Saturday, September 30, 2006

Таксират!
„На сета моја елоквентност можам да кажам само.. голема трагедија..“ Трагедија, како за кошарката воопшто, така и за целата забавна индустрија.. Раскин од апокалиптични димензии.. Може да се очекува повторно дрмање на цените на нафтата, нови протести во Франција.. ЛеПен и другарите трљаат раце.. Тони веќе не е Лонгорија.. иако Заза и натаму е Пачулија.. Ева и Тони.. у прешкртано срце.. рана ми се отвори.. Сан Антонио веќе не се Спарси.. ни Данкан не е Робот.. ни Поп не знае што да каже.. сите се забезекнати.. Тешко и горко..

Friday, September 29, 2006

Orlando's...Bloom
Двајт друже, знам дека само што излезе од пубертетски води и иако стварно си Ѕвер и веројатно ќе бидеш играчиште у следниве 10-15 години, пази какви изјави даваш во иднина. Да не ме сфатиш погрешно, отсекогаш сум сакал оптимисти, ама да изјавуваш дека во новата сезона Орландо може до титулата е ипак малце премногу (пример за оксиморон). Не знам, можеби оптимизмот на Грент те фатил и тебе или пак тоа е само до годините...Или пак уште ти се врти од ОВА!!!...
Дебело црево + Jay and his silent comeback
Кога више ве згадив со палците на црнците, а посебно тој на Маркиз Дениелс, ова и не би требало до толку да ви биде гадно. Дехуан (или Дежуан, зависи како сте расположени за читање) после агонијата која ја имаше со повредите и посебно со здравјето конечно ја доби својата втора шанса. Ова и не е некоја вест со оглед на тоа дека Вориорси го потпишаа Вагнер на две години уште минатата недела, но не смеев да оставам да не го спомнеме со оглед на цета мука која ја имаше типот. Како што можете да читнете и во линкот, Дехуан нема поголем дел од дебелото црево. Немам појма од медицина така да не знам како функционира без тој дел од стомакот, ама сигурен сум дека сега е доста полесен од порано. Уште откога влезе во НБА се збореше дека Вагнер има хронични проблеми со стомакот, но никој не веруваше дека работата е до толку сериозна. Иначе, тој беше Леброн пред Леброн, нормално не според играта, него според вниманието кое му се посветуваше додека беше средношколец кое дотогаш беше нешто невидено. Веѓе беше најавуван како нов Ајверсон, а на крајот улогата на Месија на Кавси ја презема токму Леброн. Ај да се надеваме дека како и со Хил, така и Вагнер ќе успее да се врати.
* * * * *
Истото се однесува и со 2. пик од 2002 год. Џеј Вилијамс, кој ја очекуваше и ја доби поканата за тренинг кампот на Нетси. И не само тоа, него доби и договор од Њу Џерси. Свака част. Избран од Чикаго Булс како 2. пик на драфтот 2002 година, веднаш зад Јао Минг, Вилијамс во својата прва НБА сезона оствари просек од 9.5 поени, 4.7 асистенции, 2.6 скокови и 1.15 украдени топки на 75 средби. Бројки кои му обезбедија место во вториот руки тим. На 19 јуни 2003 година изгледаше дека неговата кариера го доживеала својот крај кога со својот само што купен мотор со голема брзина се удри во улична светилка. Сообраќајка во која ги скина лигаментите на коленото, доживеа оштетување на нервите во левата нога и заработи скршеница на карлицата. Следните три и пол месеци ги мина во болница, а недолго потоа Булси за три милиони долари му го откупија руки договорот. Од тогаш тој напорно работеше прво само да го врати своето тело во нормала, а потоа почна и да размислува за НБА камбек.

Thursday, September 28, 2006

Палчо
Сте приметиле ли дека црнците, било да се кошаркари или други спортисти секогаш кога не играат ако носат папучи, со нив носат и чорапи? Причината за тоа не е никаква мај нигга мода или било што такво туку чисто биолошка (или анатомска?). Од не знам која причина, црнците за разлика од белците имаат сосема друга конструкција на ножните прсти и според ретките кои успеале да им ги видат и преживеале, станува збор за најружните можни прсти на светот. Така, не треба да чуди ни оваа вест за проблемите на новиот Пејсер, Маркиз Дениелс на кого морале трајно да му го отстранат ноктот на левиот палец. Звучи гадно, знам, а секој кој имал проблем со нокт на палец кој чекал да му падне знае за каква мука зборам. Мене такво нешто ми се деси пред некои година и пол и знам што мука видов, а не па трајно да го вадат ноктот. Проблеми со вакви ствари имал скоро секој НБА играч (црнец, нормално), а затоа Родман на времето на секое излегување од игра ги соблекуваше патиките. Памтам у едно интервју со Кукоч за Кошарка од тоа време, Тончи зборуваше баш за тоа и колку се гадни, осетливи и неправилно градени ножните прсти на црнците. Мајкл и компанија му завидувале на тоа што немал мука ко нивната. Еве и стручно објаснување. Не кликајте ако само што сте јаделе. Да не биде не сум ви кажал.
Бонзи има дома, Глобтротерси и ДИВЕЈН!!!
Откако сфати дека нема шанси да ги лапне парите кои тој (и само тој) мисли дека ги заслужува, Бонзи конечно си најде клуб у кој наместо за 36 милиони кои Кингси му ги даваа за пет години ќе игра за цели 5 милиони за две години. Хјустон е новата дома за Бонзи, а мислам дека тоа му е уште еден у низата лоши потези на типот. Или пак сака да биде резерва. Денвер, па и Мајами беа бољи ситуации за него, ама... Повеќе за Бонзи, Шонзи, тука, во постот од пред некој ден.
* * * * *
Уште нешто. Сега листам весници и око ми фати Bреме со никој друг него Глобтротерси на насловна. Изгледа немаат за што да пишуваат, па за да бидат интересни ги ставаат Харлемовци на кавер. Што е уште посмешно, веста е дека Глобтротерси МОЖЕБИ? ќе гостуваат во Скопје на отварањето на новата спортска сала. Објект кој најрано би бил готов 2008 година, а како што работат нема да биде готов уште најмалце пет години. Права ексклузива. Уште па во дополнителен текст се спомнуваат славните фаци кои играле за Харлем како Седрик Себалос и ДИВЕЈН Џорџ. До кога со тоа Дивејн, бе?

