
Wednesday, August 31, 2005
Паметниот момак Јао

Tuesday, August 30, 2005
Nick the Quick дојава во Аламо

Monday, August 29, 2005

Friday, August 26, 2005
Сите чекаат на Финли
Како што секогаш по бурата следи мирно време, така и во НБА по фуриозното отварање на трансфер пазарот со најголемата трампа во историјата, неочекуваното заминување на Џо Џонсон во Атланта и целата сапуница која настана меѓу девете газди на Хоукси, Vegas Baby 2007, , откажувањето на Нетси од Риф и неговиот ангажман кај Кингси, девете прсти на Грин и 18 амнестирани у пет до 12, работите се смирија до тоа ниво да вест на денот стигна да биде трејдот на Џејмс Џонс од Индијана во Феникс во размена за пик од 2.рунда на драфтот 2008.
Дека нешто не е во ред покажува и фактот дека главно име на пазарот е Мајкл Финли, кој по клоцата од Далас мирно, во својата соба во еден хотел во Чикаго ги разгледува понудите кои лично досега лично му ги доставија Рајли и Стен Ван Ганди (Мајами), Амаре Стадемаер, Мерион, Џери Коланџело и Д’Антони (Феникс), Попович (Сан Антонио) и Гарнет, Мекхејл, Кејси (Минесота). На пат за Чикаго следната недела се спремаат и некои важни фаци од Детроит и Денвер.
Јас лично мислам дека најдобре решение за Финли е Мајами, каде тој ќе биде дел од првите пет (иако нема да игра на својата природна “двојка”, него на “тројка”), ќе биде дел од една од најдобрите екипи на Истокот и во лигата И ќе игра покрај најдоминантниот играч во историјата. Точно дека на Флорида кетово се преселија доста нови играчи и на сите нив ќе им биде потребно време да се уиграат, но и тоа е ипак боље него да мора пак патот до Финалето да го поминува преку Сан Антонио.
Што не носи кај Шампионот, кој реално е најпростото решение за Мајк. Но, таму тој нема да биде стартер и заедно со “Bones” Бери ќе мора да ги одмара Ману и Боувен. Велам нема да биде у првите пет, затоа што нема појма од играње одбрана, што е специлајност на Брус и е еден од клучевите на успехот на Спарси.
Друга опција за останување на Западот е неговиот прв НБА клуб, Феникс, каде се уште е еден од омилените играчи, каде се уште има куќа, каде пак би играл со Неш и каде би влетал на местата ослободени од Ричардсон и Џонсон. Но, и патот на Санси води преку Данкан и компанија, што и не е баш нешто позитивно, ипак е боље во другата конференција.
Што пак не враќа на Истокот, но овој пат кај ланскиот финалист Детроит, кој би сакал да го види Финли како замена за РИП и Принс, но Мајк би сакал да биде стартер, иако Пистонси звучат интересно.
Денвер е исто така на списокот, но е последен, затоа што Финли мисли дека со нив нема шанси да се бори за титула (плус, пак е на Западот).
Како еден од одлучувачките фактори може да биде и сега екс-газдата Марк Кјубан, кој јавно изјави дека нема да брза со исплаќањето на 51 милиони кои по амнестирањето му ги дужи на Мајк ако овој остане на Западот и му се приклучи на тим кој ќе му биде директен конкурент на Далас. За да биде појасно, газдите на клубовите кои амнестираа играчи немаат обврска веднаш да почнат да им ги исплаќаат сумите кои им остануваат во договорот, тие тоа можат да го одложат и на година-две ако сакаат.
- Нешто што ми прави ќејф летово, а не сум го спомнал до сега е тоа што ни еден клуб не го сака Латрел Спривел, барем не за парите кои он мисли дека ги заслужува. Знаете зашто ми е ќејф? Затоа што кога лани Вулфси му понудија тригодишен договор тежок 21 милиони, Спри навреден ја одби понудата јавно изјавувајќи како со тие пари тој нема да може ни семејството да си го одржува велејќи “Како јас со тие пари ќе си ги нахранам децата?”
Е, баш да го видам сега како ќе преживее со 7-8 милиони за две години. Кретенот веројатно ќе заврши меѓу Пистонси или Нагетси, зависи од Финли, иако тој би сакал меѓу Лејкерси.
- Друг ветеран кој се спомнува у комбинација за Денвер е Ник Ван Ексел, за кој наводно се заинтересирани и Мајами и Спарси, но пак, се зависи од Мајк.
- Ете, немајќи за што да се пишува и ја се изнапишав за Финли, кој несакајќи и во немање права ѕвезда на пазарот, стана една од топ-темите ова лето.

