минатото лето, емотивен камбек на местото каде се започна, иако грбот не му даде барем асално да се прости од НБА. Но, сигурно не му е тешко, и така догодина со уживање ќе си ги зима 5.4 милиончиња кои ќе му ги плаќаат Лејкерси. Еее, колку се тоа жилети, човече.

Thursday, July 14, 2005

Лејкерси го добија 1.пик, Ајзеа - центар, а Клиперси - Катино

"Too good to be true? My ass" Според повеќе извори, нова “четворка” на Лејкерси догодина ќе биде Квами Браун. За Браун тимот од Ел-Еј би требал да се откаже од Керон Батлер и еден од Девин Џорџ и Чаки Еткинс, Што значи ова за двете страни? Од една страна многу ми е јасно зашто Вашингтон се одлучува на ваков потег. По ненадејното заминување на Лери Хјуз во Кавси, Визардси мораа да го сменат планот за ова лето и наместо високо крило да бркаат двојка-тројка, планови во кои Батлер би требал солидно да се вклопи и колку-толку да ја закрпи дупката настаната по бегството на Хјуз. Е сеа, од друга страна нешто не ми е јасен потегов на Лејкерси. Тачно дека немаат играчи под кош (Слава, Грент, Владиатор, Бајнам да ги споиш нема да добиеш асален играч), ама трампа за типот кој 2001 беше прв пик и кого единствено Дарко Миличиќ му е конкуренција за најголема драфт-утка последниве пет години, не знам баш. Но, ако некој знае да му дотера памет на било кој играч тоа е Фил Џексон. Така беше со еден куп играчи кои беа дел од неговите тимови, па зашто да не биде и со Браун, кој не е познат по зрело понашање и кој лани не беше дел од плеј-оф ростерот на Визардси откако во 1.коло се побуни за малата минутажа. Којзнае, можеби баш у Лејкерси Квами ќе го покаже она што пред четири години во него го виде Мајкл (а, можеби у последен момент некој ќе се предомисли и нема да има ништо од дилов). Иако мислам дека боље ќе му беше у родната му Џорџија (Атланта). Еве ви го драфтот 2001 па видете дали Визардси можеа боље да поминат: Round 1 1 Wizards Kwame Brown 2 Clippers Tyson Chandler 3 Hawks Pau Gasol 4 Bulls Eddy Curry 5 Warriors Jason Richardson 6 Grizzlies Shane Battier 7 Nets Eddie Griffin 8 Cavaliers DeSagana Diop 9 Pistons Rodney White 10 Celtics Joe Johnson 11 Celtics(From Nuggets) Kedrick Brown 12 SuperSonics Vladimir Radmanovic 13 Rockets Richard Jefferson Traded to Nets 14 Warriors(From Pacers) Troy Murphy 15 Magic Steven Hunter 16 Hornets Kirk Haston 17 Raptors Michael Bradley 18 Rockets(From Knicks via Suns and Magic) Jason Collins 19 Trail Blazers Zach Randolph 20 Cavaliers(From Heat) Brendan Haywood 21 Celtics(From Suns) Joseph Forte 22 Magic(From Bucks via Rockets) Jeryl Sasser 23 Rockets(From Mavericks via Magic) Brandon Armstrong 24 Jazz Raul Lopez 25 Kings Gerald Wallace 26 76ers Samuel Dalembert 27 Grizzlies(From Lakers via Knicks) Jamaal Tinsley 28 Spurs Tony Parker 29 Timberwolves Forfeited* ------------------------------------------------------------------------------------ - Ајзеа конечно си најде центар. Покрај овој веројатен дил, веќе готова работа е преминот на Џером Џејмс од Сиетл во Њујорк како слободен играч. Потврдена е сумата од 29 милиони, но не се знае дали за 4 или 5 години. По Мекмилан, Џејмс е следниот кој ги напушта Соникси и кој профитира од нивната ланска изненадувачка сезона. Со ова тој автоматски станува нивен единствен поискусен центар и сигурен стартер. По ова, и заминувањето на Мекмилан во Портланд, Реј Ален веројатно си мава глава у ѕид што избрзал со прифаќањето на понудата на Сиетл. ------------------------------------------------------------------------------------ - Клиперси по некое чудо летово може и да имаат среќа. Откако ги напушти Боби Симонс, неговото место би требал да го заземе, за Клипси нетипично, подобар играч од Боби, а тоа е Катино Мобли, кој по ланските авантури у Орландо и Сакраменто би требал да се скраси у Ел-Еј.

