Friday, September 30, 2005

Среќна пензија, Смити
Денеска Стив Смит заминува во пензија. За оние кои НБА ја следат задњиве неколку години ова сигурно не значи апсолутно ништо, уште едно повлекување на играч кој играл некад, но кој веќе 3-4 години се влечка по теренот, мењувајќи клубови секое лето. Но, Смити е многу повеќе од тоа, барем беше некад. Прво мое среќавање со името Стив Смит се деси некаде пролетта 1991 година, кога тој беше лидер на составот на Универзитетот Мичиген Стејт. Она што го правеше Смити посебен беше позицијата која ја играше, поточно висината со која ја играше таа позиција, имено, Смит беше плеј од цели 203 цм., нешто што во историјата на познатиот колеџ се немаше десено уште од 1979 год. кога тие имаа плеј од 206 цм. кој истата таа година им ја донесе НЦАА титулата. Типот се викаше Ирвин Меџик Џонсон, така да не чудеа споредбите на Стиви со легендата и негово прогласување за следниот Меџик. Како 5.пик 1991 год. Стиви го собра Мајами, каде ја имаше улогата на плеј и беше во сенка на тогаш најголемата ѕвезда на Хит, Глен Рајс. Уште додека беше на Флорида стана јасно дека од него нема да биде наследник на Магионичарот, но и стана јасно дека Стиви го има она што му недостасуваше на г-дин Џонсон, а тоа беше страшниот шут, посебно за три. Токму тој негов квалитет по само две утакмици у сезоната 1994-95 ги натера челниците на Атланта за него во Мајами да го пратат Кевин Вилис, кој тогаш важеше за еден од најдобрите скокачи во лигата. Смити влета на "двојка" меѓу Хоукси и заедно со Муки Блејлок беше дел од еден од најдобрите бековски тандеми у следните неколку години. Тој во Атланта остана пет години во кои имаше доста хајлајт партии, посебно у плеј-офот каде две сезони по ред тој и екс-тимејтот Рајс (сега у Хорнетси) развија екстра шутерско ривалство, а не се забораваат ни двобојите со Мајкл. Нов трејд го прати во Портланд (за Џеј-Ар Рајдер и Џими Џексон), каде беше дел оде ден од најперспективните тимови во лигата, тим кој го делеа 9 мин. од последната четвртина во гејм 7 од финалето на Западот 2001 год. за пласман во Финалето. Но, Шек и Коби го искористија нивниот ментален мелтдаун за потоа да се прошетаат до првата од трите по ред титули. Тоа што не му успеа со Џејлблејзерси, Смити го оствари со Спарси, станувајќи со нив шампион 2003 год.Но, уште тогаш беше евидентно дека тоа не е стариот Смити, иако ручето го слушаше, нозете и телото не го слушаа, па така и минутажата во Тексас не му беше нешто посебно. По Спарси патот пред пензија го однесе и кај Хорнетси и Бобкетси, каде заработи уште некое милионче за помирни пензионерски денови. Не смее да се заборави и дека колку што беше добар како играч, Стив Смит беше уште толку подобар како човек. Во периодот кога играше за Хоукси, тој ја основа "Клара Бел Смит" фондацијата, именувана според неговата мајка преку која за помош на тинејџерите кои не можеа да си дозволат колеџ образование донираше цели 2.5 мил. долари. Среќна пензија, Смити.

Thursday, September 29, 2005

Ситно
Ви ар бек and Shepard's in the house!. Гледајќи го слабоно ЕП сфатив колку уствари ми недостига НБА, седењето до сабајле пред телевизор, проверувањето у паузи на другите резултати, проверувањето на изјавите и статистиката сабајле. Едноставно, уживањето во најдобрата кошарка на светот. На мое, а верувам и задоволство на сите вас кои од време на време го чепкате блогов, новата НБА сезона ни е пред врата. Претсезоната започнува за нецели две недели, ( поточно - 10 октомври), а онда со стартот на ноември, стартува и 59. НБА сезона. Нормално дека ќе ја дочекаме спремни, веќе од следната недела би требале да тргнат привјуата за сите 30. екипи, за кои мислев дека би било интересно некои од нив да бидат напишани од вас. Ако на некој му се виѓа идејава, слободно нека ни прати мејл за тоа за кој тим би сакал да пишува, па ќе видиме (само знајте дека Њујорк, Атланта и Лејкерси се веќе капарисани:). До тогаш, можеме да направиме ситен преглед што има ново низ лигата: - Еди Кари vs. Булс сагата продолжува во Чикаго. Откако летово никој не сакаше да ризикува со дебелиот, тој се договори за едногодишен договор со својот единствен НБА тим тежок 5.4 милиони $, сума која не го воодушеви, но ќе го прехрани до следното лето кога ќе биде 100% слободен во изборот на нов клуб. Но, Булси не застанаа на таа понуда и сега за да се "осигураат" дека паметно ги трошат парите, сакаат да извршат плус тестови врз Кари, пред се анализа на неговата ДНК, нештошто е во спротивност со НБА правилата и на што Еди, кој и онака никад не сакал тестови, не сака да се согласи. Мое мислење е дека "биковите" играат на ваква карта намерно за да му ја намалат цената на Кари за да потоа го потпишат за некои 20-30 милиони за пет-шест години и дека целиот случај ќе стигне на арбитражен суд, кој ондак ќе пресуди дека Еди стварно не мора да оди на тие тестови и така љут ќе изигра уште една сезона во Чикаго, град кој од следното лето ќе го гледа само кога ќе гостува таму. Нормално, ако Булси уште сега не го трампаат, за што имаше некои најави деновиве, а кој трејд-муабет би бил комплетен ако у него не се спомнуе Ајзеа и Никси? Според пишувањето на некои Њујоршки дневни весници, Ајзеа на колегата му од Чикаго, Џон Пексон му ги понудил Тим Томас и Мајкл Свитни за Кари, понуда која Пексон одма ја одбил. - На некои луѓе никад не им доаѓа памет. Откако лани одби одлични 20 милиони од Минесота за три години, изјавувајќи дека со тие пари нема да може да си ги нахрани децата (колку ли јадат тие деца?). Латрел Спривел и летово си тера по свое и не прифаќа помалку од 6-7 мил. годишна плата. Баш тоа негово незрело понашање го доведе до позиција уште да нема клуб, а најново е дека и Лејкерси дигнаа раце од него со објаснување дека попаметно е парите кои ги имаат на располагање да ги потрошат на висок играч, позиција на која се најтенки. Ај да видам сега како ќе ги прехрани децата Спри. Сељачиште. - Вчера у Њујоршкиот NBA Stоrе беше лансирана најновата NBA Live ’06, чие заштитно лице е Двејн Вејд. Покрај Флеш, на промоцијата се појавија и Винс Картер, Џош Смит и Крис Бош. Се надевам дека ќе биде боља од прошлата. Обавезно ѕирнете го сајтот за играта. - Кога сме кај Џош Смит, данк шампионот на промоцијата се појавил поправен некои 4-5 кила и тоа се у мускули. Оние кои имале прилика да го видат летово велат дека е ѕвер. Едвај чекам. - Malku latinica (morav) i losi vesti, pred se za Hjuston, a posebno za Bob Sura, koj se naogja pred operacija po koja lesno moze da se sluci nikad vise da ne zaigra. Lekarite koi go pregledale izjavile deka kolenoto mu e haos i deka ke treba cudo toa da se vrati u normala. Videte u tekstov na linkot samo kolku povredi imase Bob lani. Tolku od mene, sitno, a?:)) PS-Trebase da ima uste sliki u postov, ali hostingov na Blogger e serenje.

