Saturday, December 31, 2005

Олд скул рикеп
За мојот задњи пост оваа година, се враќаме на рикепите какви што не сум ги направил веќе некое време. Од оправадни причини (кафана) не го фатив почетокот на утакмицата, али она што го видов стварно беше добро за гледање, И двете екипи играа атрактивно, а Мајами одлично се врати у живот по рибањето од Пистонси. Летаа цепелини и куцања од Вејд и Шек, а Визардси само ради Аренас не изгубија со огромна разлика. Идеме со белешките: 2 четвртина: Се укључуем у игра на минута до крај на 1. полувреме, Мајами води 57-53, као и што очекував, пред се затоа што досега у сезона игра доста салбо у гости за тим кој конкурира за титула. Негде мора да им тргне, па си викам зашто не против редовните пациенти од Вашингтон. - по две слободни на Вејд и Аренас. - Никој нема у рекет на Визардси, Зо куца за 61-55, Мајами. - Толку од 1. халф - Као што можам да видам од статистикиве, Ентоан Вокер е кључот на водството на Мајами. Типот за 12 минути има 14 поени, осум скокови и 4 асиста. Да не поверуеш. - Сеа дознавам дека Коби добил суспензија за лактот кој му го акна на Мајк Милер. Без него Лејкерси би требале да ги изгубат и двете средби (и две со Јута), мада глеано долгорочно, ова може да е најдобрата ствар која им се десила сезонава. 3 четвртина: - Сеа глеам дека ѕверот вечерва не е Вокер, него Аренас кој у 1 халф има 29 поени! Негов рекорд за едно полувреме и рекорд уопште против Мајами. - Шек куца па парви голтендинг на положување на Гилберт. 63-57, Хит. - Џ.Вилијамс и Вејд погодуваат по два за 67-57. - Луд пас од Вилијамс до никој, кој завршува на половината на Мајами. Мораше да потсети на времето од Сакто. - Шек со куцање од цепелин одговара на 7 поени по ред на Аренас и Џејмисон. - 2+1 на Гилберт. Момакот засега има 36 поени, а има уште 8 и пол минути до крај на четвртината.Нов цепелин, сеа од Вилијамс до Вејд. - Аренас враќа со тројка за 73-70, Хит. Негов 39 поен. - Вилијамс погодува трица. - 5. фаул на Поузи на 6 и пол мин. до крај на чет. - Поетот Итан Томас погодува две слободни за 78-77, Мајами. Дали знаете дека Итан има напишано неколку книги поезија и дека својата поезија јавно ја чита по клубови? Не личи на таков, а? - Аренас, 41 поени на 5:20 до крај на чет. - Овој период Мајами има шут од поле 8-8, а води само 82-79. - Судиите му даваат два и додатно на Аренас, иако поените никако не смееа да важат. Со слободното тој има 44 поени, колку и што му е рекордот во кариерата. - Шек иде на клупа, влегува Зо. Има ли некој тим боља центарска линија од Мајами? - Пејтон утнуе за три и го расипува % на Мајами. Вејд го исправа, но у следниот напад Вокер промашува за три. 89-87, Мајами. - Пејтон не му дава да дише на Аренас. - Вокер пак утнуе за три. Е ова веќе личи на него. - Исто и Вилијамс. - Батлер погодува со сирена за три, крај на чет. 93-91, Визардс. 4 четвртина: - Брзи 6-0 на Мајами за 97- 93. - Страшно куцање на Вејд под фаул, откако претходно му ги скрши зглобовите на Дениелс. - Дениелс враќа со 2+1. 100-98, Мајами. - Тројка на Вокер у контра. - Шек ис бек. - Две слоб. на Вејд за 105-98 за Хит. - Шек си игра со Томас. - Цепелин Вејд-Шек, 109-98, Хит. - Аренас нема поени у задњи 10 минути. - 3 секунди у одбрана на Мајами, шанса за Гилберт да постави нов рекорд на кариера. Погодуе за негови 45 поени. - Два поени на Џејмисон. 111-101, Хит. - 113 поени на Мајами се нивен рекорд на еден меч сезонава. - Вокер пак промашува за три, ама се вади со оф. скок. - Шек и Вејд имаат по 28 поени ич. - Трица на Аренас за негови 48 поени.Вејд враќа со два за негови 32 поени и 122-108 за Мајами. - Уште една минута мучење за Визардс. - Еди Џордан има 0-16 скор како тренер против Мајами, а Визардси имаат серија од 14 порази против Хит. - Гилберт иде на клупа со 48п., 7 ск., 8ас. - Утакмицата завршува со 4 поени по ред на Џејсон Ал Капоно за конечни 128-113 за Хит. - Толку. ПС – Стварно е ужасно кога ќе чуеш за повреда на било кој играч, па уште ако е некој кој има одлична сезона за прв пут после некое време и кој е у години у кои секоја повреда може да значи крај на кариера, е прав хорор. Тоа му се деси на Дејмон Стадемаер, кој у победата над Портланд го еба коленото и сеа ќе мора да го пропушти остатокот од сезоната. Права штета, зашто Мајти Маус конечно почна да игра како што знае и беше еден од главните виновници за одличниот скор на Мемфис. Без него ќе се изнамучат. - Среќна Нова.

Friday, December 30, 2005

The Beast of the East *
Причината поради која Пет Рајли летово реши да направи ремонт во составот на Мајами беше поразот во финалето на Истокот од Пистонси. Со тој, по свој вкус составен тим, Рајли пристигна во Детроит на првата средба меѓу тие два тима по несреќниот 7. меч за Хит. Сега во улога на тренер, Рајли се соочи со истиот резултат како и во претходниот плеј-оф. Чонси Билапс со 30 поени и осум асистенции и Ричард Хамилтон со 25 поени и рекордни за него сезонава 9 додавања ги предводеа "клиповите" до уште еден триумф од 106-101 над тимот од Флорида, кој и оваа сезона им е најсериозен ривал за врвот на Истокот. И на оваа средба, Мајами се соочи со истиот проблем, колективот на Детроит и неможноста другите играчи (освен Џејсон Вилијамс) да му помогнат на ударното дуо, Шекил О'Нил и Двејн Вејд. "Ние сме заедно веќе подолго време и сме поминале низ сито и решето, така да ништо не може да не изфрли од колосек. Некој од нас секогаш се истакнува кога се крши резултатот" - рече Билапс. Пистонси ја имаат истата прва петорка скоро две години без прекин и во тој период тие пет играчи ги однесоа до титулата во 2004 година и пласман во финалето минатата сезона. Тоа што е ново кај нив е тренерот. Флип Сандерс ги презема летово и ги направи подобар офанзивен тим, задржувајќи им го интензитетот во одбраната. Ова е деветта победа по ред за Детроит, кој комотно седи на врвот на НБА со скор од 24 победи и само три порази. Вејд со 33 и Шек со 26 поени не можеа против колективот на Пистонси, а единствената помош ја добија од Џејсон Вилијамс, кој средбата ја заврши со 20 поени. "Ја имавме победата во наши раце во текот на цела средба, но направивме многу глупави грешки во финишот. Тоа не смееме да си го дозволиме против тим како Детроит. Сепка, тие се истиот тим од лани, а тоа значи дека не се непобедливи" - изјави О'Нил. - Со стартот од 24-3, Пистонси го бркаат најдобриот почеток на сезона во историјата на НБА. По 27 средби тие имаат послаб старт од само три тима, тоа е тимот на Филаделфија од сезоната 1966-67 и Њујорк од 1969-70, кога и двата тима сезоната ја отворија со 25-2, додека Булси од 1995-96 имаа идентичен старт како Пистонси сега. Таа сезона Чикаго предводен од Мајкл Џордан, стигна до рекордни 72 победи. "Ние бркаме нешто поголемо од Мајами или било кој друг клуб во лигата. Имаме можност да направиме нешто посебно, така да целта не ни е да испраќаме пораки со вакви победи. Целта е поголема" - изјави Бен Волас. * - Ne se cudete ako tekstov vi e malku politeraturen nego obicno. Pisuvam e za u vesnik, a posto nemam vreme da pisam za blog, eve go ona sto ke ide u vesnik. Ponetata e ista, sum kazuval sto puti i ke kazam pak - Pistonsi se zverovi. Tacka.

Wednesday, December 28, 2005

Тони + Што дрес имате?
Само како инфо: Тони Паркер ја предводи цела лига у процент на реализација од рекет!?!?!? Тоа е ваљда резултат на муабетот кој го направи со Грег Поповиќ пред почетокот од сезоната у кој Поп му кажа да не ни помислува да шутира повеќе од една тројка по утакмица, барем не додека не го поправи шутот за три. Онака ми текна...Што НБА дресови имате? Никад не сум поштуел посебно НБА дрес, иако увек сум сакал да имам еден. Не сум ги купувал затоа што се ограничени за носење, ваљда затоа повише имам фудбалски дресчиња него НБА. Сега кога ќе ми текне, криво ми е што не купуев дресови, ако не за носење барем онака, чисто колекционерски. Ипак, да не се жалам, не сум баш за нигде, имам цели два дреса, али два вредни. Еве ги на слики, сигурен сум дека ги немате у ваша колекција (или се лажам, а?). Хауевр, тој од Дражен ми е единствениот купен дрес у живот, додека тој од Јао вероватно никад не би го купил, а ми е поклон дури од Хонг Конг (али кога ќе размислам боље, баш е кул). Освен тоа, још једно питање: Има ли некој од вас НБА трејдинг кардс?
Клиперс без ветар во едрата
Се разбудив пред крај на втора четвртина. У тој момент Клиперси губеа 14 разлика. Од она што го видов во продолжение ми стана јасно дека утакмицата се прекршила у првиот дел. Cassel у прво полувреме шутирал со катастрофални 1/12. Имаше само три поена. До крајот на утакмицата ми се чини дека се појави само уште еднаш и тоа кратко. Имал солидни 9 ассистенции,ама даде за 13 поени помалку од стандардот. Кингс, кои играа у жути-ретро дресови, тепаа со 17 разлика и тоа без Abdur-Rahim и без веќе подолго отсутните Пеџа и Wells. Оваа ноќ беше ден на Bibby. Поентираше и од поле и од влезови, а изнуди и неколку два + еден. Растури:) и Kevin Martin. Даде(или поарно дал), за него, неверојатни 20 коша и скокна 8 пути. Од Клиперси за фалење е само Katino Mo(g)bley. Бар од она шо го видов. Он у последните две третини највише се трудеше. Иако Brand даде највеќе кошеви, тој во второто полувреме не се ни виде. Дали даде еден кош. И едно слободно мислам. Последната четвртина беше мачна за гледање. Никој не играше. Може да се издојат само двата бунара на Bred Miller и Mobley. Цепки. И пак од она шо го видов, мислам дека Кингси изиграле добра одбрана у првите две четвртини. Оти у третата(оти само тогаш се играше баскет) се виде дека многу добро ги затворија. Не ми текнува дека Клиперс барем еднаш шутираа од чиста позициија. Освен една контра. И толку! P.S. Шо викате за насловот а? :):):)