Wednesday, July 13, 2005

Глупача

"Ја ипак би ја оваа лево" На барање на колегата блогер Комуналец еве ви фотка од девојчето кое пред две години (кога поминаа) за малку ќе му ја уништеше кариерата на Коби. Знам што си мислите, "мора да е оваа лево", ама не е, него оваа до неа. Е, дури сега не ми се верува дека Коби силувал.

Monday, July 11, 2005

REALITY BITES
By Enes Karakash
"What now?" „If your talking about scoring 30-35 points a night, i could do that for you. Now, if your talking about winning rings on my own? I can't do that for for you. Who can? Nobody has...If your talking about rings, nah, i won't even touch that. I need the Big Fella“ – Kobe Bryant, октомври 2002. Пред некој ден, листајќи низ еден од последните броеви на SLAM, налетав на оваа изјава на Коби, која и немаше да ме изненади толку да на крајот не го видов датумот кога ова излегло од негова уста - пред стартот на сезоната 2002-03. Период во кој Лејкерси беа тазе закитени со третиот по ред Лери О'Браен трофеј. Читајки ги овие зборови сега некако ме тера да си помислам дека самиот Коби уште тогаш, а и минатото лето бил свесен дека без Најдоминантниот не може ни да ја помириса титулата. Мора да бил свесен, зашто ако не бил и лани стварно мислел дека сам може да застане на тронот, тогаш тој е осамен во својата препотентност. Особено по минатата сезона во која тој имаше одлични бројки кои не им значеа апсолутно ништо на Лејкерси. Мора да знаел, мислам, прочитајте ја повторно неговата изјава. Само знаејќи дека се му е дозволено во LA land, тој свесен дека е невозможно да направи ништо без Дизелот, си го тераше ќејфот. Што сега, особено по камбекот на клупата на Фил со кого исто така Коби не се слагаше најдобро. Дали минатата сезона беше доволна конечно да созрее или пак ке тера по свое. Мислам дека Коби е доволно паметен да сфати каде згрешил и да почне да го слуша Зенот. Или пак ке си го слуша гласчето во главата, гласчето кое замалку тотално не ги уништи Лејкерси (и неговиот имиџ). Што сега Коби?

Saturday, July 09, 2005

Каде бе Боби?

Трендот со потпишувањето играчи кои не му се потребни на клубот, кој го започна Кливленд со Лери Хјуз, го продолжи Милвоки со ангажманот на Боби Симонс. Според првичните информации Боби ќе потпиеше на пет години вредни 47 милиони долари. Мене лично апсолутно не ми е јасен овој потег на Бакси, кои после Ред продолжија да се расфрлаат со пари како газда да им е Марк Кјубан, а не скржавецот Херб Кол. Ипак, мене понејасен ми е изборот на Боби, кој овие пари можеше да ги добие и од друг клуб, а можеше и да си остане во Клиперси кои лани конечно му дадоа шанса да покаже што знае. Најважно е тоа што како ми личи, Боби во Бакси би требал да ја има улогата на шести човек, што е чекор назад од ланската стартна “двојка” во Клиперси. Е сеа, ОК, тачно дека Клиперси си се Клиперси, ама и кај нив газдата почна да дава знаци на живот и почна да задржува играчи (Магети, Бренд) па и нивната иднина не изгледа толку лошо (ај и тоа го кажав:). Малку лојалност од Боби не ќе беше на одмет зш да не беа Клипси тој уште ше си ја бараше шансата низ НБА. Каде со тој памет бе Боби!?

