Wednesday, June 29, 2005

Драфт дубари
Како секој драфт, така и овој, се десија неколку дубари: - Јута како што беше очекувано, го доби третиот пик од Портланд за #6 и #27 и догодишниот пик од првата рунда на Детроит (преку трампата за Карлос Аројо). Со третиот пик Јута го избра Дерон Вилијамс, а Портланд како шести го зема Мартел Вебстер; - 27. пик што Портланд го доби од Јута, го искористи за да го земе Линас Кеиза, кој заедно со Рики Санчез (#33) го испратија во Денвер за Џерет Џек (#22), еден од најпотценетите на овој драфт, а воедно еден од топ плејмејкерите/бековите во историјата на Џорџиа Тек; - Трампата меѓу Феникс и ЊуЈорк се оствари со тоа што Q-Rich во пакет со Нејт Робинсон (#21 на драфтот) отидоа во Јаболкото, а во пустината се пресели Курт Томас со #54 пик Дихон Томпсон. Инаку за дебитанти инволвирани во дубарите: Дерон Вилијамс и Џерет Џек,( заедно со Крис Пол, Рејмонд Фелтон) се спремни да бидат новата генерација плејови во Лигата. Дерон Вилијамс беше клучот за успешната сезона на Илиноис, а Џерет Џек преклани ги донесе Џорџиа Тек фо Фајнл Форот. Нејт Робинсон, уште еден од плејадата талентирани плејови, е феномен кој со своите 168 цм. беше најдобар поединец во екипата од универзитетот Вашингтон, а исто така беше дели од фудбалскиот (рагби) тимот на колеџот. Мал, набиен, експлозивен (одличен забивач!).
Мартел Вебстер пак, е уште еден од тајфата средношколци. Атлета и ѕвезда, но... ќе видиме како ќе се покаже.