Wednesday, September 27, 2006

Бујрум, пак Тони и наплатата на Дирк
Како и лани, и за оваа сезона планираме да правиме привју на секој од 30. тимови. Исто така, како и лани секој од вас кој смета дека може (и знае) да направи добро привју за својот или некој друг тим, слободно нека ни прати мејл па ќе се договориме. Пошто јас ќе правам најави и за во весник, Шеп и остатокот од МакНБА фамилијата ќе имаат поголема слобода во пишувањето на најавите кои би требале да стартуваат со октомври. Кој сака да пише, бујрум.
* * * * *
За прв пат во еден ден во два различни поста го имаме Тони Паркер. (Кога ќе размислам, за прв пат после долго време имаме и два поста во еден ден воопшто). И во двата тоа нема врска со кошарката. После Crepes!!! видеото, еве го Тони Лонгориа во уште една сумњива ситуација. Кога ја видов сликава не знаев што да помислам, а ондак малце читнав и ми стана јасно. Еве го и линкот. Погледнете на крајот само кои други восочни фигури ќе му прават дружба на Тони. Импресивно.
* * * * *
Рас Бенгтсон од SLAM фамилијата, ја избаци својата теорија зошто Коби од 8. во новата сезона на својот дрес ќе ја носи 24-та. Обратете пажња на задњите две причини зошто, а третата, барем кога е Кобстер во прашање ми е најреална, иако и првите две не се далеку од вистината.
* * * * *
За крај, Диркулес во Далас ќе остане најмалку до 2011, што значи дека таму би требал да ја заврши кариерата. Освен ако Кјубан не направи како со Неш и Финли па не го трампа пред тоа. Како и да е, Швабата ќе си лапне цели 60 милиони за плус три години. Време е да ни ги врати оние 100 евра кои ни ги дужи уште кога беше средношколец во Вурцбург.
Но комент (убацете било кој француски збор)

Tuesday, September 26, 2006

Леброн на гости кај Летерман
По вечерата со вториот најбогат човек во САД, Леброн беше гостин и во второто најдобро ноќно ток-шоу во САД. Клипот е малце подолг (9 минути и 46 секунди долг поточно), али вреди да се погледне.

Monday, September 25, 2006

Гозба во улицата на Малуфите
Познато е дека Малуфите покрај тоа што се газди на Кингси, имаат и неколку други бизниси на страна од кои главен им се казината во Вегас. Иначе, не се само браќата Џо и Гевин Малуф газди на Кингси, него тука е у прашање цела фамилија, само што овие двајца најмногу се сликаат. Кингси им се фамилијарен бизнис, нешто како оние фамилии у кои сите работат у една пиљара. Или не... Покрај баскетот и казината, Малуфите имаат свој удел и у продукцијата на филмови, а доказ дека работат сите заедно, а и дека сакаат хорор филмове се и 700-те илјадарки кои ги вложиле во проектот на продукцијата на Бен Еслек, The Feast. У задњиот филм на идеја на хорор гуруто Вес Крејвен учествуваат дури шест Малуфи. Мора да е интересно да се читаат кредитсите на крајот на филмот, презимињата не мораш да ги гледаш. Што се однесува до самиот филм, немам појма каков е, али четири имиња ми даваат надеж дека вреди да се ѕирне. Покрај двете главни женски улоги во Гозбата се појавуваат и Џеј од тандемот Џеј и Сајлент Боб и Хенри Ролинс.

Saturday, September 23, 2006

Еден клип - солзи од смеење!
Песнава е иначе дел од некоја кампања против дрогата..