Friday, July 08, 2005

Леброн доби другарче

Ха-Ха, ако му е за верување на менаџерот на Лери Хјуз, неговиот клиент од следната сезона веќе нема да го носи дресот на Вашингтон туку ќе се пресели во – Кливленд. Се претпоставува дека станува збор за петгодишен договор вреден меѓу 65-70 милиони доларчиња, што е нешто повеќе од 65 мил. за шест год. кои му ги понудија Визардси. Да почнеме од Кавси и како ова влијае на нив. Она “Ха-Ха” горе е затоа што откако не успеаа да дојдат до играчите кои стварно им требаа (Ред, Ален), Кавси се задоволија со Хјуз кој е далеку од она што им треба, а тоа е квалитетн шутер за три. Не дека Лери нема да се вклопи во Кливленд, тој е сепак универзалец, одличен додавач за “двојка” и лански најдобар крадец на топки, но тие веќе имаат еден таков играч во ЛЕБРОН. Кавси сега ќе се свртат кон задржувањето на Зззззз, а се збори дека се ептен загреани и за неговиот земљак Шшшшш. Мислам, се ова е фино, но покрај шутот однадвор на Кливленд најголем проблем е немањето плеј, а тоа не го решија со потписот на Хјуз, по кој ќе немаат пари за квалитетен “кец”. Можеби мислат дека Леброн еден ден ќе се разбуди и ќе посака да биде Меџик, кој знае. Што се тиче Ваш. тука последиците се доста поголеми, затоа што Лери беше клучен дел од големото трио Аренас, Хјуз, Џејмисон. Сега тие наместо барањето добра “четворка” ќе мора парите да ги трошат на бек-шутер, какви што нема више многу квалитетни на пазарот (мобли, Симонс и Спривел) . За да се средат ќе мора да најдат партнер за потпис-трејд во кој би се откачиле од Квами Браун, но не знам кој би се откажал од добра “двојка” за пилиштарот Браун. Опција останува Џо Џонсон, но најавите од Феникс велат дека Санси се спремни да ја изедначат секоја понуда за нивниот ограничен слободен играч. Како поголем играч за Џо се збори дека се моите Хоукси кои спремаат макси понуда за него. Доколку дојде до тоа прашање е колку Феникс ќе биде спремен да го одврзе ќесето, зашто треба да мисли на новиот договор на Амаре (сигурно макси.) кој ќе треба да го потпиешат догодина. Хеј Џо, те молам, дојди во Атланта.
Не Милвоки, не!

by E.Karakash Таман кога си помислив дека Милвоки со драфтувањето на Андрија Богут и задржувањето на првата ѕвезда Мајкл Ред ги удрил темелите на тим кој можеби во иднина ќе се бори за врвот на Истокот го читам ова “Bucks name Stotts coach”, say what!?!? Не ми се верува, стварно не ми се верува дека генералниот менаџер на Бакси, Лери Херис би направил ваква глупост. Сега на сите во Милвоки им останува да се надеваат дека ова е само новинарска “гуска”, зашто ако ова е вистина тогаш црно им се пише на сите навивачи на “елените”. Еве како јас го паметам Тери Стотс. Тој во сезона и пол во Атланта покажа дека е нула од тренер. Кога сите веруваа (барем јас верував) дека е време Хоукси да се разбудат и да се вратат на местото каде си беа во времето на Доминик, Стотс со својата “стручност” им го зададе финалниот удар на Хоукси. Она што најмногу боли е што тој си фураше некој свој филм и кога беше јасно дека Атланта немаше шанси за плеј-оф, па така “јастребите” победија на понекоја отпад средба на која мораа да изгубат и така го немаа најслабиот скор во лигата што директно значеше губење на шансите да бираат први на драфт и да го изберат домашното момче Двајт Хауард или пак Емека Окафор, кои сигурно ќе ја попунеа дупката во рекетот за следните десет години. Нееее, Тери не “играше” така и затоа стана омразена фигура кај секој навивач на Атланта. …Нормално, може и да грешам и Тери пријатно да не изненади, но тоа ми е некако веројатно како ние да ја окупираме Кина (или јас да ја легнам Хајди Клум:). (Јас на ова гледам како на финта Бакси да го натераа Флип Сандерс што е можно побрзо да потпише со нив. Не е ваљда дека до толку се глупи во Милвоки па Тери Портер да го заменат со имењакот му Стотс).

