Wednesday, June 29, 2005

Andrew Bynum [Lakers]
Селекторе, ова е по твоја нарачка. Andrew Bynum е еден од најмладите играчи што влегле во NBA некогаш. Роден е на 27 октомври 1987 („копиљот“ е помал од мене!!). Во конкуренција на средношколци е убедливо најдобар центар, но ќе го видиме во Лигата.
Бајнум е стока, висок е околу 210-215 cm (различни информации), со долги раце и е прилично подвижен и агилен за неговата големина. Типичен центар, кој доминира во рекетот, забива без проблем и има вонредно добар хорог и олу хорог. Брз е, знае и да се снајде и надвор од рекетот, најчесто со влез а поретко и со шут од полудостанца, кој исто така не му е проблем. Од тоа што го имам гледано, се снаоѓа и во одбрната. Има инстинкт за блокирање, а подвижноста и агилноста кои ги поседува му овозможуваат и да фаќа доста топки под двата коша. НО, Бајнум прво што треба да направи е да отиде до теретана и неговата атлетска градба да ја пополни и прошири уште малку ако сака да доминира во Лигата како во средно. Треба да поработи и на кондиција, бидејќи освен подолгите и почестите натпревари, во NBA и центрите трчаат при транзиција. Треба да поработи и на некои потези, бидејќи засега арсеналот му се состои од бутни-се-бутни-се и закуцај/фрли хорогче. Треба да почне да шутира повеќе од пост, бидејќи има дарба. И најголемиот проблем, да престане да прави глупи фаули во нападот и да вежба „вадење“ односно пасови кон надворешните играчи. Кога го гледав последен пат пред некое време, човекот упорно се гураше и со по тројца, без намера да извади надвор. Во одбраната, треба да поработи на наг ажманот - блокадите и скоковите се пред се` напорна работа, а не демонстрација на атлетски способности. Како навивач на Лејкерси, сум помалку скептик околу придонесот на Бајнум. Сите знаеме што се случи со ДеСагана Диоп. Да се надеваме дека овој ќе биде следниот голем центар на Лејкерси. Искрено, сакав да го драфтуваат Шон Меј (Шарлот) или мојот омилен од овој драфт, Чарли Вилануева (Торонто).
За Ендру Бајнум - во руки годината ако успее да се збори за дваесетина минути по натпревар и постигнува повеќе од 6 поени и 5 скокови во просек ќе бидам презадоволен. Да не зборуваме за стартерско место и дабл-дабл.

5 Comments:

Blogger Ико said...

Според ова што го пишавте, мислам дека Ел Еј направија правилен избор. Останува да видиме дали младоста и неискуството ќе имаат големо влијаније (мислам 87-ма година е роден еееј!!!)

Ако го научат да не прави глупости, да шутира онолку колку што му е капацитетот и да вади топки надвор (се знае - на Коби да му ги вади:)) ќе биде добро.

Огромна благодарност

6/29/2005 04:59:00 pm  
Blogger Владо Апостолов said...

А бе кај ги гледаш колеџ натпреварите на драфтуваните? Кај си го гледал средношколецов на Лејкерс?

7/02/2005 11:45:00 pm  
Anonymous Anonymous said...

Nice site!
[url=http://euhvkptv.com/bxhk/bwhu.html]My homepage[/url] | [url=http://hwrolmcp.com/zxmi/hvpl.html]Cool site[/url]

11/13/2006 04:46:00 pm  
Anonymous Anonymous said...

Thank you!
My homepage | Please visit

11/13/2006 04:46:00 pm  
Anonymous Anonymous said...

Well done!
http://euhvkptv.com/bxhk/bwhu.html | http://dpbaujlw.com/vtik/wjia.html

11/13/2006 04:46:00 pm  

Post a Comment

<< Home