Thursday, August 25, 2005
А девет, а десет...
Пред да го напишам текстчево имав еден куп наслови во глава кои вриеа од црн хумор ("Грин на прсти знае да брои до девет"...), но од почит кон тинејџерот (тука негде е генерација со Шепард:) решив да не се зезам, со вака озбилна работа. Уствари, тој и покрај ова успеа да стигне каде што е сега, така да заслужува само почит...
Ви текнуе како пред задњиов драфт скоро секој го најавуваше средношколецот Џералд Грин како сигурен топ 10 (некој и топ 5) пик и како едно од најголемите изненадувања на драфтот беше неговиот избор дури како 18.?
Е па, цели два месеци покасно полека станува јасно зашто Грин доживеа таков пад во очите на НБА скаутите. Иако не ми се веруваше од прва (а ни од втора, ни трета…), момакот има ДЕВЕТ прсти, да, да, не десет, него девет.
Као и ја, сигурно и вие се прашувате како може некој кој му фали прст од десната рака да биде НБА играч, и тоа не било каков, него момак кој е најавуван како новиот Мекгрејди, но ако е за веруваше на сите кои го виделе како игра (добар доказ се неговите партии на летната лига), тоа што му фали прст уопште не влијае на неговата игра. Предност е тоа што повеќе ја користи левата рака, а прстот кој му фале и онака не му врши многу работа на помошната десна рака при шутот. Ипак, уште не ми е јасно како без проблеми води топка и куца со десната рака.
Според повеќе извори, Грин прстот го загубил на крајно бизарен начин, уште пред неколку години при едно куцање, кога несреќниот фингер му се закачил во мрежата, по што му горната половина му се одвоила и подоцна не можела да му биде зашиена. Јајкс.
Овде имате уште некоја фотка каде може да се види дека нешто му фале на Грин. Ѕирнете ги убаво, зашто и мене не ми се веруваше (и уште не му се верува).

Tuesday, August 23, 2005
SPAM OFF
Poradi spamerite, ja Ofcharo lichno, duri od ladnata Avstrija, se logirav i prezedov represivni i nedemokratski merki.
Od sega pa natamu, samo registrirani user-i na Blogger kje mozhat da komentiraat.
Lesno se praat akaunti, i ne mora da imate svoj blog.
PS Ajde Aaron McKie u Lakers.. ajdeee nova titula!
PPS R I P Kenyan :(
Monday, August 22, 2005
Feel good Jay + Amare, anyone?

Sunday, August 21, 2005
Riley - the playa

Friday, August 19, 2005
Е, Капетане, Капетане...