Tuesday, September 27, 2005

Најголемиот камбек на сите времиња
Шепард е дома, спремете се за ќотек. Österreich се дрва у баскет, ама па и ич не ги интересира, така што моите заебанции на оваа тема таму беа проследени со рамнодушно и зачудено туфкање. ЊУЗ: Сега повторно можете сите да коментирате, со таа разлика што клаив онакво, да морате да искуцате збор претходно даден на слика пред да постирате. Како кога се регнува мејл. Деновиве очекувајте мал осврт на Лејкерси, македонската репрезентација и Чарли Вилануева. Толку од мене. Фала и пријатно.

Monday, September 26, 2005

In The Ghetto
Вожњата низ својот град Александрија неделата наутро околу 6:30 наутро за малку ќе го чинеше глава рукито на Визардси Андре Блеч, кој токму тогаш беше упуцан во гради. Според извештајот на полицијата, 19-годишниот Андре возејќи се со двајца свои нигас, приметиле како ги прати непознато комбе. Кога играчот на Вашингтон го запрел аутото, од комбето излегле две маскирани, вооружени лица, кои им наредиле да излезат надвор, но пред да може да го направи тоа, Блеч добил куршум во гради. Во моментов тој се наоѓа во сериозна, но според докторите не опасна по живот состојба затоа што куршумот не закачил ни еден од виталните органи. Останува да се надеваме дека младиот Андре ќе биде ОК. UPDATE: Само еден ден по незгодната дешавка му беше потребен на тинејџерот да го даде своето прво пост-шутинг интервју. Судејќи според него, се е ОК и тоа само затоа што куршумот за "цели" 2.5 цм. го утнал срцето.
Честито
МАКЕДОНИЈА - АВСТРИЈА 99:62 (26:20, 22:10, 27:16, 24:16) Влеговме, и толку. Ај сеа да изгураме добри квалификации и да не има на ЕП у Еспања. Какви моронски репрезентации играа на ова ЕП (и какви морони станаа шампиони), ништо чудно и тоа да се деси. Иначе, ова не одеше синоќа зашто имав многу побитни работи од тоа да пишувам како сме ја тепале 30 разлика "кошаркарската" земја Австрија.