Thursday, July 07, 2005

Big Bucks 4 Redd, Нејт тргнува по нова "патека"

1.Леброн Џејмс не успеа да го намами Мајкл Ред во Кливленд, откако Ол-Стар бекот изјави дека и во следните шест години ќе остане во Милвоки за неверојатна сума која се движи меѓу 90-96 милиони. Мислам, Ред е одличен играч, ама 90 милиони!?!?!?! 2.Ако имаа среќа со Реј, Соникси ја немаа истата во обидот да го задржат тренерот Нејт Мекмилан кој од следната сезона ќе го води Портланд. Се шпекулира дека Блејзерси му понудиле дупло повеќе од Соникси т.е. 8 милиочиња. Инаку, Нејт целата своја 12 год. играчка кариера ја мина во Сиетл, а лани како нивни тренер направи едно од најпријатните изненадувања освојувајќи ја Пацифик дивизијата, иако повеќемина не очекуваа од нив да бидат дел од разигрувањето.
It's more than a Game
by Anastas Vangeli малку се обидувам на енглески.. ај ваљда ќе искочи ова на хупсвајб.. не сум белким до таа мера дрво This is pretty unusual story about the whole NBA culture in a small country, far away from the States, but where the fans are as enthusiastic as every fan on the planet. Even more.. (note: The Republic of Macedonia is a small country in southeast Europe, and hasn’t produced NBA player yet – Pece Naumoski was close to signing with the Suns, and Pero Antic and Predrag Samardziski witdrew from the last few drafts)

The NBA is more than National BA. It’s an International one. An not just the players, but the people who watch it, love it, live for it.

I don’t want to sound like a racist, but my first impression of the NBA were the African Americans. I have never seen so many black people in one place before the Finals 1994. It was really strange to me because the only blacks I have seen, were the soldiers from UN troops, who tried to keep the Balkan situation under control in the 1990’s.

But the game they were playing – that was not basketball. That was pure art.

I have never seen an excitement like that. I was a kid, knew nothing more than wars, crisis, marbles and bagging for coins for video games. But one day, I saw the “greens” on the court, jumping around like fools, and it was fantastic display of atleticism, talent and showmanship. My dad then switched the channel to watch some news about the war in Bosnia.. but the impression of those “greens” remained.

A year after that, I was already seven, and I learned that the “greens” were the Sonics, and that the most leathal fool who jumped round the court was Shawn Kemp, known as the Reignman. But here in Macedonia, there was a misunderstanding and everybody called him the RAINman. That’s why in my drowings from those days there is a human-like creature, hanging on a rim, in the middle of a heavy rain, storm, thunders, clouds and sometimes he carried an umbrella.

Man, those years were about a fever spreading through the youth. I think, that in the period from 1994 to 1996, in my neighbourhood, everybody started watching NBA, including girls, mature people and even my grandma. She adored Hakeem Olajuwon because she once heard that he had a degree from college. I tried to explain her that almost every one of the players had a degree from college, but she remained a Hakeem fan.

All the playgrounds became basketball courts, and buying an orange ball was the priority for every one of us. Many basketball clubs appeared and many kids tried to start a career. I was among them, but my career had ended last year due to a terrible ankle injury.

But, that’s another story. Let me get back on the main one.

I remember, there were some treditions about the basketball. The Friday night was reserved for watching the NBA Action, and those who had VCRs were recording the top 10 plays on the week. Then, the whole “gang” of young ballers visited the guy who had the tape, and after watching it for a few times, the night was spent in dunking and making exibitions on an improvised basket a door or wall or a tree outside.

The Sunday was a “game-day”. In the afternoon, there was a game on TV, usually a redifusion. It was an obligation to know the players, facts and even the boxscore by heart. There were fights about the field goal percentage, wheather Anthony Peeler had 30% or 40% from the trey, although nobody knew what the hell percentage is.

And the poster-mania was a kind of phenomenon. Many magazines appeared, and they were pretty expensive. But, having Kemp on my wall was a must, and one day, I decided to give all my good-marks-prize money for just one magazine. I was the happiest kid on the planet. Kemp was RAINing in my room!

You can see that NBA meant more than a game for sure. Crying in the ’96 finals and a sudden change of heart when Shaq goes West and a Jordan-compared player joins him in the Lakers...

In the years after, we became more involved in the NBA. There were more games on TV, and for the live games, we had to go to bed in 7, to get up in 3, and then go to school in 7 am. Sick!

Nowadays, the web and the cable TV provide us a whole new aspect of being into the NBA. But the feeling is the same. Watching a game in 4 am, watching all those recorded games.. I love it for real.