Friday, September 22, 2006

Грент е здрав...и жив
Искрено, секогаш кога ќе чујам и видам вакво и вакво нешто, а тоа се дешава секое лето последниве шест години (со исклучок на 2004 год. кога одлучи да одмара една сезона со цел да го среди левиот скочен зглоб), се наежувам, а во исто време и се буди малку надеж. Надеж дека овој пат ќе биде поинаку и дека човекот барем на достоинствен начин, онака како и ја почна, ќе ја заврши кариерата. А ја почна како ретко кој играч. Како лидер на Дјук (мене многу мрсок колеџ) Грент стигна во НБА и иако не се очекуваа одма големи работи од него, неговите први два поени во кариерата покажаа по кој пат ќе оди неговата кариера, барем во првите шест години. Ви текиња на цепелинот од Думарс што го фати со една рука со главата скоро до табла? Се после тоа, од ко-руки на годината со Кид беше чиста магија и Грент со тек на време си го обезбеди местото во НБА елитата со шест ол-стара у првите шест години. И таа магија траеше се додека не одлучи да се пресели во Орландо, иронично – Меџик. Иако беше повреден, Орландо не се мислеше пред да му даде 92,88 милиони долари за седум години, во истото лето во кое го лапнаа и Ти-Мек од Орландо. Шест години подоцна веројатно секој фан на Орландо се осеќа као да му брцнале во џебот и никад не му ги вратиле парите. Не само за картите купени за да се види тандемот кој никогаш не стана тоа, туку и за да се види Хил, кој никако не застана на здрави нозе. Буквално. За оние кои немале прилика да го видат вистинскиот Грент, а тоа е оној од Детроит, замислете си го во улога во каква денес се Леброн, Вејд и Мело. Како млада фаца која од првиот ден ја освои НБА и колку да немаше потреба од тоа, редовно беше споредувана со Мајкл и заедно со Пени (сасвим друга прича) беа најавувани како негови наследници. Тогаш редовно можеа да се сретнат наслови како Just like Mike...only better. Денес е тоа смешно. Ама тогаш факат не беше. Тоа што му се дешаваше на Грент во овој милениум е веројатно една од најголемите агонии во историјата на спортот. Грент не е еден од оние типови за кои на некого и би му било мило што така ја завршил кариерата. Грент е мистер најс гај, црнец кој се интересира за џез и уметност, кој во секоја прилика им помогнал на другите. Што е најважно, играч кој чувствува морална одговорност да одигра барем една сезона за тимот кој веруваше за него и му даде огромни пари. А можеше да си се пензионира и да не си го поти гзот секое лето. Реткост. Има и јака и позната жена, ама тоа и не е толкава реткост у НБА. Кога само ќе ми текне дека пред две години, кога за да му го зашијат и закрпат левиот скочен зглоб, у кој има повеќе штрафови и метални плочки отколку во Робокап, му земаа кожа од левата надлактица, тоа предизвика таква инфекција од која за малку ќе умреше и да не беше смиреноста на жена му која го однела у болница у бесознание, денес ќе зборевме за Грент Хил, оној кој играше у Детроит и Орландо и кој умре обидувајќи се да се врати во НБА. Вака, Грент е жив, и како што вика тој - скроз здрав. Време е да проба да ја оживее и НБА кариерата и како му доликува да се повлече, после некоја добра сезона покрај младите фаци во Орландо. НБА не е истата лига со и без Грент во неа и иако ќе пуни 34 години и тешко дека ќе може да се врати во некоја стара форма, Грент ја заслужува шансата за камбек и конечно да заборави што е тоа болнички кревет.

Thursday, September 21, 2006

Џејлблејзерот Зеко
Ммммммммммммммммммммммммм....
Зекари Рендолф пак се извлече и нема да мора да иде на суд. Ако сте спремни за експлицитни страви (и ствари) еве ви го задњиот случај на Зеко у ПДФ формат. Гледајќи го сегашниот состав на Блејзерси и знаејќи ја муката на управата да направат се за да го избришат имиџот на Џејлблејзерси, ме чуди што Зеко не е казнет за новата негова глупост, по онаа од јуни кога беше совозач во ауто регистрирано на негово име кое не застанало кога го стопирале цајкани, па потоа у потера, како на филм биле сопрени и приведени. У аутото биле најдени два пиштоли пуни со муниција у нив, ама Зеко беше ослободен откако покажал дека има дозвола за носење "скриено оружје"!?!?!?
Не личат на мене, а?
И тоа не е единствен кикс на дебелиот кој преклани и се степа на тренинг, беше фатен со трава итн...Зеко останува задња алка од Џејлблејзерси, ама не верувам дека тие би се решиле од него како Бонзи, Шид, Рубен и остали. Не за друго, него затоа што немаат друг каковтаков солиден играч у екипа. Еве и поглед на задњата дешавка на Зеко од страна на одличниот Џон Канцано, кој редовно ги покрива Блејзерси. Линкот тука.

Tuesday, September 19, 2006

Бонзи, Шонзи...
Пред отварањето на трејдинг прозорот во јули три имиња се спомнуваа во скоро секоја анализа како главни играчи на пазарот. Бен Волас, Ал Херингтон и Бонзи Велс. Со Бен знаеме што се деси кога Булси ограбија неколку банки во Чикаго да им го лапнат на Пистонси и да го направат Бен еден од најпреплатените играчи во лигата. Ствар која добива уште повеќе на тежина кога ќе се сфати дека Бен е дрво у напад, не знае да погоди чист шут, има едно единствено пост движење и не знае што е тоа слободно. Парите кои ги доби не се даваат на некој кој знае да игра само одбрана, иако стојам на своето дека за добра одбрана на некоја екипа е потребно повеќе од еден или двајца играчи. Дефанзивните квалитети на Бен ќе се истакнат и во Чикаго, зашто Скајлс има сличен систем, ама од него ќе се бара и нешто у напад, а тоа е за него како секоја епизода на Икс-Фајлс. Детроит знаеше колку вреди и затоа не му ги даде парите кои ги бараше, а и системот на Флип е нешто сасвим друго од тој на Лери Браун кој го истакнуваше Бен како дефанзивец и не бараше ништо друго од него. Тоа најдобро се виде у плеј-офот. Ал и неговиот потпис за Индијана беше најлошо чуваната тајна у лига, а мајсторите у Атланта на чело со Били Најт успеаа целата работа да ја одолговлечат до максимум. Кога се се заврши Инди го доби Ал, а Хоукси-стапот. Најт се правдаше дека не му требал ни еден играч од Пејсерси, затоа и побарал само драфт пикови за возврат. Логична одлука со оглед на тоа дека Атланта е покриена на секоја позиција и еден Џеф Фостер, кој има ефтин договор, никако не би им помогнал под кошот или пак Тинсли, затоа што имаат неколку класа плејмејкери. Ни Јаске не им требаше. Ц. Текстов уствари почнав да го пишувам ради задњиот од овие тројца и реткиот се уште без ангажман. Бонзи бараше клуб кој ќе му даде повеќе од 8 милиончиња по сезона, бараше 10 милиони, доби 10-ка со кромид. Тоа што на Бонзи му пораснаа амбициите по игрите против Сан Антонио у плеј-оф и за него ѕверските 23 поени и 12 скокови не треба да чуди. Истиот пораст во самодовербата се дешавал редовно кај еден-двајца играчи секое лето, со мала разлика што на крајот резултирало и со пораст на контото во банка. Нека ви текне само на Џером Џејмс. Ипак, на Ајзеа за некое чудо не му требаа бекови и не стигна да му понуди 25 милиони по сезона на Бонзи, кој така си остана без клуб и пред стартот на тренинг камповите. Кингси му имаа понудено 36 мил. за пет години, ама тој лагано си ги одби. Сега сигурно сака да има тајм травел машина. Дел од парите си лапна Џон Лососот, а Бонзи доби клоца. Сега како главни играчи се спомнуваат Мајами, Денвер, Хјустон и од вчера Шарлот. Клубови кои би имале корист од Бонзи, посебно со фактот дека ќе го добијат за едногодишна проба од само некое милионче. Мислам дека најпаметно му е да успее да стигне до Нагетси, кои задњиве 50 години немале бек или пак Мајами каде ќе има луксуз да не се очекува многу од него. Хјустон не би му бил паметен потег, а не знам што би барал у Бобкетси. Тоа како тој се најде без работа до сега е спој на многу работи, а главна е неговиот незгоден карактер кој му го скрати престојот и во Портланд и Мемфис, кој го трампаше за Остертаг и Боби Џексон. Дел од оригиналните Џејлблејзерси, Бонзи никако да се снајде како што тоа го направи Шид у Детроит. Ај, можеби ќе потпише за Мајами, па ќе убаци некој важен поен у одбраната на титулата покрај Вејд и Шек...Или пак не.
* * * * *
Деновиве би требало да дојде до ситната, но важна промена која ја најавив прошлата недела. Да не зборам многу да не урочам пак. Плус, има уште нешто ново, али за тоа кога ќе бидне.