Saturday, September 24, 2005

Хрватски баксузи и Београдски сељачишта
Верувам дека сите синоќа го гледавте дуелот Шпанија – Хрватска и верувам дека секој кој малку се разбира од кошарка виде што се дешаваше у Београдската Арена. Јас такво судење немам видено одамна, можда и никад, да се има тотално различен критериум кон две репрезентации кои играат 1/4 финале на ЕП, а ниедна од нив не е домаќин. "Судиите" и домашната публика дадоа се од себе да направат Шпанците да се осечаат како дома, затоа што и двете страни свиреа против иста цел. Публиката, исфрустрирана од тоа што нивните "психопати" не успеаа нити да стигнат да играат у Белград, својот бес го истураше врз западните комшии, извикувајќи какви се не срања кон нив. Доказ дека ниту една таква модерна Арена не може од сељачиштето да направи граѓанин, од мајмунот да направи човек. Она што на самиот крај се дешаваше не треба да се објаснува, по уште една кражба на судиите, свесен дека тука е крајот, Спахија, како и играчите, веќе не можеа да издржат, како што тоа Марко Поповиќ го кажа покасно “Да ме јебу у гузицу”. А Гиричек (кој мораше да потегне у некои моменти) се прости од турнири кои се играат под капата на ФИБА. За малерот на Хрватите да биде поголем тука беа повредите на НБА дуото Касун и Планиниќ кои паднаа уште во 1.полувреме, а убеден сум дека да беа здрави веројатно денес ќе играа полуфинале со Дирк енд ко. Но, колку и да звучи чудно, и во поразот има одреден позитивен ефект за Хрватите, а тоа е играта на 20-годишниот Роко Лени Укич (пик на Торонто годинава) кој зимајќи ја топката во свои раце кога се кршеше резултатот докажа дека е матерјал за голем играч. Играч за каков исфрустрираната публика у Белградска Арена може само да сања. По поразот реакциите на Хрватскиот печат беа очекувани, 1, 2, 3 и 4 додека од медиумите на домаќинот само B92 имаше храброст (или знаење) реално да прикаже што се дешаваше на теренот. За крај еве и напис преземен од www.kosarka.hr, кој дава уште еден плус на малограѓанштината северно од нас и тоа се пред очите на главните фаци на ФИБА!?!?!: "U poluvremenu četvrtfinalne utakmice Njemačka – Slovenija, dogodila se ‘komična situacija’ na parketu Beogradske Arene kada je na teren izašlo šesnaest dječaka najavljeni kao ‘mlada reprezentacija SiCG’ koji su trebali predstavljati zemlje sudionice europskog prvenstva. S namjerom da malo promoviraju budućnost domaće košarke, dječaci su smišljenom koreografijom vodili loptu parketom. Da sve bude u duhu Eurobasketa, svaki od njih je nosio košarkaški dres s otiskanim imenom reprezentacija učesnica prvenstva. U tome ne bi bilo ništa neobično da na parketu nije bilo dresa Hrvatske! Naime, na parketu se pojavilo šesnaest dječaka, a hrvatski su novinari uporno tražili koji ‘sretnik’ nosi dres s imenom Hrvatska. Dresovi petnest reprezentacija su bili tamo, ali Hrvatske nije bilo. Šesnaesti dječak nosio je bijeli sponzorki dres bez imena. Da li je dječak sam odbio dres, da li su za njega to učinili njegovi roditelji, ili je odluka bila na organizatoru, za sada možemo samo nagađati. Budući da se radi o najvažnijem europskom košarkaškom natjecanju gdje se domaćini trude ostaviti što bolji dojam, teško je vjerovati da su ovakvi ‘sitni’ propusti vezani baš uz Hrvatsku samo stvar slučajnosti." ...И ПОСЛЕ ДА ГЛЕДАМ ЕВРО КОШАРКА, МА ДАЈ!

Friday, September 23, 2005

Кога нема кој, добар е и Пејтон
Као и што се очекуваше, у недостиг на подобра варијанта Мајами вчера за свој бек-ап плеј го потпиша Гери Пејтон. Сега, Гери по вторпут ќе се обиде да дојде до титулата преку грбот на Шек, а на сите ни е добро познато како заврши првиот обид. Што се смени од тогаш? - Ништо позитивно, Гери е постар и поспор за две години, а шутот за три за него уште е енигма. Сепак, и таков Пејтон веројатно на некое др. место можеше да добие повеќе пари (1мил. за една сезона), што уште повеќе кажува колку ја сака титулата. Мајами изгуби уште пред две-три недели кога Дејмон Џонс им избега за Кливленд, затоа што баш Џонс беше идеалното решение, добро го познаваше системот на тренерот, главните ѕвезди и има одличен шут за три, што кога се удвојуваат Шек и Вејд е казна за противникот. Вака, 37-годишниот Гери ќе го одмара Џејсон Вилијамс, а знаејќи го белото чоколадо, ништо чудно и да се зајадат на некој тренинг или Пејтон на понекоја средба да му го лапне местото. Опција која никако не е добра за Мајами, затоа што Гери не може да ја игра брзата кошарка која ја сака Рон Џереми, нити пак може да одигра добра одбрана на Кид, Паркер, Билапс итд.

Wednesday, September 21, 2005

Mad Man's diary
Не лесно кога си имаш работа со лудаци, тоа на пресот по елиминацијата на домаќинот од Франција стално го повторуваше селекторот на СЦГ Обрадовиќ, кој сосема очекувано денеска и си поднесе оставка . Фантастичниот прес кој траеше цел саат, а на кој не се најде ниту еден од играчите беше у ствари емотивен монолог на Обрадовиќ кој подржан од новинарите сосема се отвори пред нив и си кажа се што му лежи на срце. Легендарниот српски коуч кажа се: дека некои играчи немаат муда да признаат дека се прибирале у пет сабајле, дека немаат почит за нац. дрес затоа што не знаат што е тоа почит, дека играчите се натпреварувале кој ќе даде повеќе поени и кој ќе биде поголем шмекер и сл. Еве ви линк на кој можете да ги слушнете најинтересните делови од монологот. Гледајќи го Обрадовиќ станува јасно дека главни виновници за киксот на Србите (и Црногорците) се единствено играчите, односно дел од нив кој си умислил дека се страшни ѕвезди. Единствената вина на коучот е што не ги избркал тие типчиња на време. Меѓу тие кои требале да летаат сигурно се Јариќ и Радмановиќ, кои во Србија се познати по својот бурен ноќен живот. На некои сајтови може да се прочита дека по поразот дошло и до тепачка меѓу некогашниот и сегашниот “волк”, Ракочевиќ и Јариќ, како и меѓу Радман и Томашевиќ. На пресот Обрадовиќ призна дека нема зошто пак да се враќа на клупата на СЦГ, зошто баш поради неа сега се наоѓа пред нервен слом, поради неа го доживува најголемиот срам у својот живот и дека единствено место за него сега е во лудница. Настрана елиминацијата на СЦГ, останатите 1/8 финалиња поминаа очекувано. Грците нешто потесно и со помош на судиите во финишот го поминаа Израел, Германците (33 коша на Диркулес!!!!) во второто полувреме ги скршија и онака психички слабите Турци, кај кои со оглед на тоа дека си имаше работа со неколку лудаци, ништо чудно и Боша Тањевиќ да му се приклучи на Обрадовиќ на лечење во некоја стручна институција. За крај, честитки до нашите пријатели од NBA Twilight Zone, чив мејн мен Марио Касун беше најбољи у победата над Италијаните. - Да не биде дека не сме спомнале .