Wednesday, July 06, 2005

Хори + Руморс

- Толку од муабетот дека Хори би можел пак да заигра покрај Шек. Биг Шот Боб одлучи да игра на сигурно договорајќи се со управата на шампионот и во следните три години да остане во Сан Антонио. Ах, да освои Мајами титула догодина па да му го видам суратот. - Свесни дека имаат кратер на позицијата центар моите Хоукси ја започнаа потрагата по квалитетна “петка”, а таа потрага ги однесе до Ззззззз Илгаускас. Како втора опција, доколку не го потпишат Ззззз се спомнува потпис-трејд со Чикаго во кој местата ќе си ги сменат Ал Харингтон и Еди Кари. Трета опција е Стро Свифт од Мемфис. Кога сме кај Стро, покрај Атланта за него се заинтересирани и Хјустон, Сиксерси и Њујорк. Некако ми личи дека Кари ќе заврши у Атланта, ќе потпише дебел дог. и пак ќе му проработи проблемот со срцето. Тоа би било баш типично за Хоукси. - Нетси јавно изјавија дека нивна главна цел ова лето е потписот на Шариф и со таа цел уште оваа недела Кид и Џеј-Зи ќе се сретнат со него. Но, иако и самиот би сакал да заигра за Њу Џерси, Риф ја држи вратата отворена и планира да направи муабет и со Спарси, Мајами, Вашингтон и Сакраменто. Кај и да отиде ќе заврши голема работа. - Денвер кој е очаен по добра “двојка” тој проблем сака да го реши со Катино Мобли, а за него Кингси би сакале да го добијат бразилскиот разбијач Нене.