Monday, December 26, 2005

Рукавица није шала, а не се Пистонси
Глеав вчера Лејкерс-Мајами, али со закаснување, негде од два саат.(Двр, да ми се јавеше ќе ти кажев кога има на НБА ТВ). Тоа што го видов само ми потвдри дека правото дерби се играше неколку саати порано, во Детроит. Првата четвртина, па и втората до пола, беа прав мерак за гледање, но како што поминуваше време на површина излагаа сите мани на двете екипи. За маните на Лејкерси не треба да зборам, затоа што они и онака не се у конкуренција за титула сезонава, но у Мајами ќе треба да решат некои сериозни проблеми ако сакаат да им се доближат на Пистонси. Најстабилна, барем у поголемиот дел од средбата, им беше играта на плеј, каде Џејсон Вилијамс почна добро, па продужи у свој Спиди Гонзалес стил, што дигурно не му беше по вкус на Рајли. Работата ја спаси Пејтон, кој беше убедливо најбољи на теренот, нешто што не верував дека ќе го напишам пред почетокот на сезоната. И кога не играа Шек и Вејд, кои беа страшно трапави и нервозни, Гери беше тој кој ја зимаше работата у свои раце. И кога Ентоан Вокер стандардно се глупираше, Гери ги спасуваше. И кога Зо ќе шутнеше по некоја, чисто колку да шутне, Гери ја поправаше грешката. Али, освен 9-11 шут од игра, кај Гери ме импресионираше одбраната, која мислев дека му останала у Сиетл кога го трампаа у Милвоки. У второ полувреме го затвори Коби, го стави у мал џеб, иако има 37 години и е за десетина см. понизок од него. Ипак, колку и да го фалам Пејтон, баш неговата игра и презимањето на играта у свои раце колку е плус за Мајами, толку е и минус, затоа што Вејд и Шек не смеат да си дозволат да бидат така изолирани од играта како што беа вчера, барем не од екипа како Лејкерси. Што ќе биде кога ќе налетаат на Детроит, па дури и Индијана? Али, мислам дека тоа беше само показател на тоа дека се уште не се сите влезени у системот на Рајли и дека кога тоа ќе се деси веројатно се ќе биде ок. Веројатно. Ипак, наголемата лекција вчера ја одржа Фил Џексон, кој му покажа на се уште зарѓаниот Рајли како се води екипа против у секој поглед појак тим. За тоа, свака част Зен. Толку од втората средба од Крисмс даблхедерот, која ништо чудно да не значи ништо за некои шест месеци, кога ќе се игра големото Финале. Детроит се ѕверови, тоа не го пишуем прв пут тука, и веројатно не ни последен. На ред за плескање дојдоа и Спарси, кои како попарени си отидоа од Мотор сити. Ѕверови!

