Wednesday, October 19, 2005

Preview: Utah Jazz
Летен одмор: Мормоните летоска за разлика од очекуваната активност на пазарот, учествуваа многу мрзливо во бркотницата по играчи. Во суштина, не направија никакви битни промени, освен додавањето на Дерон Вилијамс (ѕвер од играч, малце подоле) кој го избраа како 3. пик на драфтот. За него богами и се жртвуваа, праќајќи ги 6. и 27. во Порланд. Од другите активности – не се претргнаа за некое име. Сепак, голем и важен потег беше што си ја вратија легендата на кошарката, неповторливиот, семоќниот, и уште како и да го наречам Грег Остертаг (кој имаше екскурзија до Сакраменто и Мемфис). Сега симболот на Јута е назад и е спремен да оди по МВП титулата. (ова го пишав во недостаток на други работи). Ангажираа и две потенцијални изненадувања во Милт Паласио и Девин Браун (легендата на Тексас Колеџ може да експлодира, ништо чудно).

Остана целиот тим од лани минус Раул Лопез (Мемфис), Кирк Снајдер (Њу Орлеанс) и К`ртис Бордчарт (Бостон).

По жени дојдоа: Грег Остертаг од Мемфис, Милт Паласио од Торонто, Девин Браун од Сан Антонио, Дерон Вилијамс (3. пик), Си Џеј од Сан Андреас (се мисли на 34. пик Си Џеј Мајлс), и Роберт Вејли (51.)

Најважно засилување: е баш засилување за овој тим е Дерон Вилијамс. Бекот на Илионис доаѓа на голема врата во Лигата, после феноменалната сезона во НЦАА. Споредбата со Џејсон Кид и не е случајна (иако е претеризам). Сепак, Дерон е енергичен плеј, неверојатно талентиран со топката. Како додавач е скоро перфектен, прототип на асистент, а и шутот не му е лош (плус знае да погоди кога е тенко). Физички е јак, психички е стабилен, а како мана единствено може да му се земе непостојаноста во одбрана. Сепак, тоа го компензира со присуство под кош, каде знае да зграби некој скок. Се` на се`, перфект фит за Јута, каде конкуренција едино ќе му биде Кит Меклеод и Милт Паласио.

Тренер: Џери Слоун е една од карактеристиките на Лигата. Тренер во Лигата е од времето на ладната војна (`79-`82 во Чикаго), а во Јута е цели 17-18 години. Доволно е да се спомне дека во кариерата има преку 60% победи. Педагог, психолог, стратег, стручњак и што ли не. Иако е старо аро, сепак го бива. Немам повеќе што да кажам за него. Успеа да го направи Стоктон човек, зашто да не и Дерон.

Фактор на успехот: е сега, малце дипломатски. Погоре кажаното за Дерон мора да се потврди и во оваа категорија. Во колеџ беше монструм, ама ако спласне во Лигата, тогаш Јута ќе немаат плеј и ќе го јадат стапот како лани.

Ама Дерон би требало да изигра најпоштено. Тогаш, се` зависи од здравјето на АК47 и Карлос Бузер. Ако Кириленко планира пак повеќе да седи, отколку да игра, тогаш може да им пишеме крст.

Значи, општо – фактор за нивниот успех оваа сезона ќе бидат зглобчињата и мускулчињата на Бузер и Кириленко.

Епилог: дефинтивно подобар од лани. Јута ќе заврши над цифрата од 26 победи. Не е логично пак да се пола година без најдобриот играч. Плус, оваа сезона имаат само појачање во Дерон (а и Грег Остертаг – смејте се, ама битен е), додека не загубија ништо освен мувачаана. Гиричек, Раџа Бел, Окур, Девин Браун и Харпринг би требало да бидат солидна поддршка за Дерон, АК и Бузер. Сепак, лани беа најавувани како сигурни патници во разигрувањето, а они завршија „пред испаѓање“. Затоа оваа сезона не планирам да им гарантирам нешто такво, иако се објективно појаки од пред една година. Само можам да кажам дека познавајќи го Слоун, ќе играат добра кошарка. Ќе местат акции кои ќе ги диригира Дерон, ќе бидат дисциплинирани, и ќе играат одбрана. Другото е прашање на квалитет. Ако успеат сите да играат колку што имаат потенцијал, зошто да не би се пробиле низ тешката конкуренција на Запад?

0 Comments:

Post a Comment

<< Home