Monday, September 18, 2006

Retro Dunk Monday
Мислев да ставам нешто друго, али пошто Шеп подоле го спомна другар му, еве некои од најдобрите ол-тајм куцања. Има за секого по нешто, а го има и летечкиот (не тој) кој колку и да сака никад више нема да се врати.
Летечи (не тој) се враќа!
Баш пред некоја вечер кај мене тука на клупи, криејќи се од Алфите паднавме на муабет. Му викам : „До кај си бе брат? Ја еве 10 кила скинав летово. Уште 10 и топ сум.“ Он мртов озбилен ми вика „ај бе не сери, дај вамо..“ И ете нешо денес ми се јавуе, вика, види весник.. И шо да видам! После тоа сабајлето, ја не можев да станам, он право на тренинг отишол.

Saturday, September 16, 2006

Среќно копиле
Вообичаена "Дерек Андерсон поза"
Негде после втората утакмица од финалето меѓу Мајами и Далас, кога цел свет мислеше дека Диркулес и Мавси се новите НБА шампиони, брат ми ме праша: - "Брат, што му е на Рајли. Зашто ниеднаш не го стави во игра Дерек Андерсон. Момакот е сигурно подобро решение од Поузи, а може и да го одмори Двејн?" А ја му реков: - "Не знам, брат. Веројатно затоа што задњата голема утакмица што типот ја одиграл беше кога играше за Сан Антонио пред пет години." Оваа недела Мајами го откачи Дерек и ми се врати тој муабет, но и времето кога Дерек беше најавуван како можна нова голема ѕвезда. Ми текиња дека некаде 1996-97 година кај нас имаше прилика преку сателитски доста често да се гледа НЦАА баскет, а Фајнал Форот таа година беше првиот пат кога го видов Андерсон. Сега сфаќам колку тоа прво гледање беше показател како типот ќе ја помине НБА кариерата. Таа последна сезона на Кентаки, Дерек имаше операција на скинатите лигаменти на коленото и за малце ја пропушти цела своја задња колеџ сезона. Единствено појавување на теренот му беше кога ги шутна двете слободни во полуфиналето против Минесота и утакмицата ја заврши со два поени за нула минути игра. Како? Па, тогаш на Минесота (у која прва ѕвезда беше Боби Џексон) им беше дувната техничка, а пошто имаше мртва топка у моментот Андерсон смееше да влезе и да ги пуцне двете слободни. И покрај проблемите со лигаментите Кавси го избраа како 13-ти и таму беше дел од млад тим заедно со Ззззззз, Џералд Хендерсон (му текиња на некој?) и Бревин Најт. Но, пак почнаа проблеми со повреди, со мала физичка спрема кои му останаа до ден-денес. Единствена светла точка беше уделот кој го имаше у титулата на Спарси 2001 година. Но, Поп и тогаш знаеше (како со Џексон подоцна), иако изгледаше дека најпаметно е да го задржи дека Дерек едноставно не му треба зашто го добил максимумот од него. Андерсон се шеташе од клуб до клуб, а со некоја ненормална среќа пак стигна до титула ова лето, иако не беше никаков фактор у Мајами. Уште па прошлото лето, кога го потпишаа во Хјустон се попалија дека го добиле играчот кој им фалел да станат кандидати за титула. Сите знаеме како заврши сезоната за Рокетси, а Дерек беше трампан на Флорида само три и пол месеци подоцна за...Џералд Фич. Мене ме чуди една работа, а тоа е истата како и кај Ајзеа или Боб Вајс. Како е можно во НБА да има место за некои генерални менаџери, тренери и играчи кои во својата кариера докажале дека не се способни за својата работа. Дерек не одигра ни една цела асална сезона во кариера, а има две титули и уште потпишува за јаки екипи (иако мислам дека и на тоа му дојде крајот)? Што уште повеќе ме чуди, а можеби не би требало со оглед на оперативното искуство на Мајкл, е како е можно Дерек до ден-денес да носи Џорданки, нови и ретро модели кастомизирани само за него и по негов вкус? Ако ви текиња кога Мајкл ја избаци Џампмен линијата патики негови екслклузивци беа Дерек и Вин Бејкер?!?!?, Мајкл Финли, а единствено добро решение беше Реј Ален. Интересно е што од тој тим на Кентаки единствен играч у НБА е Волтер МекКарти, кој у тоа време беше само уште една фаца покрај главниот тандем Рон Мерсер-Дерек Андерсон. Какво само играчиште ветуваше дека ќе биде па и Мерсер, ама тоа е сасвим друга прича со многу по тужен крај од таа на Дерек "Среќно копиле" Андерсон. ПС: Од следната недела би требало да има една мала, ама многу важна измена во врска со NBA Macedonia. Ќе виите.