Saturday, December 24, 2005

Get Kobe!
Почна ловот на 62 на Коби. Како што предвиде колега Двр Бурд, ѕвездите почнаа да даваат едно чудо кошеви, нешто што не ни е по вкус на ние кои сме дел од олд-скул баскетот. Ипак, тоа не значи дека не поштуем индивидуални партии и дека и ја не остануем со отворена уста кога ќе чујам, а посебно видам кошеви како оние вчера на Винс, кој го напуни Мајами со 51 поени, сите у негов хај-флај стил и типични тројки, плус 23-24 за слободни. Што е најбитно, Нетси победија, а Мајами изгледа прерано му ја мислеше на утрешниот Крисмс спешл со Лејкерси. Ајверсон џабе даде 53, кога играа со Хотланта. Не се заебавајте со Хоукси, сто пути сум рекол. Плеј-оф нема да играме, али ќе заебеме многу екипи, а тек за некоја година. Нека ги споредува пак ЕСПН, Џо и Борис и нека напише дека Французот е бољи. Шупци. У ист стил играа и Мајкл Ред, Аренас и Елтон Бренд, кој според мене,заедно со Винс ја имаше најбољата партија синоќа. 38 поени и 20 скокови!!! Ѕвер. Мислев дека вакво нешто нема никад да напишам, али Клиперси имаат свои Твин Тауерси у Бренд и сурферот Крис Кејмн, кој со Бобкетси имаше феноменален дабл-дабл од 22 поени и 22 скокови. Тотално очекував ваква партија на Мамба, чисто да покаже дека знае и нешто друго освен да дава поени, контра сите критики по 0 асистенции. У Орландо му успеа. Статистиката на Коби против Орландо сигурно многу повише му беше по вкус на Фил и другите играчи, кои добија шанса да лапнат малце од колачот на Коби. Со таков баланс можат да мислат на плеј-оф. Права партија пред Мајами. Што викате ваков пост, (со резултати) да има секој ден од сабајле, а? АТЛАНТА - ФИЛАДЕЛФИЈА 111-108 (30-25, 28-30, 18-29, 35-24) АТЛАНТА: Џонсон 24п. 9ск. 8ас., Пачулиа 23п. 6ас., Херингтон 22п., Стадемаер 13п., Лу 11п. ФИЛАДЕЛФИЈА: Ајверсон 53п., Вебер 16п. 11ск. 5ук.т., Игудала 14п., Далембер 12п. 7ск. МАЈАМИ - ЊУ ЏЕРСИ 88-95 (24-12, 17-24, 19-33, 28-26) МАЈАМИ: О'Нил 24п. 14ск., Вејд 17п. 7ас., Вокер 12п. 8ск., Поузи 10п. ЊУ ЏЕРСИ: Картер 51п. 8ск., Кид 12п. 7ск. ОРЛАНДО - ЛЕЈКЕРС 88-104 (24-26, 16-28, 28-28, 20-22) ОРЛАНДО: Френсис 28п. 9ас., Хил 13п. 8ск., Стивенсон 11п., Касун 10п., Хауард-повреден ЛЕЈКЕРС: Брајант 21п. 9ас., Мим 20п., Одом 18п. 8ск. 6ас., Паркер 16п., Кук 12п. ШАРЛОТ - КЛИПЕРС 88-97 (21-28, 28-28, 17-21, 22-20) ШАРЛОТ: Најт 20п. 7ас., Брезец 20п., Боганс 12п., Окафор-повреден КЛИПЕРС: Бренд 38п. 20 ск., Кејмн 22п. 22ск., Кесел 13п. ФЕНИКС - ВАШИНГТОН 111-112 (31-33, 24-24, 30-30, 26-25) ФЕНИКС: Неш 27п. 9ас., Џонс 18п. 7ск., Томас 18п., Бел 15п., Мерион 12п. 9ск. ВАШИНГТОН: Аренас 41п., Батлер 26п., Џејмисон 22п. 13ск. КЛИВЛЕНД - ИНДИЈАНА 94-89 (29-15, 23-25, 24-21, 18-28) КЛИВЛЕНД: Гуден 21п. 12ск., Хјуз 18п., Маршал 17п., Илгаускас 15п., Џејмс 14п. 8ск. 9ас. ИНДИЈАНА: О'Нил 34п. 11ск. 5бл., Тинсли и Џонс по 15п. СИЕТЛ - ДАЛАС 98-101 (21-20, 31-26, 24-29, 22-26) СИЕТЛ: Радмановиќ 20п. 9ск., Ален 19п., Луис 16п. 12ск., Мареј 15п. ДАЛАС: Новицки 34п. 13ск. 7ас., Хауард 20п., Тери 19п. ДЕНВЕР - ХЈУСТОН 108-86 (22-15, 30-22, 27-18, 29-31) ДЕНВЕР: Ентони 25п., Милер 19п. 9ас., Кемби 12п. 16ск. 4бл., Џонсон 10п. ХЈУСТОН: Хауард 18п. 7ск., МекГрејди 17п. 7ск., Свифт 11п., Весли 10п., Минг-повреден ЊУЈОРК - ЈУТА 98-90 (21-19, 26-26, 22-23, 29-22) ЊУЈОРК: Крафорд 28п., Марбери 22п. 7ас. ЈУТА: Гиричек 19п., Харпринг 15п. 9ск., Паласио 13п., Окур 11п. 9ск. 6ас. 6заг.т., Вејли 11п., Кириленко-повреден МИНЕСОТА - ПОРТЛАНД 83-91 (24-22, 25-26, 21-16, 13-27) МИНЕСОТА: Шчербијак 26п., Гарнет 24п. 8ск. 6ас., Хесел и Јариќ по 12п. ПОРТЛАНД: Патерсон 23п., Рендолф 21п. 10ск., Диксон 12п. ДЕТРОИТ - Г.СТЕЈТ 97-85 (27-22, 23-20, 30-21, 17-22) ДЕТРОИТ: Хамилтон 28п., Р.Волас 19п., Б.Волас 15п. 14ск., Еванс 13п., Билапс 10п. Г.СТЕЈТ: Диогу 27п. 7ск., Дејвис 14п. 10ас., Ричардсон 14п. 9ск., Марфи 11п. 11ск. МЕМФИС - ЧИКАГО 95 - 77 (28-23, 17-13, 26-23, 24-18) МЕМФИС: Милер 27п. 10ск., Гасол 19п. 11ск. 4бл., Батие 13п., Рајт 10п. 9ск. ЧИКАГО: Носиони 14п., Сонгаила 11п., Денг 10п. МИЛВОКИ - Њ.О./ОКЛАХОМА 101-94 (23-22, 21-23, 28-25, 29-24) МИЛВОКИ: Ред 36п., Богут 14п. 9ск., Форд 12п., Вилијамс 11п. 6ас. Њ.О./ОКЛАХОМА: Вест 27п. 18ск., Пол 24п. 8ас. С. АНТОНИО - ТОРОНТО 95-90 (22-16, 27-30, 20-20, 26-24) С.АНТОНИО: Данкан 27п. 10ск. 8ас., Паркер 13п., Нестеровиќ 12п. 8ск., Бери 11п., Џинобили-повреден ТОРОНТО: Роуз 19п., Бош 18п. 7ск., Џејмс 14п., Бонер 13п.
Нашата ни Фантази лига. Пост #1
По кратка пауза еве го Ивица со добар, темелен пост за нашата Фантази лига. Има анализа на секој тим и неговите плусеви и минуси. Гуд џаб. Што се однесува до мојот тим, да, ми треба висок момак или некој како Џо Џонсон, али со камбекот на ѕверот Амаре многу работи ќе си дојдат на свое место. До тогаш ќе се крпам со што фатам слободно, како сега Хаус. Дечки еве ме и мене по подолго време. Овој пост ќе го посветам на нешто што е доста актуелно помеѓу нас, активните корисници на сајтов, а тоа е нашата фантази лига на yahoo.sports. Ќе ги анализирам тимовите според моменталниот пласман на табелата. 1. Ivica's finest- Да не испадне дека си го фалам тимот или нешто слично нема да коментирам кој се позитивните страни на Ivica's finest, а ќе кажам на што планирам да поработам во наредниов период. Многу сум слаб на бековска позиција, проблем кој мислев дека ќе го решам на лесен начин: со донесување на Поузи од листата на слободни играчи. Се испостави дека Поузи не само што не е доволен, туку и дека е подпросечен и дека од него што се однесува до фантази параметри ќе немам корист. Од статистички категории во кои сум слаб би ги издвоил слободните фрлања и асистенциите. За слободните стварно сум изненаден што имам само 4 поени затоа што имам само три играчи кои го влошуваат тој процент: Окафор, Деламберт и Хауард. Мислам дека во таа категорија ќе се подобрам. Асистенциите се сосема друга приказна затоа што тимов ми е составен главно од високи играчи и би бил пресреќен ако останам на моменталните 6 поени. Играч кој би му помогнал на овој тим: Чонси Билапс (отворен сум за понуди:-)) 2. Vodnjanski Lisici- Бaш ми се допаѓа тимчево од Бето затоа што има кој да си ја врши работата на секоја позиција. Го има Кид на плеј со поддршка од Вилијамс и Фишер, на бек шутер ги има Ричардсон и Џо Џонсон, а од високи играчи ги има Данкан, Гуден и Богут кои би требало да вршат работа до крај на сезона. Сите од нив носат поени во повеќе од една категорија со исклучок на Џонсон кој носи поени во сите:-). Од недостатоци би можел да ја издвојам промајата на ниско крило за која се надевам дека Бето е свесен и дека ќе преземе нешто околу тоа. Мислам дека за тимов е идеално да земе центар кој прави доста блокади (бидејќи има само 5 поени од блокади) или ниско крило со висок процент погодени слободни (да ја поправи единицата која ја има во слободни фрлања Бето:-)) Играч кој би му помогнал на овој тим: Воли Шчербијак или Маркус Кемби 3. Zvezdara- Кому му треба центар нека си побара овде. Драфтот очигледно беше наклонет кон овој тим и му ја додели можеби најдобрата центарска линија во нашава лига. Имајќи го во предвид фактот дека многу центри во екипата автоматски значат и многу скокови и блокади, како и добар шут од поле, единствено нешто на што би требало да се обрати внимание се асистенциите, тројките и украдените топки. Не знам зошто ама тимот се држи и повеќе од добро во две од трите наведени категории (асистенции- 7.5 поени и украдени топки- 9 поени). Очекувам тие бројки да паднат на околу 4-5 доколку не се преземе нешто конкретно во врска со тоа. Идеални за тоа се плејови или бекови со висок assist/ turnover ratio, кои можат ама и не мораат да даваат многу поени. По некоја тројка и тоа ќе е сосем доволно Играч кој би му помогнал на овој тим: Џејсон Кид или Сем Кесел 4. Courtist- Дечково е еден од малкуте екстерни членови на лигава и изгледа како да знае што прави. Има крајно балансиран тим кој може да оди само нагоре, а никако надолу. Секоја чест. Бидејќи најверојатно нема да го чита постов нема премногу да се задлабочувам во анализа на неговиот тим. 5. Mac 10- Вториот екстерен член со сериозни проблеми на SG 6. Ballers- Во оваа екипа има пар играчи кои е навистина неблагодарно да се добијат при драфт. Туак мислам главно на Ричардсон и Ентоан Вокер кои е навистина тешко да ги трампаш, а и не се тип на играчи кои можеш туку-така да ги отпуштиш. Генерално, тие играчи се заглавени во тимот, а менаџерот со нив си лупа глава дали да ги отпушти или не. Двајцата мислам дека носат огромна вина за тоа што е тимот последен по изгубени топки (има најмногу) и со два бода од FG% (претпоследен). Во конкретниов случај би препорачал да се бенчираат малку се додеке не се соземе барем еден од нив. Вакви какви што се прават повеќе штета од добро. Ballers имаат и уште една слаба точка, а тоа е процентот за слободни фрлања, проблем кој мислам дека тешко ќе се реши, освен ако не се пристапи кон радикални смени на играчкиот кадар. Играч кој би му помогнал на овој тим: Тони Паркер 7. KangMac- За дечково можам само да кажам дека ако направи уште еден истап ќе го исфрлам од лигава. Толку. Ако не му одговара што пишуваме македонски нека не тужи. 8. Max5- Во овој тим не ми се допаѓа тоа што се случува на ниските позиции. Го има Алстон-тотално промашување, Тинсли- повреден долго време, Крафорд- ја игра најлошата сезона во НБА и Џексон и Мајлс кои и кога играат добро шутираат 40% од поле. Нешто треба да се преземе околу оваа ситуација. Во спротивно не гледам начин како овој тим би се угурал во првите 5. Асистенции и украдени топки се повеќе од потребни во тимот, а кој би го решил тоа подобро од Ален?? Сепак, бидејќи Каракаш беше доволно експлицитен во изјавите дека не го дава, па најверојатно ќе мора да се бара некоја прифатлива алтернатива. И со скокови не е идеална работава па центар кој прави доста асистенции би свршил работа. Играч кој би му помогнал на овој тим: Бред Милер или Бревин Најт 9. Cair Seirdzis- Тимот на Каракаш ми е црн коњ за влез меѓу првите три екипи. Моментално има проблеми токму на позициите на кои очекувам дека ќе гази со враќањето на Амаре. Лично јас можеби би направил корекции на бек шутер затоа што Мо-Пит и Еди Хаус се непостојани и не верувам дека ќе ја одржиш 11ката во тројки и 9ката во поени само со Реј Ален како екстра бек шутер. Ако некако го изведеш тоа, со враќањето на Стадемаер Cair Seirdzis ќе е незгоден противник. Со Амаре ќе скокне FG%, PTS, OREB, REB i BLKs па ќе е весело:). Играч кој би му помогнал на овој тим: Џо Џонсон 10.bodan atletiko madrid- Е ова би рекол дека е тим со сериозни проблеми и без идентитет. Во тимот нема играч кој на Бодан би можел да му обезбеди 13ка во било која категорија. Од играчи кои можат нешто да направаат се Бен Волис (многу скокови и урадени топки и ништо друго) и Коби Брајант (мноогу поени и ништо друго:)). Од останатите: Биби е добар играч ама не и во фантази услови, Грент Хил во секој момент може ја заврши кариерата саамо ако свитка зглоб, Џералд Волис е прилично корисен и треба да се задржи, Игуодала знае да блесне ама ретко, а останатите не претставуваат некој фантази фактор. Како би ја спасувал оваа екипа веројатно ни јас не знам. Би се обидел да набавам тешка машинерија под кош па да се проба што се може во скокови, блокади, поени (а сето тоа со добар процент за шут). Играч кој би му помогнал на овој тим: Дру Гуден, Сем Деламберт, Адонал Фојл 11. Ekipata- За овој тим мислам дека има решение во доведување центар на местото на некој од многуте плејови. На тој начин ќе се подобри лошиот шут од поле, а исто така ќе се подобрат и скоковите и блокадите (кои воопшто не се лоши). Мислам дека со таков потег Екипата значително ќе се подобри и ќе се избори за место меѓу првите 5-6.Само треба да се внимава на тоа кој плеј ќе се трампа за да не дојде ситуација да останеш со 0 бек-шутери. Засега Хајнрих и Јариќ можат да ти играат на таа позиција, па не би ги трампал двајцата... Играч кој би му помогнал на овој тим: Елтон Бренд, Шек 12. и 13. Екипите на Шепард- Шепард демонстративно истапи од лигата оставајќи не вечно да се прашуваме дали ако продолжеше да игра ќе ги имаше двете последни места или не... Штета баш. Шепарде врати се, лигава без тебе не е иста :-) Играч кој би им помогнал на овие тимови: Мајкл Џордан (сезона 97/98) ЕДИТ: Леле реметење.. ја коа истапиф Пуцфрау Хилс беа 9. а Офчетина 12. не зезај. Сеа значи се Н/А :)
ПОМОШ
Драги читатели, Јас, создавателот на овој блог, барам негде да гледам Лејкерс - Мајами. Знам дека звучам ко џанак што кризира, меѓутоа, ова е едино што ми преостана.. ќе се избањам и нема да ми смрдат чорапите обеќавам.. Ако ништо друго, кажете бар некоја кладилница кај шо ќе може да се глеа.. или која кабелска ќе дава па по тој реон да барам „врски“.. Шепард