Monday, September 19, 2005

Малце у комшии
Обично секоја година баш овој период е најтапа во НБА, не се дешава апсолутно ништо, лигата се наоѓа во меѓупериод, ин битвин најбитните летни трансфери и отварањето на тренинг камповите на екипите што се случува на почетокот на секој октомври. Најголемиот дел од слободните играчи си најдоа нови клубови, оние кои требаше да бидат трампани го сменија дресот, па затоа и не чуди што имаме мал број на нови НБА вести. Запознаени со ова, најголемиот број американски НБА новинари го користат токму овој период за искористување на својот годишен одмор. Една од причините поради кои немаме актуелни НБА вести е и ЕП кое се одржува кај нашиот северен комшија (и во Црна Гора). Искрено, не сум голем љубител на европската кошарка, барем не уште од времето кога Кукоч и Раџа со Југопластика делеа лекции по нашиот континент, веројатно затоа што ЕП е пример за индустриска кошарка, кошарка каква што најмалку сакам, без никаква импровизација, во која и некои репрезентации без квалитетни кошаркари (Италија) можат да направат резултат. А, баш на ова ЕП се игра таква, борговска кошарка. Најголемо изненадување за мене досега се Литванците кои покажуваат дека и без тазе НБА играчите Јаске, Мацијаускас, потоа Шаленга, Штомбергас, Сланина (и брат му Посебна) и жукаускас, како и Ззззззз и Сонгаила играат исто како што играа и со најголемите ѕвезди. Од другите репрезентации ама баш ни една не остави така силен впечаток, Шпанците по мачкањето на домачинот, паднаа мноooooгу, едвај спасија глава со слабите Латвијци, но не можеа да се извадат и против не многу појакиот Израел. СЦГ откако добија концерт свирежи и пцовки по опенинг поразот од Шпанците санс Гасол, заживеаа со победи над гореспоменатите аутсајдери. Око ми фатија Русите, кои ги гледав со Италија, со кои си играа како со мали деца, но вчера имаа лош ден со дружината на Дирк, средба која ја реши баш Новицки со тројка преку испружениот Кријапа на 20 секунди до крајот. Пријатно изненадување се и Словенците кои си ја освоија групата победувајќи ги, тешките случаи, Грците и ненормално слабите Французи. Некако од сенка ѕиркаат Хрватите, кои одиграа одлични втори дваесет минути вчера со Турците. Него, ај ние да и се вратиме на НБА, анализирајќи ги игрите на сите НБА играчи кои у моментов се наоѓаат у СЦГ. Дирк Новицки – убедливо најголема ѕвезда на ЕП, статус кој го потврдува со тоа што е најдобар стрелец и скокач на турнирот. Класа над сите други, без него Швабите се обична маалска екипа. Андреј Кириленко – Иако не е експониран како Дирк, сепак е душа на Рускиот тим, дечко за се. Синоќа немаше среќа со лизгавиот паркет у Вршац, но пак, после Ол-Старот на Мавси, најдобар НБА играч на ЕП. Тони Паркер – Дечкото на Ева Лонгорија, како и остатокот од неговиот тим, е жив труп. шанса за поправен ќе има против домачинот. Ако ништо, барем има кај да отиде на тешење. Хидајет Туркоглу и Мемо Окур – Не ги сфаќам и двајцата, едниот изиграва ѕвезда, а уствари е труп (Хидо), а другиот е тотално незаинтересиран за игра. Мемо за малку и ќе се степаше со психото Туркчан по крајот на рег. дел со Бугарите. Гордан Гиричек – Првото име кај Хрватите ја исполнува својата репутација. Уште да не беше толку себичен. Борис Дио – Ако Тончи е слаб, Дио е ужас. Ова кажува се – 0/11 за слободни вчера со Словенија. Марко Јариќ – Никако да си најде место у нац. тим, и далје губи топки ко луд. Резерва е на Ракочевиќ, а некад и на Вуле Who? Авдаловиќ!?!?!?! Даркооо Миличиќ – Како што се мислеше дека е за никаде, Дарко и не е така лош на ова ЕП. Иако е очигледно тоа дека не заиграл минута задњиве две години, дечкото не се снаоѓа лошо, пред се у одбраната и скокот. Зелко Ребрака – Некаде додека се билдал у НБА, ребарце тотално го изгубил осетот за кошарка кој го имаше некад. Сега е само обичен работник, што и не е така лошо. Влад Радмановиќ – Освен тоа што ја има најшабанската фризура на ЕП, Влад е и еден од најтврдоглавите играчи на турнирот. Наместо да се уклопи у играта на Обрадовиќ, тој си фура некое свое филмче. Кријапа и Монија – Дуото на Портланд е веднаш зад АК47 и Холден во важноста за Русите, задача која доста добро ја извршуваат. Примож Брезец и Рашо Нестеровиќ – Некако и двајцата премногу силуваат игра еден на еден, тоа некако и му оди од рака на Брезец, но баш и не на Рашо. Марио Касун – центарот на Орландо покрај тетоважите покажува и тотално амер. Стил на игра. Ни грам од балканската школа. Роко Укич и Џенк Акјол – Овогодинешните драфт избори од 2.рунда уште не добиле шанса да заиграат покрај големите момци. Турчинот Акјол вчера играше на плеј у најлошата четвртина на неговиот тим на ова ЕП, но тоа не беше по негова вина. UPDATE Ненад Крстиќ - Од него очекував многу повеќе, посебно по солидната руки сезона и одличниот плеј-оф против Шек и Мајами. Но, како и останатите негови земљаци, делува изгубен на теренот, слабо се движи у одбрана и полека го губи местото на сметка на Даркооо, Милојевиќ и Ребарце. Зоран Планиниќ - Е со него стварно не знам што се дешава. Дури играше на плеј со Турците беше катастрофа, губеше топки ко луд, фураше некој свој филм, место да ја искористи висината и да доминира на таа позиција. Откако Спахија го префрли на двојка малку се оправи, но само затоа што ја немаше толку топката у свои раце. Ко ништо да не научи од Кид.