Tuesday, July 05, 2005

PAYDAY, RAY

Реј Ален останува во Сиетл! Егото, а богами и здравиот разум победи и како што се очекуваше Реј потпиеша нов договор со Соникси кој во Сиетл ќе го задржи во следниве пет години за кои Ол-Старот у џеб ќе стави цели 85 милиончиња, од кои 80 се чисто од плати, а уште 5 се во бонуси. Пошто сега не смеат да го потпишат, Соникси и Реј ќе чекаат до 22 јули кога ќе го стави потписот на новиот дил. Оваа вест значи многу за сите во Сиетл, не само затоа што си го задржаа најдобриот играч туку и им дава адут во борбата да го задржат тренерот Нејт Мекмилан, кој изјави дека не би сакал да се врати доколку Ален и останатите слободни играчи не бидат задржани.
Redd 'n Bron teamin' up?!
Хори и Big Fella пак заедно, Шшшшшшш во Индијана, Reef во Нетси?
Еве што мене ми фати око овие неколку дена: Знам дека секој NBA муабет деновиве на буквално секој сајт се врти околу ѕвездите како Ален, Зззззз, Ред итд. кои се слободни во изборот на својот нов (стар) клуб, но да бидам искрен, мене никогаш посебно не ми било интересно да слушам “рекла-казала” муабети, овој ќе одел ваму, оној таму, па менаџерот кажал ова, на играчот не му се свиѓала храната у тој град, женските биле ружни итд. глупости. Најмногу ме нервира што целата галама се дига околу двајца-тројца играчи, а се забораваат оние “епизодистите” кои се баш клучот за успехот. Big Shot Rob
Така, скоро никаде не сретнав збор за можноста Роберт Хори да се пресели на Флорида кај својот многу добар пријател Шек. Иначе, по својата освоена шестта титула Хори ја искористи можноста да го раскине договорот со Сан Антонио, така да сега е слободен играч. На Мајами одлично би му дошле clutch квалитетите на 34-годишниот Боб чија тројка у Game 5 на годинешново Финале практично им ја донесе титулта на Спарси. "He loves Miami and he loves the Big Fella.We'll see what happens." – изјави пред некој ден менаџерот на Хори. И личи на Вил Смит. (мојот офчарска маленкост мораше да го спомне ова!) Јавна тајна е дека Хори пак би сакал да заигра покрај Дизелот, кој го викаше на Флорида и минатото лето и ако двете страни се договорат не се чудете ако Боб за првпат во својата кариера се пресели на Исток. Па сепак на Запад ги освои сите 6. титули, време е за промена. Шарас
Веројатно на постарите од вас ви текнува кога Шарунас Јасикевичиус играше за колеџот Мериленд и кога по завршувањето на НЦАА кариерата ниту еден НБА клуб ниту го драфтуваше, ниту го покани на тренинг-камп. Е па, тркалото и тоа како се сврте изминативе неколку години во кои Литванецот стана најбарана роба во Европа. До лани тој не беше баш загреан да се проба у најсилната лига, но според некои извори и некои негови изјави по се изгледа летово би можел да прелета преку “барата” и да слета во…Индијана? Се зборува дека Larry Bird е заљубен во играта на Шарунас и многу би сакал да го види во Пејсерси кои и онака се тенки на “кец”. "I think he's the best player in Europe.He's one of the best competitors I've ever seen” -рече Bird за Литванецот. Но, Bird нема да биде осамен во трката по Шшшш:), за кого се вели дега се загреани и Портланд, Далас, Јута, Бостон и Кливленд. "My general direction this summer is the NBA, and if I'll get an offer from a strong team, with a shot at the NBA title and the possibility for me to play meaningful minutes, I'll sign there.I know that nobody will guarantee me any playing time, but if I'll be good and prove myself, I'll play" – изјави минатата недела Јасикевичиус. Можеби баш Пејсерси се тој силен тим, кој со него би бил конкурент за титула. Не гледам зашто не би било така. Reef Некако сум убеден дека од следната сезона Shareef ке игра за Нетси, не знам, дури и пред да го трампаат за Атл. Нешто ми кажуваше дека некад ќе завршИ таму. Така и сега, нов клуб на Абдур-Рахим ќе биде Њу Џерси, кој е права средина за него. Хјуз останува у Вашингтон, исто како и Џонсон у Феникс. Истото не може да се каже за Финли, Кари, Спривел, Пејтон…
Karakash strikes back
Ај и ја да кажам несто. Као прво малку го утна горе, два пути написа унрестрицтед, а второто е рестрицтед. Печатна грешка. Реј Ален - Останува у Сиетл зашто типот кој лани бараше продолжување тешко 25-30 мил. по сезона ќе се откаже од 115 мил. кои ќе може, и ќе ги добие од Соникси. А и не би отишол у Кливленд за пак да биде 2.виолина, ипак и егото тука игра улога. Ззззз-Кавси би го задржале нормално, ама тие сакаат да му ги скратат сегашните 14.6 мил. годишно, а тоа не му се свиѓа на големиот и спор Литванец. Не е сигурно дека ќе остане. Ред-Не се слагам, ипак дечкото е добра 2. опција, посебно у тим како Кливленд, не случајно и затоа тие се расфрлаат со пари за него. Посебно у Кавси (ако го задржат Зззз) би бил опасен со страшниот шут за три. Али ипак 72мил. се премногу. (офчаро: па премногу се.. у Кавси би бил позад Брон и З) Вокер-Е кај него апсолутно не се слагаме, тој секако не е клучот за успехот на Бостон и Селтикси скоро 100% нема да пробаат да го задржат. Ентоан е тип кој си има ставено у глава дека е ѕвезда, а тоа никако не е добро кога си малку над просечен играч. (офчаро: ама ај глеј, коа дојде он, како рипна успехот на зелените) Риф-Искрено ми е жал што Шариф се стекна со прекарот лузер, но се тоа може да се исправи ако отиде у Нетси на кои очајно им треба играч како него. Симонс-си изигра сезона за договор, а за колку и да потпише сигурно ќе биде преплатен за своите таленти. Итд, итд. Пејтон, Спри и Дикембе се сите ислужени коњи чие време у НБА поминало, но ипак би можеле да бидат од корист како 7. или 8. играч у некој плеј-оф тим. Проблем е тоа што некој од нив (Латрел) мислат дека сеуште се ѕвезди у оваа лига. ПС: Не можеше да не го споменеш Вилануева :)