Thursday, December 22, 2005

Playing Basketball
Не сакам, стварно не сакам да влегувам у дискусија за Коби со било кого, реков подоле, Свака част. Толку. Али, ја на ко:арката гледам поинаку од доста луѓе, ваљда тоа е нешто што доаѓа со годините, мада кога ќе ми текне, одувек сум гледал така на кошарката. Имаше време кога и ја знаев да се попалам кога некој ќе дадеше 50-60 поени, али знајте дека тоа не освојува титули. Поентата не е у тоа, секој од вас кој играл или игра кошарка ќе ви каже колку е "убаво" да се игра со тип кој секој напад гледа само на противничкиот кош. На тебе останува да гинеш у одбрана, да скокаш ко луд и у напад и у одбрана, за некој да си го прави ќејфот, да си лечи фрустрации. Така не се игра оваа игра. Да не го тупам, еве што за целата ситуација мисли НБА новинарот кој ја страшно го поштуем, Ленг Витакер од најбољиот баскет магазин SLAM. Amazing, yes. I watched most of it, and found myself shaking my head as shot after shot went in. But here's where I'm a hater (and hey, I'll freely admit it). I was shaking my head because he wasn't passing the ball. Ever. As Avery Johnson said, "We had no answer for him. We tried to double-team him, we tried to zone him, we tried to trap him in the backcourt, and nothing worked. He had his way with us tonight." So much so that Kobe finished with 0 assists. Sure, I understand that he was hot and he was making his shots, but what happens on another night when he's not making those shots? It sets a bad precedent, and, more than anything else, reinforces my point about the Lakers being one of the most egregious examples of a team not being a team. This morning I pulled out the Lakers media guide and looked up the team's all-time single game scoring records. Not counting last night's game, it reads like this: Elgin Baylor -- 71 points (11/15/1960) Wilt Chamberlain -- 66 points (2/9/69) Elgin Baylor -- 64 (11/8/59) Elgin Baylor -- 63 (12/8/61) Jerry West -- 63 (1/17/62) Shaquille O'Neal -- 61 (3/6/00) I can't find the old box scores, but if anyone out there can dig them up, I'm curious whether any of these other guys ever had 0 assists in their big games. (When Shaq had 61 in 2000, I don't know how many assists he had but he threw in 23 rebounds.) The one thought I can't get out of my mind during all of this is from back when I was in high school. We had a game and our small forward (who was a McDonald's All-American and Parade first-team All-American) was getting progressively hotter and hotter. By the third quarter, he was stroking threes, long twos, driving and getting fouled and hitting free throws. During a time-out, our coach said something about how he didn't need to tell us about how hot our guy was. Then our star looked at all of us and said, "Look, they're doubling me every time I get the ball. Be ready for the pass." So we went back out on the floor, and for some reason I was in the game. We ran a play to get our stud open. He came off a pick, I hit him with the pass, he pump-faked and the entire opposing team ran at him, and he tossed it to me for the open three. He knew he could score, but he also knew he didn't have to score, and that it would help the team in the long run to get everyone else involved and establish that precedent. Last night, for instance, I watched the Heat/Hawks game. And Shaq came out and was immediately unstoppable. The Hawks started double-teaming him, fronting him, everything they could think of. And Shaq did two really smart things: 1) When he was right under the basket, he'd shoot it. Sometimes even being double-teamed doesn't matter, especially when you're parked in the lane. He finished the game taking 15 shots, and he made 13 of them, and all but two of those shots were dunks or lay-ups. Look at his shot chart: 2) When he caught the ball pretty much anywhere not under the rim, he'd find the open guy, who'd wait for the rotation and then find the next open guy. Seriously, it was pretty awesome to watch the Heat just execute the Hawks last night. As Mike Woodson said of The Diesel, "They utilized him. Not that Van Gundy didn't, but with Pat, he makes them go through Shaq and then play. And that's how it should be."

Wednesday, December 21, 2005

The bite of the MAMBA
Прво, свака част, Коби, не може секој да се пофали со 62 постигнати поени на една утакмица. Тоа е стварно големо ИНДИВИДУАЛНО достигнување. Сабајле кога видов дека дал 62 поени, следно што сакав да видам беше дали Лејкерси победиле, зашто џабе и 100 поени ако твојот тим изгуби. Лејкерси победија и одма знаев дека сега сите ќе почнаат да го фалат Коби, да му дигаат споменици и сл. работи. Сигурен сум дека ќе беше тотално поинаква причата да изгубија, но вака - Коби е херој. Не ми текнуе дека у февруари годинава кога Ајверсон даде 60, толку да се збореше за тоа, не ми ни текнуе кога Мекгрејди на 10 март 2004 год. даде исто така 62 поени, дека сите му се клањаа. Али, ова е Коби. Нема везе. Се сеќавам на април 1994 год. кога Дејвид Робинсон даде 71 против Клиперси у последната утакмица од сезоната, у меч у кој цела екипа играше за Дејвид и тој да го претрка Шек за прв стрелец у лига. Ми текнуе дека и тогаш многу-многу не се тупеше со адмиралот, затоа што сите знаеа дека има многу поважни работи од тоа да се постигнат 71 поени, а тоа беше она за што Дејвид не беше способен дури не му го поклонија Данкан - да се освои титулата. Знам дека многу од вас мислат дека го мразам Коби, веројатно поради оскаровскиот текст, кој не го ни прочитале како што треба. Немам такви емоции кон ниту еден играч, не сакам, нити мразам, тоа се јаки емоции да ги имам кон некој кој не го познавам, кој у основа не ми значи ништо. Има играчи кои ми се и кои не ми се по вкус, кои ги поднесуем или не ги поднесуем. Има стара школа, поради и која почнав да ја гледам НБА, у која спаѓа и Меџик, која увек ќе ми биде на прво место. Коби денес спаѓа у оние играчи кои не ми се по вкус, пред се затоа што мисли дека ова е негов свет , а сите ние живееме во него. Овие 62 поени само ми го потврдуваат тоа. Секоја чест, Коби, али ја не се палам на такви работи. Однеси ги со таква игра Лејкерси у плеј-оф , биди МВП, па ќе збориме. Овие 62 не значат апсолутно ништо. И Џамал Мешбурн и Џими Џексон и Ентоан Џејмисон имаа преку 50 поени на една средба. И еден Тони Делк имаше 50 поени. Тоа мене не ми значи ништо момци, не сакам сеа да ви го расипувам моментот, тоа е само мој поглед на стварите. И да, не ги мразам Лејкерси, чак штавише, тие се една од 4 екипи со кои почнав да ја пратам НБА. Да ја објаснам и сликата. Не знам дали знаете, али пред почетокот на сезоната Коби сам побара сите да почнат да го викаат Black Mamba. Да не му се обраќаат по име, него со Мамба. Зашто? Затоа што Мамбата е една од најотровните змији на светот, нешто у што се уверија и Мавси. Можеби заборавил и дека Мамбата, како и секоја змија живее сама цел живот. Нешто што, заедно со неговото барање, многу повеќе зборува за него. Жал ми е само за момцине кои мораат да играат со него. Имам уште многу да пишувам на оваа тема, али доста ми е од Коби за денес. За оние кои уште мислат дека го мразам Коби, нека купат утре Македонски Спорт и нека прочитаат што сум напишал за 62. поени. Толку, имам попаметни работи. ПС-ако има некои грешки у текстов, извинете, се брзав.
Коби дал 62 коша за 33 минути!!!!
EDITED BY SHEPARD: НЕ МИ Е ГАЈЛЕ ШО НЕАМ ГЛЕАНО НБА ОД ЛАНИ, НЕ МИ Е ГАЈЛЕ ШО ЕНКО ПИША, ЗА МЕНЕ НА ПЛАНЕТАВА ИМА САМО ЕДЕН БОГ, НЕГОВОТО ИМЕ Е КОБИ БРАЈАНТ. АЈДЕ СИТЕ ДА СЕ ПОКЛОНИТЕ. Будалава убацил 62 (шеесетидва) коша за само три четвртини. Претходниот рекорд му беше 56 коша за една утакмица. Си седнал на клупа у трета четвртина на резултат од 91-61, што ќе рече дека у тој момент имал више кошеви од целиот тим на Далас. Wow!
У првата четвртина дал 15, во втората 17 и во третата неверојатни 30 поена. Погодил 18 од 31 шут (од кои 4 тројки од 10 обиди) и дал 22 од 25-те слободни. Будала! Тоа што Фил не му дал да изигра уште една четвртина го спасило рекордот на Elgin Baylor од 71 кош, кој ги постигнал 1960 година против Никси. Штета што сум ја пропуштил утакмицата!

Tuesday, December 20, 2005

Библиотеката на чичко Фил
Као што е познато, Фил Џексон, за да ги мотивира своите играчи, редовно, секоја сезона им дава понекоја книга за читање. Така е и оваа сезона, а Фил со книгите малку закасни намерно, давајќи им ги пред турнејата која ја имаа у последниве две недели. На таа турнеја Лејкерси изгубија само една утакмица, дали е до книгите, не знам, али нешто им се дешава откако почнаа да читаат. Нормално, тој што не си ја прочита книгата, не ни се изнаигра. Девин Џорџ ја фрли книгата одма кога ја доби, ваљда затоа не стана од клупа. Меџу поинтересните наслови кои Зенот ги подели беа: "Blink" од Mалколм Гладвел, која ја доби Коби. "The Art of War" на Сун Цу за Ламар Одом. Ептен погодено, ако Сун не го разбуди војникот во Ламар, никој не го буди. Тинејџерот Ендрју Бајнам го доби Хемигвеј и "Старецот и морето". Додека книгата на самиот Фил, "Sacred Hoops" ќе ја чита Квами Браун

Monday, December 19, 2005

I 2 BELIEVE IN CHRIS PAUL
Крис Пол е ѕвер. Крис Пол доби нов фан. Момакот синоќа го гледав за прв пут и можам слободно да кажам дека уште сега е Руки на годината и дека лепи дани ги очекуваат Хорнетси со него на плеј. Берон Дејвис, ху? Синоќа баш против шампионот и Тони Паркер, Пол си правеше што сакаше - влезови, асистенции, скокови, украдени топки, влечеше контри, играше одбрана, све. Поради него и Расул Батлер, Спиди Клекстон и Дејвид Вест изгледаат како Ол-Стар играчи. Како фан на Хоукси нормално дека до срце ме боли што не го лапнавме како 2. пик, вака само го лапнавме. Али, уште верувам во Марвин Вилијамс, така да времето ќе покаже, мада ќе беше лепо Пол да му фрла цепелини на Џош Смит. Дем. Како и да е, ептен ми е мило за Пол, зашто стварно поштуем такви играчи. Тој ми е како некоја комбинација на најдобрите квалитети на Берон и Кевин Џонсон, страва. Ги спомнав погоре, а и сега. Хоукси имаат четири победи у последните пет меча. Против Спарси, Кавси, Нагетси и Никси. Камо ли уште да го имаа и Пол. Целиов муабет со Рон-Рон ми дое преку глава. Мислам, го сакам како играч, али сеа стравно мислам дека има неколку луѓе у таа деформирана глава и секој си кажуе што ќе му прдне. Не му е лесно. И не, не го сакам у Атланта, а ни Атланта не го сака него. Што се тиче постирањето, секој од вас знае дека у секое време може да прати нешто, што мисли дека е интересно и дека заслужуе место на НБА Маседониа. Тоа што немаме постови секој ден се дужи на мојата презафатеност, иако сум олараунд, ипак не сум Биг О.:)