Tuesday, September 12, 2006

Среќна пензија, мајсторе!
Исто како и што се однесуваше на теренот, Тони Кукоч најтивко што може и без никаква попма призна дека ја одиграл својата последна сезона лани и дека единствена ствар која ќе ја игра во иднина ќе бидат голфот и повременото бочање кога ќе си се врати во Далмација. За официјалната сторија кликнете тука. Да нема забуна, единственото тивко за Тончи беше само начинот на кој се однесуваше теренот, секој кој имал прилика да го види како игра знае дека неговата игра зборувала многу повеќе од секоја можна изјава. Ако Дражен беше кошаркарскиот Бог за генерацијата на брат ми, тогаш Тончи беше она новото на кое се навлековме сите ние родени кон крајот на 70-те и почетокот на 80-те. Нормално, сите го сакаа и бескрајно го почитуваа Дражен, но во времето во кое Петро доминираше и газеше се пред себе Куки го донесе и тоа како потребното освежување и новата крв, заедно со другар му Дино Раџа.Уште во Бормио 1987 година Тончи покажа дека станува збор за тип на играч кој се раѓа еднаш во 100 години кога со 19 години им одржа лекција на Америте забивајќи им девет тројки (ustvari bile 11-fala znalac).Беше генерација со Раџа, Џорџевиќ и Дивац. Нешто како драфт класата 2003. Од тогаш ѕвездата на белиот Меџик растеше, а трите титули со Југопластика од 1989 до 1991, како и трите титули најдобар европски играч откако за тогаш европски рекорд потпиша за Бенетон само го најавија следниот неизбежен чекор - НБА. Во меѓувреме се деси најголемата можна трагедија со загинувањето на Петро па тронот на лидер на тазе хрватската репрезентација остана испразнет и тогаш почнаа првите критики за Тончи. Колку и да беше играчиште, па дури и покомплетно од Дражен, испразнетото место на Петро не можеше никој да го пополни, пред се затоа што тоа не беше изводливо. Почна да се зборува дека не е роден лидер и дека ја избегнува одговорноста кога е најпотребно. Зли јазици кои секогаш се јавуваат кога нешто нема да тргне по добро, а кои ги има насекаде, па дури и кај нас. Куки ги замолчуваше на најдобар можен начин, со играта на теренот. Фактот е дека на Тончи секогаш, како и на секој голем играч, повеќе му одговараше да игра покрај други добри играчи, а не со пацери. Така, свесен за своето место и начинот на кој може да им помогне на Булси, Куки не реагираше како некоја расплакана ѕвезда и од најголемо европско име го спакува егото и прифати да биде сајдкик на Пипен, а потоа и на Мајкл. Можеби не беше главната, но без него Чикаго тешко дека ќе ја освоеше втората тројка титули. Кога династијата се распадна (или Краус ја растури) Куки без проблеми стана лидер на младите Булси и нивни најбољи играч. Следуваа трејдови во Филаделфија, која го жртвуваше за Мутомбо, краток престој во Атланта каде беше еден од најдобрите играчи и конечно, последната станица - Милвоки, каде со побелено косиче беше професор на младите Бакси. Она што никако не смее да се заборави е важноста и големината на еден Тони Кукоч. За некои нови генерации кои за прв пат го виделе како дел од Булси, Тончи веројатно не е еден од најголемите европски играчи, но тоа е голема заблуда. Сите кои не го виделе Тончи како игра за Југопластика или Југославија пропуштиле многу, а сите кои го имале тоа задоволство знаат дека биле сведоци на нешто големо. Кога би пробал да го споредам Тони во најдобрите евро сезони со било кој денешен НБА играч - не би успеал. Што е уште повашжно, тоа е ефектот кој Куки го имаше на милиони млади деца ширум Европа терајќи ги да го земат баскетот во раце и да бидат како него. Во тоа време ретко кој сакаше да биде некој друг, НБА ѕвездите беа само сон, само стаповите кои едвај се мрдаа сањаа да бидат како Дивац, понекој помрсен сакаше да биде како Раџа, налетуваше понекој Даниловиќ, Комазец или Џорџевиќ, но сите сакаа да бидат како Тони Кукоч. Тоа е најголемото нешто што може да го постигне некој играч, а Куки, како и што играше на теренот, тоа го правеше со леснотија ретко видена пред, а и после него. Среќна пензија, мајсторе!