Saturday, September 17, 2005

И многу гел не е на арно
Откако не му успеа за помали пари да ги задржи Дејмон Џонс, кој во новата сезона ќе му помага на Леброн да стигне до својот прв плеј-оф, Пет Рајли мора да ги засука ракавите за да најде резервен кец. Таа потрага го доведе до...Гери Пејтон?!?!?!, кој на 37 години и со увек слабиот шут за три тешко дека му дава нешто плус на Мајами... "Gary Payton is the best available player out there now. He's an incredible athlete. He's in great shape. He's never been hurt. He might be 37 years old, but he's aberrational when it comes to perimeter players who can still play at a very high level in this league at that age and keep up with the young guys." - Pat Riley, all that hair gel finally slipped through and got to his brain – oдличен коментар на Links by Slamonline.com
Никој не го сака Дебелиот
Каква разлика можат да направат неколку месеци? Најдобар одговор на ова прашање може да ви даде Еди Кари. Пред некои пет месеци скоро секое НБА списание или портал во најавата за најпожелните фри ејџенти ова лето некаде при врвот на листата го ставаше името на крилниот центар (со желба да биде центар) на Булси. Но, само една вест во форма на лекарска дијагноза беше доволна да се сруши сонот на дебелиот за тоа да спие на максимален договор кој ќе го обезбедеше до крајот на животот. Не дека сега нема пари за леб, но 70-80 милиончиња, колку што тој мисли дека вреди се ненормални пари, кои би станале уште поненормални кога би се нашол некој и да му ги понуди. Но, иако има уште по некој останат, времето на такви лудаци на чело на клубовите по се изгледа помина, за што најдобар доказ беше и годинешниов драфт. Нормално, факт е дека доколку на Еди не му беше пронајдена срцева мана (зголемено срце - нешто што претставува комплетна иронија, затоа што Еди на теренот ни во еден момент нема покажано дека има нешто наречено СРЦЕ) ќе се најдеше некој "паметен" да му го исполни сонот, но тоа е само дел од приказната. Покрај тоа што ниту една осигурителна куќа не сакаше здравствено да го осигура и самиот Кари си е крив за тоа што никој не го сака. Кога летово Атланта му организираше грандиозна посета на клубот и градот, правејќи го крал за еден ден, Еди таму се појавил видно здебелен. Но, ни тоа многу не ги изнервирало Хоукси, кои имале разбирање со оглед дека Еди не тренирал месец дена, но кога на сред турнеја низ градот тој по само еден разговор ја свртел лимузината и набрзина заминал од Атланта, со објаснување дека на некој негов пријател му се родила ќерка, секој во организацијата на Хоукси станал свесен дека не сака да си има работа со некој така неозбилен тип и наместо кај Еди, 70 милиони заминаа на адресата на Џо Џонсон, што е далеку попаметен потег. Сега, отпишан од листата на секој НБА клуб освен неговите Булси, дебелиот со наведната глава ќе мора да прифати "само" 5.14 милиони за едногодишен договор, да се стави на дијета и да се надева дека срцето ќе му биде ОК за да може да одигра квалитетна сезона по која некој и би се загреал за него, нормално за парите кои тој мисли дека ги заслужува. Нешто слично лани направи Стромајл Свифт, но откако и прошлото лето никој нејќеше да фрла пари на него и одиграната просечна сезона, се скраси во Хјустон кој го потпиша за просечен НБА договор. А кога само ќе ми текнуе дека Кари у средно го викаа Бејби Шек....човече, има ли поутнат надимак од тој (Мајнер-бејби Џордан не се рачуна:).

