Thursday, October 27, 2005

Preview: Houston Rockets
Годинава Хјустон ќе биде домаќин на Олстарот
Летен распуст: Освен помагање на настраданите другарчиња од Њу Орлеанс, Хјустон, и ова лето се заложи во шминкање на ростерот и ангажирање на по некој спавачи шпиун. Прв потег со кој озбилно му се заканија на Сан Антонио во трката за прв на Саутвест, а со тоа веројатно и на Запад, беше ангажманот на Стро Свифт, како фри ејџент и тоа за бааги ниска сума. После тоа, ја исфилуваа задњата линија со ангажирање на еден од најкошаркарски ориентираните кошаркари во Лигата, Дерек Андерсон. Се ослободија од старото железо Ворд (го унапредија во помошник тренер), Бејкер и Ведеспун, а плус ги ќарија Дион Главер, кој се чека на секоја утакмица да пружи што знае и летечите способности конструктивно да ги искористи.

Според мене, плус скил добија и со трампата на Мајк Џејмс за Рејфер Скип Алстон. Едн Уан баскетџијата ги има сите квалитети што ги има Џејмс, со таа разлика што е порафиниран офанзивец, а плус е фаца, ама па и му недостига дисциплина (но мислам дека Џеф Ван Дам брзо ќе му го дотера паметот). Единствено што изгубија оваа сезона е Скот Паџет, одличен шутер за три и типичен епизодист, и сега неговите задачи ќе треба да ги делат Дерек Андерсон, Џон Бери и останатите што ќе играат на 1, 2, и 3 освен ТиМек, кој и онака си има свои обавези. Боб Сура ми е дискутабилен, од здравствени причини.

На драфт пак се одлучија за ненаметлив комбо бек, кој игра ѕверски напад, пристојна одбрана и што е најбитно, имаше една од клучните улоги во Илиноис, на патот до финалето во НЦАА лани. Тоа е Лутер Хед, кој мислам дека нема да има проблем да се снајде во Лигата и да остане како респектабилен епизодист. Некако ми остави впечаток лани, пошто цело време беше играч што води на контри, се жртвува, влага, сам крева цел напад, шутира, а ретко тоа беа исфорсирани или глупи потези. Пристојна замена за коуч Ворд. Лани беше во вториот тим на УСА.. тоа доволно збори за неговите квалитети.

На писта од лани: Трејси Мекгреди, Мао Це Тунг, Џуан Хауард, Дејвид Весли, Џон Бери, Мучи Норис, Рајан Боуен, Тореј Брагз (играчиште!), Дикембе Мутомбо

Новата програма на НАСА: Лутер Хед (24. на драфт), Дерек Андерсон од Портланд, Стомајл Свифт од Мемфис, Дион Главер од Сан Антонио, Лони Бакстер како избеглица од Катрина

Лансирани во орбитата: Скот Паџет (Њу Џерси), Мајк Џејмс (Торонто), Чарли Ворд, Кларенс Ведерспун, Вин Бејкер

И те какво засилување: Стро Свифт. Откако го клонираа во Мемфис со драфтувањето на Хаким Ворик, човекот си одбра место кај што ќе има реална шанса да оди по титулата, кај што ќе го сакаат и кај што ќе игра. Рокетси добија пак феноменален талент, сеуште млад играч, пред све желен за игра и докажување, плус сигурни полна арена, затоа што Свифт е еден од најатрактивните играчи во Лигата. Нема што да го тупиме – ги попунува на четворка (а и петка), иако си го имаат стандардниот ама и стариот Џуан Хауард, и мислам дека тоа што го најавуваа години по ред во Мемфис, ќе го видиме сега, ама во црвен дрес. Освен што е забивач, Стро е и одличен блокер и скокач, и го појачува Хјустон осетно и видливо.

Стро беше играчот кој го посакуваа скоро сите тимови летоска. Едвај чекам да видам што ќе биде сега.