Ѓаволот ја напушти Атланта

Thursday, August 18, 2005
Sleepy 'Bron
Ако задњево лето НБА ѕвезда која баскет court-от го заменуваше со судскиот cоurt беше Коби, сега таа улога ја има Леброн. Појавувањето на Брон пред судијата е далеку од помпезното и медиумски препокриеното “судење” на Брајант, а доказ за тоа се одличниве фотки на кои јасно се гледа колкави се шанси месијата на Кливленд да го загуби случајот. Не ми се навлегува детално у целиот хаос, затоа што приказната е јасна и се повторува секогаш кога некоја славна фаца е во прашање, а тоа е дека секогаш ќе се најде по некоја крвопија која мисли дека има легитимно право на дел од милионите. Еве ви линк.
- Покрај ова, поинтересна вест денеска (покрај тоа што секој поозбилен тим е загреан за Финли, а Мајами и Детроит се у предност) е таа дека Вонземјанинот не сака да изврши лекарски преглед кај Клиперси пред тие да му понудат продолжување на договорот за плус две години. Иначе, договорот на Сем истекува следното лето, а по ова е сосема јасно зошто него и Спривел едвај чекаа да ги избркаат од Минесота. Вулфси сега само можат да се молат ова да не го уништи трејдот за Јариќ и да им го врати назад Кесел.




Tuesday, August 16, 2005
18-те АМНЕСТИРАНИ + ФИНЛИ, БИРАЈ КАЈ САКАШ
Поговорката “Тоа што можеш да сработиш денес, не оставај за утре” никако не се однесува на НБА тимовите. Тие тоа го потврдија и со чекањето буквално до последен час да “амнестираат” некое од своите преплатени имиња, иако тоа можеа да го прават уште од први август. Пред синоќа во 00:00 да истече рокот за “амнестирање”, вкупно 18 тима и официјално се ослободија од по еден од своите играчи за кои мислеа дека не вредат парите кои се фрлаат на нив.
Сепак, истите играчи ќе продолжат да си ги зимаат парите од клубовите кои ги откачија, затоа што целата финта во ова ново правило е тоа што таа сума нема веќе да им се рачуна во селари-капот, но ќе мораат и даље да ја плаќаат.
Меѓу “амнестираните имаше и некои играчи кои одамна не се дел од клубовите кои се ослободија од нив, како Бејкер, Морнинг, Колмен... кои се уште имаа активни договори со своите екс-тимови.
Од сите имиња кои се сега слободни во потрагата по нов клуб најактуелен е Мајкл Финли, кој си го потроши кредитот во Далас (доста дебел кредит од кој му остануваат 51 мил. за следните три години). Со оглед на тоа дека и онака ќе си ги земе парите од Мавси, се очекува во изборот на нова средина Мајкл да не се раководи од финансиски аспект, него од желбата за титула.
Ако се земе ова во предвид онда не е тешко да се претпостави кој се наоѓа на неговата листа – Мајами, Сан Антонио, Феникс, Детроит и со помали шанси, Денвер. Како најверојатни дестинации се издвојуваат Флорида и Аризона и тоа поради неколку причини. Можноста Финли да се пресели кај Шек се потврдува со тоа што тренер ќе му биде Стен Ван Ганди, кој таа улога ја имаше и кога Финли играше за универзитетот Висконсин, плус тој и Двејн Вејд имаат ист менаџер.
Мајкл би можел и во Феникс затоа што таму пак би играл покрај својот голем пријател Неш, во првите пет би го заменил Џо Џонсон, кој е на пат за Атланта (се надевам), а воедно би се вратил во градот каде и ја започна кариерата.
За која и опција да се одлучи, Финли ќе биде на чекор до шампионскиот прстен, мада мислам дека со Санси би бил најдалеку од остварувањето на таа желба.
- Кога сме кај Феникс, Санси брзо си најдoa замена за Стивен Хантер кој потпиша со Сиксерси. Ново "сонце" е амнестираниот од Лејкерси, Брајант Грент. Но, Санси изгледа не мислат да застанат на Грент, и покрај Финли се загреани и за Гери Пејтон?!?
- Меѓу ослободените се најде и Реџи , кој уште од зимоска изјави дека ланската му беше задња НБА сезона. Пејсерси мораа да го направат ова за да не им се смета во селари-капот и последната година од договорот на ветеранот, пари кои тој и онака ќе си ги стави во џеб.
Еве ја комплетната листа од сите 18 тимови кои решија да го искористат “екс-Алан Хјустон правилото” и милиончињата кои со тој свој потег ги заштедија.
Далас: $51.8 мил. - Финли
Лејкерс: $29.7 мил. - Брајан Грент
Њујорк: $23.1 мил. - Џером Вилијамс
Филаделфија: $19.5 мил. - Арон МекКи
Портланд: $18.8 мил. - Дерек Андерсон
Милвоки: $13.2 мил. - Калвин Бут
Феникс: $8.4 мил. - Хауард Ајсли
Орландо: $8.2 мил. - Даг Кристи
Торонто: $8.1 мил. - Алонзо Морнинг
Хјустон: $6.35 мил. - Кларенс Ветерспун
Индијана: $6 мил. - Реџи Милер
Чикаго: $5.4 мил. Еди Робинсон
Бостон: $5.2 мил. - Вин Бејкер
Детроит: $2 мил. - Дерик Колмен
Њу Џерси: $1.8 мил. - Рон Мерсер
Минесота: $1.8 мил. - Фред Хојберг
Мајами: $1.8 мил. - Весли Персон
Мемфис: $1.5 мил. - Трој Бел
- R.I.P Александар Гомељски. . Иако припаѓаше на некое друго време, легендата на советската кошарка остави голем траг како на некогашната, така и на сегашната европска кошарка. Има некој меѓу вас кој се сеќава на него?