Wednesday, September 14, 2005

Шерифот Шек, нов MSG + конечно камбек на Џеј?
И баш кога кажав дека нема ништо интересно, ете го чичко Шек да ме демантира. Центарот на Мајами минатиов викенд, покрај тоа што организираше добротворна акција за собирање помош за жителите на Њу Орлеанс, направи уште едно добро дело асистирајќи и на полицијата на Мајами така што го пратеше типот кој нападнал еден геј пар. Дизелот, кој во моментов полага за резервен полициски кадар на областа Мајами Бич, во неделата околу 3 наутро додека се возел низ Саут Бич го приметил типот кој од своето ауто му се издеравал и го пцуел парот кој мирно си ја минувал улицата. Во тој момент типот изегол од аутото и фрлил шише кое погодила еден од гејoвите, а потоа се вратил у кола (во која имал друг шофер) и почнал да бега со голема брзина. Шек го прател и попат повикал некој цајкан кој малку подоцна го стопирал типот на сред пат. -- Никси планираат да се преселат од Гарден во...Гарден . Поточно, тие планираат да изградат тотално нов Медисон Сквер Гарден, и тоа само пет блока одалечен од сегашниов. Тоа би била петта верзија на МСГ, помодерна од сегашнава која е дом на Никси по комплетната реновација 1968 год. -- Откако и нивниот генерален менаџер се предаде уште пред да почне сезоната, Репторси се обидуваат на секој начин да ја вратат надежта кај своите навивачи. Во моментов таа надеж виси на нозете на Џеј Вилијамс , нозе кои никој во лигата не знае во каква се состојба по тешката сообраќајка пред три години. Но, како што стојат работите, шанси некогашниот 2.пик на Булси да живее во Канада зависат од Мајами и Хјустон, кои планираат да го тестираат оваа недела.
Koj e Ендрју (Андрија) Богут?
За разлика од прошлиот, овој пост е далеку од фреш (и од седмица, кинг...:)). Али у недостиг на интересни ствари идеме ретро со 1.пик оваа година, текст кој веднаш по драфтот се појави на прошлиот ми блог. Овогодинешниот 1. пик Ендрју Богут е прв играч кој играл барем една минута на колеџ по цели пет години, а кој е избран како прв. Поради наездата на странци и средношколци во последно време играчите кои играат во НЦАА се поретко ја добиваа довербата на НБА скаутите, но поради достата разочарувања од избраните средношколци и странци (Даркооооо!!!!!) овој драфт донекаде ги врати работите во нормала. Велам, донекаде, затоа што иако играше две години за Универзитетот Јута, Ендрју Богут не е Американец, туку Австралијанец. Уствари кога подобро ќе погледнете, тој не е ни Австралијанец, иако игра за "кенгурите" и е роден down under. Ендрју уствари е Андрија, име кое го добил по неговиот дедо, а неговите родители како млад брачен пар се преселиле во Австралија каде не долго потоа се родил малиот Андрија. Сега е јасно од каде кај него толкав кошаркарски талент. Инаку јас лично, а и поголемиот дел од кошаркарскиот свет за првпат го забележав на младинското СП кое пред 3-4 год. се одржа во Солун. На тој турнир Озите ги изненадија сите освојувајќи го златниот медал, а погодувате кој беше главен "виновник" за тоа. Идниот 1.пик доминираше во таа конкуренција (дабл-дабл на секоја средба) и веќе тогаш беше јасно дека станува збор за екстра талент. Веднаш потоа најголемите европски екипи (меѓу кои и Цибона) се загреаа по Богут, но тој одлучи да ја прифати понудата на Унив.Јута и да игра за легендарниот НЦАА тренер – Рик Маџерус. Во текот на првата сезона преко баре не одеше се како подмачкано и Андрија имаше проблеми со прилагодувањето кон новата средина и стил на игра. Тогаш почнаа да се јавуваат првите сомнежи за неговите способности, сомнежи кои паднаа во вода по неговата втора сезона за која ја доби наградата за најдобар колеџ играч за 2004-05. Интересно е тоа што тој процвета откако од кормилото на Јута се повлече човекот кој и го донесе таму, Маџерус. Богут повеќето аналитичари го споредуваат со некои европски центарски легенди како Сабонис и Дивац, но не се ретки ниту споредбите со Бред Милер. Сега кога е познато дека ќе игра за Милвоки (кај кои ќе се врати и долго повредениот Ти-Џеј Форд) првите пет на Бакси..Форд, Ред (ако остане - остана), Мејсон, Смит и Богут..не изгледаат така лошо. Плус, тука на помош на Андрија во секое време ќе му биде и неговиот сонародник – Тони Кукоч.

Monday, September 12, 2005

Фрешшшшш
Синоќа одржаниот хуманитарен меч за жртвите од Њу Орлеанс барем за момент ги натера децата од градот кои бегајќи од Кате се најдоа во Хјустон, да заборават на се што загубија за неколку минути и да заиграат баскет со своите НБА идоли. Мечот наликуваше на Ол-Стар и уште еднаш покажа дека од сите спортисти низ светот, баш НБА играчите најмногу од своите милиони пренасочуваат во хуманитарни цели. Благодарение на мај мен Заре, овде можете да ѕирнете две солидни клипчиња со хоум-бој Ти-Мек во главна улога. Енџој!

Friday, September 09, 2005

Кате ги разбуди милионерите 2
Можеби најважниот (барем медиумски) дел од помошта која НБА ѕвездите се решени да им ја дадат на најсериозно погодените од ураганот Катрина (како можат на нешто таква уништувачко да му дадат убаво женско име?) ќе се одржи во недела во Хјустон каде со цел да соберат што е можно повеќе средства ќе се соберат некои од најголемите НБА имиња (списокот е подоле). Покрај своето учество на хуманитарниот меч, Леброн пред два дена купил храна, играчки и пелени во вредност од 120 000 долари кои им ги доставил на избеглиците кои се наоѓаат во близината на Хјустон. Ова се дел од изјавите кои на пресот по повод мечот ги дадоа организаторот Кени Смит и Коби, Бузер и Амаре. Карлос Бузер: - "Obviously, all the stories were very devastating. The one that hit home to me was a few days ago on TV where they were giving toys to a 7-year-old kid, and he was saying, 'These aren't my toys, you're not my Mom.' He lost his mom and dad and both of his brothers. Imagine losing your entire family at the age of 7. I wanted to be involved as much as I can be.". Кени Смит: - "One thing that I saw was that it could have been any town, didn't have to be New Orleans, Mississippi, Alabama. Talking to my father, that could've been Brooklyn, Queens, anywhere." Амаре Стадемаер: "For us, this is about raising their confidence (the evacuees). They're feeling real bad about themselves right now. So we can give them confidence, keep them focused, give them hope to want to stay alive. They gotta realize how blessed they were to make it out of that situation. They lost family, but they are the chosen ones that made it out of that situation." Коби Брајант: - "Myself, just like everybody, I felt the need to contribute in some form or fashion. Being that we've been blessed to play the game of basketball, this is a great opportunity for us to use our God-given potential for the benefit of mankind." - "We'll try to let them know that they are cared for. It seems like, especially if you listen to them talk on TV or interviews, it seems as if on top of all the emotional devastation, they are on an island by themselves, in a sense. We as Americans, we rally around our people when there's devastation. Us going down there is part of that, it's us letting them know we will be there to care for them when they fall." - "It's us using our God-given potential for something positive. It's not about over-dramatizing what everybody's been doing (the NBA players). This shouldn't be a big deal, this is something that we should do, personally. We're just doing what we feel like we should do." LeBron James Kobe Bryant Kevin Garnett, Tracy McGrady Jermaine O'Neal Stephon Marbury Dwyane Wade Amare Stoudemire Antonio McDyess Steve Francis Sam Cassell Ron Artest Chauncey Billups Al Harrington Damon Jones Tyronn Lue J.R. Smith Maurice Taylor Cuttino Mobley Josh Smith Stromile Swift Dahntay Jones Mike James Lindsey Hunter Derek Anderson Carlos Boozer