Тренер: Ван Ганди поситниот, лани си потврди дека е одличен тренер – па типот во секоја сезона имал преку 50% победи и нема утнато никад плејоф освен последната во Њу Јорк кога после 19 победи и скор од 10-9 изненадно си замина (уствари не се сеќавам, да не треснам, али тоа е причата у глобала). Лани дојде у пакет со ТиМек и од одма ја најави новата ера во Хјустон. Со Јуинг како асистент специјално задолжен за Конфучие, мислам дека Рокетс го имаат моментално најжустриот „стручен штаб“ после Лејкерси (Фил, Пип, Карим). Неверојатен психолог е, школа Рајли, башка и мозок е типот, викаат дека како што он има репертоар на акции, никој друг нема. Плус и ливчињата вршат работа. Тука Рокетс се чиста десетка.

Саплај менаџер: Трејси Мекгреди дефинитивно. Првин мислев да го пишам Хо Ши Мин, ама типот е три метра висок, не е Бредли, и по дофолт он нема да има послаб учинок од лани, пошто кај него важи дека секоја сезона иде напред.

Ти Мек рецимо, стана тип на играч – носител на екипа, синоним за цел тим, метонимија за Рокетс. Лани беше одличен, годинава мора да биде МВП калибар. Мора да ја раационализира уште малце играта и да повтори пратии како против Сан Антонио кога за 30 секунди сам им даде 13 поена и ги победи.. мора да повтори некои страва шутеви во задњи моменти, мора да игра сестрано, едноставно сега е пуна форма, зенит, зрелост, го има најдоброто опкружување во кариерата и прашање дали некогаш во иднина Рокетси ќе бидат вакак конкурентни. Нека батали топ тен, нека гледа да биде прв у Нестле Кранчтајм. До лани го мислев за тип ко Винс, ама мислам дека вреди малце повеќе. Лани почнаа кај него да се гледаат шампионски искри, оваа сезона мора да се разгорат. Викаат дека ТиМек имал лето слично на Берон Дејвис – теретана, тренинг, тренинг и после шутерски тренинг. Мене ми е еден од фаворитетите за МВП, па ќе видиме..

Епилог: Хјустон после десет години, пак има шанса да се врати на тронот. Реално и ненавијачки. Иако објективно се послаби од Спарси (пред се паѓаат на цврстина и искуство), сепак, ако успеат да дојдат до нив и загризаат јако, тогаш ќе биде вуна. Имаат долга клупа и сестрани орудија, кои Ван Ганди верувам дека успешно ќе ги искомбинира. Но, првин нека стасаат до нив, па отом потом.

Многу важно за Рокетс ќе биде регуларниот дел да го поминат без потешкотии. И да извадат подобар резултат од Спарс, за да ги бутнат на четврто место и да ги соочат евентуално со Далас уште во прво коло. Голема предност им е што Олстарот ќе им биде дома, па нема да мора да се замараат со патувања и кршење форма, што значи дека ќе имаат услови да се разбеснаст веднаш по паузата.

За нив многу тежок испит ќе бидат првите три недели од првенството. До 23 ноември ќе играат со Сакраменто, Мајами, Сан Антонио, Детроит, Индијана, Далас, Феникс. Со сите конкуренти де. Ако победат на повеќе од пола од овие утакмици, тогаш нивната кандидатура ќе биде легитимирана и подвлечена со црвено.

Им предвидувам 60-тина победи, а за пласман, зависи од Спарс, ама и од Далас. Сепак, оваа сезона се појаки од Далас. Ако не бидат први на Саутвест, тогаш ќе бидат четврти/петти со Мавс и ќе играат со нив у прво коло и ќе им се одмаздат за лани. Од второ коло би ги збришале само Сан Антонио, што значи дека ако не нагазат на нив во втора рунда, не им бега конференциско финале.

За дуелите со Спарс, веќе кажав. Можно е да ги поминат, ама првин нека стасаат до нив.

1 Comments:

Blogger Karakash said...

kolega, totalno se slagam.

10/28/2005 09:16:00 pm  

Post a Comment

<< Home