Sunday, September 10, 2006

СОНОТ од 1992 год. и Доминик во Спрингфилд
Еве ме. После 11 дена у земјата на Европскиот шампион у фудбал, Свецкиот вицешампион и Европскиот шампион у кошарка се вратив дома, каде несреќно сме изгубиле од Англија и РобоКрауч и после срамот у Португал ги наредивме три по ред против Босна, Порто и Хамас. Трите титули на Грците ме удрија у глава додека ги гледав со Америте и у тој момент, и покрај целата мрскотија која ја осечам контра Јанаки и компанија, осетив почит за тоа што го постигнаа у овие три години. Башка организираа и одлична Олимпијада пред две години. Нормално, тоа не го намали сеирот кој го фатив кога изгубија у финалето, само тој сеир беше задржан на "смеење у себе", нормална реакција ако се земе во предвид дека бев опкружен со 10-ина нафурани Грци и 20-ина Срби и измиксани туристи кои беа по-Грци од Грците. Сите освен едно типче, мислам од Сенегал, кое седеше само позади мене и можев да приметам дека го фаќа истиот сеир како и ја. Како и да е, Шпанија сосема заслужено стана Светски шампион прикажувајќи иста игра од првиот до последниот ден. Искључок беше Аргентина, утакмица која не ја гледав. Грците одиграа партија на кариерата со Америте и по газењето од Шпанија сите таму беа свесни дека постигнале повеќе од тоа што го очекувале две недели претходно. Ману, Андрес и компанија кикснаа кога беше најпотребно, така да не ги обвинувам што одиграле без срце за 3. место. Америте се посебна прича, ама тоа што им се деси и не ме изнеади многу. Нешто што никој не го спомнува се ФИБА правилата како и годините на саставот на Кшижевски, кој беше најмлад у Јапан. Уште поголем фактор е системот на игра и годините кои од копиљи ги поминуваат заедно играчите од другите селекции само поради различниот систем на работа. Кој е најдобар и каде се игра најдобрата кошарка е сосема јасно, исто како што беше и пред Јапан. Разликата сега од тоа што беше пред 14 години кога започна СОНОТ е во тоа што тој Сон од тогаш почнаа да го живеат деца низ целиот свет. Мајкл, Меџик и остали им го дадоа Сонот на сите и во Барселона се зачна новиот изглед на светската кошарка. Плодовите од таа "љубов" денес ги гледаме низ цел свет, а НБА стана од лига во која играа најдобрите Американци во лига за најдоброто од целиот свет...Јапан ни малку не го намали митот на НБА, напротив - само го засили.
* * * * *
- Флајт, одличен текст за најава на Фајнал Форот на СП. До коска ја погоди слабоста на Америте, Софокле ефектот, бековите на Јанаки, колапсот на Аргентина и т.н. Али најбољи дел е компарацијата Гарбахоса со Андоре Џуниор. - Марче остави он-поинт коментар после финалето. - Бето, грешка си за тоа дека Шпанците незаслужено станаа светски шампиони. И тоа ептен си грешка. Па уште како без Пау ги намачкаа на лепче со малсиново масло Грците у финале. М-м-м-м-м. Бред Милер?
* * * * *
Толку за СП. Она што е најважно деновиве е примањето во Спрингфилд на Доминик, Баркли, Думарс и уште по некој. Оние кои се со МакНБА веѓе некое време знаат кој е главниот виновник за моите почетоци со НБА. Еве што за него вика чичко Штерн, а онда и самиот Ник заедно со неколку линкови за целата прича. Посебно вреди да се читне тој за тесктот на Ленг за СЛЕМ, текст кој го имам прочитано пред некоја година. "At a time when our league was being elevated, he was iconic for what he could do with the basketball" - David Stern. "Dunking was just a small part of my game. Dunking was just an intimidating tool I used. I had a much more rounded game than just dunking. To get 26,000 points, you don't get them all on dunks." - Доминик. "Domination" од Ленг Витакер. Сторија на SI. Сериозен поглед на стварите од страна на YAY!
* * * * *
Шеп, ја утна за еден месец прогнозата за побрадатиот и побушавиот Гасол. Пау ипак ќе одмара 4 месеци. Се читаме...

Friday, September 08, 2006

Пост из мрскотије
Вие смејте се - ама него не му е до смеење - мора на операција и ќе паузира накај 3 месеца
Пошто фати период на фудбал; патриотско-капиталистички прослави и почеток на школска година, NBA Macedonia западна у мал лаг.. Сепак, еве малце рандом: - The Basketball Jones [тој будалиот тип со плеј-бај-плеј постот за САД - Грција], пишува кирилица :) - Следнава сезона Џумејн Џонс ќе има просек од 19 поена, 7 скока и 6 асистенции по натпревар, пошто потпиша за Феникс, пред недела дена. Јас не обраќав многу пажња на тоа, ама оваквото сознание го добив откако го прочитав неговиот профил на Хупсхајп кој гласи вака: Able to play both forward positions... Explosive... Great in the open court... Has three-point shooting range... Very effective shooting from the corner... Pretty good rebounder... Tenacious defender... Should drive to the basket more often... An underrated player.. E сеа, имајќи у предвид дека Неш од гумени чизми праи чамец (К-15), кузнае шо ќе напраи од Џумејн.. (се разбира, се зезам, овие од Хупсхајп не се арни чим ваков профил избациле). - Дејвид Весли потпиша за Кливленд и ќе му конкурира на ЛеБронз во категорија за најбољи бицепс. Иначе тој Дејвид Весли е жив малер - учествуваше у сообраќајката во која почина Боби Филс; у Њу Орлеанс рече „после мене потоп“ (и би потоп); а Хјустон лани ги изгуби и ТиМек и Јаоза.. ова онака, процедурално. Ете сеа го потпишале и Џејкобсен (Хјустон, кои ги фати „после Весли потоп“ синдромот). - Коби на својата турнеја у Азија (види го фотово на Јеј) се изјасни за репрезентацијата: “Years playing together will jell us as a unit, [but] if there is no chemistry, it’s going to be tough to beat all those talented teams.” - Конечно Енко може да биде среќен: Доминик, заедно со Баркли и Думарс е у Хол оф Фејм. Сеа ваљда не е више Шејм, можда само Лејм. - Пејтон ќе игра уште една година у Мајами. И Зо претходно потпиша за уште една година. И залижаниот исто. Ја чисто сумњам у нивен бек-ту-бек. - Софоклис можда ќе игра у Клиперс (они ги имаат драфт правата, а договорот му кошта пола милион.. можда не сака да биде замена за Бренд, кого го отвори два прста на Свецкото.. еве едно клипче* за потсетување: * - со многу грда музика