Sunday, August 14, 2005
Конечно Риф, UFО слета во L.A., Shaq-Punk'd


Friday, August 12, 2005
ФОСИЛИ ДА ТИ ИМАЛО И У АМЕРИКА
by E.Karakash
Најозбилно, ама најозбилно, не сакав да ве запознавам со чичко Чарли, но последниов негов текст стварно ме натера на таков чекор , зашто не ми се верува дека и таму, "преко баре" има новинарски метузалеми какви што има и кај нас.
Мислев дека Костовски, Михајловски, типот кој у МТВ дојде од Сараево и што појма немаше од ништо освен шах, Сидоровски, се локални феномени, но изгледа се заебав.
Како и нашиве "легенди", и чичко Чарли со години е зрел за во пензија,
но затоа што една веќе не толку силна куќа како FOX се уште верува во него, тој и понатаму труе.
Паралелата со нашите медиуми е поширока затоа што покрај МТВ има неколку куќи кои ги хранат овие метузалеми, а предњачи Канал5, каде ни младиве момци не се ништо бољи, (што е разбирливо кога ќе видиш кои им се учители).
Разликата меќу Розен и нашиве "легенди" е у тоа што него веќе никој во САД не го сфаќа озбилно (иако признавам дека еден во 100 текстови знае да му биде ОК), додека нашиве уништуваат цели идни генерации спортски фанови со нивното "познавање" на модерниот спорт.
(Исто како и нашиве фосили, така и чичко Розен бил некад дел од спортската сцена, но за жал (повише наша, него негова), тој денес едноставно не знае што и зашто се дешава у модерниот спорт. Но, благодарение на луѓето во FOX се уште има медиум преку кој ќе ќе ја презентира својата као-стручност.За среќа на луѓето у Америка, таму има и тоа каков ред и традиција у спортското новинарство и голем број како од младите така и од поискусните новинари само се подсмеваат со името на Розен.
Во својот последен бисер, чичко Чарли пишува за најпреценетите играчи во историјата на НБА и потенцира имиња како Јуинг, Баркли, Робинсон, Мелоун, Пит Маравич, Џорџ Гервин, Елвин Хејс, Пејтон.
Но, ако донекаде се согласуваме за Пејтон, никако не може да се оспори трагата која останативе легенди ја оставиле зад себе. Да биде јасно, ни јас никогаш не сум бил некој голем фан на Патрик, на Адмиралот или на Поштарот, но тоа не значи дека не смеам да им одадам почит за тоа што го направиле во своите кариери, а тоа не значи само бројки, туку и цели градови во кои ја разбудиле кошарката и едно чудо деца кои заради нив почнале да ја играат најубавата игра на светот. Истото се однесува и на Пистол Пит, Хејс и Гервин кои истото го правеле во свое време и кое биле идоли на едно чудо идни НБА ѕвезди кои се појавија во 80-те и почетокот на 90-те.
По се изгледа уште тогаш овие легенди го препознале правиот чичко Розен и не му мавале рецка (можам да го замислам Баркли у таа улога:)), па сега Розен сака на некој начин да им се одмазди.
Но, не сфаќа дека вака само го потврдува она што повеќето го мислат за него како новинарски метузалем на кого одамна не му е местото во медиумите.