Thursday, December 15, 2005

Е, каде де?
Си кажавте у коментарите подоле што мислите кај ќе заврши Рон. Сеа ја да ви кажам што се слушнав деновиве за можниот пут по кој Индијана ќе го прати Артест. Се збори дека скоро секој НБА клуб или упатил или спрема понуда за Рон, некои се стварно човек да се замисли, а некои се апсолутно бизарни, како таа на Спарси. Далас: Кјубан е загреан за Рон, а Пејсерси би сакале за него да го добијат или Џош Хауард плус Тери или Девин Херис плус уште некој играч. Мавси никако не ги даваат Девин и Џош у пакет. Мислам дека Џош би бил идеална опција да го замени Рон. Сличен тип на играч, кој нема проблеми со главата. Ипак, мислам дека Кјубан нема да го даде Хауард. Торонто: Мо Питерсон, Мет Бонер и пик од 1,рунда на следниот драфт. Слаба понуда у која Репторси веројатно ќе го убацат и Џален Роуз. Ипак, се освен Крис Бош нема да ги заинтересира Пејсерси. Или за казна ќе го пратат у Канада, а? Сан Антонио: Оберто, Брент Бери и пик. Смешки. Атланта: Моите не упутиле понуда, али се збори дека Инди ептен, посебно Џермејн сака да го види пак Ал Херингтон у екипа, што би бил доста паметен потег. Ја да сум на местото на Били Најт би го барал и Џеф Фостер. Не знам што да мислам за Рон у Атланта, стварно не знам. Сакраменто: Првиот тим спомнат за трејд, само што сеа наместо Пеџа се збори дека Џермејн го сака Бонзи у екипа. Хммммм, сумњиво у најмала рука. Њујорк: Што би бил секој треј муабет без Ајзеа и Никси, посебно сеа кога Рон јавно кажа дека би сакал у родниот му град. Али, у Инди не се ептен залетани да му ја испунат секоја желба, а и Никси не го даваат Ченинг Фрај у пакет, у кој Пејсерси сакаат да го утрпаат и Остин Крошир (како мене Ивица и Фентази лигата:) Минесота: Воли за Рон. Веќе било спомнато, а мене ми е слично како трејдот за Пеџа, само што Шјхабцјбкак е многу бољи дефанзивец и игра одлична сезона, за разлика од Србинот. Лејкерси: Фил ептен би го сакал Рон. Не сакаат да го дадат Одом. Крај приче, нема шанси. Бостон: Рики Дејвис. Не, доста им e од лудаци у Инди. Клиперс: Магети. Интересна понуда, со која Клиперси ептен би станале ѕверови. Само не знам како би се навикнал да игра за - КЛИПЕРСИ. Кливленд: Рон би сакал да му биде резерва на Леброн. Мај ес би сакал, да сакаше да има таква улога, не ќе јадеше бурек за трејд од Инди. Но веј. Мајами: И така имаат премногу дешавки кај нив у последно време, а и доста ментални случаеви собраа летово. Мада Рон за Поузи и не звучи така лошо. Сиетл: Рашард Луис и Ник Колисон за Рон и Џеф Фостер. Ја лиќно не би ги дал Луис и Ник за овие двајца, али којзнае што си мислат у Сиетл. Рон и Реј би биле страва тандем. Тоа се сите муабети кои се појавија до сега, сигурен дека ќе има уште у следниве неколку дена.
За крај цвикерите кои "пријателот" на Рон, Бен Волас ги носеше пола 1.четвртина синоќа. So 80's!
ПС: Фентази лигата ни почна. Толку.

Wednesday, December 14, 2005

Кај ќе заврши Рон-Рон?
Артест сака да го трампаат. Каде? Не знам, али знам дека нема клуб во лигата кој не би сакал да го има Рон-Рон кај себе. Што милсите вие, каде ќе заврши Артест, а?

Tuesday, December 13, 2005

Објаснение за фантази
by Ivica Секој тим има по 13 играчи кои играат на различни позиции. Играчите кои се поставени во вашиот тим на местата означени со PG, SG,G, F, SF, PF, C i Util штом одиграат утакмица во real-life одиграле утакмица и за вашиот тим. Да речеме го имаш Ален Ајверсон кој на утакмицата со Атланта дал 25 поени, 15 асистенции, 5 скока, 3 уктрадени топки, 6 изгубени топки и што ти јас знам уште... Е сега, сето тоа што го дал Ајверсон се внесува на твоето конто и за секоја статистичка категорија се рачуна кој тим има највеќе. На пр. Ivica's finest има најмногу асистенции од сите фантази тимови во лигата, па заради тоа од асистенции ке имам 13 бода. Тој што ке е втор (зад мене) ќе има 12 бода, третиот по вкупен број на асистенции 11 бода и така надолу се до тимот кој ке има најмал број на асистенции кој, јасно, ќе има само 1 бод. Истото тоа се пресметува за секоја статистичка категорија (ги има вкупно 10), а вие се трудите да имате што е можно повеќе бодови во секоја од нив. Максимум бодови што може да има еден тим е 130 (10 категории по 13 бода). Ако после одреден период играње забележам дека во, да речеме, скокови сум убедливо последен, нормално се трудам да ја санирам ситуацијата таму со тоа што ќе трампам некој добар бек шутер за добар центар во надеж дека со неговото добивање ќе го зголемам бројот на скокови. Е сега тука повеќе доаѓа до израз тактиката кој сам ќе ја избереш ,т.е. дали сакаш да форсираш само пар статистики, а другите што биде нека биде или пак дали ќе се трудиш да направиш компактен тим кој ќе има играчи кои ќе придонесуваат и во асистенции и во скокови и во други категории. Генерално, секој се труди да го оптимизира тимот по својот ќеиф. За тоа можат да ви помогнат слободните играчи, кои не биле избрани на драфт и кои можете да ги најдете на менито Players или пак можете едноставно да си одберете играч од некој друг тим во вашата лига и да понудите трампа за него која ќе е доволно реална за да биде прифатена:-). Се надевам дека некому барем ќе помогне ова, а ако и понатаму нешто не е јасно слободно прашајте па ќе ви одговорам.
Како да бирате ѕвезда
Е сеа, лигата почна, ама како што гледам досега, на ретко кој му е јасно што треба да прави со својата екипа. Имавме ауто-драфт, за даље Ивица ќе требаш да напишеш пост со едно лепо објаснување за сите, како да играат. Дали тоа нашава лига нема селари-кап т.е. кредит? Ако е така, онда нема да биде баш интересна за играње.... Бидејќи нашава фантази лига ќе почне најверојатно од утре, си помислив дека ќе е добро да искоментирам нешто околу ѕвездите во НБА и нивниот придонес во фантази тимовите. Од нив не постои некој што има апсолутно лош ефект по тимот, ама ние како Македончиња мораме да го бараме влакното во јајцето :-). Наредниве пар постови планирам да бидат на таа тема, па колку издржам толку... Први 5 под лупа би ги ставил ЛеБрон, Ајверсон, Вејд, Данкан и Гарнет.
1.Allen Iverson
Ајверсон од еден себичен и не многу корисен играч од фантази гледна точка се претвори во т.н. фантази чудовиште. Годинава ми се чини дека му е далеку најуспешна сезона во НБА што покажува дека доволно созреал и нема да прави глупости од типот 40 шута по натпревар, што му беше редовна пракса да речеме пред три сезони. Има просек од 34,4 поени (водечки во лигата) и 7.8 асистенции. За разлика од многу ѕвезди кои имаат само по две силни карактеристики Ајверсон се истакнува и со уште еден податок. Има 2.1 украдени топки по натпревар, што никако не е занемарувачки ако се знае дека разликите во украдени топки по фантази лигите се секогаш мали. Од она што може да му наштети на вашиот тим би ги издвоил изгубените топки (околу 3) и шутот од поле кој му е нешто над 40%. Со оглед на фактот дека остатокот од лигата на неговата позиција исто така не брилира во шутот, би рекол дека моментално Ајверсон е идеално решение на плеј.
2.LeBron James
Судејќи по последниве игри на ЛеБрон тешко дека има фантази играч кој не би го посакал во својот тим. Дечкото има просек од над триесет поени, 5.8 скока и 4.9 асистенции. Некој би рекол феноменално, јас би рекол надоместливо... 5.8 поени и 4.9 асистенции некако и не ми се вклопуваат во претставата за идеален фантази играч. Се ми се чини дека ЛеБрон премногу се фокусира на офанзивата и подзаборави на останатите сегменти од играта. За доказ: минатата сезона дотичниот имаше просек од над 7 скокови и над 7 асистенции а и 2.2 украдени топки (оваа сезона нешто над 1). Сето тоа заедно со неговите 3.3 изгубени топки по меч не го прават идеален пик во прва рунда на фантази-драфтот. No hard feelings LeBron :-)
3.Dwyane Wade
За него би можел да речам дека е Ајверсон од пред две сезони. Со неиграњето на Шек скоро сета офанзива на Мајами паѓа на негов товар, ама тој не покажува знаци на негодување. Има просек од над 27 поени, 6.7 асистенции и 6.8 скока, а не му е фрка да си направи и по некој turnover (просек 3.6). Со оглед на фактот дека придонесува во три статистички категории јас лично би нашол сила да му го простам тоа. Има и 2,3 украдени топки по натпревар, што е четврта категорија во која зема активно учество па секој коментар дека Вејд не си ја врши работата од фантази аспект е излишен. А за тројки, ќе почекаме уште некоја сезона за да се раздава:-)))). Годинава само 7%. Дефинитивно знае и да насмее дечково.
4.Tim Duncan
Тими и сезонава си е во стилот "мирна вода брег рони", ги има своите стандардни 20 поени и 12 скока дополнети со пар блокади и без многу глупости (изгубени топки, промашени шутеви или па недај боже исклучувања или суспензии). На ова имам став нешто сличен ко за ЛеБрон, иако можеби многумина нема да се согласат... Од пик во прва рунда понекогаш очекувам да се разбудам наутро и да прочитам дека изрешетал некого со 50 поени или пак направил спектакуларен дабл-дабл 20 поени и 20 скока. Тоа директно ми влијае на расположение, а од Тим во тој поглед би бил хендикепиран. Сте го виделе некогаш Данкан со 40 поени или 22 скока?? Јас не...
5.Kevin Garnett
Гарнет е повеќе мој стил на играч, знае да изненади со 25 скока или 38 поени, а се на се земено, на крај ќе излезе со слични бројки како Данкан. Моментално има 22 поени и 10.3 скокови просек, ама нешто што е некарактеристично и што никој од него не го очекуваше е бројот на асистенции. Има просек од околу 5 што во очите на многумина го направи уште подобар фантази играч. Јас сум еден од нив и би го трампал мојот прв пик (кој и да е тоа) за да го добијам Гарнет кај себе. Огромен придонес во три категории, а значителен во уште две-три други е сосем доволно за мене :-)

