Wednesday, November 16, 2005

Really Unbeatable
by Beto Станав у 01,45 а тоа значи дека ги пропуштив првите 2-3 минути од утакмицата. Така нерасонет, првото што го видов е дека РИП дава кош (шутче типично за него) и Детроит води 8-6. Марк Блонт се здивува, почнува да куца, скока... дава 6 поена по ред!? И резултатот е 12-8 за Бостон. Тајмаут одма тука на Флип и работите се смируваат. Пистонси ги стигнаа со кошеви на РИП и Принс. Негде кон крајот на прва влезе Дарк-0 со фризура ала Елвис (многу многу чкарт) и по една утка на Хамилтон сам си се избори за топка и даде еден млитав кош по што цела публика му аплаудираше ко Мајкл Џордан да се вратил на терените. Прва четвртина заврши со 25-23 за Бостон. Кај Бостон не се ни “гледа“ Пирс, али затоа расположен за игра е Трики Рики кој сам си прави секој напад да иде преку него. Паметен тип. Во втора четвртина работите се поинаку. Бостон ја презима целосната контрола. Сакаат играат брзо, па бавно, па се заебаваат со играчите на Детроит. Периодот почна со двете резервни петорки на двата тима со исклучок на Рики кој беше во тимот на Бостон и го полнеше противничкиот кош како сака. Тројки, влезови, куцања, се`. Рики играше како ѕвер. Ал Џеферсон погоди некои шутчиња (10 поена 1во пол.) иако влезе како замена. Кога на теренот се вратија играчите кои и го почнаа натпреварот, Бостон малку по малку се одлепуваше, а разликата не беше 20 на полувреме благодарејќи на РИП и Тајшон кои колку-толку играа за разлика од нивните соиграчи. Вреди да се напише за цепелинот на РИП и Биг Бен кој сигурно ќе биде на Daily top 10 листата. Рики го заврши прво полувреме со 22 поена!!! Типот станал самоуверено копиле! Резултат на полувреме 58-48 за гостите. На полувреме идам до соба, глеам Џерси се изедначено со Сиетл а Картер до полувреме има само 6 коша. У игра ги одржува Скот Паџет. Ајде... У третата Детроит се созема, посебно Чонси Билапс кој даде 3 пати по ред 2+1 од кои третиот беше навистина убав (преку Дејвис). Шид исто така почна да игра и почна и да се топи предноста на Бостон. Во игра ги одржуваше Пирс кој даде 10тина поени ама џабе... не се може сам...Рики откажа. Полека но сигурно, кош по кош Детроит стигнаа до 1 поен, кога РИП даде кош и го смени водството од тогаш па до крај, водеа Детроит. А баш мислев дека на оваа утакмица ќе изгубат! Во четврта се разигра Пол Пирс, ама и цела екипа на Детроит. Кој стигна, даде кош. Ме изненади Аројо кој даде 2-3 коша плус 2 украдени топки и се` тоа за 3 минути игра. Потоа нормално го замени Чонси кој заедно со Хамилтон ги дорешија. Флип Сандерс цела 4-та ја мењаше петорката интензивно, најверојатно за цело време да бидат свежи и да трчаат контри, што и правеа. Играа Бен, Шид, РИП, Чонси, Принс, Еванс, МекДајс и Аројо. А Бен како му ја слепи на Пирс една тоа е друга работа... Така Детроит си ја привршија партијата паметно и мудро, мењавајќи му го чуварот на Пирс за да не се размавне. Средбата заврши 115-100. (Последниот поен беше дело на Даре) Еееееее, овие Детроит колку делуваат моќно нема ни да знаете додека не ги гледате. Губат 10 разлика, за десет минути +15 за нив... делуваат како потенцијални шампиони секако. Не се како под Браун само на одбрана да се става акцентот и да даваат по 80 коша (само). Сега играат одбрана-напад, трчаат многу контри, имаат доста добри играчи и не верувам ни дека Спарс можат да ги тепаат ако играат вака. Ич не згрешија кога го сменија Лери Браун. P.S. Јес, Њу Џерси тепале 10 разлика... Од Шепард: фино лепи, убав рикеп, иако малце поише нарација ;-) За сите други, кој сака да допринесе со текст, праќајте на maknba@gmail.com.

1 Comments:

Anonymous Anonymous said...

Bravo, soliden debi:)

11/17/2005 05:23:00 pm  

Post a Comment

<< Home