Thursday, September 08, 2005

Ерата на Пирс пред крај?
Покрај лошата здравствена состојба на нивниот заштитен знак,88-годишниот Ред Оербах, кој се наоѓа во кома, навивачите на Бостон синоќа ги протресе и веста дека нивната прва ѕвезда Пол Пирс се наоѓа пред трејд во Денвер. Од наводната размена Селтикси за Пол би ги добиле Андре Милер и Нене. На прв поглед изгледа како добар дил за двата клуба (повише за Нагетси), но ај да не брзаме, зашто ништо чудно ова да е само пуштање вода од Дени Ејнџ, или новинарите од Бостон кои баш и не го мирисаат многу Ејнџ.

Wednesday, September 07, 2005

NBA Macedonia Video
Кате ги разбуди милионерите
За почеток,чисто информативно, ја сменив локацијата на стариот мој блог кој од пред некој ден можете да го најдете тука. Се чини дека ако Кате не успеа да им го разбуди претседателот, онда сигурно успеа да разбуди голем број сегашни и бивши НБА ѕвезди кои веднаш се покренаа да им помогнат на било кој начин на најзагрозените, најсиромашните кои немаа кај да избегаат од катастрофата. Се уште не е познато дали има вистина во гласината дека Најголемиот веднаш по Кате се нашол во Њу Орлеанс и им помагал на цајканите, но вистина е дека тој и жена му почнаа акција во Мајами со која се обидуваат да соберат што е можно повеќе основни средства за најпогодените. Најголемата донација досега доаѓа од бекот на Никси Стефон Марбери кој реши да одвои 1 милион од своите 14.6 милиони годишна плата, Коби и Алан Хендерсон донираа по 100 000, поранешната ѕвезда на Хорнетси, Берон Дејвис -60 000, а бекот на Булси Крис Духон, кој е родум од гратче во близината на Њу Орлеанс издвои 30 000 долари. Рака подадоа и Бакси ,екс-бекот на Рокетси Кени Смит кој наскоро ќе организира хуманитарен меч во Хјустон на кој би требале да се појават сите најголеми имиња, а Нешвил кој се понуди да им биде домаќин на Хорнетси. Почит заслужува и идејата на НФЛ ветеранот Дион Сандерс ,кој упати предлог до сите професионални спортисти да уплатат најмалку по 1000 доларчиња за помош на жителите на Њу Орлеанс. Гилберт Аренас , кој им помага на оние кои бегајќи од Кате завршија во Вашингтон, ја даде наједноставната изјава: "We've got to realize that these people lost everything they had. For some people they didn't have food or water for days. I'm just trying to do my part and help out as much as I can."

Monday, September 05, 2005

SLAM ја исправи грешката на НБА
У недостиг на нови НБА вести ќе идеме ретро на еден мој пост објавен на првиот ми блог у април годинава. Еве го линкот до тој пост ,а еве и што ме натера на ваков потег. Имено, новинарите од, според мене најдоброто НБА списание денес, SLAM свесни за тотално глупавиот систем на селекција на екс-кошаркари во т.н. "Hall of Fame" одлучија да си направат своја "Куќа на славните" во која свое место ќе си најдат оние кои навистина тоа го заслужуваат. Видете кои беа петте легенди кои беа дел од премиерната класа, нормално Мајкл, Меџик, Бирд, Вилт и… Доминик Вилкинс (ѕирнете ги бројкиве). Ова значи многу за Ник, кој од стварно не знам кои причини никогаш од страна на главучите и канцелариските пацови кои се наоѓаат на чело на лигата не ја доби почитта која ја заслужуваше. Но, таа почит за Human Highlight Film доаѓаше и се уште доаѓа од многу побитен извор, реноминарите новинари, неговите најголеми ривали и најважното, баскет-фановите. Ми текнуе кога пред две и пол години Хоукси го повлекуваа 21 на Ник, на церемонијата се појавија сите негови противници низ 80-те и почетокот на 90-те, од гореспоменатите Меџик, Џордан и Бирд, до Ајзеа Томас, Баркли, Карл Мелоун. Ретко на чие пензионирање на дресот освен она на Мајкл се појавиле токлу НБА легенди на едно место што доволно кажува колку тие го почитуваат Доминик. У тој момент падна у вода и неизборот на Вилкинс меѓу најдобрите 50 во историјата на НБА, и неговиот незаслужен пораз во најголемото финале во натпревар во куцање на сите времиња на Ол-Старот 1988 во домот на Мајкл, Чикаго, и глупавата трампа во Клиперси за Дени Менинг затоа што иако беше најдобар стрелец не му беше по вкус на моронот Лени Вилкинс. Големината на Ник, пред се за градот Атланта, се гледа во тоа што по неговото заминување Хоукси никогаш не застанаа на нозе. Иако имаа солидни плеј-оф тимови во втората половина на 90-те, публиката, револтирана од трејдот на нивниот миленик до ден-денес не се врати на трибините во Атланта (тоа би можело да се случи годинава со Џо, Џош Смит и Марв). Доминик е секако еден од 35-те најголеми играчи на сите времиња, нешто што и покрај игнорантноста на НБА челниците не може да се запостави и нешто на што од година во година станува се појасно и на што и тоа како не потсетија новинарите на SLAM. Како шлаг, еве го линкот на заре за видеото од двобојот на двата “јастреба”, Вилкинс и Спад Веб. - тотално оф д сабџект, синоќа го гледав можеби најдобриот тенис у живот, кога за место во 4.рунда на US Оpеn, Сангвинети и Сричапан се бореа цели 4 саати и 24 минути. Верујте, лик како италијанецот немате сретнато, ако за Иванишевиќ викаа дека нешто со него не е ОК поради тоа што премногу зборуваше сам со себе, онда Давиде би требал да биде тотално луд:).