Monday, December 12, 2005

Бидна.Немој да сте кажале дека не сме ви спомнале!
Нема тупење, само она што сум го пишал порано на оваа тема. Еве го линкот до текстот од јули летово... А, ова е дел од најавата за Мајами сезонава, тачније, делот за нивниот коуч. Повелете: Коуч: Огромна важност за евентуалниот успех на Мајами лежи во тоа како Стен Ван Ганди ќе ги спои сите коцки кои Рајли му ги поклони летово. Летово процуре шпекулацијата дека на Пет му недостига клупата, што веднаш беше поврзано со заминување на Ван Ганди, но Рајли веднаш го демантираше тоа изразувајќи целосна доверба во својот тренер. Сепак, сасвим е јасно дека ако Мајами го нема очекуваниот старт во првите месец и пол од новата сезона дека првата глава која ќе лета е таа на Рон Џереми... А?
Ракавицата напука бројки
Во петокот, во поразот од Денвер, плејот на Мајами стана единствениот активен играч во Лигата со 1000 утакмици со над 10 поени. Со Денвер постигна 13 за 38 минути. Доволно да направи мајлстоун. Инфово онака, ни клизна, па док не е казно да честитаме.

Sunday, December 11, 2005

Онака...
Поминаа месец и пол и за секој кој не гледал НБА сезонава, еден поглед на табелите и дешавањата и сигурно ќе си помисли каква е оваа калакурница што се дешава у НБА?, а неколку пати ми се има и десено да ми кажат дека ни НБА не е тоа што била, дека нема врска со онаа лига, од 90-те и тако даље. Тачно, не е истата, у најмала рака е иста, секако поинтересна. Тачно дека сега се у мода тимови како Вориорси и Клиперси, али такви екипи имало увек. Сеа, знам – Клиперси?!?!?, али ако сте ги гледале еднаш, би виделе дека за првпат по Менинг, Харпер, Смит и компанија на почетокот на 90-те, тие конечно имаат солидна екипа. Бренд за првпат има околу него тим, кој знае да ги користи неговите дабл-даблови секоја вечер, Сем е моторот на плеј, Магети и Мобли увек расположени, барем у напад, а и сурферот Кејмн не е за бацање. Коа само ќе ми текне дека Булси го трампаа Бренд за Чендлер. Какви шупаци! Ворирси па, имаат солидна екипа, али као што се виде против Детроит, нешто им фали, вероватно трет човек, зад Џејсон и Берон. Мајк Данливи би можел да биде тоа, али само би можел. Мислам дека по неколку сезони у лига најголем квалитет му е правење чудни фаци. Пистонси газат. Под Флип конечно ја добија слободата која ја немаа под Лери и сеа се права машина. Како сеа стојат работите, тие се главен фаворит на Истокот, а не знам дали е ради тоа што Лери си отиде или не, али одеднаш ми станаа многу интересни за гледање. Е сега, замислете на местото на Дарк-О, како 2,пик да го собраа Вејд, Мело или па Бош, ако баш сакаа висок момак. Сан Антонио е јак како и лани и вероватно ќе има најбољи скор на Запад, кој можда нема да биде најбољи и у цела лига. Зашто? Затоа што Поп не сака да ги бутка своите играчи да рушат рекорди како Фил што правеше со Булси. Дали е така исправно, не знам. Леброн е од друга планета. Типот има само 20 години и веројатно е помлад од повеќето луѓе кои го читаат ова. Страшно. Двајт Хауард не е многу далеку. Има само 19 години и е ѕвер у рекет. У Орландо сигурно тријат раце откако лани го земаа како 1.пик, иако повеќето анализи им го препорачуваа Емека. Ѕирнете ги бројките сезонава на Мека и Двајт. Сакерс. Алтернативните ретро дресови на Чикаго, Клиперси, Мемфис и Визардси се живо срање, како да ги сошиле од матерјалот кој им останал фира. Кој знае колку им е срам на играчите да играат у нив. Не се заебавајте со Хоукси. Можда имаат само три победи, но две од нив се над Спарси и Пејсерси. Барем засега, изгледа како Атланта да се заеба со Марвин Вилијамс како 2.пик, али барем за сега. Сигурно боље ќе им дојдеше Крис Пол на плеј, али сачекајте. Лани така збореа и за Мека и Двајт. Ајверсон веројатно ја игра најдобрата сезона у кариерата, а никој ништо не пишуе за тоа. Еве, ја напишав нешто. Време е Аделман да го шутнат, стварно е време. Тоа требаше да се деси уште лани, можда и преклани, али ај, уште не е доцна. Можда е случајност, али одма кога Коби престана да пуца по преку 30 шута по утакмица, Лејкерси направија мини серија победи. Не мислам дека е случајно, само да го држи подолго моменталниот стејт оф мајнд. Не ради мене, ради Шеп ми е. На Пипен му ја повлекоа 33-ката. Ја гледав церемонијата, и се беше Ок, али некако ми беше жал за Скоти. У секој говор повеќе се спомнуваше Мајкл него Пип. Барем на една вечер можеа да го остават човекот да биде главна фаца у Чикаго. Работата малку ја извади Баркли, кој му кажа на Мајкл да му заблагодари на Господ за Пип, затоа што без него тешко дека ќе имаше толку накит на рацете. Тру, тру.
Бубачки, бубачки
Повредениот Рон Артест сака што побргу да се врати на теренот, меѓутоа не во дресот на Индијана. Во 20-минутното интервју саботата за "Индијанаполис Стар", Артест за прв пат јавно изјави дека сака да биде трампан. Во тоа интервју крилото на Пејсерси зборуваше за тоа што не му се допаѓа во тимот, неговата улога во него, тренерот, минатото, велејќи дека на тимот ќе му биде подобро без него. "Премногу лоши спомени имам од тука. Мислам дека на некое друго место би почнал одново. Тука имам голем терет врз себе, но тоа не е ништо ново за тие околу мене. Или ќе застанат зад мене и ќе ме трампаат или пак, нема да ме трампаат. Мислам дека ќе бидат подобар тим без мене" - изјави Рон. Тренерот на Пејсерси, Рик Карлајл, не сакаше многу да ги коментира изјавите на својот играч. "Никогаш не сакате да загубите некој како Рон, кој е еден од најталентираните играчи во лигата" - беше единствената изјава на Карлајл. Пејсерси лани го загубија Рон на 73 средби, по масовната тепачка во Детроит на 19. ноември. Тие застанаа на негова страна, иако самиот призна дека неговата суспензија им ја уништила сезоната. Сега Пејсери можеби и ќе бидат принудени да го трампаат за да ја спасат оваа сезона. "Мислам дека создавам многу проблеми тука. Доколку има некоја вистиина во шпекулациите кои ги слушам, тогаш и не би било лошо да ме трампаат. Веројатно ќе остварат повеќе победи без мене" - продолжи Рон. Генералниот менаџер на Индијана, Лери Бирд во моментов се наоѓа сред бркање таленти низ Европа, но по ова ништо чудно набрзина да се врати во Индијанаполис и со претседателот Дони Волш да видат што ќе прават со Рон. "Тој може во секое време да дојде и да разговара со мене и Лери. Од сега, очекувам Рон да се однесува како професионалец. Ова не е најдобар начин да се направи трејд" - рече Волш. Рон изјави и дека ќе му бидат потребни неколку дена да види кога ќе се врати од повредата на зглобот. Прашање е, дали ќе се врати како член на Индијана? Според изјавите на Артест, една од најголемите причини за неговото барање е играта која ја форсира Карлајл. Тој е втор стрелец со просек од 19.4 поени по натпревар, но смета дека лошо влијае на нападот. "Премногу ја сакам топката во свои раце, но тоа не е моја грешка. Поради тоа, често го упропастувам нападот. Ми се допаѓа тренерот Карлајл, но не ми се допаѓа и да играм за него. Да не бидам сфатен погрешно, си ја сакам екипата, а Рик е многу добар тренер. Тој знае што прави, само што јас не сакам да играм за него. Не сакам да го отпуштат поради мене и моите глупости" - рече Рон. На Индијана нема да и биде тешко да добие понуди за Артест. ТЊој е поранешен Ол-Стар и Дефанзивец на годината. Сепак, да добијат подеднаков квалитет за возврат нема да биде така лесно. Рон оваа сезона игра за 6.5 милиони, што е премалку според неговиот талент. Поради селари-капот, НБА трампите многу повеќе зависат од изедначување на договорите, отколку од изедначување на талентот. Најголемиот број играчи од нивото на Рон заработуваат доста поголеми пари, што значи дека Пејсери нема да добијат ист квалитет доколку не се откажат од уште некој играч. Сепак, желбата на Артест е јасна. "Доколку ме трампаат на Запад, кога ќе ми истече договорот би се вратил во мојот роден град, Њујорк. Исто така не би ми пречело да играм и за Кливленд, па и да влегувам од клупа на местото на Леброн. Има многу играчи поради кои не би ми пречело да влегувам од клупата. доколку живеевме во совршен свет, ќе играв за Њујорк" - изјави Артест. Можеби случајно, но само еден ден пред да го искаже своето барање Артест, се појавија шпекулации за можен негов трејд во Сакраменто во размена за Пеџа Стојаковиќ. Нешто за кое се зборуваше и во текот на минатата сезона. Не е тајна дека Кингси би сакале играч како Рон, а и дека на Индијана и фали шутер како Пеџа, кој сезонава игра многу слабо. Самиот Стојаковиќ има изјавено дека би сакал промена, затоа што се заситил од Сакраменто, а негова прва желба се Булси.
Опроштење
Jас како основач на блогов, стварно ми е мака, кога немам за што да пишам. Верујте дека отварам ворд.. и така.. заеби си викам, не иде. Едино да фатам ретро.. што и ќе биде. Последна утакмица која ја имам гледано е Сан Антонио - Детроит, седмата од ланското финале. Така да, дури не сум ни стручен да какам за Лигата повеќе. И знам дека темплејтот зеза. Работам у моментов. Инаку, можда е контрадикторно, ама посетите растат :) Имаме однос на прочитани вести према кликови од 7,3 : 1. Исто така, официјално добредојде за Двр Будр, и уште еден повик за сите што мислат дека имаат нешто што може да се објави нека пратат мејл на maknba@gmail.com. UPDATE: Темплејтот е среден, банерот на барање на оние со поспора конекција и помала резолуција го смалив, и забораив прееска. Еве го моето ливче у кладилница: Минесота 0 - 7 Лејкерс - 2 (1.85) - навијачки, ама и логички - Лејкерси пркнаа, Минесота имаат исто 4 по ред, ама тука вуците паѓаат.. Вашингтон - Чикаго (без х.) - 2 (2.00) - некако ги осеќам Булси.. задњата ја потфрлија со Лејкерс, ама против источен тим лакше е.. Сиетл - Сакраменто (без х.) - 2 (2.10) - дрва се Кингси ама не губат 6-та по ред Милвоки - Кливленд (без х.) - 1 (1.85) - Бакси пркнаа, Кавси паднаа, нека иде опет така У моментов, Чикаго води у трета четвртина, а у прва Лејкерс губат 9 од Вулвси.. океј де, може до 7 разлика да тепа Минесота :) ѕлог 50, потенцијална добивка 719 (онака де :) )

