Sunday, November 06, 2005

Малку за Чарли Вилануева
Едно време постоеше МакНБА в.1, со десет пати помалце посети од оваа сега и со многу поскромни содржини.. и фала богу што ми се поеба, па морав да го отворам Вуна, да го начекам Енко и да го направиме ова што сега стана институција на скромниот наш сајбер простор (300 јуникса дневно, коа ќе шкртам по ѕидови и лепам налепници по продавници ќе идеме на иљадарче).

Е сеа, на тој дамнешен блог, првата сторија ми беше за еден млад играч, софмор во НЦАА, огромен потенцијал, со многу неодредена судбина, заради разнишаната здравствена состојба и големата недоверба во тоа колку е способен да напредува.

Еден од највисоките бекови, еден од најсестраните крила, а ако сакате бапнете го и на петка, ќе се снајде. Летоска сите го „крунисуваа“ како промашена инвестиција или глупаво потрошен пик, за по фантастичната предсезона и сосема пристојното деби пред некој ден, да го сместат у првата руки петорка и да го стават како спавачи кандидат за Руки на годината.

Да, зборам за мојот фетиш играч – Чарли Вилануева.

После Родман – највпечатливиот по физикус. Ја има болештината што ја има и Колина – нема влакна на телото.

Инаку, има латино потекло и поседува Доминикански пасош (но, веќе има настапи за САД, па тој нема да му послужи многу). Потекнува од Бруклин, од најхардкор гетото на планетава, ама со сигурност не се работи за будучи Артест.

Чарли Ви е од новата генерација на играчи, во која би ги сместил талентите од Амаре и Јао па навака. Во средно школо дрмаше и кога збореа за неговата иднина го ставаа рамо до рамо со ЛеБрон. Во 2002 со Блер Академи стаса до второто место на државно ниво, доби неколку награди. Следната сезона беше супериориен на индивидуално ниво и ја круниса со одличен настап (17п 5 ск) на традиционалната утакмица на најдобрите под покровителство на Мек факинг Доналдс. Таа година влезе и во најдобрите младински тимови на САД според весниците (у конкуренција на играчи од средно и колеџ). Но, у меѓувреме имаше пар проблеми на колената што за 19 годишен играч е малце сумљиво. Па така, тој доброволно ја повлече својата пријава за драфтот 2003 за да не падне у втора рунда и евентуално остане без шанса.

Отиде у НЦАА, и тоа у правиот тим – Конектикат Хаскис, каде што го пречекаа легендарниот тренер Џим Калхун, и тимот на чело со Емека Окафор, Бен Гордон, Џош Бун и т.н. Чарли таа сезона играше од клупа, но солидно, и имаше битен удел во походот до националната титула.

Лани пак, по заминувањето на Емека и Биг Литл Бен во Лигата, тој остана да го води ЈуКонн, и имаа пристоен успех (националниот турнир).

Конечно, летоска, Чарли успеа да влезе во проекцијата на првите 15 на драфтот. На големо изненадување, Торонто го земаа уште со седмиот пик. Уште вечерта потегот беше исмејуван, а за Вилануева почнаа да се пишуваат статии од кои безусловно опаѓа самодовербата. Но, со само неколку настапи се` се заборави и работите почнаа да си доаѓаат под конец.

Кошаркарските квалитети на Чарли

Чарли Ви е висок 211 цм, има 109 кила и има прилично атлетска градба и располага со простојна скочност. После повредите на колената, неговата игра е лимитирана во предната линија. Сепак, исто како Одом или Гарнет, со топка се снаоѓа како бек (впрочем кариерата ја почна како комбо бек). Има изграден и прецизен скок – шут (од чиста позиција не промашува). Дометот му стасува и до колеџ-тројка, а во НБА веројатно ќе биде ограничен со линијата. Има солидна работа со нозете, а и играта без топка му е предност. Всушност, Чарли е еден од малкуте нови ѕвезди со кошаркарска интелигенција. Додавањата му се на ниво, и особено е битно тоа што знае да извади + знае од надвор да ја уфрли кон рекетот. Во игра 2 на 2 може да биде и блокер и да влече. Знае да игра 1 на 1 и со дриблинг, и центарски, со двете раце. Хорозите му функционираат исто така солидно. Единствено нешто што му фали во целокупната игра во нападот е убиствениот инстинкт и агилноста. Инаку, талентот му е чиста десетка. Само што е индиферентен па играта му се сведува на 5 упатени шутеви од кои 3 ќе погоди. Слободни пуца со некои 66% и ќе мора да повежба малце. Вилануева е можеби подобар скокач од било што друго. И тоа што го прави квалитетен е скокот во напад. Едноставно, знае да се постави и добро темпира. Материјал за константен дабл-дабл.

Одбраната му е за нијанса потенка од нападот, меѓутоа скоковите тука му се компензација. Сепак, знае и да блокира, и да краде, и да сече пасови, а и тука го кине немањето убиствен инстинкт. Во центарска игра пред посилни не затреперува така лесно, ама мора да ојача за да се кошка со професионалците. Сепак, има брзи раце, и тоа мора да почне да го користи.

Од кошаркарска гледна точка Чарли ги има сите услови да порасне во еден од најдобрите кошаркари во Лигата и да остави трага, несомнено. Меѓтоа, лошиот збор што го следи е дека тој е малодушен, не ска да напредува и не се залага. В кусиот период кој е во Лигата, тој стави мускулна маса, влезе во подобра кондиција и дебитираше со учинок од 11 поени и 6 скока од клупата против Вашингтон. Велат дека е нов Ламар Одом, ама јас тврдам дека тој ќе биде синоним за ќослето што растура – Чарли Ви.

5 Comments:

Blogger beto # 6 said...

Ја Колина лани го гледав на колеџ утакмица(али една) и нешто не ми остаи посебно впечаток , освен запамтив дека напраи едно 4-5 офанзивни.
Нетс рулз.Џеферсон им го ваи гзот, не требаше толку на него да му се пуштам у привјуто.

11/06/2005 08:59:00 am  
Blogger Karakash said...

Елиенот Чарли јас го знаам исто така од пред некои три-четири-пет години кога беше еден од најталентираните у САД. У Торонто ќе има минутажа да покаже колку вреди, уште да почне да пие крв од бафало, па се ќе биде супер:)))
не требаше Бето, не требаше:)

11/06/2005 01:40:00 pm  
Blogger beto # 6 said...

Е јебига касно е.АЛи за догодина...
Да ве прашам нешто...абе кога ќе сакам да ставам на мојот блог слика од некој од Ливерпул у средина нејќе.Е зашо така????Може само од лево и десно му ебам блогерското

11/06/2005 02:18:00 pm  
Blogger Karakash said...

Бето, ај плиз од сеа на блогов коментари само за топикот. За се друго шо ти треба слободно прати ни маил.p

11/06/2005 03:15:00 pm  
Anonymous Wolf Pack said...

Само добра мотивација ќе го направи Чарли една супер-звезда во Торонто. Тој и Крис Бош би биле незапирлива комбинација.

11/07/2005 03:21:00 am  

Post a Comment

<< Home