Tuesday, September 05, 2006

Retro Monday + Свецко из оувер
Ај прво за Светското.. Без многу желба го пишувам ова (да имав желба уште вчера ќе пишев). Во натпревар на најлошото од Медитеранот, Шпанците без Гасол станаа Грци и ги победија Грците, кои станаа Срби после победата над Америката. Иако на хартија Шпанците без Гасол беа малтене отпишани - сепак, се знаеше дека во натпреварот ќе влезат гладни за победа, особено после мачното полуфинале со Аргентина. Она што ме разочара беа Грците, кои духот како да го оставиле во сиртакито претходната вечер, а згора на се` промашуваа све што можеа да промашат. На крајот излезе дебакл. Тоа е. А сега, да се запази чудната традиција (која ја почна Енко). Секој втор понеделник ретро клипче.. (иако сега е вторник, ја се понашам ко да е понеделник). Нели е ретро во права смисла на зборот?! :) Stay Tuned, We'll Be Back For More. Sponsored by Geeks go Greek..

Friday, September 01, 2006

Е-Лада и Е-спања(ќ)

Пред да почнам еве едно стрипче од Јеј..

А еве и цитат од момакот MJD кој со Д Кавалир од Јеј се кладеше и доби 100 долари (за курва :) ) дека САД нема да освојат злато:

[...] Somewhere, Ben Wallace, Jermaine O’Neal, Paul Pierce, Michael Finley, and George Karl are sitting around thinking, “Ah, screw you guys.” After the 6th place finish in the 2002 World Championships, they, and the rest of Team USA’s roster, were called selfish, lazy, and everything else you can think of. You know, maybe they tried their best, and everyone else was just better. You’ve just gotta give it up for the Grecians. They were extremely deep, extremely sound in the fundamentals, and just very very good at what they do. In terms of sheer athleticism, if the United States is a 100 on a scale of 0-to-100, then Greece is still like a 58. But they know what they’re doing. They can ball. How many times last night did they bring a guy in, ice cold off the bench, and then see him make a perfect play to get a lay-up? It was beautiful. It really was. And it made our game look ugly. [Break Out The Olive Oil]
Цел ден го смислувам почетокот на постов; колку и да ви се чини едноставно, не е – али ај да се опробам – САД се елиминирани, Грција оди во финале.

Она што се случи денес во Саитама беше победа на старошколска европска кошарка, против она што многумина го нарекуваа New Age Dream Team Basketball.

Пред околу година дена, на големо серев за разликата во квалитет меѓу европската и американската кошарка; за разликата во класи меѓу играчите; за тоа како Американците се „гледливи“, додека од Европејците, нарочито тогаш тазе крунисаните шампиони, Грците, ми се повраќа.

Грците денес беа одвратни за гледање само од следниве причини:

  • ако сте Американец
  • ако сте туриле пари на САД во кладилница
  • ако сте напален „патриот“ и мислите дека кошаркарите имаат врска со проблемите со името, ембаргата и тн.

Уствари, како победи „маншафтот“ (ова има повеќе разлози, еден нека биде баварското зачнување на современа Грција, друго нека биде влијанието на Рехагел врз целокупниот развој на грчкиот спорт, односно наметнувањето на германскиот менталитет и инает):