Wednesday, August 10, 2005
ОШТЕТЕНА РОБА
Ме немаше некој ден од едноставна причина – ништо интересно не се случуваше низ лигата. Освен промоцијата на распоредот за новата сезона, со кој Штерн и другарчињата упорно сакаат да ни наметнат некое ривалство Лejкерс – Маjaми, ставајќи ги пак да играат на Крисмас т.е. 25.12.(заедно со реприза на финалето Детроит-Сан Антонио), немаше некој момент вреден за забележување..
Досадата ја разбија Нетси, кои се понесоа "професионално" и се откажаа од трејдот за Абдур-Рахим .
Како и што пишавме минатата недела, дилот беше ставен он холд откако Риф не го поминал лекарскиот во Њу Џерси, нешто што ги изненадило и двете страни. По недела дена чекање, Род Торн, претседателот на Нетси излезе во јавност со веста дека неговиот клуб се повлекува од трампата за Шариф, која веќе беше договорена со Портланд.
Па што кој *** чекавте недела дена за да го откачите човекот, зошто одма кога не ви го поминал прегледот не му кажавте дека не сакате да го ангажирате? Вака му нанесовте штета да се намали бројот на тимови заинтересирани за него, а дефинитивно му ја скративте шансата да се бори за титула, затоа што пред да се умешате, Мајами беше силно загреан за Риф (Рајли свесен дека нема да дојде до Абдур-Рахим договори трејд со Бостон за Вокер).
Но, не е само ова штетата која му е нанесена на Риф, многу поголема е тоа што сега низ лигата на него ќе се гледа како на "ОШТЕТЕНА РОБА", ќе има интерес (Kings?), но никој нема веќе да му понуди договор каков што ќе го имаше во Џерси, договор каков што заслужува.
Сепак, ако се погледне малку подобро, оние што губат у моментов всушност се Нетси. Во Шариф тие ќе го добиеа делот кој им фалеше во првите пет, "четворка" која секоја вечер ќе биде околу дабл-дабл од некои 20 поени и десет скокови. Вака им остана дупката на високо крило за која тешко дека сега ќе најдат закрпа. Со Риф, Кид, Картер, Џеферсон и Крстиќ ќе имаа петорка која ќе беше една од најдобрите во НБА, вака остануваат далеку зад Индијана, Мајами и Детроит.
Освен пропаѓањето на дилот меѓу Риф и Нетси, она што веќе недела дена ја дрма лигата е хаосот кој се дешава во Атланта. За ова најискрено не ни сакам нешто многу да пишувам,, затоа што како еден од ретките фанови на Хоукси ова многу ме нервира. Баш кога твојот тим е на раб по неколку сушни години да доведе играч кој сака да игра за Атланта и кој за да игра за нив (и за нешто плус кеш) се откажува од тимот со ланскиот најдобар скор во лигата, се јавува еден морон кој сето тоа сака да го фрли во вода само со цел своето име да го гледа секој ден по весниците.
Како што објаснив и порано, на чело на Атланта не стои еден газда, него дури девет типчиња, кои се дел од три посебни фирми кои пред две години се здружија да го купат клубот од АОL/Тime Warner. Еден од тие девет, Стив Белкин упорно одбива да даде свој аманет за трејдот, а тоа што баш тој идиот е НБА гувернер ја кочи работата. (Секој тим има по еден гувернер кој е задолжен за ставање потпис на секој дил).
Целиот случај дури стигна на суд, преку што останатите осум газди сакаа да се откачат од Белкин и без негово одобрение да ја реализираат трампата за Џо Џонсон. Но, судијата како да му е другарче на Белкин, па денес одлучи дека уствари баш Белкин е во право, а другите осум, плус генералниот менаџер на Хоукси Били Најт, легендата и претседател на тимот Доминик Вилкинс, милиони жители на Атланта и сите нивни фанови не се во право.
Сега другите газди спремија нова стратегија да се откачат од Белкин, а тоа е директно да му се пожалат на чичко Дејвид Штерн (како ова не им текна одма, не знам) , кој барем јас мислам така ќе направи се да го дистанцира Белкин од НБА затоа што такви квази-газди само му наштетуваат на имиџот на продуктот кој тој го продава низ цел свет.
Од сево ова не губи само Атланта, него и самиот Џо, кој ни крив ни дужен заглави во глупостите на милионери кои се караат за ситни пари. Разврската за целиов хаос би требала да уследи во следниве неколку дена, а до тогаш не ги чепкам Џо и Хоукси (и се молам Белкин да си се врати во пеколот и више никад да не го видиме).
"Малку е касно за тоа пријателе" - Белкин му пружа рака на Најт
PHOTO UPDATE
The real Stiv Belkin...by SLAM