Saturday, December 10, 2005

Пистонсн ги скубурија Вориорсн
На почетокот јас, Dwr Budr, сакам да им се заблагодарам на домаќините на блогот , почитуваните NBA-news ветерани Shepard и Karakash, што ми дозволија да пишувам на NBA Macedonia; и ја користам приликава да ги поздравам нив и нивниот блог и да си посакаме успешна соработка.:)
У еден не толку добар натпревар, Pistons-n ги победија Warriors-n со 106:103. Поголем дел, ако не и цело време, од утамицата водеа Golden State. Али на крајот тесно ама лесно победија Детроит . Највише кошова даде Јason Richardson, 36, арно ама клиповите имаа тројца играчи (Richard Hamilton, Rasheed Wallace и Chauncey Billups) со над 20 поена, шо на крајот испадна и пресудно. Првата четвртина почна и заврши во стилот "ќе ви дадеме кош, а вие ќе вратите, па ние ќе промашиме; тогаш вие поентирате, ама за тоа у наредни два напада ние ви даваме коша, додека вие нам не". И така до 25 : 27, за Warriors. Едина занимливост за издвајање е еднорукиот-цепелин на Tayshaun Prince по додавање на Hamilton.
Наредната четвртина беше навистина лоша. И двата тима се убија од промашување, што не може да се препише на не знам - каквата одбрана од двата тима. Повеќе може да се каже дека лошо играа. Најинтересни моменти беа: бананата на Troy Marfy (на типов многу би му личела улога у некоја холивудска комедија) врз Rasheed и sprite-от на Foyle кога за некое чудо се најде сам под кошот. Светла тачка у втората четвртина беше буда - ветеранот Derek Fisher. Фраеров си изнуди едно три - четири лични грешки врз него, а и си погоди неколку од оние неговите, педерски, скок-шутa од такозваната полудистанца. Го заврши полувремето со 13 поени и со пун-кадар од ТВ-камерата. Иначе на полувремето најефикасен беше Richardson, кој константно, неприметливо си даваше поенчиња.
По одморот вероватно добро се одморија играчите, па така си гледавме боља кошарка. У оваа четвртина Warriors-n се одлепија до најголемата разлика од 6 поени. Така остана и по едно тројка - шоу приредено од Mike Dunleavy, Billups и Hamilton. Прво Billups пуцна тројка, па Dunleavy врати; во наредниот напад тројка стаи и Hamilton по шо шизикот - плукнат на тато врати пак со тројка. Е сеа, ко шо стално се дешава, two-in-a-row фраеров се залета да даде тројка од 200 метра (некаде оклоу 9 - уствари) и пак ко шо стално се дешава - си промаши... Во третиот период се разигра и Barron Davis. Направи два пути по 2+1, нормално со акробации, но еднаш и sprite-ираше. Pstons-n си играа стандарно полека и секој од нив си даваше по некое пoенче. Атрактивен момент имаше на почетокот на четвртината, кога Hаmailton промаши положување а Ben од одбојка:) ја закуца. Решавачката четвртина понуди прав баскет. Pistons-n почнаа со 4/7 од игра а додека Warriors-n so 0/5. Така на осум минути пред крај беше 84:84. Во последните осум минути се разиграа и двата тима, до крајот на утакмицата дадоа вкупно 41 поен. Збесна Richadson! Гаѓаше се, тројки, скок-шут двојки, акробации и една куцанка. И после секој кош гордо се намрштуваше. Али забавата му ја заебаа Wallace и Bilups. Посебно Rashead. Шупакот се разигра, пуцаше хороци и свртувања , скокаше у одбрана, изнуди прекршок и украде една топка под својот кош, по што Bilups положи у напад. Мислам дека токму тој момент, наредниот влез со кош на Cahuncey и скок-шутот од свртување на Prince, ги решија Golden State. Потоа следуваше и тројка на Richardson и фаули за Pistons-n, но Bilups, не згреши во слободните фрлања. На крајот Fisher спука еден проектил од своја половина, топката удри у обрач али не влезе. Не успеа да изедначи.
Вака Pistons-n си ја продолжија серијата од победи и сега имаат 5 по ред, а Golden States-n првпат сезонава доживеаа два пораза по ред.
...а ти го напиша првиот МАКНБА пост. Честито губење невиност, не болеше, нели? И мене не ми беше нешто посебно интересна утакмицата, али беше многу боља од некои други кои ги даваа неделава. Детроит се ѕверови, тоа и го пишав порано. Ќе се мотаат у игра се до задњите пет-шест минути, кога ќе убацат у 18-та брзина и смирено, лагано ќе си победат. Него, и судиите синоча им помагаа. Ти текнуе на 3 кораци на Шид у финиш, кога судиите свиера фаул на него и две слободни, а не кораци. Тука завршија работа. - Каракаш
Џо и Борис + Кој е Д 'МЕН у Индијана?
Неделава се разви муабет низ НБА дека Атланта страшно се заебала у трејдот за Џо Џонсон, и не само што го преплатила Џо, него и изгубила подобар играч од него – Борис Дио. Плус, Грег Ентони, кој пишува за ЕСПН додаде дека Атланта ќе зажали за двата пика од 1, рунда кои му ги даде на Феникс, затоа што тие сигурно ќе бидат лотери пикови. Шупакот нема појма дека тие пикови се условени, т.е., Хоукси ги задржуваат ако бидат меѓу првите десет или 14, зависи како се договориле двата тима (најчесто 14). Ете зошто не ги поштуем ЕСПН, кои се рекламираат како најдобра спортска куќа на светот, а прават едно чудо бизарни грешки. Да се вратиме на Џо и Борис. У голем број муабети Французот се спомнуе како идниот Меџик, како роден лидер, невиден талент или тип со "Менса Ај-Кју" (Ентони пак), а Џо како солиден епизодист, кој никогаш нема да стане тоа што Хоукси очекуваат од него. Какво срање. Секој кој барем малку ги гледал Хоукси задњиве неколку години знае каков лидер, иден Меџик и што се не е Дио. Не викам дека момакот не го бива, секако дека го бива., тоа го докажа играјќи од двојка до петка за Санси сезонава. Од друга страна, Џо е тип околу кој може да се гради тим, сеа, можеби тоа нема да биде некој многу тим, но тој е тука негде со Пол Пирс или Мајкл Ред или што знам кој друг, типови кои земаат големи пари, а својот тим никогаш нема да го однесат до титулата. Околу Борис не можеш да правиш екипа, Хоукси у тоа се уверија задњиве години. На Атланта задње нешто што и требаше е уште едно ниско крило со слаб (никаков) шут, кое одбиваше да шутира дури и кога беше тотално сам. Тоа се смени сезонава, но мислам дека не е Борис најзаслужен за тоа, туку момакот по име Стив Неш, кој и од Раџа Бел може да направи играчиште. Џо е иден Ол-Стар, можда не сезонава, али има време за него. Борис никад нема да игра на Ол-Стар. Џо е срцето на Хоукси, иако се тие бедни сезонава, тоа не е по негова вина. Џо ги прави другите играчи подобри, Борис е подобра кога околу него има подобри играчи. Џо е ѕвезда, Борис е чирак. Што не треба да биде сфатено така лошо. Пипен беше чирак, Ману и Паркер се сега чираци. Толку од тој муабет. Синоќа ги гледав Пејсерси и Визардси. И двете екипи имаат сериозни проблеми. Индијана играше без Артест и Тинсли (и завеаниот од снег Крошир), али ипак победи, на крај и убедливо, иако беа дупки у 1. четвртина. Се разигра Стивен Џекес Џексон, а по страшното куцање во 2. период, се укочи Аренас. Без него Визардси се пацери. Проблемот у Индијана е тоа што не се знае кој е Д МЕН, нешто околу кое Лери Бирд се мислеше и летово. Сега станува јасно дека Џермејн ОНил не е баш комотен у таа улога, можда Рон-Рон, а? Кој и да биде, ќе мораат бргу да го најдат, зашто вака не прават ништо. Се спомињаат некои трејдови, пред се Рон за Пеџа Стојаковиќ, што по мене е глуп потег и за двете екипи. Нити му е место на Артест у без-дефанзивната зона у Сакраменто, нити му е место на Пеџа у системот на Карлајл. Бољи потег би бил (кога ја би бил Џи-Ем) да ги пратат Џермејн, Бендер и Фред Џонс у Минесота, за Кевин Гарнет и можда Воли Шбџакдикдакухдиак. Толку, вечер ќе глеам Голден Стејт – Детроит, исто како и еден нов член на нашето семејство кој, бимбереќатврсн, ќе го запознаете утре. Ај...

