Tuesday, July 26, 2005

Шарац во Индијана
Шарунас Јасикевичиус официјално премина во таборот на Лери Бирд и компанија. И тоа за убава сума од 12 милиони за 3 години - што е прилично висока цифра за недрафтуван странец. Но, Јаске, и не е до толку странец, бидејќи играше за колеџот Мериленд од 1994 до 1998, и важи за еден од најдобрите странци во историјата на NCAA. Тоа што ме изненади кај Шарко, е што одби понуда од Кливленд, каде што ќе играше со сонародникот и добриот пријател Ззззззз Илгаускас, Лери Хјуз и со Кинг Џејмс. И ќе беа дефинитивно голем фактор. Шарац се реши сепак за покошаркарската варијанта - Индијана негува тимска игра, Рик Карлајл е тренер од старата школа, и едноставно, Шарац на местото на Тинсли влетува како perfect fit. Плус, Индијана сега е појака од било кога. Прва петорка: Јасикевичиус, Стивен Џекес Џексон, Рон Рон Артест, Џермејн О`Нил, и еден од тројцата центри Херисон/Полард/Фостер. Јас би го играл Фостер. Клупа: Дени Гренџер (се очекува експлозија), Тинсли, Фред Џонс, Остин Кроушир. Уште да го трампаат Џонатан Бендер и ќе ја биде. Инаку, не треба да се занемари дека последните три екипи во Евролигата за кои играше Јаске, стасаа до тронот. Не ми е јасно како само со репрезентацијата на Литванија си дозволи да се лизне против Италија.

5 Comments:

Anonymous Prague Rocks said...

Dobro sto cekase ovoj tolku!Trebase uste posle Sidnej 2000,koga gi rasturi amerikancite da ide u nba.Ali ke se vklopi u Indiana super.Neznam samo u odbrana kolku e reliable.Ke vidime.A za u Atina imas greska,se liznaa protiv Italija,me zaeba u kladilnica:)

7/26/2005 03:02:00 pm  
Blogger Shepard said...

Ау да! Вииш! Одма корегирам.

7/26/2005 03:30:00 pm  
Blogger Karakash said...

Шшшшшш е паметен момак, тоа го докажува цела своја кариера. Од неизлегувањето на драфт откако му беше јасно дека нема да биде избран у 2.рунда, до времето поминао у Европа и сите освоени титули на "стариот континент". Сега е право време да им го плесне у на сите "стручњаци" скаути кои не му удрија рецка 1998 год.
Тоа што ја избра Индијана можеби малце изненадува, но ако се види малце подобро ова е типичен потег за него.
Тој сака да игра за тим у кој се знае кој пие, а кој плаќа, а Пејсерси се баш такви. Таму се знае кој е главен - ТИМОТ, го имаат одличниот тренер Карлајл, кој со Думарс ги створи шампионските Пистонси и имаат легенда која секој ја почитува за претседател.
Со негов ангажман, и камбекот на Рон-Рон, Индијана станува еден од најсилните тимови у лигата. Сеа, нормално дека зависи како Шарас ќе се прилагоди на НБА стилот, но искрено посакувам да е тачно она дека кај и да оди тој тим станува шампион.

7/26/2005 10:01:00 pm  
Anonymous Prague Rocks said...

Momci brzo pisuvajte nesto za Larry Brown u Knicksi.Mnogu sum vozbuden!I taka produzete subjektivno(Enko znam deka ke gi napaga knicksi do smrt:),zasto od ESPN procitav se sto ima,sakam vase mislenje.Ja mislam deka bolje nesto na Knicksi nemozese da im se sluci.Ne vikam deka Larry ke napravi cudo odma,ama ke naprai drasticni promeni.Obozava da pravi trampi.So onoj salary cap na knicksi bas da vidam sto ke trampa,ama ajde.Sakam da vidam nesto u knicksi sto ne sum videl odamna,a za toa morase od trener da se pocne.Primetivte,Hard Core Knicks' fan!

7/27/2005 03:31:00 pm  
Anonymous Denny Veazie said...

Ah, nice.

12/11/2005 06:22:00 pm  

Post a Comment

<< Home