Saturday, August 06, 2005
Вива Лас Вегас
by E.Karakash
Неколкугодишната акција на главните фаци во Лас Вегас (како и дел од газдите, пред се браќата Малуф и Кјубан) вродија со плод и “Градот на коцката” 2007 год. ќе ги угости најголемите НБА ѕвезди,што е првпат во историјата на овој натпревар тој да биде одржан во град кој нема свој НБА клуб.
Сево ова е голем чекор напред од ставот кој Штерн и другарите упорно го потенцираа последниве неколку години дека Вегас никако не може да се поврзе со НБА како продукт и дека коцкањето (кладењето) се пречката која градот веројатно ќе го чини свој клуб. Но, парите и потенцијалот на Вегас по се изгледа го омекнаа и овој став, затоа што сепак Штерн е бизнисмен, а ретко кој бизнисмен може да си дозволи да не биде дел од еден од најголемите пазари во САД, во што Вегас израсна изминативе десет години.
За малку да замачка очи, комесарот изјави дека во игра бил и Њу Орлеанс, но тој сакал лигата да им ја приближи и кон не-НБА градовите, велејќи дека во игра за 2008 или 2009 би можел да се најде и Парис (Штерн додаде и дека за време на Ол-Старот сите казина ќе го блокираат кладењето на овој меч . Иначе, казиното Palms hotel кое е во сопственост на Малуф брадерс, кои се газди на Сакраменто, и онака не прима облози на НБА средби.
Но, ова е несомнено чекор кон она што во иднина би требало да уследи, а тоа е НБА клуб со седиште во главниот град на Невада. Како главен проблем за такво нешто се уште е кладењето, кое за разлика од кај нас, во цивилизираниот свет не се прави по кладилници, него по казина или оn-linе. Ниту еден од градовите кои имаат свои клубови не смее во своите казина да прима облози на НБА средби, но ако им е за верување на повеќето сопственици на казина во Вегас, тие за цена на основање франшиза во својот град се подготвени да се откажат од кладењето на НБА. Ова е логично, затоа што се свесни за финансискиот дел кој можат како туристички центар да го ќарат со глобално прифатениот продукт каков што е НБА.
Но, ова може да биде меч со две оштрици, како за газдите на евентуално новиот клуб, така и за тие на казината. Прашање е колку од викендашите кои го преплавуваат Вегас во тој период ќе сакаат да се откажат од задоволството на кое што чекале цела недела, или пак колку од пензионерите (ви текнуе као по филмовите, оние кои спијат по апарати) ќе станат од своето коњак место за да отидат на некоја си таму НБА утакмица. Исто така, прашање е колку казината би можеле да загубат од своите муштерии ако тие се одлучат наместо вечерта да ја минат во нивните казина, тоа да го направат на НБА меч.
Собирот на "Сите ѕвезди" 2007 е вистинскиот тест за оваа идеја и тој најдобро ќе покаже колку Sin City е подготвен за свој НБА клуб. Идеја зад која веќе застана една баскет легенда, која со се срце би сакала да биде една од газдите на таквиот клуб. Не, не е Мајкл, кој е голем љубител на коцкањето, туку Меџик, кој верува дека на тој начин повторно би се вратил меѓу оние чив збор нешто значи во НБА. Судејќи според сликава, тој веќе почнал да се спрема за таа улога.