Tuesday, December 06, 2005

Бедник
Кога играше, беше ексцентрик, но беше и добар играч. Не нешто посебно талентиран, но и тоа како корисен во тимови во кои имаше кој да го исконтролира, т.е. во кои имаше некој со поголема харизма, карактер и его од него (Ајзеа Томас, Мајкл Џордан, Фил Џексон). Често потценуван, најмногу поради неговите глупости вон теренот. Сега, кога веќе не игра, Денис Родман е очаен за внимание, како мало дете кое кога ќе му се роди братче или сестричка. Тој прави се, само да го има низ медиумите, игра баскет во Финска, се слика гол, ја издава својата 6567413 автобиографија во животот. Стварно не сакав да одвојам ни малце простор од МАКНБА за некој како Родман, али задњиве слики, а посебно линкот подоле, од кој не сакав да ставам слики (ѓе ви биде јасно кога ќе кликнете), ме натераа. Плус, еве го и текстот откако викендов беше избацен од журка на Тиесто. Јадник. Бедник. Dennis Rodman was bounced out of Crobar the other night after he jumped onstage during a sold-out set by DJ Tiesto and ripped off his clothes. The former NBA star doffed his shirt and pulled down his pants to expose his backside, prompting a disgusted Tiesto to storm offstage. "Rodman chased after him, screaming that that he was sorry and for him to come back," says a witness. A club spokesman confirmed that Rodman was escorted out when Tiesto refused to return to his turntables until "The Worm" was shown the door. Rodman mouthpiece Darren Prince put a different spin on it: "They did not throw him out. I swear. We walked up on stage, and the deejay stopped playing, and the crowd was screaming, 'Rodman, Rodman, Rodman.' [Tiesto] did refuse to come back on, though, so that is true. He must have been p-d, I guess, but the crowd loved [Rodman] Кога виде дека ништо не пали, реши да го покаже и алатот. Сега ми е јасно заШто го викаа црвот.

Sunday, December 04, 2005

Коначно нешто добро у Денвер + Фентази МАКНБА
Вчера гледав Мајами – Денвер, и искрено по неколку слаби по ред, конечно добра НБА утакмица. Прв пут сезонава Нагетси одиграа како што им предвидувавме ние и сите др., иако Мело поголем дел од средбата се мучеше со лични. Мајами исто беше солиден, мада покрај Вејд фалеше втор човек у напад, у таа улога се мењаа неколку играчи, ама у погрешно време у неа улета Ентоан Вокер у задњите две минути. Ипак, Мајами беше доста добар, и едвај чекам да видам какви ќе бидат со Шек у пуна снага. Замислете, резервниот центар ќе им биде најбољи блокер у лига. По некое време пауза еве го и Фентази Ивица, а кој сака да биде дел од нашата фентази лига, Макнба, нека остава мејл, што више-то боље. Ај... Еве по подолго време (околу една недела) конечно се ослободив и можам да напишам пар зборови за нашата ни најмила НБА :). Во овој пост ќе се посветам на играчи кои ја потврдуваат тезата дека сељакот кој ги сменал опинците за кондури е повторно сељак. Наредниве 5 играчи НИКАКО не смеат да се најдат во ростерите на вашите НБА тимови. Прво заради одржување на можноста да сте на врвот на табелата во вашата лига, а второ (и според мене многу поважно) заради одржување на вашата здравствена состојба. Па нерви искинав со Мејсон и Јариќ. Anyway, време е да ви ги претставам:
1.Quentin Richardson
Ако сакате да научите како може надежна кариера во добар НБА тим (Феникс) да се заебе на најбрутален начин прашајте го дечково. Тој ќе ви објасни дури и во подробности ако сакате. Од неговите 17.3 и 14.9 поени по натпревар за минатите две сезони, Q-Rich по доаѓањето во Њу Јорк успеа да дојде на 6.8 поени за очајни 23 минути во просек. Скокови: од претходниот просек во кариерата кој беше нешто над 6 стигна на смешни 3.8. Во останативе статистички категории не мора ни да споменувам колку е смешен годинава... Згора на се се наоќа во тим каде е тренер Лери Браун, кој е општо познат како тренер кој обожава играчи кои знаат да играат одбрана... Од лошо полошо за Квентин кој не се истакнува многу во дефанзивата. Неговити минути ќе одат надолу, а со нив и неговите и така смешни броеви.
2.Jamal Crawford
Дури сме на темава Њујорк, да не го заборавиме и најверниот другар на Ричардсон - Џамал Крафорд (се знаат од на клупа:-)). Приказнава е слична како со Квентин само што Крафорд е во Њу Јорк (по преминот од Чикаго) втора сезона. Сезонава го нема никаде, а неговите 13.8 поени по натпревар се повеќе како резултат на последниве 5 натпревари каде покажа знаци на живот (последно против Чикаго 28 поени). Нема просек над 3 во ниту една друга статистичка категорија и според мое мислење во фантази тим е корисен исто колку и Ричардсон, т.е. воопшто.
3.Desmond Mason
Мејсон ќе го критикувам со особено задоволство, затоа што е еден од главните кривци што не котирам баш најдобро на табелата во мојата фантази лига. Дојде во Њ.Орлеанс како големо засилување, а се испостави дека е само една огромна грешка од страна на раководството на Њ.О. Има просек од 8.7 поени што никако не се совпаѓа со мојата идеја од пред почетокот на сезонава кога планирав дека ќе има огромна минутажа и огромно влијание. Лани во Милвоки имаше просек од 17 поени и околу 4 скока со 44% шут од поле и 80% од линија за слободни. Чисто за споредба еве ги тие броеви за оваа сезона: поени 8.7, скокови 3.8, шут од поле 37% и шут за слободни 64%. Најверојатно станува јасно зошто во Милвоки и немаше некое огромно расположение да го задржат :-).
4.Rafer Alston
Rafer who?!? Алстон оваа сезона беше на листата на можни изненадувања... Арно ама, се испостави дека единствено каде може да се рече дека припаѓа е листата на непријатни изненадувања. Многу луѓе очекуваа (вклучувајќи го тука и Баркли) дека Т-Мек конечно околу себе има доволно добра екипа за шампионска титула ама Рафер и компанијата се погрижија да го демантираат. Има просек од 7 поени и 4 асистенции што е очајно малку за плејмејкер во шампионски тим. Згора на се последниве неколку натпревари не игра поради повреда што дополнително ја потврдува идејата Алстон да се исфрли од секој фантази тим под итно. На дечково му нема спас од просечност сезонава.
5.Marko Jaric
Марко ми делува како да има сили да го напушти ова непријатно друштво (што го покажа на последниве 2-3 натпревари), ама минатиот труд од почетокот на сезнава па наваму го смести во ова друштво на великани :-). Има просек од 10 поени и 5 асистенции, со релативно добар шут од поле (47%) и 2,4 изгубени топки по натпревар. Генерално земено бројкиве не се така лоши ама за споредба еве ги минатогодишните статистики на Јариќ од Клиперс: 9.9 поени, 6.1 асистенција, шут околу 43% и нешто под две изгубени топки. Искрено речено очекувам Јариќ да ги поправи своите асистенции, но ќе го влоши шутот од поле и бројот на изгубени топки. Би рекол дека нема да е идеална опција за вашиот тим во било која фантази лига.

Friday, December 02, 2005

Кој го сака Коби?
Овој наслов уствари го имам напишано уште пред некои две години, кога Коби беше повреден, а Лејкерси газеа со Шек, Мелоун и Пејтон у екипа. Нормално, сите знаеме како заврши тој експеримент, но како што поминува времето некако се повеќе ми станува јасно кој е главниот виновник за тоталниот колапс во Финалето против Детроит. Гледајќи го Коби лани, а посебно сезонава, зашто НБА ТВ изгледа не сфаќа дека Лејкерси више не се Лејкерси, почнуе да ми се гади од типот, и знам дека не сум единствениот кој се осеча така. Дел од тоа е предизвикано и од изјавите на Брајант по глупата одлука на судијата синоќа против Јута кога му свирна фаул на Девин Браун у задња секунда, иако типот беше километар далеку од Коби. Никој на светотв не виде дека имаше фаул, освен еден единствен судија кај кого изгледа пали авторитет на КБ. Што рече КБ после средбата? – Браун ме закачи со телото. Со телото?!?!?! Место да си признае дека судиите згрешиле, како што би направил секој со малку карактер, типот продужи да се фолира. Да повратиш. По трампата на Шек знаев дека Коби е виновникот за тоа и дека Лејкерси направија голема грешка со тој дил, само за да му удоволат на КБ. Но, и покрај тоа, бев решен да му дадам шанса да покаже дека знае да победува и без Најдоминантниот, да покаже дека знае што е тоа тимска кошарка, поим кој за негосе уште останува неоткриен како вселената. Гледајќи го како се дига на шут преку 30 пати во 6 од задњите 7 утакмици на Лејкерси, станува јасно дека он не знае што е тоа ТИМ. Едноставно, не знае. Само за илустрација, при преносот со Јута, Баркли на полувремето спомна дека у целата своја кариера само на 3 средби шутнал преку 30 пути на една утакмица, Реџи Милер никад не направил такво нешто, а Ајверсон, кој исто така важи за себичен играч (а, не е) сезонава само два пати шутнал 30 пути. У Европа цели екипи една уткамица завршуваат со токлу обиди, И како треба да се осечаат соиграчите на КБ сеа, посебно по доказот дека можат да играат тимски, откако без него у петорка успеаа да тепаат у продужеток у Јута. Изненадија Вујачиќ и Паркер, кои конечно без притисокот секоја топка да му ја дадат на Брајант за овој да фрли некој луд шут од тотална вукојебина од позиција, убација клучни поени. Супер беше и Одом, кој барем на три минути покажа дека може да биде лидер. Да не бидам сфатен погрешно, мислам дека КБ е дефинитивно еден од најталентираните играчи на светот, но баш тој негов талент ме тера да го пишувам ова. Момакот очигледно не сфаќа, целиот баскет свет му даде шанса по неколкуте глупости, да се поправи, да покаже кој е вистинскиот Коби, али тој и даље продужуе да се фолира, да глуми лудило, као тој е над сите, по вреден од сите други играчи. Позира секогаш кога ќе види дека го снимаат камери, а и кога не го снимаат. Зашто? Па, затоа што освен да глуми, момакот не знае ништо друго. Ипак, уште не е касно, КБ е млад и у пуна снага, само кога би се симнал на земја да го сфати тоа, се би био боље и за него, и за Лејкерси. Али.... Кај е Фил Џексон у целава прича е питањето кое ќе го постават многумина. Мислам дека на тоа одговорив кога помина првата недела од новата сезона. Едноставно, Зенот не губи ништо, само става 10 милиони у џеб. ПС - Фентази Ивица, што се деси со нашата лига, а и текстовите. Се изгубе. ППС - Гласав за Ол-Стар, али неми иде постирањево на балотот. Ќе биде, важно знаете за кого не сум гласал на Западот на двојка.:)