Saturday, December 10, 2005

Пистонсн ги скубурија Вориорсн
На почетокот јас, Dwr Budr, сакам да им се заблагодарам на домаќините на блогот , почитуваните NBA-news ветерани Shepard и Karakash, што ми дозволија да пишувам на NBA Macedonia; и ја користам приликава да ги поздравам нив и нивниот блог и да си посакаме успешна соработка.:)
У еден не толку добар натпревар, Pistons-n ги победија Warriors-n со 106:103. Поголем дел, ако не и цело време, од утамицата водеа Golden State. Али на крајот тесно ама лесно победија Детроит . Највише кошова даде Јason Richardson, 36, арно ама клиповите имаа тројца играчи (Richard Hamilton, Rasheed Wallace и Chauncey Billups) со над 20 поена, шо на крајот испадна и пресудно. Првата четвртина почна и заврши во стилот "ќе ви дадеме кош, а вие ќе вратите, па ние ќе промашиме; тогаш вие поентирате, ама за тоа у наредни два напада ние ви даваме коша, додека вие нам не". И така до 25 : 27, за Warriors. Едина занимливост за издвајање е еднорукиот-цепелин на Tayshaun Prince по додавање на Hamilton.
Наредната четвртина беше навистина лоша. И двата тима се убија од промашување, што не може да се препише на не знам - каквата одбрана од двата тима. Повеќе може да се каже дека лошо играа. Најинтересни моменти беа: бананата на Troy Marfy (на типов многу би му личела улога у некоја холивудска комедија) врз Rasheed и sprite-от на Foyle кога за некое чудо се најде сам под кошот. Светла тачка у втората четвртина беше буда - ветеранот Derek Fisher. Фраеров си изнуди едно три - четири лични грешки врз него, а и си погоди неколку од оние неговите, педерски, скок-шутa од такозваната полудистанца. Го заврши полувремето со 13 поени и со пун-кадар од ТВ-камерата. Иначе на полувремето најефикасен беше Richardson, кој константно, неприметливо си даваше поенчиња.
По одморот вероватно добро се одморија играчите, па така си гледавме боља кошарка. У оваа четвртина Warriors-n се одлепија до најголемата разлика од 6 поени. Така остана и по едно тројка - шоу приредено од Mike Dunleavy, Billups и Hamilton. Прво Billups пуцна тројка, па Dunleavy врати; во наредниот напад тројка стаи и Hamilton по шо шизикот - плукнат на тато врати пак со тројка. Е сеа, ко шо стално се дешава, two-in-a-row фраеров се залета да даде тројка од 200 метра (некаде оклоу 9 - уствари) и пак ко шо стално се дешава - си промаши... Во третиот период се разигра и Barron Davis. Направи два пути по 2+1, нормално со акробации, но еднаш и sprite-ираше. Pstons-n си играа стандарно полека и секој од нив си даваше по некое пoенче. Атрактивен момент имаше на почетокот на четвртината, кога Hаmailton промаши положување а Ben од одбојка:) ја закуца. Решавачката четвртина понуди прав баскет. Pistons-n почнаа со 4/7 од игра а додека Warriors-n so 0/5. Така на осум минути пред крај беше 84:84. Во последните осум минути се разиграа и двата тима, до крајот на утакмицата дадоа вкупно 41 поен. Збесна Richadson! Гаѓаше се, тројки, скок-шут двојки, акробации и една куцанка. И после секој кош гордо се намрштуваше. Али забавата му ја заебаа Wallace и Bilups. Посебно Rashead. Шупакот се разигра, пуцаше хороци и свртувања , скокаше у одбрана, изнуди прекршок и украде една топка под својот кош, по што Bilups положи у напад. Мислам дека токму тој момент, наредниот влез со кош на Cahuncey и скок-шутот од свртување на Prince, ги решија Golden State. Потоа следуваше и тројка на Richardson и фаули за Pistons-n, но Bilups, не згреши во слободните фрлања. На крајот Fisher спука еден проектил од своја половина, топката удри у обрач али не влезе. Не успеа да изедначи.
Вака Pistons-n си ја продолжија серијата од победи и сега имаат 5 по ред, а Golden States-n првпат сезонава доживеаа два пораза по ред.
...а ти го напиша првиот МАКНБА пост. Честито губење невиност, не болеше, нели? И мене не ми беше нешто посебно интересна утакмицата, али беше многу боља од некои други кои ги даваа неделава. Детроит се ѕверови, тоа и го пишав порано. Ќе се мотаат у игра се до задњите пет-шест минути, кога ќе убацат у 18-та брзина и смирено, лагано ќе си победат. Него, и судиите синоча им помагаа. Ти текнуе на 3 кораци на Шид у финиш, кога судиите свиера фаул на него и две слободни, а не кораци. Тука завршија работа. - Каракаш

4 Comments:

Blogger Beto said...

Dwr cestito sto vleze vo maknba timot,aj vise ovie Ofcar i Kash koga ne postiraat redovno toa naprai go ti!
LUGE VE MOLAM TRGNETE GO TOA WORD VERIFICATION ME IZLUDUVA!ME PRAI BUDALA DEKA NE GO PISUVAM PRAVILNO "ZBOROT".PLEASE PLEASE.
Moze komentarov nikad nema ni da go procitate

12/10/2005 08:24:00 pm  
Blogger Владо Апостолов said...

Aj fala!

12/10/2005 08:34:00 pm  
Anonymous bodan said...

Ne aj fala,tuku da produzis so postoj a ne kao Ofcar i Karakash da zabushavash.Se shalim normalno,i ja ja gledav detroit i ubavo ja pretsavi utakmicata(stvaro deckite iaat hemija--pistons).Pozdrav do duoto(gorenavedeno) i fatitese za rabota zoshto ima stvarno za shto da se pisuva(ova bese dobronamerno)P.S.Ivica da pusti na email za toa sto obeca-tnt_tetovo@yahoo.com.

12/11/2005 12:47:00 am  
Anonymous Ivica said...

Imas do utre vecer(nedela) fora da prijavis tim Bodane. Okolu 22 ke ja otvoram za da se izvrsi draft. Znaci od ponedelnik najverojatno ke pocneme so ligata.

12/11/2005 01:49:00 am  

Post a Comment

<< Home