Friday, August 05, 2005
Чекална за Шариф и Џо

Почна амнестирањето


Thursday, August 04, 2005
Гужва у Кинеској четврти
И Кина има свој Обурн Хилс.
Ај прво ѕирнете ги фоткиве:
Поише имате тука.
Изгледа познато, нели? Ова се дешаваше минатиов викенд на турнир во Кина за време на мечот меѓу домаќинот и Порторико. Во извештајот по средбата стои дека тепачката траела три-четири минути, јужноамериканците биле залевани со вода и сокови од пластични шишиња, а не си отишле а да не пробаат и пуканки, у фаца. Сето тоа било зачинето со пцовки на сметка на Порториканците кои ги скандирала публиката.
Тепачката наводно почнала кога Ји отишол на положување (јасно е дека Ји не е Порториканец, нели?) при што бил грубо фаулиран од центарот Мануел Нарварез Евентс. Одма потоа Ли и Мо (као у некој стрип) ја напуштиле клупата на домаќините по што настанал невиден хаос у кој не се знаело кој кого мава.Сето ова траело неколку минути по што латино фраерите спасувале жива глава бегајќи во соблекувалните.
Баш ме интересира кој колкава казна ќе попие, кој ќе биде кинескиот Рон Артест – Ли, Мо или Ји.
…Ако некого интересира мечот го добила Кина со 91-80 цели два часа по масовната тепачка.




