Monday, October 17, 2005

Preview: Seattle Supersonics
Летен распуст: Сиетл летоска го пушти мозокот на пасење, и освен прчење, управата единствен голем и во исто време моронски потег што го направи е тоа што дозволи Нејт Мекмилиан да иде во неповрат, а за замена го ангажираа сморот Боби факинг Вајс, за кој ќе пишам малце подоле.

Битно е што задржаа клучни играчи како Реј Ален, Флип Мари и Радманович, ама па загубија двајца исто така битни лика – Антонио Дениелс и Џером Џејмс, кои дефинитивно ќе им недостасуваат во ростерот, бидејќи не се потрудија да најдат закрпи за тие места.

На писта останаа: цел тим од лани, минус Дениелс и Џејмс Се приземјија: Жуан (вака се чита?!) Петро (25. пик на драфт) и Микаел Гелебале (48.)

Одлетаа: Антонио Дениелс во Вашингтон и Џером Џејмс во ЊуЈорк

Појачање: е тука сеа ме фаќа паника, затоа што Сиетл оваа сезнона нема буквално никакво засилување. Затоа нема да се бламирам да пишувам за Петро, кој е младо дете од По Ортез, центар, прилично неук и сакат, со искуство кое се мери во минути.

Тренер: ко ќе размислам, за Боби Вајс, едино што може да пишам е дека Соникси го извадија од гроб за да тренира. Задњата сезона како прв тренер во Лигата му беше 1993 и постигна скор од 27-55 со Клиперси. Со Дени Менинг у форма. Боби Вајс во Лигата ќе остане запаметен како тренерот кој го уништи Доминик Вилкинс, а после тоа веројатно помогна во уништувањето на Дени Менинг. Иако од 6 сезони 4 пути влезе у плејоф, никогаш немал повеќе од 43 победи во сезона, а највечи дострел му е прва рунда. Глуп тренер, кој не знае да води екипа. Плус излапен старец кој нема авторитет. КАТАСТРОФА!

Иначе Боби Вајс многу добро игра шах.

Реј Ален треба да потегне. Тачно. Џизс Шатлсворт оваа сезона мора да игра појако од лани, затоа што има еден играч помалце да го замени или надопуни (Дениелс) и има една црна дупка у рекет (Џејмс). Ќе мора да ја повтори или подобри ланската сезона. Тука може некој ќе го умеша Радман или Луис, ама сепак, Ален е тој што ќе ја диригира играта на Соникси. Он е материјал за МВП и не треба да се олабавува притисокот што му се наметна со заминувањето на Нејт и двајцата веќе спомнати. Човече, па збориме за најдобриот шутер во Лигата, најкласичниот бек и еден од најкошаркарските фаци што играат моментално, а и во задњите години.

Завршница: нема! Нема да имаат ни залет како лани, нити завршница во втора рунда. Нека се опростат од најдобар резултат на Нова Година, нека се простат со предност на домашен терен во плејоф и нека гледаат да останат здрави. Лани изненадија, ама имаа тренер и покомплетна екипа. Ова е всушност истиот тим, али уназаден. Ќе играат иста таква јака кошарка ко лани, со таа разлика што нема да биде јака. Ќе пуцаат тројки и ќе погаѓаат, ќе прават контри и ќе имаат динамика, ама со Вајс добија проклетсво кое ќе им го намали процентот од поле за 10%, ќе има нелогичен распоред на минутите, Реј Ален ќе окапе и на крај ќе падне у форма, а Радманович ќе почне да игра ко за репрезентацијата на СЦГ.

Ништо чудно и да не влезат у плејоф. Мада не им гине 6-8 место и Сан Антонио/Сакраменто/Хјустон у прва рунда. И нормално, без Џејмс, ќе ги бушат под кош. Фортсон може да игра највеќе 2 четвртини, зашто е дебел. Другите две – се е во рацете на Реџи Еванс, што не е баш добра вест за Сиетл.

Најдоброто што може да им се случи, Боби Вајс да го акне срце.