Saturday, July 02, 2005

Free Agency
Како и секоја година, така и оваа, се прави голема фрка околу слободните агенти. За малку да се разјасни - слободен агент е играч на кој му истекол договорот заклучно со мината сезона (unrestricted free agent). Меѓутоа, постои и unrestricted free agent, играч на кој по истекувањето на договорот, тимот во кој игра (л) има право да понуди еднаков договор со било кој друг тим и со тоа да го задржи. Исто така, постојат клаузули (team option) со кој одреден играч станува слободен агент предвремено, т.е. му се прекинува постоечкиот договор. Да се вратам на темата - ова лето има доста атрактивни слободни играчи на пазарот. Еве мој избор од неколку јаки unrestricted FA : 1. Ray Allen - најголемиот предизвик за менаџирет, воџата на слободните агенти, епицентарот на сите потреси во ростерите, бла бла бла, најкласичниот бек и најдобриот шутер во лигата - лани имаше одлична сезона со Сиетл, а тимот имаше најдобар пласман после заминувањето на Кемп. Меѓутоа, голем би бил предизвикот за „Исус“ (од филмот) ако од дружината на Usher му понудат јак договор и место во петорката со Леброн во Кливленд. Сепак, Реј има голема суета и поверојатно е дека ќе си остане #1 во Сиетл. Можеби малку „тензијата“ со тренерот Nate McMillan може да влијае, ама играч од негов калибар не би требало да глуми „љутко“ и ѕвезда. Се покажа дека со Рашард Луис функционираат одлично и се еден од најубиствените тандеми во лигата, и нема зошто да го фрли тоа во вода. 2. Zidrunas Ilgauskas - голем, спор и корисен - најголемата главоболка на тазе печениот менаџер Danny Ferry. Ако го задржи, ќе иде јабана голем дел од селари капот, а ако го пушти, ќе му се отвори дупка во рекетот. За „големиот Зи“ се заинтересирани многу тимови на кои им фали interior presence - но се чини дека сепак Кавси ќе го задржат. 3. Michael Redd - втор по класичност бек после Реј Ален. За него се кршеа копја, се збореше за премин во секој втор тим, но сите дојдоа до заклучок дека во јак тим, тој ќе биде оптимално трета опција - а за трета опција не се плаќаат 12 милиончиња. Ако не остане да се здружи со #1 пикот Богут, а Ален не премине во Кавси, речиси сугурен е преминот во коњаничката чета. 4. Antoine Walker - клучот за успехот на Бостон. Иако кошта многу, сепак се виде колку значи за Селтикси. 5. Shareef Abdur Rahim - типичен пример за испукан, но и потценет играч. Веројатни дестинации му се Лејкерс и Њу Џерси. Блејзерси дури и нема да се заангажираат ни за sign-and-trade, туку ќе го пуштат со „бовичката“ да шета низ Америките да си бара тим. 6. Bobby Simmons - најнапреднатиот играч за ланската сезона. Може да иде било каде, ќе му дадат договор со 10ина милиончиња, и ќе продолжи да си биде стандарден како и до сега. Најверојатно ќе остане во Клиперси, кои верувам дека не сакаат да играат со Јарослав Королев. Latrell Sprewell - помина неговото време, дури и стартерското место во било која екипа е под знак прашалник; Stromile Swift - сеуште само талент и потенцијакл. Нема да остане да грее клупа во Мемфис, не кажува каде ќе оди, ама јас би го пратил во Атланта за да прават slam dunk contest на тренинг со другарите; Dikembe Mutombo - чисто фигуративен играч. Кај и да оди, ќе земе сигурно помалку од досегашната плата, а тоа го прави промамлив за екипи кои им треба малку одбрана од клупата - Феникс, Мемфис, Далас - доста отворени опции. Да не забораваме дека и Хјустон сака да го задржи; Gary Payton - и тој е бајат. И тој не кажува кај ќе оди - или ќе си остане во Бостон или назад во Сиетл; Damon Stoudamire - еден од многуте пропаднати таленти. Ако не остане во Портланд, ќе оди во Атланта или некој сл. лузерски тим; Robert Horry - ќе си остане во Спарси за евентуално уште некоја тројка во последни секунди, и прстен, секако; Kerry Kittles - можно е да си се врати во Њу Џерси, после лошата авантура во ЛА; Damon Jones - после успешната сезона почна да глуми ѕвезда. Многу тимови би сакале добар шутер и одличен додавач на „кец“ ама ни Пет Рајли не сака да испушти од раце половина од најперспективното бековско дуо. Donyell Marshall - најзначајно име меѓу слободните агенти - рекордер во тројки на еден натпревар! Ама Торонто некако се подмлади на неговата позиција со Villanueva, па Јута и Чикаго му стојат на располагање за кам бек.

Friday, July 01, 2005

Ново линкче
Нашиот блог е линкуван и од страна на големиот портал Хупсвајб. | A link to our blog is put on HoopsVibe.com. "Macedonian NBA blog updated daily by talented writers & journalists"