Friday, September 02, 2005

На Њу Орлеанс не му е до кошарка
Настрана гледањето сеир на земјата која се смета за најсолидарна и најсредена во светот, она што се случува во Њу Орлеанс е права човечка трагедија и како таква секако дека сериозно ги засега и Хорнетси , чија сезона во градот на џезот е доведена во прашање. Веќе сигурно е дека “стршлените” сезоната нема да ја почнат дома, а ништо чудно и да не ја завршат таму. Дури и да се деси нивната арена да биде спремна за работа за два месеци (што би било рамно на чудо) минимални се шансите Хорнетси да ги играт своите утакмици таму затоа што на градот ќе му треба доста време да се оправи и тешко дека на некој уопште ќе му биде до кошарка. Прва опција за привремен дом се Денвер и Хјустон, но веќе почна да се збори дека заради тоа што тие два града веќе имаат свои НБА тимови, Хорнетси ви можеле да се преселат во Оклахома сити , Батон Руж, Бирмингем или Нешвил. Засега е познато дека дел од тренерскиот тим се наоѓа и работи во Хјустон и дека претсезонските мечеви “стршените” ќе ги играат во Денвер. Секоја пофала заслужуваат како лигата така и некои играчи кои се заангажираа да им помогнат на граѓаните на Њу Орлеанс . На форумoв начекав и вест дека самиот Шек се наоѓа во NО, каде заедно со полицијата лично прави се што е во негова моќ да им помогне на најсериозно загрозените. Можеби малку тешко за верување, но кога станува збор за Дизелот ништо не би требало да не изненади.

Thursday, September 01, 2005

As Good as It Gets
Може ли да има нешто подобро во моментов од тоа да се биде навивач на Сан Антонио. Само два месеци по освојувањето на третата титула во последниве седум години, Спарси во само два дена за ситни пари успеаа да потпишат двајца докажани ветерани. Ако ангажманот на Ник и не беше некое чудо, онда такво нешто сигурно е тој на најбараниот слободен играч во моментов, Мајкл Финли, што преставува изненадување со оглед на тоа дека според многумина Мајами, Феникс и Детроит беа во предност за амнестираниот од Далас во однос на шампионот. Но, Мајк одигра паметно и се одлучи за клубот со кој ќе има најдобри шанси да ја освои својата прва НБА титула. Со загарантирани 51 милиони во џеб од остатокот од договорот со Мавси, Мајк не се залета за побогатите понуди на др. клубови (Мајами, Минесота) и ги прифати 2.5 милиончиња по сезона од Спарси, што најдобро ја илустрира изјавата на неговиот менаџер, Хенри Томас: "The money was one of the factors he looked at but in the end the most important thing was the opportunity to win a championship and to have a significant role in that. When it came down to those factors, the Spurs were the best fit." Сите знаеме што добива шампионот со ова - играч кој нема да се буни со улогата на резерва, кој во секое време може да им даде напад наместо одбрана (Боувен), да го одмори Ману и да погоди тројка кога противничките одбрани ќе се сконцентрираат на Данкан и Џинобили. Плус, сега со него и Ник, Спарси имаат една од најдобрите (ако не и најдобрата) клупи во НБА. Бено Удрих веќе нема да мора да се мачи со противничкиот пресинг на него, што најдобро се виде лани у плеј-офот, тој проблем го решава Ван Ексел. Брент Бери веќе нема да мора да биде решението од клупата, тоа сега го решава Финли. Едноставно, THE RICH ARE GETTING RICHER. Но, колку што добија со потписот на Финли играчки, толку Спарси добија и од аспект на ослабување на ривалите за титулата, пред се ланскиот противникот во Финалето на Западот, Феникс. Санси со се срце се надеваа дека кај Мајк ќе преовлада љубовта за неговиот прв НБА град и пријателството со Стив Неш и тој ќе ја пополни дупката која настана со летот на Џо Џонсон кај Хоукси и трампата на Квентин Ричардсон во Њујорк. Вака, стартери на “двојка” и “тројка” им се Раџа Бел и Џим Џексон со кои тешко дека ќе го повторат ланскиот успех. Извисија и Пистонси кои во Финли гледаа идеална опција од клупата за Хамилтон и Принс (и кои по ова остануваат трети на Истокот), како и Минесота, која е очајна по квалитетен помошник на Гарнет (и која у сегашниов состав ќе се изнамачи да стигне до плеј-офот). Можеби звучи чудно, но тимот кој најмалку загуби со потписот на Финли за Спарси е тимот на кој му се даваа најголеми шанси за негов ангажман, Мајами. Не смее да се заборави дека со останувањето на Мајкл на Западот, па уште кај шампионот, многу загубија и Мавси. Бившиот тим на Финли до 15 август упорно бараше трејд партнер за ветеранот, по можност од спротивната конференција, а кога тоа не им успеа мораа да го “амнестираат”. Познато е дека Кјубан не сакаше да го види Финли во Феникс, заедно со Неш, но не верувам дека ова е нешто помал удар за него. Покрај за Кјубан, ова е голем удар и за Дирк Новицки, кој за две години остана без двајцата најдобри соиграчи со кои го правеше ударното трио на Мавси. За утеха, Дирк околу себе има доволно квалитетни соиграчи да може да заборави на Неш и Финли, но кога ќе дојде април и ќе почне плеј-офот патот до титулата наместо преку еден, сега ќе води преку двајца добри пријатели.