  • Имаа баш powerhouse во рекетот – младиот вепар Софоклис Скордијанидис (или како и да се чита). Софокле им наби комплекс (можда и Едипов) на Бренд, Хауард, Бош и LeBronze со својата снага, јачина, интелигенција и репертоар на потези за кои пола центри у Лигата би можеле да сањаат. Хорогче, положуење, финта шутче, улаз, отсвртување..
  • Тео Папалукас – момакот подели 12 асистенции, од кои бар 8 беа после онаква најбазична игра 2-на-2 со отварање. Тоа не е ништо нарочито - се учи у секоја кошаркарска школа. Така се игра у секое маало; стално доваѓаат двајца другари на кош, едниот покрупен и појак, другиот попокретен и поспретен, и крупниот му праи блок на овој другиов, и се отвара, при што прва опција на тој покретниот е да му ја спушти у рекет на дебелиот. Тој „покретниот“, најчесто беше Папалукас, и им одржа мала школа.
  • Блокови без топка – исто така имаше повеќе пати ситуација на изведување од страна или доле; да се примени фамозната тактика 1-2-2; која нема потреба да напоменувам дека се учи у секоја баскет школа и која е основа за сите натамошни тактики.. побогу, оној фаул-кошот на некој, не ми текиња кој, беше истото школско движење што го играат копиљаците јуниорска лига шо гаќиците им се 5 броја поголеми и им се влечат по земја.
  • Уиграноста и искуството – како што Енко вели, Грците се мање-више заедно од момчешки дани, заедно играле по кадетски репрезентации, заедно иделе у војска, заедно иделе по дискотеки, јадрото на репрезентацијата се „гаи“ веќе неколку години заедно.. едноставно, се ЗНААТ и знаат како да играат ЗАЕДНО. Тука се и ним својствените инает, луда муда, лукавост и на моменти дрскост за да сторат се` што е во нивни раце и да си го земат она што им се нуди.. а ако нема ништо на готово, ондак идат и го корнат со зуби.
  • А како изгуби Дрим Тимот:
  • Одбрана срање. Кое е тоа играње пресинг без мафтање руки. Вејд и ЛеБронз беа најочигледни примери за тоа – вејд го брка спанулис по цел терен, и не му изнуди ниедна грешка (дали лична, чекори, дупла, 8 секунди, лош пас, не е битно). Напротив, направи пар глупи лични у последна четвртина од шо не знае да игра одбрана.
  • „Стратешките пропусти“ на К. Зашто кога цел свет збореше дека Грците го цедат семафорот за напад, дека имаат спремни акции за 20/10/5 секунди до крај на напад.. он реши да ги трча неговите у напад. А против Грција, погубно е да трчаш. Против Грција се игра шах (она што го критикував лани, а сеа му се дивам, затоа што гледам дека не секој е способен да игра шах – затоа што за шах треба ум).
  • „Кадровската политика“ на К. Зашто не го форсираше Хауард, не ми е јасно. Дури и допушти во периодот кога се играше без центри, кога Јанакис го вметна Софоклис, него да го чува ЛеБронз (?!), па му правеа глупи фаули, од кои најпогубен беше неспортскиот на Хинрич.. овај Хајнрих :) и зашто не проба со Џејмисон да одговори на Фоцис, Какиузис и ним сличните високи-а-подвижни крила кои ги ребреа од полудистанца и од рекет..
  • Изгубеноста на Вејд и ЛеБронз (тука влагаат и Пол и Батие и Бош, он поише ради летаргијата него глупоќата). Абе глупи се, не знам, иде ЛеБронз на 16 секунди до крај, куца од слободно со две раце, ѕверски, на минус шест разлика?! Вејд утиња куцање, утиња слободни, утиња све.. па уште тие циничните фаци.. е глупи се стварно, она фундаментално глупи, цел свет да те глеа како се посеруеш на нечив труд. Кога К. беше доволно лековерен да им даде доверба, зашто бе не се покажаа.. уште не ми е јасно.
  • Тоа што од многу теретани, стероиди, тетовирања, сликање, стегачи, плетенки, брадички, патики, чорапи, музики, и шо ти ја знам немале време да повежбаат слободни бацања (па у маало на АМЕРИКАНКА да ми дојдат ќе изгубат со такво пуцање слободни од бедни 58%.. и сеа уствари не знам зашто се вика „Американка“ коа Америте не знаат да пуцаат слободни).. и ради ебаните утнати 20 тројки.

Денес, Американците беа послаб противник.

А тоа што се деси на Аргентина – Шпанија, иако беше крајно драматично, мене ми е у втор план. Џинобили, Носиони и другарите по јакиот почеток, ми делуваа некако „неинспирирани“, ко да играа ради реда, цело време се осеќаше „можеме да ги стасаме ако сакаме“, и кон крајот полека почнаа да се освестуваат, али за жал фрката и изгубениот осет за тесни утакмици (со оглед на тоа што исклаа скоро све по 50 разлика, на другите пак водеа цело време), изгубениот осет за играње под притисок при негатива, си го направија своето.. значи, иако Гасол и другарите изиграа солидно, мојот впечаток е дека Аргентина изгуби повеќе отколку што Матадорите победија.

UPDATE [links]: Патетични Амери се тешат дека ко ќе го викнеле Шек у екипа ќе тепаат на Олимпијада

Баскетбол Џонс, има цимер Грк и праи пренос у живо на блогче [МОРА ДА СЕ ВИДИ!!!]

Мои фаворити од Џонс:

  • Starting 5 for USA: Anthony, Joe Johnson, Brand, LeBron and Hinrich. As for Greece:? Um, I’m not writing that down. Just imagine a lot of l’s, o’s, and u’s…
  • Heavy Greek support in the crowd, banners all the way down. When will the NBA start doing this?
  • Hairy Greek man with a beard for 3! Early on its 13, 12 USA. (And I can’t stress the word “early” enough. *Chugs coffee*)
  • Greece hits another 3! What the “Hellas” going on!? (Oh man, I was saving that one.) Greece up 12.
  • Grish (цимерот Грк): “Break out the Ouzo, baby!”
  • Seriously, how do you say “pick and roll” in Greek? Delta Phi Sigma?
  • OPA! It’s over. 101-95 Greece. Somewhere in the world Kobe Bryant is smiling…
  • и у коментари следи:
  • Tas Melas just broke all the plates in his house. (другар му грк - умрев од смеење)
  • i, too, made the mistake of staying up to watch this embarassment…i had nightmares of balki bartakamos and cousin larry smoking me with the pick-and-roll all night last night (балки бартакамос ааааа)

Клик тука за пуна порција смешки

τελικός
Папалукас и Спанулис, ѓоа Ахил и Патрокло
Зорба слави победа Toυς ΞΕΦΤΙΛΗΣΑΜΕ!!! 100άρα στους ΑΜΕΡΙΚΑΝΟΥΣ!!!!
Се јави и Енко, со мини-текстче од лице место (не од Јапан, од Грчка)
Сиртаки (blogging from Greece)Шекил?!
Овде е лудница. Грциве се убија од викање. Има и зошто. Уште еден доказ дека колективот е увек на прво место. И долгото играње заедно. И искуството. Не заборавајте дека Грциве, како и Шпанците и Аргентинците се заедно од коа играле баскет у маало. Пред зграда. Мислев дека ќе ми биде мрско, ама не ми е. Софокли е ѕвер. Америте се млади, има време за нив. Се ми се врти низ глава како ќе беше да играше стварно најдобрата комбинација на NBA играчи, а не „new kids on the block“. Нејсе, отидов, почнаа да делат гратис суфлаки. Ако, само у финале нека изедат СУФКАКИ и се` ќе биде ОК. Go, Argentina! Моите впечатоци подоцна.