Wednesday, August 03, 2005
Ајде сите во Мајами
by Karakash
Знам дека реков недела дена без постови, но лудницата која настана на НБА пазарот откако тимовите и официјално можеа да прават трампи, да потпишуваат нови играчи или да си ги задржуваат своите слободни агенти ме разбуди од летниов сон (ако може така да се нарече лежење на +40).
Ова е прв пост во пост Shepard ерата , кој којзнае што прави сеа mit Ostereich madchen:).
У само 24 часа од отварањето на пазарот се случија едно чудо работи, некои од нив ви ги најавивме уште пред месец дена (Stro, Shareef, Wells, Haslem), но имаше и некои дилови кои беа договорени само неколку часа пред 00:00 меѓу вчера и денес.
Најголем бум направи Мајами кој за само неколку часа, преку најголем трејд у историја , во кој учествуваа 13 играчи,
се засили со Ентоан Вокер, Џејсон Вилијамс и Џејмс Поузи (или како што у Мак.Спорт го пишуваа Пуси), а за да ги добијат нив се откажаа само од Еди Џонс и уште по некој иден пик.
Во ова трио Heat добија осигурување на неколку критични позиции.
Тачно дека Еди на почеток ќе им недостига, но Поузи би требал да се уклопи и без проблеми да ја врши задачата за која е најдобар, а тоа е чувањето на противничките најдобри стрелци. Општо познато е дека The White Chocolate не е баш момак кој знае што значи зборот контрола, но во тим во кој се знае кој е газда и во кој ќе има многу повеќе процтор за игра неговиот голем талент би требал да дојде до полн израз. И на крај Вокер. Некогашниот Ол-Стар досега и самиот сфати дека не е тип на играч кој може да биде лидер и прва опција, но токму оваа негова мана го прави совршен за во Мајами. З’ш? Затоа што никој од него нема да очекува по 20 поени секоја вечер, затоа што со своето меко шутче ќе му олесни многу на Шек и ќе ги замисли сите противнички тренери пред да се решат да го удвојуваат Дизелот.
"We traded a lot, but we got back three quality players. Antoine Walker is one of the very best multi-faceted, versatile players in this game. ... He is able to handle the ball, pass it, make plays, shoot 3's and rebound the ball. There isn't anyone in this league better at doing that." - изјави Рајли
Но, Пет заврши одлична работа не само во засилувањето на својот тим, туку и во олеснувањето на селари-капот.
Не смее да се заборави најважниот дил на Рајли, а тоа е потпишувањето на Шек
на нов петгодишен договор тежок само 100 милиони. Зашто само? Па затоа што до пред само неколку дена се веруваше дека Дизелот нема да прифати сума помала од 125 мил., но свесен дека со тоа само ќе ги намали средствата за нови имиња, Шек направи голем гест прифаќајќи драстично помалку пари.
- Покрај Мајами и најголемата трампа во историјата на НБА, и Њу Џерси со неколку потези стана сериозен кандидат да се врати на местото на кое се наоѓаше пред три-четири години. Нетси преку потпис-трејд дојдоа до Шариф Абдур-Рахим, за кој скоро и да не се откажаа од ништо (иден пик од 1.рунда плус некое милионче).
Покрај Риф, Нетси си го задржаа и чичко Клиф Робинсон и им го лапнаа на Кавси Џеф Мекинис кој ќе треба да го одмара Кид, а и да игра по малце и на "двојка".
Абдур-Рахим и Мекинис ќе му се приклучат на темелот составен од Џејсон, Картер, Џеферсон И Крстиќ и со право ќе им конкурираат на Мајами, Детроит и Индијана за врвот на Истокот.
- Не можам да ви опишам колку сакам Џо Џонсон да заврши у Атланта. Како што стојат работите работата е скоро готова, а за Феникс да не остане со празни раце газдите на Санси се согласија на потпис-трејд од кој ќе го добијат Французинот Борис Диа, плус иден пик од 1.рунда (заштитен) и уште некои 4.9 милиончиња. Моментално има застој у дилот, кој изгледа е само од административна природа (се надевам).
Што друго се случи у овие 24 часа :
- Како и што беше најавено, Кливленд се засили со Лери Хјуз и Донјел Маршал плус си го задржа Зззззззз.
- Сан Антонио потпиша нов договор Роберт Хори, а и му донесоа друштво на Ману во аргентинскиот центар Фабрицио Оберто.
- Стро е нова "ракета"
- Њу Орлеанс очигледно сака Европјани пошто Хорнетси не само што си го задржаа Боштјан Нахбар, него и го прибраа литванскиот шутер Арвидас Мацијаускас.
- Њујорк им го лапна Џером Џејмс на Соникси.
- Во Филаделфија си останаа Семи Далемберт и Ештон Корвер.
- Вашингтон им го лапна Антонио Дениелс на Соникси.
- Шарлот го прати плејот Џејсон Харт во Сакраменто за будучи пик од 2.рунда, па тој пик го пратија во Феникс за центарот Џејк Воскул.
- Новиот "крал" Бонзи .
- Бостон си го најде својот лепракон во Брајан Скалабрини од Нетси, уште да го облечат како еден и да го стават да им држи среќа позади клупа (и онака нема да им користи многу на теренот).
-Мајами си го задржа и Јудонис Хаслем.


